Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

vlada-19.02-pak

Усвоена фискалната стратегија 2020-2022 со проекција за раст на БДП од 3,5% за 2019

На предлог на Министерството за финансии, Владата на РСМ денеска ја усвои Фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2020-2022, како стратешки документ кој се усвојува за период од три години и ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.Фискалната стратегија e одраз на среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Северна Македонија, и врз основа на реалните показатели од неа, како и од континуираното забрзување на растот во текот на 2018 година и позитивните поместувања во првото тримесечје од 2019 година, се очекува нагорна ревизија на проекцијата за економски раст во 2019 година на 3,5%. Трендот на растот на БДП се очекува и во 2020 година и се позиционира на 4,2%, за во наредните две години да продолжи со посилен интензитет, односно да достигне 5%.

Македонија | пред 6 години

popis

Предлог-законот за попис оди во Собрание

Владата на РСМ денеска го утврди и текстот на Предлог-закон за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2020 година.Во предлог-текстот на Законот се утврдени методолошките основи на претстојниот Попис, како и организациско-техничките специфики на оваа најголема статистичка операција. Имено, овој Попис ќе се спроведе со т.н. комбиниран метод, односно користење на податоци од претпописната база на податоци и прибирање на податоци од терен, т.е. лично попишување на сите единици на Пописот. Друга новина во овој Попис е користењето на лаптопи наместо хартиени обрасци што во голема мера го забрзува процесот на обработка и објавување на прибраните податоци.Владата му предложи на Собранието на Република Северна Македонија да го усвои Предлог-законот за Попис, 2020, со што ќе се создадат услови за забрзани подготовки на овој долгоочекуван Попис на населението, домаќинствата и становите кој, според предвидениот акциски план, треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година.

Македонија | пред 6 години

klinika-genekologija

Разрешен економскиот директор на гинекологија Валон Беља

Поради нарушени односи и несоодветно однесување министерот за здравство Венко Филипче го разреши економскиот директор на гинекологија и акушерство Валон Беља. Ова следи откако Беља ја обвини сегашната директорка на гинекологија Викторија Јовановска за криминал со набавка на скапи лабараториски тестови.  Јовановска по обвинувањата возврати со кривична пријава за клевета и навреда, а според неа причината за ваквото обвинување од Беља е поради тоа што не сакала да потпише договори за вработувања на неговите двајца советници.Беља, кој е кадар на ДУИ, беше назначен за економски директор на Гинекологија во октомври минатата година. Во декември, тој беше застрелан во нога и опериран во болницата „Св. Наум Охридски“, за што беа уапсени три лица.  

Македонија | пред 6 години

klinika-genekologija

Кавга помеѓу двајцата директори на Клиниката за гинекологија и акушерство

Економскиот директор на клиниката за гинекологија и акушерство Валон Беља на својот фејсбукстатус објави дека сегашната директорка на клиниката фаворизирала одредена лабораторија за испитување. По неговата објава денеска со прес конфернција од клиниката за гинекологија велат дека станува за процедура која поминала по редовен пат. Причина за ваквото однесување на економскиот директор е тоа што директорката Јовановска не сакала да и не гледала причина за ангажирање на двајца советници на економнскиот директор.Министерот за здравство посочи дека ќе се состане со директорите.Валон Беља во јавноста е познат кога во него пред нова година беше пукано во престрелка и за него има три кривични пријави.

Македонија | пред 6 години

IMG_20190528_133241

Бугарскиот министер за образование во посета на општина Битола

Висока делегација на бугарското министерство за образование и наука, предводена од министерот Красимир Влчев, одржа работна средба со градоначалничката Наташа Петровска и претставници од образовниот сектор на Општина Битола. Во фокусот на разговорите беше образовниот процес и начинот на приближување и натамошна соработка на двете земји на ова поле.„Општина Битола покрај тоа што има надлежности на дванаесет основни училишта и шест средни училишта, има и универзитет, што значи дека по сите нивоа го згрижува населението во образованието. Образованието е почеток на развојот на било која општествена заедница вклучително и на нашата локална самоуправа и тука треба да се вложува од секаков аспект, особено на полето на соработката. На работната средба разговаравме како можеме со помош на Република Бугарија да имаме идна соработка по сите нивоа. Соработката треба да биде од програмски концепт, од аспект на размена на наставен кадар, на нивните искуства, но и можност на учениците да флуктуираат од двете страни на границата, размена на искуства кои што ќе отворат нови перспективи. Исто така, тука е и искуството кое што го има Република Бугарија во однос на искористувањето на европските фондови, кое за нас е многу значајно и претставува поле во кое можеме сериозно да соработуваме“, истакна по средбата градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.[caption id="attachment_44847" align="alignnone" width="1240"]  [/caption]Оваа средба претставува почеток на продлабочување на следни иницијативи за настани кои што треба да дадат придонес во делот на образованието во Општина Битола.„Ние имаме добро односи кои што ќе се развиваат и во иднина. Перпсективата помеѓу Северна Македонија и Бугарија, но и за целиот Балкански Полуостров, е истиот да биде повеќе поврзан. Тоа значи да бидеме повеќе поврзани во секој сектор, во секоја област. Општините се основен партнер во системот на образованието во двете земји. Голем дел од основните и средните училишта, но и факултетските единици во двете земји се партнерски поврзани. Она што треба ние, како лица од власта да направиме, е да создадеме можност за општи програми на факултетите, за да може тие да бидат поврзани во универзитетски мрежи, кои ќе бидат и дел од европските универзитетски мрежи, во кои ќе членуваат и земји што не се дел од ЕУ. На Балканскиот полуостров треба да создадеме повеќе такви регионални универзитетски мрежи. Тоа е преспективата за нас, тоа е можноста нашите деца да се чувствуваат поисполнети, живеејќи и работејќи на нашите простори“, рече министерот Красимир Влчев.На средбата, покрај министерот за образование и наука на Република Бугарија, присуствуваа и Наталија Михалевска - директор на дирекцијата за образование, Галина Дреновска – началник на одделот во дирекцијата за високо образование, Диана Петрова од прес центарот на  министерството и генералниот конзул во Конзулатот на Република Бугарија во Битола, Димитар Иванов, како и претставниците од образовниот сектор на Општина Битола проф. д-р Константин Петковски и проф. д-р Добри Петровски.

Македонија | пред 6 години

kokain

Поднесено обвинение против тројца странски државјани за криумчарење на кокаин

По спроведена истражна постапка, Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција до Основен суд – Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт со Предлог за продолжување на мерката Притвор против двајца државјани на Република Црна Гора и еден државјанин на Перу. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 3 вв ст.1 од Кривичниот законик.Имено, во ноември минатата година, обвинетите заедно неовластено организирале, заради продажба купиле, држеле, пренесувале наркотична дрога – кокаин. Црногорците од непознато лице од Перу неовластено заради продажба купиле наркотична дрога кокаин. Продавачот го ангажирал третообвинетиот да ја пренесе наркотичната дрога – кокаин од Перу до нашата држава, а потоа преку косовска територија до Босна и Херцеговина.Заради непречено пренесување, дрогата била хемиски третирана, при што кокаинот од прашкаста форма преминал во течна агрегатна состојба и со него биле потопени повеќе различни парчиња гардероба. Продавачот од Перу ја спакувал гардеробата во куфер и му го предал на обвинетиот, кој со со лет од Сао Паоло преку Франкфурт и Виена на 30.11.2018 година околу 01:00 часот пристигнал на Меѓународниот Аеродром Скопје. Во меѓувреме, обвинетите црногорски државјани преминувајќи ја државната граница на ГП Блаце со патничко моторно возило Голф 1,9 ТДИ со црногорски таблички се упатиле на Меѓународниот Аеродром Скопје. Тројцата обвинети ноќта се сретнале во хотел во Скопје.По претходен договор, наредното утро обвинетите се упатиле кон ГП Блаце, црногорските државјани со автомобилот, а Перуанецот со такси возило. Од страна на граничната полиција на МВР на Р. Косово на обвинетиот државјанин на Перу не му бил дозволен влез во Р. Косово, бидејќи не поседувал виза и тој со истото такси возило се вратил на ГП Блаце од каде телефонски ги известил другите двајца обвинети дека не му е дозволен влез во Р. Косово и се враќа во РС Македонија.Истиот ден, Перуанецот повторно се пријавил како гостин во хотелот и во попладневните часови од страна на полициски службеници од МВР е лоциран и лишен од слобода. Во неговиот куфер се пронајдени: десет блузи, три дуксери, еден џемпер, осум маици, едни кратки панталони, три пара долни тренерки, една кожна јакна, два пара фармерки, два пешкири, два пара волнени sиври, четири долни веша, еден чаршав, четири пара чорапи, шест парчиња текстил со неправилна форма, еден пар влечки, еден пар кондури и еден пар патики кои биле потопени во течен кокаин. Црногорците со цел да остварат средба со трето обвинетиот на 30.11.2018 година во попладневните часови, на ГП Блаце влегле во РС Македонија, по што од страна на полициските службеници се лишени од слобода.Од досегашните превземени дејствија во соработка со Националниот центар за криминалистичка форензика при МВР на Р. Србија, при физичко – хемискиот процес на вештачење е добиена наркотична дрога – кокаин во нето количина од 976,69 грама. Вкупната нето количина ќе биде прецизирана откако ќе биде завршено физичко – хемиското вештачење.Имајќи ја предвид специфичноста, видот и висината на предвидената казна, како и дека во конкретниот случај се работи за недозволена трговија со кокаин што е поскап вид на дрога, како и фактот дека сторителите се странски државјани за кои материјалната страна на обезбедување услови како за бегство, криење, така и за различни начини на попречување на истрагата не претставува проблем, како и евентуалната поврзаност на сторители во меѓународна група специјализирана за недозволена трговија со дрога, надлежниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор за обвинетите.

пред 6 години

120190520_080044

МЗШВ: Рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година се продолжува до 30 јуни

Рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година се продолжува до 30-ти јуни. Ова продолжување на рокот е по барање на земјоделците, со цел да можат сите земјоделци да го искористат правото за поднесување на барања за финансиска поддршка за мерките од годинешната Програма за директни плаќања.До овој рок, земјоделците ќе можат да ги поднесуваат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели кои не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15 март 2019 година. Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на  домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето.Одгледувачите на добиток пред поднесување на барањето задолжително треба да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Сите корисници на оваа финансика поддршка по аплицирањето и добивањето на отштампаниот примерок добро да ги проверат податоците и ако има одредени отстапувања во рок од 30 дена од денот на аплицирањето да ги извршат потребните корекции.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопје добива нов тематски забавен парк

Град Скопје на старата локација ќе изгради нов тематски забавен парк, што ќе биде регионална атракција, имајќи предвид дека ваков парк не постои во радиус од 250 километри.Денеска во градот беа презентирани содржините на тематскиот парк од градоначалникот Шилегов и од проектантот и архитект, Франко Бараѕони, претставник на италијанската компанија на Баусаа, коишто ги изработија и се донатори на студијата и планот за изградба.Новиот забавен парк опфаќа најсовремени реквизити кои гарантираат дека истиот ќе биде пожелно место за забава на семејствата и на сите посетители без оглед на нивната возраст.Заради тоа, проектирано е во паркот да има три зони, детска, фамилијарна и адреналинска зона, во коишто ќе се постават 24 различни реквизити и содржини.Самиот парк ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се уништува постојното зеленило во Градски парк, а во паркот нема да биде исечено ниту едно дрво за негова изградба. Сите реквизити во паркот ќе се поставуваат, односно лоцираат, според постојните дрвја на парцелата.Забавниот парк ќе се простира на околу 26.000 квадратни метри, и ќе обезбеди нови најмалку 100 директни вработувања, а над 500 индиректни нови вработувања.

Скопје | пред 6 години

Ren-Jenfei_Huawei-CEO

Рен Женгфеи, основачот на Huawei : Долго се подготвувавме за моментот кога со САД ќе се сретнеме на врвот

Во минатото, ние не им дозволувавме на нашите вработени да кажат гласно дека сакаме да бидеме број 1 во светот, бидејќи сметавме дека ова може да доведе до конфликти со САД, вели Рен.Рен Женгфеи, основачот на Huawei, во разговор со кинески медиумите на 21 мај 2019 година зборуваше за настанатиот конфликт со САД и сопственото производство на чипови. Запрашан за тоа кој бил почетниот план на компанијата HiSilicon, Huawei Chip Assistant, основана во 2004 година, која денес веќе може да произведува чипови за различни намени и како дојде до одлуката за креирање сопствени чипови, Рен одговори дека целта на Huawei отсекогаш била да стигне до врвот, да биде глобален лидер.„Во овој процес жртвувавме многу - се грижевме помалку за себе, за нашите семејства, за нашите родители. Ние сме она што сме, бидејќи нашата цел беше да стигнеме до врвот. Сега сме горди што можеме да кажеме дека нашата цел е да бидеме глобален лидер. Сакаме да бидеме број 1 во светот. Во минатото, ние не им дозволувавме на нашите вработени да го кажат тоа гласно, бидејќи сметавме дека ова може да доведе до конфликти со САД, вели Рен.Тој објаснува дека на почетокот на 2000 година, се размислувало за тоа дали Huawei би можел да „стави американска каубојска шапка”.„Решивме да го продадеме Huawei на американска компанија за вредност од 10 милијарди американски долари. Склучивме договор и сите релевантни процедури беа завршени. Остана само одобрувањето од одборот на директори на американската компанија. Додека го чекавме, преговарачкиот тим, вклучувајќи ме и мене, беше на плажа со цветни алишта и игравме пинг-понг.Во меѓувреме, беше замене одборот на директори. Нивниот нов претседател беше малку кратковид и го отфрли договорот. Ако договорот се реализираше, ќе имавме своја „американска каубојска шапка”. Откако договорот не успеа, нашите директори мораа да одлучат дали да се обидат да го продадат Huawei на некој друг. Сите помлади лидери едногласно рекoa НЕ. Не можев да се расправам со нив, па им реков: "Ќе мораме да се соочиме со САД додека се приближуваме кон врвот. Ние мораме да бидеме подготвени." Оттогаш, размислувавме за тоа што ќе се случи кога ќе се сретнеме со САД на врвот и се подготвувавме за овој момент. Сепак, на крајот, би се ракувале, бидејќи сакаме да работиме заедно со нив и заедно да придонесеме во корист на општеството како целина, објасни Рен.Запрашан за апсењето на неговата ќерка, Ман Ванџоу, во Канада, на барање на САД на крајот од 2018 година, 18 години по неговата прогноза за директна конфронтација, Рен одговори дека очекувал нешто да се случи.„Бевме сигурни дека тие ќе преземат нешто против нас, без оглед на неговиот исход. Мислевме дека имавме околу две години да се подготвиме. Но, апсењето на Ман Ванџоу разнесе сè, рече Рен.Затоа морало да се работи брзо.“Можеби знаете дека работевме за време на последниот пролетен фестивал (голем празник во Кина што ја слави Новата Година, кога во принцип никој не работи околу две недели), а јас ги посетив нашите вработени кои работеа за време на одмор. Само во Кина, 5.000 вработени, како чувари, чистачи и работници од кантина, останаа да им служат на нашите „борци". Ние исплативме дневници неколку пати повисоки од нормалните. Плаќавме двојно за храната од добавувачите и дополнително за услугата. Многу од нашите вработени дури и не се вратија дома за време на Фестивалот. За да заштедат време, направија импровизирани кревети на подот за традиционалното попладневно спиење. Во текот на мајските празници, многу од нашите вработени, исто така, избраа да останат на работа“, објасни Рен одговарајќи на прашања на претставниците на кинеските медиуми на прес конференцијата на 21 мај 2019 година

пред 6 години

policija-123

Албански државјанин нападнал полициски службеник

На 27.05.2019 година во 04.20 часот пред казино на ул.„Илинденска“ во Кавадарци, додека преземал службени дејствија во врска со претходно нарушување на јавниот ред и мир, полициски службеник бил физички нападнат од Ф.С.(24) од Република Албанија. Ф.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кавадарци за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Скопјанец нападнал момче во спортска обложувалница

На 27.05.2019 година во 19.40 часот во СВР Скопје, Ф.Д.(20) од Скопје пријавил дека во спортска обложувалница во с.Волково бил физички нападнат од Д.Б.(44) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Сообраќајната полиција со „полни раце“ работа во Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 27 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 308 возачи, од кои три возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило, брзината ја надминале осум возачи, шест возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а еден возач не користел сигурносен појас. Издадени се вкупно 46 мандатни платни налози и девет прекршочни платни налози. Писмено се предупредени четири возачи.

Македонија | пред 6 години

UaYct-

Штом видел полициски автомобил фрлил кесички со марихуана и се се обидел да избега

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.С.(33) од село Доброште, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 04.02.2019 година околу 19.00 часот во село Доброште, тетовско, полициски службеници го забележале пријавениот како се доблжува до патничко возило „Фиат Добло“. Но, откако ги забележал полициските службеници, фрлил кесички со марихуана, по што побегнал. Набргу потоа, тој бил пронајдем и лишен од слобода.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Малолетничката која избегала од дома - пронајдена

На 27.05.2019 година во населбата Аеродром во Скопје полициски службеници ја пронашле К.Л.(15) од Скопје, која на 25.05.2019 година беше пријавена дека се оддалеичкла од својот дом во Полициската станица Драчево. К.Л. е предадена на семејството.

Скопје | пред 6 години

levis

Турчин продавал фалсификувани чевли „Левис“

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против M.Ч.(40) од Република Турција, со место на живеење во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Пријавениот М.Ч. во текот на 2018 година склучил договор за користење под закуп на подрумски простории во куќа на ул.„Антон Попов“ за потребите на неговото правно лице, кое се занимава со дистрибуција и продажба на електрични материјали.Меѓутоа, во просториите тој складирал и 184 пара фалсификувани чевли од марката „Левис“, без да има договор со овластен застапник на оваа заштитена марка на територијата на РСМ.Чевлите биле пронајдени при претрес во изнајмените простории, извршен врз основа на судска наредба. При претресот, исто така, биле пронајдени и други 1392 парчиња чевли кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена во магацин за чевли во Скопје. Сите пронајдени предмети биле одземени од пријавениот и предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. 

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Кај албански државјанин пронајдена марихуана

На 27.05.2019 година околу 14.00 часот на улица „Борис Кидрич“ во Tетово, полициски службеници ги лишиле од слобода албанските државјани О.М.(25) и Е.Т.(21). При нивен преглед била пронајдена марихуана, по што биле задржани во Полициската станица Тетово, а потоа предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

lisici

Лице кое треба да издржува казна затвор фатен на улица во Тетово

На 27.05.2019 година околу 14.20 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Ј.А.(41) од Тетово, осуден на затворска казна од две години и шест месеци.По приведувањето тој бил предаден во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Македонија | пред 6 години

drzavna-matura

15.553 матуранти ќе полагаат државна матура од 1 до 13 јуни

За полагање на државна матурата годинава се пријавени вкупно 15.553 ученици, од кои 7692 се од гимназиско образование, 7604 од средното стручно и 257 од средното уметничко образование.За испитот по странски јазик в сабота пријавени се: 14 413 за англиски јазик,  59 за француски, 201 кандидат за германски јазик и 15 за руски.По една недела од првиот екстерен испит, саботата на 8 јуни, ќе биде екстерниот испит по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, за кој вкупно се пријавени 15 279 матуранти.  Според податоците од ДИЦ, македонски јазик ќе полагаат 10 386 матуранти, албански 4 566 и турски 327.На 11 јуни е полагањето на третиот екстерен испит. Новина годинава е што меѓу предметите  првпат  може да се избере и социологија, за кој се пријавени 569 кандидати. Како и на минатите државни матури, најмногу пријавени има за бизнис (4 206), за историја 2 407, биологија ќе полагаат 3 631, филозофија 2 691, хемија 227, физика 128 и естетика 166 матуранти.На 13 јуни е тестот по математика со 2 049 пријавени  кандидати.За спроведвање на  државната матура се ангажирани 2 388 наставници-тестатори и 200 набљудувачи од Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар и од Бирото за развој на образованието.Согласно со законскиот рок, според кој првичните резултати треба да бидат објавени најдоцна еден месец по одржувањето на последниот испит, тие се очекуваат до 13 јули 2019.Кандидатите што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може повторно да полагаат во августовската сесија, на 12, 13, 14 и 15 август кога испитите се по ист редослед како и во јуни.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Странските газди на Заев поразени на европските избори, ако има грам морал Заев да бара предвремени избори

Зоран Заев доколку има грам морал и совест треба веднаш да побара распишување на нови парламентарни избори од неколку причини:Зоран Заев направи во земјата да владее безаконите, корупција, криминал и бесмилосно богатење на Заев и неговото опкружување од позиција на власт и врз грбот на народот. Зоран Заев најавуваше сигурен датум за преговори со ЕУ, но, уште од сега е јасно дека Македонија нема да добие датум за преговори за членство во Унијата. Зоран Заев во името на евро-атланските политики и за некаков идеен проект на ЕУ го избриша името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, но, токму овие политики на изборите за Европскиот парламент доживеаја дебакл. На европските избори се поразени клучните странски ментори на Заев на кои верно им служеше во геноцидниот проект за бришење на се што е македонско и кои своевремено му ги дадоа клучните политички бомби, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Дури, и ко-геноцидниот партнер на Заев врз Македонија и Македонците, Алексис Ципрас, најави вонредни парламентарни избори по изборниот пораз за Европскиот парламент.Зоран Заев и неговите политики на домашен и меѓународен план, се поразени. Европските избори покажаа дека доаѓа нова Европа со почитување на националниот идентитет на нациите а во кои рамки Македонија го остварува својот национален и државен интерес.Сето ова и дава право на Единствена Македонија како автентична опозициска партија да ги оспори резултатите на марионетската власт во Скопје и да побара Зоран Заев веднаш да иницира распишување на предвремени избор, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

kosovo

Во акцијата во Косово, повредени четворица полицајци и двајца цивили, попладнево мирно но напнато

Четворица припадници на косовската полиција и двајца цивили се хоспитализирани денеска во болницата во јужниот дел на Митровица, по акцијата на полицијата во северно Косово и протестите на локалното српско население поради апсењето на неколку полицајци од српска националност, јави дописникот на МИА од Приштина.Според болнички извори, еден од полицајците е ранет од огнено оружје, додека другите тројца се повредени од други предмети.Сите повредени се во стабилна здравствена состојба.Инаку по утринското апсење од страна на членовите на специјалната единица РОСУ, на северот на Косово е мирно, но напнато, објави агенцијата Бета.Не е сигурно што ќе се случува до крајот на денот, така што граѓаните се собираат во групи во градовите.Денес во училиштата во Косовска Митровица не се одржуваше настава.Претседателот на косовското собрание Кадри Весељи рече дека никој нема да го избегне владеењето на правото, откако утрово косовските специјалци упаднаа на северот и апсеа Срби.  

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Змија отровница каснала жена во Штипско

Змија отровница каснала жена, која се движела во атарот на селото Шашаварлија, близу Штип. Жената веднаш е префрлена на Инфективното одделение на Клиничката болница, каде е хоспитализирана.Инаку, жената е касната од змија додека работела во нивата насадена со грашок, а наместо на нозете да носи чизми, таа полските работи ги извршувала боса.На штипското Инфективно одделение ова е прв случај на пациент каснат од змија за оваа година. Затоа се апелира земјоделците и сточарите да внимаваат кога ги извршуваат своите работи на нива или пасиштата. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: Заев повторно покажа дека не се грижи за државата, а се грижи за сопствениот бизнис

Заевизмот деновиве е пуштен на најсилно! Заев повторно покажа дека не се грижи за државата, а се грижи за сопствениот бизнис и за сопствениот рејтинг во партијата, за сопствен спас, наместо да се грижи за било какво подобрување на животот во Република Македонија! Зоран Заев продолжува и нема намера да ја напушти криминалната, расипничката и антидржавната политика што ја практикува повеќе од две години. Зоран Заев продолжува со лагите и манипулациите на јавноста за некаква посветеност кон државата, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Единствена посветеност за него е опстојување на кланот на власт врз грбот на граѓаните.   За државата не се важни партиските функции во СДСМ туку функционирањето, во случајот нефункционирањето на државата предводена од кланот на Зоран Заев. Неспособноста на владата и на власта не смеат да се покрие само со партиски разрешувања. Граѓаните не ги интересира и немаат корист од тоа дали и колку некој потфрлил во спроведувањето на партиската политика, колку што ги интересира сето потфрлање во напредувањето, во развојот на државата.Јасно е дека Зоран Заев нема намера да понесе одговорност за недобивањето дата за преговори со ЕУ, уште помалку за лагата дека датата „кристално чиста и добиена уште лани“. Нема намера да понесе одговорност за економскиот колапс и девастацијата на Република Македонија. Нема намера да се повлече заради цутот на криминалот заштитен во пупката на заевизмот. Нема намера да се повлече заради непотизмот и партизацијата во администрацијата.Зоран Заев нема намера да се повлече заради целосното уништување на здравството, образованието, социјалната политика. Падот на градежништвото и нереализацијата на капиталните инвестиции не се причина Зоран Заев да понесе одговорност, според него. Ниту пак мисли да сноси одговорност за тоа што нему блиски соработници како адвокати влечат огромни суми од јавните претпријатија за адвокатски услуги, или пак за трговијата на црно и деспотското однесување.Единствено за што се грижи Зоран Заев е да си обезбеди партиска иднина. Зоран Заев нема намера да престане со лажење и девастација на државата, претворање на Република Македонија во приватен пашалак на  кланот на власт. Ослободувањето на дел од посочените блиски на Заев од партиските функции и одговорности не е ништо друго освен манипулација за јавноста. Се тоа е театар потребен за ново задоволување на апетитите во партијата.Република Македонија нема никаква корист од внатрепартиските смени во СДСМ, додека кланот на власт ја предаде државата во раце на мафијата.Зоран Заев нема намера да го смени својот однос кон граѓаните, понижувањето, лажењето и девастацијата на општеството кое тоне во немаштија и секојдневно бега од државата. Тоа јавно го посочи и во изјавите по партискиот собир.Зоран Заев и неговиот клан се најголемата непогода за Република Македонија. Се’ до целосен пад на Заев и на неговиот криминален клан, државата ќе продолжи да тоне, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ!

Македонија | пред 6 години

miladinovci-stip

Китанов: Неделава ќе биде пуштен автопатот Миладиновци – Штип

Оваа недела ќе биде пуштен во употреба новиот автопатот Миладиновци-Штип, а во текот на летото ќе започне изградбата на патарините, најави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, денеска во Куманово.Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов вели дека рампата кај Гевгелија е целосно изградена, а се чека уште зелено светло од надлежните институции за официјално да биде пуштена во употреба. Сепак директорот не открива колку ќе биде цената за наплата.„Ги работат завршните работи, софтверските работи. Очекувам во првата недела на јуни да биде веќе пуштена, буквално со почетокот на сезоната“, рече Зоран Китанов, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.Другата патарина која ќе се наоѓа кај Демир Капија, директорот Китанов вели дека ќе биде готова до крајот на годината бидејќи поради појава на свлечиште на теренот било неопходно препроектирање.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов : СДСМ го објави огласот за претседатели

Демонстрираната одговорност пред граѓаните и донесените одлуки за промени се во функција на забрзување на напредокот на земјата, обезбедување подобри услови во општеството и подобар живот за сите наши граѓани, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Преку јавен, отворен повик, денеска започнува процесот на самокандидарање за претседатели на општинските организации на СДСМ, откако со одлука на претседателот сите претседатели на општинските организации беа разешени.Ги повикуваме сите заинтересирани членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите согласно правилникот за кандидирање и избор на претседател за општинска организација, да поднесат кандидатури.Отворениот повик и критериумите се веќе објавени на веб страната на партијата и во печатените медиуми. Отворени сме за сите оние кои сакаат да се вградат во овие внатрешни и системски промени, оние кои уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивните средини ги повикуваме да се пријават на овој јавен повик.Ги охрабруваме претседателите на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите повторно да се кандидираат.СДСМ има огромен потенцијал. Да го впрегнеме заедно, целокупниот капацитет во интерес на граѓаните и иднината на државата, да им служиме уште подобро, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

rusko-mnr

Русија: Акцијата на косовската полиција е уште една провокација од Приштина

Министерството за надворешни работи на Русија оцени дека акцијата на косовската полиција на северот на земјата е „провокација од Приштина“, додавајќи дека тоа е директна последица на повеќегодишната попустливост на ЕУ и САД кон администрацијата во Приштина.Од Москва ги повикуваат меѓународните покровители во Приштина да преземат мерки против косовско-албанските радикални елементи и да спречат понатамошна ескалација на конфликтот. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова соопштила дека „упадот на специјалните сили во српските општини води кон ескалација на меѓуетничката напнатост и ја уништуваат смислата на повеќегодишните напори на Меѓународната заедница за мирно решавање на конфликтот.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања