Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Во сообраќајка тешко повреден синот на функционер

Синот на Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, е повреден во сообраќајна несреќа, дознава „Независен весник“.Четиринаесетгодишникот доживеал сериозен инцидент синоќа во Кавадарци со својот мотоцикл, а по судирот итно бил префрлен во болница.

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Собраниска делегација на Пролетната сесија на ПС НАТО

Во рамките на редовните заседанија на ПС на НАТО, на Пролетната сесија што ќе се одржи од 31 мај до 3 јуни 2019 г. во Братислава, Словачката Република, ќе учествува Делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и членовите на Делегацијата - Катерина Кузмановска и Весел Мемеди, потпретседател на Собранието.Пролетната сесија на ПС на НАТО се одржува во година кога се прославува 70-годишнината од основањето на Северноатлантската алијанса, 15-годишнината од пристапувањето на Словачката Република во истата и 15 години од одржувањето на првата парламентарна сесија на ПС на НАТО во Братислава.Меѓу темите на кои ќе се дискутира на сесијата, се потврдувањето на вредностите на Алијансата, градење на нејзините капацитети за справувањето со идните предизвици, ситуацијата во Украина, вежбите на НАТО и научените лекции, развојот на безбедноста во североатлантскиот простор, безбедноста во Африка, односите меѓу НАТО и Русија, јакнењето на сабјер-безбедноста, како и за економските санкции како средство во надворешната политика. На Поткомитетот за транзиција и развој ќе се разгледува Предлог-извештајот за Република Македонија: политичките промени, пристапувањето во НАТО и економскиот развој, на известителот Ошрин Армонете од Литванија.На пленарната сесија, предвидени се обраќања на Медлин Мун, претседателка на ПС на НАТО; Андреј Киска, претседател на Словачката Република; Андреј Данко, претседател на Националниот совет: Петер Пелегрини, премиер на Словачката Република; како и на амбасадорот Алехандро Алваргонзалез, помошник-генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика на НАТО.

Македонија | пред 6 години

Belgija-1

Османи и Димитров на средба со Дидие Рејндерс

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров во рамките на работната посета на Кралството Белгија, денеска, остварија средба со  Дидие Рејндерс, заменик претседателот на Владата и Министер за надворешни и европски прашања.„Македонија доби исклучително позитивна оценка од страна на Европската комисија, со прецизна препорака дека е подготвена веднаш да ги започне преговорите, процес што ќе е заокружување на европскиот оптимизам во рамките на земјите од Западниот Балкан, кој, пак, претставува основно гориво за стабилизација и просперитет на регионот“, истакна Османи, пренесувајќи ги на Министерот Рејндерс интенциите на Владата да стане партнер на Европската Унија во соочувањето со современите предизвици во изградбата на побезбедна, постабилна и просперитетна Европа.„Стартот на преговорите со Унијата ќе значи дополнителен стимул за земјата и натаму да ја игра улогата на главен промотор на европската идеја на Балканот, како суштинска придобивка на целиот регион, но и неспорен интерес на земјите - членки“, додаде Османи.„Билатералната посета на Белгија се случува во клучен момент откако од нејзината престолнина, само два дена претходно, добивме јасна валоризација за сѐ она што постигнавме изминатата година – Македонија да има чисто и убедливо европско досие. Во срцето на земјата основач на ЕУ, онаму каде сакаме да се чувствуваме како дома, охрабрени сме што делиме заедничка визија со Белгија за тоа дека напредокот на секоја земја треба да биде објективно и соодветно препознаен и дека почетокот на пристапните преговори не значи членство, туку само отворање на вратата од еден долг пат на суштествена реформа и позитивна еволуција. Но процесот значи и пристап до една важна и докажана алатка за зацврстување на постигнатиот напредок, натамошен развој и трајна европеизација на Балканот. Тоа е наш интерес, но и силен  интерес на Европската Унија“, - нагласи МНР Димитров.ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров ги потенцираа заложбите на земјата да продолжи и понатаму со реформската агенда, во насока на трансформација на земјата согласно европските правила и стандарди, но и во насока на имплементацијата на европските вредности дома и во регионот. 

Македонија | пред 6 години

ujp

УЈП го продолжи рокот проверка на годишната даночна пријава

Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или коригираат претпополнетата годишна даночна пријава во текот на викендот, 1 и 2 јуни.Ова од причина што крајниот рок за добивање статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на на 3 јуни, понеделник, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени.

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

(ВИДЕО) Ел Чека: Нема да престанеме се дури нема истрага за Диво Насеље од меѓународната заедница

Ел Чека, псевдонимот на човекот кој ги објавува бомбите, преку видео-порака се обрати на јавноста. Тој порача дека нема да престанат да објавуваат бомби, се додека нема истрага за Диво Насеље од Меѓународната заедница.-Материјалите ми се од Сами Укшини (командант Соколи), Ваљон Зека и Шек Халачи кои се во затворите на Македонија. Во случај мене ми се случи нешто, одговорноста ќе биде нивна. Чекавме четири години за да има правда. Поседуваме многу видеа и нема да престанеме се дури нема истрага од меѓународната заедница“, вели Ел Чека во својот видео-говор.

Македонија | пред 6 години

58-02

Манчевски: За помалку од две години Владата успеа да ги доближи институциите до граѓаните

 Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествуваше на Глобалниот самит за отворено владино партнерство што се одржува во Отава, Канада.Министерот Манчевски се обрати на панел дискусијата насловена како: “OGP in the Eastern Partnership and Western Balkans: Raising Collective Ambition“, каде што се осврна на прашања поврзани со активностите кои Владата на Република Македонија, ги превзема во контекст на реализирање на мерките од Отвореното владино партнерство. Тој зборуваше и за процесот на политички и економски реформи, потоа идни планови и предизвици во таа насока.„Во помалку од две години Владата успеа преку концептот на транспарентност, отвореност и отчетност да ги доближи институциите до граѓаните. Тие се вклучени во процесите за креирање на сите владини политики, како единствен начин да имаме политики, закони, стратегии кои одговараат на интересите и потребите на сите граѓани“, рече министерот Манчевски.Манчевски ја потенцираше важноста од постоењето доверба на граѓаните кон институциите, што се постигнува преку активна транспарентност и отворање на податоците.„Со таа цел го отворивме и новиот портал за отворени податоци. Бројот на податочни сетови достапни во моментов е 200 од повеќе од 45 институции. Ова е повеќе од тоа што беше предвидено во Акцискиот план. Свесноста кај институциите за важноста од отворањето на податоците се зголемува, а бизнис заедницата, медиумите, граѓанските организации се повеќе ги користат овие податоци, што е и основната цел на нивното објавување Нашиот пристап е отворање на сите податоци, со исклучок само на тие кои се однесуваат на националната безбедност“, истакна Манчевски.Одговарајќи на прашањето: „Како владите да ja задржат ангажираноста на граѓаните во однос на неопходните, но често болни реформи кои може да потраат пред да се покажат видливи резултати?“, Министерот Манчевски рече:„Овој концепт многу придонесе за земјата да се трансформира од заробена држава (како што е наведено во извештајот на Европската комисија за земјата) во вистински отворен и прогресивен пример не само на Балканот туку и ширум светот. Овие принципи го трасираа патот на реформите и начинот на којшто оваа влада ја практикува власта. Тоа значи дека постои силна политичка волја за воведување реформи коишто континуирано ги отвораат институциите и ги трансформираат во вистински сервис за граѓаните“.Покрај министерот Манчевски, меѓу другите, свое обраќање имаа и Едуард Агаџанијан- шеф на кабинет на ерменскиот премиер, Елена Берадзе-заменик раководител во грузиската агенција за администрација високи претставници на грузискиот Институт за развој на слободата на изразување, како и на украинскиот Транспаренси Интернешенел.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре нема да може да се плаќа во готово над 500 евра

Од утре нема да може да се купува и плаќа во кеш за работи поскапи од 500 евра.Ова се однесува и на купувања во готово, односно сите производи чија цена е над 500 евра (во денарска противвредност) ќе можат да се купуваат само на картичка или со уплатница.Забраната важи и за физички и за правни лица. Казните за прекршување на Законот се од 5.000 до 80.000 евра.Од почетокот на годинава, дозволено беше плаќање во кеш на суми до 1.000 евра. Претходно, од јули 2018-та, износот беше ограничен на 2.000 евра.Целта на оваа мерка, според властите е да се заштитат трговците и државата од пуштање во промет пари со сомнително потекло и да се намали сивата економија. Ова наиде на противење кај трговците и стопанските комори дека тоа ќе го намали прометот. 

Македонија | пред 6 години

Capture-4

(ВИДЕО) Мицкоски: Лага е дека има успех во странските директни инвестиции, бројките и фактите се немилосрдни

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео-порака на својот Фејсбук профил ја критикуваше актуелната власт и премиерот Зоран Заев, поради како што рече, измамите кои ги извела оваа влада.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/2249548775297689/„Странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година изнесуваат скромни 21.6 милиони евра. Приливите по основ на директни инвестиции се ниски и најчесто доаѓаат од фирмите кои веќе работат во Република Македонија. Нови инвестиции воопшто и да нема. Во февруари на пример имало одлив на капиталот од директните странски инвестиции во износ од 300 илјади евра, а во март одливот на капиталот од директните странски инвестиции е поголем и изнесува 6.8 милиони евра. Дополнително, доколку го споредиме овој квартал со кварталите од изминатите десет години, странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година се убедливо најниски“, рече тој.Ова, додаде Мицкоски, е потврда дека нереалното ниво на странски директни инвестиции кои се постигнати на крајот од минатата година се надуван резултат кој е последица на реинвестираната добивка кој вештачки го подигна процентот на директни странски инвестиции.„Голема лага е дека има успех во странските директни инвестиции. Бројките и фактите се немилосрдни. А тие велат уште еден пораз, неисполнето ветување на Владата на Зоран Заев и СДСМ, и немање на развојна економија. И тоа во време кога регионот бележи огромни успеси на ова поле, додека Македонија е целосно заобиколена. И нема да биде подобро. Затоа што времето поминато со оваа влада е неповратно загубено. Граѓаните скапо ја плаќаат неспособноста на власта. Потребни се промени, кои ќе донесат резултати, работа и успеси за подобар стандард за секој човек. На Македонија и е потребна економска обнова за подобар живот на граѓаните“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

Ris-1-a-696x522

Украдени две камери со кои се следи рисот во НП „Маврово“

Непознати сторители украле две видео камери со кои се следи движењето на животните и рисот во националниот парк „Маврово“.– Во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители одзеле две видео камери, кои биле поставени во атарот на село Требиште, во месноста „Солиште“. Одземените камери, сопственост на НП „Маврово“, се користеле во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“ – стои во пријавата доставена до СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВНИМАВАЈТЕ: Змија се вовлекла во кревет и каснала жена во Каварадаречко

Змија се пикнала во креветот на жителка на Кавадарци и ја каснала  пред спиење, додека 64 годишен маж од кавадаречко село исто така побарал медицинска помош поради змиско каснување. Првиот случај бил од пред околу две седмици, а вториот бил регистриран во вторникот изутрина околу осум часот. Оваа информација за МИА ја потврди Драган Димитров, раководител на Брза помош Кавадарци.– Змијата всушност им влегла дома најверојатно поради тоа што жената живее на приземје, па се сокрила во ќебето на креветот. Се случило кога домаќинката решила да си легне и да спие. Тогаш дошло до  каснувањето, жената навистина многу се исплашила кога ја запалила струјата и  ја видела змијата. Додека да ги викне најблиските, змијата избегала. Сега никој не знае каде е. Кавадарчанката веднаш дојде кај нас во Итната медицинска помош. Доби серум против змиски отров, имаше типично змиско каснување со два заба. Според неа, најверојатно се работи за поскок, раскажал докторот за МИА.МИА стапи во контакт и со синот на 64 годишникот кој бил каснат од змија во кавадаречко село.-Реновиравме во селото кај што живеат моите. Го менувавме кровот на куќата. Заедно бевме. Го собравме шутот, отпадот што беше испопаѓан од страните на куќата, ѓубрето, кое стоеше неколку дена во дворот. Го оставивме во приколка и тогаш забележавме дека во отпадот всушност од претходно се пикнала змија. Се се случи за миг. Таа  се почувствува загрозена и најверојатно за да се одбрани, го касна татко ми на раката. Два дена лежеше во кавадаречката болница, во ургентниот центар, за МИА  појасни синот кој живее во Неготино.Според него, била од оние змии кои во нивниот крај биле познати како брзострелки, а се движеле и по дрвја и по гранки. Тенки, долги околу еден метар, отровни.И жената и мажот, според зборовите на доктор Димитров,  сега се во добра состојба. Извор: МИА

Македонија | пред 6 години

Kosta-press

Костадинов: Најпозитивниот извештај од ЕК е големо охрабрување за да продолжиме по патот што води напред

Самиот факт дека ова е најпозитивниот извештај што досега го добила нашата држава е едно големо охрабрување да продолжиме по патот по кој сме тргнале. Ваква безусловна препорака нашата држава досега не добила и затоа можеме да очекуваме и добивање на датум наскоро - порача портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат ТВ.Костадинов истакна дека од големо значење за државата е сите политички чинители без исклучок дали се од власта или опозицијата заедно да работат  на унапредување на реформите, порача Костадинов.Република Северна Македонија  стана „светла точка“ во регионот за решавање на крупни спорови “ и токму добивањето на ваков кристално чист извештај и безусловна препорака ни дава за право да бидеме оптимисти дека ја расчистуваме дилемата и кај оние држави кои гледале воздржано кон проширувањето на Европската унија, посочи Костадинов.Во однос на започнатиот процес на промени, Костадинов истакна дека  „внатрепартиските промени се со цел да се лоцираат слабостите таму каде што ги има и да ги разбереме и прифатиме пораките кои ни ги праќаат граѓаните, се со единствена цел подобро да им служиме, така што не се работи за судир во партијата туку заедничка одлука да се унапреди работењето на партијата“.Пораката граѓаните ја упатија и кон опозицијата и кон власта.  Кон власта е дека промени мора да има. Ние како политичка партија промените ги започнавме прво од својот двор, од партијата  и истите тие чекори и  промени ќе се направат и во извршната власт како на централно така и на локално ниво, потврди Костадинов.Костадинов истакна дека нашата држава е на добар пат, а потврда за тоа е фактот што од држава со нарушени односи со соседите сега е држава која гради добрососедски односи. Сето тоа, подвлече Костадинов имаше влијание на економскиот раст на државата, кој дополнително ќе се интензивира со продвижувањето на интегративниот процес, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

inspektor-3

Интензивни контроли на градилиштата , на инвеститор му се нареди да го врати ископот во првобитна состојба

Нашите инспектори деновиве вршат интензивни контроли низ општината. Градежен инспектор при увид на улицата „Гаврил Константиновиќ“, каде се врши ископ за почнување градежни активности, констатира дека инвеститорот не поседува правосилно одобрение за градење. Поради тоа, на инвеститорот му се нареди да го врати ископот во првобитна состојба. Исто така, контроли се вршат и на градилиштата во Стар Аеродром. Комуналните редари, пак, само во текот на вчерашниот ден изрекоа пет мандатни казни за прекршоци.

Скопје | пред 6 години

133474234-105843-207971

Викендов посебен режим на сообраќај во Скопје

На ден 01 и 02.06.2019 година (сабота и недела) на бул.„Партизански Одреди“ во раните утрински часови ќе се отпочне со изведување на градежно-монтажни работи за поставување на гасоводна цевка со попречен ископ кај крстосница помеѓу бул.„Партизански Одреди“, ул.„Манапо“ и ул.„Лондонска“. Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници во град Скопје, при што сообраќајот по бул.„Партизански Одреди“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува лево по ул.„Љубљанска“ кон бул.„Илинден“ и десно по ул.„Московска“ кон ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, а сообраќајот што се движи од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува десно по ул.„Бледски Договор“ кон бул.„Илинден“ и лево по ул.„Париска“ кон ул.„Прашка“. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по посочените сообраќајници.

Скопје | пред 6 години

61392401_10157252155363684_4034922505289334784_n-702x336

„Медена земја“ доби награда за најдобар интернационален филм

„Медена земја“ документарниот филм на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е  добитник на наградата „Најдобар интернационален филм“ на 21 издание на Интернационалнот фестивал за документарен филм во Тел Авив, Израел.Стручното жири едногласно одлучи да го награди филмот и во образложението ја истакнува неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството, што прераснува во фасцинантен портрет на една извонредна жена.-Жирито беше поттикнато од интимната медитација за кршливоста на човековото постоење во неговата длабока поврзаност со природата. Од животот на главниот лик во филмот, Хатиџе Муратова, која е веројатно последната пчеларка во Европа што сè уште го извлекува медот од природни колонии и се труди да не го наруши природниот баланс со човечката ненаситност, бидејќи ако еден го скрши правилото сите ја плаќаат цената, умешноста на филмската екипа успева на визуелно раскошен начин да ја покаже нејзината магична виталност и бескраен отимизам во секојдневните борби со предизвиците кои произлегуваат од „надворешниот” свет, соопшти Агенцијата за филм.„Медена земја“ има освоено повеќе награди од премиерата во јануари годинава, кога на престижниот фестивал „Санденс“ триумфираше со три награди.

Магазин | пред 6 години

snimka-brod

Сведоштво за трагедијата во Будимпешта: Струјата ги носеше, никој не стигна да помогне

Во средата во вечерните часови во 21:05 часот, на реката Дунав во Будимпешта, се судрија два брода, недалеку од зградата на унгарскиот Парламент. Помалиот брод се преврте, и од него загинаа осум лица, а дваесетина се водат за изчезнати. Времето поминува, а не е пронајден ниту еден од исчезнатите.Засега седум лица успеале да се спасат од бродот, а тие зборувале што се случувало во тие трагични мигови.„Се бореа да останат на површина, викаа за помош, но не можев ништо да направам. Струјата ги носеше, и никој не стигна да помогне“, изјави 31-годишниот Чунг кој беше меѓу патниците на потонатиот брод.„Видовме како бродот доаѓа кон нас, но не очекувавме да удри во нас“, изјави Чунг.Уште една преживеана патничка 32-годишната Јон рекла дека се се случило многу брзо, и време за реакција воопшто и немало.„Оние кои беа на палубата брзо паднаа во вода, а оние во кабината останаа заробени. Бродот потона веднаш, многу брзо.“, рече Јон.

Свет | пред 6 години

IMG_2803

Започна изведбата на нов парк во Карпош

Започна изведбата на нов парк во Општина Карпош. На површина од 4.000 m2, во близина на стариот влез на Градски парк, под булеварот „8 Септември“, целосно ќе се раззелени простор кој до овој момент беше запуштен.Во новиот парк ќе има новопроектирани високи и цветни дрвја, висока декоративна трева, грмушки, високо заштитно зеленило, цветни, перени и луковици.Покрај разновидното зеленило и фонд на дрвја, паркот ќе биде збогатен и со други содржини, кои ќе го привлечат вниманието на карпошани. Предвидено е да има простор за детски игри (детско игралиште), како и оградено место за домашни миленици.Во овој парк ќе биде поставен и мултифункционален контејнер, со цел правилно одлагање и селекција на отпадот. Изведбата на паркот се очекува да заврши на почетокот на август.Поставувањето на новото зеленило и садници е донација од компанијата „Хорти Експерт Урбан Груп“, со што сакаат да ја покажат својата општествена одговорност и грижа кон заедницата.Општина Карпош во изминатиов период интензивно работи на зголемување на зеленилото и заштита на животната средина. Неодамна заврши и пролетната акција за засадување на 287 нови дрвја, а се раззеленија и дел од училишните дворови и платоа.

Скопје | пред 6 години

ujp

Денес истекува рокот за проверка на годишната даночна пријава од УЈП

Денес (31 мај) истекува рокот за проверка на податоците од претпополнетите годишни даночни пријави, кои граѓаните ги добија по електронски пат. До крајот на денов даночните обврзници можат да ги потврдат пријавите или да вршат корекција, доколку сметаат дека внесените податоци не се точни. По истекот на рокот, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави.Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава.Од УЈП наведуваат дека граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави, може да се обратат во контакт центарот на телефонските броеви 0800 33 000 и 02/3253 200. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Дачиќ пеше и кршеше чинии во Грција

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, минатата ноќ запеа во Паралија по повод отворањето на Канцеларијата на Единствена Србија во тој грчки град.На свечената вечера што ја организираше претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, за околу 1.200 бизнисмени, Дачиќ ја пееше познатата грчка песна „Не се лути на мене око мое”, а потоа „Пукни зоро” и „Муштулук”.На крајот, според грчкиот обичај, министерот скрши чинија.

Магазин | пред 6 години

milanka-2

(ФОТО) Охриѓанката Миланка Новеска - првенец на генерација на Академијата за музика во Букурешт

На свечена церемонија на апсолвентите во Академијата за музика во Букурешт - Романија,  охриѓанката Миланка Новеска, беше прогласена за за најдобар студент и првенец на генерација, при што и беше доделен медал од деканката на Академијата .Новеска им се заблагодари на присутните и поединечно посебна благодарност им искажа на професорката д-р Бјанка Манолеану и на нејзината соученичка и другарка Дијана Хуржа за несебичната помош и поддршка.Миланка е на крајот од последниот семестар на оваа  престижна Академија. Таа студира и работи. Ангажирана е како надворешен член во Комичната опера, а пее и во хорот на Романското национално радио. Моментално е ангачирана во операта ,,Волшебната флејта".

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_377815

Северна Кореја погуби петмина функционери поради Трамп

Северна Кореја погуби пет министри за надворешни работи кои учествуваа во подготовките за неуспешниот состанок на Ким Џонг Ун и Доналд Трамп во Ханој во февруари, објавуваат јужнокорејските медиуми.Хјок Чол е погубен во март на аеродромот Мирим во Пјонгјанг заедно со уште четворица претставници на Министерството за надворешни работи, откако биле обвинети дека шпионирале за САД, пренесува јужнокорејскиот „Чосун илбо“, повикувајќи се на анонимен извор, објави „Ројтерс“.Портпаролката на јужнокорејското Министерство за обединување одбила да ги коментира наводите  на медиумите и порачала „дека е непримерно да се коментираат вести кои прво би требало да бидат проверени“.-Засега ништо не можеме да потврдиме. Ја следиме ситуацијата, но мислам дека е важно да сфатиме колку информации во текстот се потврдени“, изјавила портпаролката.

Свет | пред 6 години

kucinja-skitnici

Нови пријави за напад од кучиња скитници, две во Скопје една во Радовиш

На 30.05.2019 година во 21:50 часот во Полициска станица Радовиш Г.К (67) од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 21:20 часот на ул. „Самоилова“ во Радовиш била касната од куче скитник во пределот на нозете.На 30.05.2019 година во 21,50 часот во Полициската станица Аеродром О.В.(66) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13,30 часот на улицата “Февруарски Поход“ била касната од куче скитник во пределот на рацете.На 30.05.2019 година во 23,45 часот во Полициската станица Гази Баба П.Д.(53) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 23,25 часот на улицата “Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Македонија | пред 6 години

pozar-1

Заборавен електричен шпорет предизвика пожар во куќа

На 30.05.2019 година во 13,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Тајмишка“ избувнал пожар во куќа сопственост на Р.Р.(48), најверојатно поради заборавен вклучен електричен шпорет. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил целосно локализиран.Повредени лица нема.

Скопје | пред 6 години

soobrakajka1-1

Србин излетал од автопатот Скопје-Велес, пренесен во болница

На 30.05.2019 година во 06,00 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во близина на с.Б.Село-велешко, патничко моторно возило “Тојота Корола“ со српски национални ознаки управувано од Н.С.(48) од Р.Србија, излетало од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката С.Е.(58) се здобила со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Ова е списокот со сите советници на Заев и нивните примања

Истражувачката репортерска лабораторија изминатите три дена објави серијал стории за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев. Тој има вкупно 39 надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, спорт, односи со јавноста итн. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани.Денеска е објавен целиот список на надворешни соработници кој ИРЛ го доби согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На листата се 40 надворешни соработници, а во меѓувреме професорот на Правниот факултет во Скопје Александар Спасов кој бесплатно го советуваше премиерот, премина во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

lisici

Лице кое го бара полицијата фатено на Табановце

На 30.05.2019 год. во 20,00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од Р.С.М. при извршена пасошка контрола констатирано било дека лицето М.Л. (28) од Прилеп се бара по телеграма од Полициската станица Прилеп. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Прилеп за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања