Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

avtobus-2

Детали за автобусот кој се запали на Табановце

На 01.06.2019 во 15,45 часот на Граничен премин ,,Табановце“ на излез од Република Македонија настанал пожар на автобус со српски национална ознака, сопственост на агенција од Нови Сад, а управуван од српскиот државјанин  В.З. (47) од Нови Сад.Веднаш по настанување на пожарот патниците неповредени го напуштиле автобусот. Во 16,05 часот, од екипа од Територијалната противпожарна заштита Куманово пожарот бил целосно изгаснат.Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

traktor

Трактор му ги згмечил градите додека го поправал

На 01.06.2019 околу 11.15 часот е пријавено дека во с. Мамутчево-Велес, во дворот од сопствената куќа се повредил М. И. (64), на тој начин што додека лежел под неговиот трактор и вршел поправки, тракторот се придвижил и со задното тркало му поминал врз градите.  М.И. бил пренесен во Општа болница Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди.Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 6 години

prit

Од 11 до 14 часот бесплатно мерење на притисок, шеќер и масти во Градски парк

По повод  Светскиот ден на борба против пушењето, денеска во Градскиот парк од 11 до 14 часот, здружението на граѓани за промовирање на здрав начин на живот „Мое здравје”- Скопје организира бесплатно мерење на вкупни масти, шеќер во крвта и крвниот притисок.-Сакаме повторно да организираме отворени штандови на бесплатно мерење на вкупни масти, шеќер во крвта и крвниот притисок од стручни тимови како, давање совети за подобро зачувување на здравјето, како и поделба на овошје на секој минувач во замена на запалената цигара или отпушок во нивната рака – најавуваат од здружнието.

Скопје | пред 6 години

chair-zaginati

Детали за вчерашната трагедија во Чаир

На 01.06.2019 околу 11.00 часот пријавено е дека во Скопје на ул.“Кемал Сејфула“ спроти поликлиника “Чаир“, при вршење ископ на земјиште за водоводна мрежа со багер управуван од А. М. (55) од Скопје, дошло до лизгање на земјиште и притоа затрупани биле три лица што работеле на ископот.На местото на настанот биле испратени две екипи од Итна медицинска помош  и екипа од Бригадата за против пожарна заштита.А. М. (26) и М. М. (28)  починале на местото на настанот,  додека Е. А. (55) од Скопје со возило на итна медицинска помош е пренесен за укажување лекарска помош во ГОБ “Наум Охридски“. Смртта на починатите ја констатирал доктор од ИМП.За настанот известени се дежурен Јавен обвинител и дежурен трудов инспектор.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Фатени двајца Албанци кои нелегално влегле во Македонија

На 01.06.2019 во 11,15 часот полициски службеници од мешовит патролен тим составен од полициски службеници од Полициската станица за гранични премини ,,Меџитлија“  и полициски службеници од Србија, во с.Живојно привеле две лица кои нелегално ја преминале државната граница од Република Грција во Република Македонија.Од извршената проверка на идентитетот е констатирано дека се работи за Л.Х. (21) и И. Б. (24), и двајцата од Република Албанија.

Македонија | пред 6 години

obvinitelstvo1

Со фалсификувани документи подигнале 100.000 eвра потрошувачки кредити од банка

Отворена е истражна постапка за десет лица осомничени дека со фалсификување документи за потрошувачки кредити и ја оштетите прилепската филијала на Комерцијална банка ад Скопје. На седум лица им е одреден притвор, а за тројца се изречени мерки на претпазливост.Јавното обвинителство вечерва соопшти дека десет лица се опфатени со наредби за поведување истражни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, по поднесени кривични пријави од Министерството за внатрешни работи.  Во одделни настани, но на ист начин, со намера да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување на факти ги довеле и ги оддржувале во заблуда вработените во оштетената Комерцијална Банка ад Скопје – филијала Прилеп, соопшти Јавното обвинителство.-Петмина од осомничените се јавиле како апликанти за добивање на потрошувачки кредити, но со поднесување на фалсификувани документи. Со помош на другите петмина биле изработувани лажни документи за наводно постоење на работен однос на секој од апликантите во различни правни субјекти. Иако никогаш апликантите не биле вработени кај тие правни субјети, со употреба на печати и штембили секој од нив добил документи како да е вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕВН Македонија, МЕПСО АД Скопје или во Реплек Фарм Скопје, информираат од Обвинителството.Преку извршената измама, оштетената банка на четири апликации одговорила позитивно и одобрила потрошувачки кредити и тоа три во висина на 1.500.000 денари и еден во висина на 1.399.954 денари.Со дејствијата кои ги презеле осомничените извршиле кривични дела Измама од член 247 и Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Прилеп поведувајќи постапка до Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп достави и предлози за определување мерки за обезбедување присуство на осомничените. Предлогот на обвинителството е прифатен и судот на седуммина осомничени им определи мерка притво, додека на тројца осомничени им се определени мерки на претпазливост, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

njsgsdg-221221

Денес е Свети маченик Талалеј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 мај, Св. маченик Талалеј. Овој Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. Неговиот животописец го опишува како стројно момче со бујна црвена коса.По професија бил лекар. Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужасни маки, нешто што не им беше туѓо на тогашните затворски иследници.Го фрлија и во арената меѓу ѕверовите, но овие му ги лижеа стапалата на светиот, па најпосле џелатите мораа да му ја отсечат главата. Така пострада свети маченик Талалеј во 284 година.

Македонија | пред 6 години

ekonomija_pad-640x440

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Европа бележи економски раст, сидрото на Заев ја закотви економијата на европското дно

СДСМ и Зоран Заев ја уништија македонската економија и ги осиромашија граѓаните. Работата на владата за изминатите две години ја бележи  неспособност, криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Додека цела Европа бележи економски раст, сидрото на Зоран Заев ја закотви македонската економија убедливо на европското дно. За овие две години со СДСМ,  Македонија има раст од мизерни 2,05% кои се многу далеку од 5 или 7% кои Заев ги ветуваше.Со секојдневните задолжувања на СДСМ долгот на државата е зголемен за нови над половина милијарда евра. Како резултат на задолжувањата, јавниот долг веќе изнесува повеќе од 5 милијарди евра и за прв пат ја надмина психолошката граница од над 50% од БДП.За две години СДСМ потроши повеќе од 9 милијарди евра буџет, а граѓаните не видоа никаков бенефит. Две години со ред државата ги има највисоките буџети во историјата, а ништо не е подобрено, напротив се е влошено и никој не знае каде завршуваат парите на граѓаните.Никаде ги нема новите болници,  училишта и студентски, а ги нема ни толку најавуваните 600 километри нови нов автопат и 550 километри магистрални и регионални патишта.  За неработата на власта во инфраструктурата говори и фактот што автопатот Штип – Миладиновци кој ВМРО-ДПМНЕ го остави во завршна фаза,  СДСМ не се способни повеќе од две години да го пуштат во употреба.Неспособната власт на СДСМ има најниска реализација на капитални инвестиции во историјата на државата.  За првите 4 месеци во 2019 тие изнесуваат 9,83% што е полошо од минатата година која беше најлошата година по реализација на капитални инвестиции.Потврда за неработатата и неспособноста на СДСМ дадоа и германските инвеститори во Македонија кои  работата на власта во полето на економијата ја оценија со нула. Како последица на лошите политики висината на странските инвестиции во првиот квартал годинава е за десет пати помала од првиот квартал од минатата година.Во овие две години сведоци сме на падови на сите економски полиња, а единствено што расте со се криминалот,  корупцијата и бизнисите на функционерите од власта.СДСМ покажа дека не знае да обезбеди економски раст и да го подобри животот на граѓаните на Република Македонија. Со СДСМ државата не може да има напредок, токму затоа неопходно е СДСМ веднаш да си замине за Македонија  и граѓаните да одат напред“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

ehf

Шилегов организира видео бим на плоштад за Вардар и финалето во Келн

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска на плоштадот Македонија, ќе постави голем видео бим, на кој граѓаните ќе можат заеднички да го следат и бодрат ракометниот клуб Вардар на финалето против Веспрем за нова европска шампионска титула.„Градот Скопје, утре на нашиот плоштад, на голем видео бим, организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула.Ајде масовно сите на плоштад.Еден е Вардар !!! Едно е Скопје !!!“, напиша Шилегов на ФејсбукМакедонскиот шампион денеска со почеток во 18 часот во Келн ќе игра против Веспрем.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Столтенберг и Северноатлантскиот совет попладнево ќе слетаат во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг доцна попладнево се очекува да пристигне на „Меѓународниот аеродром Скопје“.Во земјава покрај генералниот секретар Јенс Столтенберг,  доаѓа и целиот Северноатлантски совет (НАК) во кој се амбасадорите на сите земји членки на Алијансата.На аеродромот предвидено е да има свечен пречек, по што високите гости се упатат кон Собранието.Утре високите претставници на НАТО ќе бидат пречекани во Владата на Република Македонија.Ова е втора посета од ваков ранг на Македонија.

Македонија | пред 6 години

112256059

Зголемен сообраќај на патните правци

Сообраќајот во земјава се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.На Регионалниот пат Р1107, Транзитен дел низ Кавадарци (Западен Булевар), и денеска ќе се изведуваат градежни активности од 8:00 до 17:00 часот.АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај и оти на овој автопат се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ЕК ја поздрави мерката „Гаранција за млади“ со која се вработија 1.839 млади лица, велат од СДСМ

Добвме најпозитивен Извештај од ЕК, безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ а земјава се посочува како светол пример во регионот, велат од СДСМ.„Постигнатиот напредок во рефомите во повеќе сектори е признаен и соодветно вреднуван од страна на Европската комисија.Во однос на младинските политики, од страна на Европската комисија е поздравена мерката „Гаранцијата за млади“ за која се вели дека е многу важен и позитивен чекор за намалување на младинската невработеност во земјата.Токму преку оваа мерка, изминатата година се вработија 1.839 млади лица.Како што е наведено во Извештајот, направен е добар прогрес и во заштита на човековите права и слободи. Комисијата констатира зголемена заштита од говор на омраза и дискриминација.Во Извештајот се наведува и дека условите за работа и функционирање на граѓанското општество и понатаму се подобруваат, преку нивното директно учество во креирање на политики и во законодавниот процес.За две години од заробена држава, Република Македонија е светол пример во регионот.Тоа е признание за реформите, за политиките на владата предводена од СДСМ, но и мотив да се продолжи со евро-атланскиот курс во интерес на граѓаните, на младите и иднината на државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

120190602_085342

Во живо од „Охрид трчаТ“

Денеска во Охрид трета година по ред ќе се одржи најголемата и најмасовната спортска манифестација „Охрид трчаТ“. 1.585 натпреварувачи од 20 држави ќе трчаат во четири дисциплини. Натпреварувачкиот дел е на 10 километри и тим билдинг трка, а 5 километарската и тим билдинг трката се со рекреативен карактер.

Македонија | пред 6 години

Bidi-srcevina-bidi-hero-

Штанд за пријавување на донатори на коскена срцевина на „Охрид Трчат“

Клиниката за хематологија Скопје ги информира граѓаните дека за времена одржување на трката „Охрид Трчат“, денеска од 8:00 часот, може да се обратат на штандот на Клиниката и да се запишат во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.– Потсетуваме дека е во тек национална кампања „Биди срцевина, биди херој“, која ја спроведува Клиниката за хематологија во соработка со Институтот за имунологија и хумана гентика при Медицинскиот факултет во Скопје, а со поддршка од Министерството за здравство. На штандот ќе бидат ангажирани стручни тимови од Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје и Институтот за Имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, коистојат на располагање да го објаснат процесот на зачленување во регистарот. Ќе бидат обезбедени услови за дарување на една епрувета крв-5 милилитри кои се доволни за да се направи ХЛА типизација. Со овој гест ќе станете дел од глобалното семејство кое брои над 30.000.000 доброволни дарители на коскена срцевина во светот, информираат организаторите.Целта на оваа кампања, како што наведуваат тие е подигање на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, секој да може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.Клиниката апелира до сите учесници на маратонот да ја покажат својата хумана и солидарна страна и да се впишат во регистарот и информиррат дека тимот на Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје и Институтот за Имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет ќе биде лоциран на штандот на Ретки болести.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Облачно со пороен дожд и грмежи

Времето денeска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 8 до 15, а максималните од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови ќе се задржи променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град, особено утре. Од петок се очекува стабилно и значително потопло време.

Македонија | пред 6 години

zoran_zaev_obrakanje

Заев со честитка до ракометарите

Ракометарите од Вардар одат напред во финалето. Браво момци, гордост наша!, напиша на Твитер премиерот Зоран Заев откако ракометарите на Вардар направија неверојатен пресврт во Келн и ја победија силната Барселона со 29:27.

Македонија | пред 6 години

Zoran-Krstevski

Зоран Крстевски: Одговорност

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)Сите ние живееме во општество (свет) во кое преовладуваат површните и неискрени односи помеѓу луѓето. Алчната ориентација кон создавање што поголем профит предизвика да се гази по човечките животи, човечката слобода и човечкото достоинство. Концепцијата „по мене – потоп – кога мене ќе ме нема, може се да пропадне“ создаде предуслови за интензивно уништување и загадување на природата, за експлоатација на другиот, за наметнување на моќта и суетата, за деградација на семејните вредности и за оддавање на разврат и распуштено однесување.Главниот интерес е ставен на материјалистичките стремежи, така што алчноста, неморалот, неодговорноста, себичноста и сладострастието станаа стил на живеење и начин за бегство од духовната празнотија и површноста на постоењето. Се загуби вредноста на етиката, чесноста и емпатијата, поради што се наметна ставот дека сите луѓе се исти и дека не треба да се пропуштаат шансите. Тоа услови дека крадењето, лажењето, прељубите, манипулациите и егоизмот се нормални појави во современиот начин на живеење. Многу од луѓето го премолчуваат, прифаќаат или несвесно го одобруваат таквото неморално и неодговорно однесување.Ставовите на етичарите и духовниците дека треба да престанеме негативно да се однесуваме и повеќе да размислуваме за непорочноста, хармонијата на својата душа и духовната воздигнатост на личноста, голем дел од јавноста ги отфрла и третира како несоодветни и заостанати. Се истакнува максимата дека живееме во ерата на високите технолошки достигнувања во која сé е дозволено, бидејќи најзначаен е капиталот и уживањето во телесните задоволства. Тоа предизвика духот, душата и разумот (моралот) да ја загубат превласта врз нагонот, страста и телото.Будењето на свесноста за вистинските вредности и преземањето на одговорноста за сопствените постапки се клучни за излез од општата деградација и егзистенцијалната празнотија кон која се движи човештвото. Како што пишува Кирил Темков: „Етиката веќе не е прашање на учтивост, туку на опстанок“.Неодговорноста и недостигот на свест за општото добро, духовноста и хуманоста се показател за незрел однос кон повисоките основи на животот. Во една општа незрелост, духовна неосвестеност и површност, многумина не сакаат да бидат одговорни, самосвесни и ориентирани кон позитивните аспекти на постоењето. Примери на неодговорност и негативно извршување на должноста можеме да пронајдеме во многу домени од човековото дејствување и професионално работење (во областа на политиката, медицината, образованието, правото, економијата итн).Денес стана исклучително лесно да се биде неодговорен, тоа е бегство од слободата за која пишувал Ерих Фром. Според него, „современиот човек тежнее да биде ослободен од одговорноста, а посебно од одговорноста со личен пример да придонесе за доброто на другите и за заедницата во која живее“.Кога не сме одговорни кон самите себе, не можеме да имаме одговорност ниту кон другиот човек. И тогаш другиот не е воопшто битен. Таа другост (поврзаност) која е исклучително важна за создавање хармонични врски помеѓу луѓето, скоро и да не постои во овој денешен свет. Мислата на филозофот Мартин Бубер дека „одговорноста е во папочна врска со создавањето“ станува илузорна кога гледаме дека во 21-от век постои експанзија на детска проституција, трговија со бело робје, нелегален бизнис со трансплантација на човечки органи, тероризам, религиозен фанатизам, висока стапка на криминал и насилства. За каква висока свест и одговорност можеме да зборуваме кога сме сведоци на општа експлоатација на работниот труд, на се поголема злоба, завидливост и негативност помеѓу луѓето, на себичност, алчност и неизвршување на професионалната должност, на уништување на семејните вредности, на деградација на еко средината, на повредување на животните и обезвреднување на постулатите на духовноста, етиката и чесноста.Сето тоа зборува дека системот на вредности воспоставен на општествен план, многу ретко ги вклучува моралната одговорност, интегритетот на личноста, верноста на должноста и придонесот за општото добро. Наспроти тоа, преовладуваат затупеноста на духот, себичните интереси, манипулацијата, измамите и неодговорноста. Овие аномалии, за жал, станаа очекувана професионална и животна определба на голем број функционери или општествени дејственици – избрани и повикани да претставуваат светол пример на одговорно, чесно и посветено работење за напредок на заедницата.Состојбата на психата произлегува од состојбата на духот. Кога постои духовна амнезија и незаинтересираност за етиката, праведноста, позитивноста и емпатијата, тогаш на цена се егоизмот, алчноста и ниските ориентации на животот.Човекот кој е одговорен и внимателен во однос на својата чест и совест носи мир со себе, а неодговорниот, себичен и неморален човек многу лесно се соочува со грижата на совест и стравот од последиците за своето негативно однесување. Тој бега од тие нешта, но никогаш потполно не може да ја загуши совеста, стравот и чувството на вина кои му внесуваат немир.Една од формите на индивидуализмот се состои во следното размислување: Јас одговорам само за себе и не ме интересира другите што прават и каков однос градат кон заедницата во која живеат. Таквиот пристап не придонесува за општествениот напредок и за личниот развој на поединецот. Џорџ Бернард Шо има кажано: „Човекот се смета за умен, не по присеќавањето за своето минато, туку според одговорноста кон својата иднина“. Тоа подразбира дека секој човек треба да вложува во сопствената иднина, но и да придонесува за колективниот напредок.Позитивното постапување, чувството за општо добро и правилното извршување на должноста се знаци за зрело, хумано и одговорно однесување. Сепак, колку и да се обидуваме да придонесуваме за доброто на другите, треба да знаеме дека секој е одговорен за самиот себе и должен индивидуално да одлучува за својот живот. Кога дозволуваме родителот, шефот, партнерот, лидерот или некој друг да ја креира нашата судбина, тогаш поседуваме високо ниво на незрелост, неодговорност и зависност од туѓите влијанија. Според Екарт Тол, „еден од начините на кои егото се обидува да избега од личното незадоволство е да го велича и засилува сопственото доживување преку идентификување со група: нација, политичка партија, претпријатие, институција, секта, клуб, банда, фудбалски клуб“. Тоа предизвикува тотална зависност од надворешните фактори, претопување на своето Јас во другиот и губиток на авономијата на личноста.НАЈГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ ВО СВОЈОТ ЖИВОТ ИМАМЕ САМО ЗА ЕДНА ЛИЧНОСТ, А ТОА СМЕ НИЕ САМИТЕ. КОГА ПРЕЗЕМАМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДРУГИОТ ИЛИ МАНИФЕСТИРАМЕ НЕОДГОВОРНОСТ КОН САМИТЕ СЕБЕ, НИЕ ГО КРШИМЕ ЗАКОНОТ НА ЛИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ.Некои родители не сакаат да прифатат дека нивните деца станале возрасни личности кои се одговорни за сопствениот живот. Го жртвуваат своето здравје, пари, својот живот за децата, и така ги спречуваат секој од нив да порасне како личност, да се осамостои, зајакне и стекне способност за похрабро соочување со тешките животни испити.Според англискиот терапевт Дајана Купер: Во моментот кога преземаме одговорност за некој друг, ние ја спречуваме таа личност да вкуси лекции кои ñ се потребни за да научи нешто во животот. Секој од нас поминува низ различни животни лекции и искуства – тие ни овозможуваат да ја зајакнеме личноста и исполниме кармата. Кога сме одговорни за нечија среќа, љубовна состојба, кариера, или било што друго, треба да бидеме свесни дека со своите постапки ги оневозможуваме другите да ја исполнат својата карма и да станат одговорни за сопствениот живот.Опсесивното преземање одговорност за туѓите промени, може да предизвика многу стресови, немири и негативни состојби. Никој не може никого да промени, доколку самиот поединец не почне да работи на личниот развој и позитивните вредности на личноста.Секој е одговорен за сопствените дела, така што ние треба да помагаме, но не и целосно да станеме одговорни за туѓите животни одлуки и постапки.(Доц. д-р Зоран Крстевски, универзитетски професор) 

Коментари | пред 6 години

vardar-pobeda-2

(ВИДЕО) Ракометарите се радуваат, Македонија е горда

Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона, македонскиот тим се врати од седум голови негатива и утре во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.Во финалето кое ќе се игра во недела, Вардар ќе игра против Веспрем.https://www.facebook.com/rkvardar/videos/611251672704670/ 

Спорт | пред 6 години

micko-3

Мицкоски и Славески на трибините во Келн: Кога сте мотивирани нема невозможни работи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески  вечерва беа во Келн каде македонскиот шампион РК Вардар настапуваше  на фајнл фор турнирот.Ова не е прв пат Мицкоски присуствува и ја дава својата поддршка на натпреварите на ракометниот клуб Вардар.„Кога сте мотивирани и верувате во себе, нема невозможни работи и само небото е лимит. Македонски Вардар го покажа токму ова, покажа карактер, нескршливост и верба во победа . Честитки.Напред шампиони, напиша претседателот на ВМРО ДПМНЕ на социјалната мрежа фејсбук.Претходно пред натпреварот Мицковски напиша:Со срце и љубов за Вардар, за победа и нова заедничка радост. Напред Вардаре! 

Македонија | пред 6 години

chair-zaginati

Јавното обвинителство по несреќата прибира податоци за инвеститорот и изведувачот на работите

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид на лице место во општина Чаир каде напладне две лица починаа при вршење ископ.Несреќата се случила откако бил направен ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување на одводна канализација. Четири лица, татко, двајца синови и близок роднина, копајќи во близина на паркинг, ги поместиле плочките бекатон и ископале дупка за поставување на цевките. Во моментот кога во ископот се симнале три лица, се срушил дел од земјата која била околу ископот, при тоа затрупувајќи целосно две лица. Од настанатите повреди браќата, на возраст од 26 и 28 години починале на лице место. Третото лице, нивен роднина кој бил со нив во ровот бил делумно затрупан и се здобил со телесни повреди.Во насока на расчистување на настанот и утврдување на причинско последичните поврзаност за несреќата и смртта на двајцата браќа, јавниот обвинител издаде Наредба за прибирање на податоци во врска со постоењето на градежна дозвола за вршење ископ, во однос на инвеститорот , како и изведувачот на работите. Издадена е и Наредба за вршење на обдукција на телата на починатите. На лице место беа повикани и службени лица од Државниот инспекторат за труд.Дејствијата кои се преземаат од Основното јавно обвинителство Скопје ќе продолжат во континуитет се до целосно расчистување на кривично правниот настан.​ 

Скопје | пред 6 години

eksplozii

Три големи експлозии во фабриката за ТНТ во рускиот град Дзержинск, најмалку 19 повредени

Серија експлозии одекнале во кругот на фабриката за експлозиви Завод Свердловск во градот Џержинск во Русија во областа Нижни Новогорд. Најмалку Најмалку 19 лица  се повредени  , објави руската агенција ТАСС.Агенцијата пренесува дека експлозиите во фабриката за производство на ТНТ  биле силни, по што избувнал пожар.Неофицијално непочитување на технолошките процеси“ во фабриката се смета како причина за инцидентот. Зградата е целосно уништена.https://twitter.com/ShadenFM/status/1134754288272642051?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1134754288272642051&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Ftri-golemi-eksplozii-ja-pogodija-fabrikata-za-tnt-vo-ruskiot-grad-dzerzhinsk-najmalku-19

Свет | пред 6 години

vlado-misajlovski

Мисајловски: Граѓаните ќе ја изметат оваа влада на следните избори

Зоран Заев и СДСМ денеска ја почнуваат третата година од нивното вледеење. Две години поминаа во не работа, расипништво, безидејност и распродавање на државните интереси. Две години Република Македонија уназадува, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Долгот е зголемен за нови над половина милијарда евра. За првпат во историја јавниот долг надмина фрапантни 50% од БДП.Потрошени се над 9 милијарди на име буџет, а ништо не е направено. Оваа и претходната година државата ги има најголемите буџети до сега, а граѓаните не чувствуваат позитивна промена, напротив тонеме.Инфраструктурните проекти кои ги ветија не само што не се реализирани, туку и тие кои што беа оставени од ВМРО-ДПМНЕ не се пуштени во употреба. Имено нема 600 километри нов автопат, ниту пак 550 километри магистрални патишта, но не е пуштен во употреба ни автопатот Миладиновци - Штип, кој беше оставен од ВМРО-ДПМНЕ.Економијата е оценета со 0 од страна на германските стопанственици, а последиците веќе се гледаат по висината на странските инвестиции, која во првиот квартал годинава е за десет пати помала од првиот квартал минатата година.Јавниот сектор е претворен во дувло на непотизам. Пракса стана функционерите да си ги вработуваат роднините во јавната администрација, имавме неколку формални повлекувања, но поголемиот број останаа нечепнати.Немаме никаква грижа во делот на социјалната заштита и заштитата на работниците.Здравството ни е дно, луѓе се лекуваат со смс пораки, лекови нема во аптеките, а власта ветуваше бесплатно здравство и подобри услови. Ништо од тоа нема.Се ветуваа итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, а две години по ред Скопје се гуши и е на врвот на светските листи со загаден воздух. Повторно ќе дојде зима и Скопје ќе биде најзагаден град во светот. Безбедноста е намалена, убиствата и грабежите ни станаа секојдневие, запалените автомобили се како декор на улиците.Војската е сведена на предмет за потсмев, војниците имаат стара опрема, а касарните ќе ни ги чува приватна агенција за обезбедување, да не беше трагично ќе беше смешно.Министерството за култура се користеше како средство за финансирање не само не културни здруженија, скандалите со грантовите од министерството за култура ја потресоа целата културна фела.Правосудниот систем е заробен, Рускоска обвинителството обвинува, а Кацарска судството пресудува. Пресудите се носат по диктат, а не врз основа на право.Образовниот систем е дерогиран, немаме напредок на ниедно поле, немаме нови школи, сали, ниту пак нова опрема.Земјоделието е безперспектива, нема откуп, а кога го има цените се очајно ниски, како резултат на тоа гледаме се попразни села и непосеани ниви. И така можеме да редиме уште многу. Граѓаните ова го чувствуваат секој ден. Нема напредок, нема просперитет. Со оваа власт само назадуваме. Потребна е метла, но за целата влада, почнувајќи од Зоран Заев па надоле.Граѓаните ќе ја изметат оваа влада на следните избори, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев, замини си и ти по оставката на Груевски, вие двајца сте дел од темното минато

Никола Груевски си заминува со оставката од пратеничката функција. На потег сега е Зоран Заев, кој треба во пакет да си замине со Груевски од политичката сцена, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Владеењето на Груевски и Заев ќе биде запаметено по безаконие, криминал и корупција. Земјата ја тресеа скандали со масовни вработувања на членови на семејствата и блиски роднини на владини функционери, кражба на народни пари од министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели, тендери од позиција на власт во милиони евра. Секако, најстрашно е распродажбата и тргувањето на Груевски и Заев со националните и државните интереси, прво, преку антимакедонските отстапки на албанските партии и второ, преку верно и слепо слушање на своите странски газди во геноцидниот проект за уништување на Македонија и Македонците.За волја на вистината, уништувањето на Македонија Груевски го правеше подмукло и прикриено со глумење лажен патриотизам додека Заев и не се крие и отворено ги врши предавствата спрема македонскиот народ.Исто така, на народот му продаваат романтичарски приказни дека за време на Груевски се крадело ама и се градело додека за времето на Заев само се крадело. Вистината е дека за време на криминалната приватизација власта на СДСМ украде околу 5 милијарди тогашни германски марки додека во постприватизацискиот период власта на ВМРО-ДПМНЕ украде околу 5 милијарди евра. Значи, разликата е само што едните краделе во марки другите во евра, а Груевки и Заев продолжија со грабежот на народниот имот и богатење врз грбот на народот.Зоран Заев и Никола Груевски се дел од темното минато. Новата народна власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека сето ова ќе биде расчистено, одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

kredit

Со фалсификувани документи преку измама до потрошувачки кредити

Десет лица се опфатени со Наредби за поведување истражни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, а по поднесени кривични пријави од страна на Министерството за внатрешни работи.Во одделни настани, но на ист начин, со намера да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување на факти ги довеле и ги оддржувале во заблуда вработените во оштетената АД Комерцијална Банка Скопје – филијала Прилеп.Имено, петмина од осомничените се јавиле како апликанти за добивање на потрошувачки кредити, но со поднесување на фалсификувани документи. Со помош на останатите петмина биле изработувани лажни документи за наводно постоење на работен однос на секој од апликантите во различни правни субјекти. Иако никогаш апликантите не биле вработени кај тие правни субјети, со употреба на печати и штембили секој од нив добил документи како да е вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕВН Македонија, МЕПСО АД Скопје или во Реплек Фарм Скопје.Преку извршената измама, оштетената банка на четири апликации одговорила позитивно и одобрила потрошувачки кредити и тоа три во висина на 1.500.000,00 денари и еден во висина на 1.399.954,00 денари.Со дејствијата кои ги презеле осомничените извршиле кривични дела Измама од член 247 и Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Прилеп поведувајќи постапка до Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп достави и предлози за определување на мерки за обезбедување присуство на осомничените. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па судот на седуммина осомничени им определи мерка Притвор , додека на тројца осомничени им се определени мерки на претпазливост.​ 

Македонија | пред 6 години

vulin

Дипломатски шамар од Вулин за Пендаровски: Како Србија ќе го реши својот внатрешен проблем не е тема за претседателот на Северна Македонија

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин му порача на претседателот Стево Пендаровски дека како Србија ќе го решава проблемот со Косово не е тема со која тој треба да се занимава.„Пендаровски малку го прашуваат за иднината на Северна Македоинија, ама би сакал да биде прашан за иднината на Србија. Како Србија ќе го реши својот внатрешен проблем не е тема за претседателот на Северна Македонија, нашиот јужен сосед. Ако идејата за разграничување е „грозна и недостојна за 21. век“, тогаш би можел да ги повлече признавањето на Косово од почетокот на 21. век или да ја осуди НАТО агресијата на СРЈ од крајот на 20. век која доведе до етничко чистење на Србите на Косово и Метохија“, изјави српскиот министер за одбрана Вулин коментирајќи ја изјавата на Пендаровски дека „идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина и незамислива“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања