Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

robert-popovski-2

Поповски: Заев троши три пати помалку од Груевски

Mинистерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски во вечерашното гостување на 1ТВ зборувајќи за отчетноста на оваа Влада рече премиерот Зоран Заев троши три пати помалку од неговиот претходник Никола Груевски.-Заштедите на оваа влада по основ на трошоци на премиерот, министрите, замениците се два до три пати поголеми од претходно, особено во однос на угостителските услуги. Ако продолжи ова темпо, и ако оваа влада остане на власт колку претходната, само на оваа основа ќе бидат заштедени 12 милиони евра. Премиерот Заев троши три пати помалку од Груевски на оваа основа, рече Поповски.

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

Братот на Ел Чека до Спасовски: Истото дело што го направи брат ми, го направи и Заев

Братот на Ел Чека, човекот кој од Чикаго ги објавува таканаречените „бомби“ за ДУИ, се обрати до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку албанскиот портал „Лајмпрес“.„Сакам јавно да му кажам на Спасовски за налогот за апсење издаден против мојот брат, треба истиот налог за апсење да го издаде и за неговиот лидер Зоран Заев. Мислам дека зборуваме за истото дело, како што ги објави Зоран Заев, истото го стори и мојот брат Ел Чека. Законот треба да биде ист за секоја личност, без разлика на која позиција е“, пишува Лајмпрес.Ова момче деновиве е актуелно со „бомбите“ на албански јазик во кои таргет се членови на ДУИ. Ел Чека тврди дека „бомбите“ ги добил од членови на Кумановската група.

Македонија | пред 6 години

soobr1

Сообраќајка на патот Крива Паланка - Куманово

Сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и автобус се случила попладнево на патот Крива Паланка -КумановоВо несреќата, според првичните информаци од полицијата, нема жртви.Од АМСМ информираат дека поради несреќата, сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај месноста Руловица, од 18 : 40 часот се одвива наизменично.

Македонија | пред 6 години

pino-696x480

Осомничениот за убиството на Пино му пукал со пушка во глава

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за убиство на Пинета Секондо, кој од декември минатата година е пријавен за исчезнат. Јавниот обвинител побарал притвор против осомниченото лице.-Осомничениот, 27-годишен жител на Скопје, делото убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со сега починатиот. Тие заедно со патничко моторно возило „опел аскона“ пристигнале во атарот на село Арачиново во Скопје. Осомничениот извадил огнено оружје – пушка и го застрелал оштетениот во пределот на главата. Од нанесените повреди Секондо веднаш починал.  По стореното дело, во обид да се скријат трагите, телото на починатиот било пренесено во село Љуботен, каде е оставено во дупка и покриено со ќебе. Осомничениот се дал во бегство и во моментов е недостапен за органите на прогонот.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

Македонија | пред 6 години

pino

Пронајдено е телото на исчезнатиот Пино

МВР попладнево соопшти дека е пронајден скелетот на исчезнатиот Пинета Секондо и дека се работи за убиство. Според МВР, извршители на убиството се млади момче и девојка со иницијали Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22) од Скопје.-На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM. Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења. По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје, соопшти МВР.

Македонија | пред 6 години

kruzer

(ВИДЕО) Унгарската полиција го уапси капетанот на крузерот

Унгарската полиција соопшти дека е уапсен капетанот на крузерот кој учествуваше во несреќата на Дунав во која загинаа најмалку седум јужнокорејски туристи, а дваесетина се водат за исчезнати.Се работи за 64-годишен украински државјанин идентификуван како Јуриј В од Одеса, а е уапсен поради немарност при сообраќајно управување на вода, што довело до масовна загуба на човечки животи, соопшти полицијата, пренесе „Ројтерс“.Потрагата по исчезнатите продолжува, но мали се шансите да се преживеани.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Во недела во посета на земјава доаѓа Столтемберг со 29 амбасадори на земјите членки на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот Совет на 2 и 3 јуни ќе ја посетат земјава.Во недела прво ќе допатува Столтенберг и неговиот кабинет, а час подоцна со друг авионски лет и останатите членови на делегацијата која брои околу 40 луѓе, меѓу кои и 29 амбасадори на земјите членки на НАТО.Тие ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на реформите и пристапување на земјата во АлијансатаНа состанокот на Северноатлантскиот совет очекува да се говори за интеграцијата на земјава во НАТО, но и за напредокот на реформите, меѓу кои и тие во сферата на правосудството. Во интервјуто за МИА Столтенберг говори и за значењето на учеството на Северна Македонија на состаноците на Алијансата, но и за натамошниот развој на настаните во спорот меѓу Белград и Приштина.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Паднал од велосипед – починал во болница

На 30.05.2019 година во 15,20 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено лицето Љ.А.(68) од Скопје со повреди здобиени од пад од велосипед што го управувал во населбата Шуто Оризари. Подоцна, тој им подлегнал на повредите. На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велосипедот бил пронајден, а во извршениот разговор со  очевидци на настанот тие изјавиле дека лицето се здобило со повреди од пад од велосипед. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е дадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Автобус на ЈСП излетал од патот, повреди тројца од патниците

На 30.05.2019 година во 18,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Д.Матка-с.Г.Матка автобус “Јутонг“ на ЈСП, управуван од М.Б.(55) од Скопје излетал надвор од коловозот.Во незгодата со повреди се здобиле патниците М.И.(59), С.И.(31) и А.Х.(22) сите од с.Матка-скопско и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

МВР казнува и пешаци

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера ( 30 мај ) од 11 до 16 часот спроведена е акциска контрола за прекршоци направени од  страна на пешаци. Откриен бил 51 прекршок ( ТЕ-37 и ГВ-14 ).Триесет и три прекршоци се однесувале на преминување на улиците надвор од пешачки премин ( ТЕ-19 и ГВ-14 ), а 15 ( ТЕ ) непочитување на светлосни сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник. Во акциската контрола утврдени се и 18 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-16 и ГВ-2 ) кои, исто така, соодветно се санкционирани со законски предвидените поднесоци.

Македонија | пред 6 години

motor

Сообраќајна несреќапомеѓу автомобил и мопед, со тешки телесни повреди малолетници

На 31.05.2019 околу 00,30 часот на крстосницата од ул.„8-ми Септември“ и ул.„Гоце Делчев“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н.А.(36) од Кавадарци, и мопед „Априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од петнаесетгодишно лице и сопатник на мопедот исто така, петнаесетгодишно лице. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 6 години

OHRID_TRCAT-1

Се е подготвено за третото издание на спортската манифестација „Охрид Трчат“

Над 1500 учесници ќе бидат дел од главните трки, на овогодинешното издание на Спортскиот атлетски викенд „Охрид Трчат”.Стартот на официјалната програма ќе биде означен со Ноќната трка која ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот. Главните трки на 5 и 10 километри кои ги вклучуваат и тим билдинг трките ќе се одржат во недела на 2-ри јуни. Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, смета дека спортската манифестација „Охрид Трчат” прераснала во своевиден спортски бренд и го поставила Охрид на мапата на врвни спортски настани.-Заложбите на организаторите и креативниот тим, кои стојат зад идејата и концептот на целокупната маратонска програма, ги препозна и несебично ги поддржа Општина Охрид како и бројни компании и фирми. Бројката од над 1500 пријавени учесници, кои викендов ќе трчаат на отворено по дефинираните тркачки траси низ Охрид, даваат јасен сигнал дека целта е постигната и дека третото издание на „Охрид Трчат” ќе биде еден вистински спортски спектакл, истакна Георгиески.Тој очекува, овогодинешното издание на охридскиот атлетскиот викенд да донесе исклучително спортско уживање за сите учесници и дека ќе биде вистинско спортско доживување за сите љубители на спортот, кои ќе бидат дел од публиката.-Пораката за поголема афирмација и промоција на трчањето и здравите спортски навики, кои се главна цел на „Охрид Трчат” и оваа година ќе биде гласно испратена. Се надевам дека оваа спортска манифестација ќе стане дел од една нова спортска традиција, по која Охрид ќе биде препознатлив на полето на спортот и дека истата ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам. До сега имам изјавено многупати, но во оваа прилика, сакам уште еднаш да повторам, дека Општина Охрид и јас како Градоначалник ќе бидеме секогаш подготвени за соработка и за поддршка на вакви креативни идеи и настани, надвор од шпицот на летната сезона и настани кои можат да дадат придонес во туристичкиот развој и подобра промоција на Охрид како туристичка дестинација,потенцираше Георгиески.Од страна на Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – Сите за спорт“ кои се организатори на „Охрид Трчат”, денеска на Градоначалникот Георгиески му беше доделен неговиот учеснички број на трките.Освен организацијата на трките, како дел од  програмата од Охридскиот атлетски викенд, во рамки на утрешниот ден, предвидено е одржување на комерцијално Експо и Панел дискусија, на која ќе учествуваат организаторите на слични маратонски настани во регионотВо целокупната организација на „Охрид Трчат” оваа година се вклучени над 200 волонтери, а околу 60 лица ќе бидат задолжени за техничката организација. За здравјето на учесниците во трките ќе бидат ангажирани над 40 медицински лица, кои ќе бидат координирани од страна на охридскиот Црвен Крст. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со фалсификуван потпис на својот татко, упишал деловен објект во Агенција за катастар

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(69) од село Добарце- тетовско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “посебни случаеви на фалсификување исправа“ и “употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Д.К.(57) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ’’злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување на службена исправа“. Во текот на 2019 година првопријавениот во полномошно, за застапување при упис на деловен објект во Агенција за катастар и недвижности, го фалсификувал потписот на неговиот татко. Потоа, второпријавениот, како адвокат, без претходно да ја утврди веродостојноста на потписот во наведеното полномошно, го употребил истото во постапка за упис на деловен објект во Агенција за катастар и недвижности.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 24 годишен кумановец, пронајден кокаин

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ф.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено на 03.03.2019 година во Куманово на улицата „Иво Лола Рибар“, пред ноќен клуб од страна на полициски службеници, при преглед над пријавениот, биле пронајден и одземен кокаин.

Македонија | пред 6 години

naum-za-zaev

Стоилковски: Секојдневно граѓаните и државата тонат во долгови за Заев да си ги плаќа советниците

Советникот на Зоран Заев кој зема 40.000 денари од граѓаните, од Буџетот на Република Македонија вчера го гледавме како водеше „ФолкФест“ во Валандово. Граѓаните секојдневно плаќаат 850 евра за советниците на Зоран Заев. Секој ден советниците на Зоран Заев граѓаните ги чинат 850 евра, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Секојдневно граѓаните и државата тонат во долгови за Заев да си ги плаќа советниците, всушност да подмирува медиумски апологети и да задоволува партиски послушници.Секогаш кога СДСМ се дограбува до власта Република Македонија ја тресат афера со влечење на пари од буџетот на сметка на развојот на стандардот за граѓаните. Секогаш кога СДСМ ќе се дограби до власт, парите на граѓаните завршуваат во џебови на партиски советници и на партиски апологети.Зоран Заев за две години набилда советничка листа чиишто состав претставуваат срам што ги надминува границите на Република Македонија. Додека земјата тоне во сиромаштија со економски параметри, меѓународни оценети со 0, Заев ангажира советници, посебни советници, надворешни советници за кои државата одвојува повеќе од половина милион евра годишно.ВМРО-ДПМНЕ и до сега укажуваше на составот и на бројноста на советниците ангажирани од Заев. Најголемиот број од оние 63 на Советничката листа на Заев по ниту еден критериум не би биле ангажирани од ниту еден нормален владин, премиерски кабинет.Во оваа прилика би потсетиле за ангажманот на командант Хоџа од црната листа на САД, невладин советник односно на советничката листа на Зоран Заев, потоа советникот Силвио Аврамовски за кој што споредни извесни укажувања има криминално досие заради пукање во полицаец што никогаш не беше демантирано со факти, потоа за советници се поставени деца на блиски на Заев, роднини на функционери на СДСМ, партиски активисти, редовни апологети на власта низ медиумите во државата и надвор. Тука секако се и ангажирани новинари и медиумски работници- како „ФолкФест“ водителот Ѓорги Калајџиев, или новинарот од 24 вести, којшто се уште се медиумски активни додека се советници во Кабинетот на Зоран Заев.Советничката листа на Зоран Заев ги надминува границите на Република Македонија како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, за кого српскиот претседател го посочи како човек протеран од таму и човек кој како рече крадел гаќи по трговски центри. Тие сега се економски советници и добиваат 1500 односно 1200 евра месечно од Буџетот на Република Македонија.СДСМ се колнеше во мал владин кабинет кој што немало да има потреба од советници - се колнеа дека ќе ги намалат бројот на министерства на најмногу 20, така велеше Радмила Шекеринска. Сега само таа како министер има повеќе од 16 советници меѓу кои и двајца новинари ангажирани за високи плати.Прашањето е што работат овие советници, коишто државата ја чинат комплетно околу половина милион евра годишно? Што ли советуваат, што ли му советуваат на Зоран Заев ако државата и граѓаните тонат во долгови, а се повторуваат меѓународните критики?Мора да престане ова залудно трошење на парите на граѓаните. Заев и СДСМ мора да си заминат од власта, а потоа да одговараат за сето залудно трошење на Буџетот на народните пари. Македонија со ништо не заслужила вакво изживување врз неа, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ: Се наметнува дилема зошто новите „бомби“ се појавија пред владината реконструкција?

Никој не е незаменлив, но некои тоа никако да го сфатат. Кога се во прашање оставки или „метлата“ очигледна е нервозата и чувствителноста кај ДУИ, особено по протекувањето на нови нелегално прислушувани разговори на социјалните мрежи за функционери токму од оваа партија. Но уште поочигледно е дека на Заев потешко ќе му оди со „метењето“ во Владата, отколку во партијата, со оглед на тоа што министрите од ДУИ јасно порачаа дека за нив одлучува лидерот Ахмети, а не премиерот, се вели во соопштението од ГДУ.Ова ќе биде тест за премиерот, дали ќе се ослободи од неспособните, или лидерот ќе ги заштити „белите мечки“.Но она што се наметнува како дилема е зошто новите „бомби“ се појавија пред владината реконструкција? Дали целта е за да се намали влијанието на ДУИ во коалицијата?Дополнително загрижува ширењето на нови прислушувани разговори преку интернет. Заев убедуваше дека сите материјали се во рацете на Јанева и нејзиниот тим. СЈО сега не убедува дека новите „бомби“ не се од кај нив, а МВР и Основното јавно обвинителство никако да истражат до крај како овие разговори излегуваат во јавност.ГДУ бара надлежните да одговорат од кога се овие прислушувани разговори и како стигнале во рацете на објавувачите. Колку вакви материјали има како што се шпекулира на црниот пазар во земјава и надвор од границите на државата, велат од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бетиане Китев: Со измените на Законот за земјоделско земјиште создаваме услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците и унапредување на земјоделството. Со измените на Законот  за земјоделско земјиште се реализира сериозна реформа на целокупниот сектор, но и се надминуваат реалните проблеми при доделување на земјоделско земјиште под закуп, истакна Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.Со законските измени, се овозможува правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата.Со цел поголема вклученост на младите земјоделци и отворање можност да започнат сопствен агробизнис, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот.Се отвора можност ако при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот. Со тоа се става ред во електронското наддавање, се забрзува целата процедура, односно се спречува постапките да се повторуваат.Со измените се овозможува изградба на угостителски објекти на земјоделско земјиште за промоција на земјоделски производи. Со тоа ќе се овозможи зголемување на инвестициите во ваков тип на објекти од страна на земјоделските стопанства, ќе се зголеми искористеноста на ИПАРД програмата, и позитивно ќе се влијае на развојот на рурални средини преку рурален туризам.Претходниот закон не дозволуваше доделување на земјоделско земјиште на земјоделци кои веќе имаат склучено договор за закуп, иако тој договор може да е само за 1, 2 или 3 хектари. Сега, со измените им се овозможува и на тие земјоделски стопанства да аплицираат на огласи за закуп се до обезбедување на површини од 10 хектари. На тој начин се создваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.Ова се само дел од реформите во Законот за земјоделско земјиште што се во интерес на земјоделците.Остануваме посветени на унапредување и развој на земјоделството, повеќе пари кај земјоделците и подобри услови за конкурентно земјоделско производство, истакна Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

61052825_375919676599530_8930273276618342400_o

(ФОТО) Членови на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода во Италија освоија 11 медали

Во Милано, Италија, на силниот меѓународен турнир во рамки на Европското првенство во БЏЏ, Milan Intrernational Pro македонската репрезентација за бразилска џиу џица направи голем успех.-Од вкупно 40 држави учесници на турнирот, ние како држава завршивме на 5 место, додека пак од 78 тима, клубот „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода  заврши на 7 место. За нашата држава 12 натпреварувачи се бореа во две дисциплини, борби со кимоно и борби без кимоно. Oсвоивме 11 медали, од кои: 4 златни, 4 сребрени  и 3 бронзени – изјави селекторот на репрезентацијата, Ивица Алексовски.  

Спорт | пред 6 години

ojo

ОЈО: Нема случај со проневера во вториот пензиски столб

Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција со која е одлучено дека нема место за јавнообвинителско постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб.Кривичната пријава поднесена против непознат сторител се однесуваше на кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик. Во неа се наведуваше дека во период од 2006 година не се вршени распределби на осигуреници кои ги исполнувале законските услови за членство во капитално – финансирано пензиско осигурување според законски дефинирани услови, односно Втор пензиски фонд. Пријавителот , МТСП, наведува и дека во подготвениот Извештај од извршена детална анализа подготвена од консултант од Светска банка, а по барање на МТСП, констатирани се сериозни недостатоци. Се наведува дека постојат 12 000 осигуреници кои се опфатени во систем на задолжително пензиско осигурување, а не се евидентирани како членови на приватните пензиски друштва. Истовремено за нив, делот од 6% од придонесите не е трансфериран во приватно пензиско друштво.Постапувајќи по поднесената кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје презеде дејствија со кои изврши сеопфатно истражување на наводите, прибирајќи ги сите материјални и вербални докази.За појаснување на поднесената пријава беа повикани претставници од Министерството за труд и социјална политика. Во дадената изјава беше појаснето дека подносителот како единствен доказ го има приложениот извештај. Како причина за настанатото, по нивна оценка наведоа објективни слабости во системот, при што не наведоа имиња на лица кои би биле инволвирани во евентуално сторување на кривично дело. Беше истакнато дека поради сомневањата министерството иницирало формирање на посебна Комисија за вршење надзор над предмети во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија. Но дека од страна на Комисијата не е доставен извештај од извршен надзор.  Составен дел  од наводите на подносителот на кривичната пријава е дека штетата по Буџетот на Република Северна Македонија е всушност во фактот дека овие средства во одреден период не се  оплодувале  и не се внесувале  во Буџетот на РСМ.Обвинителството ги испита директорот  и вработени лица во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија. Во нивните искази потенцираа дека не постои не евидентиран осигуреник, но прераспределбата на дел од нив во вториот столб не била извршена навреме поради проблем со софтверот. Во однос на средствата кои требало да бидат распределени во вториот столб е појаснето дека тие пари се на сметката на фондот и иако не биле префрлени – не може да се користат за други намени освен за  пензиите.Испитани беа и претставници на МАПАС – Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување како орган кој ги контролира и заштитува интересите на осигурениците. Испитаните појаснија дека МАПАС имал сознанија дека во определен период не се уплаќани придонеси на осигуреници во приватните пензиски столбови, дека е можно да постои штета, но само во однос на приносот кој би го оствариле доколку  нивните приноси биле капитализирани.  МАПАС не биле известени за неправилности во пензискиот фонд од страна на други државни институции, а од контролите кои редовно ги вршеле никогаш не произлегла било каква неправилност. Повиканите одговорни лица од МАПАС потврдија дека состојбата со осигурениците во приватните пензиски друштва е во ред и е во согласност со законските прописи.Надлежен јавен обвинител ги испита и одговорните лица од двата пензиски столба кои истакнаа дека немаат сознанија за наведената бројка на нераспределени осигуреници, а во однос на паричните средства истакнаа дека истите ќе бидат надоместени и се надоместуваат од Буџетот. Со тоа, нивните членови осигуреници ќе го добијат соодветниот надоместок за изгубениот принос со што нема да бидат оштетени.При вршење на распит на претставници од Министерството за финансии, повиканите лица потврдија дека во Министерството за финансии не е забележано ненаменско трошење на средства или пак  дека некои средства се одлеваат , односно дека не е констатирана штета на Буџетот на Република Северна Македонија.По барање на Основното јавно обвинителство Скопје од страна на Државниот завод за ревизија доставен е Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2015 и 2016 година за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Во извештајот  се забележани состојби на нецелосна усогласеност во работењето на фондот во процесот на  остварување на правата од пензиско инвалидско осигурување, поради што е можна исплата на корисник на пензија и по истекот на законски утврденото право, а за што се дадени и препораки во делот за подобро ажурирање на процедурите за исплата на пензии.По сознанијата и доказите кои беа собрани и превземени од Основното јавно обвинителство Скопје не се дојде до степен на основи на сомнение дека конкретно службено лице со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност прибавило за себе или за друг некаква корист или нанело штета. Од горенаведените причини, надлежниот јавен обвинител ја донесе јавнообвинителската одлука по поднесената кривична пријава ценејќи дека нема место за јавнообвинителска интервенција.

Македонија | пред 6 години

IMG_3476-2-min

Бектеши за „бомбите“: Не би коментирал нешто што е строго забрането со закон

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека не сака да ги коментира новите т.н. бомби од прислушувани разговори наводно на лица од ДУИ, кои беа пласирани на Фејсбук, со оглед дека таквото објавување е строго забрането со закон.– Не би сакал да коментирам за нешто што е строго забрането со закон. Што се однесува до бомбите, накратно сум слушнал некои. Тоа се приватни разговори како што можам јас со вас или кој било да комуницираме приватно, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања.

Македонија | пред 6 години

znm

ЗНМ: Новинарите не смеат да имаат конфликт на интереси

Здружението на новинари на Македонија ги повикува своите членови и сите новинари кои имаат конфликт на интереси и имаат други ангажмани во рамки на Владата или останати јавни институции да се определат дали ќе се занимаваат со новинарство или со некоја друга јавна професија или функција.„По информациите во јавноста дека одредени новинари се ангажирани од институции на државно и на локално ниво, сакаме да укажеме дека тоа е спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија.  Во темелните принципи, кои ги имаат прифатено сите наши членови, една од основните професионални задачи на новинарите е „контролата врз власта и другите субјекти од јавниот живот“. Понатаму според Кодексот „новинарите имаат улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, тие ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот“, стои во соопштението на ЗНМ.

Македонија | пред 6 години

20170524092354

ОЈО поднесе обвинение за четворица организатори на „27 април“

По повеќемесечна сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје, поднесе обвинителен акт против четири лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик. За две лица, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието.Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување на насилство. Во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети. Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот „Жена Борец“ донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски: Тензиите на Косово нема да ја загрозат безбедноста во Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не очекува последните тензии во Косово да имаат влијание врз безбедносната состојба во земјава. Според него, проценките на надлежните институции се дека состојбата се смирува.– Во овој момент трендовите за загрозување на безбедноста се во надолна линија, состојбата се смирува и тоа се проценките за еден кус временски период, бидејќи таму долгорочни прогнози не можат да се направат, неблагодарно е, со сигурност да знаете што ќе се случува, изјави Пендаровски, кој денеска беше во прва посета на МО и на Генералштабот на Армијата.

Македонија | пред 6 години

56215546_1000119713514941_4677042802058592256_n

Трипуновски: Заев и Николовски не се грижат за македонското земјоделство, напротив тие го урнисаа

„Република Македонија лани не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ, нема ни оваа година. Земјоделството во Македонија е на лош пат, тоа го потврди и извештајот на Европската Комисија за Македонија. Во сите три поглавја кои го опфаќаат секторот земјоделство, речиси и да немаме напредок“, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.„Во поглавјето 11, Земјоделство и рурален развој се вели дека не е постигнат напредок во овој сегмент. Ниските цени и слабиот откуп се препознаени и од ЕУ и се нотирани како слабост на нашето земјоделство.Европската Комисија вели дека е потребна поголема поддршка за капацитетите за складирање на земјоделските производи.Производителите на домат и зелка во струмичко го фрлаа својот род на депониите, исто како и јаболкарите во Ресен кои ги уништуваа своите долгогодишни насади разочарани од ниската откупна цена на јаболката. Сливарите во Пијанец и Малешевијата ги фрлаа сливите, истото се случи и со производителите на пиперка, бостан и другите земјоделски производи. Да имаше поголем број на складишни капацитети, производителите  ќе ги складираа своите прозиводи и ќе ги продаваа по достојни цени во одреден временски период.Во поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика, е задржана истата оценка која ја влечеме со години наназад, односно е остварена уште пред неколку години. Тука СДСМ нема направено ништо, дополнително за унапредување на оваа поглавје.Во поглавје 13 -се вели дека не е постигнат напредок во однос на препораките кои биле дадени во минатиот извештај. Во овој сегмент министерството, т.е. Николовски и Зоран Заев немаат направено ништо во делот на инспекцијата и надзорот, ниту пак имаат направено чекор напред за усогласување на македонското законодавство со регулативите на ЕУ.Почитувани,Извештајот е уште еден доказ дека Зоран Заев и за него успешниот министер Љупчо Николовски не се грижат за македонското земјоделство, напротив тие го урнисаа! Земјоделците низ државата со мака и голема работа не можат  да си ја обезбедат ниту егзистенција. Безнадежноста која ја креираа СДСМ, Заев и Николовски веќе се отсликува во се попразните села, необработените ниви и се помалку земјоделци во Република Македонија.СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат. Метлата мора да заигра за целата влада“, вели Трипуновски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Зошто Мицковски молчи за џамијата-дивоградба во Охрид и криминалот на Ахмети и Џафери од 2,5 милиони евра

„Единствена Македонија и македонскиот народ се силно изненадени што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски секојдневно има изјави за се и сешто во државата а за минарето-дивоградба на џамијата во Охрид и криминалот со земеното мито од Али Ахмети и Муса Џафери во висина од 2,5 милиони евра, целосен молк од Мицковски.Зошто Мицковски молчи за едно клучно прашање како што е минарето-дивоградба на џамијата во Охрид и не бара доследно почитување на законот и рушење на дивоградбата иако се менува физиономијата и карактерот на Охрид како 95 отсто христијански град. Зошто Мицковски не ветува дека доколку дојде на власт ќе го урне минарето-дивоградба!?Зошто Мицковски молчи за криминалот со земеното мито на Али Ахмети и Муса Џафери од 2,5 милиони евра од „Маѓар телеком„ дотолку повеќе, и Апелациониот суд Скопје сега потврди дека сведокот Слободан Богоевски бил во право кога сведочел дека Ахмети и Џафери земале мито. Зошто Мицковски не ветува дека доколку дојде на власт ќе го гони криминалот на Али Ахмети и Муса Џафери!?Дали Мицковски со секојдневни вообичаени изјави за се и сешто, всушност ја замајува јавноста и го свртува вниманието од клучните прашања како што прави Зоран Заев со т.н метла.Христијан Мицковски како лидер на парламентарната ВМРО-ДПМНЕ и должи одговор на јавноста на овие прашања“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања