Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

1865533brodls

(ВИДЕО) Унгарските медиуми објавија снимка од несреќата на Дунав

Унгарските медиуми објавиле снимка од моментот на несреќата на Дунав во Будимпешта каде што се судриле двата брода. Ги снимила камера од блискиот хотел.Бродот е моментно на дното на Дунав, три метра од мостот Маргарет. Засега не е познато кога би можело да започне неговото извлекување.Унгарските медиуми објавиле снимка од моментот на несреќата на Дунав во Будимпешта каде што се судриле двата брода. Ги снимила камера од блискиот хотел.Во несреќата загинале најмалку седум луѓе, а за 21 сè уште се трага. Уште седум луѓе се во болница, а нивната состојба е стабилна.

Свет | пред 6 години

voltstrit

Заострените односи помеѓу САД и Кина ги урна акциите на Волстрит

Цените на акциите на Волстрит значително паднаа втор ден по ред, што е последица од стравувањата на инвеститорите дека трговскиот судир меѓу САД и Кина ќе предизвика забавување на растот на светската економија. Падот на цените на акциите е последица на трговскиот конфликт меѓу САД и Кина кој по се изгледа нема да биде наскоро завршен.Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот рече дека САД не се подготвени за трговски договор со Пекинг, но дека го очекува во иднина. Кинеските медиуми, пак, јавуваат дека Пекинг е подготвен да ја намали својата понуда на ретки минерали, односно продажбата на 17 хемиски елементи кои се користат за производство на голем број производи од високотехнолошка електроника за потрошувачка до воена опрема.Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се зголемија откако САД го ставија Хуавеј на списокот на компании кои не можат да купат компоненти и технологија од американски компании без дозвола од Владата поради закани за националната безбедност. Покрај тоа, Вашингтон соопшти дека наскоро може да ги зголеми царините на уште 300 милијарди долари вреден кинески увоз, откако неодамна ги зголеми царинските давачки на 200 милијарди долари кинески увоз. Кина најави контрамерки за увозот од САД и порача дека Вашингтон треба да ги поправи своите погрешни чекори со цел продолжување на трговските преговори.Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј поднесе тужба против САД за ограничување на неговиот бизнис.Поради сето тоа, инвеститорите се плашат дека трговската војна меѓу САД и Кина може да се претвори во технолошка војна, која, меѓу другото, може да го поткопа растот на продуктивноста во светот. 

Свет | пред 6 години

6-5

Зоран Заев им врачи плакета на Тамара и тимот кој настапи на Евровизија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ја прими Тамара Тодевска, и комплетниот авторски и сценски тим на Македонија што оваа година настапи на изборот на Песна на Евровизијата - Евросонг 2019.Премиерот Заев во свое име, во име на Владата, како и во име на граѓаните на нашата земја ѝ се заблагодари на Тамара Тодевска и на целата екипа за гордоста што им ја приредија на граѓаните со извонредниот настап и со огромниот успех што го постигнаа со песната „Горда“ (Proud).Во таа чест, премиерот Заев на Тамара и на тимот им додели плакета како знак за признание за историското прво место, како резултат на гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud), која ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи.Премиерот Заев истакна дека Тамара и тимот на Македонија на Евросонг 2019 станаа херои и силен глас за гордоста со која девојките и жените се борат за остварување на своите права.Тамара и целиот авторски и сценски тим се заблагодарија за поддршката и ги пренесоа силните впечатоци и возбудувања од нивниот настап на Евросонг 2019, и истакнаа дека огромната поддршка што ја имаа за цело време пред и за време на финалната вечер, беше дополнителна мотивација и охрабрување за беспрекорниот настап и за големиот успех на целиот тим.

Магазин | пред 6 години

profesori

Над 50.000 наставници штрајкуваат во Нов Зеланд

Масовни штрајкови на просветни работници  го зафатија Нов Зеланд.Според тамошните информации, повеќе од 50.000 наставници од основно и средни училишта штрајкуваат во најголемата акција во училиштата во Нов Зеланд.Откако коалицијата на трудот ја презеде власта кон крајот на 2017 година, наставниците одржаа три штрајка, повикувајќи за зголемување на платите, подобри работни услови и поголема почит кон нивната професија.Но, во средата првпат наставниците од основните и од средните училишта се обединија во заедничка акција, нарекувајќи го штрајкот „мегаштрајк“.Демонстрантите досега одбија три понуди за зголемување на платите за 3 отсто и велат дека сакаат да се зголемат за 15 отсто или повеќе за да продолжат со работа. Но, владата вели дека нема пари за да овозможи повисоки плати.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во инцидент во угостителски објект?

Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во насилен инцидент во угостителски објект? Кој се чувствува толку моќен среде бел ден во ресторан да дели правда и да го нарушува јавниот ред и мир? Каде била полицијата, зошто не интервенирала и зошто МВР го премолчи инцидентот?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Дали насилството се прикрива само затоа што таткото е коалициски партнер на Заев?Со СДСМ на власт криминалот  царува, а нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки станаа секојдневие во Република Македонија. Власта  и МВР наместо да го одржуваат редот и мирот во државата, тие соучествуваат во криминалот.Вчерашниот не е прв случај во кој учествува син на функционер кој властите се обидуваат да го сокријат. Пред само два месеци медиумите објавија дека син на виш полициски советник на Оливер Спасовски избоде полициски службеник во Марино, а насилникот уште е на слобода.Пратеник јавно призна дека сторил кривично дело, а пријава се уште нема. Вицепремиер и заменик министер прават сообраќајни прекршоци и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, а МВР не реагира.Партиски функционер се закануваше на командирот на ПС Велес, а МВР на Спасовски молчеше и го криеше случајот. „Пајак“ нападна полицајка кај Мавровка, а Спасовски и МВР  повеќе од година дена не можат да обезбедат докази додека снимките мистериозно исчезнаа.Власта ослободи над 800 затвореници кои сега слободно дивеат по улиците. Убиецот на Мартин Јанушев се уште шета на слобода, а на слобода се убијците кои среде Скопје на Рузвелтова пукаа со калашникови и одзедоа два човечки животи.Граѓаните со СДСМ повеќе не се чувствуваат слободни ниту во своите домови и стравуваат за своите животи и животите на нивните деца.  СДСМ и Оливер Спасовски докажаа дека не се способни да ги одржуваат редот, мирот и безбедноста во државата. Затоа Спасовски мора веднаш да си поднесе неотпиовиклива оставка. СДСМ мора да си замине за да се врати безбедноста во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Mucunski

Муцунски: Македонија заслужува преговори, но не смееме да создаваме лажни очекувања

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија смета дека веќе десет години Македонија заслужува датум за почнување преговори со ЕУ, без разлика што сега се во опозиција.-Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме застапници дека Македонија веќе десет години заслужува датум за отпочнување преговори, независно од тоа што сме сега опозиција, што имаме противправно замрзнат имот, ние лобираме Македонија што побрзо да добие датум. И нема да не радува ако тоа не се случи во јуни. Но, не смееме да создаваме лажни очекувања, па како лани да правиме прослави дека сме добиле датум, рече Муцунски.

Македонија | пред 6 години

Slika-Pavle-25-02

Богоевски: Никогаш нема да можам да докажам што нарачував

Факт е дека на снимката не се спомува дека е масло од канабис и очекувано е дека политичките опоненти и јавноста ќе имаат поинаков став и јас сум свесен дека никогаш нема да можам да докажам, ама не можат ни тие да докажат дека станува збор за нешто различно, рече пратеникот во оставка, Павле Богоевски во вечерашното гостување на 1ТВ.-Во првиот момент размислував каква да ми биде реакцијата. После една вечер решив да излезам во јавноста  да ги кажам фактите кои што се. Прво се огласив на Фејсбук, потоа во медиуми и се пријавив во полициската станица во Центар. Ова беше моја одлука. Не се консултирав со правници и политичари, бидејќи нивната работа е да го гледаат нивниот интерес.  Работата на адвокатите е правниот интерес на клиентот, а тоа е да не одговара тој човек. Постапките кои сум ги правел не биле со избегнување одговорност. Кривичната одговорност ја прифаќам во целост и добра причина е да не дозволам мојата пратеничка функција да биде пречка во постапувањето на органите на прогонот. Тогаш и сега ги повикувам да ја утврдат мојата одговорност и на оние кои снимаа и објавија снимката, веле Богоевски.

Македонија | пред 6 години

collage-777x437-696x391

Надворешни советници на Заев: Пензионер советник за ЕУ, новинар и водител

Во третото продолжение од сторијата „Советничка афера“ ИРЛ објавува нови три имиња кои му се надворешни советници на премиерот Зоран Заев. Мистериозен советник за ЕУ, водител и текстописец на народни песни и новинар. Во првите два дела објавивме дека соработници на Заев му се писателот Венко Андоновски и бизнисменот Александар Ружин, како и Филип Андов – Сокол и Стефани Арсовска. Денес објавуваме кои се советниците за ЕУ интеграции, медиуми и реформи во правосудството.Поетот, текстописецот и водителот Ѓорѓи Калајџиев е првиот надворешен советник кој го поставил премиерот Зоран Заев. Договорот е склучен еден ден по формирањето на Владата, на 1 јуни 2017 година. 56-годишниот струмичанец му е советник за медиуми на премиерот, а за својот ангажман добива по 40.000 денари месечно.  Калајџиев е вработен во регионалната телевизија ТВ ВИС од Струмица. Тој е водител на две емисии во кој воглавно се обработуваат теми од културата. Советникот за медиуми на премиерот за себе вели дека не е новинар, а неговата постојана работа не е во конфликт со функцијата во владата.Калајџиев се потпишал и на неколку народни музички нумери, а оваа година советникот на премиерот ќе биде и еден од водителите на Фолк Фест Валандово, заедно со Ирена Спировска.Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова е единствената информација која ја добивме од Владата за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра. Советникот кој е еден од подобро платените не можевме да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл. Баравме некој труд, анализа или изјава поврзана со Европската Унија, но такво нешто не постои. Зафировски е пензионер и го најдовме во едно скопско кафуле, каде релаксирано си го пиеше утринско кафе со пријателите. Му го загорчија новинарите на ИРЛ кога му пристапија да го прашаат за неговиот ангажман во Кабинетот на премиерот.На платниот список на Заев е и новинарот од ТВ 24 Љубиша Станковиќ. Тој е соработник за „Комуникација и односи со јавноста во процесот на реформа на правосудниот систем и учество во советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот систем (2017-2022)“.Целиот текст прочитајте го овој линк.

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Османи и Димитров денес во посета на Италија

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојуваат во Италија, а утре ќе бидат во работна посета на Белгија.Во Италија тие денеска ќе имаат средба со италијанскиот министер за надворешни работи Ензо Моаверо Миланеси, како и со  Лучијано Ди Алфонсо, претседател на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат.Како што соопшти владината прес-служба, централна тема на средбите ќе биде интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, како и поддршката од Италија за земјава по објавувањето на Извештајот за напредок, а во пресрет на одржувањето на Европскиот совет во  јуни.Во разговорите се очекува да бидат опфатени и прашања поврзани со европската перспектива на останатите земји од Западниот Балкан и регионалната динамика.Вицепремиерот Османи и министерот Димитров од Италија ќе продолжат во работна посета на Белгија, каде што за утре е најавена средба со Дидие Рејндерс, заменик-премиер и министер за надворешни и европски прашања на Кралството Белгија

Македонија | пред 6 години

1865295_medulin-poplave_ls

(ВИДЕО) Силно невреме ја зафати Хрватска, во некои делови прогласена вонредна состојба

Силното невреме што ја зафати Хрватска, направи најголеми проблеми во Истра и во делови од Далмација.На повеќе места низ Хрватска денеска врнеше силен дожд со град. На реката Мирна е прогласена вонредна состојба пред излевање и се поставуваат вреќи.https://www.facebook.com/istramet/videos/294002861509015/Големи количества дожд наврнаа во Медулин, каде за само неколку часа падна воден талог колку за еден месец.Сериозна е состојбата и во Ровињ и во Ријека, каде за само еден час наврна дожд колку за цел месец. Улиците се преполни со вода, а поплавени се и куќи и други објекти.По скалилата на приморските градови се слеваат вистински реки, додека градот предизвика штета во внатрешноста на земјата.

Свет | пред 6 години

osmani

Османи: За две години направивме комплетна трансформација на општеството, тоа се гледа од самиот Извештај

По позитивниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија и другите земји од Западен Балкан, министерот за евроинтеграции Бујар Османи во отвореното Студио 1 вели дека освен кристално чистата препорака, нотирано е дека не само добри намери, реформите се навистина спроведени и по сите оценки, земјава предничи пред другите кандидати од регионов. Сепак, останува забелешката дека се уште имаме сериозен проблем со корупцијата, а споменат е и непотизмот.-Спомнат е агресивниот ангажман на институциите кои беа создадени во овој период како т.н. delivery units за да испорачаат резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал и непотизмот. Се разбира дека не сме совршени и не велиме дека сме подготвени утре да влеземе во ЕУ, но дали во овој известувачки период, дали во овие две години отворивме ново поглавје, направивме комплетна трансформација на општеството, тоа се гледа јасно од самиот Извештај, изјави Османи.За тоа дека граѓаните во реалниот живот не го чувствуваат напредокот опишан во Извештајот, и особено забелешките за јавното здравство и образованието, Османи вели дека во последните 18 месеци било очекувано целата политичка енергија на новата Влада да се фокусира на решавање на политичките прашања.-Системот функционира континуирано по принципите по кои е воспоставен со години наназад, но очекувајте дека административниот фокус кон тие прашања ќе биде со отворање на поглавјата во моментот кога ќе се растовариме од политичките прашања кои нѐ ставаа во тешка институционална криза, изјави Османи.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 30 степени

Денеска ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност и со појава на краткотраен локален дожд со ретки грмежи, особено на северот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со слаб до умерен југозападен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд, а температурата ќе се движи до 28 степени.Утре и задутре ќе дува повремено засилен северен ветер, а претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер. В недела и в понеделник се очекува процесите да бидат поинтензивни, некаде во форма на невреме и со појава на град, а врнежите ќе бидат пообилни. Од петок дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Македонија | пред 6 години

zbogar

Жбогар: Оваа препорака е многу позначајна за Македонија

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, во студиото на ТВ Сител изјави дека десетата по ред препорака за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ е поинаква во однос на претходните.- Не е само препорака, не е само извештај за земјата, туку ги вреднува и условите кои земјите-членки и ги поставија на земјата минатата година што требаше да се исполнат за оваа да добие датум за преговори. Стануваше збор за четири услови за кои земјата требаше да обезбеди реформи. Во овој извештај ние велиме дека сите тие услови и реформи се исполнети. Затоа оваа препорака е многу позначајна. Таа им даде одговор на министрите за надворешни работи кои ги поставија овие услови минатиот јуни - изјави Жбогар.Тој тврди дека сите национални влади ќе се раководат од овој извештај при носењето на одлуките и дека секако го чекале истиот да биде објавен за да донесат одлука каков ќе биде нивниот став по прашањето за Македонија и нејзиното отпочнување на преговорите со ЕУ.- Има земји кои се посензитивни и покритички, како Франција и Холандија и некои други, кои не сакаа да завземат позиција туку го чекаа овој извештај, кој е многу јасен и се надеваме дека ќе им помогне да донесат одлука. Мислам дека уникатно на ваша страна е тоа што ова е можеби единствена земја во регионот каде што власта и опозицијата соработуваат во носењето на законите и земјата нема никакви спорови со ниту еден сосед. По ова Македонија се издвојува во извештајот и по долго чекање се придвижи напред - истакна дипломатот.Тој вели дека во легислативните услови како што е правосудството, владеењето на правото и организираниот криминал биле направени придвижувања од Владата следејќи ги препораките на Прибе и Венецијанската комисија но и дека самиот судски систем треба да се потруди на ова поле.

Македонија | пред 6 години

ap19150041224525

Се судирија два брода во Будимпешта, најмалку 7 загинати

Расте билансот на загинати по големата трагедија што се случи синоќа околу 21 и 25 часот на реката Дунав крај Будимпешта.Туристички брод се судри со друг брод во близина на унгарскиот Парламент, притоа 7 лица се пронајдени мртви, а уште 19 се водат како исчезнати.Седуммина се спасени со полесни повреди.Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќето туристи биле од Азија и дека едно лице по спасувањето е успешно реанимирано.Нуркачи трагале по исчезнатите, но силниот дожд во изминатите недели го зголеми нивото на реката со што е отежната потрагатa.На бродот имало 32 патници и двајца членови на екипажот.

Свет | пред 6 години

sajber1

Објавувачот на „бомбите“: Ме откриле дека јас сум ги објавил, а мојот профил е јавен

Објавувачот на најновите „бомби“ кои се однесуваат главно на ДУИ, на Фејсбук потпишан Ел Чека, вечерва се исмеваше со известувањето дека МВР открило кој стои зад профилот од каде се објавени прислушуваните материјали.-Глупоста на ДУИ нема крај, ме откриле? Да, мојот профил е јавен и има слики од мене. И ова го нарекуваат криминал? Зарем убиствата на борците на УЧК и Албанците не се криминал? Ќе биде ли некој осуден за тоа?Бог да ги благослови Албанија и Америка!, напиша Ел Чека на Фејсбук.На својот профил тој има објавено и дека се слушнал со еден од осудените за Диво Насеље, Командант Соколи и се договориле да ги објави сите „бомби“ кои ги има.El Cheka се вклучи во живо — со Shek Hallaqi.пред 55 мин. · 

Македонија | пред 6 години

maz-zapali

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж се запали пред Белата куќа

Трагедијата се одвивала во Елипс паркот веднаш до Белата куќа . Портпаролот на пожарникарите за американските медиуми изјави дека превезле повреден човек со изгореници, во моментов него го лекуваат службите за итни случаи.Инцидентот на Твитер го потврди обезбедувањето на Белата куќа. Целиот инцидент го снимиле и случајни минувачи , кои се во шок.Човекот се запалил во близина на Споменикот на Вашингтон. На снимките  објавени на Твитер се гледа човек обвиен во пламен, а пожарникари трчаат кон него со противпожарни апарати.https://twitter.com/MariettaDaviz/status/1133787728976502790?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1133787728976502790&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fdrama-pred-belata-kuka-chovek-se-zapali-reagirashe-tajnata-sluzhba-voznemiruvachko-video%2F

Свет | пред 6 години

saso-korunoski

Сашо Коруновски реизбран за ректор на Битолскиот универзитет

Проф. д-р Сашо Коруновски, досегашниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, е реизбран за уште еден мандат на изборите што се одржаа денес на 12 универзитетски членки.Според неофицијалните резултати од денешното гласање за нов ректор на битолскиот универзитет, повеќе гласови освоил Сашо Коруновски актуелниот ректор.Негов противкандидат беше Тале Герамитчиоски.Коруновски освоил 136 гласа, а 111 Герамитчиоски.Како што е познато, актуелниот и новоизбран ректор Коруновски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а потоа магистрирал и докторирал историја на уметност и археологија на Универизтетот „Св Кирил и Методиј” во Скопје. Коруновски беше професор и декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а предавал и на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на многу научни тела, автор на бројни научни трудови.Постапката за избор на ректор беше во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола.   

Македонија | пред 6 години

zbogar-pendarovski-2

Жбогар му го врачи на Пендаровски 10-ти по ред извештај што сугерира почеток на пристапни преговори

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на претседателот Пендаровски му го достави Извештајот за напредокот на Северна Македонија во кој се препорачува земјава да започне пристапни преговори за ЕУ. За пречек на убавата вест од Брисел, Пендаровски ги собра лидерите на парламентарните партии, претседателот на Собранието и Премиерот, што му се допадна на амбасадорот Жбогар.Дозволете ми да го изразам моето задоволство што Европската Комисија го препозна напредокот на Република Северна Македонија и повторно препорача отпочнување на пристапните преговори за членство.Претседателот Стево Пендаровски во дел од своето обраќање истакна:-Добивме јасна препорака за почетокот на преговорите, без дополнителни услови.Извештајот е најдобар досега, а имајќи го предвид строгиот пристап во оценката на напредокот на секоја држава-кандидат, извештајот реално ги отсликува состојбите во Република Северна Македонија. Европа денеска покажа дека знае да цени и валоризира политичка храброст, компромисно решавање на тешките прашања во духот на европските вредности и политика на добрососедство и регионална соработка. Република Северна Македонија направи решителни чекори, како на надворешно-политички план, така и на внатрешен план, преку спроведувањето на клучни реформи неопходни за напредок на европскиот пат.Како Претседател, очекувам Европскиот Совет да ги валоризира напорите на земјата, и согласно донесената препорака на Европската Комисија, во јуни да донесе одлука за почеток на пристапните преговори за членство. Наместо да биде колекционер на позитивни извештаи, очекувам Република Северна Македонија да добие фер шанса и да се трансформира преку отворањето на секое одделно поглавје од пристапните преговори.Секое дополнително одложување на почетокот на преговорите, ќе влијае демотивирачки на нашето општество и ќе има сериозни импликации врз спроведувањето на реформските процеси. Но, истовремено може да биде разбрано и како поттик на антиевропските политичари во целиот регион, што е спротивно на напорите за стабилизирање и интегрирање на нашиот регион.Уште еднаш, ги повикувам сите институции на власта, вклучително и опозицијата, без задршка, без штедење да се посветат на завршување на нашите обврски во интерес на сите граѓани на нашата заедничка земја, истакна претседателот Пендаровски.Извештајот што денеска го доби Македонија  е 10-ти по ред што сугерира почеток на пристапни преговори. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МВР откри кој пуштил „бомбите“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот со пласирањето на снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа Фејсбук.Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста, се вели во соопштението на МВР.

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски: Добивме најдобар извештај од Европската комисија

Претседателот на државата Стево Пендаровски изјави дека денеска добивме најдобар извештај од Европската комисија во историјата на нашите евроатлантски интеграции, изразувајќи задоволство што Комисијата го препознала напредокот на Македонија  и препорачала почеток на пристапните преговори за членство.Во изјава по примањето на Извештајот, кој му беше врачен од евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, Пендаровски наведе дека Извештајот ги отсликува реалните состојби во Република Македонија.Имајќи го предвид строгиот пристап во оценката на напредокот на секоја држава-кандидат, извештајот реално ги отсликува состојбите во Република Македонија. Европа денеска покажа дека знае да цени и валоризира политичка храброст, компромисно решавање на тешките прашања во духот на европските вредности и политика на добрососедство и регионална соработка. Република Македонија направи решителни чекори, како на надворешно-политички план, така и на внатрешен план, преку спроведувањето на клучни реформи неопходни за напредок на европскиот пат. Овде би истакнал дека во извештајот се препознаени нашите напори во насока на враќање на довербата на граѓаните во институциите, зголемената отчетност, транспарентност и одговорноста на носителите на клучните политики. Но, и обврската за преземање на одговорност во случаите кадешто има идентификувани коруптивни дејствија и соодветен институционален одговор. Сепак, треба да се обележи дека Република Македонија напредува во оценката за реформите во делот на правната држава и правосудството, не губејќи од вид дека е потребно интензивирање на реформите, за што сум сигурен дека постои подготвеност од сите засегнати политички фактори. Како Претседател, очекувам Европскиот Совет да ги валоризира напорите на земјата, и согласно донесената препорака на Европската Комисија, во јуни да донесе одлука за почеток на пристапните преговори за членство. Наместо да биде колекционер на позитивни извештаи, очекувам Република Македонија да добие фер шанса и да се трансформира преку отворањето на секое одделно поглавје од пристапните преговори. Секое дополнително одложување на почетокот на преговорите, ќе влијае демотивирачки на нашето општество и ќе има сериозни импликации врз спроведувањето на реформските процеси. Но, истовремено може да биде разбрано и како поттик на антиевропските политичари во целиот регион, што е спротивно на напорите за стабилизирање и интегрирање на нашиот регион. Очекувам и барам од сите релевантни политички чинители во Република Македонија да ја препознаат важноста на моментот и преку одговорен и конструктивен пристап да дадат придонес за напорите на државата за нејзиниот напредок на европскиот пат. Во оваа прилика сакам посебно да потенцирам – прво дека денеска добивме најдобар извештај во историјата на нашите евроатлантски интеграции, со јасна препорака за почнување на преговорите, без дополнителни услови, но посебно ми претставува чест и задоволство што за прв пат Извештајот на Европската комисија за напредокот се предава заеднички на Претседателот на државата, на Претседателот на Собранието, на Претседателот на Владата, и на Врховниот суд.Уште еднаш, ги повикувам сите институции на власта, вклучително и опозицијата, без задршка, без штедење да се посветат на завршување на нашите обврски во интерес на сите граѓани на нашата заедничка земја“, изјави Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Потфрлувањето на власта за започнување на преговори летово, треба да го отвори патот за формирање на техничка влада

Алијансата за Албанците ја поздравува препораката на Европската комисија за отворање преговори за пристапување, притоа потенцирајќи дека тоа не претставува голем напредок кој што треба да се слави од страна на владејачката коалиција СДСМ-ДУИ.Прво, како што е наведено во извештајот за напредок 2019 година, Европската комисија од 2009 година постојано му препорачува на Советот на ЕУ започнување преговори со Македонија. И второ, независно од мошне позитивниот тон, Извештајот за напредок 2019 не покажа конкретни резултати за условите утврдени во заклучоците на Советот од јуни 2018 година.Кога ќе се сретнат на Европскиот самит во јуни 2019 година, лидерите на ЕУ ќе одлучат дали да започнат преговори за членство на Северна Македонија наспроти следнава позадина:I) Одговорноста за нападот во Собранието на 27 април 2017 година Со Никола Груевски, кој се шета слободно во земја членка на ЕУ и со Трајко Велјановски и петте други пратеници кои го организираа терористичкиот напад а се уште се во функција, коалицијата СДСМ-ДУИ ја негира политичката одговорност . Уште полошо, целиот процес стана апсолутна фарса со казнување на невиниот Абдулфетах Алими.II) Судските реформи и конечните казни во случаите на корупција и организиран криминал, вклучувајќи го и високото ниво и откриените злоупотреби со прислушувањата од 2015 година.Извештајот за напредок, со право укажува дека корупцијата е широко распространета во многу области и останува загрижувачко прашање. Независноста на судството не се почитува и политичкото мешање во судството останува нагласен проблем. Кога станува збор за конечните казни за злоупотребите откриени со прислушувањата од 2015 година, извештајот за напредок се реферира на казната на Никола Груевски кој прави туризам во Будимпешта и Сашо Мијалков кој ужива во удобноста на хотел Мериот во Скопје. Со нацрт-законот за идниот статус и надлежностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), постои јасен ризик од општа амнестија, кој ќе се овозможеше од страна на политизацијата на наследниците на СЈО, на кого ќе му се повлечат покренатите обвиненија по 30 јуни 2017 и нема да се дозволи материјалите од прислушувањата да се користат како доказ во постапката.III) Реформирање на разузнавачките и безбедносните служби. Како што е кажано од страна на Алијансата за Албанците во многу случаи, реформирањето на Управата за безбедност и контраразузнавање во Национална агенција за безбедност, предизвика две големи загрижувања. Прво, дискретното назначување на нејзин директор од страна на премиерот, покренува дилеми околу контролата и балансот. Второ, реформата не предвидува вистински процес за верификација на агентите за отстранување на влијанијата од времето на Југославија и на Груевски, како и на странските сили, како клучни елементи кои треба да бидат адресирани пред Македонија да стане членка на НАТО .IV) Реформи во јавната администрација. Во Извештајот за напредок се наведува дека владејачката коалиција масовно користела краткорочни назначувања и перманентно го прекршувала принципот на регрутација базиран врз заслуга во јавната администрација. Алијансата за Албанците постојано истакнувала дека администрацијата е заробена од владејачката коалиција и се користи како гласачка машинерија.Потфрлувањето на власта СДСМ-ДУИ за обезбедување конкретни реформи и враќање на довербата во државните институции беше двапати санкционирана од страна на граѓаните на Северна Македонија, еднаш на референдумот од 30 септември 2018, а потоа повторно во првиот круг од претседателските избори на 21 април 2019.Сега постои реален ризик неактивноста на владата да биде санкционирана од лидерите на ЕУ во контекст на пораст на чувствата против проширувањето во земјите-членки на ЕУ што ја објасни одлуката на ЕК за одложување на објавувањето на пакетот за проширување до после европските избори.Потфрлувањето на власта СДСМ-ДУИ за започнување на преговори летово, треба да го отвори патот за формирање на техничка влада за да ја подготви земјата за предвремени избори, како предуслов за создавање на вистинска реформистичката коалиција која ќе има сила и политичка волја да ја материјализира европската перспектива на Македонија.

Македонија | пред 6 години

1865077pjimagels

(ВИДЕО) Снимаше како врне, па оддеднаш настана хаос

Властите во американската сојузна држава Канзас ја проценуваат штетата откако дури дваесетина торнада ја погодија таа држава, корнејќи дрва, кинејќи далеководи и оставајќи зад себе оштетени куќи и станбени згради.Катастрофални последици има и во државите Мисури, Мисисипи, Охајо, Тексас, Оклахома…Бројни аматерски видеа се појавија на интернет, а посебно внимание привлече едно кое е снимено во Мортон во Мисисипи.Еден Американец снима како врне дожд и малку посилно дува ветер, а потоа одеднаш во неколку секунди се претвори во тотален хаос. Торнадото почнува да руши се пред себе.

Свет | пред 6 години

struja-4

Утре без струја повеќе општини во Скопје

Од 7:30 до 15 часот утре без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Киро Фетак“ во општина Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од  „ЕВН Македонија“ а.д.Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија утре од 8 до 11 часот ќе останат и корисниците од дел од ул. „Радован Ковачевиќ“ во општина Гази Баба.Од  8:30 до 16 часот струја ќе немаат корисниците од дел од Студеничани на влезот во селото, од 9 до 13 часот корисниците од дел од ул. „Дрезденска“ во општина Карпош и од 9 до 14 часот корисниците од дел од село Горно Оризари во општина Бутел.

Скопје | пред 6 години

18DD8705-E611-47E2-B824-5187C98C5E7F

Богоевски тврди дека зад објавената снимка стојат Груевски и неговите луѓе

Објавувањето на снимката има за цел да се направи политичка штета на владејачката структура за ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, oва го вели Павле Богоевски за Фокус, за снимката која излезе за него, за која тврди дека нарачува масло од канабис.– Профилите од кои беа објавувани снимките, локацијата која стоеше зад објавувачот, поточно Будимпешта, како и порталите кои први се нафатија да ја објават и да ја шират, ми укажува на тоа дека опозициски структури стојат зад оваа снимка. Има луѓе кои работат за Груевски. Не мора лично тој да е, но дека е од луѓе кои ја имале седницата за мандатот на Груевски на ум кога ја објавувале снимката не се сомневам, вели тој.

Македонија | пред 6 години

zicnica-696x463

Утре до 12 часот нема да работи жичницата на Водно

Поради одржување на „Алпинистичка вежба-Водно 2019“, Жичницата на Водно утре, 30 мај, нема да работи до 12 часот.Автобусите што сообраќаат кон Средно Водно ќе возат по вообичаениот возен ред.Времениот прекин на работата на Жичницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата, која ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полицијата, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи и ЈСП Скопје како субјект кој стопанисува со Жичницата.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања