Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

granata

МВР попладнево ќе уништува неексплодирана граната во Сарај

Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните,  особено жителите на селата Долен и Среден Крушопек, општина Сарај,  дека во 16.30 часот ќе биде извршено уништување на неексплодирана граната од минофрлач 120 мм. Гранатата беше пронајдена денеска во дол покрај патот помеѓу селата Долен и Среден Крушопек. Гранатата е активна и е без осигурувач на запалката. Поради тоа постои опасност за транспорт и гранатата ќе биде уништена на местото од Одделот за антитероризам.Апелираме до граѓаните да се воздржат од движење на горенаведениот пат во наведеното време.

Скопје | пред 6 години

motor

ОЈО Кичево ја расчистува сообраќајната несреќа во која загина моторциклист

Денеска на магистралниот пат кон Охрид, во близина на с. Другово,  се случи сообраќајна незгода во која учествувало товарно моторно возило и еден мотоциклист. Товарното моторно возило Мерцедес со регистарски ознаки од Струмица удрило во моторциклот Сузуки без регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од 28 години. Од ударот, мотоциклистот  се здобил со тешки телесни повреди и починал на пат кон медицинска установа во Скопје.Од страна на дежурниот јавен обвинител во содејство со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Кичево извршен е увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за проверка на крв  кај возачот на товарното моторно возило  и за  обдукција на починатото лице. Извршена е и фотодокументација на местото на настанот.Основното јавно обвинителство Кичево во континуитет презема и други дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот. 

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Го нападнал сопствениот брат

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Во периодот од 21.10 часот на 20.05.2019 до 05.00 часот на 21.05.2019 година на ул.„Никшиќка“ во Куманово, во дворот од куќата на пријавениот и неговиот брат Г.М., пријавениот физички го нападнал брат му Г.М., по што бил приведен во полициска станица.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се расправале за момче, па ја исекла по раката и ногата

На 22.05.2019 година во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8-ми Септември“ била донесена 17- годишна девојка од село Средно Коњари, скопско, со исеченици по левата рака и нога, кои според пријавеното и ги нанела Н.Н. по претходна расправија за момче. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Нападнат полициски службеник, лицето пренесено во психијатриска болница Бардовци

На 22.05.2019 година околу 18.20 часот на ул.„Афузпашина“ во Скопје полициски службеник бил физички нападнат од лицето Ј.Н.(57) од Скопје додека давал асистенција на Итна медицинска помош за негово пренесување во психијатриска болница Бардовци. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 6 години

pistol-vperen

На семејна веселба пукал со огнено оружје

На 23.05.2019 околу 04.40 часот вo Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека на семејна веселба во двор од куќа на улица „ЈНА“ во Гостивар имало пукање со огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и од слобода го лишиле Д.Ј.(35) од Гостивар, за кого постои сомнение дека пукал и од него било одземено оружјето и пет куршуми. Д.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за обидот за убиство во гостилница во Хиподром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда  - влезно убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото.Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети сите законски основи, до судот достави и посебен предлог за претходно определената  мерка куќен притвор против обвинетото лице да се продолжи. 

пред 6 години

3-2-1

(ВИДЕО) Трошењата на новиот претседател ќе бидат на увид на јавноста преку Алатката за отчетност

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска се сретна со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. На средбата, министерот Поповски и Претседателот Пендаровски разговараа за Алатката за отчетност, на којашто се прикажани трошоците на министрите, замениците – министри и на директорите на јавните претпријатија.Во продолжение Ви го испраќаме во целост текстот на изјавата на министерот Поповски:„Пред сè, ми претставува особено задоволство што имав можност, на Претседателот на државата и лично да му честитам на изборот. Ова е наша прва официјална средба. Она што е значајно од средбата, е тоа што претседателот Пендаровски искажа целосна подготвеност начинот на неговото работење и сето она што значи користење на буџетските средства како Претседател на државата да ги стави на увид на јавноста.Тоа значи дека онаа Алатка за транспарентност, што Премиерот, министрите во Владата, заменици-министри, директори на јавни претпријатија, веќе во неколку извештајни периоди ја користат и ја презентираат пред граѓаните, ќе биде на своевиден начин прилагодена согласно начинот на кој функционира кабинетот на Претседателот и тие трошења ќе бидат на увид на јавноста.Ова е огромна разлика во споредба со претходниот претседател Иванов, кој што воопшто немаше намера да ги презентира трошоците и начинот на работење пред граѓаните. Беше целосно нетранспарентен.Да ја потсетам јавноста, од кога беше воведена Алатката за транспарентност во Владата и предложена на јавните претпријатија, јас мојот кабинет побара да ја употреби и претседателот Иванов. Тој, тоа на најдрастичен начин го одби и кажа дека едноставно нема потреба од такво нешто.Значи, сега конечно, имаме Претседател, имаме кабинет на Претседателот што ќе биде целосно отворен, транспарентен и целото свое работење и начинот на којшто ги менаџира и средствата и политиките ќе бидат достапни и презентирани пред граѓаните“.

Македонија | пред 6 години

memorandum

Потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза

Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија, Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и амбасадорката Ингибјорг Солрун Гисладотир, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза (ПАХТ Програма).Ценејќи дека криминалот од омраза претставува повреда на човековите права и закана за владеењето на правото и демократската стабилност, потписниците на Меморандумот се обврзаа да дадат активно учество во реализација на програма за обуки наменети за јавните обвинители. Страните се договорија да назначат нивни Национални офицери за имплементација на ПАХТ Програмата. Имплементацијата  на Меморандумот ќе оди во насока на обука за обучувачи јавни обвинители и донесување на Национален план  преку кои со едукација за криминал од омраза ќе бидат опфатени сите јавни обвинители во државата. 

Македонија | пред 6 години

irena-sterijovska

Република Морално Етичка Северна Македонија е повторно на вистинскиот пат

Ирена Стеријовска активист на Шарената револуција на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека со оставката на Богоевски Република Северна Македонија е спасена. Остануваат само ситни проблемчиња како Груевски пратеникот во бегство.Во продолжение статусот на Стеријовска:Павле поднесе оставка! Република Северна Македонија е спасена. Остануваат само ситни проблемчиња како Груевски пратеникот во бегство, Муковски пратеникот во амнестија, Мира Дизел пратеничката во патните трошоци, Тања Ковачев пратеничката за семејно вработување, Јохан Трчуловски пратеникот злосторник и уште неколку малку помалку морално страшни “ситници” од оние што набавуваат масло од канабис за блиско лице.Република Морално Етичка Северна Македонија е повторно на вистинскиот пат.

Македонија | пред 6 години

prevrten-kamion-prilep

(ФОТО) Се судрија и превртија камион и комбе пред преминот Плетвар

Сообраќајна несреќа на патниот правец Кавадарци – Прилеп пред преминот Плетвар. Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар.Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување.Поради сообраќајната несреќа имаше прекин во одвивањето на сообраќајот.

Македонија | пред 6 години

Karadzovski-23.05-2

Регистрирани 105 нови случаи со морбили, досега вакцинирани 27.000 лица низ државата

Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство, денеска информираше за актуелната состојба со морбили во државата.- Заклучно со денешниот ден се регистрирани вкупно 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, а 56 во другите градови низ државата. Вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти. Ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години, посочи д-р Караџовски.Во однос на најновите 105 случаи, д-р Караџовски потенцираше дека 77,1% се невакцинирани лица, вакцинирани само со една доза или лица за кои воопшто нема податок за вакцинален статус.- Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата, истакна д-р Караџовски.Инаку, од медицинскиот персонал досега се вакцинирани вкупно 1.246 здравствени работници.

Македонија | пред 6 години

dafina-vmro

Дафина Стојаноска: Владата на СДСМ и Заев се однесува измамнички кон граѓаните

Владата на СДСМ и Заев се однесува измамнички кон граѓаните. Тие ветија поевтино парно и не го исполнија тоа, па откако беше откриена оваа измама, пуштајќи го во собраниска процедура законот за измена на ДДВ каде не се предвидува намалување на ДДВ-то за парното, нешто што го ветуваа претходно, панично побрзаа на полушверцерски начин, под притисок на ВМРО- ДПМНЕ и јавноста да поднесат амандман со кој се предвидува намалување на ДДВ-то за парно услуги, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Значи беше потребна бурна реакција од јавноста и ВМРО-ДПМНЕ за власта во 5 до 12 да поднесе амандман за намалување на данокот за парното. Зоран Заев ги лажеше граѓаните пред вториот круг од изборите дека ќе го намали данокот за парното, а тоа всушност не планирал ни да го стори. Сега дваесетина дена откако излажа, и ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе амандман на законот тие истрчаа да го направат тоа.ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи амандманот за намалување на данокот на додадена вредност за парното, кој е резултат на нашата реакција и притисокот од јавноста. Оваа влада покажува дека е неспособна и измамничка. Дека не ја интересираат граѓаните, туку личните кариери на поединците од власта, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

naum-za-bogoevski

Стоилковски: Оставката од Богоевски не е и не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминалот

Граѓаните немаат потреба од лажно продавање на морал од луѓе како Павле Богоевски кој што во низа од неколку месеци вршел кривично дело и ја извршуваше пратеничката функција!Оставката не е и не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминалот. Павле Богоевски мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.МВР и ЈО мора итно да спроведат акција врз основа на личното признание на Павле Богоевски, за да се открие целиот синџир за трговија со наркотици, но и да се провери кои се’  од претставниците на власта, на парламентот, јавни функционери биле дел од таа и од таква криминална трговија но и и злоупотребувале наркотици.Очекуваме против Павле Богоевски да бидат преземени мерки за заштита за обезбедување на присуство, имајќи предвид дека Богоевски извршувал функцијата ја пратеник во Собранието и може да влијае врз сведоци во истрагата,истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

dimsa-unesko

Арсовски: По 30 години Охрид ризикува да биде избришан од УНЕСКО, поради бизнис и политичките интереси Заев

Владата на СДСМ, како на локално така и на централно ниво покажува целосна негрижа за културното и природно наследство во Охрид. После триесет години откако Охрид беше ставен на листата на УНЕСКО како заштитено подрачје, ризикува да биде избришан поради бизнис и политичките интереси на власта на Зоран Заев и СДСМ. Во Охрид се гради кај ќе се стигне без план и без легална постапка, а тоа не го гледаат само Охриѓани, тоа го гледаат и сите граѓани во Република Македонија, но како што можете да зебележите и светската експертска јавност од УНЕСКО, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Имено да ја потсетиме јавноста дека само пред неколку месеци Зоран Заев манипулираше со граѓаните на Охрид  околу изградбата на 32 метри високото минаре на Али Пашината Џамија која е споменик на културата. Оваа изградба која се врши спротивно на прописите го загрозува овој објект кој повторуваме е споменик на културата и таа со месеци никој не ја стопира иако експертите и граѓаните цело време алармираат.Да потсетиме и за случајот со хотелот во Лагадин за кој Заев лично се заложи да биде изграден иако истиот прекршува 12 закони и се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото што директно го загрозува овој природен заштитен појас, кој меѓу другото е и еден од условите Охрид да биде на листата на УНЕСКО.Сличен случаи се и самоволието кој владее во градот во старото јадро на градот, кај што во старата охридска чаршија непосредно до чинарот се гради дива тераса и сето тоа се толерира од власта само заради партиските интереси на власта односно само заради тоа што има претходен договор актуелниот градоначалник на Охрид. Патем во овој случај биле нападнати и две инспекторки од Управата за заштита на културно наследство како и медиумска екипа која што известувала за случајот и нормално за тоа никој ниту се извини, ниту понесе одговорност.Во сите овие случаи гледаме дека власта молчи и замижува пред уништувањето на природното и културното наследство во Охрид поради кое градот е ставен на листата на УНЕСКО за заштитени подрачја. Не само што Заев молчи за овие скандалозни случаи и уште десетици други кои ги има, туку и ги охрабрува и самиот ги стимулира да продолжат понатаму. Заради тоа заклучокот е повеќе од јасен, опасноста од бришењето на Охрид од листата на УНЕСКО е поради вината на Заев, негрижата на надлежните институции и непревземањето на соодветни мерки кои што беа препорачани од страна на УНЕСКО.Тоа на кое сите ние се гордееме, Заев го уништи само заради бизнис и партиските интереси, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

mickoski-novo-selo

Мицкоски: Власите во Македонија се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја

Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница,  Дозволете во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 23 мај, Националниот празник на Власите.Власите во Македонија се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја кои низ вековите наназад придонесувале за нашата Татковина, за нејзината изградба и просперитет,  што несомнено е влог и за нејзината иднина. Влашката етничка заедница во Македонија и целата нивна култура, традиција, фолклор и јазик се значаен сегмент од богатството на македонското општество, кое било и ќе биде втемелено на меѓусебното разбирање и взаемна почит како вековни принципи по кои живееме на овие простори.Придонесот на Власите во Македонија е вреднуван и должен за почит. Тоа е основата на нашата заедничка борба за подобра иднина на сите наши деца да продолжи во борба за напредна и европска Македонија како правна држава со подеднакви можности за сите нејзини граѓани, но пред се перспективна и економски развиена.Власите денес, исто како и сите наши сограѓани ја споделуваат тешката судбина на мачното секојдневие исполнето со неизвесност, несигурност и нарушен стандард. Денес живееме во поделено општество каде разликите во стандардот, поларизацијата, конфликтноста и неправдите стануваат кочница за напредокот.Имаме ерозија на вредносниот систем, а власта нема чувство за основните потреби на поединецот. Криминалот и корупцијата ја одземаат перспективата и го разјадуваат општеството. Ова мора да се смени, а тоа зависи од сите нас.Нашиот сон може да биде вистина само со посветеност, работа и заедништво, бидејќи тоа е единствената гаранција за подобро утре на сите во Македонија, вклучително и за Власите.Нека е честит и вековит 23 мај, Националниот празник на Власите.Нека е вечна Македонија, се вели во честитката од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шахпаска: Воведуваме надоместок за лица со тешка и длабока интелектуална попреченост во износ од 7.204 денари месечно

Со новиот Закон за социјална заштита, се воведуваат низа мерки кои го унапредуваат квалитетот на животот на лицата со попреченост и нинвите смејства. За првпат воведуваме надоместок за лица со тешка и длабока интелектуална попреченост во износ од 7.204 денари месечно, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.Воведуваме две услуги во домот на лицата со попреченост а тоа се: помош и нега и лична асистенција.  Покрај тоа, овие услуги можат да се добиваат истовремено, со надоместок за помош и нега од трето лице или со додатокот за попреченост.Обезеден е паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи.Висината на овој надоместок изнесува 50 отсто од просечната нето плата на родителот во претходната година, но најмногу до 50% од просечната плата во претходната година во Република Северна Македонија. При тоа овие семејства истовремено може да добиваат услуги во домот како нега и помош или лична асистенција.Родителот кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ, а при тоа има навршени 62 години за жена, односно 64 години за маж може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари.Дополнително, социјалните услуги ќе станат поблиски до граѓаните, односно ќе се децентрализираат на ниво на локалните самоуправи со лиценцирани даватели на услуги.За нас, секој е важен.Ова се само дел од мерките што обезедуваат зголемена гриѓа за лицата со попреченост и нивните семејства. Концептот на едно општество за сите е концепт на еднакви граѓани, без разлика на нивната физичка или интелектуална попреченост. Сите заслужуваме унапредување на условите за живот и личен развој, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Зекири: ДУИ мисли дека само полтрони може да се поставуваат на функции

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, реагираше по веста дека ДУИ се вознемирени откако претседателот Стево Пендаровски го назначи независниот експерт Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање.Зекири на социјалната мрежа фејсбук напиша:„Бујар вознемирен а Артан вчера кажа дека биле координирани со претседателот Пендаровски.... цццДУИ мисли дека само полтрони може да се поставуваат на функции...Не бе луѓе треба да сфатите дека има луѓе со кредибилитет и професионалци кој некој знае да ги цени. Секоја чест и честитки за тимот претседателе Стево Пендаровски!!!“, напиша пратеникот на својот профил на „Фејсбук“.

Македонија | пред 6 години

Zoran-Krstevski

Зоран Крстевски: Осаменост

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор) Осаменоста сè повеќе станува болест на 21 век. Лошите брачни и љубовни односи, наездата на разводи, избегнувањето да се влезе во брак, форсирањето на индивидуализмот, интензивната предаденост на работата, лажните пријателства, немањето осет за семејна хармонија и емоционалната дистанцираност се само дел од причините поради кои многумина се чувствуваат отуѓени и осамени. Ако кон тоа го додадеме и стравот од емоционално врзување поради претходно љубовно разочарување, тогаш не треба да се изненадиме што осаменоста е сè поактуелна.Капиталистичкото општествено уредување предизвика висок степен на егзистенцијална неизвесност, отуѓеност и осаменост. Културата на индивидуализмот и самодоволноста зема замав така што искрениот, позитивен и емпатичен однос сè поретко е присутен. Брзото темпо на живеење придружено со општата трка за што повеќе пари, моќ, професионален успех и висок статус создаде отуѓување, чувство на несигурност и епидемија на осаменост. Таквата состојба иницира висок степен на апатичност, незадоволство, фрустрации, стрес, песимизам и депресија.Познато е дека квалитетните меѓучовечки односи го намалуваат стресот, го јакнат имунитетот и му даваат смисла на животот. Истражувањата покажале дека осаменоста може да биде мошне штетна за психичкото и физичкото здравје, бидејќи ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни болести и депресија. Докажано е дека луѓето кои не се чувствуваат осамено и кои создаваат хармонична интеракција со другите, живеат подолго и посреќно.Причините за осаменоста може да ги побараме во недостигот на емпатија за блискиот, доминацијата на разводи, продолжувањето на животниот век, намалувањето на семејните врски и во зголемениот број луѓе кои живеат како самци.Ориентацијата кон површните задоволства, немањето критериум во избор на партнер, присутноста на разните искушенија и преголемата предаденост на телесните страсти, создадоа општо чувство на несигурност и недоверба за креирање стабилна, посветена и хармонична љубовна врска.Многумина се осамени поради одредени љубовни разочарувања произлезени од минатото, така што чувствуваат дека може да доживеат слични искуства и повторно да бидат емоционално повредени. Затоа, максимално го подигнуваат својот критериум, со што свесно или несвесно одлучуваат дека осаменоста е подобра опција отколку да бидат со партнер кој не ги заслужува. Некои други, пак, сметаат оти постојано наидуваат на лица кои не се доволно добри за нив, така што копнежливо трагаат по својата сродна душа и ретко влегуваат во љубовни односи. Постојат и поединци кои константно размислуваат негативистички, дистанцирајќи се од сè што може да им понуди одредена љубовна ситуација. Кај нив преовладува песимизмот и недовербата во себеси и во вредностите на другите, поради што доброволно се отуѓуваат и живеат осамено. Но, постојат и лица кои сакаат да бидат во љубовен однос, копнеат за емоционална блискост, но не можат да најдат соодветен партнер со кого ќе се сплотат во семејна заедница.Ако сакаме да напредуваме во љубовта и да се дистанцираме од осаменоста, неопходно е да се ослободиме од следниве размислувања: Преовладуваат неморалот, измамите и неверствата, затоа подобро да бидам сам/а, отколку со  партнер на кого не можам целосно да му верувам; Емоционалната повреда од минатото ме спречува да се препуштам на љубовта бидејќи лошите искуства можат да се повторат; Не се отворам лесно за љубовта, бидејќи луѓето се егоистични и сакаат да манипулираат и искористуваат; Зашто да придонесувам за другите, кога многумина се неморални и гледаат исклучиво за себеси? Овие стравови во најголема мера се нереални, бидејќи сите луѓе не се искористувачи, неморални, себични, неверни или деструктивни.Како и за сè во животот, така и во љубовта, неопходно е да пристапуваме со позитивна мисла, надеж и верба дека ќе биде добро и дека вреди да се љуби, зашто само љубовта може да привлече љубов.Иако осаменоста и самотијата често се поистоветуваат во секојдневниот говор, помеѓу нив постои разлика. Осаменоста создава голема празнина, тегобност и чувство на изолираност, кое не престанува ниту кога сме во друштво со други луѓе. Впечатокот дека сме оставени сами на себе, предизвикува внатрешен немир, фрустрација, незадоволство и непријатност од состојбата во која се наоѓаме. Свесноста дека сме хронично осамени иницира самосожалување, страв, беспомошност, ниско ниво на самопочит, недостиг на мотивација и депресија.Од друга страна, самотијата може да биде корисна состојба кога сме во мир со себе и кога немаме потреба од други луѓе. Таа ја реорганизира нашата креативна енергија, го обновува психофизичкото здравје, не соочува со самите себе и буди состојба кога сме сами, но не сме осамени. Конструктивното предавање на самотијата можеме да го искористиме за читање, размислување, прошетки во природа, спортување и детоксицирање од негативните вибрации на околината.Јохан Волфганг Гете рекол дека „самотијата е убава ако човекот сам со себе живее во мир и ако се занимава со нешто корисно”.Постојат личности кои иако се во одредена врска чувствуваат голема емоционална празнина, отуѓеност и осаменост. Тука се поставува прашањето, дали реално се осамени или самите си умислиле дека се осамени. Ако навистина се осамени треба да најдат начин тоа да го променат. Прашањето е зашто одржуваат врска во која се празни, отуѓени и осамени? На овие лица им се препорачува да размислат дали е подобро одреден период да бидат сами отколку со партнер кој постојано ја спушта нивната енергија и не придонесува да се чувствуваат мирно и опуштено. Актерот Робин Вилијамс таквата состојба ја објасни со зборовите:„Некогаш сум мислел дека во животот најтешко е кога ќе останеш сам. Не е. Најтешко е кога си опкружен со луѓе покрај кои се чувствуваш сам”.Дон Мигуел Руис е во право кога вели дека „ако некој не ве сака и не ве почитува, вистински благослов е ако тоа лице ве напушти. Ако тоа лице не ве напушти, несомнено ќе доживеете со него многу години страдање. Заминувањето може да боли извесно време, но вашето срце на крајот ќе зацели. Тогаш ќе можете да го изберете она што навистина го сакате. Ќе откриете дека не мора да им верувате на другите онолку колку што мора да си верувате себеси за да го направите вистинскиот избор”.Асоцијацијата е дека некои луѓе ни ја држат среќата, така што подобро е да сме сами отколку да одржуваме врска во која се чувствуваме несреќно, нереализирано и фрустрирано. Кога ги напуштаме таквите поединци, енергијата почнува да ни се буди и полека осознаваме дека непотребно сме ги запоставувале своите потенцијали. Одлевањето на емоцијата и енергијата за личност која тоа не го заслужува туку сака да не види паднати, слаби и беспомошни претставува сигурен пат кон страдањето и себеуништувањето.Самотијата не секогаш е промисла на судбината туку сопствена одлука за дистанцирање и оттргнување од негативните лица и ситуации.Така постапувале многу мудри умови. Откако сфатил дека му завидувале и љубомореле на генијалноста, Микеланџело донел одлука да се повлече од јавноста и да ги избегнува луѓето. Херман Хесе препорачал секој да почувствува нешто од суровоста на осаменоста, а Иво Андриќ тврдел дека таа е раскош на богатите духови. За Леонардо да Винчи само во самотијата можеме да си припаѓаме на себеси. Артур Шопенхауер велел дека само луѓето со богат дух уживаат во самотијата. Тој на младите им препорачал да ја препознаваат самотијата, бидејќи таа е извор на среќа и душевен мир.Заклучокот е да не стравуваме премногу од самотијата, бидејќи подобро е одреден период да бидеме сами со себе отколку да одржуваме односи во кои не чувствуваме радост, мир и духовна исполнетост. 

Коментари | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

(ВИДЕО) Метлата на Заев „заигра“ во општинските организации - разрешени сите претседатели

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите претседатели на општински ограноци на СДСМ.-Синоќа донесов одлуки, а денеска е ред да ги споделам – ќе бидат изработени решенија од страна на администрацијата на СДСМ и во текот на денов ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е – се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, служењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, на сите претседатели на оние општински организации каде се победи на изборите. Апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс кој уште идната седмица ќе биде објавен во постапка, изјави Заев по работниот појадок со бизнисмените што се одржа во хотелот Хилтон.Тој информира дека разрешувањата се во вкупно 78 општински организации. Органите и телата на СДСМ веднаш ќе донесат одлука за отпочнување постапка за избор на нови раководства. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Богоевски: Мојот глас за одземање на мандато на Груевски ќе биде последен во ова Собрание

Пратеникот Павле Богоевкси на расправата во Комисијата за мандатно имунитетни прашања рече дека донел одлука да се повлече од пратеничката функција. Тој ги повика институциите да ја утврдат неговата одговорност за набавката на маслото од канабис. „Гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде мојот последен глас во ова Собрание.Оваа одлука ја донесов веднаш по скандалот во моментите кога се само пријавував во полиција. Факт е дека без разлика на причините за набавката на маслото од канабис за мое блиско лице, сум сторил незаконски акт. Мојата пратеничка функција може да се перцепира ќе влијае врз постапката која органите ќе ја водат за нелегалното снимање, како и постапката за набавката на канабис.Не би сакал мојата функција да влијае врз правосудните органи. Ги повикувам органите на прогонот да утврдат одговорност кај мене, но и кај оние кои противправно снимале и набавиле“, рече Павле Богоевски.

Македонија | пред 6 години

tabla-4

Скопјани се разбудија со нови табли - „Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“

Единицата за брзи артивистички интервенции поттикната од неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот, на неколку крстосници во Скопје постави табли со натпис „Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“. Цалта на единицата е со овие табли да укаже на недостатокот на свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност.Оваа акција цели кон подигање на свесноста за здрава животна средина и повисока урбана култура со напомена дека одржувањето на хигиената не е инстант кампања туку долгорочен и одговорен колективен процес. 

Скопје | пред 6 години

60689787_2385600305001894_3413678549897314304_n

Павле Богоевски најави оставка од функцијата пратеник

Пратеникот Павле Богоевски на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања најави негова оставка. Тој рече дека ќе поднесе оставка откако ќе се изгласа одземање на мандатот на пратеникот и бегалец Никола Груевски. Богоевски рече дека одлуката ја донел уште откако сам поднесе пријава во полициска станица.Ваквото изјаснување следуваше откако претходно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа прва точка на комисијата да биде оставката на Павле Богоевски.

Македонија | пред 6 години

zoran_zaev_obrakanje

Заев со честитка до Власите: Нашите сограѓани Власи, биле и остануваат силен дел на нашето заедничко општество

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница. Честитката ви ја пренесуваме во целост:„Денеска сите ние го славиме 23 Мај – Националниот ден на Власите, како значаен празник за да се потсетиме на вековниот стремеж на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција.Целиот влашки народ и истакнати личности Власи, учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и исклучително богата историја, во која Власите секогаш имаа значајно место во борбата за слобода, државност и независност на нашата земја.Нашите сограѓани Власи, биле и остануваат и понатаму силен дел на нашето заедничко општество во кое, продлабочувањето на заедништвото, меѓусебната толеранција, доверба и почитувањето на посебностите, обезбедуваат стабилна и сигурна иднина за сите граѓани во нашата земја.Честит 23 Мај - Национален ден на Власите, се вели во честитката од премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

policija-5

Притвор за осомничениот кој нападна полициски службеници во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 20-годишен жител на село Леуново, на 21.05.2019 година, бил пријавен дека кршел и оштетувал инвентар во интернатот „Седек Костоски“ во Маврови Анови, каде привремено бил сместен. Кога на местото пристигнале полициските службеници кои постапувале по пријавата, тој од џебот извадил штрафцигер и ги нападнал со намера да ги повреди. Од страна на полициските службеници бил совладан и приведен.Усвојувајќи го предлогот на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања