Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Поранешниот градоначалник на општина Василево, издавал решенија за гориво за приватни автомобили и на невработени лица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(52) од село Едрениково, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Во периодот од 2013 година до 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Василево, без претходна одлука на Советот на општина Василево, издавал решенија за трошоци за гориво за приватни и службени патувања на вработени и лица кои не биле вработени во наведената општина, со патнички возила кои не биле во сопственост на општината. Со ова, пријавениот нанел штета од 303.900 денари на Буџетот на општина Василево.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Најпозитивниот извештај е признание за успехот на реформите на Владата предводенаод СДСМ

Европската комисија даде чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ. Значајниот економски раст,, зголемената минимална плата, имплементацијата и реформите во судството согласно меѓународните стандарди и практики, видливите резултати во борбата против корупцијата, реформата на безбедносните служби, транспарентноста во јавната администрација, слободата на говор и медиумите, се само дел од успесите кои се нотирани во најпозитивниот Извештај на Европската Комисија за нашата држава, се вели во соопштението од СДСМ.Извештајот на Европската Комисија е доказ за успешноста на политиките и реформските процеси на Владата предводена од СДСМ кои носат подобар живот за сите граѓани. Република Северна Македонија е блескав пример во регионот за носење храбри и државотворни одлуки поради кои државата бележи прогрес и  интеграции.Остануваме посветени да продолжиме напред, по евроатлатнскиот пат. Ги остваруваме врвните стратешки и национални интереси, градиме европска држава која негува концепт на фер општество што нуди подеднаква шанса за сите, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

izet-medziti-696x398

Меџити: Заев и Ахмети 90% го имаат постигнато договорот за новиот формат на Владата

Лидерите на СДСМ и на ДУИ веќе 90 отсто го имаат постигнато договорот за новиот формат на Владата и во наредните денови се очекува да биде соопштен, најави потпретседателот на ДУИ Изет Меџити во емисијата „Патот кон“ која се емитува вечерва на телевизијата Алсат М.Според него, тоа треба да биде Влада „Заев2“, која би се концентрирала на економијата и на капиталните инвестиции.– Ако ме прашувате за имиња, не ги знам, вели Меџити.

Македонија | пред 6 години

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: Неспособниот СДСМ во првите 4 месеци од 2019 година има реализирано мизерни 9,83% од капиталните инвестиции

Криминалната власт на СДСМ и Зоран Заев докажа дека е најнеспособната во историјата на Република Македонија. Работата на владата e обележана само со неуспеси, падови и уништена економија. Катастрофалната реализација на капиталните инвестиции продолжува и понатаму да биде уште еден во низата неуспеси на власта. Неспособниот СДСМ во првите 4 месеци од 2019 година има реализирано мизерни 9,83% од капиталните инвестиции кои самите ги планирале, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пострашно е тоа што капиталните инвестиции за истиот период минатата година беа само 10,96%, а 2018 беше најлошата година во претходните 10 години. Тоа ни говори дека оваа година власта нема да реализира ниту 30% од капиталните инвестиции и дека 2019 година ќе биде најлошата година во историјата на државата.Додека граѓаните се незадоволни од неработата на Владата, Зоран Заев ја занимава јавноста со внaтрепартиски комбинаторики и борба за превласт, и тоа единствено со цел да ја избегне сопствената одговорност за катастрофалното водење на државата изминативе две години.Економијата го допре дното и не се реализираат никакви инфраструктурни проекти. Јавниот долг ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра, а граѓаните не видоа никаков бенефит од секојдневните задолжувања.Нема нови училишта и студентски домови, нема нови болници, а и тие кои останаа пропаѓаат, а нема ниту некакви инвестиции во градежништвото. Додека Заев се слика во соседството на отворање на нови автопати тука не е способен да ги пушти во употреба веќе изградените, а граѓаните се уште ги очекуваат и ветените 600 километри нови патишта.Парите на граѓаните на Република Македонија наместо за нови проекти СДСМ ги користи за доделување на тендери и ширење на бизнисите на функционерите од власта. Функционерите стануваат се побогати, а граѓаните се посиромашни и веќе повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата.СДСМ донесе економска катастрофа докажа дека не може да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија. Македонија заслужува повеќе. Македонија заслужува правда и работа која ќе донесе стандарди и успеси за сите граѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

DSC_8511

Заев: За време на Рамазанскиот пост да ѝ дадеме сила и на нашата заедница - една држава, едно општество на различни вери

По повод Светиот месец Рамазан, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев организираше ифтарска вечера на која присуствуваа Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, пратеници во Собранието, поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, министри во Владата на РСМ, градоначалници од повеќе општини во нашата земја, ректори на државните универзитети, бизнисмени и претставници на стопанските комори како и претставници на граѓанските организации.По ифтарската вечера, премиерот Заев имаше свое обраќање пред присутните соработници и пријатели кое Ви го пренесуваме во целост.„Дозволете ми во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија да ви посакам добредојде на оваа ифтарска вечера што ја приредуваме во чест на Светиот месец Рамазан. Остана уште малку до крајот на постот на верниците од исламската вероисповед. Време на пост со кој се култивира и усовршува духовниот раст и подвиг, како и дисциплината кон телесните искушенија. Тоа се сериозни, важни скалила што секој муслиман ревносно ги поминува додека е посветен на сопственото морално усовршување, а со тоа го дава и својот личен придонес кон етичкото воздигнување на својата заедница.Кога се прави еден таков духовен подвиг, тоа не упатува и на фактот дека промените што сакаме да ги направиме почнуваат во срцето на секој верник одделно, а потоа со љубов се пренесуваат и во нашите заедници. Ова е празнично време. Ова се денови кога семејствата се собираат, пријателите заедничарат за време на ифтар. Затоа и вечерва сме заедно. Исто така знам дека Рамазан е време на интензивна посветеност, саморефлексија и размислување. Време кога се извршуваат молитвите и се читаат сурите, поглавјата, кога се рецитираат ајетите, стиховите, од светата книга - Куранот.Поглавјата и стиховите од Светата Книга Куранот, потсетуваат на принципите и на нашата должност за меѓусебно почитување, за залагање за правда, за напредок, толеранција и достоинство на сите луѓе.За време на Светиот месец рамазан, се посветуваме на закрепнување на духот, на обновување на духовните сили и на волјата за да се усовршиме според божјите пораки.На тоа ги учиме и децата.Ова се денови кога се грижиме за болните, за духовно обесхрабрените, за нашите сограѓани и за сите луѓе во неволја. Им подаваме рака на сите. Без разлика на нивната верска припадност. Подвигот за време на постот и наградата за посветеноста, го помагаат унапредувањето на нашите заеднички желби - да живееме во мир и спокојство и да ги отвориме срцата за радост во семејствата. Да шириме добрина меѓу соседите и да ги јакнеме пријателствата.Со секој ифтар, за време на Рамазанскиот пост, да ја споменеме и да ѝ дадеме сила и на нашата заедница, Република Северна Македонија. Една држава, едно општество на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што ни е оставена да ја чуваме и да ја негуваме.Тоа е нашата цел. За нас, и за нашите деца. На тој пат сме сите заедно. Нека е благословена оваа вечера и Светиот месец Рамазан, и нека ве придружува мирот и спокојството за време на светиот пост.“

Македонија | пред 6 години

el-cheka

Ел Чека со нови „бомби“

На фејсбук продолжува „експлозијата на бомби“, односно корисникот Ел Чека веќе неколку дена на социјалната мрежа објавува нелегално прислушувани материјали во кои главни соговорници се функционери од ДУИ. Само утринава, Ел Чека има објавено десетина бомби, а најавува и дека наредниот период ќе продолжи со истото темпо.-Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат, за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје.Или ќе бидат затворени за криминалци, или Заеви ќе падне!, пишува утринава објавувачот на новите бомби.Објавувачот, кој се наоѓа во Чикаго, не го крие својот идентитет, и постојано објавува фотографии од себе, за да како што вели, убаво го видат сите.

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Хаосот во Универзитетската клиника за Гинекологија треба да има судски епилог

Продолжува тонењето на здравството во хаосот кој трае повеќе од 20 год. со старите проблеми но со нови скандали, кои директно или индиректно влијаат врз квалитетот на здравствените услуги и врз взаемната доверба. Владата и авторите на ова здравствена политика не можат да ја најдат формулата за да се излезе од овој ќорсокак,  каде што една од причините е недостатокот на конкретни идеи и тимската работа, но најважно и пред се во оваа група продолжуваат да учествуваат лица кои служеа во времето на режимот ВМРО-ДУИ, велат преку соопштение од Алијанса за Албанците..Комисијата за Здравство на Алијансата за Албанците внимателно ја следеше и ја следи новонастанатата ситуација во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Не изненади брзината на разрешување на организациониот директор, со образложение за нарушување на меѓучовечките односи што може и да биде вистина, но логично е а и праведно ако беа разрешени и двајцата директори. А од друга страна, поднесената тужба против медицинскиот директор на клиниката ќе треба да биде обработена и да добие судски епилог, с евели во соопштението од Комисија за Здраство од Алијанса за Албанците. 

Македонија | пред 6 години

120190520_075956

Денеска подгответе се за локален пороен дожд и грмежи, особено попладне

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне кога на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремен локален дожд и ретки грмежи.

Македонија | пред 6 години

Brigite-Birlajn

Австрија доби прва жена канцeлар – на местото од Курц доаѓа Бригите Бирлајн

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен денеска ја избра претседателката на Уставниот суд за привремена канцеларка , откако парламентот му изгласа недоверба на Себастијан Курц и на неговата влада. Бирлајн, која се смета за личност со конзервативна политичка ориентација, е првата жена во историјата на Австрија која ќе ја извршува функцијата канцелар.Од 2018 година таа е претседателка на Уставниот суд и се смета за натпартиски кадар.Бригите Бирлајн, која оваа година поради навршените 70 години , ќе мора да се пензионира од местото претседател на Уставниот суд, е задолжена да го состави кабинетот кој ќе има поддршка од Парламентот до изборите , што ќе се одржат во септември.Владата на Курц се распадна како резултат на аферата Ибицагејт, каде заменик канцеларот Ханц Кристијан Штрахе во 2016 договара бизнис со жена која се претставила како внука на руски милијардер .

Свет | пред 6 години

spasovski

МВР и обвинителството работат на расчистување на случајот со бомбите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека лицето кое ги постирало т.н. бомби на фејсбук е детектирано и дека полицијата во соработка со Јавното Обвинителство работи на целосно расчистување на случајот.Инаку се работи за веќе познати разговори за кои се претпоставува дека се претставници на ДУИ, јавува Алсат. Пет од бомбите се на албански јазик додека едната е на македонски.“Глупостта на ДУИ нема крај, ме откриле? Меѓутоа, во мојот профил се моите лични слики! И ова го нарекувате криминал! Додека убиставата на војниците на УЧК и на Албанците не се криминал? Ке покренете кривична пријава? Бог да ја благослави Албанија и Америка!” – пишува Ел Чека на неговиот профил, јавува Алсат М.

Македонија | пред 6 години

IMG-05de042b08f9b83c405890550d9fc671-V

Муса: Целта ни е да обезбедиме современа терапија за пациентитe со мултипла склероза

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска присуствуваше на настан по повод Светскиот ден на мултипла склероза. Тој рече дека Министерството за здравство има цврста определба да ја унапреди грижата за овие пациенти со сите институции што учествуваат во лекувањето и целта е обезбедување современа терапија за што повеќе пациенти, како и воведување нови лекови.„Значително е зголемен буџетот за оваа намена, а во соработка со Универзитетската клиника за неврологија, каде што се лекуваат повеќето од пациентите, интенција е постојано да ги унапредуваме водичите за лекување сè со цел навремена дијагноза и почнување со соодветна терапија“, рече Муса.Раната дијагноза и раната терапија се клучни во намалување на инвалидитетот од оваа болест.„Оваа година обезбедивме средства за зголемување на количините на еден од најиновативните и нови лекови за МС, ‘окревус’, и неколкукратно се зголеми бројот на пациентите што ќе бидат во можност да го примаат овој лек. Исто така, првпат во македонското здравство обезбедена е и посебна просторија каде што пациентите ќе може да ја примаат редовно инфузионата терапија за МС“, рече заменик-министерот.Во светот има околу 2,3 милиона луѓе што живеат со оваа болест, а стотици илјади не се дијагностицирани. Станува збор за најчестото невролошко заболување кај младата популација од 20. до 40 . година од животот и меѓу најчеста причина за инвалидитет кај младите.Во Македонија има околу 1.500 лица што боледуваат од мултипла склероза.

Македонија | пред 6 години

23167693_10212550030038945_351885707804021471_n

Беља: Фактите зборуваат спротивно од фрустирачките изјави на Заев

Инволвирањето на премиерот Заев јасно покажува колку се длабоки корените на криминалот, одговори на Фејсбук разрешениот економски директор на Гинекологија Ваљон Беља на изјавата на премиерот Заев дека „Беља тропа глупости од секој аспект“.– Ако мене ми било предочено дека ќе бидам сменет, зошто ми е продолжено решението како економски вд. директор во Клиниката за гинекологија и акушерство? Фактите зборуваат спротивно од фрустирачките изјави на премиерот Заев.Ако вие именувате дипломиран филолог за главна сестра во една толку значајна инстуција (спротивно на законот), тогаш се поставува прашањето – Кој се подбива со оваа институција? Оваа дејствие има кривични последици и слично како во случајот со бившиот директор на Катастар, таквото унапредување треба да има кривичен епилог. Повторно нагласувам – Позициите се привремени, криминалот не!, напиша Беља.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев за Ваљон Беља: Не можеме да дозволиме никој да игра играчки со институциии и со позицијата на која бил поставен

Зоран Заев денеска го искоментира разрешувањето на економскиот директор на Клиниката за Гинекологија Ваљон Беља.„Со Валон Беља проблемите се од поодамна. Тој е меѓу оние директори кои беа дел од дебатата за промени. Тој веројатно кога слушна дека ќе биде променет истапи со вакви работи. Делот со индиции за одредени криминални дела истражните органи треба да го проверат, почнувајќи од Зоран Заев па натаму по хиерархија на извршната власт. Суштината да вака настапи директорот беше тоа што му беше соопштено од неговите дека ќе биде разрешен и тој тргна по тој пат. Затоа се случи одлуката на министерот веднаш да биде разрешен затоа што со соопштување на одлуката и неговиот начин на прифаќање на таа одлука, да тргне во тој правец, дефинитивно може да направи непоправливи штети, не заради тоа што ќе зборува за одредени работи, туку заради тоа што тропа глупости од секој можен аспект. Не можеме да дозволиме никој да игра играчки со институциии и со позицијата на која бил поставен – рече Заев.

Македонија | пред 6 години

nefa-mebel-1-1600x868

Сопственикот на Нефа мебел: Ниту еден од купувачите и вработените нема да биде оштетен

Управител на Hollodex doo Белград, сопственикот на „Нефа мебел“ дооел Скопје, Виталиј Сергеев во отвореното писмо до јавноста ги информира купувачите и сите заинтересирани лица дека сите ќе го добијат својот мебел или пари кои им следуваат.Отвореното писмо од управителот на друштвото HOLLODEX DOO БЕЛГРАД, ОСНОВАЧ НА НЕФА МЕБЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ ви го пренесуваме во целост:Почитувани потрошувачи и вработени,Искрено се извинуваме и жалиме за стресот кој го претрпевте поради медиумските објави со содржина дека наводно „руски крадци и измамници“ со вашите пари избегале од Србија и Македонија. Ве уверуваме дека тоа не е точно. Матичната компанија Hollodex ДОО Белград мошне сериозно ја сфати оваа ситуација и ќе издвои средства да ги обештети своите купувачи и вработени.ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НИТУ ЕДЕН ОД НАШИТЕ КУПУВАЧИ И ВРАБОТЕНИ НЕМА ДА БИДЕ ИЗМАМЕН И ОШТЕТЕН и сите ќе го добијат својот мебел или своите пари кои им следуваат.Ве молиме да имате разбирање за тоа дека ни е потребно време да ги обезбедиме средствата и да организираме исплата на истите. Ќе дадеме се од себе тоа да биде во најскоро време. Исто така, ќе се обидеме повторно да ја активираме веб страницата www.nefa.mk на која најдоцна до 07.06.2019 ќе ве известиме за понатамошните чекори и начинот на поднесување на барањата за обештетување.Свесни сме дека се чувствувате загрозено во ситуацијата со недостатокот информации и голема медиумска бука. Затоа ги молиме почитуваните претставници на медиумите да не шират непроверени информации. Имено ве известуваме дека колешката Јулијана Вицо, една од највредните менаџери за продажба во Србија која беше пратена во Македонија и назначена за нов управител на НЕФА МЕБЕЛ Скопје на 10.05.2019 година со цел за да ја провери состојбата во која се наоѓа Друштвото, замина од Македонија бидејќи не се чувствуваше безбедно во вашата земја поради телефонските закани од одредени лица упатени кон неа лично. Истовремено, ги молиме почитуваните претставници на медиумите да не ги вознемируваат и другите нашите колеги и вработени во НЕФА МЕБЕЛ Скопје кои и покрај сите предизвици даваат големи напори за да ги обештетат нашите купувачи.Сакаме да нагласиме дека имаме цврста намера и пред затворењето на проектот во Македонија да ги исполниме сите превземени обврски кон нашите потрошувачи и вработени со сета почит која ја заслужиле, се вели во отвореното писмо на Виталиј Сергеев, управител на Hollodex doo Белград.

Македонија | пред 6 години

Pendarovski-direktorka-na-akademija-za-sudii-696x428

Габер-Дамјановска го запозна Пендаровски со тековната работа на Академијата за судии

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, денеска ја прими директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.Габер-Дамјановска, како што информираат од Кабинетот на претседателот, го запознала Пендаровски со тековната работа на Академијата, како и со развојните проекти во насока на поддршка на реформите во сферата на владеење на правото и правосудството.На средбата било истакнато значењето на Академијата во образувањето на новите судии и јавни обвинители, но и во континуирано образование и тренинг на постојните судии и јавни обвинители, соопштуваат од Кабинетот на претседателот. 

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_377777

(ВИДЕО) Младоженецот со противпожарно возило дојде по невестата

Невестата на Ивица Аљиновиќ, долгогодишен вработен во противпожарната служба од Сплит, долго ќе го памети изненадувањето на венчавката.Ивица е еден раководителите во сплитската станица, па имаше чест да ја провози својата Даниела во противпожарно возило. Цистерната беше свадбарски украсена и тргна од родното место на Ивица, Жрниовица до куќата на невестата во Мејаши.Необичната свадбена колона ги воодушеви не само сватовите, туку и сите кои ја видоа украсената противпожарна цистерна.

Магазин | пред 6 години

ekstazi

14 годишни ученички од основното училиште од Скопје на екскурзија конзумирале екстази

На 29.05.2019 година во 12.28 часот во СВР Скопје, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основното училиште од Скопје. По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 11.00 часот во село Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест, по што била повикана Итна медицинска помош. Притоа, тие изјавиле дека конзумирале таблети, најверојатно екстази, кои ги криеле во облеката. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

pretepan

Нападнат вработен во продажен салон во трговски центар

На 29.05.2019 година во 16.00 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(39) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.05 часот додека извршувал работни задачи во продажен салон во трговски центар бил физички нападнат од лицето Х.Р.(62) од Скопје. Сочинет записник за констатирани прекршоци по член 4 и 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

paridenari1

Си зела кредит на туѓо име, пазарела со неговата картичка, а потоа извадила и кеш

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(34) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на лични податоци“ и ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.На 04.01.2018 година во Кавадарци, во простории на финансиско друштво, пријавената, без согласност од С.Ѓ. од Кавадарци, аплицирала за потрошувачки кредит и ги навела неговите лични податоци, по што му бил одобрен потрошувачки кредит во износ од 12.000 денари. По ова, на 09.01.2018 и 12.01.2018 година од банкомат во Кавадарци, пријавената од банкарската картичка на С.Ѓ. подигнала 10.000 денари, а потоа во маркет во Неготино со истата банкарска картичка извршила две трансакции.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Скопјанец се искарал со родителите, но и физички ги нападнал

На 29.05.2019 година околу 22.00 часот било пријавено дека во стан на булевар „АСНОМ“, Н.Т.(37) од Скопје, по претходна вербална расправија со неговите родители З.Т.(59) и С.Т.(57), Н.Т. физички ја нападнал С.Т.. По преземени мерки Н.Т. бил приведен во полициската станица.

Скопје | пред 6 години

paridenari1

Вработен во македонски пошти фалсификувајќи потписи си присвоил 23 пензии

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Б.(50) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, ,,проневера во службата“ и „фалсификување исправа“. Во текот на јануари 2019 година пријавениот, како вработен во АД ,,Македонски пошти“, фалсификувал потписи на 23 налози за исплата на пензии, по што ги присвоил паричните средства наменети за корисниците, со што се стекнал со противправна имотна корист од 223.533 денари. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична пријава за две лица за ,,кражба’’ на дрва

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.А.(25) и И.А.(57), двајцата од село Лакавица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и ,,кражба’’ на дрва.На 19.04.2019 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот, во кое бил второпријавениот како сопатник, пронашле и одзеле дабови дрва без соодветна документација.

Македонија | пред 6 години

tepacka1

МВР се огласи за инцидентот во угостителски објект

На 29.05.2019 година во Полициската станица Центар било пријавено дека околу 11 часот во угостителски објект на ул.„Кеј 13ти Ноември“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад. Според пријавеното, А.С.(42) од Скопје, физички го нападнал вработениот С.П.(37) од Пехчево.Потоа, според пријавеното, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.С. и Г.Б.(37) од Скопје. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист повреден во сообраќајна несреќа

На 29.05.2019 година околу 07.55 часот на крстосницата од улиците „Плачковички oдред“ и „Никола Карев“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Виница и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од Т.А.(17) од Виница. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничка болница Штип.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

7 мина битолчани краделе во колонијални продавници, „заработиле“653.807 ден

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.С.(29), П.И.(22), К.А.(23), А.Р.(29), П.Д.(26), Н.Г.(28) и А.Ј.(22), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела “тешка кражба“. Од 23.11.2018 до 04.04.2019 година на подрачје на Битола, во седум колонијални продавници, пријавените со употреба на физичка сила влегувале и одзеле различни видови на предмети, со што предизвикале материјална штета од 653.807 денари.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања