Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

1-5-3

Заев: Верувам дека во јуни, јули ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, одговори на прашања на пратеници, во Собранието на Република Северна Македонија, на чијашто седница, на дневен ред се пратенички прашања.„Верувам дека во јуни, јули ќе го добиеме датумот за почеток на преговорите со ЕУ. Сто проценти се потврдени успесите на нашата држава од ЕК, пред сите земји членки на Унијата. ЕК денес зборува со суперлативи за нашата држава.Датумот повеќе не е зависен од нашите перформанси. Тоа го кажуваат ЕК и земјите членки. Тоа не е што било“, одговори премиерот Заев околу најавата лани, дека земјава ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни годинава, што претседателот на Владата рече дека е пренесен како што е соопштено од ЕУ, на прашање на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.Премиерот Заев рече дека “од десет успеси на нашата држава, ако треба да се каже, еден е овогодишниот Извештај на ЕК“, дека “тој е успех на граѓаните пред `се, а и на институциите“, како и на опозицијата којашто даде поддршка на реформските закони во Парламентот.„Имаме чиста препорака од Европската комисија, за добивање датум за преговори на Република Северна Македонија со ЕУ, без задршки, имаме одличен Извештај од ЕК за напредокот на нашата држава, да гледаме на тоа како мотивација. Дел од овој Парламент собра капацитет, да направи чекори што можеа пред години да бидат направени, и да се постигне денешниот успех.Да бидеме од помош сите и како власт и како опозиција за нашата држава. Во спротивно, ќе остане впечаток дека некој не е среќен со ова“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, рече дека и по добивањето на датумот за почеток на преговорите со ЕУ, што се очекува во јуни или јули, допрва претстои работа, поради што повика на заедничка работа.„Испраќам порака на подготвеност за дијалог, тоа е најсилната гаранција за успех, гаранции за граѓаните, инвеститорите, за меѓународната заедница - потврда за нормална земја. Омаловажување, деградирање, става негативен белег и води кон уназадување. Има уште многу што можеме да сработиме за да одиме напред. Поуспешно ќе биде ако заедно работиме“, повика премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев одговори и на други прашања од опозицијата, во врска заштитата на Охридското езеро, околу капиталните инвестиции, транспарентноста на Владата, околу изборот на советници, околу цената на нафтата.„Имаме најниска цена на нафтените деривати во Југоисточна Европа. Земји и со понизок животен стандард од нашата, имаат повисоки цени. Со покачувањето на цената на акцизите, се избегнува шверц, земање кредити и тоа го направивме на најтранспарентен начин, а парите ги враќаме кон најсиромашните“ рече премиерот Заев.Во врска со транспарентноста рече дека “по транспарентност држиме лекции, за што зборуваат и извештаи на релевантни организации финансирани од ЕУ“. Премиерот упати апел до сите фирми да конкурираат на тендерите, но како што рече, “тоа е нивно право“, но дека Владата и институциите стимулираат конкурентност.Претседателот на Владата, Заев, изрази очекување за голема реализација на капитални инвестиции оваа година. „Можевме да ги трошиме парите на споменици и музеи, но ние дадовме пари на општините да ги платат долговите.80 проценти од парите за капитални инвестиции се за изградба на патишта и железници, 13 проценти за школи и градинки, ќе растат вложувањата, а давачките на граѓаните се намалени“, посочи премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, во врска со заштитата на Охридското Езеро, соопшти дека и преку владини одлуки се пристапува кон конкретно спроведување на препораките на УНЕСКО за заштита, се запираат изградби на мегаломански проекти, легализации дивоградби, се формира јавно претпријатие за потребниот колекторски систем, а дека економскиот и туристички развој на Охрид и на Струга ќе се стимулираат со збогатување на туристичката понуда, со воведување атрактивни активности за туристите и спортистите, со продолжување на туристичката сезона, дека плажите ќе бидат користени, но тоа ќе биде регулирано со закон.Премиерот Заев, во делот на ангажирањето советници рече дека бројот езначително помал во однос на претходната власт, за повеќе од една третина.„Давам шанса на млади луѓе и на капацитетни луѓе да се вградат во развојот на општеството. Би дал шанса на секој млад човек, секој заслужува шанса да се вгради во општеството. Правам `се што законот ми го дозволува за ангажман на секој, за кого сум проценил дека може да биде од помош на државата“, е меѓу одговорите на премиерот Зоран Заев, на пратенички прашања, што е точка на дневен ред на денешната седница во Собранието на Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

labaratorija

Институтот за јавно здравје стана рамноправен член на СЗО и Глобалниот систем за надзор на грип

Мисијата на Светска здравствена организација (СЗО) покажа дека Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика (ЛВМД) при Институтот за јавно здравје во целост ги исполнува барањата на СЗО и стана рамноправен член на СЗО и Глобалниот систем за надзор и одговор на грип (ГИСРС). Станува збор за многу важно признание за македонското јавно здравство. Целта на мисијата беше да се оцени усогласеноста на работата на лабораторијата со стандардите на СЗО.Тоа значи дека пациентите и здравствените работници можат да бидат сигурни во дијагностиката и резултатите кои што ги добиваат од Институтот за јавно здравје. Оваа лабораторија активно е вклучена во предвидувањето на соевите на инфлуенца на грип кои ќе циркулираат во Северна Македонија и во Европа и во одредувањето на соевите кои ќе бидат вклучени во создавањето на вакцината на грип за следната сезона. Со тоа, нашата земја директно се вклучува во превенцијата на грипот.Ова признание има пошироко значење, тоа е потврда на капацитетите на државата од аспект на едуциран кадар, опрема и соодветни реагенси, како и ниво на безбедност во лабораторијата, за брза, навремена и веродостојна дијагноза не само на грип туку и на други вирусни, високо патогени агенси, значајни за јавното здравје.Во периодот од 27 - 29 мај 2019 год, на барање на доц. д-р Венко Филипче, министер за здравство во Република Северна Македонија, во Институтот за јавно здравје, СЗО спроведе мисија за проценка на Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика со цел да се проверат и верифицираат нејзините квалитети за да стане формален член на СЗО и Глобалниот систем за надзор и одговор на грип и глобалната мрежа на СЗО признаени национални центри за грип.Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика е формирана во 1960 година и функционира како референтна лабораторија во земјава за детекција на вирусни заболувања, вклучувајќи грип, морбили и рубеола, арбовируси, вируси на хеморагични трески и други.Токму оваа лабораторија, предводена од доц. д-р Голубинка Бошевска и доц. д-р Шабан Мемети, како директор на Институтот, стана Национален инфлуенца центар.Процесот на унапредување на капацитетите на лабораторијата беше континуиран. Особено зајакнување се постигна со интензивирање на соработката со СЗО, Центарот за контрола и превенција на болести во САД, Здружението на јавно-здравствени лаборатории на САД, Центарот за надзор и контрола на инфективни болести на Југоисточна Европа и други меѓународни партнери кои обезбедија техничка помош во развојот капацитетот на оваа Лабораторија.Светската здравствена организација утврди дека Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје има соодветни капацитети за спроведување на софистицирана лабораториска дијагностика. Таа е способна да се справи и да ги изолира сите сезонски хумани вируси на грип како и анималните типови на грип.

Македонија | пред 6 години

05-30

Земјава издвоена како позитивен пример на Глобалниот самит за отворено владино партнерство во Отава, Канада

На отворањето на шестиот Глобален самит за отворено владино партнерство, присуствуваа и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Самитот оваа година се одржува во Отава, Канада, а во следните два дена се очекува присуство на високи претставници од влади и граѓански организации од целиот свет.Северна Македонија беше посочена како позитивен пример со реформите во пристапот до правда. Потврдата за тоа беше истакната на настанот и од Канцеларијата за отворено владино партнерство, но и од директорот на Фондацијата отворено општество, Патрик Гаспард.„10% од акциските планови за Отворено владино партнерство сега го поврзуваат пристапот до правда со отворена влада. Во Северна Македонија, Владата поддржува четири независни центри за пристап до правда кои се фокусираат на маргинализираните групи и обезбедуваат обуки за правно зајакнување за владините службеници#, потенцираше Гаспард.

Македонија | пред 6 години

nikoloski-press

Николоски: Ако остане Владата на Заев нема да добиеме датум за преговори ни следната година

Сметаме дека е добро што десетта година по ред Македонија добива позитивна препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа е добро и таа препорака треба да се реализира. Досега осум препораки не се претворија во почеток на преговори за членство заради противењето на Грција во однос на спорот со името и ветото кое што тие го поставуваа, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Минатата година Заев и Димитров се согласија на срамниот Преспански договор за преименување на Македонија. Сепак и покрај тоа и покрај потпишувањето на договорот на 16-ти јуни веќе на 29-ти јуни датум за почеток на преговори за членство во ЕУ немаше иако тоа беше најголемото ветување кое што Заев и Димитров го дадоа.Годинешнава повторена препорака само покажува дека минатата година и Заев и Димитров како и Владата лажеа дека има датум за почеток на преговори за членство. А, нема затоа што нема реформи. Немаше реформи минатата година како што нема реформи и оваа година.Како што стојат сега работите за жал и оваа година нема да има датум за почеток на преговори. Значи спорот со Грција го нема, но сепак нема датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.Ако во минатото проблем беше спорот, а не изостануваа реформите, сега веќе изостануваат реформите. Нешто што го гледа целиот народ и сите граѓани на Република Македонија.Лагите се проѕирни и излегоа на виделина.Само да се потсетиме на стотиците изјави и интервјуа каде владата велеше дека добила датум за почеток на преговори за членство во ЕУ минатата година. Да се потсетиме дека минатата година на 30-ти јуни Зоран Заев рече:„Добивме датум за преговори јуни 2019 година“.Еве го јуни дојде, а датум за преговори нема. Ако лани лажеа и вината ја префрлаа на други, оваа година слушаме изјави од типот ЕУ да си го одржи зборот. Како ЕУ да е некој пазарџија кој што треба да си го одржи зборот. Или слушаме како луѓе блиски на оваа власт напаѓаат пријатели на Македонија, големи европски држави обвинувајќи ги за оваа состојба и не сакајќи да се погледнат себе и да погледнат кон себе.Вистината е дека датум немаше и за жал датум нема да има, затоа што нема реформи во клучните области. Нема реформи тоа го констатира ЕУ, тоа го констатираа земјите членки на ЕУ, а тоа секојдневно го живеат граѓаните на Република Македонија.И овој извештај јасно потенцира слабости во многу сектори. Пред се врвот на корупцијата, состојбите во јавната администрација, состојбите во економијата и владеењето на правото.Извештајот констатира за постоење на корупција, што е потврда на сите меѓународни извештаи за Македонија. Кои земјата ја рангираа како најкорумпирана држава во Европа. Во извештајот стои: „Корупцијата е предоминантна во многу сектори, и Владата не покажува, а треба да покажедека борбата со корупцијата е национален приоритет“.Ова не мора да ни го каже ни ЕУ, ова за жал го гледаме како што реков секаде околу нас.Би сакал исто така да ја потенцирам и улогата на ВМРО-ДПМНЕ во односна овој извештај. Постојат сектори во кои што јасно се потенцира улогата на ВМРО-ДПМНЕ низ својот придонес кој што го дадовме во Собранието за подобрување на многу реформски закони и затоа сакам да им честитам и да им се заблагодарам на пратениците.Во исто време сакам да кажам дека мината година некаде во април споменав дека дури и да се реши спорот со името во јуни нема да има датум за почеток на преговори затоа што Македонија не испорачува реформи.Тогаш тоа беше наречено научна фантастика и за жал потоа во јуни се случи.Минатата година исто така во ноември кажав дека со ова ниво на реформи и следната година, а тоа е оваа година нема да има датум за почеток на преговори. За жал се поизвесно е дека датум за преговори нема да има и овој јуни и оваа година.Еве сега кажувам ако остане оваа влада на Заев и следната година во јуни нема да има датум за почеток на преговори. Затоа што едноставно не ги бива и немаат капацитет да сработат.Затоа решението е едно и едноставно владата да замине и да дојде влада способна и посветена да испорача прво за доброто на граѓаните, потоа и за она што е потребно како барање на ЕУ, и конечно државата да започне преговори за членство во ЕУ затоа што нашето место е таму, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев влегува во опасна авантура со пуштањето сникми во јавноста преку соработници на државната безбедност

Зоран Заев и неговите политики на внатрешен и надворешен план се целосно поразени. Во земјата владее безаконите, корупција и криминал, во името на евро-атланските политики и за некаков идеен проект на ЕУ го избриша името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, а овие политики на европските избори доживеаја дебакл.Единствена Македонија ги разбира причините за очајничкот обид на марионетата Заев да ја замајува јавноста со т.н. „метла“, но, очигледно не му е доволна да ги прикрие неговите промашени политики и секојдневни афери.Зоран Заев сега влегува во опасна авантура за дневно-политички цели и интереси. Единствена Македонија дојде до информации дека снимките кои се пуштаат во јавноста потекнуваат од Заев кој преку соработници на Службата за државна безбедност ги пушта по потреба во определно време и точно определена цел. Се започна пред повеќе од месец дена кога беа пуштени снимки од еден од најелитните соработници на служабата со преку 30- годишна кодошка кариера и основоположник на урбаната мафија во Македонија а кој полицијата божем го приведува и го гони за да продолжи оваа удбашка дешавка деновиве со нови ликови.Објавуваните снимки од „Никола Тесла“, „Илија Громовник“, „Ел Чека“... се најпервидна конструкција и направија на Службата за држабва безбедност со знаење на Зоран Заев.Излегува на виделина дека марионетата Заев своевремено задржал примерок од фајловите со нелегално прислушуваните разговори кои ги предаде на Специјалното обвинителство. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека ќе даде одговор на овие прашања како врвна должност спрема македонската јавност.

Македонија | пред 6 години

pendarovski-timonie

Пендаровски: Очекуваме поддршка од Франција за одредување датум за преговори

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, како и информации за актуелните состојби во двете држави, и за случувањата во регионот.Претседателот Пендаровски изрази задоволство од развојот на соработката меѓу двете држави, што се карактеризираат со пријателство и меѓусебна доверба. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија во Француската Република гледа искрен пријател и сојузник во остварувањето на стратешките цели.По вчерашното објавување на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2019 година, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Европскиот совет, согласно препораката на Европската Комисија, ќе донесе одлука за почеток на пристапните преговори за членство.За остварување на следниот чекор, одредување датум за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ ја очекуваме поддршката и од Француската Република, нагласи претседателот Пендаровски на средбата. 

Македонија | пред 6 години

61502999_433297947537870_3517700359998930944_n

Николовски: Го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште

Измените на Законот за земјоделско земјиште претставуваат сериозна реформа на целокупниот сектор и начин за отстранување на сите проблеми во доделувањето на државно земјоделско земјиште под закуп, посочи на денешната прес конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.При тоа, Николовски потенцираше дека измените се направени врз основа на детални анализи на тимот од секторот за земјишна политика на МЗШВ и консултации со земјоделските здруженија.Вистинската распределба на државното земјоделското земјиште согласно предвидени законски измени ќе значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи.„Со измените на Законот за земјоделско земјиште овозможуваме правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата. Една од клучните измени којашто ја правиме е во делот за младите земјоделци. Со цел нивна поголема вклученост во земјоделството и можност да започнат сопствен агробизнис, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот. Решаваме еден долгогодишен проблем на одгледувачите на пчели, а тоа е недостигот на површини за поставување на пчелни семејства. Со новите измени, се проширува намената на земјоделско земјиште кое може да се додели во закуп со можност и за поставување на пчелни семејства“, изјави Николовски.Дел од измените предвидуваат низа можности кои не беа регулирани со постоечкиот закон, а кои се од исклучително значење за земјоделците кои конкурираат на јавните огласи и повици, како и за ефикасна и поголема искористеност на расположливите обработливи површини.„Ја отстрануваме пречката која досега ја имавме за огласите над 3 хекатри, каде што имаше наддавања и до 100 милијарди евра, односно огромни суми, а на крајот за атрактивни локации не се склучуваа договори. Сега, со измените ставаме ограничување да не може никој да си дозволува да врши електронско наддавање до огромни нереални суми, а при тоа да нема никаква обврска.Конкретно, ги обврзуваме, тие што ќе понудат било каква сума а неМинистерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија склучат договори, да не стои земјиштето необработено, државата ќе има право на надомест на штета во износ од една годишна закупнина која што тие ја понудиле. На овој начин ќе ги отстраниме несериозните апликанти, заради кои они лица кои навистина сакаат да инвестираат, не можат да добијат можност.Внесуваме уште една можност, односно при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот. Со оваа измена ја забрзуваме целата процедура, да не ги повторуваме постапките, оти се соочивме за две години да не можат да се реализираат одредени јавни огласи само заради пречки кои постојано стоеја од ваков вид во законот“, изјави Николовски.Со измените се овозможува на земјоделско земјиште да се градат објекти за промоција на земјоделски производи, односно угостителски објекти и изградба на објекти за спортско рекреативни активности. Тоа ќе придонесе за зголемување на инвестициите во ваков тип на објекти од страна на земјоделските стопанства, ќе се зголеми искористеноста на ИПАРД програмата, и ќе се придонесе за развој на рурални средини преку рурален туризам. Николовски појасни дека оваа измена е во корелација со измените на Законот за вино во којшто се олеснуваат критериумите за физичките лица кои произведуваат вино и за отворање и работа на малите и средни винарници.Досегашниот закон не дозволуваше доделување на земјоделско земјиште на земјоделци кои веќе имаат склучено договор за закуп, иако тој договор може да е само за 1, 2 или 3 хектари. Со сегашните измени им се овозможува на овие земјоделски стопанства да аплицираат на огласи за закуп се до обезбедување на површини од 10 хектари. На тој начин се создваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.Николовски посочи дека во комуникација со земјоделците преку измените на законот ќе се решаваат и одредени договори кои што беа раскинати во претходниот период, ќе се регулира пребивањето со Платежната агенција, ќе се решаваат затекнати состојби во одредени региони, а измените се предвидени и во делот на банкарските гаранции, раскинувањата и склучувањето на договорите, и друго.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев не знае колку плата земаат советниците и вели ангажирани се затоа што имаат врски во Франција

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања за неговите советници во Собранието изјави дека Александар Ружин е млад човек, кој е добро образован и може да помогне. Што се однесува пак за Љупчо Зафировски задолжен да ја олеснува комуникацијата со Франција истакна дека не знаел колкава плата зема.Пратеникот Антонио Милошоски кој побара отчет за работата на двајца советници,  објави дека Зафировски зема плата од 75.000 евра, а советникот Александар Ружин 50.000 денари.– Тој ги спроведува разговорите со заинтересирани компании. Конекциите што ги има овозможува да биде олеснувач и на други процеси последниве дена помага за отворање на компанија која сака тука да произведува армиски делоци. Зафировски доаѓа од приватен сектор со релации со кабинетот на Макрон. Наше мислење е дека Франција има многу малку податоци за земјава, треба повеќе да работиме за да привлечеме симпатии – рече Заев.Заев образложи дека високиот месечен надомест на Зафировски е поради тоа што овој советник поголемиот дел од времето го поминува во Франција.Премиерот додаде дека тие се ангажирани, бидејќи имаат врски со Франција, кои се во корист за Владата.

Македонија | пред 6 години

Pirogov_Hospital_Sofia_2012_PD_08

Почина момчето кое доби изгореници од струен удар

Момчето кое доби изгореници од струен удар, за жал, почина, дознава КУРИР.Несреќата се случи на 24-ти овој месец, по која детето имаше сериозни повреди.Момчето беше сместено во болницата Пирогов, во Софија, Република Бугарија. Беше под контрола на  специјалист за детски изгореници, но за жал не успеаја да му го спасат животот. 

Македонија | пред 6 години

IMG-b4dd6c9d37eb8589f32ac7de099be888-V

(ВИДЕО) Алпинистичко-спасувачка показна вежба „Водно 2019“

Како министер за внатрешни работи ми причинува особено задоволство што и денеска во рамки на активностите планирани по повод денот на полицијата, заедно имавме можност уште еднаш да се увериме во професионалноста на припадниците на нашата полиција, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по завршувањето на денешната алпинистичко-спасувачка показна вежба „Водно 2019“, во рамки на активностите организирани во склоп на одбележувањето на Денот на полицијата- 7 Мај.Денеска на падините на Средно Водно преку две показни вежби беше презентирана подготвеноста на нашите служби за спасувачки операции, во конкретниот случај спасување на заглавени патници во кабини на жичница со примена на алпинистички техники, специјална опрема за работа на жичница, како и приод и евакуација со хеликоптер, демонстрирани од припадници на алпинистичкиот тим од Единицата за специјални задачи и хеликоптер со екипаж на Воздухопловната eдиница за полициски операции.Министерството за внатрешни работи имајќи ја во предвид важноста на овој вид специјализирани тимови и служби, како за полициски така и за спасувачки намени, во континуитет го поддржува нивното надградување и модернизирање притоа издвојувајќи значителни финансиски средства за обука и опремување. Во изминатиот период за потребите на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи набавена е нова алпинистичка опрема и системи за спасување. Во соработка со амбасадата на Република Франција во неколку наврати организирана е обука на припадниците на алпинистичкиот тим на ЕСЗ со експертски тимови од Франција.-Преку вакви презентации и овозможуваме на јавноста да се запознае со секојдневните активности на полицијата како и потенцијалите на Министерството во остварувањето на своите законски надлежности и должности. И денеска се покажа одличната подготвеност на полициските службеници и нивното ефикасно дејствување во корист на граѓаните- рече министерот Спасовски.Подготвеноста на нашата полиција беше демонстрирана и при неодамнешната посета на папата Франциск, која помина беспрекорно и за која МВР доби бројни честитки, а денеска министерот Спасовски им додели плакети на членовите на оперативниот штаб при МВР кој беше формиран за оваа посета.-Ја користам и оваа прилика на сите припадници на МВР кои дадоа придонес оваа посета да помине во најдобар ред да им изразам особена благодарност- рече Спасовски .

Скопје | пред 6 години

huavej

Huawei ги повикува САД да го сменат својот пристап кон справувањето со сајбер-безбедносните прашања

Huawei поднесе тужба за да ги разгледа уставните основи за спроведување на член 899 од Законот за заштита на националната сигурност на САД во однос на компанијата. Покрај тоа, Huawei ја повикува американската влада да ја прекине својата политички мотивирана кампања против оваа загриженост, бидејќи нема јасен ефект врз подобрувањето на сајбер безбедноста на земјата.Според Сонг Лиупинг, шеф на правниот оддел на Huawei, санкциите против компанијата што се користат како оправдување за зголемување на американската сајбер-сигурност во никој случај не ги прават глобалните мрежи посигурни. "Тие обезбедуваат илузорно чувство на сигурност и го одвлекуваат вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваме. Американските политичари ги користат ресурсите на една нација за да ги извршуваат задачите на приватна компанија. Ова не е прифатливо. Не сум сигурен дали има друг таков случај во човечката историја ", рече Сонг Лиупинг."Владата на САД не обезбеди никакви докази за да ги поддржи своите тврдења дека Huawei претставува закана за националната безбедност на земјата. Метафорички гледано, ниту чад ниту оган не можат да се видат. Ова се нарекува шпекулација, додаде Лиупинг.Член 899 од Законот за национална безбедност на САД го спречува Huawei да тргува со американски компании и институции преку поставување законски ограничувања не само за купување на производите и услугите на компанијата, туку и за склучување на договори или обезбедување на гаранции и заеми на трети лица , без разлика дали тие имаат директно влијание врз владата на САД.Сонг Лиупинг, исто така, се осврна на темата за додавање на Huawei на таканаречената „Црна трговска листа" на САД пред две недели. "Ова создава многу опасен преседан. Денес е Huawei. Утре може да биде вашиот бизнис, вашата компанија, вашите клиенти, изјави тој за медиумите.Правниот систем е она на што се надева современата правда. Huawei има целосна доверба во независноста и авторитетот на американскиот правен систем. Се надеваме дека грешките направени при изготвувањето на овој закон ќе бидат исправени од страна на судот , додаде Лиупинг.Глен Нигер, водечки консултант на Huawei во случајот, вели дека членот 899 од Законот за заштита на националната безбедност крши низа процедури и клаузули во врска со Уставот на САД. Затоа, случајот е целосно легален и нема докази во врска со случајот, со што би се забрзал процесот на ревизија на санкциите.Huawei верува дека ограничувањата и санкциите врз компанијата од страна на САД нема да ја направат глобалната мрежа посигурна. Меѓународната компанија очекува САД да преземат соодветни понатамошни чекори кон транспарентни и ефективни мерки насочени кон подобрување на глобалната сајбер-безбедност, ако земјата е навистина загрижена за овој проблем.Сослушувањето во судот е закажано за 19 септември 2019 година. Видеото од прес-конференцијата со г-дин Сонг Лиупинг, раководител на правниот оддел на Huawei, е достапно на овој линк:

Свет | пред 6 години

rusko-mnr

Рускиот истражен комитет отвори предистражна постапка за нападот на Косово врз државјанинот на Русија

Рускиот истражен комитет отвори предистражна постапка за нападот на Косово врз државјанинот на Русија, вработен во ОН, Михаил Красношченков.Во утринските часови на 28 мај, наведува Комитетот, косовската полиција упаднала во северните општини на Косово, каде што живеат српски жители и меѓу другите, го уапсила и Красношченков, кој ужива дипломатски имунитет.Комитетот соопшти дека третманот кон него и неговото апсење од страна на косовските специјални сили претставува безобѕирно кршење на меѓународното право.Агенцијата пренесе дека истрагата ќе ги опфати сите детали за инцидентот и ќе даде правна процена на акцијата преземена кон Красношченков.„Апсењето е извршено без оглед на тоа што рускиот државјанин поседува дипломатски имунитет како соработник на ОН. Тоа го сметаме за недопустиво и за акт на уште една провокација од врхушката во Приштина“, наведува во соопштението претставничката од руското МНР, Марија Захарова. 

Свет | пред 6 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

За мандатот на Груевски ќе се расправа меѓу 10 и 15 јуни

Предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски како и предлог за реконструкција на Владата на дневен ред пред пратениците да се најдат на иста седница која би се одржала меѓу 10 и 15 јуни, најави на денешниот брифинг претседателот на собранието Талат Џафери.„Пред 10 јуни нема да биде зашто пратениците имаат обврски, а после 15 имам планирано службено патување во Кина. Така што нема пречка двете точки да се стават на дневен ред на иста седница“, рече Џафери.

Македонија | пред 6 години

ivan-stoiljkovic-640x345

Стоилковиќ за Груевски: Ситни и безимени луѓе се качуваат на телата на паднатите жртви, јас нема да бидам помеѓу тие

Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Тој својот став го соопшти преку социјалната мрежа фејсбук.-Отсекогаш и секаде било и останало, ситни и безимени луѓе да се качуваат на телата на паднатите жртви паднати во меѓусебните пресметки на големите. Јас нема да бидам помеѓу тие и таквите, па макар бил единствениот што сам ќе остане на барикадите на вистината. Не ми е прв, се надевам нема да ми биде ни последен пат по важни прашања да останам на моралната страна од настаните. Кој разбира ќе сфати, напиша пратеникот Стоилковиќ.

Македонија | пред 6 години

nema-voda

Без вода дел од населба Лисиче

Корисниците од населбата Лисиче (бараки) денеска од 9:45 часот се до санирањето на дефектот ќе бидат без вода.Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација” прекинот со водоснабдување е поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улица „Црноризец Храбар” 23.

Скопје | пред 6 години

policija

Санкционирани 26 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената

Во текот на изминатиот ден (29.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 26 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, три возачи поради неправилно престигнување, пет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 61 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле шест сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

policija-traka

Ауди се заби во трактор, едно лице со тешки повреди

На 29.05.2019 година во 19.00 часот на локалниот пат Велес – с.Бузалково, на место викано „Блокови“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од с.Бузалково, велешко и трактор „ИМТ-539“ без регистарски ознаки, управуван од Ш.Џ.(56) од с.Бузалково.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ш.Џ., кој по укажаната лекарска помош во Градската болница Велес бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Додека, деветгодишна сопатничка во тракторот и возачот Б.Н. се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во Градската болница Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 6 години

Capture-3

Купувањето преку интернет станува сѐ почесто

Народната банка ја објави Годишната информација за плаќањата во земјава во 2018 година. Во информацијата се анализираат состојбите во платниот промет и платните инструменти во земјава со споредбен осврт на клучните показатели со показателите на ниво на Европската Унија (ЕУ).Минатата година вредноста на плаќањата извршени од физичките и правните лица (коишто ги исклучуваат платежните трансакции помеѓу Народната банка, банките и штедилниците) забележа годишен раст од 10,2 проценти и изнесуваше 3.813 милијарди денари. Најголемиот дел, или 99 отсто, се остварени со кредитните трансфери, а остатокот од 1 отсто со платежните картички. Вкупниот број остварени трансакции за извршување на плаќањата минатата година изнесува 114 милиони, што е за 11 проценти повеќе во однос на бројот на трансакции во 2017 година.Најголемиот број од трансакциите се остварени со платежни картички (47 проценти), додека, пак, остатокот се извршени со употреба на кредитни трансфери иницирани на хартија, или електронски со учество од 30 и 23 отсто, соодветно.Најголемиот број трансакции со кредитни трансфери е извршен од страна на правните лица (71 проценти), додека остатокот се однесува на физичките лица. Електронски иницираните кредитни трансфери учествуваат со 43,8 отсто во вкупниот број кредитни трансфери во 2018 година, при што нивното учество забележува умерен годишен раст во однос на 2017 година за 1,8 п.п. Сепак, нивното учество и натаму е релативно ниско во споредба со земјите од ЕУ (кај старите земји членки на ЕУ ова учество изнесува 92 проценти, а кај земјите членки на групата од Централна, Источна и Југоисточна Европа изнесува 87 отсто).Платежните картички издадени во земјата, од аспект на бројот на извршени трансакции на уреди лоцирани во земјата во 2018 година, најмногу се употребувале во трговијата за вршење плаќања на физичките места на продажба (учество од 64% во вкупниот број трансакции со платежни картички). Користењето на платежните картички за повлекување готовина од банкоматите е сè уште високо, но нивното учество во вкупните трансакции со платежни картички забележа годишно намалување од 3 п.п. и изнесува 33 проценти во 2018 година. Учеството на трансакциите со платежни картички за вршење плаќања кај интернет-трговијата е на ниско ниво и минатата година изнесува 3 отсто.Сепак, купувањето преку интернет станува сѐ позастапено, при што процентот на население во земјава кое купува преку интернет се зголемува од 5 проценти во 2012 година на 25 проценти во 2018 година, но и со тоа е речиси два и пол пати под просекот на ЕУ, иако 81 отсто од населението користело интернет, што е релативно близу до просекот на ЕУ (87).

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Додека Заев сее магла со метлата, капиталните инвестиции се фијаско

Додека Премиерот Зоран Заев ја занимава јавноста со внатрепартиските комбинаторки, борбата за превласт и сеењето на магла во јавноста за некакви промени, во економијата продолжуваат да се нижат негативни резултати, неуспеси и да опаѓа стандардот на граѓаните, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Додека граѓаните се вистински незадоволни од неработа на државните функционери од СДСМ, премиерот Заев прави смени на партиските функции се со цел да одбегне сопствената одговорност за поразите во политиката и економијата, додека истите тие луѓе продолжуваат да ја водат државата.Ниту ваквата парада не може да го сокрие податтокот дека капиталните инвестиции за првите 4 месеци  се исклучителни ниски и изнесуваат  9,83 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година.Овие резултати се полоши дури за 10% од истиот период во 2018 година кога беа реализирани исто така ниски 10.96% од планираните пари за капитални расходи.Буџетот наместо за капитални расходи се троши за тековни трошоци. Вистинско преживување по принципот купи ден помини.Нема инвестиции во нови патишта, болници, училишта, нема инвестиции во градежништвото, истото замира додека стандардот е се полош. Нема инвестиции во инфраструктурата. А таа е предуслов за одржлив економски развој, за подобрување на приватниот сектор, за побрзото движење на граѓаните, производите и услугите,  за ослободување и стимулирање на приватните инвестиции, за раст на вработувањата и платите, за подобар квалитет на животот и вложувањето во иднината на државата.Економскиот тим на владата е најнеуспешниот во нашата историја. Ниското ниво на капитални инвестиции што е го факт кој говори за неспособност и неработа на владата. И ова не се покрива со никаква метла, со никакви розеви очила, ниту пак голи ПР-алатки. И секој еден човек знае дека кај СДСМ ништо не се менува, ниту пак ќе биде подобро.Македонија заслужува повеќе. Македонија заслужува правда и работа која ќе донесе стандарди и успеси за сите граѓани, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Уапсена скопјанка кај која бил пронајден кокаин

На 30.05.2019 година околу 03.00 часот во угостителски објект, во кој била  спроведена акциска контрола, покрај автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на Неготинска клучка, полициски службеници  ја лишиле од слобода Р.Е.(29) од Скопје.При преглед кај неа бил пронајден кокаин, поради што била задржана во Полициската станица Гостивар.По целосното документирање на случајот, против Р.Е. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Обвинение за босански државјанин, за насилство врз жена со која требало да се венча во Македонија

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторени кривични дела   Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, државјанин на Босна и Херцеговина,  при вршење семејно насилство телесно ја повредил и противправно ја држел затворена оштетената со која живеел во вонбрачна заедница во Кралството Шведска .  Обвинетиот и оштетената во мај 2019 дошле во Република Северна Македонија за да склучат брак.Зеле под закуп стан во Скопје во кој обвинетиот, вечерта на 23 мај во 23.00 часот, ја заклучил оштетената по што го фрлил клучот и го одзел мобилните телефони за жртвата да не може да бара помош.  Потоа  започнал да ја удира и турка оштетената. Поради дејствијата на обвинетиот кои траеле до 5.30 часот изутрината, оштетената се здобила со видливи повреди по телото.Заедно со обвинението, јавниот обвинител до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор, која беше определена од страна на Судија на претходна постапка на 25 мај 2019 година.

пред 6 години

526278-prisusuvanje

Објавена нова „бомба“ за случајот „Монструм“

Откако се подбиваше со информацијата на МВР дека го утврдила идентитетот на објавувачот на најновите „бомби“ за партијата на Али Ахмети, профилот Ел Чека повторно на Фејсбук објави снимка од нелегално прислушувани материјали.Во снимката наводно телефонски разговараат ексминистерот за правда Блерим Беџети со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во врска со екстрадиција на осуденик во случајот „Монструм“.https://www.facebook.com/el.cheka.7/posts/146942249776356

Македонија | пред 6 години

1865581_sava_ls

(ФОТО) Реката Сава се излеа од коритото

Поради обилните падежи од дожд, реката Сава во Загреб се излеа од коритото. Дождот кој паѓал деноноќно постепено доведува до пораст на водостојот, пренесуваат тамошните медиуми.На неколку реки во Хрватска се водени мерки за престрожност од поплави, а помеѓу нив е и реката Сава во Загреб.Водостојот постојано се зголемува ,а моментално во Загреб е на 283 сантиметри. Поради дождот многу делови од Хрватска се во проблеми.https://www.facebook.com/HR.Vrijeme/photos/a.504754393021447/1292272154269663/?type=3

Свет | пред 6 години

kosovo

Ослободени шесте Срби, уапсени од косовските специјалци

Сите шест Срби, кои беа уапсени од специјалните сили на косовската полиција во Зубин Поток, беа ослободени вечерта, објави Радио Контакт Плус.Тие биле ослободени од обвинението откако судијата на Основниот суд во Косовска Митровица, Лилјана Стевановиќ, го одбила барањето на Косовското обвинителство да наложи притвор.Радио Контакт Плус наведува дека судијката оценила дека нема доволно докази од обвинителството за продолжување на притворот на Србите, кои ги попречувале специјалците во апсењето на полицијците и царинските службеници од мешан етнички состав на северот од Косово.Инаку за време на акција на косовската полиција специјалците направиле катастрофален пропуст заборавајќи зад себе таен документ со детали од оперативен план за акција во кој покрај имињата на осомничените се наведени и имиња на полицајците што учествувале во акцијата за нивно приведување.Информацијата ја пренесе српскиот весник „Вечерње Новости“, наведувајќи дека доверливите документи биле пронајдени од страна на граѓаните.  

Свет | пред 6 години

bogoev-iftar

Градоначалникот Богоев на ифтар во Нерези

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, вчеравечер заедно со дел од членовите при Советот беше дел од Ифтар вечерата, за верниците од исламска вероисповед, во Долно Нерези.Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, овие празнични моменти потсетуваат на  заедништво, слога и споделување на пријатни моменти со најблиските.Градоначалникот Богоев го истакна и добриот меѓуетнички соживот што го негуваат граѓаните од овој дел на Карпош.„Навистина ми е задоволство што сте пример за почитување на различностите. Затоа, кога се одбележуваат различни празници често пати присуствуваат и претставници од други верски заедници. Нерези и нережани се потврда дека сите може да живееме сложно и заедно, еден до друг“, рече Богоев.Локалната самоуправа на сите граѓани од исламската вероисповед им посакува пријатни рамазански пости и одбележување на празникот Рамазан Бајрам.  

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања