Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

pozar-kola

Изгоре „Ауди А5“, извршен е увид

На 27.05.2019 година во 03.45 часот Н.М.(35) од с.Арачиново пријавил дека настанал пожар во неговото патничко возило „Ауди А5“. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Извршен е увид.

Скопје | пред 6 години

krazba-market

Ограбена спортска обложувалница во Штип

На 27.05.2019 година околу 00.35 часот во СВР Штип било пријавено дека две непознати лица извршиле разбојништво во спортска обложувалница на ул.„Сремски Фронт“ во Штип и одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

pretepal-do-smrt

Тепачка во автобус на ЈСП

На 26.05.2019 година во 15.21 часот во СВР Скопје, пријавено е дека во автобус на ЈСП со број 57 на ул„Христијан Тодоровски Карпош“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од неколку лица врз И.Г.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

krazba-market

Ограбена бензинска пумпа во с.Јурумлери – скопско

На 27.05.2019 година во 04.18 часот во СВР Скопје, вработен на бензинска пумпа во с.Јурумлери, скопско, пријавил дека две лица со закана го одзеле дневниот промет и побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

ribi-1

Приведени пет лица кои краделе риби од рибник

На 26 мај околу 20.30 часот во СВР Битола била пријавена кражба на риби од рибник Букри. Полициски службеници излегле на местото и затекнале патничко возило со приколка полна со риби и пет лица А.С.(33) од Битола, А.Н.(34) од с.Живојно, П.С.(54) од Битола, Б.А.(25) од с.Гермијан и С.К.(61) од с.Канино.Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведени две лица од Скопје – собрале 750.000 денари тврдејќи дека парите се за изборната кампања на една политичка партија

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(37) и Т.П.(58), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Првопријавениот Б.Н., во договор со второпријавениот Т.П., во април и мај 2019 година, во неколку наврати побарале и примиле парични средства во вкупен износ од 750.000 денари од раководно лице во приватна фирма. Тие го измамиле односно лажно го информирале дека паричните средства кои ги побарале ќе бидат искористени како донација за финансирање на изборната кампања на една политичка партија за претседателските избори 2019 година.Второпријавениот на овој начин од оштетениот побарал и примил парични средства во износ од 200.000 денари. Тој се претставил лажно, како портпарол на политичката партија. После тоа, пријавените во два наврати побарале и примиле парични средства од оштетениот, во вкупен износ од 550.000 денари, наводно за финансирање на тековните трошоци на изборната кампања на политичката партија.По добивање на пријавата, СВР-Скопје презеде соодветни мерки и со претходно издадена судска наредба извршен е претрес на дом, лице и на превозно средство заради пронаоѓање на траги и предмети при што одземени се предмети како доказ во кривичната постапка. По завршувањето на претресот, пријавените се лишени од слобода.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Сообраќајната полиција „демне“ во Скопје, констатирани низа прекршувања

Во текот на изминатите денови (23, 24, 25 и 26.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 270 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 78 возачи од кои 73 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, a четири возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 62 возила бидејќи 57 биле нерегистрирани и пет возила затоа што биле технички неисправни. Во текот на изминатите денови издадени се 384 мандатни платни налози и 114 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Над 3.400 граѓани аплицираа во Град Скопје за субвенции за велосипед

Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година, бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства. Со тоа, барања за субвенции за велосипеди од утре (28.05.2019 година) вторник, нема да се примаат.На овој јавен повик досега се пристигнати 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање на купувањето велосипед. Затворањето на повикот е во согласност со член 4, став 4, од Правилникот за користење финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ: Промените продолжуваат, сите сме ставени во служба на граѓаните

СДСМ постојано покажува дека ги слуша пораките од граѓаните, дека ги следи нивните потреби и дека е подготвена да се менува на подобро со цел уште подобро да им служи на граѓаните. За жал, тоа не е случај со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ денеска се полоши од кога било. Покрај безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ е целосно посветена на лажни вести, измислици и деструкција. Нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот и враќање на режимот.ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, денес е режим во обид, но нивниот систем е во распад.Очигледно е, кај ВМРО-ДПМНЕ нема ниту најмал напор за промена, не постои ниту идеја за промена, а не пак да стигнат до неа.Со досегашното делување, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажаа дека остануваат посветени на спроведување на нарачките од нивниот почесен претседател, бегалецот во Будимпешта.Не нудат ништо за граѓаните, ништо што е во интерес на државата.На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните.Ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски загубија на претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеват и нема да успеат да го спречат напредокот и државата да ја вратат во темното минато на режимот, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

IMG-0ba7cc00d2f2765547bec852863d18e0-V

Општина Кисела Вода го исчисти каналот во Пржино

Општина Кисела Вода спроведе акција за целосно расчистување на каналот во Пржино.Сезонските работници ангажирани од Општината извршија рачно и машинско чистење на нараснатата ниско стеблеста вегетација и одложените отпадоци од страна на несовесни граѓани во каналот.Локалната самоупрaва продолжува со редовните активности за расчистување на сметот и косење на тревните површини на својата територија.

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ започна промени за подобар живот за граѓаните, ВМРО ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на лаги

СДСМ е  партијата  која секогаш носела најголеми одлуки за развојот на државата и тоа ќе продолжи и во иднина.  Суштинските и системски промени кои СДСМ ги донесе значат и одлуки кои ќе донесат  и забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството и подобар живот на сите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.Од таму додаваат:  Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, опозициската партија не само што не носи одлуки во интерес на државата, туку единствено нуди конфликти, лаги и одбрана на криминалците во своите редови.  Од безидејност, Христијан Мицкоски дури стана и промотор на мерките на СДСМ. Посветен на промоција на мерките и политиките на СДСМ, Мицкоски се уште не дава одговори на јавно поставените прашања:Кога ќе понесе одговорност пред неговиот ментор од Будимпешта за тоа што не успеа да го спречи зачленувањето на нашата земја во НАТО?Кога ќе понесе одговорност пред граѓаните за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката?Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал не поднеле оставки?Конечно, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во општините Охрид и Ново Село?ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски  се уште се длабоко навлезени во нивното криминално и режимско однесување. Од друга странам СДСМ покренува една голема иницијатива за промени, со цел подобрување на животот на граѓаните.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Честитика за изборниот успех на европските национални партии, на потег е сега Македонија на следните избори

Единствена Македонија и македонскиот народ упатуваат искрена честитка и силно се радуваат на јасно изразената волја на европските народи на изборите за Европскиот парламент на кои се покажа дека европските народи се помалку веруваат во европскиот дух и во некаков иден проект на Европската Унија.Изборните резултати за Европскиот парламент се одлична вест и за Македонија оти јасно покажуваат дека иднината на Европа е во почитување на националниот и религискиот идентитет на нациите а во кои рамки Македонија го остварува својот национален и државен интерес.Европските народи го кажаа своето. На ред е сега македонскиот народ кој нема повеќе право на грешка на следните избори кога и да се одржат.Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Макеоднија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да бидеме на првата линија во одбрана на националните итереси и затоа ветуваме дека сите антимакедонски и антидржавни акти ќе ги поништиме, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

uapsen

Лицето кое нападна полицајци додека извршуваа судска наредба, во притвор

Осомничениот на 23 мај годинава нападнал двајца припадници на полицијата кои извршувале судска Наредба за негово присилно приведување. Имено, Основниот суд Охрид издал Наредба за присилно приведување на лицето, кое не се јавувало на судски рочишта во судот каде е обвинет за кривично дело Тешка кражба. При обидот на полицајците да го приведат, осомничениот ги нападнал при што на едниот од нив му нанел и телесни повреди.Со тоа, осомничениот сторил кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Постапувајќи по поднесена кривична пријава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за определување притвор за осомничениот бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи. Предлогот на обвинителството беше прифатен од страна на судот кој со решение определи притвор за обвинетиот во времетраење од 8 дена.

пред 6 години

krazba

Обвинение за двајца кои извршија тешки кражби во Скопје

Обвинетите по претходен договор, заедно со умисла искористиле слични околности, па со провалување и кршење во два наврати одзеле туѓи подвижни предмети. На 20 мај годинава, околу 13.00 часот провалиле во куќа во Скопје прескокнувајќи ја оградата и влегувајќи преку гаражата во внатрешноста на објектот. При тоа тие одзеле накит и часовници во вкупна вредност од 112.233,00 денари.  Истиот ден, околу 15.00 часот, обвинетите со употреба на погоден предмет го скршиле прозорот од друга куќа, влегле внатре и по претурање одзеле накит и извршиле демонтирање и одземање на клима уреди и радијатори со вкупна вредност од 31.450,00 денари.Поради стореното, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд Скопје 1 Скопје против  обвинетите  со кои ги товари дека сториле кривично дело Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.Едновремено со поднесување на обвинението, јавниот обвинител достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети, бидејќи ценеше дека се уште постојат основите за нејзино определување. 

пред 6 години

kiracoski

Кирацовски преку Фб се заблагодари на Заев, соработниците, но и на сопругата

Пратеникот Александар Кирацовски, кој синоќа беше сменет од позицијата генерален секретар на СДСМ, во отвореното писмо со кое се обрати до јавноста и му се заблагодари на премиерот Зоран Заев и на соработниците. Писмото го искористи да и за обрати и на сопругата. Тој и се заблагодари на сопругата Гордана, која останала со него и во најтешките моменти.Продолжуваме заедно напред!Независно кој на која позиција и во која улога ќе биде, продолжуваме заедно кон мисијата да обезбедиме подобар живот за сите граѓани!Во тешки услови и преку долгогодишна борба за правда и демократија, како тим, заедно успеавме да го поразиме режимот, потоа заедно ги премостивме сите предизвици на патот Македонија да ја направиме Европска, а сега со обновени сили продолжуваме да ја градиме нашата држава.На пресек од двегодишната власт успеавме да направиме многу и за државата и за партијата, но се разбира има уште многу пат за одење.Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро и само во партија каде што има висока свест, демократска култура, другарство, визија, заемна доверба, во еден ден едногласно можат да се донесат крупни одлуки на кадровски промени.Таква е мојата, нашата СДСМ!Како поединци, не сме воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството. Нашите функции и кариери, се помали од нашиот интегритет и подготвеноста да се ставиме во функција на повисоките, заеднички цели.Пораката од граѓаните беше веднаш прифатена уште при нејзина испорака и беше сосема доволна, целото раководство да ја понуди својата оставка, за да, согласно досегашното искуство, нештата ги промениме на подобро. И Партијата и државата, преку прераспоредување, воведувајќи нови концепти на работа.Му благодарам на претседателот Заев, за укажаната доверба која сите заедно ја оправдавме. Во специфични услови, на огромни, наталожени очекувања, успеавме да испорачаме сериозни општествени и партиски резултати крунисани со победа на претседателските избори.Им благодарам на сите соработници, со кои соработката продолжува, за преданоста и доследноста, им благодарам и честитам за придонесот на досегашните потпретседатели на СДСМ, членовите на ИО и Организациониот секретар, на заменик-претседателката Шеќеринска за другарството и поддршката.И благодарам на сопругата и семејството за големата, огромна поддршка и поднесувањето на тешките, неправедни моменти кои доаѓаат од функцијата, која често пати знае да биде неблагодарна.И, голема благодарност до членовите на СДСМ, кои несебично се вложија во сите партиски активности, кои секојдневно ја градат и зацврстуваат нашата партија која значи многу за нашата Македонија!Продолжуваме заедно напред, напиша Кирацовски на ФБ.https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/posts/1140256496173100  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поевтинуват горивата - Дизелот за два денари, бензинот за еден денар

Горивата поевтинуваат. Од ноќеска на полноќ бензинот ќе се продава за 1 денар помалку, а дизелот за 2 денари. На полноќ 95-ката ќе се продава за 71 денар за литар; 98-цата за 73 денари за литар, додека дизелот поевтинува за 2 денари и ќе чини 64 денари.Регулаторната комисија за енергетика, пресметувајќи според новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите, го објавја новиот ценовник што ќе важи во следните седум дена.Главни критериуми во формирањето на цените и натаму ќе бидат курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се реконструира улицата Димитрија Чуповски во центраот на Скопје

Улицата Димитрија Чуповски во наредниот период ќе се реконструира на должина од 240 метри, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка“ до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски. Почетокот на градежните работи на оваа сообраќајница денеска го означи градоначалникот Шилегов.- Денеска екипите на Град Скопје почнуваат да работат на две позиции – целосна реконструкција на улицата Димитрија Чуповски и реконструкција на дилатациите на мостот „Гоце Делчев“. Станува збор за централни локации кои се неопходни за да ја обновиме инфраструктурата која со години беше запоставена. Очекувам реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски да заврши многу брзо, а на мостот работите во целост би требало да завршат во текот на летото. Градежната сезона е отворена, Градот Скопје изминатиов период спроведе низа постапки, а граѓаните ќе имаат можност да видат како се реконструираат главните градски улици - рече денеска градоначалникот Шилегов.На улицата Димитрија Чуповски ќе се изврши комплетно отстранување на постојниот коловоз и ќе се постави нов асфалт во три слоја. Ќе се реконструира коловоз со површина од 3.750 квадратни метри. Во наредната фаза предвидена е и комплетна реконструкција на велосипедските и на пешачките патики на овој потег, од двете страни на улицата.Шилегов додаде дека е свесен за метежот кој настанува во текот на градежните работи на улиците и ги замоли граѓаните за трпение.- Учесниците во сообраќајот ги замолувам за разбирање и апелирам на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим кои ќе бидат објавувани од Град Скопје – рече Шилегов.Градот Скопје продолжува да работи на намалување на сообраќајниот метеж и на зголемување на безбедноста во сообраќајот, не само преку реконструкција на улиците туку и со изнаоѓање модерни и одржливи решенија што ќе обезбедат непречено функционирање на градскиот сообраќај.

Скопје | пред 6 години

monstrum-novi-sad

По три дена потрага, пронајден и уапсен мажот кој ги уби жената, бабата и дедото

Припадниците на Министерството за надворешни работи во Нови Сад го уапсија Горан Јанковиќ, поради постоење на основа дека на 24 мај си ја убил сопругата и нејзините родители, пренесува курир.рсЈанковиќ се товари дека на 24 мај си ја убил сопругата и нејзините родители во нивната семејна куќа и тоа пред неговите малолетни деца.Јанковиќ потоа побегнал од местото на настанот, а уапсен е во Нови Сад, после тридневна потрага во која, освен новосадската полиција, учествувале и припадници на хеликоперската единица, пренесуваат српските медиуми.

Свет | пред 6 години

silegov-1

Шилегов: Разликувајте ги термините разрешен, сменет и дадена оставка

Би сакал да ги разликуваме термините разрешен, сменет и дадена оставка. Јас и другите потпретседатели на СДСМ ги дадовме нашите оставки уште во текот на минатат недела. Како луѓе покажавме политички интегритет со давањето на оставки, во политиката ништо не е лесно, логично е во еден даден момент да си отидеме. Ова го изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов по одлуките на Централниот одбор на СДСМ вчера.-Прво би сакал да ги разликуваме поимите разрешен, сменет и дадена оставка. Јас заеднно со другите другари, потпретседатели на СДСМ, во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера Централниот одбор ги прифати тие оставки. Второ, уште пред седницата на Централниот одбор вчера, јас истакнав дека наша задача како луѓе е победата којашто ја имаме на претседателските избори и да креираме внатрепартиски политики коишто ќе веривикуваат таква идна победа на парламентарните избори со цел во македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот фашизмот што го промовира ВМРО-ДПМНЕ во последните 15 години, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање на почетокот на реконструкцијата на булеварот „11 Октомври“.Прашан дали ќе даде оставка од функцијата градоначалник на Скопје, тој рече дека оставка даваат луѓе со интегритет, а политички интегритет покажале сите кои дале оставка од партиската функција.Во политиката ништо не е вечно, како дојдовме така е, логично, во еден даден момент да си отидеме. Ако добро ги следите, а би сакал добро да ги следите политиките кои ги креирав и стратегиите коишто ги креирав во изминатава една и пол година од како сум градоначалник, ќе видите и ќе знаете што сѐ Градот работи на изминатава година. Креирањето на тие политики и реализирањето на тие политики се нешто што допрва следува, рече Шилегов.

Македонија | пред 6 години

dafina-vmro-dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во нов милионски скандал

Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во нов милионски скандал. Повторно се полнат џебовите на поединци со народни пари, истакна Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Филипче и Дончев наместо да обезбедат за граѓаните навремена и соодветна здравствена услуга, тие ги ограбуваат. Министерот и директорот на Фондот на почеток на годинава ја префрлија детската кардиохирургија во приватна клиника, а сега ги зголемуваат цените за кардиохируршки операции. Станува збор за цени повисоки од околу 20 проценти, а надлежните, замислете, се вадат со тоа демек се зголемиле цените на потрошниот материјал за кардиохируршки интервенции!Внимавајте,Цените на останатите хируршки интервенции остануваат исти и се непроменети веќе долг период. Кардиохируршките операции, пак, кои се вршат во две приватни клиники во Скопје добиваат нови далеку повисоки цени. И за кардиохируршките операции кои се прават токму во овие приватни клиники цените се покачуваат два пати во текот на една година!Со ова покачување на цените, ваквите интервенции во Македонија станаа поскапи дури и од оние во болниците во регионот како Бугарија, Србија, Турција и слично.Почитувани,Ова е само уште еден дополнителен скандал во здравството. Филипче и Дончев го распродаваат здравството. Тие треба да бидат изметени со метлата на Заев, и тоа веднаш, истакна Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

vlado-misajlovski

Мисајловски: Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција, затоа што знае дека заминува во длабока опозиција

Дозволете ми најпрвин да им ја честитам победата на изборите за пратеници во Европскиот парламент на нашите сестрински партии од ЕПП и истовремено да му порачам на Зоран Заев да ги следи европските вредности и принципи и да си поднесе оставка поради сета стагнација во која минува државата во изминативе две години, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција, затоа што знае дека заминува во длабока опозиција.Токму затоа и ги разрешува сите кои можат да му бидат опоненти во СДСМ. Зоран Заев наоѓа вина во сите, само не во него. Дополнително разрешувањето од партиските функции не ги решава проблемите на граѓаните. Граѓаните се незадоволни од министерот Спасовски, а не од потпретседателот Спасовски, Скопјани се незадоволни од градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот Шилегов.Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов и Благој Бочварски се неспособни и до сега во раководењето на институциите покажаа никаков резултат. Токму затоа оставки мора да следат и од државните функции. Нивната неспособност не смее да се покрие само со партиски разрешувања.Управувањето со МВР и обезбедувањето на јавниот ред и мир не е позначајно од потпретседателската функција во СДСМ. Токму затоа Спасовски мора да си даде оставка и од министерската функција. Убиствата по улиците кои станаа секојдневие, вооружените грабежи и запалените автомобили се повеќе од доволна причина. Спасовски треба и мора да си замине.Администрацијата не е должна да ги трпи заканите на Манчевски. Граѓаните вработени во јавниот сектор заслужуваат почит и не треба да го трпат мобингот на Манчевски. Токму затоа Манчевски мора да си даде оставка и на министерската функција.Скопје и Штип година ипол стагнираат. Нема ниту еден нов проект, ниту една нова инвестиција, нема нови булевари, улици и паркови, како во Скопје, така и во Штип. Не знаеме дали Шилегов и Бочварски потфрлиле во извршување на партиските функции, но во извршување на градоначалничките работи потфрлија со сигурност, а за тоа добија и потврда од граѓаните на последните избори.Доколку Заев не ги разреши од државните функции целата јавност ќе види дека метлата е само една фарса за одвлекување на вниманието од секојдневното назадување.

Македонија | пред 6 години

tutan-kamon

Накитот на египетскиот фараон Тутанкамон има вонземјанско потекло

Австралиските истражувачи ја решија загатката што повеќе од 100 години ги интригира научниците. Тие открија дека стаклото откриено во накитот на египетскиот фараон Тутанкамон е обликувано под метеорско влијание пред речиси 29 милиони години, објави denar.mk.Резултатите од студијата беа објавени во списанието „Геологија“. Археолозите го проучуваат потеклото на стаклото од 1922 година.Д-р Арон Кавоси од Центарот за вселенски и планетарни науки „Куртин“ ги истражуваше ситните честички на минералниот циркон, откриени во жолтото стакло. Анализата покажа дека во овие честички се присутни траги од редок минерал редит, кој може да се создаде само при метеорско влијание врз површината на Земјата.Текстот во целост на: denar.mk

Магазин | пред 6 години

policija-srbija

Трагедија во Србија - Тело на тригодишно девојче пронајдено пред семејна куќа

Тело на тригодишно девојче било пронајдено пред семејна куќа во Прахово кај Неготин, пишува српскиот портал курир.рс.Телото на загинатото девојче било пронајдено утринава околу 4.00 часот.Како што откриваат српските медиуми, родителите во првата изјава за полицијата рекле дека девојчето под непознати околности паднало од терасата на домот.Полицијата изврши увид и истрагата е во тек. 

Свет | пред 6 години

kongo

Брод потона во езерото Маи Ндомба, најмалку 30 загинати а над 200 исчезнати

Властите во западниот дел на Конго објавија дека најмалку 30 лица загинале, а 200 се исчезнати кога бродот потонал во езерото Маи Ндомба.Градоначалникот на Инонго рече дека повеќето патници биле наставници и дека патувале со брод за да ги подигнат платите, бидејќи патиштата во областа биле во ужасна состојба, објави АП.Бродот потонал поради лошите временски услови, а засега не е познато колку луѓе имало на бродот.

Свет | пред 6 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров за Фајненшл тајмс: Брисел мора да ја препознае и да ја награди успешната приказна

ЕУ ќе го изгуби влијанието на Западен Балкан и ќе ризикува зајакнување на руското и кинеското влијание ако не даде зелено светло за Северна Македонија за започнување на преговорите за пристапување во блокот, предупреди министерот за надворешни работи, Никола Димитров.Во интервју за „Фајненшл тајмс“ тој рече дека Брисел треба да ја препознае успешната приказна и да ја награди.Постојат сомнежи во однос на тоа дали земјите, како на пример, Франција, Германија и Холандија би ги поддржале напорите на Македонија за членство во ЕУ на состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата следниот месец. Но, повеќемина европски дипломати приватно истакнуваат дека балканската држава ги исполнува обврските, вклучувајќи ја и промената на името за ставање крај на спорот со Грција.– Кога има добар пример, тој треба да биде признаен и награден. Ако ова не се случи, тогаш моќта на ЕУ ослабува. Ако ЕУ не може да направи разлика на Балканот, тогаш тешко е да се замисли како ќе направи разлика на друго место – рече Димитров, додавајќи дека Балканот се претворил во „сцена за геополитичко натпреварување“.  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања