Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Не сакал да се легитимира, па завршил во полициска станица

На 01.06.2019 во 21.45 часот на ул. ,,М.Х.Јасмин“ во близина на угостителски објект Д.Т (44) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со викање, дрско и непристојно однесување.Откако му било пристапено од страна на униформирани полициски службеници со цел негово легитимирање, Д.Т. продолжил со агресивно однесување и потоа е приведен во полициска станица.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Скопје | пред 6 години

granata-1

Пронајдена артилериска граната од Втората светска војна

На 01.06.2019 околу 09 часот во Тетово на муслиманските  гробишта, во непосредна близина на жичницата Тетово - Попова Шапка, С.М. од Тетово пронашол целосно корозирана артилериска граната од Втората светска војна.Увид извршила екипа од СВР Тетово, а вработен во Дирекција за заштита и спасување од Тетово ја подигнал за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

motor

Се судрија „Пежо“ и мопед, едно лице со тешки повреди

На 02.06.2019 пријавено е дека околу 00.40 часот на крстосницата на бул ,,К.Ј.Питу“ со ул.,,Крушевска Република“ и ул. ,,Ѓуро Ѓаковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Д (47) и мопед  ,,Пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.К (27).О.К. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар Скопје.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Sting-sk-artwork

Поради финалето Вардар-Веспрем, концертот на Стинг ќе доцни половина час

Концертот на Стинг што ќе се одржи вечерва на стадионот „Тоше Проески“, ќе доцни половина час, поради финалето на Лигата на шампионите на кое се пласираа ракометарите на Вардар.Организаторот на концертот, Бобан Милошески од Авалон продукција објави дека за ова добил дозвола од менаџментот на Стинг. Така концертот на светскиот музичар ќе почне во 22 часот, а претходно, од 20.30 часот, ќе настапи триото на Влатко Стефановски.Вардар го игра финалето со Веспрем од 18 часот. По тој повод Град Скопје организира заедничко следење на финалниот натпревар на плоштадот „Македонија“.

Магазин | пред 6 години

poplavi-bih

(ВИДЕО) Поплавени куќи и урнати мостови во БиХ

Поплавени куќи, урнати мостови и уништени патишта се дел од штетите кои ги предизвика вчерашното невреме во централните делови од Босна и Херцеговина.Најлоша е состојбата на подрачјето на општината Маглајм, каде што се излеа реката Фојница и поплави неколку куќи, а во Зеница поплавени се неколку населби.Поплави има и во местото Малина кај Травник каде локалните медиуми јавија дека биле поплавени неколку објекти.Денеска состојбата е нормализирана.

Свет | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев: На граѓаните не им е доволен извештајот, тие чекаат Европа да ја исполни својата задача

Премиерот Зоран Заев на трибината која се одржува по повод две години од формирањето на Владата изјави дека за две години успеале да ги затворат сите отворени прашања и да го сочуваат македонскиот идентитет.-За две години ги затворивме сите отворени прашања, преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели 3 децении. Го зачувавме македонскиот идентитет, рече Заев.Toj посочи на резултатите што се постигнати во изминатиот период и Заев нагласи дека сега граѓаните на  Македонија и Владата чекаат јасен потег од Европската унија и датум за почеток на преговори.Задачите што ги исполни Владата, рече премиерот, донесоа суштински промени: ослободување на државата од заробеност, процес на деинсталација на режим и интеграција на земјата како пример кој блеска на Балканот.– Барем така велат европјаните во најновиот Извештај за напредокот на нашата земја, но Извештајот не е доволен за граѓаните на Македонија. Време е Европа да ја исполни својата задача пред своите европјани. Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во Македонија се Европјани. Европјаните од Македонија и Владата на Македонија чекаат јасен потег од Европската унија, потенцираше Заев.На форумот организиран по повод двегодишнината од Владата, што се уште е во тек, се обратија и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев. Учествуваат и универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти.

Македонија | пред 6 години

2-4

Влада: Создаваме држава со сосема извесна европска иднина, за благосостојба и просперитет за сите нејзини граѓани

Со форумот „Две години влада – отворено пред граѓаните“, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со останатите заменици претседатели и министри во Владата, денеска е одржан јавен, отворен, настан на кој и во оваа прилика е овозможено јавноста и граѓаните да ги изразат своите мислења, коментари, сугестии, предлози и критики за работата и политиките на владата.На денешниот форум, поделен во два дела „Промени 2017 -2019“ и „Агенда 2019 – 2020“, свое излагање имаа премиерот Заев и заменик претседателката и министерка за обрана Радмила Шекеринска, заменик претседателот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик претседателот задолжен за европски прашања Бујар Oсмани и заменик претседателот задолжен за координација на економските ресори Кочо Анѓушев, кои во првата сесија ги издвоија најзначајните остварувања од Програмата на Владата.Премиерот Заев во своето воведно експозе како резиме на најважаните постигнувања на Владата на РСМ, истакна дека за одбележување на две- годишнината од работата на Владата, говорат одговорите на прашањата каде бевме и кон каде сме упатени, како држава, како општество, како граѓани.„Кога ги презедовме сите иницијативи, прво како опозиција, а потоа како носители на власта, реков дека единственото нешто што не интересира и што секогаш ќе биде наш приоритет, ќе биде иднината, и дека на светот ќе му дадеме еден друг Балкан. Балкан на земји кои ги оставиле зад себе предрасудите и историските концесии и кои се свртени кон благосостојба на своите граѓани, кон градењето добри и пријателски односи со своите соседи“, нагласи премиерот Заев.Претседателот на Владата на РСМ Заев рече дека за неполни две години ги решивме сите отворени прашања со соседите, и ја презедовме одговорноста да го решиме спорот со Грција.„Наша одговорност и должност беше да го зачуваме идентитетот македонски. Го зачувавме, и го потврдивме и го зајакнавме. И светот го препозна тоа. Ни оддаде признанија. Не препознаа како рамноправен партнер, како фактор во регионот, во Европа и во светот, и оваа година го добивме најпозитивниот извештај до сега откако сме држава кандидатка за членство, со чиста, и безусловна препорака на Европската комисија за почеток на преговорите за членство. За тоа заслужуваме да се израдуваме и да си честитаме сите.Премиерот Заев во завршницата на своето обраќање се задржа на политиките на отворена и отчетна влада, како столбови во борбата против корупцијата, на елиминирањето на сите можности за злоупотреба и контрола на медиумите, на менување на односите во администрацијата, за да обезбедиме квалитетни услуги за граѓаните, како и на квалитетни здравствени услуги со изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката, за достојни плати.На крајот од своето обраќање на форумот „Две години влада – отворено пред граѓаните“, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев истакна дека создаваме држава со сосема извесна европска иднина, со повеќе надеж, благосостојба и просперитет за сите нејзини граѓани ослободени од стравовите, земја како пример кој блеска на Балканот, според најновиот извештај за напредокот на нашата земја на Европската Комисија.Во продолжение на отчетот за сработеното на форумот „Две години влада – отворено пред граѓаните“, заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска посочи дека во политиката и бизнисот се користи зборот game-changer за човек, луѓе или настани кои ја променуваат реалноста/ играта која траела со години или децении.„Денеска, две години по преземањето на власта можам да кажам дека ја одигравме улогата на game-changer-и. Затоа што: Пред две години не можевме да изговориме “членство во НАТО”. Како држава, како Влада, па и како Министерство за одбрана направивме правилна проценка. И го сработивме тоа што беше потребно“, нагласи Шекеринска, и додаде дека како резултат на таа проценка и таа работа денеска сме држава со потпишан Приемен протокол за членство во НАТО. Де факто сме веќе членка на НАТО, де јуре ќе станеме за помалку од една година, со веќе активирана позитивна инвестициска клима за економски бенефиции како најголеми индиректни влијанија што ги носи членството во НАТО, а не се од воена природа.Во делот на оствареното и реформите во делот на безбедносно- разузнавачките служби и во делот на полицијата, заменик претседателот и министер за внатрешни работи потсети реформата на пакетот закони започна со реформата на системот на следење на комуникациите, кој беше изворот на политичката криза и инструмент за владеење на режимот во минатото.„Таа реформа денес е реална, оперативна и спроведена реформа која функционира. Впрочем, тоа е нотирано и во Извештајот на Европската комисија, каде е забележано дека Оперативно-техничката агенција функционира, а Собранието спроведува надзор над институциите кои се вклучени во системот на следење на комуникациите. Следен чекор кој е особено значаен е реформата на безбедносно-разузнавачките служби, особено Управата за безбедност и контраразузнавање“, рече министерот за внатрешни работи Спасовски.Заменик претседателот во владата задолжен за европски прашања потсети дека имавме состојба на буквално целосна недоверба во институциите, и недоверба меѓу етничките заедници која се закануваше да ги наруши меѓуетничките односи, за две години е направен пресврт. Пресврт кој е оценет највисоко и во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата за 2019 година.„Ние сме предводници во регионот. Со оценка 3,5, ние сме и пред Србија и Црна Гора, но и пред Албанија, Босна и Косово. И во делот на нашите пазарни системи и услови за водење бизнис, сѐ повеќе се усогласуваме со оние на Европската Унија“, рече Османи и додаде дека оценката во Извештајот на Европската Комисија не претставува награда, не претставува частење, туку вистински мериторен израз на нашиот напредок и реална проценка дека сме подготвени за преговори, и дека Република Северна Македонија оваа година ќе ги започне преговорите со Европската Унија.Првиот дел од денешниот форум „Две години влада – отворено пред граѓаните“, заврши со обраќањето на заменик претседател задолжен за координација со економските ресори Кочо Анѓушев кој зборуваше за рекордните странски инвестиции и за политиките за подигнување на конкурентност, зголемување на извоз, технолошки развој и иновации, и за нови, подобро платени, работни места. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев: Заев си го виде раатот во политиката, брише се што е македонско и трупа големо богатство од позиција на власт

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод денешната изјава на Зоран Заев за двете години од неговата влада, во изјава за медиумите рече:- „Марионетскиот премиер Зоран Заев го избриша името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. За време на двегодишното владеење на Заев во земјата владее безаконие, криминал и корупција каде Заев и врхушката околу него трупат енормни богатства од позиција на власт.Илустративен е примерот со првите двајца луѓе во владата, премиерот и вице премиерот. Зоран Заев од позиција на премиер си зема лиценца за бизинис со дрога кој со семејните бизниси му носи годишна заработка од 100 милиони евра и Кочо Анѓушев кој секој ден го фаќаат со тендери за неговите фирми богатејќи се врз грбот на народот. Патем и самиот Заев го призна ова кога на последниот ТВ дуел на „Само вистина“ со Христијан Мицковски кажа дека фирмите на Заев плаќаат по десетина милиони евра данок годишно, што според даночните стапки значи дека остварува годишна добивка од 100 милиони евра.Марионетскат власт во Скопје купена и контролирана од странски центар избриша се што е македонско и на раат го пљачка народот оти ужива заштита на украденото од своите странски газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку сакаат само марионети кој верно ќе им служат во геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ.Зоран Заев си го виде раатот во политиката, избриша се што е македонско и натрупа големо богатство од позиција на власт. Една од првите задачи на новата народна власт на Единствена Македонија која доаѓа е да расчисти со националното злосторство и економска диверзија врз македонскиот народ, одговорност мора да има“ - истакна Бачев.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Нови „бомби“ на Јутјуб

На Јутуб се појави нова „бомба“, објавена од профил со фотографија на премиерот Зоран Заев. Станува збор наводно за разговор меѓу лидерот Али Ахмети и ексвицепремиерот Муса Џафери, кои разговараат за пропаднатиот попис во 2011 година.Ахмети во разговорот му вели на Џафери дека „работите не одат добро, граѓаните се револтирани, ќе нѐ боцкаат фотелјите…“СЈО отвори истрага за пописот кој пропадна необјаснето, а со кој буџетот беше оштетен за 2,8 милиони евра и ги осомничи Никола Груевски како тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и Али Ахмети како лидер на ДУИ.

Македонија | пред 6 години

ujp

Последен ден за проверка на годишната даночна пријава

Денеска е последен ден за проверка на претполнетите годишна даночни пријави што УЈП им ги испрати на граѓаните преку електоринска пошта, систем што се воведува првпат од оваа година.Она што треба да се направи е да се коригираат или потврдат. Оние кои нема да го потврдат или кориугираат испратениот документ, ќе се смета дека го потврдиле.Рокот за проверка на годишните даночни пријави беше до 31 мај, но УЈП го пролонгира заклучно со викендов.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Очигледно диоптерот им го штелува Груевски, ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со најпозитивниот Извештај од ЕК

Очигледно диоптерот им го штелува Груевски, ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со успехот на сопствената земја и најпозитивниот Извештај од ЕК ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со успехот и напредокот на сопствената земја. Додека демократскиот свет го поздравува напредокот на државава и не посочува како светол пример, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се единствените кои не можат да се помират ниту да се израдуваат со успехот на земјава, се вели во соопштението од СДСМ.Очигледно диоптерот за погрешен поглед на реалноста им го штелува Никола Груевски, кој се уште управува со партијата од Будимпешта.ВМРО ДПМНЕ денес лажно обвинува за криминал и за корупција и тоа од белиот дворец, симболот на расипништвото, криминалот, корупцијата и забеганоста на нивниот режим. Токму затоа државава добиваше замрзнати препораки и беше оценувана како заробена држава во времето на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.Наместо празни и лажни обвинувања ВМР0-ДПМНЕ треба да се ослободи од криминалната матрица на Груевизмот, да го прочита најпозитивниот Извештај на ЕК за нашата земја и да честита за напредокот.Во извештајот јасно е наведено дека Владата презеде чекори за враќање на уставните механизми, како и за јакнење на демократијата и владеењето на правото. Конкретни резултати беа постигнати во клучните области идентификувани со Заклучоците на Советот, како што се правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на разузнавачките служби и јавната администрација, стои во Извештајот.Сега ВМРО-ДПМНЕ има шанса да покаже дека е за право и борба против корупција и криминал. Нека го поддржат Законот и да прифатат продолжување на мандатот на СЈО, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

vlada

„Метлата“ на Заев нема да ги измете министерките

Премиерот Зоран Заев на денешната трибина посветена на двегодишнината од формирањето на Владата, рече дека со претстојната реконструкција, нема да бидат опфатени жените кои се на министерските позции, бидејќи се малку. Но тој не кажа дали можеби нивниот број ќе се зголеми со најавените владини промени.Сега, во Владата од 26 членови (заедно со премиерот Заев), на министерски функции се четири жени: вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и  министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Македонија | пред 6 години

press-vmro

Александар Нацев: Се потврдува дека принципот “Евро за Вицето“ е причината зошто Македонија назадува

Со власта на Заев, Македонија тоне во корупција и криминал и тоа не го кажуваат само ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, туку истото го нотира Европската комисија и релевантните меѓународни извори, истакна Александар Нацев од ВМРО ДПМНЕ.Во извештајот на Комисијата јасно е посочено дека Корупцијата е присутна во многу области и останува причина за загриженост. Тоа значи дека оваа власт не направила ниту чекор кон реформи и нема никаква реална борба против корупцијата. Напротив со оваа оценка се потврдуваат нашите ставови дека токму власта е генератор на корупцијата во Македонија. Извештајот потврди дека Зоран Заев е причината заради која Македонија на извештајот на Транспаранси Интереншнл е на 93-то место веднаш зад Руанда и Свазиленд.Имено, со ова се потврдува дека принципот “Евро за Вицето“ е причината зошто Македонија назадува. Со ова се потврдува дека сомнителните тендери, грантови и јавни набавки кои ги добиваат функционерите на СДСМ и нивните фирми ја оддалечуваат Македонија од европските вредности. Со ова само се потврдува дека Македонија е раководена од криминален картел чиј основен интерес е личното богатење.Дополнително, во извештајот на Европската комисија се нотира дека постои сериозен проблем со честата појава на шверц на северната граница проблем кој мора дополнително да се третира. Токму ова беше посочувано и од страна на Глобалната иницијатива против организираниот криминал која во својот Извештај говори за дослух помеѓу власта и криминалните картели во Македонија. Тоа само го потврдува ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека постои спрега помеѓу власта и криминалното подземје во Македонија, односно дека во Македонија мафијата има сопствена држава.Исто така во Извештајот на Европската комисија се забележува за надзорот и контролата над работата на разузнавачки служби, што говори дека оваа власт не ја уверила Европската Комисија дека на ова поле ќе се води сериозна кадровска политика базирана на експертски решенија, а не на партиски кадри. Токму во тој правец по иницијатива на ВМРО ДПМНЕ ќе се пристапи кон изработка и усвојување на закон за собраниски надзорни тела со што надзорот на службите дополнително ќе се зголеми. Дополнително ќе работиме да се изработи и усвои Закон за совет за национална безбедност што ќе е прв пат во историја на нашата држава да се усвои ваков закон за оваа значајна уставна институција, како и на изработка на нов закон за Агенцијата за разузнавање.Критиките на Европската комисија се јасни и прецизни и укажуваат на фактот дека оваа Власта наместо да работи кон подобрувања на полето на безбедноста, борбата со криминалот и корупцијата, таа ги поттикнува овие негативни појави и со тоа ја оддалечува Република Македонија од добивање на датум за почеток на преговорите. Заев и Власта може да се обидуваат да ја замајуваат јавноста, но и јавноста и меѓународните партнери гледаат дека оваа неспособна и криминогена структура на власт за жал нема капацитет да ги направи суштинските реформи кои Македонија ќе ја направат пристојна европска земја која може да отпочне процес на преговори.Европеизација на Македонија е невозможна со Заев на чело на власта, истакна Александар Нацев од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka-aerodrom

(ФОТО) Верижен судар пред Охридскиот аеродром, повредено едно лице

Околу 13 часот се случи сообраќајна несреќа , верижен судар на автобус, џип и уште еден автомобил. Во несреќата повредено е едно лице кое е веднаш пренесено во болницата за ортопедија и трауматологоија Св.Еразмо.Увидот сеуште трае, а сообраќајот се одвива наизменично.

Македонија | пред 6 години

pobednici

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ 2019“

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски и српската атлетичарка Теодора Симовиќ победија на десет километарската трка која се одржа во склоп на Атлетската манифестација Охрид трчаТ.Ивановски десеткилометарската делница ја помина за 31 минута и 55 секунди и стигна до втората победа на Охрид трчаТ. Ивановски победи во првото издание одржано 2017 година. Симовиќ која годинава дебитираше и победи десетте километри ги истрча за 37 минути и 56 секунди.Трета година по ред втората позиција во машка конкуренција ја зазеде Милош Ранчиќ кој имаше време (34:17), додека третопласиран финишираше Муџахит Мислимоски со (34:41). Во женска конкуренција двократната шампионка Адријана Поп Арсова се закити со сребреното одличје со време (39:10), а бронзата и припадна на Бугарката Билсерин Сулејман (40:41).Во рекреативната трка на 5 километри најбрзи беа Кристијан Стојани со време (18:33) односно Елена Даниловска со време (24:17).  

Македонија | пред 6 години

6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-12

Од 15 јуни со воз до Солун и Белград

Железници на РМ-Транспорт од 15 јуни повторно ја воведуваат железничката линија од Скопје до Белград и до Солун.Од Железницата информираат дека до Солун се воведува групната понуда „City Star“ за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје, со која цената на чинење на возниот билет зависи од бројот на патници кои патуваат заедно, но најмногу 5 возрасни лица и едно дете.Според понудата, цената на билетите се намалува со зголемување на групата патници, па така ако групата ја сочинуваат 5 возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Ако групата ја сочинуваат 5 возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари.Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.Во периодот од 15 јуни до 16 септември, железничка врска од Скопје ќе има и за Белград, со возот што поаѓа секојдневно во 22:19 часот. Повратниот билет за воз меѓу Скопје и Белград изнесува 1.709 денари.Важна напомена за патниците е дека експресниот воз сообраќа до белградската железничка станица Топчидер, додека кон Солун со воз се патува до Гевгелија, а на релацијата меѓу Гевгелија и Солун е обезбеден автобуски превоз од „Грчки железници“.

Македонија | пред 6 години

kruzer-brodvenecija

(ВИДЕО) Крузер и туристички брод се судрија во Венеција

Пет лица се полесно повредени во судар на крузер и туристички брод во Венеција.Италијанските медиуми јавија дека две лица се префрлени во болница.До сударот дошло во каналот Џудека. Противпожарната служба објави дека ситуацијата е ставена под контрола.https://twitter.com/russian_market/status/1135106354820079618?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1135106354820079618%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25ba%25d1%2580%25d1%2583%25d0%25b7%25d0%25b5%25d1%2580-%25d0%25b8-%25d1%2582%25d1%2583%25d1%2580%25d0%25b8%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2587%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b1%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b4-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25b4%25d1%2580%2F

Свет | пред 6 години

banki-2

Охриѓанка иако била разрешена од функцијата, земала плата како директор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишна охриѓанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 23.07.2017 година до ноември 2017 година пријавената, како помошник директор на Јавно претпријатие  и покрај тоа што била разрешена од функцијата директор на јавното претпријатие, си доделувала плата како директор.

Македонија | пред 6 години

vess2

Бендевска: Срамно е што финалето на ЛШ во ракомет нема да се пренесува преку МРТВ

Поранешната пратеничка и поранешен висок партиски функционер во владеачката СДСМ, Весна Бендевска на својот ФБ профил го изрази својот револт поради немањето тв пренос од натпреварите на нашиот ракометен шампион на фајнал форот во Келн.„Па нели е бре срамно што утре финалето на ЛШ во ракомет нема да се пренесува преку јавниот сервис – МРТВ? Кога „дојде животот“ за сите, прво бевме ‘ослободени’ од 190 денари за РДТ. Каков „успех“! По некое време бевме принудени на приватниците да им плаќаме по 100-150 денари повеќе за тв и интернет-услуги!!! „Ни ќар- ни зијан!“ – за нас, ама и тоа како ЌАР за приватниците како Роби-Телекабел! Наместо во државно, во приватно ќесе да придонесуваме! И сега – немаме можност преку ТВ да гледаме врвен ракомет каде учествува нашиот државен првак?! Па, дали е ова нормално, бре??!“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

BILBORDI_AKCIJ_01062019-4-e1559382862698

(ФОТО) По отстранувањето на палмите, на ред се билбордите во Охрид

Во согласност со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34), Општина Охрид ја започна најавената акција за отстранување на рекламните билборди кои се лоцирани во делови од централното градско подрачје и на крајбрежниот потег, во должина на кејот „Македонија”, велат од Општина Охрид.Во првиот дел од акцијата за отстранување, биле демонтирани вкупно 5 билборди, за кои во моментов нема активни договори за закуп на локациите.„Во текот на наредниот период планирано е да бидат отстранети и останатите рекламни билборди, кои ја нарушуваат визурата кон потегот на Охридското Езеро и во потегот на стариот дел на Охрид“, велат од Општината.

Македонија | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Казнети 62 возачи поради брзо возење

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 1.06.2019 година (сабота) во периодот од 06.00 до 22.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи што управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на Град Скопје.Утврдено е дека 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, за што се соодветно санкционирани.Откриени се и 46 останати прекршоци, за кои се издадени 21 прекршочен платен налог  и 25 мандатни платни налози.

Скопје | пред 6 години

nikoloski-press

Помирување нема да има ако бараат амнестија за Заев и неговото семејство, вели Николовски

Помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.„Многу интересно зошто сега СДСМ го иницира ова помирување, првпат зборуваат за помирување. Според нашите сознанија, првпат го кажувам ова во јавност, идејата за помирувањето дошла по завршувањето на претседателските избори, затоа што е извесно дека ќе ги изгубат следните парламентарни избори и помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има“, истакна Николовски.

Македонија | пред 6 години

struja-4

Утре без струја дел од Петровец и Карпош

„ЕВН Македонија" АД информира дека поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје без електрична енергија утре ќе останат бензинската пумпа на Макпетрол во село Чојлија и дел од општина Карпош.Бензиската пумпа на Макпетрол во село Чојлија, општина Петровец, без струја ќе биде од 8:30 до 16:00 часот.  Од 09:00 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од Бул.Митрополит Теодосија Гологанов, кај Млечен ресторан, дел од ул.Ристо Равановски, ул.Багдадска и ул.Анкарска.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Се излизгал со мотоциклот и се здобил со тешки повреди

На 02.06.2019 околу 03,30 часот во Велес на ул. ,,Васил Ѓоргов“ М.Ј (26) од Велес управувајќи мотоцикл „Пијаџо беверли“ со велешки регистарски ознаки се излизгал со мотоциклот на коловозот и паднал ,по што е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес, каде од страна на лекар констатирани му се тешки телесни повреди.Извршен е увид.

Македонија | пред 6 години

motor

Мотоциклист се заби во бетонски ѕид

На 01.06.2019 околу 23,30 часот на Регионалниот пат Р-1312 (Велес – Извор) З. П. (30) од  Скопје управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки,  изгубил контрола и излетал од коловозот, по што удрил во бетонски ѕид.З.П е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања