Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

22

Успешно заврши меѓународниот тениски турнир во Аеродром

Берк Бугариќ и Калин Ивановски се најдобро пласираните македонски тенисери меѓу стотината светски јуниори во тенис, кои настапија на ИТФ турнирот минатата недела во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Општина Аеродром. Тие го освоија второто место во категоријата двојки во машка конкуренција во финалето со Ондреј Хорак и Каро Томански.Третиот по ред турнир за јуниори до 18 години се одржа во машка и женска категорија, а се играше на четири терени на земјена подлога. Домаќин на турнирот е тенискиот клуб „Тенис парк“  ‒ Скопје кој уште еднаш го потврди својот водечки статус во македонскиот тенис и покрај лошите временски услови.Инаку, во машка категорија Ондреј Хорак од Чешка го освои првото место, а веднаш зад него на втората позиција беше Кајли Лок Јин Танг од Кина, додека кај девојките Бјанка Елена Барбулеску од Романија беше подобра од  нејзината сонародничка Даниела Андреа Роска. Во конкуренција на двојки Дариа Шаламанова и Беатрис Спасова од Бугарија беа подобри од Бјанка Елена Барбулески и Даниела Андреа Роска.

Скопје | пред 6 години

petar-risteski

Функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, физички нападнал колега

Стоматологот, Благоја Бисеркоски, пријавил во полиција дека бил нападнат од свој колега, 42-годишниот Петар Ристески.Ристески дипломиран стоматолог, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп и координатор на советничката група на оваа партија.Од МВР од Прилеп сѐ уште не откриваат точни детали за вчерашниот инцидент.На својот фејсбук профил се огласи и нападнатиот, стоматологот Благоја Бисеркоски :„Само да ве информанира дека сношти околу 20.45 часот, отидов во слаткарницата „Дизниленд“ и надвор седеше Петар Ристески, кој ме пречека со еден куп вулгарности на моја сметка и на сметка на мојата фамилија. На излегување продолжи да ме навредува мене и мојата фамилија, за тоа да кулминира со физички напад. Бев удрен со бокс од позади во левата страна од главата. За среќа едно другарче што седеше со него го спречи и го задржа да не продолжи понатаму. Следуваше пријава во полиција, записник, прекршочна пројава“, напиша Бисеркоски.

Македонија | пред 6 години

mickoski1

Мицкоски: Заев ја заборави метлата и сега продолжи со мамење

Претседателот  на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предмалку на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека Премиерот Заев ја заборави метлата, и се врати на неговата вообичаена измамничка терминологија.Во продолжение статусот на Мицкоски:Премиерот Заев ја заборави метлата, и се врати на неговата вообичаена измамничка терминологија со која сака да го прикрие колективното уништување и пеплосување на државата, велејќи дека сме блескале. Еве како измамнички блескаме. Едно од неговите клучни ветувања, покрај она дека ќе донел живот, а гледаме како тој се претвора во пекол, беше и она дека ќе донеле 500 евра просечна плата.Просечната плата која сега се исплаќа е далеку од ветените 500 евра. Согласно ДЗС таа во првиот квартал од 2019 година (јануари 24 517 ден., февруари 24 192 ден. и март 24 590 ден.) изнесувала 24 433 денари, што е за нешто повеќе од 5 проценти помалку, односно е намалена споредено со просечната плата исплатена во декември минатата година кога изнесувала 25 784 денари. Се покажа точно она што го говорев, дека тогашното зголемување беше краткорочен привиден резултат како последица на зголемените даноци за оваа фискална година како и на тоа што во последниот месец од секоја година компаниите распределуваат дивиденда и бонуси на дел од вработените, што влијаеше на зголемување на просечната исплатена плата во декември минатата година.Она што е значајно да се напомене е дека ветените 500 евра плата со оваа измамничка влада стануваат невозможна мисија и уште една измама на Заев и СДСМ. За цели 2 години Влада на СДСМ, просечната плата се зголемила за скромни (споредено со регионот) 7 проценти, неследејќи го растот на трошоците за живот кои секојдневно се зголемуваат и го оптоваруваат семејниот буџет. Едноставно вредноста на 1 000 денари беше многу поголема пред неколку години, споредено со денес.И за да бидам математички прецизен, за да оваа Влада постигне 500 евра просечна плата под услов да го истера до крај својот мандат, тогаш просечната исплатена плата треба да порасне наместо вкупните 7 проценти од целиот досегашен мандат, за високи 22 проценти што е невозможно со вака исклучително неспособен економски цунами тим кој нема ниту еден успех зад себе.Единствено со што блеска оваа Влада се измамите, како оваа дека ќе има 500 евра просечна плата. Жално, но вистинито, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ на ФБ Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

Kiracovski-Cestitka

Честитка на Кирацовски за Националниот ден на Власите

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски по повод Националниот ден на Власите - 23 Мај, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во која меѓудругото се вели:„Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница ми претставува особена чест да ви го честитам Националниот ден на Власите  со желба за добро здравје, љубов и среќа во Вашите семејства.На овој ден  ја одбележуваме  посебноста на Власите  како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и историска посебност. Во мултиетничка држава како нашата од особено значење е меѓусебното разбирање и почитување помеѓу различните етнички заедници кои воедно претставуваат огромно богатство од култура , обичаи и различности кои  нè поврзуваат и нè прават посилни.Наша цел е и понатаму да го унапредуваме концептот на едно општество за сите, бидејќи тоа ни дава сигурност кон патот на просперитет и интеграција на нашата татковина.Честитајќи ви го денешниот празник, упатувам и искрена надеж за продолжување на заедничката  мисија за градење на просперитетна, современа и демократска Република Северна Македонија и обезбедување на подобра иднина на сегашните и идни генерации“, стои во честитката на Кирацовски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поднесен обвинителен акт против скопјанец кој дома држел дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 17 мај во својот дом во Драчево држел кај себе опојна дрога – кокаин со вкупна нето маса од 2,06 грама, 33 таблети психотропна супстанција метилендексиметамфетамин и 6,8 грама канабис. Дрогата ја чувал скриена во плакар во соба од горниот кат на куќата. При претрес на домот од страна на овластени службени лица била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од наркотици.Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на обвинетото лице претходно му беше определена мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на оваа мерка.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

ОЈО започната постапка против кумановчанка дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 22.05.2019 година, во својот дом во Куманово и во домот на нејзиниот невенчан сопруг, осомничената неовластено заради продажба држела наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 322,6 грама и наркотична дрога хероин со нето маса од 11,94 грама. Осомничената ја прибавила наркотична дрога марихуана и хероин за натамашна продажба , за чија цел поседувала и две дигитални ваги кои при извршените претреси се пронајдени и одземени.Надлежниот јавен обвинител постапувајќи по поднесената кривична пријава, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Воедно ценејќи дека се исполнети законските основи до Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничената. 

пред 6 години

IMG_1449765989

(ВИДЕО) Цеца ја покажа куќата во која израснала

Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ се врати во родната Житораѓа и поминува време со своето семејство.Таа со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографии од куќата и од улицата каде секогаш си играла кога била дете.Евидентно е дека родителската куќа е реновирана, па така не можеме да знаеме како изгледала кога во неа живеела популарната пејачка, но секако дека изгледа прекрасно и раскошно.Видеото погледнете го на следниот ЛИНК.   

Магазин | пред 6 години

bojko-borisov-i-cipras-960x504

(ВИДЕО) Еве како Бојко Борисов го пречека Ципрас

Бугарскиот премиер Бојко Борисов му беше личен шофер на својот грчки колега Алексис Ципрас. Тој го пречека во Бугарија и го седна на предното седиште од џипот, од каде го однесе до местото каде што е планирано да помине интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија.Во селото Кирково вчера двајцата премиери го означија почетокот на изградбата на интерконекторот меѓу двете земји.https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2441774419383947/Интерконекторот помеѓу Бугарија и Грција е еден од приоритетните проекти за безбедност и конкурентност на енергетскиот пазар во Европската унија.https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2441774419383947/

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

14 сообраќајки вчера во Скопје

Од вкупно 32 возачи исклучени од сообраќај вчера 30 се без возачка дозвола, а само двајца возачи почетници. Информациите од СВР Скопје покажуваат дека и денеска, како и во изминатите денови, е голем бројот возачи учесници во сообраќајот без возачка дозвола.СВР Скопје денеска соопшти дека од сообраќај се исклучени и 18 нерегистрирани возила.Инаку, во вкупно 14 сообраќајни несреќи вчера во Скопје, шест лица се здобиле со лесни, а едно лице со тешки телесни повреди.За непрописно паркирање издадени се 97 казни, а пајакот подигнал 89 возила.Петнаесет возачи во текот на вчерашниот ден користеле мобилен телефон за време на управување со возилото.

Скопје | пред 6 години

4609-Betian-Kitev

Китев ќе учествува на состанокот на Постојаниот комитет во Париз

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Бетиан Китев ќе учествува на состанокот на Постојаниот комитет на 24 мај 2019 година во Париз. Во мај, според принципот на ротација, започнува француското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа кое ќе трае до ноември 2019 година.Постојаниот комитет  делува во име на Парламентарното собрание меѓу одржувањето на редовните пленарни седници, а го сочинуваат претседателот и потпретседателите на Собранието, претседателите на политичките групи, претседателите на националните делегации и претседавачите на комисиите, односно околу 60 пратеници од 47 земји-членки Советот на Европа.Состанокот ќе го отвори  претседателот на ПС на СЕ, Лилијан Мари Паскиер а  поздравно обраќање ќе има првиот заменик-претседател на Националното собрание на Франција, г-ѓа Карол Биро-Бонар, по што пратениците ќе разменат мислења со министерот за европски прашања г-ѓа Амели де Монталин, од министерството за надворешни работи и Европа на Француската Република.На Постојаниот комитет ќе се разгледуваат извештаите на Мисиите за набљудување на претседателските избори во Северна Македонија и Украина.Според дневниот ред на состанокот, пратениците ќе дебатираат за евалуацијата на партнерството за демократија во однос на Парламентот на Мароко, загадувањето на воздухот и јавното здравје, одржливиот урбан развој и социјалното вклучување, здравствените потреби на адолесцентите во Европа, образованието и културата: нови партнерства за препознавање на личниот развој и способностите.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Власта потроши повеќе од 8 милијарди евра без да реализира ниту еден крупен капитален проект

Во Република Македонија, аболицираниот Заев и неговата криминална банда спроведуваат општ грабеж на народните пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Во изминатите 2 и половина години владеење на средства, пСДСМ, власта потроши повеќе од 8 милијарди евра буџетски ари на граѓаните, притоа без да реализира ниту еден крупен капитален проект од интерес за граѓаните.Се поставува прашањето каде се парите? Каде се парите на граѓаните, каде се парите од секојдневното безмилосно задолжување, пари кои ќе треба да ги враќаат иднините генерации.Одговорот е едноставен, парите на граѓаните завршија во џебовите на партиските и државните функционери, народните пари завршија во џебовите на сите оние послушници на Зоран Заев.Парите на даночните обврзници служат за исплата на партиските војници, буџетската сметка СДСМ и Зоран Заев ја третираат како своја лична своина од која преку криминални тендери , грантови и партиски вработувања.Народните пари завршуваат во џебовите на сите оние внуци, деца, мајки, татковци, роднини кои се вработија во државната администрација во епидемијата на непотизам која владее во Македонија од денот кога Зоран Заев седна во премиерската фотелја.Нашите пари завршуваат на сметките на сите оние фирми кои во четири очи договорија криминални тендери како примерот со фирмата на невенчаниот сопруг на министерката за труд и социјала, Мила Царовска,  тендер во вредност од 5 милиони денари.Ништо не е вечно па така з а сите овие матни зделки, тендери и бизниси еден ден ќе одговараат сите кои што се инволвирани. Ќе одговараат за расипничкото трошење на парите на граѓаните, денот кога ќе се стави крај на Кацарска судството и Рускоска обвинителството, кога во Македонија ќе се врати правдата и правната држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

htrrrr

Кекеновски до Димитриев: Немој со така евтини и проsирни финти

Професорот, Јове Кекеновски, му порача на пратеникот и поранешен премиер, Емил Димитриев, дека има право да гласа за одземање на мандатот на осудениот екс премиер, Никола Груевски.Димитриев вчера изјави дека „не може да одземе нешто што не дал.“Кеконовски му објасни на Димитриев дека гласал за мандатот при конституирање на Собранието.„Пратенику Димитриев отвори го Деловникот и прочитај ги членовите 11 – 19. По поминати толку години во извршната и законодавната власт белким не заборави дека постои Верификациона комисија која на почетокот на конституирањето на секој состав на Собранието го верификува мандатот на секој пратеник.Со самото твое гласање (како пратеник) за Извештајот на Верификационата комисија и ти си учесник во давањето мандат на дотичниот.Драг Димитриев немој со така евтини и проsирни финти“, му порача Кекеновски на Димитриев.

Македонија | пред 6 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

За 20 пати се зголемува опфатот на деца за детски и образовен додаток, велат од СДСМ

Со новата социјална реформа, која веќе е усвоена од Собранието, градиме систем кој трајно извлекува од секаков вид на сиромаштија, велат од СДСМ.„За 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток и суштински се преобразува социјалната заштита.Детскиот додаток кој досега го користеа 3.200 деца со новата реформа ќе го користат 73.500, додека образовниот додаток наместо 3.800 деца, сега ќе го користат 61.143 деца.Продолжува вистинската грижа за граѓаните преку вистиснка помош и поддршка на семејствата на кои помошта им е неопходна.Преку реформските мерки и новата социјална реформа се враќа социјалната правда, која е темел за градење на праведно општество кое нуди еднакви можности за сите.Зборот е збор, градиме фер и праведно општество за сите, државата продолжува напред“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

dzaferi-talad

Џафери упати честитка по повод Националниот ден на Власите

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на влашката заедница по повод Националниот ден на Власите.„Почитувани сограѓани, припадници на влашката заедница,Ми претставува особена чест и задоволство од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија да Ви го честитам 23 мај, Националниот празник на Власите.Република Македонија е богата земја, богата со многу празници, со многу заедници, јазици, култури и вери. Таа е слика со илјада бои во која секоја си наоѓа свое катче во кое ја изразува својата посебност и убавина и за да биде сликата цела, секој треба да ја чувствува и негува со почит и разбирање.Почитувани граѓани,Придонесот на влашката заедница во Република Македонија е сеприсутен и значаен за севкупниот општествен живот на земјата. Власите се познати како богат и учен народ, имаат многу истакнати личности кои живееле и работеле во нашата држава, активно вклучени во политиката, во уметноста, во науката, во културата, образованието и медицината. Затоа, дозволете да изразам благодарност и почит кон вас. Да продолжиме и во иднина да чекориме заедно напред, кон креирање на заедничка успешна приказна, темелена на взаемна почит и доверба, сплотени во нашата различност а сепак единствени во остварување на заедничките цели.Дозволете ми уште еднаш да Ви го честитам Националниот ден на Власите и да Ви посакам многу успех и добросостојба“, се вели во честитката.

Македонија | пред 6 години

Tereza-Mej

Според Тајмс, Тереза Меј утре ќе поднесе оставка

Британската премиерка Тереза Меј утре ќе поднесе оставка поради тоа што не е прифатена нејзината позиција за тоа како да се реализира напуштањето на Европската унија, објави весникот Тајмс, цитирајќи извори од владата.Според весникот, таа може да поднесе оставка по состанок закажан за в петок со Греам Брејди, претседател на „Комитетот од 1922“, во кој се пратениците на Конзервативната партија и одлучува за прашањата за избор или смена на лидерот на партијата.Според Би-би-си и Дејли телеграф, многу поддржувачи на премиерката одбија да ја поддржат, откако таа им вети на пратениците дека ќе можат да гласаат за одржување втор референдум за Брегзит, ако го поддржат договорот со ЕУ.Според извори на Би-Би-Си во владата, тоа предизвикало вистински шок кај некои министри, и на состанокот на кабинетот за проблемот со Брегзит, таквата можност не била одобрена.

Свет | пред 6 години

sveti-simoon-zilot

Денеска е Св. апостол Симон Зилот

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 мај. Денеска е Св. апостол Симон Зилот.Еден од дванаесетте Апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител.Денеска се кажува оваа молитва: „Апостоле Свети Симоне, помоли му се на Милостивиот Бог, прошка на нашите души да им дари“.

Македонија | пред 6 години

Kit-pun-plastike

Уште еден кит полн со пластика исфрлен на брегот на Италија

Гринпис, пред два дена, објави дека е пронајден мртов кит на една плажа во Сицилија, чиј стомак бил полн со пластичен отпад.Ова е петти случај на угинување на китови во италијанските морски води и сите биле преполни со пластичен отпад.Седумгодишниот кит бил исфрлен од морето во петокот на плажата во близина на градот Чефалу на Сицилија. Ова е петти таков случај во Италија во последните пет месеци, изјави активистката на „Гринпис“, Џорџија Монти.Последен пат морето ја исфрли угинатата женка кит со новороденче на италијанскиот остров Сардинија – во нејзиниот желудник беа пронајдени дури 22 килограми пластика.-Морето ни испраќа повик за помош, очајнички СОС. Мораме веднаш нешто да преземеме и да ги спасиме тие прекрасни животни кои живеат во морето, изјави Монти за италијанските медиуми.

Свет | пред 6 години

zaev-hrvtska-2

Заев денес и утре во посета на Црна Гора

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од 23 до 24 мај, ќе предводи владина делегација во официјална посета на Република Црна Гора.За време на посетата премиерот Заев ќе оствари средби со неговиот колега, премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, со Претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајковиќ, како и со Претседателот на Република Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.За време на дводневната официјална посета на Црна Гора, членовите на Владите на двете земји ќе одржат заедничка владина седница на која ќе бидат потпишани неколку билатерални договори.Во агендата на дводневната официјална посета на Црна Гора е вклучен и Бизнис Форум за делегации на стопанските комори на двете земји.

Македонија | пред 6 години

31038605_1244779412319246_5542685794050768896_n

Утре автобусите ќе возат со изменет возен ред

Од ЈСП Скопје информираат дека во петок ќе биде изменет возниот ред на автобусите.- Во петок (24.05.2019 година), поради државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред - се вели во соопштението на ЈСП.

Скопје | пред 6 години

apsaiev

Апасиев: Функциите и парите јавни, а скандалите на власта приватна работа!?

Професорот Димитар Апасиев, по низата скандали на власта и нереагирањето по нив, реагираше на Фејсбук.„ На Павле дрогата – ПРИВАТНА РАБОТА!?На Рашко докторатот – приватна работа!?На Анѓушев фирмите – приватна работа!?На Царовска дечкото шо крка тендери – приватна работа!?…А функциите и парите – ЈАВНИ!?#КакоБеВакаДругари. “напиша Апасиев на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

taravari

Таравари: Ако коалицираме со Алтернатива и БЕСА, ќе го победиме ДУИ

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во емисијата КликПлус на ТВ21истакна дека доколку Алијансата за Албанците коалицира со Алтернатива и со БЕСА, ДУИ ќе биде поразена на следните избори.„Ако се решиме да направиме коалиција со Алтернатива и со БЕСА, ќе го победиме ДУИ“, изјави тој.

Македонија | пред 6 години

struja-4

Без струја дел од Ѓорче, Бутел и Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Ѓорче Петров, Бутел и на Кисела Вода.Па, така, во периодот од 7 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од очната болница „Санте плус“ и зградите и објектите во околината (општина Ѓорче Петров), во периодот од 8 до 14 часот корисниците од улицата 30 во село Радишани и околните подулички (општина Бутел), од 8 до 11 часот корисниците од дел од улицата Мариовска, т.е. подулицата бр. 3 (општина Кисела Вода) и во периодот од 11 до 13.30 часот корисниците од улиците Крсте Гермов Шакир и Александар Мартулков (општина Кисела Вода).

Скопје | пред 6 години

jens-stoltenberg-1

Столтенберг: Самитот на НАТО ќе се одржи на 3 и 4 декември во Лондон

Наредниот самит на НАТО ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг кој се наоѓа во Лондон каде што се состана со британската министерка за одбрана Пени Мордаунт.Шефовите на државите и владите на членките ќе разговараат за иднината на Алијансата и за актуелните безбедносни предизвици. Британската престолнина е соодветната логакција, рече Столтенберг, потсетувајќи дека во Лондон се наоѓало првото седиште на НАТО. Годишнината од основањето беше веќе одбележана на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки во Вашингтон.Столтенберг рече дека самитот во Лондон ќе биде можност за шефовите на државите и владите да се позанимаваат со сегашните и идните безбедносни предизвици со кои се соочува НАТО со цел Алијансата да продолжи да и дава сигурност на својата популација од милијарда луѓе.

Свет | пред 6 години

zaev-1-702x459

Заев на појадок со бизнис заедницата

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), денеска го организира традиционалниот Деловен појадок со претседателот на Владата.На свечениот настан, во присуство на деловната заедница, ресорните министри, дипломатскиот кор, официјални обраќања ќе имаатпремиерот Зоран Заев и претседателката на ССК Данела Арсовска.На настанот, како што најавуваат, ќе се дискутира за најзначајните економски прашања во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата. За таа цел, Сојузот подготви пакет од над 80 економски мерки од областа на измена на законска регулатива, административни бариери и парафискални давачки, дигитализација и икт сектор, надворешна и внатрешна трговија, индустрија и градежништвото. Секоја од предложените мерки е утврдена согласно истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во соодветната област.

Македонија | пред 6 години

dacic-slika-642x336

Дачиќ во близина на бомбашки напад во Могадиш

Во моментот на нападот на терористите во престолнината на Сомалија, Ивица Дачиќ се наоѓал во претседателската палата каде разговарал со претседателот на таа земја.Како што изјави Дачиќ за Танјуг, се чула силна експлозија, а во меѓувреме му било кажано дека се случил напад во кој имало повеќе мртви и повредени. Дачиќ додаде дека цел на нападот, како што го информирале домаќините, бил поранешниот министер за надворешни работи на Сомалија.Во изјавата за „Блиц“, Дачиќ, опишувајќи го терористичкиот напад, изјави дека тој и делегацијата од Србија го поминале контролниот пункт на кој што експлодирал автомобилот, дваесет минути пред терористичкиот напад.– Тоа беше напад врз претседателската палата, токму кога бевме на средбата. Пунктот на кој се случи експлозијата е последниот контролен пункт кај палатата и се наоѓа на околу 300 метри од влезот во резиденцијата, изјави Дачиќ за „Блиц“.Како што додаде, одеднаш се почнало да се тресе. Домаќините скокнале, а делегацијата на Србија продолжила да седи. Сомалиската делегација запрепастено го погледнала српскиот шеф на дипломатијата, кој едноставно продолжил со состанокот и со говорот.–  Ние сме навикнати на тоа, бевме бомбардирани, рече Дачиќ, додека претседателот на Сомалија му кажал дека доколку имало некој од Западот тука, веднаш би избегал.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања