Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

kucinja-skitnici

Скопјанец каснат од куче скитник

На 26.05.2019 година во 13.45 часот во Полициската станица Гази Баба, В.А.(54) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на улица „Коце Металец“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 6 години

soobrakajka

Прегазен пешак во Слупчане, пренесен во Клиничката болница во Куманово

На 26.05.2019 во 21.40 часот на локалниот пат во с.Слупчане, општина Липково, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Р.(56) од с.Ваксинце, удрило во пешакот М.И.(51) од с.Слупчане. Притоа, М.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Контролa на СВР Битола, се вози брзо, се зборува на мобилен , нерегистрирани возила во сообраќај

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот(24, 25, 26 мај) извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.Притоа,  контролирани се 1197 возачи, од кои 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 17 возила, брзината ја надминале 120 возачи, тројца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а додека четири возачи не користеле сигурносен појас. Издадени с евкупно 161 мандатен платен налог и 56 прекршочни платни налози.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Лице кое требало да служни казна затвор, фатено на Табановце

На 26.05.2019 година во 16.00 часот во Полициската станица за Граничен премин Табановце, од слобода бил лишен У.Б.(33) од с.Желино, тетовско, затоа што се наоѓал на СТОП-Листа за издржување казна затвор. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

пред 6 години

stop-policija

Во Скопје за 5 сати дури 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 26.05.2019 година во периодот од 14.00 до 19.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 28 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски: Одлуките се донесени без грам суета

Потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, на вчерашната седница на ЦО на СДСМ беше разрешена од функцијата, па таа утрово ја искоментира одлуката.„Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив !Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира !Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите !Донесените одлуки се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата !Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: "Одговорност мора да има" и "Никогаш да не се повтори!".Му благодарам на претседателот и заменикот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за довербата.Борбата продолжува !“, напиша Ременски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

zname

Заврши споениот викенд, 4 јуни повторно неработен ден

Заврши споениот викенд.  Македонија го празнуваше денот на Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост, но  наскоро следува нов неработен ден, а  тоа е вторник, 4 јуни Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.Согласно Законот за празници ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:04 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,2 Август (петок), Ден на Републиката8 Септември (понеделник), Ден на независноста11 Октомври (петок), Ден на народното востание23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен. За граѓаните од православна вероисповед14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) За граѓаните од католичка вероисповед1 Ноември (петок), Празникот на сите светци25 декември (среда), првиот ден на Божик За граѓаните од муслиманска вероисповед11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ23 Мај (четврток), Национален ден на Власите За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците За граѓаните припадници на турската заедница во РМ21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик 

Македонија | пред 6 години

krsto-mukoski-960x528

Крсто мора да оди во Влада, само он може да ги отвори вратите кон ЕУ, се вели на Твитер

Лавина реакции на социјалните мрежи има по вчерашната смена на раководството во СДСМ. Граѓаните од една страна ја поздравуваат одлуката на премиерот Заев, а други сметаат дека историјата се повторува и дека тој си направил пат за доминација во СДСМ.https://twitter.com/Sulimanovic/status/1132732217531215877?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132732217531215877%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2Fhttps://twitter.com/Miki08354409/status/1132757240262352896?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132757240262352896%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2Fhttps://twitter.com/kezhmanprvi/status/1132740925476810754?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132740925476810754%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2Fhttps://twitter.com/iron_heart_mk/status/1132726102940618752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132726102940618752%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2Fhttps://twitter.com/RajnaBureva/status/1132900365681217536https://twitter.com/Linalu123Lu/status/1132732938565689344?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132732938565689344%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2Fhttps://twitter.com/Greatmyo/status/1132746634998222848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132746634998222848%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2F

Магазин | пред 6 години

BeFunky-collage-14

Ефтов: Дали Александар Николоски ќе понесе одговорност за поразот во Охрид ? !

Синоќа во емисијата ВО ЦЕНТАР на новинарот Васко Ефтов за првпат во медиумите се отвори прашањето за одговорност на потпретседателот на партијата ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски , кој е од Охрид, а во градот Охрид ВМРО ДПМНЕ ги изгуби локалните избори со околу 4000 гласа разлика.Ефтов зборуваше и за некој „Кисинџер од Издеглавје“ ( без да прецизира на кого мисли ), а кажа и дека Александар Николоски бил главен кадровик.Ефтов го постави прашањето: Ако имате потпретседател во градот Охрид и ВМРО ДПМНЕ изгуби таму, тогаш се поставува прашањето како може потпретседателот да победи во други делови на Македонија ?Ефтов праша дали има логика ако некој губи со 4000 гласа никој да не понесе одговорност во ВМРО ДПМНЕ, додека Заев прави метла во СДСМ.Ефтов рече и дека политички сплетки биле есенција на политичкото делување на Александар Николоски во неговата кариера.ВИДЕО?t=548

Македонија | пред 6 години

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес почувствуван во околината на Берово и Пехчево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 03часот и 51 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 13km северозапазно од Пехчево.Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.3, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

По „метлата“ Заев заминува во Словенија

Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Словенија.За време на посетата премиерот Заев ќе оствари средби со неговиот колега, премиерот на Словенија Марјан Шарец, со претседателот на Државниот збор на Словенија Дејан Жидан, како и со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.Според програмата за време на посетата на Словенија ќе се одржи и Бизнис форум за делегации на стопанските комори на двете земји.Премиерот Заев, ќе биде придружуван од вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министеркатa без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

Македонија | пред 6 години

metla-15

Потребна е метла која ќе го измете Заев, а ќе ја осети на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Само Зоран Заев и Радмила Шекеринска блескаат. Само тие не се виновни за корупцијата, криминалот, расипништвото и назадувањето на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Сите останати ги испокрадоа парите преку фондот за иновации, тендерите во здравство, си делат сами на себе кирии, си поделија ниви со марихуана и го соголуваа буџетот.Сите останати бараа „едно за вице”, само Заев и Шекеринска останаа да блескаат.Факт е дека Спасовски, Кирацовски, Ременски, Зекири, Манчевски и Шилегов беа катастрофа за СДСМ но уште поважно е дека тие се трагедија за Република Македонија.Затоа и Спасовски и останатите неспособни кадри на Зоран Заев мора да си поднесат оставки и од државните функции, а не како неспособни партиски кадри да продолжат да земаат пари од буџетот и да ја упропастуваат Република Македонија.Дали да се води едно министерство како МВР е поедноставно и неважно отколку да се биде потпретседател на СДСМ. Доколку Заев не ги разреши Спасовски, Манчевски и Шилегов од функциите ќе биде повеќе од јасно дека така наречената метла е една голема фарса.Граѓаните не се должни да ја поднесуваат неспособноста на Спасовски кој нема ниту една акција за сузбивање на криминал, министер во чие време убиствата на улиците станаа секојдневие.Администрацијата не е должна да го трпи Манчевски и да премолчува на заканите и мобингот од негова страна дека ќе има кратење.Граѓаните на Скопје не се помалку важни од членовите на СДСМ па Шилегов да им биде градоначалник, кој година ипол потроши, а нема направено ниту еден проект.Метлата е само фарса, се додека не си заминат неспособните функционери и од државните функции на цело со Заев и Шекеринска, заклучокот ќе биде еден, а тоа е дека Заев се обидува преку театар за наводна метла да ги отргне граѓаните од реалноста и проблемите со кои секојдневно се соочуваат.Потребна е метла која ќе го измете Заев, таа метла ја имаат граѓаните, а Заев ќе ја осети на избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

durlovski

Дурловски за Кирацовски: Ќе фалиш будалче

Оперскиот пејач Игор Дурловски се огласи на Фејсбук по синоќешниот Централен одбор на СДСМ, на кој беа разрешени целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и коордианторката на  Форумот на жени.Дурловски се огласи за одлуката да биде разрешен Кирацовски од местото генерален секретар.https://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/2668416959843531

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Денес седници на комисиите за европски прашања и финансирање и буџет

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за финансирање и буџет.На дневен ред пред членовите и на двете комисии се   Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, двата во второ читање.

Македонија | пред 6 години

dsc5628

Николовски: Ќе работиме на реализација на нашата програма и нашите ветувања

Вчера за нов генерален секретар на СДСМ беше е избран Љупчо Николовски и тој повеќе нема да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.Новоизбраниот генерален секретар се заблагодари за дадената довербата  и рече дека фокусот на неговата работа ќе биде строга контрола на исполнувањето на партиската програма и на дадените изборни ветувања.„Ќе работам заедно со новото раководство на СДСМ, со новиот Извршен одбор и потпретседателите што ќе бидат назначени во следните неколку недели, но ќе го црпиме и искуството од досегашните потпретседатели и генералниот секретар. Ќе работиме пред се на силна контрола за тоа како се реализира нашата програма и нашите ветувања“, рече Николовски.

Македонија | пред 6 години

120190520_080018

Денес променливо облачно со сончеви периоди и температура до 29 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 15, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.И во вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Цените на горивата од денеска РКЕ ќе ги одредува по новата методологија

Од денеска, па секој понеделник натаму според веќе усвоената нова методологија, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги одредува максималните малопродажни цени на горивата во земјава.Во новата методологија РКЕ ја зголеми малопродажната маржа од сегашните 3,2 на 4,6 денари по литар иако трговците бараа таа да изнесува од 6,2 до 6,5 денари за литар. Покрај тоа, трошокот за транспорт во државата е пресметан на 0,75 денари за литар.И со новата методологија, курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта и на нафтените деривати на светските берзи остануваат главни критериуми од кои зависи малопродажната цена на горивата на бензинските пумпи низ земјава.Со донесувањето на новата методологија престанува времената либерализација на пазарот на горивата во земјава што траеше две недели поради не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов кои беа неопходни за да се донесе подзаконскиот акт за одредување на новата методологија.Потребата од новата методологија за пресметка на малопродажните цени на горивата настана откако на 8 мај годинава престана да важи Анексот „Д“ од Договорот за купопродажба на ОКТА според чии одредби беше изработена методологијата по која во изминатите 20-тина години РКЕ ја пресметуваше малопродажната цена на нафтата и нафтените деривати.

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Заев за ВМРО-ДПМНЕ: Таму е се за менување

Претседателот на СДСМ , Зоран Заев по завршувањето на седницата на ЦО на СДСМ, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги следат овие примери, бидејќи таму е се за менување„Еве нека следат доблесни примери. Таму е се за менување. Јас сум кажал јавно, заради тоа што во целиот овој период со некој разговарам, дискутирам и дебатирам.Јас работев со Никола Груевски, ова сега во моментов што го има е полошо. Мое не е да работам на подобрување на опозицијата, но мое е да повикам да има сериозна и одговорна опозиција заради тоа што само на тој начин и власта ќе биде поодговорна и поисполнителна“, изјави Заев.

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Заев откако ги смени партиските претседатели: Сега ќе се менува извршната власт

Претседателот на СДСМ , Зоран Заев по завршувањето на седницата на ЦО на СДСМ рече дека ветеното го исполниле. Пораката ја примивме, граѓаните ни испратија кристално јасна порака, корегирајте се ако сакате поддршка. Следуваат денови за промени во извршната власт. Сега со освежени капацитети ќе продолжиме со подобрување на животот на граѓаните, изјави Заев.„Благдарност до Миле Зечевиќ, Александар Кирацовски и Дане Далевски. Исто така благодарност до сите 6 потпретседатели Фросина Ременски, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Петар Шилегов, Мухамед Зекири и Благојче Бочварски.Сакам да се заблагодарам на извршниот одбор на СДСМ кој денеска престана да ја извршува својата функција, какои на координаторот на форумот на жени, Цветанка Ласковска.На местото на Кирацовски доаѓа Љупчо Николовски за генерален секретар на СДСМ и нема да биде веќе Министер за земјоделство.Повеќе министри ќе бидат разрешени, бројката не ја кажувам. Досега се сменети 6 министри, јас сум вкупно до бројката од една третина од Владата. Ќе има повеќе од тројца министриПред се на овие функции ќе се ставаат нови кадри“, рече Заев.На новинарско прашање дали и тој ќе даде оставка, Заев изјави дека не гледа причина за тоа.„Оваа влада, овој премиер ги реши сите отворени прашања. Не гледам никаква причина Зоран Заев да даде оставка. Не ми паѓа на памет да дадам оставка, гледате како сум релаксиран“, додаде Заев. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Охрид приреди Ифтарска вечера

Во духот на меѓусебното почитување, толеранција и соживот, градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, вечерва на Градскиот плоштад „Чинар” приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед.Оваа манифестација во покровителство на градоначалникот се организира традиционално неколку години наназад со цел да ги зајакне односите помеѓу охриѓани и да испрати порака за хуманост и солидарност.Наредната седмица завршува Рамазанскиот пост, а муслиманските верници ќе го прослават големиот празник Рамазан Бајрам во вторник на 4-ти јуни 2019 година.

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Метла од Заев за Спасовски, Шилегов, Манчевски, Зекири, Кирацовски, Зечевиќ ...

Вечерва разрешени потпретседателите во СДСМ се Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов. Разрешен е и генералниот секретар Александар Кирацовски, како и и организацискиот секретар на партијата Миле Зечевиќ,За нов генерален секретар на партијата е предложен министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој нема да биде повеќе на министерската функција.Пред одржувањето на ЦО на СДСМ, оставка на функцијата претседател на Форумот на жени на партијата дала и Цветанка Ласкова.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Разрешено целото раководство на СДСМ, за нов генерален секретар избран Љупчо Николовски

Неофицијално на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ, разрешено е целото раководство на СДСМ.  Разрешени се сите потпретседатели, ивршниот одбор на партијата, форумот на жени, како и генералниот и организацискиот секретар на партијата.За нов генерален секретар е избран министерот за земјоделство Љупчо Николовски.   

Македонија | пред 6 години

tatko-hrvat-monstrum

Татко монструм - Хрват до смрт го претепал својот 2,5 год син, а претходно му ги му ги горел стапалата со запалка

Татко на пет деца по потекло од Хрватска на 25 годишна возраст , во Милано до смрт го претепал својот две и пол годишен син.Полицијата го привела таткото , а според судијата Валерио Натале , ќе остане во затвор зашто би можел да го повтори делото над другите деца. Неделава треба да почен обдукцијата на бебето , за да се потврдат претпоставките дека таткото го злоставувал и физички го малтретирал бебето и претходно.Итлијанската полиција соопшти детали за убиството на двегодишното дете, кое до смрт било претепано од својот татко.Обдукцијата на починатото дете е закажана за следната седмица и таа треба за да ги потврди шпекулациите дека таткото и претходно физички го малтретирал детето. Тоа што е откриено за време на истрагата е монструозно. Иако кога го нашле мртвото дете на креветот инспекторите прво мислеле  дека таткото му ги врзал нозете за да го спречи да се движи, наскоро сфатиле дека мајката му ставала газа на стапалата бидејќи А.Х. му ги горел со запалка!Повредите од изгореници, очигледно, биле неподносливо болни за детето, бидејќи цела ноќ пред убиството неутешно плачело. Наместо да го освести, плачот на детето уште повеќе го разбеснел неговиот татко, кој посегнал по хашиш за да се смири. Но, бидејќи детскиот плач му станувал сè понеподнослив А.Х. одлучил да го претепа својот син.– Вистина е дека го претепав до смрт. Но верувајте ми, не сакав да го убијам. Го испушив хашишот, но бидејќи никако не можев да заспијам станав и го удрив. Кога видов дека не дишев, не мислев дека го убив, рекол убиецот во својата одбрана пред Јавниот обвинител.Освен сега починатото дете, А.Х. и неговата сопруга, исто така од Хрватска, имаат уште две девојчиња на три и едногодишна возраст, кои биле згрижени од Центарот за социјална работа, додека еден постар син им живее во Хрватска. Децата ги презема Центарот за социјални работи.    

Свет | пред 6 години

mamut

Руски и јапонски научници „разбудија” клетки на мамут

Тим од руски и јапонски научници успеа да разбуди клетки на младата женка-мамут по име Јука, која живеела во Јакутија пред 28 илјади години. Научниците од клетките на мамутицата извлекоа генетски модификации и ги пресадија најзачуваните јадра во јајце-клетки на глувци, објави BBC, повикувајќи се на истражување во магазинот Nature.Во некои клетки се забележани показатели на биолошката активност која претходи на нивното размножување по пат на делба. И макар што процесот не го достигнал степенот на делба на клетките, научниците се задоволни со постигнатите резултати, објави mk.rbth.com„Тоа покажува дека, иакo поминале толку векови, клетките и понатаму можат да покажуваат активност и, барем делумно, да ja репродуцираат“, изјави еден од истражувачите Кеј Мијамото.Мамутицата Јука беше пронајдена во 2010 година на брегот на Лаптевското море во Јакутија. Во почетокот се претпоставуваше дека староста на фосилот е околу 40 илјади години, но подоцна беше коригирана на околу 28 илјади години. Остатоците од мамутот се одлично сочувани поради вечниот лед. На телото на животното се пронајдени засеци направени од човечка рака и траги од повреди од диви животни.извор:mk.rbth.com

Магазин | пред 6 години

ignat-pancevski

Тажна вест - Почина адвокатот Игнат Панчевски

По кусо и тешко боледување, утрово почина познатиот адвокат Игнат Панчевски (69).  Тој беше една од најколоритните фигури во македонскиот адвокатски свет. Изминатите години тврдеше дека поседува докази оти поранешниот македонски претседател Борис Трајковски бил убиен, а алармираше и дека воениот злосторник Ратко Младиќ, пред да биде уапсен, се криел и во земјава.Во 2013 година, Панчевски беше застрелан со еден куршум во левата потколеница. Инцидентот се случи во Бутел.Се обидуваше да ја расветли и измамата во ТАТ, а пресмета и дека над пет милијарди евра биле извлечени од Македонија преку криминал.Посмртните останки ќе бидат изложени во вторник во капелата на Градските гробишта во Бутел во 12 часот. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања