Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

izjava-zaev.Still123

(ВИДЕО) Сигурно е од Англија

пред 6 години

izjava-zaev.Still122

(ВИДЕО) Две млади лица пренесени во болница од како со мотор се судриле со автомобил

Автомобил и мотоцикл се судрија вечерва на „Булевар Туристичка“ во Охрид.Во сударот автомобилот излетал од коловозот и завршил на зелениот појас меѓу двете страни на булеварот, додека две млади лица кои се движеле со мотоциклот завршија во болница.Нема прецизни инфромации за нивната состојба.Секое лето мотоциклите се најбројни во сообраќајките во Охрид, а билансот на повредените и за заж загинатите во сударите и трагедиите со години наназад е поразителен.ВИДЕО:

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Утре централниот одбор на СДСМ се очекува да одбере кои пет министри ќе ги фати „метлата“

Централниот одбор на СДСМ на седница која ќе се одржи утре, ќе расправа, но и да се донесе одлуки за промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт, објави  ТВ 21.Откако премиерот и лидер на партијата Зоран Заев деновиве објави дека се разрешени сите 78 претседатели на општинските организации, многу е веројатно дека на утрешната седница на Централниот одбор  метлата  ќе ја опфати повисоката партиска структура. Заев за почетокот на јуни најави и смени на дел од министрите, замениците, а потоа и по вертикала со смени на функционери во јавните претпријатија и институции. Неофицијални се говори дека покрај директори кои не ги исполниле очекувањата, сменети ќе бидат пет до шест министри. Деновиве Заев имаше средби со коалицискиот партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети на кои се разговарало за најавената реконструкција на Владата.Текстот во целост на ТВ 21. 

Македонија | пред 6 години

pirgov-bolnica

Момчето со изгореници од струен удар сместено е во болницата Пирогов – Бугарија

Момчето со изгореници од струен удар сместено е во болницата Пирогов, во Софија, Република Бугарија, во сигурни раце на специјалист за детски изгореници, напиша министерот за здравство, Венко Филипче.Во продолжение на статусот на министерот се вели:За транспорт на пациентот, беше обезбедено санитетско возило по сите стандарди, згрижено според сите протоколи и упатено е на натамошно лекување во најдобриот центар за изгореници на Балканот.На располагање беа и хелихоптери од Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, но поради сериозноста на повредите, момчето е пренесено со санитетско возило од брзата помош. За да стигне побрзо беше обезбедено и брзо поминување со полициска придружба од македонско-бугарската граница до болницата во Софија.Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи се активираа веднаш и направија сѐ да му се помогне и да се спаси неговиот живот.Голема благодарност до Република Бугарија, кои веднаш прифатија лекување и обезбедија место за момчето, напиша министерот Филипче на ФБ.   

Македонија | пред 6 години

glava

(ВИДЕО)Исклучително откритие, во Рим откриена зачувана глава од античко божество

Археолозите во близина на римскиот Колосеум пронајдоа невообичаено добро зачувана глава од античко божество, објави градскиот совет на италијанската престолнина.Во соопштението од петокот се наведува дека белата мермерна глава според своите димензии е малку поголема од вистинска човечка глава и оти датира од императорскиот период кои трае од околу првиот век пред до третиот и четвртиот век од нашата ера.Се претпоставува дека главата потекнува од првиот век пред и третиот до четвртиот век од нашата ера. Се верува дека главата претставува божество , но не е утврдено од кој род.Советот напиша дека е женско , додека научниците не се согласуваат. Во подоцнежното соопштение на Градскиот совет на Рим се наведува дека главата би можела да претставува „млад и жествен“ приказ на Дионис или Бахус, грчко-римскиот бог на виното, екстазата и плодноста.Главата била најдена во средновековен ѕид во улицата Алесандрина , во непосредна близина на Колосеумот.Римската градоначалничка Вирџинија Раџи ова откритие бна својата фејсбук страница го нарече ,,исклучително”.https://www.facebook.com/virginia.raggi.m5sroma/videos/681780462263791/  

Свет | пред 6 години

old-tajmeri-1

(ФОТО и ВИДЕО) Изложба на олдтајмери во Охрид, најстариот експонат од 1923 год

Во Охрид на паркингот од хотелот Unique Resort & Spa Изложба на олдтајмери. Станува збор за рели на Група туристи пасионирани љубители ојдтајмери од Холандија.„Рели Адриатик“, како што е насловено ова рели пред да дојде кај нас биле Хрватска, Црна Гора и Албанија. Релито тргнало од Трст Италија па преку Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина Црна Гора Албанија и Македонија продолжува во Грција, од каде од пристаништето Игуменица повторно ќе се вратат во Италија, во пристаништето Анкона.Со групата патува и професионален  фотограф кој подготвува посебна  фото едиција која ќе се испечати по завршувањето на релито.Пред хотелот  Unique, исложени се вкупно 36 модели на автомобили. Најстарите експонати се два автомобили од 1923 год.  Станува збор за автомобил Бентли Суперспорт.  Останатите експонати се од 1924, 1929, 1931. 1936 ...На официјалниот сајт на „Рели Адриатик“,  стои дека ноќевањата се во најдобрите хотлеи во градот каде отседнуваат. Токму поради ова, сопствениците на ова рели ќе ноќеваат во  Unique Resort & Spa.   

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still114

Од минарето на Алипашината Џамија ќе се запее на Бајрам

Обновената Алипашина Џамија во Охрид свечено ќе биде ставена во употреба на 6 јуни, на годинешниот Рамазан Бајрам, дознава Скопје1.мк од свои извори во ИВЗ.На отворањето ќе бидат присутни високи гости од властите на Република Турција, а поканети ќе бидат и Премиерот Зоран Заев, дел од министрите како и градоначалникот Константин Георгиески.Како што јавивме вчера, минарето е  во финална фаза и на него е поставена кровната конусна купола.Градбата на ова минаре предизвика политички тензии и објектот стана централна медиумска тема.Алипашината Џамија останала без минаре во минатиот век кога истото е урнато од страна на група граѓани. 

Македонија | пред 6 години

Capture-2

(ВИДЕО) Крадец украде 4 велосипеди од зграда во Скопје, полицијата не превзема ништо

Видеата се од безбедносни камери на зграда на улицата Орце Николов во центарот на Скопје каде за една вечер се украдени 4 велосипеди. Крадецот насилно ја отвора вратата и одбира кој велосипед да го земе, пишува Досие.Кражбите на велосипеди траат повеќе години низ градот а полицијата никако да ги фати организираните групи кои потоа ги препродаваат велосипедите или ги разстураат на делови. Бројот на пријавени украдени велосипеди во МВР секој ден е се поголем, но полицијата е немоќна.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Огромен астероид ќе прeлета покрај Земјата

Во недела покрај Земјата ќе прелета астероид, соопштува НАСА.Станува збор за бинарен астероид , кој орбитира еден околу другиот. 1999 KW4 ќе прелета покрај Земјата во недела на 26. мај околу 1 часот наутро со неверојатна брзина од 67 000 км/час.Астероидите, понекогаш наречени и мали планети, се небесни тела од нашиот Сончев систем кои орбитираат околу Сонцето.Научниците сметаат дека примарното тело на објектот е широко околу еден километар и половина и доволно големо за да има помала “астероидна месечина” во својата орбита. Помалата месечина во орбитата на поголемиот камен и понатаму е значајно голема сама по себе, со повеќе од 400 метри во пречник. 

Магазин | пред 6 години

60600618_678020585996249_8240372714221600768_n

ФОТО: Љубов што нема рок на траење

Денеска видов многу убава слика.Па посакав да ви ја покажам, зашто на сликава успешно заробиле еден многу убав и редок тип на љубов во светов.Љубов што те смее на најгласно.Љубов со која што за 3 месеци стигаш 60 и не ги осеќаш годините како те поминуваат.Љубов која што не се плаши од кавги, и најборбен аргумент и не ми се нервирај нема да ми дочекаш 40 вака.Љубов која што тивко но сигурно секој ден ти покажува дека се се' разбира, се се' поправа.Љубов која што не се плаши од твојот хаос, туку напротив го разбира како свој и ја има трпеливоста да ти помогне сам да го разбереш и решиш.Љубов што нема рок на траење.Љубов од оние што мислиш дека се мит или приказна, а всушност постои, само треба да веруваш за да ја најдеш.Фејсбук статус

Магазин | пред 6 години

venko-filipce

Министерот Филипче демантира дека е на продолжен викенд! Бараме решение за момчето

Од како во медиумите и на социјалните мрежи се појави обвинување упатено кон министерот за здравство Венко Филипче дека тој бил на продолжен викенд и дека не се преземале мерки за траснпортирање на момчето во странство, министерот во телефонски разговор за Скопје 1, министерот тврди дека изнесените обвинувања се невистинити. Тој додава дека утрово е постојано во контакт со болници од Љубљана и дека до вој момент сеуште нема центар кој би го здижил момчето. Министерот додаде дека момчето е згружено во болница кај нас, но и дека потрагата по соодветен центар продолжува. Министерот вети дека ќе се направи се момчето да се транспортира и да се згрижи во најдобра клиника.Утрово на социјалните мрежи се појави објава во која итно се бара хеликоптер кој би го пренел до Словенија, бидејќи министерот Филипче е на продолжен викенд и истиот не може да даде дозвола. „Дечки, потребен е итно хеликоптер за Словенија за дете кое има изгореници од 4 степен ( повеќе од 80% изгореници ) од струен удар на железничка пруга. Филипче е на продолжен викенд и не може да даде дозвола. Ако има некој да помогне како да се изведе тоа најитно за да се спаси животот на детето“, стои во објавата на Фејсбук. Како што појаснуваат повреденото лице движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа се здобил со струен удар.Во допис испратен до медиумите испратен од Одделението за односи со јавноста во Минситерството за здраветво се тврди дека министерот Филипче не е на викенд.Во дописот стои:Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање и во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз за момчето со изгореници како последица од струен удар, за да биде пренесено на лекување во странство. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче не е на продолжен викенд, туку уште од утринава ги пправи сите можни подготовки и координации со сите институции за да може детето да замине на лекување во странство. Замолуваме во интерес на вистината да не се шират лажни вести и дезинформации!Со почит, Одделение за односи со јавност Министерство за здравствоОбвинувањата на адреса на министерот во јавноста ги испрати Јаворка Стојческа Јакимоска која упатуваше обвинувања и јавен АПЕЛ да се помогне, а истите се пренесени од повеќе медиуми.Скопје1.мк изразува жалење и извинување до Министерот за здравство Венко Филипче поради пренесениот статус за АПЕЛ упатен до јавноста од Јаворка Стојческа Јакимоска за кој тој тврди дека не е точни и се погрешно обвинет во јавноста од споменатото лице.

пред 6 години

35-velosipedi-grad-skopje

Веќе трета година во Скопје не се изнајмуваат велосипеди – сите се искршени или украдени

Веќе трета година во Скопје не се изнајмуваат велосипеди. Проектот, кој беше воведен од Град Скопје во 2010 во времето на градоначланикот Коце Трајановски со цел да се поттикнат граѓаните да го користат велосипедот како превозно средства, не функционира. Сите велосипеди кои Градот ги купи или ги доби како донација се искршени или украдени, па затоа проектот е стопиран, пишува СДК.Изнајмувањето велосипеди од 2010 до 2016 го вршеше градското јавно претпријатие „Градски паркинг“. Велосипед се изнајмуваше на неколку локации каде паркинзи има претпријатието и чинеше 10 денари од час.Директорот на „Градски паркинг“ Борче Јакимовски вели дека овој проект онака како што беше осмислен бил нерентабилен за претпријатието.„Ние имавме повеќе загуба отколку добивка со проектот изнајмување на велосипеди. Приходите ни беа 80.000 денари, а расходите 600.000 денари. Велосипедите ни ги крадеа или ни ги враќаа искршени, со извадени делови. Потребно е Градот да воведе целосно нов систем за да може да функционира овој проект“, вели Јакимовски.ПОВЕЌЕ НА СДК.МК

Скопје | пред 6 години

1860095_21321_ff

Прво го убил таткото, па сопругата, на крај мајка и, а синовите гледале - детали за масакарот

37-годишниот Горан Јанковиќ изврши масакр во Нови Сад кога упадна во семејната куќа на својата сопруга, 32-годишната Мирјана Јанковиќ и ги уби нејзините родители и неа.За трагедијата да биде помоголема, злосторството го гледале синовите на Горан и Мирјана, а постариот син успеал некако да дојде до телефон и да му се јави на вујко му за помош. За жал, било предоцна.Вујкото Младен стигнал за неколку минути до семејната куќа, но додека чекорел во дворот забележал крв, а во домот го дочекала хорор сцена.Полицијата претпоставува дека убиен бил прво таткото на Мирјана, потоа Мирјана и на крајот и нејзината мајка. Најужасно е што децата биле присутни. Кога упаднал дома, еден од синовите бил со мајката во соба, а другиот со бабата.Бабата ја убил во дворот, додека телата на Бранислав и Мирјана биле пронајдени во куќата.Сосетката вели дека последните зборови на бабата биле: „Зете, задоволен ли си сега“? и додала дека тие биле семејство за пример.Горан инаку работел во вулканизер, а ако се суди според изгледот на нивниот дом, станува збор за имотно семејство.Пријателите на семејството рекле дека Горан и Мирјана неколку пати се разделувале и смирувале,, затоа што тој бил насилен.-Кога го роди првото дете, замина од него и некое време живееше кај родителите. Не ја оставаше на мира, ѝ се закануваше и ја молеше да му се врати, на крајот му се врати и повторно остана бремена. На нејзините маки немаше крај и неодамна повторно се врати кај нејзините - раскажал пријател на семејството, напоменувајќи дека Горан велел дека ќе ѝ го убие целото семејство.Горан во моментов е во бегство, а полицијата ги блокирала сите излези од Нови Сад во потрага по осомничениот монструм.

Свет | пред 6 години

ubiecot-novi-sad

Полицијата не може да го најде монструмот кој ги уби сопругата и нејзините родители

Потрагата за 37-годишниот Горан Јаковиќ од Нови Сад, кој вчера изутрина ги уби својата 31-годишна сопруга и нејзините родители, сѐ уште трае.Полицијата интензивно го бара монструмот кој пред очите на малолетните деца зеде три животи поради сомнеж дека неговата сопруга го изневерува.Целиот Нови Сад е под блокада, сите излези се затворени и под контрола, а го нагледуваат и хеликоптери. Но, од Јанковиќ ни глас.Откако Јанковиќ побегнал од куќата по убиствата, 10-годишниот син му се јавил на вујко му и кажал дека неговиот татко ги убил неговите блиски.Убиената сопруга пред само две недели го пријавила Горан за насилство во семејството, а имал и пријава поради нелегално оружје.ФОТО: Слаѓана Стојановиќ / Фејсбук

Свет | пред 6 години

IMG-e253213b867fffe87a3bd58c10ecc463-V

ВИДЕО: ЕБР и Тигрите на терен во Дебар

Денес во Дебар а во рамки на планираните активности по повод одбележувањето на Денот на полицијата, граѓаните на Дебар и околните општини имаа прилика да ги проследат тактичко-показните вежби на припадниците на неколку полициски единици, пред голем број на дебарлани и жители на општините Центар Жупа и маврово Ростуше. Во вежбата со свои активности се преставија единицата за мото-екскортно обезбедување, Единицата за брзо распордување, Единицата за специјални задачи, како и Одделот за воздухопловни единици на МВР и Единицата за службени кучиња.[embed][/embed]“Оваа вежба денес е еден од начините како да ја обновиме, односно зајакнеме врската меѓу граѓаните и македонската полиција на ниво на партнерство на соработка се со цел да имаме и побезбеден град и побезбедна држава, меѓутоа и побезбеден регион“, рече Спасовски.Ова, меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во својата денешна изјава по завршувањето на тактичко -показната вежба на припадниците на македонската полиција што се одржа во Дебар“Оваа вежба ја направивме како дел од активностите во рамки на активностите по повод  7-ми мај на Денот на полицијата, и токму затоа сакавме да биде овде во Дебар, да се претставиме пред граѓаните потикнувајќи ги сите заедно да соработуваме, но и да ги поттикнеме сите  младите луѓе кои што сакаат да бидат дел од македонската полиција од овој регион“, нагласи Спасовски.Заблагодарувајќи се на градоначалникот на општина Дебар, на медиумите, на граѓаните за масовната посета на настанот, како и на учесниците во вежбата, министерот Спасовски потенцираше дека - “сите заедно покажавме пред целата македонска јавност за капацитетот, подготвеноста, за ентузијазмот на македонските полицијци и на тој начин упативме силна порака дека македонската полиција е чувар на стабилноста и безбедноста подготвена во секој поглед даги заштити и граѓаните и Македонија“.Инаку на вежбата на која што граѓаните покрај другото имаа можност да видат и дел од техничките потенцијали на полицијата, учествуваа припадници на Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, потоа припадници од Единицата за службени кучиња, од Одделот за воздухопловни единици при МВР, како и припадници на Единицата за мотоексортно обезбедување. 

Македонија | пред 6 години

protest-mzt-960x540

Каде ќе се лечат зависниците не се знае, жители на Гази Баба не ги сакаат во општината

Група граѓани денеска протестираше пред фабриката „Металски завод – Тито“ е планирано да биде префрлен Центарот за зависници од Кисела Вода во Гази Баба. Граѓаните истакнаа дека не се согласуваат Центарот да биде префрлен во мензата на фабриката.„Ние не сме против изградба на ваков центар, но тоа треба да го направат на изолирано место, на некоја ливада, а не тука, среде населено место каде што има градинки и училишта. Овде ќе биде хаос. Се плашиме за нашиот и за животот на нашите деца. Никој не не прашал пред да ја донесе одлука, револтирани сме и на градоачалникот и на премиерот Заев. Ова е предупредувачки протест, но нема да се откажеме. Порачуваме градоначалникот да даде оставка и да дојде некој кој што е способен да работи во интерес на граѓаните“, рече Донка Димковска, жителка на Маџари.Центарот во кој метадонска терапија добиваат околу 500 лица требаше да биде во Кисела Вода само времено, но таму е веќе 20 години и претставува опасност за жителите од овој крај.Изминатата зима граѓаните од тој дел на Скопје протестираа со блокирање на улиците во општината и бараа итно решение за нивниот проблем.

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Нов случај на шверцување мигранти во Македонија

На 25.05.2019 година во 03.15 часот на регионалниот пат Радовиш – Штип, пред с.Лакавица, штипско, полициски службеници запреле патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(34) од Скопје, а во кое се превезувале тројца мигранти од Еритреја.Возачот С.Р. и мигрантите биле приведени во СВР Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против С.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

kuce

Куче искасало маж во Струга, сопственикот пријавен во полиција

На 24.05.2019 година во 15.30 часот во Полициската станица Струга, М.М.(49) од Струга пријавил дека истиот ден во 14.00 часот на ул.„Партизанска“ бил каснат од куче германски овчар во пределот на десната рака, на кое му го знае сопственикот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

kucinja-kuce

Жители на Кичево, Велес и Делчево искасани од кучиња

На 24.05.2019 година во 13.30 часот во Полициската станица Кичево, Н.М.(65) од Кичево пријавила дека истиот ден околу 11.00 часот на ул.„Рудничка“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.На 24.05.2019 во 12.50 часот во СВР Велес, Ж.М.(45) од Велес пријавил дека на 23.05.2019 година околу 20.00 часот бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.На 24.05.2019 година во 14.10 часот во Полициската станица Делчево, С.У.(56) од Делчево  пријавила дека на 23.05.2019 година околу 17.00 часот на ул.„Орце Николов“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Македонија | пред 6 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Работник во фабрика донесен повреден во Клиничка болница

На 25.05.2019 година околу 00.40 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во Јавната здравствена установа Пробиштип бил донесен Д.Ј.(23) од Пробиштип кој, според пријавеното, се здобил со повреди при работа во фабрика во Пробиштип.Тој бил префрлен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

policija-krazba

Неколку лица нападнале скопјанец, па му ги украле парите и телефонот

На 25.05.2019 година во 04.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ непознати лица физички го нападнале Ц.П.(47) и му одзеле пари и мобилен телефон.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

policija-620x2641

Маж натепал полицајци во Штип, МВР со детали

На 24.05.2019 година околу 16.10 часот на ул.„Кочо Рацин“ во Штип, Д.Ќ.(30) од Штип физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејства.Лицето било лишено од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

policija-traka

Со остар предмет прободено 24 годишно момче

На 24.05.2019 околу 21.30 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во локал во с.Градец, општина Врапчиште, Б.Х.(25) од с.Градец физички го нападнал К.И.(24) од с.Градец.Според пријавеното, Б.Х. со остар предмет му нанел убодна рана на левата рака на К.И.. На К.И. му била укажана лекарска помош во болницата во Готивар. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Три лица натепале татко и ќерка

На 24.05.2019 во 17.40 часот во Полициското одделение Камењане, И.Ј.(52) од с.Камењане пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот тој и неговата ќерка биле физички нападнати од М.Ј.(50), Ф.Ј.(45) и нивниот син А.Ј.(28), сите од с.Камењане.Лицата биле приведени во Полициското одделение Камењане.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

operacija

Во четири очи зголемени кариохируршите операции за 35 проценти

Фондот за здравство во договорот „во четири очи“ ги зголемил цените на кардиохируршките операции кои што од пред неколку месеци се извршуваат во приватните болници во земјава за околу 35 отсто, тврди Алијанса за Албанците. Партијата отвора сомнежи околу оправданоста на повисоките цени. Арбен Таравари вели цената на една кардиоваскуларна операција ако пред договорот со Клиниката „Жан Митрев“ изнесувала 12 сега изнесува 16 илјади евра.Според ценовниците објавени на веб страната на Фондот за здравство до ноември лани цената на кардиоваскуларна операција на деца до 18 години изнесувала 732 880 денари, а сега изнесува 997 350 односно за околу 4000 евра поголема од првичната цена. Изност за кардиоваскуларни процедури кај новороденчиња пак од 782 302 денари се зголемил на 1 124 559 денари или околу 6.000 евра повеќе.Партијата бара случајот да го испита и обвинителството. Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев објаснува дека не станува збор за зголемување на цените туку за ревидирање на повеќе од 600 референтни цени кои не биле корегирани повеќе од 10 години.Вистинското прашање, вели Дончев, е зошто партијата сега манипулира со оваа информација. Тој наведува дека во изминатите осум години за лекување во странство се одвоени околу 50 милиони евра најголем дел од овие пари се исплатени на болници во Турција.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања