Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

stan-gori

3-годишно дете заврши на Клиника по вчерашниот пожар кај Универзална

На 28.05.2019 година во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Смирненски“ избувнал пожар во стан во кој престојувала  В.С. (43).Во моментот кога избил пожарот во станот се ноѓале Д.В.(31) од Радовиш и нејзиното тригодишно дете кои се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад поради што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.Пожарот бил целосно изгаснат околу 10.20 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

Скопје | пред 6 години

hazbi-lika

Хазби Лика доби функција во разузнавачките служби, наместо „метла“

Вицепремиерот за рамковен договор, Хазби Лика, ќе биде член на Советот за координација на разузнавачката заедница.Лика автоматски ја добива оваа позиција, согласно законот за координација кој вчера го потпиша претседателот, Стево Пендаровски. Според законот вицепремиерот за рамковен договор е еден од осумте члена на советот кој ќе ги координира разузнавачите активности.Вицепремиерот кој е познат по тоа што не оди на работа и не го реши проблемот со вработените по Рамковен кои седат дома а земаат плата, согласно одредбата во новопотпишаниот закон, ќе стане еден од 8-те членови на советот кој оперативно ги предводи разузнавачките активности.За ова реагираа од партијата Граѓанско Демократска Унија.„Кога сите очекуваа дека Хазби Лика ќе „лета“ тој си доби и нова функција. И внимавајте, истиот тој, ќе биде дел од телото кое ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност. И иронијата да биде поголема, пратениците кои изгласаа да се укине секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и да се формира ново министерство , истите тие народни избраници сега му обезбедија место на Лика во Советот за координација на разузнувачката заедница.Да потсетиме дека Лика е професор по албански јазик и книжевност. Весникот „Време“ во декември 2004 година објави дека во МВР постоела службена белешка оти Лика познат како командант Чела, за време на конфликтот во 2001 година бил еден од дваесеттемина учесници во озогласениот масакар кај Вејце, во кој беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и припадници на полицијата. За истиот тој Лика, додека бил градоначалник на Тетово, Државниот завод за ревизија во извештајот за состојбата со буџетската потрошувачка за 2009 година, утврди дека биле потрошени 5,3 милиони денари од буџетот, кои не биле во согласност со законската регулатива“, стои во соопштението на ГДУ.

Македонија | пред 6 години

avtopat-tetovo-skopje

Затворена левата коловозна лента на автопатот Скопје-Велес

Од Автомото сојузот на Македонија соопштуваат дека на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу наплатна станица Сопот и Башино село, денеска ќе се изведуваат градежни активности. Поради тоа ќе биде затворена левата коловозна лента од 10:00 до 13:00 часот.На самото место е поставена соодветна сигнализација за работа на пат.

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_377552

(ВИДЕО) Силно невреме со град во Романија, автомобилите уништени

Големо невреме го погоди романскиот град Залау, каде што за пет минути паднала огромна количина на град, која била доволна да го опустоши градот и да направи голема материјална штета.Парчињата мраз кои имале пречник и до пет сантиметри оштетиле стотици возила, покриви од куќи и фасади.Според медиумите , во еден момент паѓал град со големина на човечка дланка, па стотици автомобили биле практично демолирани.Од силината на ударите биле оштетени бројни покриви и фасади, а невремето со град било проследено и со силни ветрови, а било забележано дури и торнадо.

Свет | пред 6 години

11tornado-vid-superJumbo

55 торнада погодија осум држави во САД

Националната администрација за океан и атмосфера (НОАА) соопшти дека прелиминарниот изештај за страшните олуи покажува дека дури 55 торнада се појавиле во понеделникот во осум држави во САД.Доцна синоќа големо и опасно торнадо го зафати и западниот дел на Канзас Сити, во државата Канзас, објави Националната метеоролошка служба. Според властите, најмалку 11 лица се повредени. Големината на штетата во моментов не е позната.Во извештајот се констатира дека невреме го зафатило централниот дел на земјата, при што 14 торнада имало во Индијана, 12 во Колорадо, 9 во Охајо, 7 во Ајова, 5 во Небраска, 4 во Илионис, 3 во Минесота и едно во Ајдахо на Запад, пренесе АП.Торнадата на места предизвикаа поголема материјална штета, а во Индијана оштетени се 75 куќи.Би-би-си наведе дека околу пет милиони лица биле погодени со недостиг од електрична енергија што ја предизвикале торнадата.

Свет | пред 6 години

133474234-105843-207971

Променет сообраќаен режим на овој патен правец

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Mакедонијапат известува дека од 29.05.2019 - (среда) во наредните седум работни дена ќе се изведуват градежно асфалтерски активности на Регионалниот патен правец Р2137, на делот помеѓу млекара Дуброво и село Војшанци. За време на изведувањето на асфалтерските работи во целост ќе биде во прекин сообраќајот од 10 до 16 часот. Како алтернатива ке се користи патниот правец Демир Капија - Корешница. На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.Виадукт трејд ДООЕЛ Гостивар, известува дека на ден 27.05.2019 па се до 29.05.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А4, патен правец Штип - Кадрифаково за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

odlucen-udar_4

Вежбата „Одлучен удар“ во јуни во Битола

Општина Битола беше домаќин на работната средба на која се разговараше за подготовките за вежбата „Одлучен удар“, која ќе се реализира во периодот од 05 јуни до 09 јули на ЦПО Криволак.На работниот состанок со секретарот на Општина Битола, присуствуваа претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот, раководството на вежбата, како и претставници на силите на САД во Европа.Вежбата „Одлучен удар“, вклучува интероперативност, интеграција, интеракција, комбинирана здружена вежба, 2 ротации, боеви гаѓања, теренски активности, презентација на способности и дружења во повеќе градови.Во рамките на активностите кои се дел од вежбата, на 29 јуни во Битола, предвиден е тактичко технички збор на воени возила, вооружување и опрема кои што ги користат Армијата на САД и нашата армија.

Македонија | пред 6 години

36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

Утврден Предлог-Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион

На денешната 137 редовна седница, Владата на Република Македонија го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, и донесе одлука тој да биде доставен на усвојување во Собранието на РСМ.Во Предлогот на законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион се имплементирани обврските што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Организацијата на обединетите нации за образование, наука и култура, и се создаваат формално-правни предуслови, преку интегрирано управување со природното и културното наследство, да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион, како и да се преземат мерки за негово активно вклучување во животот на заедницата како фактор на одржливиот развој.Владата на РСМ посветено работеше на донесувањето на овој закон, и на седницата беше нагласено уверувањето дека со новиот состав на Советот за следење и координација на управувањето со природното и културно наследство во Охридскиот регион ќе се зголемат капацитетите за ефективно управување со природното и културното наследство во овој регион.Согласно предлог-законот Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион ќе се донесе најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.До донесување на Планот времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и постапките за вклопување на бесправно изградени објекти и времено се прекинуваат постапките за изработување и донесување на урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации, како и постапувањето по донесените урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации. Овие активности ќе продолжат по донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство.

Македонија | пред 6 години

arsovski-pred-antikorupcika

Арсовски: Заев се обидува да направи стабилизација на сопствената позиција

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при вчерашното гостување на емисија на 1ТВ посочи дека Заев се обидува да направи стабилизација на сопствената позиција по изгубените 200.000 гласа на претседателските избори.-Јас и вчера јавно на едно мое ТВ излагање наметнав една теза тоа е дека во моментов  под оној превез на метлата кој што можеби и почна како еден пи-ар момент помеѓу двата круга подарувајќи му Драган Спасов – Дац кој што е можеби и еден од првите кои го опфати таа метла како неуспешен раководител на институција. И сметам дека под овој превез на метлата се крие можеби и внатрепартиска борба односно стабилизација, при што Зоран Заев се обидува да направи стабилизација на сопствената позиција бидејќи сепак за тој огромен пад на гласови можеби околу 200.000 на овие избори треба некој да одговара, појасни Арсовски.Арсовски додаде дека е нормално кога некој треба да одговара треба да почне следствено од врвот на пирамидата па надолу. Но тука знаеме дека со сите неспроведени политики, со сите лажни ветувања, со сите неостварени проекти и низа скандали, требаше одговорноста да почне од Зоран Заев.Но Зоран Заев во моментов си остави еден период каде што е тој единствен човек кој разрешувајќи ги сите во СДСМ, тој остана човек кој само тој може да одлучува за сите понатамошни одлуки во СДСМ, нагласи Арсовски.

Македонија | пред 6 години

kosovo

Поранешен градоначалник раскажа за упадот на РОСУ во Зубин Поток

Некогашниот градоначалник на Зубин Поток вели дека од спорот на Северно Косово кон крајот на 90- те, не памети ваков излив на насилство каков што имаше вчера при упад на „РОСУ“ во општената и наведува дека тоа што се случило не било претарано користење на сила, туку вооружен напад.„Тоа беше крвничко насилство, не можам ни да опишам, користеа оружје, шок бомби, се што им дојде при рака, а ние не фрливме ни еден камен“, вели Вуловиќ, додавајќи дека сега ситуацијата е мирна.Тој истакнал и дека скоро шест часа граѓаните пружале мирен граѓански отпор и ги држеле скоро шест часа силите на Росу надвор од местото, порачувајќи им дека сето тоа е нивно.„Уништија се штом им се најде на патот, тепаа луѓе, ги извлекуваа на сила од дома, ми пукаа од зад грб, но за среќа не ме погодија, ми пукаа во колата. Беше полошо, отколку што беше во војната“ рекол Вуловиќ.Според него, откако се завршило, и со оглед на тоа дека во согласност со државниот врв на Србија го контролира отпорот на Србите да бидат мирни и ненасилни, сограѓаните го критикуваа дека не ги враќа насилничките и вооружените мажи на сторителите.Смета дека ова е последен пат граѓаните да имаат трпение.Споредувајќи ја ситуацијата со минатогодишното апсење на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, Вуловиќ вели дека "апсењето е мала работа".Тој наведува дека тој бил присутен и при апсењето во март 2018 година, и дека тој бил претепан по тој повод и, до ден-денес, има "хематом“ од кундакот."Јас го преживеав сето ова, тоа беше ужасно, но траење неколку минути, а кога нешто трае шест часа, кога има една барикада, друга барикада ... денес беше многу потешко", вели Вуловиќ.Според него, сè е направено правилно, а членовите на РОСУ ја напуштиле областа на општина Зубин Поток околу 12.20 часот.

Свет | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Од денеска детскиот и образованиот додаток ќе го користат за 20 пати повеќе деца

Од денеска, започнува реализацијата на мерките од новата социјална реформа целосно го  преобразува системот за социјална заштита и трајно извлекува од сиромаштија, велат од СДСМ.„Тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчлените семејства со приходи до 15.000 денари од денеска можат да се пријавуваат во локалните центри за социјални работи, за да може надоместоците да ги добијат со исплатата во текот на идниот месец.Една од новините кои ги носи оваа реформа е тоа што се проширува достапноста на детскиот и образованиот додаток за 20 пати повеќе деца. А освен домаќинствата кои примаат социјална помош право на овие додатоци ќе имаат и други домаќинства.Наместо досегашниот  опфат од 3.200 деца, сега детскиот  додаток ќе го користат 73.500 деца, додека  пристап до образованиот додаток отсега ќе имаат 64.136, наместо 3.800 деца како досега.За прв пат , корисниците на Гарантираната минимална помош, ќе добијат и детски додаток како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение, сега се трансформира во право на додаток за образование.Се воведува и мeрката траен надоместок. Родител кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ, може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари месечно.Се обезбдува и паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања.Ова се дел од мерките што со воведувањето на социјалната реформа обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, ја намалуваат детската сиромаштија и ги унапредуваат правата на лицата со попреченост.Ги охрабруваме сите граѓани, кои ги исполнуваат условите, да се пријават со локалните центри за социјална работа за навремено да ги остварат правата што им следуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

banki-2

Како тргнале Заев и Тевдовски со задолжување, бројчаникот наскоро ќе прегрее, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев ги задолжува македонските граѓани по 2,5 милиони евра секој ден. И празник и делник Зоран Заев зема едно ипол евро, кое ќе треба да го враќа секој жител на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„И бебињата и пензионерите и вработените и невработените, буквално секој поединец ќе треба да враќа по приближно 20 евра. Од почетокот на годината до сега толку Заев го има задолжено секој човек поединечно. Едно четиричлено семејство има за враќање неверојатни 800 евра.Зоран Заев и Драган Тевдовски вчера повторно ја задолжија државата, овој пат за 40 милиони евра.Не поминува месец, а власта да не земе заем. Се земаат милиони кои треба да ги враќаат идните генерации, а притоа ништо не се прави, нема инвестиции, нема проекти.Задолжувањето е единствено оправдано кога со него се финансираат капитални проекти. Во Македонија под СДСМ капитални проекти нема. Имаме само стагнација.Заев и Тевдовски треба да одговорат каде завршуваат милионите кои секој месец ги земаат?Дали државата ја задолжуваат за да ги плаќаат вработувањата на роднините на функционерите кои ги вработија во јавниот сектор? Или можеби одат за тендери кои ги добиваат фирми блиски до власта?Откако СДСМ ја води државата долгот се зголемува. Над половина милијарда евра е новиот долг на државата. А притоа нема ништо изградено.Како тргнале бројчаникот за задолжување наскоро ќе прегрее.Заев и Тевдовски буквално ја туркаат државата кон сиромаштија.Метлата која што ја најави Заев треба да ги измете и него и Тевдовски. Во спротивно штетите по буџетот ќе бидат огромни“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

guzva-u-saobracaju

Ќе се наплаќа влезот во центарот на Белград?

Српските медиуми пренесуваат дека наскоро би можело дококолку возите низ центарот на главниот град, Белград, да морате да платите.Првите луѓе на Белград барајќи решение за секојдневните сообраќајни метежи на улиците на главниот град на Србија се одлучиле за решение кое веќе постои во многу светски метрополи како што се Лондон, Сингапур и други. Одделот за градски сообраќај објавил тендер за изработка на студија „Управување со сообраќајот во Белград преку модел на тарифирање за пристап до централната зона“, објави изданието „Вечерње новости“.Тендерот ќе се отвори кон крајот на следниот месец. 

Свет | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Изминатото деноноќие 13 сообраќајки во Скопје

Тринаесет сообраќајни несреќи се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје, а во нив седум лица се здобиле со лесни телесни повреди. Како што соопшти МВР во осум од сообраќајните незгоди е предизикана материјална штета.Од сообраќај се исклучени 12 возачи кои управувале со технички неисправни возила,  додека „пајакот“ кренал 68 возила.Казнети се и тројца возачи кои не давале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, 18 за зборување на мобилен при возење, а 15 за неносење сигурносен појас.

Скопје | пред 6 години

dvoglav-orel

(ВИДЕО) Косовски специјалец во транспортното возило покажува двоглав орел при апсење на Србин

На социјалните мрежи поставено е видео од вчерашната акција на Кососвските специјалци.На снимката се гледа како припадник на РОСУ по апсењето на Србин во транспортното возило со прекрстени раце го покажува симболот двоглав орел.За Србите ова е провокација, а за албанците пак на овој начин се изразува националната припадност.Видеото е превземено од „Kosova press“

Свет | пред 6 години

trud-i-soc-politika

Денес почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Сите лица кои се во социјален ризик денеска можат да се пријавуваат во надлежните центри за социјална работа, да поднесат барања за да може може да ги добијат новите надоместоци предвидени со социјалната реформа. Исплатата на социјалните права, според новите закони, почнува во текот на идниот месец, а помошта се зголемува за околу 300 отсто. Со реформата годишно во буџетот се предвидени две милијарди денари.Според МТСП, со реформата се опфатени сите кои досега примале социјална помош, домаќинствата со деца кои се со една минимална плата, невработени родители кои чувале деца со попреченост, а се над 62 години за жена и 64 години за маж, и лица над 65 години кои не оствариле право на старосна пензија, поради тоа што немат доволно години стаж, вклучувајќи ги и тие без ден работен стаж. Со социјалната реформа, МТСП очекува да се извлечат повеќе од 30.000 домаќинства од сиромаштија.Со оваа реформа се воведува семеен пакет или минимален адекватен приход што ги содржи во себе и детскиот и образовниот додаток, енергетскиот додаток, но и оној социјален трансфер што државата има обврска да го трансферира кон сиромашните семејства. Со целата реформа се зголемува за 20 пати бројот на деца кои ќе примаат детски и образовен додаток. Со реформата првпат се воведува и Закон за социјална сигурност на стари лица, а со тоа се воведува и државна пензија во износ од околу 6.000 денари, која се исплаќа преку социјалниот систем, а не како контрибуција од пензискиот систем. Шест илјади граѓани кои не оствариле право на старосна пензија првпат треба да го добијат овој надоместок.За лицата со попреченост дополнително се воведуваат мерки кои ќе го олеснат секојдневното живеење на родителите на децата со попреченост, но исто така сите трансфери кои се однесуваат директно за олеснување на живеењето на лицата со попреченост остануваат во овој закон како такви и постојано се унапредуваат. Се воведува траен надомест од 8.000 денари за сите родители кои чувале дете, а сега се на возраст од 62 или 64 години. Дополнително за оние родители кои имаат дете со попреченост, а се вработени надоместот за скратено работно време ќе изнесува до 50 проценти од просечната плата, а тоа е речиси за три пати зголемување на надоместокот кој денеска го земаат тие родители.Корисниците на социјална парична помош кои се веќе во системот, а имаат деца во образовен период (основно и средно образование) ќе бидат повикувани во центрите каде треба поднесат барање за да може во следната исплата во јуни која ќе се однесува за мај да им се пресметаат и образовниот и детскиот додаток и да се оформи семеен пакет.Со социјалната реформа четиричлено семејство со две школски деца ќе зема месечен надоместок од 10.600 денари. Ова е семеен пакет кој што ги содржи правата од гарантиран минимален приход, детскиот и образовниот додаток и енергетскиот додаток. Истото семејство сега најчесто земало социјална помош од околу 3.000 денари.

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска и Поповски на конференција за намалување на корупцијата

Министерката за правда Рената Дескоска и министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, денес, ќе учествуваат на конференцијата посветена на „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис - сектор“, што како проект финансиран од Европската Унија, го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Здружението на граѓани Конект.Министерката Дескоска на конференцијата, која започнува во 11:00 часот во хотелот Холидеј Ин, ќе има свое воведно обраќање на панелот „Важноста на интегритетот и намалувањето на корупцијата во бизнис секторот“, додека министерот Поповски ќе говори на панелот на тема „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ДЗС: Институциите да се подготват за обилни врнежи

Од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk.Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Оваа состојба се предвидува да трае до 15 јуни, а поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги известуваат сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

НаТочак ги повикува велосипедистите на роденденски протест

Под мотото „Револуција без институционална револуција“, денес, 29 мај, со почеток во 17:30 часот од Плоштад Македонија ќе се одржи 81. велосипедска Критична маса во Скопје, со која иницијативата „На точак“ и поддржувачите одбележуваат седум години од првиот ваков настан.Овој слоган е одбран бидејќи ја рефлектира седумгодишната борба за подобри услови за сите кои возат велосипед, кои од ден на ден се побројни на улиците, но, за жал, и разочараноста од институциите кои не го следат истото темпо во однос на воведување промени, подобри закони, подобра инфраструктура и безбедност во сообраќајот.,,7 години заедно возиме на скопските улици. 7 години пишуваме, критикуваме, предлагаме нови решенија, ги контактираме институциите. Критична маса во Скопје, па и во другите градови се профилираше како граѓански собир со јасни недвосмислени цели:– Подобри инфраструктурни услови за возење точак како превоз за сите граѓани од сите генерации и способности (не само за највештите и спортистите);– Создавање градови кои се велопријателски, каде при планирањето на улиците, велосипедскиот е барем еднакво важен како автомобилскиот сообраќај, градови каде може да се стигне на точак безбедно и удобно од која било до која било точка без прекин;– Градовите да го постават здравјето, безбедноста во сообраќајот, заштитата на животната средина како приоритет во своите сообраќајни и други политики.Во Скопје и во неколку други градови кај десетици, па стотиции, па илјадници граѓани се создаде доволно лична свест за да повикаме на институционална промена. Се создаде критична маса и промените започнаа, за жал, само во Скопје и многу скромно и споро.Идеите кои ги презентираше „На точак“ низ 80 настани Критична маса, толку едноставни и логични, илјадници изјави и стотици дописи и состаноци со институции, иако не се ништо ново и револуционерно и се пракса на европско и светско ниво, се сè уште револуционерни за нашите институции. Тоа се гледа во новите сообраќајни проекти (автопатски широки ленти низ градови, со огромни радиуси за автомобили, а смешен простор за пешаци и велосипеди), тоа се гледа во изјавите и дефилеата кои институциите ги организираат каде мешаат спорт и транспорт, тоа се гледа во заглавените тротоари каде луѓето не можат да го остварат основното право на ДВИЖЕЊЕ, тоа се гледа во бројот на сообраќајни жртви, тоа се гледа во копирањето на популистичката мерка субвенции без реални промени на терен, тоа се гледа во правилниците за урбанистичко планирање непроменети од времето на автомобилскиот бум минатиот век…”, се вели во соопштението на организаторите.Иницијативата ги издвојува најважните барања кои биле упатувани до институциите на кои е посветен овој 7. роденден:– Донесување правилник за проектирање велосипедска инфраструктура, кој е во процедура, но треба да се посвети поголемо внимание на неговото изготвување и да се донесе поскоро зашто во меѓувремето се проектираат супстандардни патеки, особено во другите градови.– Владата да ги обврзе сите поголеми градови да донесат план за одржлива обилност и тие планови да бидат со реални мерки и обврски, а не само приказни.– Изработка на стратегија за велосипедски сообраќај на ниво на држава, за градско, но и за меѓуградско поврзување. Таа би била целосно во насока на заложбите за чист воздух, но и за развој на одржливиот туризам.– Комбиниран транспорт: Јавен превоз (особено железнички) каде ќе биде дозволено и поттикнувано превезувањето и комбинирањето со велосипеди. Сите нови возови и автобуси да имаат можност за превезување велосипед, а старите да се адаптираат.– Поскоро донесување на планот за велосипедски сообраќај на Град Скопје и прифаќање на нашите забелешки.– Имплементирање на современ автоматизиран систем за изнајмување велосипеди во Скопје, па и во другите поголеми градови.– Паркингот за велосипеди да биде задолжителен за сите нови објекти. како што е задолжителен паркингот за автомобили. На едно место за автомобил собира 10 велосипеди, оваа обврска е смешно мала за инвеститорите, а ќе значи огромна практичност за жителите.– Донесување на Визија нула по примерот на Шведска на национално ниво со цел намалување на бројот на жртви од сообраќај постепено до нула. Можно е!– Спроведување патни диети на сите поголеми улици во Скопје и другите градови (стеснување на автомобилските ленти, некаде и намалување на бројот на автомобилски ленти, а воведување ленти за велосипеди, специјални ленти за јавен превоз, ослободување простор за повеќе зеленило)– Физички мерки за смирување на сообраќајот на сите улици низ цела држава, најпрво во околината на училиштата и градинките, а потоа по сите станбени улици.– Поврзување на Скопје по текот на Вардар по целата должина од двете страни од западниот до источниот крај на градот, ослободување на прекините од градежни активности, доградба на патеки онаму каде што е потребно, поврзување со краци со останатата мрежа, повеќе велосипедски возливи рампи, повеќе пешачко-велосипедски мостови. Кејот на Вардар треба да биде нашиот велосипедски автопат. А текот на Вардар низ Македонија треба да стане велосипедска магистрала север-југ и дел од европската Еуро-вело мрежа како дел од Рута 11.– Од исклучителна важност е силна посветеност на полицијата во справување со проблемот со паркирање на пешачки и велосипедски површини. Јавниот простор им припаѓа на луѓето, а не на автомобилите. Поскоро воведување комунална полиција со цел попрактично решавање на овој проблем.– Сообраќајните правила – теоријата и практичните вештини за возење велосипед да бидат задолжителен дел од наставната програма во основното образование. Во насока на ова, потребно е воведување велосипедски сообраќајни полигони (трајни или мобилни во рамки на училиштата и трајни на локации низ градовите). Одреден број часови во рамките на образованието во автошколите треба да биде посветено на односот кон ранливите учесници во сообраќајот, како и практично возење велосипед.– Сите институции, сите станбени и комерцијални објекти, како и сите јавни простори да бидат направени пристапни за тркалата, на инвалидските, детските колички и велосипедите.„Помина времето на апелирање да се зголеми свеста. Свеста ја има кај доволен број граѓани. Условите ги нема. Институциите имаат многу помоќни алатки во свои раце од тоа да повикуваат само на зголемена свест и на лична одговорност, кога грешките и недостатоците се и системски. Тие преку своите реални приоритети, правилници, планови, проекти, правила и нивно спроведување, како и преку инфраструктурни промени треба да создадат една нова свест и кај мнозинството”, велат од иницијативата.„На точак“ повикува сите кои возат велосипед или ги поддржуваат овие барања да се придружат 29 мај за заедно да ги упатат до одговорните, да направат роденденски протест со возење низ улиците и да се одбележи седумгодишната борба за достојни услови.

Скопје | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев и Сугарески на отворање на автопатот Приштина – Скопје

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе присуствува денеска на свеченоста по повод пуштањето во употреба на последната делница од автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Република Македонија.Како гостин на свеченоста закажана за 12 часот, покрај македонскиот премиер, се очекува да присуствува и претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ.Косовскиот премиер Харадинај, покрај Заев и Марковиќ, на инаугурацијата на автопатот „Арбен Џафери“ го покани и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.

Македонија | пред 6 години

Plastika

Малезија ќе врати повеќе од 3000 тони пластичен отпад во земјите од кои доаѓа

Малезија ќе врати до 3.300 тони пластичен отпад во земјите од кои доаѓа, изјави министерката за животна средина на земјата, Јео Би Јин.Пластиката доаѓа од најмалку 14 земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, САД, Канада, Јапонија и Австралија. Претходно овој месец владата на Малезија исто така испрати пет контејнери со отпад назад во Шпанија.„Малезија нема да биде депонија за светот … ќе се бориме против тоа“, изјави Јео Би Јин. „Иако сме мала земја, нема да бидеме малтретирани од развиените земји“.Земјите кои ја фрлаат оваа пластика, потврдува министерката, веруваат дека ќе се рециклираат. Но реалноста е дека голем дел од отпадот на овие просперитетни земји се фрла низ Југоисточна Азија.Само една британска компанија извезла над 55.000 тони пластичен отпад во Малезија во изминатите две години.„Ова е многу сериозно“, нагласува Јин.Малезија стана примарен увозител на странски отпад откако минатата година Кина го забрани увозот на отпад. Оттогаш во земјата се појавија десетици таканаречени „компании за рециклирање“, од кои многу работат без дозволи.„Малезијците како и секоја друга земја во развој имаат право на чист воздух, чиста вода, одржливи ресурси и чиста животна средина за живот, исто како и граѓаните на развиените нации“, додаде министерката.

Свет | пред 6 години

maxresdefault-3

Стефани Арсовска: Од критичар на партизацијата до советник на Заев

Партиска младина со спорен професионален багаж, локални мангупи, новинари и водители на фолк фестивали чинат  дел од списокот надворешни советници/соработници на премиерот Зоран Заев.Истражувачката репортерска лабораторија  ИРЛ Македонија повеќе од една година известува за непочитувањата на начелата на системот на заслуги. Клиенталистичкиот однос на администрациите во делењето државни работи и зделки со години е критикувано од страна на Европската комисија. Владата на Зоран Заев навести крај на бруталните пракси кои доведоа до опаѓање на квалитетот на живот, иселување на младите и колапс на економијата.  Се вети и крај на фрустрациите на квалитетните кадри кои не можат да се натпреваруваат со вештини и идеи на пазар на труд под диктат на центрите на моќ во партиите.Во 2015 годинa велешанката Стефани Арсовска ги завршува своите студии на приватниот универзитет ФОН. Пишува колумни за партизацијата, за владеењето на правото, за системот на заслуги во онлајн порталот Бриф. Како родена во раните девеесетти, Арсовска сака да зборува гласно и за неправдите врз младите без партиска книшка кои не можат да најдат работа, меѓу нив и нејзини пријатели.„Мастер студиите завршија. Е сега што правиме? Колегата мој треба да се вработи. Јасно ни е на сите нас овде…Во Република Македонија партиската книшка многу  повеќе се вреднува од диплома. Партиската книшка е онаа што не разликува и притоа многу повеќе не дели. На послаби и појаки, на црвени и плави, ова се зборови на Стефани Арсовска од нејзин говор на ораторски вечери во 2015 година кога уште студира на приватниот универзитет ФОН.Во меѓувреме, Стефани Арсовска е активна и во опозициското движење. Во 2015 почнуваат нејзините ангажмани во СДСМ кога ја посетува и праксата за млади. Taa магистрира на Универзитетот ФОН на теми од областа на европската унија, а помеѓу членовите во комисијата е и Нано Ружин. Неговиот син Александар Ружин и Стефани Арсовска во ист ден добиваат договори со владата за да го советуваат премиерот.Стефани Арсовска му станува советник на премиерот со авторски договор за  „Поддршка на процесот за поголемо искористување на ЕУ фондовите во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство, во потесна соработка со посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство“. Таа работи во кабинетот на посебната советничка за земјоделие Ленче Николовска, поранешна новинарка и пратеничка. Зема хонорар од 30,000 денари месечно, а договорот и е на една година.Целиот текст може да го прочитате на овој линк.

Македонија | пред 6 години

sobranie-3

Денес ќе се одлучува за пратеничкиот мандат на Груевски

За денес е закажана седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Никола Груевски.Вчера ИК на ВМРО-ДПМНЕ им препорача на нивните пратеници да гласаат според Уставот и законите, што значи дека може да се очекува пратеничкиот мандат на Груевски да биде одземен.Седницата ќе ја води потпретседателката, Снежана Калеска Ванчева.Седницата за одземање на мандатот на Груевски, започна минатата недела, но не заврши поради оставката на пратеникот Павле Богоевски. Тој изјави дека ќе поднесе оставка откако ќе му биде одземен мандатот на Груевски.За одземање на мандатот на Груевски на пленарна седница потребно е двотретинско мнозинство, односно за тоа да гласаат 80 пратеници, за што е потребно и поддршка од опозицијата.Пратеникот и поранешен премиер Груевски лани, во ноември избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант. Покрај правосилната пресуда од двегодишна затворска казна, тој е осомничен и за организирање на собраниските настани од 27 април.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 30 степени

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.Утринската температура ќе се движи од осум до 14 степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 30 степени.Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура ќе достигне до 28 степени.И во наредните денови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.

Македонија | пред 6 години

gruevski-mala

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабри пратениците да му го одземат пратеничкиот мандат на Груевски

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по вечерашната седница ги охрабри своите пратеници да бидат неселективни и да ги почитуваат законите при гласањето за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.-ВМРО-ДПМНЕ опстојува на принципиелност, честитост, искреност и доследно применување на законите и Уставот на Република Македонија, без оглед на политичката, општествената или било каква друга припадност, за разлика од непринципиелноста, криминалот, неправдата и селективноста во примената на законите и Уставот од страна на власта на СДСМ и Зоран Заев. Водени од погоре кажанато, апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на Република Македонија да постапат на начин на кој неселективно ќе ги почитуваат законите и Уставот и во случајот со пратеникот Никола Груевски. Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на г-динот Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и Уставот на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ смета дека политичкиот прогон на власта, селективноста во примената на законите, и штитењето на вистинскиот криминал кој го прави власта е разликата која треба да се подцрта и осуди од секој одговорен субјект, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања