Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

kalis-2-

Чудесната моќ на Калишкиот манастирски комплекс

На брегот на Охридското езеро, во струшкото село Калишта се издигнува еден од најубавите манастири во земјава, посветен на раѓањето на Мајката Божја. Сместен во живописната крајезерска природа изобилува со вонземска убавина.Калишкиот манастирски комплекс го сочинуваат четири светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики, и уште две цркви едната посветена на мајката Божја другата на светите апостоли Петар и Павле.За чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот Чудотворната икона – Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца, сведочи домаќинот Наќе Парталов кој веќе десет години живее во манастирот.– Луѓе односно жени кои што немале дечиња молејќи се на пресвета Богородица стануваат мајки а и многу од мајките доаѓајќи со своите веќе поголеми деца доаѓаат и потврдуваат дека да не беше Пресвета Богородица можеби ќе го немав ова детенце што оди сега, Наце Парталов домаќин на манастирот.Чудата на иконата се запишани и во манастирските книги. Едно од нив е дека во втората светска војна фашистите повеќе пати се обидувале да ја потопат иконата, но таа секогаш се ослободува од челичните синџири и се враќала повторно пред манастирот.-Ова е пештерската црква посветена на Пресвета Богородица. Ова се келиите стари повеќе од седум векови. Тука монасите ги остварувале монашките подвизи. Секој кој го посетил Калишиот манастир ја почуствувал милоста на Мајката Божја, Соња Рилковска – репортер.Во манастирот има извор со лековита вода. Од под црквата посветена на Светите апостоли Петар и Павле извира света вода која со молитва лекува главоболка и болести на очи. Во Калишкиот манастир од 11 век до денес живеат монаси, а култот кон Мајката Божја се пренесува со векови.– Континуирано сме врзани со манастирот и како деца континуирано сме доаѓале. Една од историските реткости посебно за нашиот крај мислам дека има многу посетители, служба. Отсекогаш познат по примерност во смисла на хигиена, вели еден стружанец.Во манастирскиот двор се наоѓа Чинарот од времето на Цар Самоил, стар 700 години. Духовноста на светилиштето , верувањето во исцелителноста и благословот на Мајката Божја е вистинска магија и причина за многуте венчавки и крштевки во манастирот.-Овде многу често имаме венчавања и крштевки тоа може да се забележи и од свештеничката книга во црквата во Струга каде што закажуваат најчесто да има венчавка во Калишта. Се во славата на Мајката Божја. Овој манастир самата историја, убавината на манастирот, самата благодат , вели Перо Гогоски црковно лице.Верници од Австралија најавија реновирање на четвртата црква. Свети Атанасија, која е надвор од манастирот високо во карпите е руинирана, но се очекува наскоро да почне реконструкција.Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица е спој на духовност и мир, ги плени верниците од сите страни на светот. Ги лекува болните, ги исцелува несреќните. Денес, ова светилиште е летна резиденција на архиепископот македонски гдин г дин Стефан. Машки манастир во кој живее монахот Наум.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени 10 Албански државјани

На 24.05.2019 година во периодот од 05.00 до 07.00 часот полициски службеници извршиле акциска контрола во с.Цепчиште и с.Порој, тетовско, за спречување, откривање и приведување на странски државјани кои по кој било основ прекршиле одредби од законот за странци.Притоа, биле приведени 10 државјани на Република Албанија.Тие биле задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанка касната од куче скитник

На 24.05.2019 година во 11.45 часот во Полициската станица Центар, А.З.(24) од Скопје пријавила дека на 23.05.2019 година околу 12.00 часот на плоштад „Македонија“ била касната  од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Скопје | пред 6 години

policija-3-640x382

Крадел пари и лекови од Клиничкиот центар во Тетово, па заработи кривична пријава

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(18) од село Озормиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.Во периодот од 11.02.2019 година до 07.03.2019 година на подрачје на Тетово, пријавениот, извршил тешки кражби во возила и одземал делови, пари и разни предмети, а во Клинички центар - Тетово со употреба на сила влегол внатре и одзел пари и лекови.

Македонија | пред 6 години

motor

Изгубил контрола над мопедот, па се здобил со тешки повреди

На 24.05.2019 година околу 13.10 часот на ул.„Јовче Џипунов“ во Велес, Ѓ.П.(71) од Велес, управувајќи мопед „Априлија“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот.Притоа Ѓ.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес, каде му била укажана лекарска помош.По овластување на Јавен обвинител  увид на местото извршила екипа од СВР Велес. 

Македонија | пред 6 години

policija

Кaзнети 54 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 24.05.2019 година во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.54 возачи ја пречекориле брзината во населено место и прекршоците се санкционирани со мандатни платни налози и прекршочни платни налози.Откриени се и 60 останати прекршоци за кои се издадени 22 мандатни платни налози и 38 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Патник во авион на „Туркиш Ерлајнс”: За малку ќе се срушевме над Скопје!

Патниците на Туркиш Ерлајнс, доживеа невидина драма, која цел живот ќе ја паметат, на летот од Истанбул за Скопје.За неуспешниот лет на скопскиот аеродром и пренасочувањето кон приштинскиот, без да се информираат патниците, посведочи Сабри Азири во својот пост на Фејсбук.„Драма во авионот на Туркиш од Истанбул за Скопје!!!Кој бил во авионот знае каков кошмар беше! Прво авионот каснеше повеќе од 2 часа. Летот од Истанбул за Скопје беше во 19 и 30, но ние тргнавме после 22 часот. Кружеше повеќе од 45 минути над Скопје, чекајќи зелено светло да слета. Кога се потруди да се спушти на пистата веќе се гледаше пистата, ветерот беше многу силен што го носеше авионот лево десно и крилата ветерот му ги носеше горе доле. Толку силно што имавме чувство дека малку му фалаше крилото да допре на земја и да се преврти авионот. Пилотот виде дека не ќе може да слета наеднаш се потруди да се качи горе, ветерот беше толку силен што очекувавме во секој момент авионот да падне на Скопскиот аеродром. Никој ништо не не информираше дека ќе оди во правец на Приштинскиот аеродром. – напиша патникот.Азири посведочи дека авионот едвај слета на приштинскиот аеродром, пред се поради силниот ветер.– Имаше во авинот група од 25 души од карате тимот на Косово и они ни кажаа дека ќе слета во Приштина бидејќи гледаа низ прозор и го препознаа местото. Кога се потруди да слета во Приштина и таму имаше силен ветер, исто авинот го носеше ветрот и мислевме дека авионот ќе падне, кога ги пушти задните тркала мислев дека авионот ќе се подели на два дела толку силно и наеднаш падна на пистата. Кога го спушти предното тркало авионот изгуби контрола и се движеше лево десно и излезе од правецот на пистата. Мислевме дека ќе се преврти бидејќи ненормално се движеше и изгуби контрола. – напиша Азири.Патникот раскажа дека дел од патниците не се чувствувале добро.– Имаше едно дете почна да плаче и една жена изгуби свест. Одма луѓето од карате тимот ни понудија помош со вода, телефони и вифи за да можеме да ги информираме нашите фамилии. 1 час и 30 минути не не пуштија пилотите и тимот од Туркиш да излеземе од авионот бидејќи наводно немале дозвола да ги пуштат патниците. Ни беше кажано дека невремето односно ветерот е смирен и дека сакаат повторно да летаат за Скопје од Приштина. По консулатација со скоро сите патници во авионот одлучивме доброволно кој сака да се симне од авионот да се врати со такси кој сака да остане за да се врати со истиот авион. Пола од патниците останаа да се вратат со авион пола се вратија со такси. Излеговме на сама писта и ги баравме куферите да ги препознаеме и да ги земеме со нас. Сите кои летаа знам дека додека се живи ќе имаат трауми и дека сите зимаат лекови за смирување. Никогаш никому да не му се случи. – напиша патникот.

Македонија | пред 6 години

kazandol

Според судот раскинувањето на Договорот за Казандол е законито

Владата на Република Македонија информира дека Управниот суд, одлучувајќи по тужбата на тужителот „Друштво за експлоатација, преработка, и производство САРДИЧ МЦ“ ДОО, увоз-извоз, Скопје против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година, за едностран раскин на Договорот за изградба на рудник во локалитетот „Казандол“, донесе пресуда одбивајќи ја тужбата како неоснована.Во одлуката на Управниот суд, која на 14.5.2019 година станала правосилна е наведено дека, оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека одлуката на Владата за раскин на договорот за рудникот Казандол е законита.Во пресудата се вели дека Судот најде дека врз основа на правилно и целосно утврдена фактичка состојба, Владата правилно го применила и материјалното право, кога на тужителот „САРДИЧ МЦ“ еднострано му го раскинала Договорот за концесија. Причините кои се сметаат за основани е тоа што концесионерот во рокот од две години до денот на доделувањето на концесијата во смисла на членот 13, став 1 од договорот, не ги исполнил обврските да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда и после две години од почнување со експлоатација на вториот рудник да изгради фабрика за производство на финални производи од катоден бакар со капацитет најмалку еднаков на годишниот капацитет на постројката за експлоатација на катоден бакар.Овие факти се утврдени согласно Законот за минерални суровини, Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Договорот за концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина-бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран, потпишан од Република Северна Македонија-Министерство за економија и тужителот „Друштво за експлоатација, преработка и производство САРДИЧ МЦ“ ДОО, увоз-извоз Скопје од 27.2.2015 година.Владата на Република Македонија останува на својот став дека ги поддржува инвестициите во земјата и создава клима за економски просперитет и квалитет, но исклучиво согласно утврдените законски норми и прописи.

Македонија | пред 6 години

ubiec-novi-sad-696x464

Maж ги убил сопругата и нејзините родители пред двете деца

Тројца членови од семејството Пајиќ утрово биле пронајдени мртви во нивниот дом во Нови Сад. Како што известуваат српските медиуми, станува збор за сопружниците Бранислав (57) и Нада (57) и нивната 32-годишна ќерка Мирјана Јанковиќ. Тие биле пронајдени без знаци на живот, со повредени на главата.За бруталното тројно убиство осомничен е сопругот на убиената Мирјана – Горан Јанковиќ (36), кој се уште е во бегство и полицијата интензивно го бара. Според медиумите, неговата сопруга пред две седмици го пријавила за семејно насилство и оттогаш му е изречена забрана за приоѓање. Се претпоставува дека мотивот за убиството е љубомора.За време на тројното убиство, присутни биле двајцата синови на Мирјана и Горан, кои биле сведоци на трагичниот настан. Тие го повикале нивниот вујко на помош, но тој стигнал предоцна.

Свет | пред 6 години

53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Заев за новиот директор Муслиу: Ја почитувам одлуката на Пендаровски, но и ставот на ДУИ е вреден за внимание

Претседателот Стево Пендаровски ме консултираше во однос на прашањето за нов директор на Агенцијата за разузнавање, но како и да одлучи јас ќе ја почитувам неговата одлука, вели премиерот Зоран Заев. Во интервју за МДК, тој вели дека слушнал добри зборови за новиот директор на агенцијата Ерол Муслиу како професионалец, меѓутоа воедно додава дека и критичниот став на ДУИ кон ова кадровско решение е демократско право.-Со должна почит кон себе, кон партијата, па и кон опонентите, секогаш давам за право да констатирам – тоа е демократија. Правото на нивен коментар во делот на директорот на Агенција за разузнавање е право што е вредно за внимание. Нормално, ќе разговараат со претседателот на државата. Имаат одлична соработка, тие се еден од поддржувачите директно во кампањата на сегашниот претседател на државата Пендаровски и верувам дека ќе разговараат и за сè постои решение. Ќе најдат решение. Треба да ги кажат аргументите – вели Заев.Тој потсетува дека ДУИ е политички фактор без кои не можеше да се направи влада по последните парламентарни избори.-Граѓаните им дадоа 49 пратеници на СДСМ и коалицијата, на ВМРО-ДПМНЕ 51. Тоа се нашите граѓани и тие со својот глас не упатија кој со кого треба да соработува.  Едноставно опцијата е токму таа што ја имаме на располагање. Но она што треба да биде заклучок е дека постојат прво одговорни личности во сите политички субјекти, јас во СДСМ, таму во ДУИ е Али Ахмети. Разговарам со него и ќе најдеме решение затоа што имаме голема доверба како партнери, поминавме сериозни процеси, донесовме сериозни одлуки и знам дека ќе најдеме решение за кадровските прашања – вели премиерот.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев: Некои функционери демонстрираа ароганција и недостапност, наместо рамноправност и еднаквост со граѓаните

Премиерот Зоран Заев вели дека таканаречената операција „метла“ се однесува на луѓето кои, според него, покажале слабост, недоволна исполнителност, не ги реализирале очекувањата или демонстрирале ароганција и недостапност до граѓаните. Како што вели Заев во интервју за МКД, тоа се однесува на министри, директори на јавни институции, па и на третиот ешалон, на подрачните единици надолу.Иако владејачкиот кандидат победи на претседателските избори, сепак, премиерот не е целосно задоволен од изборниот резултат.-Ние не можеме да бидеме задоволни од резултатот, од самата излезност, мотивираност. Реков дека тука има и други аргументи, како што се ароганцијата, недостапноста, демонстрацијата на големини, а не рамноправност и еднаквост со граѓаните и обврска за служење на граѓаните. Ние сите постоиме заради нашите граѓани. Политичките партии постојат заради државата и заради народот, нема други причини. Затоа рековме, покрај тоа што ќе се случат промени во извршната власт, ќе се случат промени и во партиските организации и на локално и на централно ниво – рече Заев.Тој додава дека сите функционери имаат право да кажат дека одлично си ја вршат работата, меѓутоа, порачува премиерот, од него граѓаните очекуваат да ги коригира неуспешните кадри.

Македонија | пред 6 години

kunovdks

Куновска: „О М Г ! (о мај гад) за лошите изборни резултати на СДСМ виновни и одговорни општинските раководства

Сите кадровски решенија се одлука единствено и само на Дуото-Трио на чело на СДСМ, смета поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска.Таа во статус на фејсбук ја коментира одлуката на претседателот на нејзината поранешна партија СДСМ да ги смени општинските раководства на СДСМ.„О М Г ! (о мај гад)Денес изгледа треба да разбереме дека за лошите изборни резултати на претседателските избори се виновни и одговорни општинските раководства на СДСМ. Или, што би се рекло, лошо ги промовирале на терен „фантастичните“ резултати на власта.О М Г ! (о мај гад)И не кажувајте никаде дека сите кадровски решенија почнувајќи од делегат на Конгрес до претседател на држава, од највисоки партиски и политички структури до градоначалнички и советнички кадровски решенија, од Буралиева па наваму, се одлука единствено и само на Дуото-Трио на чело на СДСМ, пишува Куновска на фејсбук. 

Македонија | пред 6 години

tramp

Трамп: Жал ми е за Меј, многу ја почитувам

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал за Тереза Меј која вчера објави дека поднесува оставка.,,Жал ми е за Тереза Меј, многу ја почитувам. Напорно работеше и е силна.” ; изјави Трамп пред да полета кон Јапонија , каде ќе престојува во официјална посета.Последните месеци американскиот претседател не штедеше критики кон Меј , иако британската премиерка се обидуваше да ги задржи добрите односи.

Свет | пред 6 години

koridor-deset34

Китанов: Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен следната недела

Автопатската делница Миладиновци – Штип требаше да биде завршена во мај 2017 година, но кога ние ја преземавме власта во јуни истата година неговата реализација беше само 55 отсто, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов во интервју за телевизијата 1 ТВ. Китанов посочи дека остатокот од 45 отсто го завршиле за околу една година, кога се соочиле со низа проблеми.-Дваесет и четири далекуводи имаше на патот, ни ги оставија асвалтирани. Вака далноводи стоеја на цел автопат и ова се тие готови патишта што ние ги кочиме и нејќеме да да ги пуштаме. Со добра организација и соработка со ЕВН ги изместивме сите далекуводи и почнавме со изграба на почеток на април 2018 и до нова година патот беше завршен – рече Китанов.Тој најавува дека автопатот ќе биде пуштен во употреба на средината на следната недела, откако ќе бидат поставени последните парчиња од заштитната мрежа.-Во декември добиваме писмо од изведувачот Синохидро дека патот е готов и може да се пушти во употреба, но гледаме дека најмалку 25 отсто од безбедноста мрежа фали. Во проектот ја има, во предмет-пресметките ја има, но во договорот со Синохидро ја нема мрежата. Тука е проблемот и доаѓаат со ситуација како да ја изградите. Влеговте во преговори, земавме цена која најниска на друг пат, по што надзорот даде налог и изведувачот почна да ја изведува – истакна Китанов.Директорот на ЈП за државни патишта вели дека во истиот период се соочиле уште проблеми со два слепи натпатници и со водоводна линија.-На две места на патот ќе има времен режим на сообраќај. Кај Свети Николе има проектирано слеп натпатник. Десно има населени куќи, ниви, но ги немало во ДУП-от и немало обврска тие да се поврзат. Правевме препроектирање како да ги приклучиме тие луѓе, кои во меѓувреме ги легализирале куќите. И кај Кадрифаково има проектирано слеп завршеток и таму наново се препроектираше како натпатникот да се приклучи на локалните патишта. Третиот проблем е што не се третирани водоводните цевки од Злетовица, кои патот ги сечел – истакна Китанов.

Македонија | пред 6 години

15125_slide-1-960x540

Груевски со Синохидро склучувал три пати поскапи договори отколку актуелната влада, вели Китанов

Директорот на Јавното претпријатија за државни патишта Зоран Китанов во гостување во емисијата Отворено на 1 ТВ обелодени дека актуелната влада со кинеската компанија Синохидро склучувала договори кои се со драстично пониски цени во споредба со сумите што компанијата за истите позиции ги инкасирала од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.Како што посочи Китанов, Синохидро на тендер за патниот правец Крупиште-Кочани понудил 574 денари за тампон од дробен камен, додека истата позиција за автопатската десница Миладиновци-Штип вредела 2.202 денари по кубен метар.За набавка, транспорт и изработка на битуменизиран долен носив, пак, за Крупиште-Кочани сега била постигната цена од 55 денари со Синохидро, додека своевремено за Миладиновци-Штип оваа услуга чинела 107 денари по сантиметар.За набавка, транспорт и изработка на полимер асвалт-бетон сега ќе бидат потрошени по 70 денари од сантиметар, а порано за време на друга влада, за друга делница, но за истата позиција, биле потрошени 185 денари.Инаку, треба да се истакне финансиската конструкција за Миладиновци-Штип се градеше според договор со кредиторот, кој ја условуваше ниската каматна стапка со избор на изведувач по пат на преговори во 4 очи, додека цените за Крупиште-Кочани се постигнуваат на тендерска постапка.

Македонија | пред 6 години

siluvanje

Скопјанка малтретирана и силувана од поранешно момче

Жена од Скопје била малтретирана и силувана.Имено во Единицата за известување и команда Скопје, било пријавено дека во стан на улица „Владимир Комаров“ во Скопје, 49- годишната Л.Ј била малтретирана и врз неа била извршена обљуба од страна на 39- годишниот С.Б од Босна и Херцеговина, со кого претходно биле во врска што таа не сакала да ја продолжи.С.Б. е приведен во полициска станица.  

Скопје | пред 6 години

ujp

Проверете ги претпополнети годишни даночни пријави, рокот е до 31 мај

До 31 мај е законскиот рок според кој даночните обврзници можат да ги потврдат или да извршат корекција на податоците од своите претпополнети годишни даночни пријави, кои ги добија по електронски пат.На крајот од месецов УЈП ги заклучува профилите и пријавите се сметаат за конечни. А, потоа ќе бидат разгледани од службата на управата.Доколку службените лица не ги одобрат корекциите кои ги направиле граѓаните ќе донесат решение за да го утврдат перосналниот данок на доход кој го оствариле даночните обврзници минатата година.Поголемиот дел од граѓаните веќе ја извршиле обврската, велат од УЈП.Дури и пензионерите кои освен пензија оствариле дополнителен приход лани, на време ги потврдиле пријавите. Сите кои се уште не ја потврдиле или коригирале пријавата тоа да го сторат во најкус можен рок. Оние пак кои се соочуваат со проблем да се обратат кај нив, апелираат оттаму. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Земјотерс во Пехчево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 19 часот и 29 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 5 km северозапазно од Пехчево односно на 10 километри од село Владимирово.Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.7, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението од опсераваторијата.  

Македонија | пред 6 години

sardic

„Сардич“ бара 350 милиони евра отштета од Македонија

Украинската компанија „Сардич“, на која Влaдата и ја одзеде концесијата за експлоатација на рудникот Казандол во Валандово, бара отштета од 350 милиони евра од Македонија, објави МКД.мк. Владата во спорот ја ангажирала адвокатската канцеларија „Вајт енд кејс“ од САД.Пред повеќе од една година Владата еднострано го раскина Договорот за концесија, а инвеститорот реагираше дека ќе претрпи огромна материјална штета проценета на преку 380 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Да бидеш на 105- то место на листата на Транспаренси и да лажеш дека блескаш или имаш криминално извртен систем на вредности или страшно го потценуваш народот

Доколку е блескање да се биде најкорумпирана земја во Европа и да се сјае како Свазиленд, такво блескање на Македонија не и треба. Да бидеш на 105- то место на листата на Транспаренси и да лажеш дека блескаш или имаш криминално извртен систем на вредности или страшно го потценуваш и навредуваш народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Доколку е блескање преку една четвртина од граните да живеат под прагот на сиромаштија, а да се зголемуваат даноците и да се носи најголем буџет, такво блескање на Македонија не и треба. Само измамник и криминалец може да тврди дека Македонија блеска со најниски плати во регионот, најмалку странски инцестиции, најнизок раст и без да се реализација на капитални проекти.Македонија не блеска. Македонија пропаѓа од денот кога Зоран Заев седна на премиерската фотелја. Нема крај на понижувањата и омаловажувањата кои Зоран Заев и СДСМ му ги сервираат на македонскиот народ и држава.Аболицираниот Заев и неговата криминална банда за само две и половина години успеаја да ја опустошат македонската економија, да го руинираат македонското здравство, да го клекнат на колена македонскиот образовен систем.Буквално ја уназадија државата на сите полиња. Зоран Заев ја промовира нашата држава како успешна приказна, држава во која 21 век владее епидемија на морбили паралелно со епидемијата на непотизам, корупција и криминал.Народните пари служат за исплата на партиските потрчковци преку разни криминални тендери и грантови. Ова не се случува во една држава која блеска.Македонија во која е укината правната држава, нема владеење на правото, а Рускоска обвинителството и Кацарска судството спроведуваат политички прогон не може да блеска.Македонија ќе заблеска моментот кога Зоран Заев ќе си замине од политичката сцена. Само кога Зоран Заев ќе стане од премиерската фотелја, само тогаш Македонија ќе се врати на правиот пат и ќе добие шанса навистина повторно да заблеска, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

120190520_075956

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и топло

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и топло со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд.

Македонија | пред 6 години

goran-2-1

Кои се хероите кои спасија давеник од Вардар? Скопје 1 разговара со нив за оваа акција, но и за професијата припадник на АЛФИ

Што значи да си горд на својата професија? Што значи будно да ја следиш ситуацијат 24/7? Дали е лесно и кога си слободен да „работиш“? Што значи да дадеш заклетва дека секогаш ќе постапуваш по законите и ќе му помагаш и служиш на народот? На овие, но и на ред други прашања, одговор ни даде Горан С, припадник на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“. Ова е момчето што без размислување, заедно со одговорниот старешина на групата Бетим В. неодамна спасија давеник од Реката Вардар. Горан за Скопје 1  раскажува за овој настан, но открива и други детали за својата професија.Скопје 1:  Со интервенција на двајца припадници на специјалната единица „Алфи“, беше спасен возрасен маж од водите на Вардар во Скопје. Благодарение на вашата брза интервенција човекот беше извлечен. Може ли да ни ја објасните целата ситуција. Како дознавте? Како реагиравте?Горан С: На ден 02.05.2019 околу 10:00 часот вршејки мотопатролна дејност со одговорниот старешина на групата Бетим В. на подрацјето на град Скопје потоцно на ул.Цветан Димов општина Чаир по радио врска од базата на СВР-Скопје јавија дека машко лице се фрлило од Камени мост во реката Вардар.Одговорниот веднаш по радио врска упати три тима од Алфите и јас Горан С. со одговорниот се упативме веднаш на лице место.Од наша страна беа користени звучни и светлосни сигнали поради густиот сообраќај во градот за да стигнеме што побрзо на местото на настанот.По секоја објава на базата на СВР-Скопје единицата Алфа одговара брзо и енергично..Од кога стигнавме на кејот на реката Вардар од насш страна беше забележано лицето како го носи струјата на реката Вардар во средина на коритото и истиот дека сеуште дава знаци за живот.Во тој момент одговорниот одлучи јас да влезам во реката Вардар бидејки ние од сите тимови на единицата Алфа први стигнавме на лице место.Веднаш ги соблеков алистата додека одговорниот ги координираше тимовите што доаѓаа према местото.Јас рипнав во реката Вардар погоре во течението од причина што водостојот во реката овој период е многу голем и брз.Пливајки се упатив према лицето во средина на коритото и од моја страна истиот беше фатен и задржан од мене за да не отиде надоле по течението и да се удави.За кратко време и одговорниот скокна во Вардар за да ми помогне да го извадиме заедно лицето.Скопје 1:  Акцијата беше опасна и за вашите животи. Станува збор за река со вртлоци? Што беше најтешко, пробивањето во ладната вода или извлекувањето ?Горан С: Да акцијата беше премногу опасна бидејки реката Вардар изобилува со многу јаки вртлози,струењето на водата во овој период е многу јако бидејки водостојот е голем и брз.А најопасно е што видливоста на водата е премногу мала, а на истиот потег се изведуваат градежни работи и неможеме да видиме на што ќе наидеме бидејки во водата има многу метални шипки,бетонски столбови и др.градежни материјали. Целата ситуација е премногу тесшка и не би знаеле на што би наишле во тој момент..И пробивањето и извлекувањето на лицето беа екстремно тешки во тој моментСкопје 1:  Дали е точно дека човекот не сакал да биде спасен? Дали ова беше дополнителен проблем за вас?Горан С: Да точно, човекот беше под голем стрес,небеше комуникативен,беше испаничен и изнемоштен и се обидуваше да се отргне од мене. Јас морав силно да го држам од причина што и ток се обидуваше, а и водата го повлекуваше бидејќи беше со алишта, а тоа беше уште потежок и поголем проблем за мене да го задржам. На смирен начин се обидував да комуницирам со него додека недојде мојот колега Бетим В.на помош за многу кратко времеСкопје 1:  Се сретнавте ли подоцна со човекот и со неговото семејство?Горан С: Не,не се сретнавме, затоа што нашата акција заврши со извлекувањето. Одкако го извадовме човекот понатака рабоатата во свои раце ја преземаат другите служби. А лицето со брза помош беше однесено во Градска болница.Горан раскажува дека единицата Алфи, постојано се соочуваат со слични ситуации. Тој објаснува дека секогаш треба точно да се знае како да им се пристапи на граѓаните, кои во моментот гледаат безизлезна ситуација. Но, сепак тој и колегите се најсреќни кога овие настани имаат среќен епилог.Скопје 1: Сте имале ли слична спасувачка ситуација, немора во вода?Горан С: Да,сме имале ситуација каде што машко лице во стан сакаше да си го одземе животот. Од наша страна со големи напори односно преговори успеавме да го убедиме и да ја отвори неговата врата која беше заклучена така да успеавме да спасиме уште еден човечки живот. Ова е една од многуте ситуации кои сме ги имале на терен.Скопје 1:  Вие сте дел од специјалната единица Алфи. Обучени сте за справување со поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, борба против тероризам, надворешна и внатрешна одбрана, апсење на криминални банди.... Може ли малку поблиску да не запознаете со вашата работа, обуки, тренинзи? Влегува ли професијата што би се рекло „под кожа“?Горан С: Професијата влегува под кожа знаејќи ги нашите обврски и предизвици што не чекаат во иднина, но за се тоа ние сме дале заклетва дека ќе постапуваме по законите и ќе му помагаме и служиме на народот.Скопје 1: Горди ли сте на професијата?Горан С: Горди сме на професијата но уште повеќе горди сме кога во вакви исклуцителни ситуации ќе направиме максимални напори да спасиме човечки животи.Скопје 1:  Дали и вашата професија како и новинарската и докторската... и ред други, е една од оние кои немаат приватност, поточно каде и да сте внимавате на безбедноста на околината?Горан С: Знаејки и постапувајки дали сме на работа или не, законот ни налага 24 часа да сме полицајци. Сме имале повеќе ситуации кога не сме биле на работа, а сме реагирале и постапувале по законот.Скопје 1: Тешко ли беше или тешко ли е да се стане дел од оваа Специјална единица?Горан С: Едницата Алфа со текот на годините се усовршуваше и во поново време има свои старешински кадар и инструктори кои се стручни да обучат кадри.Денес во единицата со доагање на новиот старешински кадар во единицата е задолжително да се помине 6 месечен селективен курс за да се стане припадник на единицата Алфа. Јас и колегата Бетим доагаме од двете најелитни единици во Македонија ЕБР и ЕСЗ каде сто сме поминале многу различни обуки и на некој начин ни е олеснителна околност да бидеме припадници на Алфа единицата.Во продолжение видео од вежба на  специјалната единица Алфи. Обучени  за справување со поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, борба против тероризам, надворешна и внатрешна одбрана, апсење на криминални банди.НОВИНАР: Татјана Караџова Маленкова 

пред 6 години

32332194_363349167518219_4387173732674699264_n

Колев открива „далавери“ за автопатот Штип-Миладиновци: Каков грабеж, какви надувани цени!

Пристигна и одговорот на поставените прашања од мене до премиерот Заев,во врска со „далаверите“ за автопатот Штип-Миладиновци.Каков грабеж, какви надувани цени!Не станува збор за 5% или 15% туку цените се двојно и тројно повисоки. Ова ги надмина и моите очекувања, иако имав информација за злоупотреби  за договарањето во „4 очи“, с евели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ„Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов,  во денешното гостување во емисијата „Отворено на 1 ТВ“, обелодени дека  актуелната влада со кинеската компанија „Синохидро“ склучувала договори кои се со драстично пониски цени во споредба со сумите што компанијата за истите позиции ги инкасирала од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.Како што посочи Китанов, „Синохидро“ на тендер за патниот правец Крупиште-Кочани понудил 574 денари за тампон од дробен камен, додека истата позиција за автопатската десница Миладиновци-Штип вредела 2.202 денари по кубен метар.За набавка, транспорт и изработка на битуменизиран долен носив, пак, за Крупиште-Кочани сега била постигната цена од 55 денари со „Синохидро“, додека своевремено за Миладиновци-Штип оваа услуга чинела 107 денари по сантиметар, довава Колев.

Македонија | пред 6 години

4-1-1

(ФОТО) Џафери и Карајанчева заедно положија свежо цвеќе

Во рамките на Манифестацијата во чест на Св. Кирил,делегациите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, предводени од претседателот Талат Џафери и  претседателката Цвета Карајанчева, попладнево положија свежо цвеќе пред плочите поставени во чест на Св. Кирил, во Базиликата Санта Марија Маџоре, во Рим.

Македонија | пред 6 години

60769325_2117957215168269_4258322308613013504_n

„Литературни искри“ Гостивар: Поетско Гран При за Димитар Арнаудов

Денес во Гостивар се одржа шестиот по ред Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“. На манифестацијата со свои стихови се претставија петнаесетина поети финалисти, а настанот беше заокружен со доделување на фестивалските награди.Гран При годинава доби Димитар Арнаудов од Стојаково, Гевгелија. Првото место и припадна на Спасија Бежановска од Охрид, второто го освои Емељ Туна од Скопје, а беа доделени две трети места и тоа за Славица Гаџова Свидерска од Битола и Маја Нестороска од Радожда, Струга.За најдобар странски автор на овогодинешниот фестивал беше прогласена поетесета Мањола Брахај од Косово. Словенецот Јернеј Кустерле пак, доби посебно признание за странски автор финалист. Наградата Најуспешна млада поетска искра, годинава ја понесе 17-годишната Емануела Ковачевска-Китановска од Скопје.На наградените автори им беа доделени плакети и книги. Останатите поети кои влегоа во финалето, добија дипломи.Пред присутните гости и публиката беше промовирана и заедничката збирка во која се застапени 46-тина поети, селектирани од жири комисијата.„Со своето востановување Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ си постави благородна цел – да ги поттикне младите творци да излезат од сопствениот вдахновен свет и да ги споделат своите творби со луѓето. Зашто на сите на почетокот им треба мал поттик да се охрабрат да ги изнесат пред очите на јавноста своите мисли и чувства излеани на хартија. Тие се толку лични, толку интимни што не е секогаш лесно да се победи стравот од сопственото соголување пред другите. “, истакна Виолета Танчева-Златева, претседател на жири комисијата.Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ е во организација на Здружението за култура Слово 21 од Гостивар, во чест на Денот на сесловенските просветители, Св.Кирил и Методиј.МПФ Литературни искри годинава се реализираше со поддршка од Министерството за култура, Општина Гостивар и Центарот за култура АСНОМ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања