Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

pozar-1

Изгоре кров, таван и две простории од куќа во Прилеп

На 28.05.2019 година во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во куќа сопственост на П.П.(70) на улица „Ѓоре Ѓорески“ во Прилеп настанал пожар во кој изгорела покривната конструкција, таванот и две простории.Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица Прилеп, а увид на местото на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

mvr

Кривична за 4 лица вработени во Министерството за економија – Биро за метрологија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.Т.(51), О.А.(37), Н.П.(38) и М.Т.(54), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во период од 25.12.2015 година до октомври 2016 година, пријавените, како вработени во Министерството за економија – Биро за метрологија, овозможиле да бидат легализирани патнички возила и покрај тоа што не ги исполнувале условите предвидени во член 24 од Законот за возила.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Сообраќајната полиција на терен во Тетово и Битола, откриени низа неправилности

На 28.05.2019 Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведе засилени контролни активности во кои биле откриени и санкционирани 70 различни видови прекршоци. Најбројни прекршоци биле неприлагодена брзина според условите на патот во и надвор од населено место(24), непрописно паркирање (17), истечена регистрација(6), непоседување возачка дозвола (3) и други. За овие прекршоци поднесени се 26 прекршочни, 36 мандатни платни налози и 14 писмени предупредувања.Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 28 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 335 возачи, од кои седум возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила, брзината ја надминале 24 возачи, двајца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а додека еден возач не користел сигурносен појас.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од туѓа парцела извршил бесправна сеча на 184 кубни метри дабови дрва

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.С.(57) од село Туин, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“. Од август до октомври 2018 година во атар на село Туин, кај место викано „Башоски ливади“, пријавениот од парцели во туѓа сопственост извршил бесправна сеча на 184 кубни метри дабови дрва.

Македонија | пред 6 години

6-4-1

Свечено отворање на автопатот „Арбен Џафери“, Скопје - Приштина за 45 минути

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана од неговиот хомолог, претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели, присуствуваше на свеченото отворање на автопатот „Арбен Џафери“, кој ќе има големо влијание врз севкупната економска соработка и развојот на приватниот бизнис-сектор. Со ова инфраструктурно поврзување, патот помеѓу Приштина и Скопје ќе трае само 45 минути.

Македонија | пред 6 години

vmro-komisija

ВМРО ДПМНЕ со низа на забелешки за текот и дневниот ред на седницата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања имаше низа на забелешки во однос на текот и дневниот ред на седницата. Владејачкото мнозинство предводено од СДСМ не дозволи на дневен ред да се постави точката која беше формално поднесена од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, а која се однесуваше за барање за разгледување на прекршувањето на членови од етичкиот кодекс од страна на пратеникот Павле Богоевски кој е носител на функцијата претседател на деловнички и мандатно-имунитетната комисија. Ова барање беше формално поставено од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на претходната седница на Комисијата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пратеничката Невенка Стаменковска истакна дека Богоевски сторил кривично дело и токму поради тоа мора да биде променет од позицијата претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања поради кршење на етичкиот кодекс на Собранието.Во поглед на дополнување на точката на дневниот ред, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ го побара тоа од вас, но одлуката што е морално и што е етички после јавното признавање на пратеникот Павле Богоевски за сторени кривични дела и посебно нарушување на угледот на Собранието на Република Македонија и кршењето на етичкиот кодекс, одлуката треба да биде ваша, вели пратеничката Невенка Стаменковска.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа на дневен ред да биде ставена промената на претседателот на Комисијата поради морални и етички причини, поточно Етичкиот кодекс кој е потпишан од пратениците на СДСМ и лично од се уште актуелните претседател на комисијата Павле Богоевски.Очекував дека ваш предлог ќе биде промена на претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.Според информациите кои што ги имам вие како пратеничка група го имате потпишано тој етички кодекс, колегата Павле Богоевски го има потпишано тој етички кодекс и повикувајќи се на изјавите кои што сам ги даде колегата, почитувајќи ја презумцијата на невиност очекував од морални причини да вие како пратеничка група истиот го повлечете од претседател, а вие бидете претседател на таа комисија, додаде тој, стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев-Тимоние: Почитувајте ја реалноста по европските избори и блокирајте го приемот во НАТО и ЕУ оти засекогаш остануваме Македонци

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев придружуван од членот на Извршниот комитет Ацо Николовски оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристиан Тимоние и заменик-амбасадорот и прв советник Станислас Мрозек.На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, стратешките приоритети на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа и новите околности со подемот на националните партии по изборите за Европскиот парламент.Претседателот Бачев нагласи дека новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе го поништи договорот со Грција за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право. Тој ги запозна соговорниците со меѓународно правно-признатите основи и процедури за ништовноста и пренесе дека македонскиот народ никогаш нема да го прифати бришењето на се што е македонско оти сакаме да бидеме свои на своето.Во однос на ево-атланските процеси, претседателот Бачев нагласи дека народот референдумски се изјасни дека не сака членство во НАТО и ЕУ и промена на вековното македонско име. Марионетскиот премиер Заев ги лаже сите - и дипломатските претставници во земјата и народот дека Македонија нема алтернатива за евро-атланските интеграции.Соговорниците пројавија интерес околу алтернативите на Македонија заради што Бачев ја изложи надворешно-политичката определба на Единствена Македонија за стратешко партнерство со Русија кое го обезбедува опстанокот на Македонија и Македонците.Претседателот на Единствена Македонија повика на почитување на новата реалност по европските избори со подемот на националните партии за нова Европа заснована на работа, слобода, народ, право и правда во чии рамки се остваруваат македонските национални интереси, заради што побара од Франција да го блокира приемот на Македонија во НАТО и ЕУ со кој прием се брише се што е македонско.Претседателот на Единствена Македонија истакна дека во земјата владее безаконие, корупција и криминал, а марионетскиот премиер Заев и врхушката околку него трупат огромни богатства од позиција на власт. Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија е ревизија и одземање на украденото во приватизацијата и постприватизацијата во кои во изминатите 30 години се украдени околу 15 милијарди евра народни пари. Бачев истакна и дека е загрижувачки односот на НАТО и ЕУ кои не ги интересира грабежот врз грбот на народот туку сакаат само марионети кои верно им служат во геноцидниот проект за бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Бачев му изрази благодарност на амбасадорот Тимоние за неговите секојдневни активности и иницијативи низ Републиката на образовен и културен план за поблиско запознавање и зближување меѓу македонскиот и францускиот народ.

Македонија | пред 6 години

prisluskuvanje

Објавени нови бомби на ФБ - објавувачот пишува дека ова е само почеток

Не запира објавувањето на нови „бомби“. Денеска на социјалната мрежа фејсбук објавени се неколку нелегално прислушувани разговори. Објавувачот за последната „бомба“ која ја постирал, напишал дека е разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, а зборуваат за Блерим Беџети, поранешниот министер за правда, објави Фокус.Фокус уште пишува дека втората бомба е на албански јазик, а објавувачот тврди дека зборуваат Муса Џафери и Бекир Асани. Објавени се и уште шест бомби, со назнака дека тоа е само почеток.-Ова е само почеток на публикации на некои прислушувани разговори во кои се вклучени Али Ахмети и Муса Џафери, напишал објавувачот, додавајќи дека кумановската група, мислејќи на осудените за Диво Насеље, поседуваат уште разговори кои ќе бидат објавени, барајќи меѓународна истрага за случајот, за да наводно се откриела улогата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Профилот на објавувачот на „бомбите“ не е анонимен, има над 2.000 пријатели, а закачени се и повеќе фотографии, со симболот на УЧК.  *Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 6 години

sasa

Завршувањето на учебната година во Неготино ќе се прослави со Саша Ковачевиќ

Општина Неготино ќе го слави завршувањето на учебната година со познатата музичка ѕвезда од соседна Србија, Саша Ковачевиќ. Настанот ќе се случува на градскиот плоштад на деветти јуни, а покрај Ковачевиќ, најавени се гостувањата и на ,,2 Бона”, Таско и јутуберите Steffonator и GP.На 9 јуни (недела) на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи голем музички хепенинг под наслов “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” на кој учество ќе земат познати музички артисти од земјава и регионот. Настанот е во организација на ивент агенцијата “Ентфинити”, а ко-организатор и покровител на истата е Општина Неготино. Овој настан ќе биде организиран по повод завршувањето на учебната година и се планира истиот во иднина да стане традиционален. Дел од богатата програма на “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” ќе бидат најпознатите јутубери во земјава – Steffonator и GP, моментално најактуелното музичко дуо “2 Бона” заедно со Таско и специјалниот гостин на вечерта, големата балканска музичка ѕвезда - Саша Ковачевиќ.Подржувачи на овој музички спектакл кој за првпат ќе се случува во нашиот град ќе бидат и голем број на спонзори, кои ќе бидат објавени дополнително, се вели во соопштението од општина Неготино.

Македонија | пред 6 години

velosipedi

Општина Центар доделува субвенции за велосипеди и тротинети

Од утре започнува повикот на Општина Центар за аплицирање за субвенции за купени велосипеди, електрични велосипеди и електрични тротинети. Повикот е во рамките на проектот кој Општина Центар го спроведува неколку години во континуитет под мотото „Цел Центар на точак“. Бидејќи годинава општината ја проширува мерката и вклучува субвенционирање и на електрични тротинети, годинешното мото на проектот е „Цел Центар на две тркала“.Имено, секој полнолетен жител на Општина Центар кој веќе од утре ќе купи велосипед, електричен велосипед или електричен тротинет може да достави барање за поврат на средства (субвенции) во висина од 30% од вредноста на велосипедот или тротинетот, но не повеќе од 3.000 денари. Потребни документи за аплицирање се: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и оригиналната фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купениот велосипед или тротинет, а правото на субвенција е еднократно.Барањата со комплетната документација се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје, барака бр.6, почнувајќи од 30-ти мај, по што подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.Проектот „Цел Центар на две тркала“ има за цел промоција на физичките, спортските и рекретивни активности, но и грижа за животната средина преку стимулирање на граѓаните што повеќе да користат велосипеди и тротинети како алтернативен транспорт. Со тоа значително ќе придонесат кон намалување на сообраќајниот метеж во градот, намалување на загадувањето и заштитата на животната средина.За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-600. 

Скопје | пред 6 години

K.Kostadinov

Костадинов : ВМРО-ДПМНЕ останува во одбрана на криминалот

Лицемерниот Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, повторно, по којзнае кој пат, го бранеа осудениот криминалец Никола Груевски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за мандатно имунитетни прашања не гласаа за одземање на мадатот на Никола Груевски. Се потврди она што цело време го говориме, Христијан Мицкоски е само пион во рацете на Груевски, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Граѓаните видоа, Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не си ги почитуваат ниту сопствените одлуки. А не поминаа ниту 24 часа. Ова покажува дека одлуките на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго туку лицемерни одлуки кои во суштина се сведуваат само на лажни вести.Во намерата да го одбранат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска тврдеа дека бегството од кривична одговорност на Груевски е оправдано отсуство. Наместо да повикаат на правда, отслужување на казната и да ги почитуваат законите.ВМРО ДПМНЕ наместо на интересите на граѓаните и државата единствено е посветена на заштита на криминалот на Никола Груевски.Во ВМРО-ДПМНЕ нема ништо ново, бегалецот Никола Груевски од Будимпешта ја контролира партијата, дава насоки и вистински управува со неа. На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните, која ќе се бори за правда и нема да брани криминал.Заглавена во матрицата на Никола Груевски, ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е полоша од кога било.Ги охрабруваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро да размислат, да се охрабрат и да се оградат од криминалната матрица на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, и на пленарната седница која и претстои да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 6 години

Foto-1-2

Претседателот Пендаровски ја прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народна банка

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народна банка на Република Северна Македонија.На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните текови во монетарната политика, во банкарскиот сектор, како и за актуелните случувања во економијата.Претседателот Пендаровски оцени дека Народна банка во досегашната работа покажа капацитет во постигнувањето на финансиската стабилност и одржувањето на сигурен банкарски систем, што во континуитет е позитивно оценувано и од страна на Европската комисија.Претседателот Пендаровски изрази уверување дека ќе продолжи континуитетот на успешно водење на монетарната политика, преку одржувањето на ценовната стабилност и дека Народна банка ќе продолжи да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Енергетски ефикасна фасада за СУГС „Цветан Димов“

СУГС „Цветан Димов“ е уште едно училиште кое ќе добие нова енергетско ефикасна фасада, со што Град Скопје продолжува да инвестира во средното образование. На почетокот на градежните работи за реконструкција на фасадата присуствуваше градоначалникот Шилегов.- Новата енергетски ефикасна фасада на „Цветан Димов“ ќе има специфичен визуелен и естетски стил, односно ќе биде стаклена со алуминиумски композитни панели во боја. Оваа реконструкција ќе заштеди енергија и полесно ќе се одржува температурата во зимскиот и во летниот период во училиштето. Учениците и професорите ќе имаат поквалитетни и подостоинствени услови за настава – рече Шилегов.Градот Скопје само минатата година инвестираше во повеќе сегменти од образованието - половина од училиштата добија енергетско ефикасни фасади, во другата половина од училиштата се реконструираше внатрешноста во согласност со потребите, беа обезбедени стипендии за над 100 средношколци спортисти, а беа ангажирани и 17 образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби. Исто така, сите средношколци без исклучок добија бесплатен јавен градски превоз, а во осум училишта беа направени тоалети за лицата со попреченост и беа обележани паркинг-места за лицата со посебни потреби во кругот на училиштата.

Скопје | пред 6 години

jelena-zugic

Жугиќ : Заев го измете Шилегов од својот двор, но проблемот е депонијата надвор од дворот

Најнеспособниот градоначалник Шилегов доби метла од партиските кругови, но проблемот е неговата неработа како градоначалник. Граѓаните немаат интерес од потпретседателот Шилегов, туку проблемот е градоначалникот Шилегов. Добро е што неговата партија призна дека тој е неуспешен, сега на ред е оставка како градоначалник, истакна Јелена Жугиќ.Петре Шилегов треба да добие метла како градоначалник затоа што: -Е единствениот кому му украдоа урбана опрема за фонтаните и покрај ангажирана чуварска служба. Сега штетата ќе ја плаќаат скопјани;- Затоа што 2 години ја закочи изградбата на новиот луна парк, кој досега требаше да биде готов;- Затоа што додека скопјани се гушат во смет, зони на Скопје се без соодветен водовод, прептријатијата бележат загуба, се зголемува паричниот надоместокот на членовите во управните и надзорните одбори на градските претпријатија;- Затоа што за Шилегов не е проблем тендерот доделен на невенчаниот сопруг на министерката од владата која ја води партијата каде до скоро беше и самиот тој потпретседател, не за него тоа не е проблем;- Затоа што го поскапе паркингот;- Затоа што ветуваше Скопје со чист воздух, а добивме најзагаден град во светот;- Затоа што нема ниту еден ново изграден булевар, парк ниту пак започна било каков капитален проект;- Затоа што Петре вети многу, а не оствари ништо.-И секако затоа што ги навреди членовите на ВМРО-ДПМНЕ и партијата со зборовите простотилук и фашисти;Недавањето на оставка на Петре Шилегов ќе докаже дека операцијата метла е само сеење на магла и однапред договорена операција за спас на нивните пропаднати политичките кариери, истакна Јелена Жугиќ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Повреден моторциклист во сообраќајна несреќа пред Собрание

Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски“ во Скопје.Повредениот е веднаш префрлен во Градската болница. Полицијата врши увид.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Богоевски си остана на зборот : Прво седница за предлогот за одземање на мандатот на Груевски, па оставка

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања изгласа предлог до Собранието да му се одзеде мандатот на избеганиот осуден пратеник Никола Груевски, кој повеќе од 6 месеци не се има појавено на собраниски седници. По седницата на својот фејсбук профил се огласи пратеникот Павле Богоевски. Тој на ФБ напиша:Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања го изгласа Предлогот за одземање на мандатот на никола груевски.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа, иако беа присутни во салата. Останува да видиме дали доволен број од нив ќе имаат сила да се одречат од својот пастир на пленарната седница, каде се потребни 80 гласа ЗА одземање на мандатот на почесниот претседател во бегство.Според Деловникот, за мандатот на нг треба да се расправа на наредната пленарна седница. Писмото за престанок на мојот мандат ќе го заверам во службите по гласањето, без разлика на исходот.#ЗбогумНикола https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10218118964868684

Македонија | пред 6 години

002

Заев се сретна со претставници на МАКАМ – ТРАНС разговараа за прашања од интерес на превозниците

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и претставници од неговиот кабинет од секторот за транспорт, се сретна со претставници од МАКАМ – ТРАНС, Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во нашата држава, предводени од генералната секретарка Биљана Муратовска.На средбата е разговарано за прашања од важност за превозниците и е договорено, по насока на премиерот Заев, низ уште поактивна институционална соработка, да се пристапи кон нивно решавање, согласно законите во земјава и искуствата и регулативите од ЕУ.Од страна на претставниците на МАКАМ – ТРАНС е истакнато дека за прв се примени од еден премиер, со којшто можат отворено да разговараат за отворените прашања, проблеми, искуства што ги имаат со цел нивно поефикасно надминување.На денешната средба договорено е зголемување на заложбите за реализација на обезбедувањето дозволи согласно Спогодбата за асоцијација и стабилизација потпишана со ЕУ, споделени се информации околу финализирање на Спогодбата со Германија за штаер картата, што би значело и намалување на трошоците за патни такси, постигната е согласност за вложување поголеми напори за освојување на нови транспортни пазари како: Казахстан, Киргистан, Азербејџан, Грузија, Ерменија преку потпишување билатерални спогодби. На средбата е разговарано и за доделувањето ЦЕМТ дозволи во интереси и на големите и на малите превозници на стоки, со цел рамноправност, но и мотивираност на работодавачите за нови вложувања.Разговарано е за можностите за решавање на проблемите со казни што ги имаат превозници од нашата држава на некои царински простори во други држави, поради причини на коишто превозниците не можат да влијаат.Договорено е, претставниците на МАКАМ – ТРАНС да достават забелешки на законите коишто се во собраниска процедура, а коишто се однесуваат на транспортот, со цел обезбедување што поширока прифатливост за засегнатите страни.

Македонија | пред 6 години

rociste

Усвоен предлогот на комисијата за одземање на мандатот на Никола Груевски

Со 5 гласа „ЗА“, ниту еден против и ниту еден воздржан Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања го усвои предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.  Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснија за предлогот, ниту гласаа за дневниот ред на седницата. Собранието допрва треба да донесе одлука за одземање на мандатот на Никола Груевски кога предлогот ќе се најде на пленарна седница. Потребно е двотретинско мнозинство за одлуката.Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска повикувајќи се на членот 8 од Уставот и Декларацијата за човекови права рече дека не може кој било да биде неоправдано отсутен ако го искористил своето право да бара азил.Потпретседателката на Комисијата Снежана Калевска-Ванчева пак рече дека очигледно е дека има различно толкување на Уставот и Деловникот и дека за одземање мандатот е потребно двотретинско мнозинство.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов ги повика Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Ги повикуваме сите пратеници, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски.Законот почитувани граѓани, мора да важи подеднакво за сите без исклучок. Јавноста, граѓаните, ги следат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ја испочитуваат сопствената одлука донесена вчера на Извршниот Комитет, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да си ја врамат вчерашната одлука на Извршниот Комитет затоа што тоа им е единствена нивна одлука која е во согласност со уставот и законите.За жал, мора да констатираме дека Мицкоски повторно нема храброст јавно да соопшти одлука и личен став за Никола Груевски бидејќи токму тој е неговиот ментор. Токму Груевски од Будимпешта го контролира Христијан Мицковски.Исто како што тоа го правеше Никола Груевски и Мицкоски сака и префрла одговорност на неговите пратеници кога му е тешко, тој лично, да соопшти негов став. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека нема да смеат да се појават пред граѓаните доколку повторно го заштитат нивниот почесен претседател, истакна истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

FB_IMG_1559124925029

И Најчевска посакува советничко место кај Заев

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека очекува во најскоро време да биде поставена како советничка за балет и сродни уметности во кабинетот на премиерот."Очекувам во најскоро време да бидам повикана од кабинетот на Премиерот на мојата нова функција: советничка за балет и сродни уметности.Преговорите за надокнадата за моите високо-професионални советнички услуги се во тек.Не се согласувам да имам ни денар помалку од Цветанка Ласкова (со која ќе комуницирам на дневна основа) или од она детето, како се викаше? аааа, да, синот на Нано Ружин од кој очекувам да ме запознае со ноќниот живот по франкофоните метрополи. Со Венко Андоновски не би се дружела. Некако досаден е бре, а и може веднаш да ми се наџитка да ми пишува биографија. Не фала.Не сум сигурна која ќе биде мојата работа, меѓутоа спремна сум да дадам најдобри и најпрофесионални совети од областа за која појма немам.Во текот на мојата советодавна работа имам намера да ги посетам сите театри во Европа, Америка, Канада и Австралија со цел што подобро советување на Премиерот ни", напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

maxresdefault-2-1

Манасков: Се надевам дека ќе ја завршиме сезоната со трофејот во Лигата на шампионите

Манасков препознатлив по својата одлична техника и брзи контри, говореше во интервјуто за ЕХФ и неговите очекувања за завршниот ракометен спектакл во Лигата на шампионите.„Клубот секогаш цели на титулите, професионално мораме да се соочуваме со ваквите позитивни притисоци. Се чувствувам добро и среќен сум што и следната сезона ќе го носам дресот на Веспрем. Ова ќе биде моето прво учество на Келн, тоа е сон на секој ракометар. Се надевам дека покрај титулата во унгарскиот шампионат, ќе ја завршиме сезоната и со трофејот во Лигата на шампионите. Нема фаворити, двапати триумфиравме против Келце во групната фаза, но беше тесно“, изјави Манасков.На 1 јуни во Келн први стартуваат Веспрем и Келце од 15.15 часот, а од 18.00 македонскиот шампион Вардар ќе ги одмери силите против Барселона.

Спорт | пред 6 години

mega10-653x800

Забавниот парк „Мега“ останува во Скопје до крајот на јуни

Поради големата посетеност и позитивните реакции, паркот „Мега“ во Скопје ќе остане до крајот на јуни. Влезот е бесплатен, а користењето на реквизитите и адреналинските возења чини од 50 до 200 денари.Паркот со адреналински атракции се наоѓа на „Илинденска“, веднаш до СЦ „Борис Трајковски“. Најатрактивни возења за посетителите се Enterprise, Star Tower, Vortex, Kamikaze, Pop Stars и Break Dance- сите со високо ниво на адреналин. Сите реквизити се лиценцирани, со што се гарантира нивната безбедност.Адреналинскиот забавен парк „Мега“ е главна атракција за децата, но и за возрасните. Отворен од понеделник до недела, секојдневно привлекува посетители од целиот град, а за викенди и од целата држава.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Со „Аида“ од Џузепе Верди ќе бидат затворени 47. Мајски оперски вечери

47. Мајски оперски вечери ќе се затворат со изведбата на величествената „Аида” од Џузепе Верди на 31 мај во 20 часот во Националната опера и балет.Спојот на традицијата со визуелната иновација, футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта. Продукцијата е на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија. Диригент е Диан Чобанов од Бугарија, диригент со богата европска кариера.Во главните улоги ќе настапат Русинките Олга Романко како Аида и Ирина Долженко како Амнерис. Во улогата на Радамес ќе настапи првенецот Ѓорѓи Цуцковски, додека во улогата на Амонасро ќе настапи Анџело Веча, гостинот од Италија. Улогата на Фараонот ќе ја исполни Александар Стефаноски.

Магазин | пред 6 години

nano-ruzin-960x540

Според Ружин, Манфред Вебер е добро решение за Македонија

Нано Ружин, ректорот на Универзитетот ФОН смета дека позициите на Емануел Макрон и на Ангела Меркел се ослабени во рамките на ЕУ по европските избори изминатиот викенд. Сепак смета дека неповолно за Македонија и Албанија, и покрај очекуваната препорака за добивање датум за преговори, е тоа што никој не ги споменувал овие две земји во текот на предизборната кампања."Македонија може да се надева на позитивен епилог во пакет со Албанија или самостојно, со оглед дека Албанија треба да помине тежок тест на локалните избори во јуни, и сегашната ситуација таму не е баш позитивна. Можеби слабеењето на Макрон и големиот успех на СДП во Холандија, како и успехот на полските, унгарските и бугарските десничари кои го поддржуваат проширувањето на ЕУ на Балканот, може да бидат одлучувачки позитивни фактори за Скопје. Секако дека постои традиционален позитивен став на германската канцеларка Меркел кој го поддржа почетокот на преговорите со Македонија", истакна Ружин за Ал Џезира.Кога станува збор за избор на претседател на Европската комисија, смета дека Манфред Вебер е можно "среќно решение" за Македонија, затоа што "го поддржува проширувањето на ЕУ кон Балканот".

Македонија | пред 6 години

6-4

Средба на Заев со членовите на Dancers United: Ова што го правите е амбасадорски успех, горди сме со сите вас

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со членовите на групата Dancers United, кои освоија златен медал на Светскиот куп во рамки на Европското првенство во Римини, Италија во 2019 година, како и први места на светското првенство во Полска и европското првенство во Италија во 2018 година. Со нив беа и нивни родители, тренери и ментори.„Браво членови на Dancers United. Нашата земја и нашиот народ се горди на сите вас. Ова што вие го правите за промоција на државата е амбасадорски успех. Вие продолжете со вашите заложби, а сметајте и понатаму на мојата поддршка и на поддршката на Владата во сите ваши нови предизвици“, им рече премиерот Заев на членовите на групата, на нивните родители и на тренерите и менторите.Премиерот Заев ги слушна убавите искуства од настапот во Римини, Италија. Тие соопштија дека членовите на Dancers United се веќе препознатливи и за европската и за светската јавност. При тоа  изразена е посебна благодарност до премиерот Заев, до Кабинетот на премиерот и до Владата, за поддршката којашто придонесува во нивната презентација во светот, како и во мотивацијата, поради поддршката и признанијата што ги добиваат во својата држава.„Во име на Владата на Република Македонија, на танчерите од Dancers United доделувам Признание за ентузијазмот, трудот и упорноста со коишто членовите на оваа танчерска група успешно работат на инклузија на лицата со попреченост и за благородната цел – општество еднакво за сите“, соопшти премиерот Заев при врачување на Признанието.И членовите и претставниците на Dancers United му дадоа на премиерот Заев Благодарница, за особен придонес за талентите и можностите на групата Dancers United.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања