Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

goran-misoski

Мисовски до Груевски: Те чекаме во Македонија да си поднесеш оставка

Пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, му порача на екс премиерот, Никола Груевски, дека е очекуван да се врати во земјава и лично да си ја депонира оставката од пратеничката функција, која ја најави преку својот фејсбук профил.„Читам Груевски ќе си поднел оставка. Членот 65 од Уставот на РСМ е многу јасен: Пратеникот може да поднесе оставка. Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието. НИКОЛА ТЕ ЧЕКАМЕ ВО РСМ!“, напиша Мисовски на својот фејсбук профил.Груевски напиша дека ќе поднесе оставка откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат за одземање на неговиот мандат.

Македонија | пред 6 години

vardar-123

(ВИДЕО) ЕХФ објави видео како славеа „Комитите“

ЕХФ на твитер објави дел од радоста на навивачите на Вардар секогаш верните „Комити“.ЕХФ потенцираше дека Вардра има неверојатни навивачи , медиумите од Германија пишуваат за верноста на навивачката група кон клубот и одличното однесување на Македонските навивачи.https://twitter.com/ehfcl/status/1135284678863331331?ref_src=twsrc%5Etfw

Македонија | пред 6 години

tramp-2

Трамп: Прекинете го бомбардирањето во Идлиб

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Сирија и нејзиниот сојузник Русија да го прекинат „пеколното бомбардирање” на Идлиб, покраина во северозападна Сирија, откако Кремљ во петокот објави дека Москва ќе продолжи да ја поддржува офанзивата која сириските власти ја почнаа пред еден месец.– Слушам дека Русија, Сирија и, во помала мера, Иран учествуваат во пеколното бомбардирање во покраината Идлиб, во Сирија, и оти убиваат голем број невини цивили.  Светот го гледа тој масакр. Која е целта, што ќе постигнете? Престанете !, напиша Трамп на Твитер пред да замине во државна посета на Велика Британија.Овие коментари доаѓаат откако сириските невладини организации во петокот ја осудија „пасивноста на меѓународната заедница за ескалацијата на сирискиот режим и неговиот руски сојузник во покраината Идлиб”, што го предизвика, како што оценуваат, „најголемиот” бегалски бран од почетокот на војната.

Свет | пред 6 години

94-_45244979442_o

Владата денеска ќе ја одржи редовната 138 седница

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 138 седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.На денешната седница на владата ќе биде разгледана Информацијата за воспоставување нов електронски систем за процесот на стратешко планирање и за подготовка и следење на реализацијата на проекти, програми и исполнување на заклучоци од Владата и Информацијата за поврзаност на мултиплатформскиот систем за е-влада со системот за следење на трошоци, со план за имплементација и пуштање во продукција на системот за евидентирање и одобрување на трошоци, што ќе ги презентира Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.На предлог на Министерството за труд и социјална политика на оваа своја седница владата ќе биде информирана за ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.Владата денеска ќе се произнесе и по конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година на ЈРП Македонска радиотелевизија.На оваа своја 138 седница владата ќе го разгледа и ќе донесе мислење за Извештајот за реализација на Планот за имплементација на гаранција за млади.Редовната, 138 седница на Владата на РМ е предвидено да започне во 16:00 часот.

Македонија | пред 6 години

vardar-123

ЕХФ му се извини на Стинг за одложувањето на почетокот на концертот

Европската ракометна федерација упати извинување до популарниот пејач Стинг поради тоа што неговиот концерт во Скопје мораше да се одложи за неколку часа поради триумфот на Вардар во Лигата на шампионите.Иако од Авалон беше најавено дека концертот ќе се помести за два часа подоцна поради натпреварите на Вардар, од ЕХФ почустуваа потреба да му испратат официјално извинување на мегапопуларниот Стинг.„Му се извинуваме на Стинг за одложувањето на почетокот на концертот, полесно е идната година да дојде во Келн и таму да настапи“, се вели во твитот на ЕХФ

Магазин | пред 6 години

sting398

(ФОТО) Стинг доби дрес од Вардар

Познатиот пеач Стинг беше меѓу првите кој му го честиташе големиот успех на македонскиот клуб Вардар.Тој пред почетокот на концертот, упати честитка за победата на Вардар. Од Аволон Продукција, Стинг доби дрес од македонскиот ракометен гигант на кој беше напишано неговото име.https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/photos/a.856057867755575/2647678218593522/?type=3

Магазин | пред 6 години

FB_IMG_1559510255277-696x462

Пендаровски му подари на Стинг Македонска РОК енциклопедија

Претседателот Стево Пендаровски синоќа оствари средба со музичката легенда Стинг, кој имаше концерт на Градскиот стадион.Пендаровски на Стинг му подарил неколку цедиња со македонска рок музика, како и првиот том од Македонската рок енциклопедија.-Средба со Sting, еден од најдобрите музичари во светот кој со своите песни инспирирал и инспирира генерации. Човек пред своето време, уметник, толку голем, а така скромен.Вечерва Скопје ќе ужива во безвременските хитови.Со Бети и Огнен, на Стинг за спомен му подаривме колекција македонски рокенрол плочи и ЦД-а, како и ,,Македонска РОК енциклопедија” и му посакавме незаборавен концерт, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

20190602152901

Детали за трагедијата во Хрватска, возачот од силниот удар излетал од камионот

Македонски возач на камион загина во страшна несреќа во Хрватска, кога се судри со автобус полн патници.46-годишниот Македонец кој управувал камион со македонски регистарски таблички, за жал починал на лице место вчера додека пренесувал метални делови за возила. Иако не е познато уште како загубил контрола, истражителите велат има можност да заспал на патот или да зборувал на мобилен, но тоа се непотврдени претпоставки кои ќе се утврдуваат со истрагата.Тој удрил во автобус и од страшниот и силен удар испаднал од кабината која била целосно смачкана, а птооа паднал во канал, додека во автобусот луѓе паѓале од седиштата и има повредени кои се во болница.Среќа во несреќа е што меѓу нив немало автомобили.

Свет | пред 6 години

image2-670x505

Зегин ќе обезбеди два автобуси за навивачите за пречекот на ракометарите

Компанијата Зегин ќе обезбеди два автобуси за ватрените навивачи по победата на ракометарите на Вардар во Келн.„Утре, 3 Јуни, во 23:55ч црвено-црните херои слетуваат на аеродромот Скопје!Собир – Сала Јане Сандански во 22:00ч. !!! ПОАЃАЊЕ 22:30ч“ – информираат од Зегин.

Македонија | пред 6 години

konstantin-i-elena

Денеска се слават Св. Константин и Елена

Свети Константин и Елена црквата ги прогласила за светци и рамноапостолни. Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година и е син на висок римски старешина. По смртта на татко му во 306 година станал цар.Мајка му Елена многу добра и побожна жена го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зошто тие се добри луѓе. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка во душата гледал како царските војници ги мачат и убиваат христијаните.За христијаните, пак, тој е првиот благочестив цар. Во 313 година, тој го издаде познатиот Милански едикт, со што се прекина тривековниот прогон на христијаните во Римската империја. Со него почнува една нова, христијанска ера во Римската државна историја, а тоа Константин го одбележи со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол. Свети Константин го свика и Првиот вселенски собор во 325 година, на кој црквата ја осуди ереста на Ариј. Изгради многу величествени цркви, посебно во Ерусалим. Пред смртта се крсти, а по смртта црквата го приброи овој цар меѓу своите светила, заедно со неговата мајка Елена. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ЖИВО) Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во Владата

Официјален пречек на Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во Владата https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/1579212738881742/?notif_id=1559544128946821&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Нема сонце на видик, пороен дожд и грмежи и денеска

Времето денеска променливо облачно од претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град. Помалку нестабилно ќе биде на југозападот.За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и нестабилно особено попладне, со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе нестабилност ќе има на запад и на север.

Македонија | пред 6 години

komiti

Комитите со важна порака преку ФБ: Утре организирано заедно да се упатиме кон Аеродром

Комитите преку ФБ објавија важна порака до сите кои сакаат да ги пречекаат ракометарите. Еве што објавија:ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО !!!Утре, 3 Јуни, во 23:55ч. Црвено-Црните Херои слетуваат на Аеродромот Александар Велики!Повикуваме Сите оние кои планираат со приватни возила да одат на пречек, во големо Дефиле утре организирано заедно да се упатиме кон Аеродром.Воедно Апелираме до сите превозници, пред се Јавни но и Приватни, да излезат во пресрет, и сите оние кои сакаат да ги пречекаат на Аеродром а немаат сопствен превоз да можат да бидат покрај своите Јунаци.Собир - Сала Јане Сандански во 22:00ч. !!!ПОАЃАЊЕ 22:30ч. !!!Пренесувајте !!!Македонска Парада на Гордоста

Македонија | пред 6 години

stoilov

Стоилов на официјалната пресс конференција: Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ракометарите на Вардар ја освоија титулата во Лигата на шампионите, откако го совладаја и Веспрем со 27-24.На официјалната прес конференција по мечот, од страна на ЕХФ, Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што Стојанче Стоило веднаш реагираше.„Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“, рече Стоилов.

Македонија | пред 6 години

igor

Игор Карачиќ, прогласен за играч на турнирот на фајнл-фор турнирот

Игор Карачиќ ќе го памети последниот меч во дресот на Вардар. Вечерва го подигна пехарот од Лигата на шампионите, а беше прогласен и за МВП или играч на турнирот на фајнл-фор турнирот во Келн.Хрватот веројатно и не можеше да посака подобра завршница на авантурата во Скопје пред да се пресели во Киелце.https://twitter.com/ehfcl/status/1135252053578661889?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1135252053578661889&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsport%2Frakomet%2Figor-karachikj-proglasen-za-mvp-na-fajnl-for-turnirot-vo-keln

Спорт | пред 6 години

skopje-plostad

(ВИДЕО) Река народ се слева кон центарот на Скопје

Блокиран центарот на Скопје. Река народ од сите страни со знамиња и бакли кон центраот на главниот град. Граѓаните самоиницијатвно се собираат. Среќа се чита од нивните лица.Во продолжение видео од плоштадот во Скопје.https://www.facebook.com/skopje1mk/

Македонија | пред 6 години

zaev-fb

Заев: Алал да ти е Вардаре, победуваш и обединуваш

Уште еден македонски блесок во Европа! Алал да ти е Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ. Ве чекаме во Скопје, напиша премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.10152031170622932/10157527106587932/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

selfi-vardar

(ВИДЕО) Победата на Вардар не крена на нозе, се радувааат од најмлади до најстари

Вардар а нов шампион на Европа, откако во финалето на Лигата на шампиони го совладаа Веспрем со 27-24 . Македонскиот Вардар одигра многу добар меч. Река народ се слева кон плоштадорт во Скопје. Се пајат навивачки песни, палат бакли и се пее.https://www.facebook.com/skopje1mk/ https://www.facebook.com/dimoski.zvonko.5/videos/10217196340213587/UzpfSTEwMDAwMzY3NzY1NzU5ODoxNjE5NDU4ODg0ODUzMzUx/ По мечот Вардарци решија да објават победничко селфи од соблекувалната.https://twitter.com/ehfcl/status/1135245358697787392?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1135245358697787392&ref_url=https%3A%2F%2Fsupersport.mk%2Farchives%2F111314

Македонија | пред 6 години

vardar-pobeda-1

(ВИДЕО) Македонски Вардар првак на Европа, како се дочека победата на плоштадот Македонија во Скопје

Ракометарите на Вардар остварија голема победа над Веспрем и ја освоија втората европска титула во својата клупска историја (27:24) Сите играчи на Вардар кои влегоа во игра прикажаа одлично издание. Неверојатниот успех, „црвено-црните“ го заслужија со доминација во првото полувреме (16:11) и голема борбеност во вториот дел.Еве како се слави во Скопје ...

Македонија | пред 6 години

mickoski-2

Мицкоски: А за кого, ако не за црвено црните, за нашите шампиони, до уште една голема победа

Вардар е голем клуб, со уште поголемо срце. А за кого, ако не за црвено црните кои не прават горди, за Македонски Вардар, за нашите шампиони, до уште една голема победа!- напиша Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил, објавувајќи видео од атмосфера во салата каде Вардар игра финале со Веспрем во ракометната Лига на шампиони.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1542596065873841/

Македонија | пред 6 години

MTQeT-terfesdsz

ВО ЖИВО: ВАРДАР - ВЕСПЕРМ

https://www.facebook.com/SkopjeTheCapital/videos/869868693375599/Линг до пренос во живо Т У К Аhttp://sportsvideoline3.pw/player?channel=arena1

Македонија | пред 6 години

korca-5

Тлото не престанува да се тресе, по Албанија земјотрес и во Турција

Силен земјотрес од 5 степени денеска ја потресе Турција, а засега нема податоци за штети или повредени.Вчера силен земјотрес од 5,3 степени ја потресе Албанија, а со јачина од 4 степени се почувствува и во Македонија, во Охрид, Ресен и Стругга.Инаку Министертвото за одбрана на Албанија претпладнево го соопшти билансот на последиците од серијата земјотреси што го погодија округот на Корча.– Евидентирани се 184 оштетени куќи, од нив 60 отсто ненаселени. Со полесни повреди се здобиле четири лица, кои по дадената здравствена услуга се пуштени дома. Поради големи оштетувања на нивните домови 230 лица, од нив 160 во Флоќ, 40 во Видово и 30 во Ќафзе, се сместени во колективни шатори подигнати од Штабот за цивилна заштита и армијата. Жителите од настраданите подрачја се обезбедени со храна и вода за пиење, стои во соопштението на министерството.  

Свет | пред 6 години

20190602152901

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, загина македонски камионџија

Македонски државјанин, возач на камион, денеска загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во Хрватска. Во несреќата учествувале камион и автобус со босански регистерски таблички.Како што пренесе хрватскиот портал „Индекс.хр“, камионот се судрил со автобус од Босна и Херцеговина.Хрватските власти јавија дека возачот на каминот починал, а од автобусот полесно повредени се 10-15 патници.Во тек е полициски увид.https://www.facebook.com/24sata/videos/2828564477217155/ 

Свет | пред 6 години

tepacka-4

Тепачка во угостителски објект во Скопје

На 01.06.2019 во 22.00 часот пријавено е дека на ул. ,,Самоилова“ во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка од Х.М(18) од скопско од една страна и И.Ј.  и А.Р. од друга страна.Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кражба на куќа - Го ограбиле, па нападнале сопственикот

На 01.06.2019 во 22.45 часот во Скопје на ул.„Павле Илиќ“ две лица извршиле кражба во куќа, а потоа физички го нападнале Б.И. (82).Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања