Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

tepacka-4

Малолетник нападнат од неколку лица

На 31.05.2019 16-годишник од Скопје пријавил дека околу 17,40 ч. во близина на Работнички универзитет-Кочо Рацин бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Скопјанец нападнал друго лице пред угостителски објект

На 01.06.2019 во 02,45 часот пријавено е дека на ул. ,,Пролет“ пред угостителски објект од страна на А.К(31) од Скопје нарушен е јавниот ред и мир со физички напад врз Д.Р(33) од Скопје. На место на настанот констатиран прекршок од страна на полициски службеници и против пријавениот ќе биде поднесена прекршочна пријава по чл. 12 од ЗППЈРМ.

Скопје | пред 6 години

vardar-123

Вардар ја победи Барселона - ќе игра во финалето против Веспрем

Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона, македонскиот тим се врати од седум голови негатива и утре во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.  Барселона доминираше во првиот дел кој го заврши со водство од 16-9. Каталонците таа предност ја одржува до 40-тата минута но црвено-црните го засилија темпото и почнаа со големи чекори да го анулираат водството на противникот  што резултираше со ирманување на резултатот на 26-26 во 57. Минута. Најефикасни беа Криштопанс со 10 и Карачиќ со 5 погодоци. Кај противникот се истакна Гомеш со 11 гола.Во финале Вардар  ќе игра со Веспрем.  Финалето се игра во недела од 18ч.фото: derbi.mk

Спорт | пред 6 години

avtobus-2

(ВИДЕО) Се запали автобус на граничниот премин Табановце

Новосадски автобус изгоре потполно, кога околу 16 часот се запали на граничниот премин Табановце, помеѓу Србија и Македонија. Сите патници во моментот на избувнување на пожарот веднаш го напуштиле автобусот, избегнувајќи ја евентуалната трагедија.За среќа, во несреќата нема повредени, освен понекоја мала гребнатинка кај патниците. Тие брзо реагирале и го напуштиле  автобусот, но биле видно потресени.Засега не се знае причината за избувнатиот оган во автобусот.

Македонија | пред 6 години

korca-2

(ФОТО + ВИДЕО) Граѓаните на Корча вознемирени, не влегуваат во домовите, голем дел од нив со распукани ѕидови и без тавани

Албанските медиуми објавуваат фотографии и видеа на кое се гледа усасот кој го поминаа граѓаните по серијата земјотреси кои ја погодија Корча. На видео се гледа како се ниша лустер во дом од моментот кога Корча е под влијание на земјотрес со јачина од 5.3 степени по рихтер.Земјотресите во Албанија не престануваат, од синоќа до сега се регистрирани десетици потреси.Граѓаните на Корча се преплашени. Тие стравуваат да влезат во своите домови. Во изјави за медиумите велат дека ѕидовите им се распукани, а дел од таваните уништени.Најсилните земјотреси беа почувствувани и во југозападниот дел од Македонија.  фото: .gazetatema.net

Свет | пред 6 години

chair-zaginati

Две лица загинаа во во близина на основното училиште “Пенко” во Чаир

Две лица загинаа, додека еден претрпе тешки телесни повреди како резултат на падот на земјата при отворање на канал, објави Алсат.Двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата каде што сопственик бил нивниот татко. Несреќата се случила во близина на основното училиште “Пенко” во Чаир. 

Скопје | пред 6 години

DSC_0500

Османи за „бомбите“: Тоа не е прашање што треба партијата да го разгледа, туку институциите

Вицепремиерот Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на ДУИ, денеска изјави дека прашањето за објавените прислушувани телефонски разговори, бо ДУИ не било разговарано и дека нема да коментираат приватни разговори.„Во ДУИ ова прашање воопшто не е разгледано, ниту во никаква форма анализирано, бидејќи сметаме дека не е прашање што треба партијата да го разгледа, ниту не засега. Тоа е прашање на институциите којшто треба да ја гарантираат приватната комуникација и тоа институциите треба да го сторат. Апсолутно немаме никаква вознемиреност во тој дел ниту нешто посебно правиме. ДУИ била предмет на специјални војни од кога постои, но од сите предизвици излегла секогаш посилна“, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање.

Македонија | пред 6 години

8cb2ebb0-resize-820x0x100

Лазаров: Шеф на родилната сала во ГАК е една од најдобрите акушерки што ги знам

,,Жените на ГАК ги пораѓа сериозно обучен персонал, искусни акушерки кои ја породија нацијава, и нови млади генерации кои се обучуваат од сениорите.Шеф на родилна сала е еден од најдобрите акушери кои имав привилегија да ги запознаам!Оттука, момак, не да тропаш глупости, него тешка мизерија е муабетов.Немоќ, инфериорност.Во случајов, се дрзнал да спинува, каква штета има што акушерка завршила факултет, било кој?Срам да се немало!Единствено што донесе со себе, беше раздор, да си го земеш на одење“.Со овие зборови на социјалнте мрежи возврати доктор Ненад Лазаров, кој до неодамна работеше во оваа установа, испровоциран од обвинувањата на разрешениот економски директор на Гинекологија, Ваљон Бела, кој објавува обвинувања за наводен криминал, а меѓу другото и дека Шефицата на акушерките е со факултет по македонски јазик.

Македонија | пред 6 години

policija-2

Не им дозволувал да го приведат другар му, па заедно завршиле во полиција

На 01.06.2019 година во 03.35 часот, во кабаре лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, извршено од 28-годишен охриѓанец со дрско и непристојно однесување кон вработените и гостите како и кон полициските службеници.Тој, е приведен во полициската станица заедно со неговиот пријател 31-годишен скопјанец кој ги спречувал полициските службеници во приведувањето.Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

258156_virdzinija_f

Отпуштен работник во Вирџинија уби најмалку 12 лица

Во напад со автоматско оружје во зградата на локаланта власт во градот Вирџинија Биџ во сојузната американска држава Вирџинија, отпуштен административец уби најмалку 12 колеги и граѓани кои случајно се затекле тука и рани повеќемина.Како што известуваат американските медиуми, напаѓачот бил вооружен со пиштол калибар 45 со придушувач , а со себе имал шаржери кои ги менувал во текот на пукањето.Еден полицаец е ранет во текот на пукањето, но панцирот што го носел на себе му го спасил животот.Напаѓачот е убиен во престрелката.Медиумите го опишуваат како ,,разочаран долгогодишен работник во локаланата администрација кој добил отказ“.

Свет | пред 6 години

1

(ФОТО) Вандали дивееле по битолското шеталиште

Синоќа во градското шеталиште беа целосно оштетени две канделабри и околни дрвја од страна на засега непознати лица.„Утринава, екипи од ЈКП „Комуналец“ и Општина Битола, презедоа мерки за обезбедување на местото. Канделабрите се отстранети, а екипите на терен извршија изолација на жиците и каблите за струја, кои исто така биле искинати. Настанот е пријавен во битолската полиција, кои по извршениот увид на лице место, направија полициски записник.Канделабрите се изработени од масивно железо тешко за отстранување, што значи дека за нивно уништување е употребена голема сила.Се надеваме дека ваквите вандалски чекори во иднина нема да бидат повторна слика во градот на конзулите“, велат од Општина Битола. 

Македонија | пред 6 години

grujo-micko1

ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски дава команди, Мицкоски исполнува, велат од СДСМ

Најава на осудениот криминалец, Никола Груевски, дека ќе поднесе оставка како пратеник, ја потврди неговата директната поврзаност со Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски од таму дава команди, Мицкоски исполнува.Одлуките на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Мицкоски, однесувањето на пратениците на оваа партија во мандатно имунитетната комисија, кои не гласаа за одземање на мандатот, е по наредба на Груевски и во директна координација со Мицкоски.Мицкоски нема храброст ништо да направи, дури ниту да постапи по Закон и Устав, ниту да донесе некаква одлука.Со најавената оставка Никола Груевски му помага на Мицкоски, го спасува, за неговата потчинетост и неспособност да постапи по закон,  кои се веќе толку видливи и граѓаните ги препознаваат.Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, меѓу кои и Трајко Вељановски, Тарчуловски, Милошовски треба да поднесат оставки од морални и правни причини“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

61446388_1065610993622530_4364308855799152640_n

(ФОТО) Пронајдени 12 вреќи марихуана во близина на Калишта

На 01.06.2019 година околу 03 часот, во близина на регионалниот пат Подмоље-Радожда, пред селото Калишта, полициските службеници од СВР Охрид пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана.По насоки, добиени од јавен обвинител, марихуаната е  предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

rociste

Груевски сам се повлекува од пратеничката функција

,,Целта легално да ми го одземат мандатот јасно е дека е неостварлива. И според Уставот на Македонија и според меѓународните прописи, но и според неподлегнувањето на притисокот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои на комисијата за мандатно имунитетни прашања им одржаа лекција по меѓународно право и уставно право на нивните колеги од власта кои во отсуство на аргументи расправата ја сведоа на ,,маалска дискусија за политика на клупа пред зграда“ во текот на расправата на комисијата.Сепак, иако правото, уставот и меѓународните документи се на моја страна, јас нема да дозволам нашата партија и пратеници заради мене и мојот мандат да бидат изложени на било какви притисоци, на лажна пропаганда, на непријатности и на медиумски линч од страна на власта и нејзините апологети. Не сакам понатаму ниту да дадам можност на СДСМ користејќи ја оваа тема да ги избегнува дебатите за суштинските теми и проблеми кои го засегаат народот и да ги задскрива своите криминални политики.Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција, а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови.Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците.Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности“-напиша утрината на својот ФБ профил почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, НИкола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.Тој и понатаму смета дека власта е опседната со него:,,Видлива е стратегијата на СДСМ своите секојдневни неуспеси, криминал, масовна корупција, бројни неостварени ветувања, непотизам, и огромен број други слабости да се обидува да ги прикрива преку наметнување на лажни информации и тези со очигледна понатамошна опседнатост со мене.Во минатото СДСМ не штедеа пари и други ресурси во правец и цели за мое оцрнување, омаловажување и создавање лажна слика за невистинити работи, како на пример дека сум бил премиер кој бил против ЕУ, против НАТО, против Албанците во Македонија, или дека сум проневерил народни пари, одејќи и до таа мерка со лаги дека сум бил осуден за корупција.Во функција ставија десетици дежурни по медиумите т.н. независни аналитичари, новинари, уредници и други пропагандисти, најголем дел од нив на еден или друг начин скриено или отворено платени токму со народни пари со единствена задача да шират лажна пропаганда против мене и против ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е најмногу заради стравот кој им ,,влезе во коските,, после 10 изборни порази од нас, но и нивниот нечесн однос кон народот изразен на пример преку ,,колнењата во најблиските,, дека нема да го сменат името и уставот иако знаеја дека токму затоа се инсталирани на власт, секојдневниот рекет на компаниите и приватниот сектор, дебаклот во економијата, видливата корупција, очигледниот непотизам и нечесно работење.Последната тема за која не штедат пари да прават лажна пропаганда и против мене и против ВМРО-ДПМНЕ, е лагата дека како корисник на политички азил а заради политички прогон, издаден од земја членка на ЕУ и НАТО, заради прогон токму од нив како владечка партија која испорачува пресуди преку контролираното судство и обвинителство, сум бил неоправдано отсутен во последните шест месеци.Јасно е дека тоа не е така и благодарен сум што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мошне прецизно и стручно, одбивајќи да подлегнат на притисоците на пропагандата на СДСМ објаснија дека согласно најпознатиот документ на ООН – универзалната декларација за човекови права, азилот е вброен како еден од основните човекови права и не е можно некој да е неправедно отсутен од седници во парламентот ако е принуден да користи политички азил кој од 1948 година ООН го степенувала како човеково право, и кој документ го усвоил и македонскиот парламент.Исто така пратениците мошне јасно објаснија дека дури и кога некој би бил неоправдано отсутен, уставот во членот 65 остава право на избор на пратениците како ќе гласаат во однос на одземањето на мандатот, па притоа, како и да гласаат нема да е во спротивност со уставот бидејќи не случајно уставот го користи зборот ,,може,, наместо ,,мора,, или ,,треба,, да се одземе мандатот.Ним а и на целата слободоумна јавност им е совршено јасно дека како и да гласаат тие нема да го прекршат уставот, но ако гласаат за одземање на мандатот ќе го прекршат ,,меѓународниот закон,, кој во членот 14 од документот азилот го третира како основно човеково право.Опсесијата со мене ја натера власта набрзина и хистерично да менува закони, деловник за работа на парламентот и вообичаената пракса на работа во парламентот само за да ги задоволат своите лични фрустрации,комплекси и опседнатост со мене до степен на ,,кошмар,,, како и потребата со лажна пропаганда да ги задскриваат своите катастрофални и ненародни политики. Дојдоа до степен на секретарката во парламентот да и забрануваат да ме пријави како оправдано отсутен.Но, ни тоа не им помогна, бидејќи што и да сменат тие неможат да ја променат ниту отфрлат универвезалната декларација за човекови права на ООН, ниту да го променат уставот, а дури и да го променат би требало ретроактивно да го применат.Да живее Македонија!“-го завршува подолгиот пост Никола Груевски на својот ФБ профил.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче скитник

На 31.05.2019 година во 18.45 часот во Полициска станица Карпош Р.Т(40) од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син на ул. ,,Варшавска“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Скопје | пред 6 години

sudar-fico-i-audi

Се судрија Фичо и Ауди

 На 31.05.2019 во 22,20 часот во Прилеп на крстосницата од улиците „А.Македонски“, „Сотка Ѓорѓиоски“, „И.Л.Рибар“ и „Битолска“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Застава 750“ со прилепски регистарски ознаки,управувано од Љ.П. (60) од Прилеп и патничко моторно возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Т.. Љ.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Со автомобил удрил во бетонски столб , повреени малолетници

На 01.06.2019 во 01,47 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека на стариот пат од с. Стајковци кон Смилковци, се случила сообраќајна незгода во која А.Ј. (20) од с.Смилковци-Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, удрил во бетонски столб.Од здобиените повреди возачот починал на местото наннастанот додека сопатниците во возилото 16-годишно и 17-годишно лице се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР-Скопје.

Македонија | пред 6 години

bankomat-12

Кавадарчанка од туѓа дебитна картичка си подигнувала пари од банкомат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(34) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Од 04.03.2017 до 10.12.2018 година од банкомати во Кавадарци пријавената, во повеќе наврати, од дебитна и кредитна банкарска картичка на Б.Ѓ. од Кавадарци подигнала 79.200 денари.

Македонија | пред 6 години

pozar-centar

Пожар во центарот за мигранти во Велика Кладуша, 29 повредени

Најмалку 29 лица се повредени во пожар што утрово во 6 часот и 30 минути избувна во привремениот прифатен центар за неколку стотици мигранти во Велика Кладуша, северозападна Босна и Херцеговина.Како што пренесуваат локалните медиуми, на местото има голем број пожарникари, а некои од повредените се пренесени во болницата во Велика Кладуша, додека некои се упатени во Кантоналната болница во Бихаќ.Според првичните информации, причината за пожарот, кој се локализира, е човечка невнимателност.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски очекува одлука за преговори, но со пролонгиран датум

Претседателот Стево Пендаровски очекува одлука за преговори, но поради временската рамка на Бундестагот смета дека датумот може да биде пролонгиран..-Политичката согласност на сите клучни и на сите останати држави на ЕУ за почнување на преговорите во 2019 година е тука. До овој момент ниту една европска држава нема кажано дека Македонија не заслужува да добие датум за преговори. Ниту едена европска држава, ниту еден европски државник досега нема речено дека Македонија не испорачала тоа што и беше домашна задача од минатиот Софиски самит на ЕУ. Средбите на нјависоките политички авторитети на ЕУ се од 17 до 21 јуни.Според него, станува збор само за техничко поместување на термините затоа што ниту една европска држава не вели дека Македонија не заслужува датум, не ги исполнила условите и дека треба да се одложува почетокот на преговорите со ЕУ, за 2020 или 2021 година. Јуни е речиси невозможна мисија и за Центарот за европски стратегии, „Евротинк„.Тие типуваат на октомври, но предупредуваат дека, ако и тогаш не добиеме датум, тоа ќе биде казна за проевропските граѓани и награда за анти-европските сили во Македонија. Велат дека, европските лидери треба да ја разберат пошироката слика на проблемот и повеќе да не го одложуваат почетокот на преговорите за нашата држава, смета претседателот. 

Македонија | пред 6 години

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: Заев продолжува со негативните рекорди

Граѓаните на Република Македонија живеат во секојдневие исполнето со порази и измами, сервирани од Зоран Заев. Бројките, статистиките и податоците се поразителни, буквално на секое поле. Македонија тоне, а Зоран Заев не уверува дека блескаме, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Заев продолжува со негативните рекорди. Годинава капиталните инвестиции се полоши и од минатата. За првите 4 месеци од оваа година реализацијата на капиталните инвестиции изнесува катастрофални 9,8 проценти.Наместо прилив, Македонија бележи негативен биланс, односно одлив на капиталот од странски директни инвестиции кој во март изнесува 6,8 милиони евра. Споредбено со претходните 10 години странските директни инвестиции во првите четири месеци од годинава се убедливо на дното.Со ова уште еднаш се потврдува тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ, дека минатогодишното ниво странски директни инвестиции е резултат на работата на претходната влада, а македонската економија се уште ја крепат инвестициите привлечени во Македонија во времето на ВМРО-ДПМНЕ.На лагата и се кратки нозете, се поголем број на граѓани отворено го изразуваат незадоволството од погубните политики на власта, неостварените ветувања, неработењето и неспособноста на Зоран Заев и неговата криминална банда.За оваа клапа која буквално ја уназади државата на секое поле најважни се личните бизниси, а буџетската сметка ја третираат како лична сметка за исплата на партиските пајташи и послушници кои се најзаслужни за фотељата која ја доби Заев. Животот дојде за малкумината околу Заев, додека 500 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден.На овој чемер и јад кој го донесе Заев мора да се стави крај, а крајот е близу, Зоран Заев веќе не може да ги лаже и манипулира граѓаните на Република Македонија. Неговата неуспешна политичка приказна која е погубна за државата и граѓаните е на самиот крај. Граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија на следните парламентарни избори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ..

Македонија | пред 6 години

zemjotres-2

Серија силни земјотреси на југот од Албанија

Во јужниот дел на Албанија, во близина на градот Корча утрово од 6:26 мин има серија  последователни земјотреси со појак интензитет.Првиот беше во 6:26 степени со оинтензитет од 4.9 степени, и истиот го почуствуваа и жителите од Македонија од Охрид, Струга и Ресен . 7 минути подоцна уште еден земјотрес со имнтензитет од 5 степени. По тоа следуваа неколку помали за кои сеизмолозите сметаат дека се афтершокови 3.7, 4,4, 3.2,2.5,3.7.Паника кај населението во Албанија предизвика и последниот потрес пред 14  мин во  точно 9 часот о интензитет од 4.8 степени.Засега нема никакви информации за евентулани штети.

Македонија | пред 6 години

61592855_683946395370769_8648596075667521536_n

Два силни земјотреси во Албанија, почувствувани и во Македонија

Серија силни земјотреси утрово се случуваат во близина на градот Корча во јужниот дел на Албанија.Првиот земјотрес со интензитет од 4.9 степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран на 18 километри јужно од Корча, на самата граница меѓу Албанија и Грција.Земјотресот се случи во 6 часот и 26 минути. Најсилно е почуствуван во градот Корча, а потресот утрово ги разбуди и жителите на Поградец, Охрид, Струга и Ресен.Седум минути по првиот земјотрес во 6 часот и 33 минути уследи вториот потрес со интезнитет од 5 степени.Засега нема информации за последици од двата потреси.

Македонија | пред 6 години

rampa-mesokastro

Се поставува рампа за регулирање на сообраќајот и на влезот од Месокастро, стариот дел на Охрид „под клуч“

Стариот дел од Охрид, комплето ќе биде „заклучен“.  Попладнево се поставува рампа и за влез во Месокстро, а со тоа се затвораат сите премини за автомобили за стариот дел на Охрид. Минатата година се поставија рампи пред Горна Порта, но жителите на Охрид, но и познавачите на стариот дел го користеа влезот кај Месокастро, за да дојдат до саканата дестинација во Стариот дел.Целта на локалната е со рампите да се регулира сообраќајот во Стариот дел но, потсетуваме дека наместо „фала“, од старите охриѓани добија искршени рампи, по што беше поставен и систем за снимање.Инаку согласно летниот режим на сообраќај, забраната за движење на возила во стариот дел од градот,  минатата година освен за жителите од овој дел на Охрид, важеше и секој ден од 20 часот до 5 часот наутро. Сите специјални возила, Итната помош, Противпожарната служба и Полицијата, имаат картички за влегување во стариот дел од градот. Картичката не може да се користи додека возилото, кое преку рампата влегло во стариот дел од градот, не излезе.  

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_377935

(ВИДЕО) Еруптираше вулканот Етна

Вулканот Етна во Италија, се активира и почна да исфрла вжарена лава која тече во должина од неколку стотици метри.Директорот на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Катанија (ИНГВ), Еугенио Привитера рече дека станува збор за нова фаза на експлозија во вулканот.– Ова наскоро може да заврши, а може и да потрае неколку месеци. Во моментов нема опасност за луѓето кои живеат во оваа област, но од безбедносни причини, потребно е да се контролира приливот на туристи, смета Привитера.Сегашната состојба на вулканот не ги отежнува летовите кон аеродромот во Катанија.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања