Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Tereza-Mej

Меј најави оставка на 7 јуни

Британската премиерка Тереза Меј денеска најави дека ќе се повлече од функцијата на 7 јуни, по повиците од нејзината владејачка Конзервативна партија да направи пат за избор на нов лидер кој ќе оствари напредок во плановите за Брегзит.– Направив се што можам за да ги убедам пратениците од парламентот да го поддржат тој договор…За жал, не успеав во тоа, нагласи таа.Меј додаде дека Конзервативната партија ќе им служи на граѓаните во годините кои доаѓаат. Таа ќе остане на функција за време на внатрепартиските избори во Конзервативната партија што траат околу шест недели. Изборната трка ќе почне најверојатно на 10 јуни по посетата на американскиот претседател на Велика Британија.

Свет | пред 6 години

clipboard01-620x350-1

Мицкоски: Ликот и делот на Свети Кирил и Методиј е и дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура

Дозволете ми од мое име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да им го честитам на сите граѓани државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.На овој ден се потсетуваме на големите на се сесловенските просветители кои на идните генерации им го подарија најголемото богатство, писменоста. Светите браќа овозможија рамноправност на милиони луѓе, а со тоа го трасираа и патот за ширење на христијанството и христијанските вредности. Ликот и делот на Свети Кирил и Методиј е и дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.Светите Кирил и Методиј имаа визија, знаење и постојаност. Ние денес се соочуваме со тешко секојдневие, предизвици и не помали искушенија. Но сепак ова е реалност која мораме да ја промениме, а тоа ќе биде со визија, знаење и мудрост. Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ја обезбедиме заедничката иднина на сите.Тие веруваа дека секој народ заслужува свој јазик па така го подарија најголемиот подарок кој човек може да го добие писменоста, знаењето е единственото нешто кој никој не може да го земе или да го оспори.Нека ни е честит овој голем празник Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј, се вели во Честитка по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

daf-2019

Драмскиот аматерски фестивал прославува 60 години од своето постоење

Од 27 мај до 1 јуни во Кочани ќе се одржи по 60ти пат познатиот Драмски аматерски фестивал – ДАФ. Фестивалот се фокусира на македонските аматерски театарски групи, но во последните години, стана препознатлив и надвор од границите на земјава, па пријавите за учество на фестивалот расте. Приоритетот на домашната продукција останува, но ќе има и гостувања од САД, Србија, Грција, Бугарија... А фактот дека фестивалот годинава одбележува голем јубилеј покрај театарската програма, предвидени се и настапи на акробатски музичари, физички театар, предавања, концертни настапи, изложби и промоции на книги.Во официјална конкуренција се 16 селектирани театарски претстави од Македонија и странство.Изборот го прави селектор, кој има мандат од две години. Оваа година по втор пат селекцијата ја направи актерката Јасмина Билаловиќ. Од големиот број пристигнати пријави, кој годинава ја надмина бројката од 40 претстави таа направи избор од 16 претстави, кои ќе бидат изведени во рамките на шест фестивалски денови.На првиот фестивалски ден публиката ќе може да види две професионални претстави (вон конкуренција), кои имаат за цел да го поткренат ендрофинот на кочанчани, едната е „Човекот“ пантомима на Трајче Ѓеоргиев, актер од МНТ и хит претставата „Вардарски Пастуви“ во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Театар Комедија. Во следните фестивалски денови на програмата се претстави, кои ќе се борат за награди меѓу кои: „Театар Чекори“ од Скопје со претставата „Ние“, АТ „Колектив ветерница“ од Скопје со „Робоград“, гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид со „Странци“, аматерскиот театар „Репетициона 04“ од Штип со „Недоразбирање“, театар „Дунек“ од Гостивар со „Бенг бенг и мртов си“ и уште многу други...Предвидени се и гостувања од странство. Од Република Србија, гостува Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ – Прокупље, а на затворањето гостува ДАХ театар од Белград со дипломирани студенти од белградската академија, под менторство на Мирјана Карановиќ (го играат ММЕ од Дејан Дуковски). Истиот ден на последниот ден од фестивалот гостува Македонскиот културен центар во Софија и монодрамата „Страстите на Илија“ со Игор Дамјанов.Покрај драмската програма ќе има настапи и на акробатски музичари, физички театар, предавања, концертни настапи, изложби, промоции на книги... За публиката во Кочани предвидени се: гостување на акробатски музичари од Грција и Америка, во гимназијата во Кочани предавање под наслов „Момчето кое живееше во зоолошка градина: изложувањето на различните како спектакл“ ќе одржи Проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија, ПМФ – УКИМ. Ќе има изложба на избор од сценографиите на Крсте Џидров – Џиби и промоција на поезијата на македонски јазик на Џелаледин Мевљана Руми од Тихомир Јанчовски, во придружба на вокалите Добрила Грашеска и Зоран Тортевски. Промоција на книгата „Радио“ од Љупчо Јолевски, промоција на винил на групата Ана О. Гробот на еден робот, промоција на изданијата „Светот на Биби“... А како дел од настаните околу фестивалот ќе гостува и диџеј Александар Јорданов. Со оваа придружна програма фестивалот добива, не само меѓународен карактер, туку и калеидоскопски или подобро речено мултимедијален карактер.Последната вечер ќе бидат доделни наградите. Тричлена комисија на фестивалот доделува награда за главна машка и женска улога, споредна машка и женска улога, Награда за уметничка иновација и истражување во аматерскот драмски израз, награда за најдобра режија

Магазин | пред 6 години

operacija

Фондот за здравство во четири очи ги зголемил цените на кардиохируршките операции за 15-30%, велат од Алијанса за Албанците

Од сигурни извори дознавме дека Фондот за здравство во четири очи ги зголемил референтните цени на кардиохируршките операции за 15-30%, со оправдување дека овој потег е како резултат на "кумулативната инфлација", односно зголемување на цените на потрошниот материјал за кардиохируршките интервенции во светски рамки, велат од Алијанса за Албанците.„Сето ова може и да биде точно и логично, но растот на овие цени два пати за една година ни дава право да се сомневаме дека се работи за нов скандал ако ги споредуваме замрзнатите цени на другите интервенции во текот на неколку децении и обезбедување на големи средства за овие операции кои се прават само во приватните болници "Аџибадем" (6,5 милиони) и "Жан Митрев" (9,1 милиони евра) за 2018 година. Исто така, треба да се сфати дека цената на овие интервенции го достигна истото ниво или го поминале во споредба со болниците во регионот, како што се Бугарија, Србија, Турција итн. каде што животниот стандард е поголем од оној на Северна Македонија.Комисијата за здравство на Алијансата за Албанците бара итно скандалот да се предаде во обвинителството, но зошто да не биде опфатен и од "метлата на Заев", додека Министерството за здравство да објасни до каде е проектот на државна кардиохирургија и зошто се инвестираат толку големи средства во приватните болници, а не на формирање на кадар и обезбедување на оптимална инфраструктура за државната кардиохирургијав. Истотака прашуваме кога ќе бидат претставени првите резултати и костбенефитот на миграцијата на педијатриската кардиохирургија од јавното здравство во приватното во рамките на и така не добро дефинираниот проект на јавно-приватното партнерство“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

tabanovce

На Табановце приведено лице евидирано на СТОП- Листа

На 23.05.2019 година во 19,45 часот во Полициската станица за Граничен премин- Табановце, на влез во Република Северна Македонија од страна на униформирани полициски службеници лишен е од слобода Ш.О. (50) од Горно Оризари-Велес, затоа што при проверка во Оперативна евиденција утврдено е дека истиот евидира на СТОП- Листа.  

Македонија | пред 6 години

zoran_zaev_obrakanje

Заев: Да го одбележиме извонредното епохално и просветителско значење на Светите Кирил и Методиј

По повод 24. Мај, Денот на сесловенските просветители, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев упати честитка до граѓаните. Честитката ви ја пренесуваме во целост:„Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, честит 24 Мај – Ден на Светите браќа Кирил и Методиј!Денешниот празник, 24. Мај, Денот на сесловенските просветители повикува да го одбележиме извонредното епохално и просветителско значење за Европа, светот и Северна Македонија, изразено преку нивните мисии меѓу словенските народи во деветтиот век.Целта на мисиите, покрај христијанизација, описменување и просветлување, била и остварување на теолошка апологија на старословенскиот јазик и неговото користење во божјите служби кои дотогаш во Европа се вршеле само на три јазика – на латински, грчки и германски.Темелот на тој културолошки процес бил создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна од неговите следбеници, пред сѐ, Свети Климент Охридски, ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.Намерата на нивната мисија е Библијата да биде достапна за сите Словени. Нивната мисија тогаш имала наднационална, цивилизаторска и обединувачка улога.Мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј е еден од првите примери на поврзување на различни култури со истовремено почитување на разликите.Просветителската мисија на Светите браќа Кирил и Методиј беше инспирација и за работата на просветните работници и институции, и во оваа прилика упатувам и честитки и по повод Денот на просветните работници."  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Благодарение на брза реакција на вработени на бензинска пумпа, спречена катастрофа

На 23.05.2019 година околу 14,00 часот во Скопје на ул.„Климент Охридски“, на бензинска пумпа настанал пожар во патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ (60) од Скопје.Имено, Г.Ѓ. го сопрела возилото на бензинската пумпа со цел да стави гориво, но откако повторно го стартувала возилото почнал да се шири чад од под хаубата, по што побарала помош од вработените на бензинската, кои веднаш почнале да го гасат пожарот со противпожарни апарати, а набргу дошла и екипа од Противпожарна заштита и во 15 часот пожарот е изгаснат.

Скопје | пред 6 години

pozar-karpos

(ФОТО) Пожар во зграда во Карпош 4

Пожар избувна во зграда во Карпош 4. Според првичните информации пожарот избувнал во стан на најгорниот кат, но засега не се познати повеќе детали. На местото е пристигнати четири противпожарни возила, полиција и Брза помош.  Станарите од зградата се евакуирани .Не е позната причината за пожарот , ниту предизвиканата материјална штета. 

Скопје | пред 6 години

granata

Пронајдена граната кај Сарај, поради опасност од транспорт уништена на лице место

На 23.05.2019 година во 12.30 часот униформирани полициски службеници од Полициското одделение Сарај пријавиле дека во село Горни Крушопек -Скопје, кај месноста викана Драч пронашле артрилериска граната. Поради тоа што постоела опасност за транспорт , во 16.30 часот гранатата била безбедно уништена на местото каде е пронајдена.

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Гевгеличанец пренесувал мигранти од Пакистан, едно лице приведено

На 23.05.2019 година околу 16,40 часот на автопатот А-1 Гевгелија-Велес, на исклучување кон Неготино, од страна на униформирани полициски службеници било забележано патничко моторно возило со струмички регистарски ознаки , управувано од Д.В. од Гевгелија, за кое постоеле сознанија дека во него се превезуваат мигранти.Од возилото биле забележани како излегуваат пет мигранти , по што возачот го стартувал возилото и се исклучил на клучката кај Стоби, по што застанал. Совозачот во возилото Л.Б. (21) од Гевгелија е лишен од слобода, а петмината мигранти од Пакистан се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје.Известен е јавен обвинител.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа на региналниот пат Кичево –Охрид, загина моторциклист

На 23.05.2019 година околу 13,30 часот на региналниот пат Кичево -Охрид кај село Другово-кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Г.Т. (63) од с.Куклиш- Струмица и мотоцикл „Сузуки’ со кичевски регистарски ознаки, управуван од К.А. (28) од с.Зајас-Кичево. На пат кон Клинички центар- Скопје во возило на Итна медицинска помош К.А. им подлегнал на повредите.Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кичево.

Македонија | пред 6 години

kate_byrnes_

Изгласан наследникот на Бејли - новиот амбасадор на САД во земјава е Кејт Мари Брнс

Кејт Мари Брнс е изгласана како нова амбасадорка на САД во Скопје која ќе дојде на местото на Џес Бејли, објавено е на официјлната веб страна на Конгресот. Станува збор за дипломат од кариера а досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Засега се уште не е познато кога новата амбасадорка на САД ќе дојде на должноста во амбасадата во Скопје.Северна Македонија ќе напредува со унапредување на човековите права, инклузија на различностите, слобода на медиумите и отворен пазар, рече во меѓувреме Брнс пред Сенатот додека ги претставуваше своите приоритети во Македонија. 

Македонија | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Честитка од Џафери за Денот на сесловенските просветители

Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам денешниот празник - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.Денешниот ден се празнува за да се искаже почит кон делото на словенските просветители кои историјата ги запиша како основоположници на словенската книжевност и писменост. Нивната работа е капитално дело во развојот на словенската култура и описменувањето, тие го дале дарот на зборот и писмото и тоа ги прави повеќе од достојни за прослава на нивното име и дело. Нивниот придонес е и придонес во светската култура.Како претседател на Собранието, горд сум што во законодавниот дом имаме голема почит кон различните култури и религии, уверени дека тие се само дополнителна вредност во ова општество. Да продолжиме заедно на овој пат, негувајќи го ова богатството.Дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и да посакам и патот на нашата земја да биде светол како што е и нивното дело.Нека е честит празникот!

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Претседателот упати честитка по повод Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Во честитката се вели: Почитувани сограѓани,Дозволете да ви го честитам 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Овој голем празник посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело им го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност, е темел и на македонското јазично, културно и духовно суштествување како рамноправен народ во семејството на словенските народи.Светилниците на словенската цивилизација и писменост и заштитниците на Европа, Св. Кирил и Методиј се изборија за правото на употреба на старословенскиот јазик во богослужбата, докажувајќи дека не постојат мали и безначајни јазици. Нивната визија и вредностите што ги промовираа и по повеќе од десет века се актуелни и релевантни.Честитајќи го големиот празник би сакал да потсетам дека делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да се стремиме кон еднаквост и рамноправност, и да градиме општество со еднакви можности за сите без разлика на род, вера, етникум или која било друга припадност. Општество во кое образованието и културата се од суштинско значење и право на секој наш граѓанин.Нека ни е честит 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј.Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија 

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Трагедија: Во Нови Сад убиено тричлено семејство

Утрово околу 8 часот во стан во Нови Сад, Србија, пронајдени се три мртви тела, пренесуваат српските медиуми. Убиени се Б.П., Н.П. и нивната ќерка М.Ј. Нивните тела биле пронајделни во станот, а сите биле убиени со куршум во главата.Неофицијално убиството го извршил сопругот на ќерката, кој имал забрана за приближување до семејството, поради семејно насилство. 

Свет | пред 6 години

pavle11111

Павле ќе го вработеле на царина да душка дрога?, се вели на Твитер

Голем број реакции на социјалните мрежи предизвика најавата на пратеникот Павле Богоевски дека ќе поднесе оставка од функцијата, по скандалот со набавката на масло од канабис.https://twitter.com/advokat0t/status/1131704283227992070https://twitter.com/Miki08354409/status/1131629953697701888https://twitter.com/ATEHTATOPOT/status/1131599356556185600https://twitter.com/BlackTaurus7/status/1131601601045643264https://twitter.com/ViktoriusPrimus/status/1131647889170718721https://twitter.com/UnDoneOff/status/1131646940851032064https://twitter.com/prkosot/status/1131662102198915072https://twitter.com/moni_gal9/status/1131658588760543232https://twitter.com/advokat0t/status/1131663061960544256https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1131669761019056128https://twitter.com/JaneMavcev/status/1131686683718705152https://twitter.com/anafromacedonia/status/1131695761144651776https://twitter.com/KLEPALO_2006/status/1131793488545234944

Магазин | пред 6 години

4-2

Владите на Македонија и Црна Гора ќе ја одржат првата заедничка меѓувладина седница

Владите на Македонија и на Црна Гора денеска во Подгорица ќе ја одржат првата заедничка меѓувладина седница, на која се очекува да бидат разгледани повеќе информации за развивање и продлабочување на идната соработка, а воедно треба да бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка од областа на внатрешните работи, заштитата на животната средина и здравството.Како што соопштија од македонската влада, во делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески…Премиерот Заев на вчерашната средба го запознал црнгорскиот колега Душко Марковиќ со актуелната политичка ситуација во земјава, која, спроед владата, со успешно спроведените избори за претседател на државата и со темпото на реформските процеси го очекува одобрувањето на стартот отворањето на преговорите по поглавја од Европската Комисија.

Македонија | пред 6 години

Kiracovski-Cestitka

Кирацовски: Просветната дејност на Кирил и Методиј нека биде наш патоказ, да создаваме трајни вредности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија.„ По повод Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура упатувам срдечни честитки до сите граѓани на нашата татковина.Денес, со особена гордост, чест и достоинство имаме привилегија да го славиме делото словенските просветители Кирил и Методиј.Со нивното дело, просветителите Кирил и Методиј оставија трајни, вековни вредности и ја одбележаа една од најважните епохи на христијанската и словенската цивилизација.Благородната мисија на браќата Кирил и Методиј има уникатно историско и културно значење за македонскиот народ и за сите народи кои ја негуваат словенската култура и традиција.Нивното просветно и благородно влијание нека биде наш патоказ, да создаваме вредности, да работиме за општо добро, за подобра иднина на сите граѓани.Нека ни е честит 24 мај“.

Македонија | пред 6 години

Slika-Pavle-25-02

Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев и Павле Богоевски се криминалци. И за Заев и за Богоевски постојат тонски записи од вршење на криминал. И Заев и Богоевски се криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев и Богоевски можат да соработуваат само во затвор.Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата, како Зоран Заев. Тој иако целата јавност го виде како бара мито во висина од 200.000 евра се уште е на слобода затоа што судството е под негова контрола. Претходно Заев беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра.Заев пред целата македонска јавност во ек на кампањата за референдумот повика на поткуп за гласање, а разрешница за случајот нема.Оставката на Богоевски е само бледо затскривање зад моралноста, а Заев кој е жив фатен во криминал се уште е на позицијата премиер, а постапките против него се прекинати.Наместо само оставка потребна е кривична одговорност. Вистинската казна треба да стигне преку правосудните органи и непречено одвивање на кривичната постапка.Местото на Богоевски не е во политиката исто како и на Заев, неговото место е во некоја казнено поправна установа, каде друштво ќе му прави Зоран Заев, кој исто така ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 6 години

60812043_2691029007577214_255151908132487168_n

По извозени 800 км Васил Јанкула седна во претседателското столче

Претседателот Стево Пендаровски, во својот кабинет го прими Васил Јанкула од Ресен. Ова не е вообичаена средба за претседателот, туку средба со едно посебно и храбро момче:,,Денес, мој драг гостин беше Васил Јанкула, момче со церебрална парализа кое во придружба на својот тренер и двајца браќа извозе 800км за 8 дена, сè со цел да ја крене свеста за перцепцијата на лицата кои живеат со ваква состојба.Васил, со својот подвиг докажа дека #СитеСмеИсти, сака да работи во својот град Ресен исполнувајќи го својот сон, еден ден да оформи свое семјство. Тој со својот трицикл, кој бил изработен специјално за него во Кавадарци, извозел од Ресен кон Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, а го искачил во тешки временски услови превојот кон Маврово и Дебар, па продложил кон Охрид и Струга.Васил Јанкула ни покажа на сите една многу важна работа, истрајноста е најважна, нема откажување!“-вели Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

avtopat-tetovo-skopje

Важни информации за сите кои тргнуваат на пат

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_377041

(ВИДЕО) Снег во Колорадо

Американската држава Колорадо е погодена од пролетна снежна бура , со врнежи од снег и град.Силен дожд, ветришта и град ги зафати централните држави на САД , предизвикувајќи уништување во регионот. Четири милиони жители беа предупредени на вонредна состојба од поплави во вторникот наутро, вклучително и во Оклахома, каде што се поплавени куќите во местото Хомини, на североисток во државата.Околу 22 торнада досега се пријавени во Оклахома, Тексас, Канзас и Мисури, додека четири лица беа спасени од страна на службите за итни случаи, по што следуваа поплави. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски му се извини на Јанушев

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку соопштение му се извини на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи за време на изборната кампања рекол дека против него СЈО има покренато обвинение, а станува збор за истрага во која Јанушев е осомничен, а не обвинет.-Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски јавно се извинува на лицето Игор Јанушев, за изјавата дадена на предизборното соочување на кандидатите за Претседател, одржана на 26.04.2019 година на Македонската Радиотелевизија. Се работи за ненамерна непрецизност во изјавата бидејќи не станува збор за обвинение од СЈО за набавка на кинеските автобуси. Јанушев е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластување како што може да се види во последниот извештај на Специјалното јавно обвинителство кој беше доставен во март, 2019 година до Собранието на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

Slika-Muhamed-25-02

Зекири до Богоевски: Одржа лекција по демократија која вмровците немаат капацитет да ја научат

Пратеникот и заменик претседател на СДСМ, Мухамед Зекири даде поддршка за Павле Богоевски, кој поднесе оставка од пратеничката функција по случајот со снимениот телефонски разговор.„Павле другар, беше и остана симбол на борбата. Покажа и докажа дека пред се си човек и голем борец. Одржа лекција по демократија која вмровците и не само тие, немаат капацитет да ја научат“, истакна Зекири.

Македонија | пред 6 години

20190523232029

Пратеникот Костадин Ацевски повика на обединување

Зоран Заев вчера објави дека како претседател на СДСМ ги разрешува сите 78 претседатели на општинските организации на партијата, а меѓу нив е и пратеникот во македонското Собрание, Костадин Ацевски.Пратеникот по објавената одлука на премиерот побара обединување во партиските редови и нов почеток со свежи сили, обидувајќи се да го крене моралот на партијата.„Другарки и Другари, Ви благодарам на подршката, пожртвуваноста, лојалноста...Ви благодарам на се што направивте до сега, и на се што ќе направите од сега, за партијата и државата! Почит до небо и поклон до земја!!! Функциите се менливи и минливи, нашето единство, другарство и посветеноста на СДСМ, не!!! Продолжуваме сите заедно напред, поединствени од било кога!!!“, објави Ацевски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања