Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

studenski-dom

Директорот на Студентскиот дом: Струјата беше исклучена поради неплатен долг, но од вчера повторно има

По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека студентскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ нема струја во јунска сесија, се огласи директорот на домот, Лулзим Џемаили.– Сакам само транспарентно да се информира јавноста дека на Домот „Томе Стефановски Сениќ” на 22.05.2019 во 14 часот му беше прекинато снабдувањето со електрична енергија заради неплатен долг. Приклучени бевме вчера на ден 25.05.2019 во 19 часот. Демантирам информации дека во Домот уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија – стои во реакцијата од Џамаили.

Скопје | пред 6 години

hasim-taci-990x556-696x391

Тачи: Дојде времето да се работи на отстранување на граничните премини меѓу Косово и Албанија

Косовскиот претседател Хашим Тачи вчера во Крума, Албанија, како што пренесе РТК, рече дека мисијата на Косово за слобода и независност не е доволна, дека Албанците се неправедно поделени, дека сега треба по своја волја да се обединат „и дека дојде времето паметно да се работи на отстранување на граничните премини меѓу Косово и Албанија, кои се неправедно наметнати“.Тачи во својот говор по повод прогласувањето за почесен граѓанин на Крума рече дека во блиска иднина, Косово и Албанија ќе живеат заедно, без граници.Тачи рече и дека ќе ги продолжи напорите за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац на Косово, што, според него, ќе се постигне без да се доведе во прашање ни милиметар од Косово, езерото Газивода и Трепча.„Бидете сигурни дека е далеку полесно да се оствари сонот за една територија без граници меѓу Косово и Албанија отколку што беше предизвик заминувањето на Србија од Косово. Ова ќе се случи“, заклучи Тачи.

Свет | пред 6 години

trud-i-soc-politika

Додаток за трето дете само за семејствата со приход до 12.000 денари

Министерстерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска изјави дека додаток за ттрето дека ќе имаат само оние семејства кои имаат вкупен приход од 12 000 денари.„Додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството, а тоа е во наредните 10 години да примаат надоместок од 8.000 денари за секое трето родено дете. Што значи третото дете ќе го поддржиме и ќе платиме тоа да има поквалитен живот, но само за најсиромашните. Сите останати нема да можат да го остварат тоа право, изјави Царовска.

Македонија | пред 6 години

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева обвинува дека СДСМ ги краде механизмите од фонтаните

Професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил ја откри причината поради која не работат фонтаните во центарот на главниот град.„Еве ја причината зошто фонтаната во центарот на град Скопје НЕ РАБОТИ:Крадеш механизам од фонтаните во Скопје, распишуваш тендер од 200.000 евра и го враќаш истиот назад. Или што би рекла Шекеринска бонбона бизнис.Тоа се тие криминални умови на СДС. Браво за креативноста“, напиша Каракамишева на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

29R

(ФОТО) Трамп и Меланија на сумо турнир во Јапонија

Американскиот претседател, Доналд Трамп на својот твитер профил се пофали дека присустувал на сумо турнир, при неговата работна посета на Јапонија.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1132614380103843840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132614380103843840%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2Fsvet%2F%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25bf-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25bc%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0%2FАмериканскиот претседател и првата дама седеа во царската ложа, каде што седат само членови на царското семејство.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1132623971139112960?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132623971139112960%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2Fsvet%2F%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25bf-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25bc%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0%2FЈапонскиот премиер, Шинзо Абе им приреди незаборавно срдечен дочек на Трамп и Меланија.

Свет | пред 6 години

metju-nimic-696x522

Нимиц за Груевски: Го сметав за многу интелигентен, но неговите погледи беа заглавени во историскиот пристап

Американскиот дипломат Метју Нимиц во интервју за „Дојче Веле“ откри детали од неговата кариера, која најголем дел помина во спорот со името на Македонија со Грција.„Сите мислеа ова е лесно. Седни на маса. Најди име. Ама не беше така. Во семејството понекогаш мислеа дека сум луд што толку долго се занимавам со ова прашање. Но поддршката беше голема. Пријателите често ме задеваа: Уште ли се занимаваш со тоа?“, раскажува Нимиц.Како што истакна тој, го сметал Груевски за интелигентен човек и честопати се дружеле.„Имав многу дискусии со Груевски и имав добри односи со него. Минавме многу часови заедно. Ќе одев во неговиот дом и ќе вечеравме заедно, и ќе разговаравме. Го сметав за многу интелигентен. Ги познаваше работите многу добро. Секогаш го сметав за многу интересна личност за разговор на оваа тема. Но неговите, и погледите на претседателот Иванов, беа премногу заглавени во историскиот пристап. Тоа за мене беше ќорсокак. Тој не беше подготвен на компромис доволен за да се постигне договор. Беше флексибилен, но неговата флексибилност беше лимитирана. А и политиката во земјата беше таква што тој со оваа тема добиваше на избори“, вели Нимиц.Со текот на времето, тој поминал многу заеднички средби со македонските политичари, па откри и што се јадел низ рестораните во Македонија.„Едно од најдобрите јадења во кое сум уживал е јагнешко во едно мало село во близина на грчката граница. Обожувам јагнешко. Го заборавив името на селото, но таму има ресторан и таму го јадев најдоброто воопшто. Застанавме таму со Димитров (Никола, министер за надворешни работи, н.з.) на враќање од Солун и одлично вечеравме со многу добро вино. И охридската пастрмка е одлична. Со претседателот Глигоров сум јадел и јагула“, соопшти Нимиц.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште молчи, кога ќе поднесат оставка нивните пратеници кои се обвинети за криминал?

ВМРО-ДПМНЕ партијата заштитник на криминалот се уште молчи и не кажува кога нивните пратеници кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието, се вели во соопштението од СДСМ?Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и согласно законот ќе гласаат ЗА одземање на неговиот мандат?Се додека во белиот дворец молчат по овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ нема минимум  кредибилитет  да зборува за морал, чесност и одговорност.Повлекувањето од функцијата пратеник на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Очигледно за ВМРО-ДПМНЕ тоа се уште е непозната категорија, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: На ЦО на СДСМ мора да се сменат сите министри, еве зошто ...

Единствен начин Зоран Заев да и помогне на Македонија е самиот да ја понесе одговорноста на вечерашниот состанок на ЦО на СДСМ. Граѓаните на избори веќе му кажаа дека треба да си замине заедно со криминалната, расипничка и антидржавна политика што ја практикува повеќе од две години, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Заев загуби во повеќе од половината општини во Република Македонија бидејќи лагите и измамите веќе не минуваат.Точно е дека одговорност имаат и претседателите на општинските организации на партијата кои молчеа и го поддржуваа криминалот на Заев и на неговите соработниците само за некое вработување или поситен бизнис. Тие треба да бидат сменети, но најголемата одговорност е лично кај Заев и кај неговите први соработници. Зоран Заев мора да понесе одговорност за не добивањето датум за преговори со ЕУ и за лагата дека датата „кристално чиста е добиена уште лани“.А и за ветувањата од него дека Бујар Османи ќе одговара, дека ќе има кривична за него заради криминал. ЦО на СДСМ мора да ја смени и Рената Десковска заради сите проблеми во правниот систем, а претходно и во образованието. Единствено што сработи е селективната амнестија и отповикување на неотповикливата оставка на директорот на затворот Скопје. ЦО на СДСМ мора да го смени Дамјан Манчевски, познат како Дамјан на Рада, заради 3.000 нови вработени во администрацијата, спроведувањето непотизам и партизација на општеството на администрацијата која нели беше преполна и тешка. ЦО на СДСМ мора да го смени Оливер Спасовски заради неуспехот да се справи со расцветаните криминал, убиства и корупција и особено заради меѓународни документи кои покажуваат спрега на власта и заштита на криминални групи. ЦО на СДСМ мора да бара смена на Венко Филипче, заради пропаста на јавното здравство и секојдневни криминални тендери и приватизирање на здравството, додека повеќе од една година беснее епидемија на сипаници, нема ниту посочување на жариштето, на изворот, а се врати и шугата!ЦО на СДСМ мора да ја смени Мила Царовска заради кратењето на пензиите и забошотената афера со пензискиот фонд! Уште повеќе заради нејзината поврзаност со летање дронови на државна сметка. ЦО на СДСМ мора да го смени Горан Сугаревски бидејќи две години нема ниту еден метар асфалт ставено низ Република Македонија, а два автопати стојат во место! Падот на градежништвото и не реализацијата на капиталните инвестиции не се причина според Заев за барање одговорност од Сугаревски. ЦО на СДСМ мора да ги смени Кочо Анѓушев но и Драган Тевдовски заради колапсот на економијата, бруталното задолжување и криењето на јавниот долг, додека нема ниту една инвестиција, и ниту една нова фабрика низ земјава. ЦО на СДСМ мора да ги смени и казни блиските советници и соработници на Заев кои како адвокати влечат огромни суми од јавните претпријатија за адвокатски услуги. ЦО на СДСМ мора да ги смени пратениците и градоначалниците од СДСМ заради трговија на црно и деспотско однесување. Но тие му се потребни за да му минува семејниот бизнис!Зоран Заев нема намера да престане со лажење и девастација на државата, претворање на Република Македонија во приватен пашалак на кланот на власт. Тој наместо државни функционери, ги менува своите послушници во општинските партиски канцеларии, после изборниот неуспех, само во обид да го намали незадоволството и разочарувањето во СДСМ од него. Ќе постави свои нови луѓе за да може да добие уште малку време и да си овозможи поблаго атерирање по падот од власта!Зоран Заев нема да го смени својот однос кон граѓаните, понижувањето, лажењето и девастацијата на општеството кое тоне во немаштија и секојдневно бега од државата. Зоран Заев и неговиот клан се најголемата непогода за Република Македонија. Зоране Заев, не можеш да избегаш, падот ти е неизбежен. И ќе биде онолку поболен, колку што одолговлекуваш да си заминеш, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

61188734_1262204213957199_4651507116949897216_o

Меморијален фудбалски турнир посветен на споменот на сите наши загинати бранители

“Најнапред дозволете ми да се заблагодарам не само за поканата денеска да бидам дел од овој настан, туку и за укажаната чест да го отворам овој традиционален меморијален спортски турнир посветен на споменот на сите наши  загинати бранители“.Ова, меѓу другото, денес во Крива Паланка го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод одржувањето на Традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал “Бранители 2001“, што во чест на загинатите припадници на МВР од овој крај се одржува 17-та година по ред.“Во оваа пригода сакам да истакнам дека меморијалниот карактер на фудбалскиот турнир има крајно благородна цел, во името на ненадоместливата загуба на нашите бранители-херои. Цел која што во името на нашата совест и во име на највисоката вредност - човечкиот живот - треба постојано да не потсетува, како луѓе и како општество, никогаш да не заборавиме за жртвите и обврските кон нив“, нагласи Спасовски.Инаку, министерот Спасовски пред свеченото отворање на турнирот, заедно со делегација од министерството за внатрешни работи положи цвеќе пред споменикот на Бранителите во кругот на Полициската станица Крива Паланка.

Македонија | пред 6 години

sela

Села: Предвремените парламентарни избори ќе го забрзаат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Претседателот на Алијансата за Албанците во неделното интервју на Радио Слободна Европа, Зијадин Села  вели дека би поддржал закон кој нема за цел да амнестира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава. Тој е категоричен:-Нема да поддржам закон кој се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава.Според Села, на Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори.- Ако имаме предвид дека едно од најважните прашања за Европската унија се реформите во правниот систем, СЈО итн., тогаш веќе да заклучиме дека причината зошто можеби нема да добиеме датум е фактот што ДУИ е внатре во коалиција со СДСМ и тоа е факторот кој оневозможува да се случуваат вистински реформи од правниот аспект тука во Република Северна Македонија. И имајќи предвид дека изборите конечно ќе ја вратат демократијата во албанското општество и ДУИ ќе си замине во опозиција, мислам дека предвремените парламентарни избори ќе го забрзаат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, вели Села.    

Македонија | пред 6 години

avtobusat-opital-se-da-mine-pod-mosta-564-670x503

(ФОТО) Македонски автобус во Бугарија остана без покрив

Aвтобус остана без покрив утрово во Пловдив. Како што информира TrafficNews.bg, инцидентот се случил под мостот  на булеварот Марица-Југ.За среќа, нема настрадани, бидејќи во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но е причинета серозна материјална штета. Покривот на автобусот буквално бил однесен. Полицијата излегла на терен. Движењето во областа не е нарушено.“Инцидентот се случил околу 6:30 до 7:00 наутро. Имаше многу гласна бучава. Очигледно, возачот не ја оцени висината “, изјави Венко, кој работи во близина и бил сведок на несреќата. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев во Виена: Сплотени да ја победиме марионетската власт и да ја поништиме промената на името

Делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев викендов во Виена учествуваше на Првата европска конференција за Македонија во организација на Координативното тело на Македонската дијаспора за Европа. На конференцијата учествуваа партии од Македонија и здруженија на Македонците од Австрија, Словенија, Италија и Германија.„Сите знаеме дека  марионетската власт во Скопје избриша се што е македонско. Затоа, ние Македонците имаме задача, историска задача пред Македонија, да поништиме се што направи власта во Скопје купена и контролирана од странски центар. Да и помогнеме на Македонија, а тоа можеме да го направиме само доколку на наредните избори се обединиме и направиме силен политички блок од Македонците во земјата и странство кој ќе победи на наредните избори. Тука сме присутни партии и здруженија со различни определби, едни за НАТО и ЕУ, едни за сојуз со Русија, но, нашите партиски идеологии во моментот да ги оставиме на страна. Да се обединиме на Платформа со стратешки точки, сплотени да победиме на наредните избори и да формираме привремена влада со мандат да ги поништи антимакедонските акти со кои се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. По ова,  нашата привремена влада се распушта и  се распишуваат избори во вистинска македонска држава на кои избори секој нека излезе со своите надворешно-политички определби, па, народот нека одлучи по кој пат ќе оди Македонија - дали во НАТО или во сојуз со Русија. Сето ова можеме да го оствариме ако ги надминеме делбите и се обединиме на македонски. Да се вклучиме,  заедно да расчистиме со националните предавници и да ги поништиме опасните закани спрема Републиката. Македонскиот народ каде и да живее е силно вознемирен од разнебитувањето на државата, меѓутоа, новата легална власт произлезена од народот го обезбедува опстанокот и просперитетот на Татковината„ - рече меѓудругото Бачев.На Собирот присуствуваше и поранешниот амбасадор на Австрија во Република Македонија, Харолд Кочи. Општо е впечатокот на сите пристуни дека е потребно создавање на еден силен политички блок на Македонците во земјата и странство за наредните парламентарните избори во Македонија.

Македонија | пред 6 години

11tornado-vid-superJumbo

(ВИДЕО) Торнадо срамни со земја хотел во Оклахома

Торнадо синоќа во доцните часови го погоди Ел Рено во Оклахома, пренесе „Фокс Њуз“.https://twitter.com/AaronBrilbeck9/status/1132499226741624832?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132499226741624832%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25be-%25d1%2581%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b5%25d0%25bc%25d1%2598%25d0%25b0-%25d1%2585%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bb-%25d0%25b2%25d0%25be%2FЛокалната телевизија јавува дека торнадото срамнило со земја цел хотел и дека има мртви. Спасувачки екипи веднаш почнале со акција за спасување луѓе заробени под урнатините.Портпаролот на локалната полиција рекол дека загинале поголем број луѓе и дека во тек е извлекување жртви од урнатините. Како што се наведува, има и голем број исчезнати

Свет | пред 6 години

maksimov

(ВИДЕО) Еве кој стои зад измамата во „Нефа мебел“

Поради технички преглед на автомобилот итно морав да се вратам во Русија. Ова е последната порака која Максим Максимов, директор на „Нефа намештај“ им ја пратил на менаџерите во Србија само неколку дена пред оваа фирма буквално преку ноќ да исчезне од Србија, објави српски „Блиц“.Тој оставил на улица околу 550 работници во двете фабрики во Србија, и многу муштерии во нашата земја и Србија без нарачаниот и платен мебел.Според податоците на српската агенција за стопански регистри зад целата афера стои рускиот крал на креветите Андреј Ходашевиќ, сопственик на две големи фабрики за мебел „Много мебели“ и „Корол Диванов“ во Русија, кој преку лавиринт од други фирми „Спилит“ и „Холодекс“ е сопственик на „Нефа мебел“ во нашата земја и Србија.Целата сторија на „Блиц“

Македонија | пред 6 години

zemjotres

(ВИДЕО) Силен земјотрес го погоди Перу

Земјотрес со јачина од 8 степени утрово го погоди Перу. Епицентарот бил во северниот дел на земјата, 180 километри од градот Мопјобамба на длабочина од 117 километри.Локалните вести го предупредиле населението дека по ваков удар можни се нови земјотреси и потреси на земјиштето.Засега нема извештај за повредени и настрадани и за причинета материјална штета.

Свет | пред 6 години

sdvsdsdgvsgerggfgnj

Судијата Тасев го доби спорот со Македонија

Штипскиот судија Славчо Тасев го доби спорот со државата Македонија, откако македонските судови не му дозволиле од Бугарин да стане Македонец. За ова, според судот во Стразбур, државата на Тасев ќе треба да му плати 4.500 евра и 1.800 евра за судски трошоци, објави МКД.мкСлавчо Тасев е судија од Штип повеќе од 22 години, од кои 9 години во Апелацискиот суд. Тој е роден 1959 година во Босилеград, Србија. Во Македонија се сели во 1978 година. Тука дипломира, формира семејство и живее во Штип. Цело време се изјаснувал како Бугарин, но во меѓувреме решава да ја смени националната припадност бидејќи доаѓа до докази дека неговото потекло е македонско.Оваа промена подоцна станува единствената пречка за да се кандидаира во институцијата која бира и разрешува судии во државата - Судскиот совет.Тасев во 2018 година решава да се кандидира за член на Судскиот совет како Македонец, но Советот го отфрла неговото барање бидејќи кај нив тој бил заведен како Бугарин. За ова Тасев добива пресуда и од Управниот суд.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

slika-2

Николов и Перински во посета на Стокхолм

Членот на извршниот комитет Игор Николов, и шефот на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Златко Перински, на покана на Шведската сестринска партија која воедно е и членка на Европската Народна Партија, „Модерати“ и фондацијата „Јарл Хјалмарсон“ се во неколкудневна посета на Стокхолм.Поводот на престојот е мониторирање на процесот на изборите за Европскиот парламент како и состаноци и средби за јакнење на меѓусебната соработка меѓу двете сестрински партии.Се оствари средба со Питер Егорт кој е претседател на „Јарл Хјалмарсон“ фондацијата која развива проект за општествено интегрирање и поддршка на десничарските политики.Воедно се оствари и средба со европратеникот Гјунар Хукман каде се зборуваше за искуството на Шведска од Европската Унија, придонесот на Шведската партија „Модерати“, како и потребата за интегрирање на Европските вредности и градење на заедничко општество базирано на истите принципи.Делегацијата учествуваше и на сесијата организирана на тема предизвиците кои престојат на Европската Унија каде се говореше и за иднината на Европската Унија, потребата за градење на консензус за европската иднина на регионот, како и позицијата на државите аспиранти визави Европските актуелни прашања.

Македонија | пред 6 години

den-na-evropa

21 земја од Европската Унија денеска гласаат на европските избори

Дваесетина земји од Европската Унија денеска гласаат на европските избори, откако вчера гласаа Летонија, Малта и Словачка, а претходно гласаа и Британците, Холанѓаните, Ирците и Чесите.Од четвртокот до денеска околу 418 милиони гласачи низ 28 земји на ЕУ може да учествуваат на изборите, во едни од најголемите светски демократски избори.Денеска гласаат 21 земја. Избори има во Германија, Франција, Австрија, Полска, Шведска, Финска, Данска, Бугарија, Романија, Италија, Словенија, Хрватска, Грција, Малта, Белгија, Луксембург, Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија и Унгарија.Изборите започнуваат нов политички циклус во ЕУ, кој вклучува и промена на водството на нејзините институции. Исто така, изборите доаѓаат во време на планирано излегување на Велика Британија од Унијата, како и закани кои следат од надвор и од внатре, велат аналитичарите.Истражувањето на јавното мислење покажува дека крајно десничарските политички партии би можеле добро да поминат, што потенцијално би можело да го загрози носењето на одлуки во ЕУ во наредните пет години. Одѕивот на изборите на ЕУ вообичаено е низок, што на маргиналните партии им оди во прилог.Привремените езултати во сите земји ќе бидат објавени денеска во 23 часот, кога се затвораат гласачките места, во последната земја на ЕУ, Италија.

Свет | пред 6 години

61351717_2695591123787669_2651522966700949504_n

Пендаровски со сопругата на ифтарска вечера под покровителство на турската Амбасада

,,Иако го прославуваат само муслиманите, светиот месец Рамазан симболизира многу општочовечки вредности. Преку солидарноста кон посиромашните, Рамазан е симболичен коректив на социјалната нееднаквост во општеството.И покрај нашите различни вери и светогледи, нас нè поврзуваат универзални вредности и принципи ‒ стремежот за правда и мир, еднаквост и достоинство. Нашиот исклучителен придонес како европска држава во која луѓе од различна верска, етничка и јазична припадност соработуваат на градењето заеднички дом, е доказ дека е можна подобра иднина за регионот, Европа и светот.Мој приоритет како Претседател на Република Северна Македонија е да придонесам за граѓанско помирување. Моја цел е во нашата европска држава да промовирам вредности што зближуваат, а не што разделуваат.Благодарам за поканата за ифтарската вечер организирана од Меѓународниот Балкански Универзитет, под покровителство на Амбасадата на Република Турција“-објави Претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

kucinja-kuce

Двајца скопјани каснати од куче скитник

На 25.05.2019 година во 23,00 часот во Полициската станица Гази Баба Ж.Ч.(75) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21,00 часот на улицата “Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.На 25.05.2019 година во 11,00 часот во Полициската станица Карпош М.В.(67) од Скопје пријавила дека на 24.05.2019 година околу 14,00 часот на улицата “Бранислав Нушиќ“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Скопје | пред 6 години

ujp

До 31 мај можете да ја проверите и потврдите годишната даночна пријава во УЈП

Граѓаните кои оствариле приходи во 2018 година имаат рок до 31 мај да направат увид во претпополнетата Годишна даночна пријава електронски доставена од Управата за јавни приходи.Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава.Од УЈП наведуваат дека граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави, може да се обратат во контакт центарот на телефонските броеви 0800 33 000 и 02/3253 200. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се судрија „БМВ“ и мотоцикл, едно лице со тешки повреди

На 25.05.2019 година во 16,35 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Иво Лова Рибар“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “БМВ“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл “Кавасаки-500“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.З.(51) од Прилеп.Возачот на моторциклот бил пренесен во Градската Болница-Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведено лице кое се наоѓало на листата со мерка „Апси“

На 25.05.2019 година во 18,30 часот на Граничниот премин Долно Блаце при влез во Р.Македонија лишен од слобода бил B.K.(29) од Косово бидејќи при проверка во стоп листата евидирал со мерка „Апси“ по барање на Интерпол-СР Германија.Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

60952136_1188104074647338_7364687663489613824_n

(ФОТО) Харадинај со сопругата на гости кај Заев

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на социјалните мрежи се пофали дека в македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица ги пречекале во нивниот дом.,,Заедно со Анита, бевме гости во домот на премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Пријатен разговор, за добрососедство, коректна соработка и заедничка евро-атлантска иднина на двете земји!“-напиша кусо Харадинај.

Македонија | пред 6 години

struja-4

Утре без струја дел од Бутел и Визбегово

Од ЕВН Македонија АД, информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 08.15 до 09.45 часот, корисниците од дел од населба Визбегово: Ул.Јадранска Магистрала, стопански објекти: Имиџ Плус, Енмон, Универзал Комерц стар објект, Баку, Еуробулс , Еликсир, Салон 29, Дигитал Центар, Мида Моторс, Промис, Пан, Зеро, Интеграл, Анастсиаиди, Ресторан Калабриа новиот.(општина Бутел) 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања