Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Slika-Frosina-18-12

Ременски: Наместо Кежаровски, на обвинителна клупа треба да седнат нарачателите на неговата „професионална ликвидација“

Пратеничката Фросина Ременски смета дека наместо новинарот Томислав Кежаровски, на кој повторно ќе му се суди за случајот „Ликвидација“, на обвинителна клупа треба да седнат нарачателите на неговата „професионална ликвидација“.Таа на социјалната мрежа фејсбук напиша:Ноќва во сон разговарав со  Томислав Кежаровски . Разговор за апсурдите. Повторувањето на судска постапка за случај во кој политичката жртва (Т. Кежаровски) повторно ќе ја докажува сопствената невиност во науката се дефинира како "состојба на секундарна виктимизација".Апсурд е кога жртвата во судски процес, наместо да ги види на обвинителна клупа нарачателите на неговата "професионална ликвидација", да докажува дека преку новинарско перо сакал да обелодени како  функционирала параинституционална шема.И не само Кежаровски, туку и сите жртви од политички монтираните процеси го очекуваат тоа - да си ги видат џелатите кои примаа и извршуваа наредби од азилантот и неговите пулени.Јас верувам дека во оваа "втора шанса за докажување на невиноста на Кежо" тој како и тогаш ќе биде и ќе излезе похолем од сите. Но, длабоко верувам дека, таа морална сатисфакција ќе биде нецелосна доколку тој и јавноста не добие одговор на прашањата "кој/кои?"Вистинска морална сатисфакција за Кежо е да има прва шанса за одговорност, а не втора шанса за жртвата да докажува дека не жртва, туку откривач на кривично дело од позиција на моќ.Никој нема да може да му ги плати изгубените години далеку од блиските, зошто нема такви пари што можат да купат нешто што не се купува.На крајот на разговорите во сонот, низ смешка во негов стил, скромно ми вика, "само да не ви текне да донесете закон во кој ќе одговараат само тие што ќе откријат криминал, а не и тие што го сториле, зошто кај нас во Германија кај што ми се чудат на судбината не е така."Кежо е тука, а многумина заминаа во Германија, напиша Ременски на ФБ.Судењето за случајот „Ликвидација“ на 2 јули ќе почне од почеток, откако Врховниот суд неодамна ги укина пресудите на Кривичниот и Апелациониот суд.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2402819786415928&set=a.943268645704390&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

haradinaj

Рамуш Харадинај преку Твитер тврди дека акцијата во Кососво е поради организиран криминал

Косовскиот премиер по повод акцијата на специјалните сили на косовската полиција РОСУ се огласи преку Твитер.„Организираниот криминал и криумчарењето претставуваат директна закана за нашиот заеднички напредок, и не треба да бидат поддржани на етничка или било која друга основа. Владата на Србија не би требало тоа да го расипува“, напиша Харадинај.https://twitter.com/haradinajramush/status/1133280707441307649?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1133280707441307649&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fharadinaj-na-tviter-povtorno-ja-objasnuva-deneshnata-akczija-vo-kosovo%2F 

Свет | пред 6 години

aleksandar-ruzin

Александар Ружин и Венко Андоновски станаа нови советници на премиерот Заев

Бројот на надворешни соработници на Зоран Заев порасна на 39 лица, пишува Истражувачка репортерска лабораторија. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници. Тоа се две третини од бројката на советници на Никола Груевски, за кој лани владата на СДСМ на јавноста и откри дека за една година потрошил 1,7 милиони евра за 91 советник. Претседателот на владата има постојано вработени државни советници и посебни советници (24) и има право да ангажира неограничен број на надворешни советници. Таквиот советник може да зема еднократен надомест, да биде ангажиран на проект во одреден временски период, но и да биде на списокот на постојани месечни хонорари.Меѓу новите имиња со постојан месечен хонорар се и универзитетскиот професор од Kaтедрата за македонски јазик Венко Андоновски и Александар Ружин, син на поранешниот дипломат и актуелен професор на ФОН, Нано Ружин. Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија го побара ажурираниот список со надворешни соработници, односно советници на претседателот на Владата за да следиме дали има промени и какви се ангажманите на овие лица.Од почетокот на годинава Александар Ружин му стана дипломатски советник на премиерот. Во владиниот одговор пишува дека секој месец тој зема 50,000 денари за да дава совети за „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург)  и Франција“.Целиот текст можете да го прочитате на овој линк. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Сеуште се вози брзо, се прекршуваат сообраќајни правила, но и возат лица кои немаат возачка дозвола

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи затоа што 21 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца биле возачи почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, двајца поради неправилно престројување, двајца возачи поради некористење заштитен шлем(кацига) при управување мотоцикл, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 75 мандатни платни налози и 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче скитник во Центар

На 27.05.2019 година во 23.50 часот во Полициската станица Центар, П.К.(30) од Скопје пријавил дека на улица „Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

45 годишен Скопјанец , управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот

На 27.05.2019 во 18 часот на сервисната улица која води кон Водно, В.Ј.(45) од Скопје, управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, В.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

seca

Шест лица од државно земјиште извршиле бесправна сеча на борови стебла

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Б.(41),М.Б.(20), И.П.(32), Д.Ч.(22), З.Б.(42) и В.Б.(52), сите од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва.На 19.02.2019 година во атар на село Русиново, на место викано „Робан“, од парцела сопственост на РСМ, пријавените извршиле бесправна сеча на борови стебла, со што нанеле материјална штета од 676.520 денари на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“.

Македонија | пред 6 години

zdravko-saveski

Савески: Сето ова покажа дека СДСМ е султан-партија

Членот на „Левица“, Здравко Савески во синоќешното гостување на ТВ 24 упати критики кон актуелната владејачка СДСМ, нарекувајќи ја „султан партија“.„Сето ова прво покажа дека СДСМ е султан-партија. По статутот на партијата, претседателот на партијата има надлежност и право да разрешува претседатели на локални ограноци и со тоа да ги разрешува целите извршни одбори на локалните ограноци“, истакна Савески.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен Турски државјанин поради „фалсификување исправа“

На 27.05.2019 година во 16.15 часот на Граничен премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ бил приведен М.Џ.(32) од Република Турција. Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Две лица барани за Апсење, фатени на „Меѓународен аеродром Скопје“

На 27.05.2019 година во 15.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола било констатирано дека М.М.(30) од Куманово се наоѓа на стоп листата со мерка „А“(апси) од Основен суд Куманово. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.На 27.05.2019 година во 15.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека М.Д.(24) од Битола се наоѓа на стоп листата со мерка „А“ (апси) од СВР Битола. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

vucic

(ВИДЕО) Претседателот на Србија се обраќа на јавноста

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ  во моемнтов се обраќа на јавноста.Вучиќ утринава покренал интензивни дипломатски активности после упадот на специјалните единици РОСА на северот на Косово, речено е во неговиот кабинет.Претседателот на Србија побарал од западните политички центри да ја зауздаат Приштина и ставил до знаење дека Србија нема да дозволи етничко чистење на Косово. https://www.facebook.com/kuririnfo/videos/457914674981329/

Свет | пред 6 години

133474234-105843-207971

Затворена за сообраќај една коловозна лента на автопатот Скопје – Велес

Левата коловозна лента од автопатот А1, на делот Скопје – Велес, меѓу наплатната рампа Сопот и Башино село денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај.Како што информира ЈП „Македонијапат", прекинот е поради изведување градежни активности на оваа делница.На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.Од утре во наредните седум работни дена ќе се изведуват градежно-асфалтерски активности на Регионалниот патен правец Р2137, на делот меѓу млекара Дуброво, село Војшанци.За време на изведувањето на асфалтерските работи во целост ќе биде во прекин сообраќајот од 10 до16 часот. Како алтернатива ќе се користи патниот правец Демир Капија – Корешница.  

Македонија | пред 6 години

stan-gori

(ФОТО) Гори стан во близина на Универзална, се евакуираат станарите

Гори стан во центарот на Скопје близу Универзална сала. Зградата во која избувна пожарoт се евакуираат станарите. По улиците може да се забележат луѓе кои панично ја напуштаат зградата, а интервенција покрај пожарникарите врши и лекарска екипа.фото: Kurir.mk 

Скопје | пред 6 години

tokio-napad

Јапонец со нож уби две лица и повреди 17, најголем број од повредените ученици

Едно девојче и еден возрасен човек, најверојатно татко на девојчето, биле убиени во денешниот напад со нож врз група деца кои чекале автобус во градот Кавасаки, јужно од Токио, соопштија локалните власти. Притоа најмалку 17 други биле повредени.Најголем број од повредените се ученички во основно образование кои оделе во католичко училиште.Според извештаите на локалните медиуми, меѓу најтешко повредените се една жена во 40-ите години и три шестгодишни девојченца, „кои здобиле повреди на главата и вратот“, изјавил Такехито Отсубо, заменик директор во болницата во кои се згрижени жртвите во нападот.Според најновите сознанија од истрагата, се чини дека напаѓачот, кој бил на возраст меѓу 40 и 50 години, прво влегол во автобус кој ги превезувал ученичките, а пота ги нападнал и луѓето кои биле на автобуската станица, Полициајта во блискиот парк пронашла два ножа.Сочувство со жртвите и нивните семејства, како и со целиот јапонски народ, веднаш изрази и американскиот претседател Доналд Трамп, кој во вторникот ја заврши четиридневната работна посета на Јапонија. 

Свет | пред 6 години

potkup

Даночен инспектор обвинет за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог  против едно лице за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 2 од Кривичниот законик.Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно лице од Неготино. Обвинетата која вршела контрола во правното лице, побарала да и бидат дадени 1000 евра за да не сочини Записник од извршената контрола во кој ќе констатира неправилности во работењето на правното лице. Барајќи поткуп, обвинетата ги условувала оштетените дека доколку не и биде исплатена побараната сума, поради неправилностите кои ќе им бидат констатирани во записникот, правното лице и одговорното лице  ќе треба да платат парична казна од многу повисок  изно 

пред 6 години

Branko-Geroski

Бранко Героски поднесе оставка на позицијата главен и одговорен уредник на „Слободен печат“

Бранко Героски поднесе оставка на позицијата главен и одговорен уредник на „Слободен печат“, најтиражниот македонски дневен весник, што го покрена и го водеше пет ипол години.„Јас, сопствениците и менаџерите различно гледаме на прашањето на уредувачката политика, на потребата на кој начин еден слободарски весник треба да негува критички однос кон властите во насока на засилени заложби за добро и одговорно владеење. И затоа, без дилеми, без жалење, меѓу функцијата и професијата, одлучно ја избирам - професијата. Јас сум слободен новинар и човек и не можам да бидам ништо друго, во ниту една димензија на моето постоење и дејствување како новинар и јавна личност“, пишува Героски во оставката.

Македонија | пред 6 години

vucic

Вучиќ ја стави српската војска во борбена готовност, во моментов заседава советот за национална безбедност

Албанските специјалци нападнаа на Косово. Уапсија 13 срби  припадници на кососвката полиција. Ова предизвика голема вознемиреност во српскиот дел на Косово, а српскиот претседател Александар Вучиќ нареди војската да се стави во целосна борбена готовност. Србите во Косовска Митровица излегоа на протести, а се слушаат и сирени за предупредување. Наофицијално повредени се двајца срби..Во мометов во Белград се одржува седница на советот за национална безбедност.Претседателот Вучиќ ја предупреди Европската унија дека Србија ќе реагира ако косовските специјалци не се повлечат од северот на Косово, јави Танјуг.Двајца Срби се полесно повредени во престрелката што се случи околу 6.20 утрово во Зубин Поток, кога припадниците на Росу дошле во реон на селото Доње Вараге во таа општина, јави Танјуг повикувајќи се на полициски извори. Агенцијата јави дека се уште се слушаат истрели од огнено оружје. Во акцијата на косовските специјалци е уапсено едно лице.Вчара пак претседателот на Србија  Александар Вучиќ,  на собраниска седница, истакна дека планот на Албанците со сето она што го прават е да ја доведат ситуацијата до „нова нормалност“, бидејќи тоа ним им е дозволено, а со цел Србија да се доведе до ситуација и формално да го признае Косово.-Можеме да бараме и уште нешто да се прашаме и да се бориме најдобро што можеме. Неодамна се одржа самитот во Берлин каде Макрон и Меркел се обидеа да ги убедат Албанците да ги укинат таксите, но тие имаа поддршка од посилни отколку тие две европски лидери - рекол Вучиќ.-Не им успеа затоа што Албанците имаат силна заштита - рекол Вучиќ   

Свет | пред 6 години

nefa-mebel-1-1600x868

Ходошевич: Не е точно дека сме крадци и измамници, обезбедуваме средства за да се исплатат купувачите и работниците

Службите во координирана акција на терен го истражуваат случајот со НЕФА мебел откако компанијата ги затвори сите продавници и стотици граѓани останаа без своите платени нарачки. Државниот пазарен инспекторат ги повикува засегнатите граѓаните да го пријават својот случај во пазарната инспекцијаВо српските медиуми се јави рускиот бизнисмен Андреј Ходошевич, кој стои зад  фирмата „Нефа мебел“. Тој се јави во живо во утринска програма и вети дека ќе ги обесштети и работниците кои работеле во двете фабрики за производство на мебел во Врање и Сомбор, но и купувачите што останале без мебел, објави nezavisen.mk.„Ги обезбедуваме средствата потребни за да се исплатат купувачите и работниците. Од денеска ќе се почне со уплата на средства за исплата на потрошувачите во Србија, заедно со платите кои им се должат на работниците. Обезбедивме околу  400 илјади евра“, вели Ходошевич.Тој меѓу другото објасна дека заминувањето не се случило преку ноќ и дека опремата сеуште е во фабриката. Како главна причина поради која се повлекле според  Ходошевич  е тоа што работењето во Србија не било позитивно и износот вложен во работењето бил многу поголем од планираното.Русинот меѓу другото вели:„Не е точно дека сме крадци и измамници. Нашите компании не користеле државни субвенции, парите од купувачите не ги задржавме за нас и од Србија немаме уплатено ниту еден денар на своите приватни сметки. Сè до минатиот месец редовно го финансиравме работењето на компанијата, при што висината на вложувањата само во текот на април надмина половина милион евра. Нашите вработени, и покрај донесената одлука за затворање на компанијата ‘Нефа’, продолжија редовно да испорачуваат мебел сè до 23 мај. Според планот, требало на сите потрошувачи да им биде обезбеден мебел и да бидат решени. За жал, по невистините објавени во медиумите, настана хаос во магацинот и не сме веќе во можност да ви го испорачаме мебелот“, вели Ходошевич во јавно писмо.„Нефа“ имала 14 подружници во Македонија, три во Скопје, магацин во Студеничани и продавници во Куманово, Прилеп, Штип, Струмица, Тетово, Битола, Велес, Струга, Охрид и Гостивар.Текстот  во целост на: nezavisen.mk

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Ги следиме потребите на граѓаните и се менуваме

СДСМ започна суштински и системски промени кои имаат за цел забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството, за подобар живот на сите граѓани. Одново СДСМ покажува дека ги слуша пораките од граѓаните, дека ги следи нивните потреби и дека е подготвена да се менува на подобро со цел уште подобро да им служи на граѓаните. Тоа не е случај и со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски каде нема ниту најмал напор за промена, не постои ниту една идеја за нешто да се промени, се вели во соопштението од СДСМ.Денес ВМРО-ДПМНЕ се полоши од кога било. Покрај безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ е целосно посветена на лажни вести, измислици и деструкција а нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не нудат ништо за граѓаните, ништо што е во интерес на државата. Со досегашното делување, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажаа дека остануваат посветени на спроведување на нарачките од нивниот почесен претседател, бегалецот во Будимпешта.На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните.Ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски загубија на претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеват и нема да успеат да го спречат напредокот и да ја вратат државата во темното минато на режимот, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

kosovo

(ВИДЕО) Напнато на Косово, косовските специјалци уапсиле 13 Срби, припадници на косовската полиција

До 8:30 часот утрово косовските специјални сили Росу вооружени  до заби албански специјалци уапсиле 13 Срби, припадници на косовската полиција на север во Косово, јави Танјуг. Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ утрово изјави за РТС, дека косовски специјалци напаѓаат Срби на влез во Зубин Поток во обид да влезат во тоа населено место. Тој додаде дека косовските специјалци со оружје упаднале утрово во сите четири општини на северот во Косово. Според него, апсењата се извршени „поради некаква вмешаност на тие лица во организиран криминал“.-Албанските екстремисти ова го направија за да ги заплашат нашите луѓе и ако е можно да предизвикаат паника, па со апсење за кои зборувавме претходните денови и кое го најавивме, да создадат клима за невозможен живот во Косово за Србите. Екстремистите и сепаристите посегнаа по најстрашните методи, а со согласност на меѓународните заедници. Ова претставува играње со мирот на тој простор, со цел Срби да нема повеќе на тоа место - заклучил Ѓуриќ. 

Свет | пред 6 години

karpi

Вонземска органска материја пронајдена во вулкански карпи во Јужна Африка

Во новата судија на CNRS Центар за молеукларна биофизика во Франција, научниците откриле вонземска органска материја „заробена“ во вулкански карпи долж планината Маконџва во Јужна Африка, стари повеќе од три милијарди години.– Ова е првпат да откриеме вистински докази за вонземски јаглерод во земска карпа, изјави Франсес Вестал, астробиолог од ЦНРС.– Имено, на некои карпи се пронајдени и наночестички од никел, хром и железо, коешто не е вообичаено кај обичните овоземски карпи. Ова посочува дека тој слој камења се појавил по судир со всесенско тело, објаснува Дидие Гурие, водечки автор на истражувањето од Истражувачкиот Универзитет ПСЛ.Од праисторијата Сончевиот Систем со метеорити и други вселенски тела ја „бомбардирал“ Земјата, а според некои теории, дел од тие надворешни вселенски материи го овозможиле настанокот на животот на нашата планета. Новите наоди можеби и го потврдуваат сè тоа.

Магазин | пред 6 години

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: Простотилакот на Петре Шилегов е поттикнат и охрабрен од Зоран Заев

Кога Заев и Шилегов немаат никаков аргумент со кој би го објасниле криминалот, расипништвото и пропаѓањето во овие две години, прибегнуваат кон навреди, вулгарности и недолично однесување. Со спуштање на нивото се надеваат дека ќе предизвикаат инциденти со кои би се дефокусирало вниманието од сиромаштијата и катастрофата со која се соочуваат граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Недоличното однесување и говорот на омраза на Шилегов мора да биде санкциониран. Нервозата за лошиот изборен резултат Шилегов може да ја искажува на Бихаќка, ама не и пред граѓаните. Скопјани година ипол не видоа ниту еден проект или инвестиција, само омраза и неспособност.Токму затоа Шилегов е во право кога вели дека оставка поднесуваат луѓе со интегритет, одлика со која Шилегов одамна расчистил. Доколку СДСМ и Заев мислат дека ќе ја залажат јавноста со театарот наречен метла се лажат. Граѓаните се незадоволни од градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот Шилегов.Не може Шилегов да не е добар за СДСМ, а да е добар за град Скопје. Како ако Шилегов не е добар за потпретседател на партијата би бил добар за градоначалник.Граѓаните не бараат метла во СДСМ. Граѓаните бараат метла во државата. Шилегов е политичар, кој за година ипол нема изградено ниту еден булевар, улица или пешачка стаза. Шилегов година ипол нема направено ништо. Токму затоа треба час побргу да си даде оставка од позицијата градоначалник. Се друго е само потврда дека најавената метла е само театар за отргање на вниманието на граѓаните од лошите политики, но и чистење на СДСМ и јакнење на позицијата на Заев во пресрет на неминовното одење во опозиција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

120190520_075956

Денеска претпладне сончево, попладне променливо облачно

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи. За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.Максималната температура утре во земјава до 30 степени.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Падна австриската влада, Австрискиот парламент му изгласа недоверба на канцеларот Курц

Австрискиот парламент изгласа недоверба на преодната Влада на канцеларот Себастијан Курц, кој стана канцелар со најкус мандат. Владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц загуби на гласањето доверба во парламентот по обвинувањата за корупција во врска со неговиот сега веќе бивш вицеканцелар.Австриската владејачка коалиција меѓу конзервативната Народна партија (ОВП) на Курц и десничарската Партија на слободата (ФПО) беше потресена од скандал на 17 мај. Тогаш германските медиуми објавија видеоснимка на која вицеканцеларот и лидер на ФПО, Хајнц-Кристијан Штрахе, бара поткуп од жена што наводно е внука на руски тајкун.Штрахе поднесе оставка по скандалот со цел да не ѝ наштети на коалицијата. 

Свет | пред 6 години

zbogar

Жбогар: Би била голема штета доколку Охрид го загуби статусот во УНЕСКО

Би била голема штета за граѓаните, но и за државата доколку Охрид го загуби статусот во УНЕСКО. Оттаму потребата од мобилизација и обединување на сите субјекти во исполнувањето на препораките дадени од УНЕСКО, кажа денес во Охрид евроамбасадорот Самуел Жбогар, започнувајќи ја  новата кампања под брендот „ЕУ за ТЕБЕ“, насочена кон подигнување на свеста за заштитата на животната средина, за , поддршка на еко-активизмот, под мотото „чисто како дома исто“. Како што истакна самиот Жбогар, неслучајно кампањата стартува од Охрид оттаму што последните случувања околу статусот на регионот во УНЕСКО претстаува пример на недостиг од индивидуална и колективна одговорност во односот кон околината и животната средина.-Токму затоа сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за потребата од активен однос во заштитата на животната средина, но и да ги посочиме позитивните примери како оние т.н. „херои од соседството“ еко-активисти, поединци и групи кои активно работат на чистење на околината, да ги направиме видливи за општеството и да ги поддржиме во нивните секојдневни активности, рече Жбогар.Евроамбасадорот се воздржа од коментар на одлуките на Светската комисија за заштита на културните и природните богатства, но истакна дека на тоа треба да се гледа како на најголема опомена, со цел одговорните институции и целата јавност да преземе активности што ќе ја спречат натамошната деградација на Охрид и Охридското Езеро.Инаку кампања која започна од Охрид и Струга  има четири елементи - комуникации во насока на подигнување на свеста за заштита на животната средина, поддршка на активистите што работат на зачувувањето на животната средина, посети на општините каде активистите ќе можат да најават активности за чистење на околината, како и охрабрување на локалните самоуправи за поактивна поддршка на активностите насочени кон почиста животна средина. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања