Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Киднапирале крадец кој ограбил казино – го однеле на Водно

Педесет и петгодишен скопјанец (М.Ш.) пријавил во полиција дека бил киднапиран од страна на две лица, со иницијали М.Н. и Ф.Ј.Според пријавителот, тие имале договорена средба во слаткарница во врска со кражба што пријавителот ја извршил на 19 мај во казино, каде што работела М.Н. По тоа, со возило отишле на Водно, каде М.Н. и Ф.Ј. му ги врзале рацете со јаже и физички го нападнале. По половина час, според пријавата, го однеле во казиното, од каде лицето било приведено во врска со кривичното дело кражба.Во Полициската станица Карпош, М.Ш. признал дека ја извршил кражбата, по што пријавил дека бил противправно лишен од слобода. Во Полициската станица Карпош бил приведен Ф.Ј.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на М.Н. и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Штом ќе донесам одлука за промена на одредени функционери, веднаш јавно ќе соопштам

Премиерот Зоран Заев попладнево изјави дека штом ќе ги донесе одлуките за промена на одредени функционери, тие веднаш ќе бидат јавно соопштени.Ред е како мандатар да ги презентирам пред коалициските партнери увидените слабости за одредени личности, функционери кои имам намера да бидат сменети, изјави денеска Заев.Тој за најавената реконструкција на новинарски прашања одговараше дека ќе има промени во извршната власт и дека тоа ќе го направи во јуни, бидејќи како што рече преговараат за реформските прицеси и очекуваат извештај од ЕУ: „Тоа за мене е веднаш“, рече Заев.Коалициските партнери, како што рече, треба да знаат што ќе се случи со реконструкцијата на Владата.„Немам намера претходно да лицитирам со имиња, да кажувам имиња и сл. Кога ќе бидат донесени одлуките веднаш ќе ги соопштиме“, потенцираше премиерот.Заев беше запраша и за односот помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и пратеничката Фросина Ременски и дали има координација меѓу нив бидејќи се од иста политичка партија. Според премиерот  Ременски била како профилирана во стручната област, и според тоа таа држи вели Заев до своите ставови и ги брани до кога може, подвлекувајќи дека тоа е демократија бидејќи вели, тие дебатирале на основа на аргументи. 

Македонија | пред 6 години

crkva

Во една вечер ограбени две цркви

Две цркви биле ограбени вчера во општина Карбинци.Кражбите се случиле во раните утрински часови и според информациите од Полицискиот билтен ,биле одземени само париВо штипската полиција Ѓ.Н.(65) од село Карбинци вчера пријавил дека ноќта непознат сторител извршил тешка кражба во манастирот Света Петка во атарот на село Калузлија. Сторителот со употреба на сила влегол внатре и одзел пари.Истовремено вчера во штипската полиција Б.Д.(47) од Штип пријавила дека ноќта непознат сторител извршил тешка кражба во манастирот Свети Илија во село Аргулица, општина Карбинци. Сторителот со употреба на сила влегол и одзел пари.Полицијата вели дека работи на расчистување на случаите. 

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Лајм: Пендаровски му удри „шлаканица“ на ДУИ

Именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање се смета за силна „шлаканица” од страна на претседателот Стево Пендаровски за ДУИ, велат партиски извори за весникот Лајм. Тие потсетија дека Муслиу бил споменуван во 2011 година како потенцијален кандидат за директор, кога претседател беше Ѓорге Иванов, но тогаш силно реагираше ДУИ, оценувајќи го како несоодветен кадар. Но, сега Иванов веќе не е претседател и очигледно влијанието на ДУИ во претседателството е многу послабо.Весникот Лајм се обидел  да го контактира, раководството од ДУИ, но засега од таму немало некаква реакција во врска со назначувањето на Мусли како директор на Агенцијата за разузнавање.Во продолжение реакцијата на ДУИ од 2011 година против Еролд Муслиу.„Високи извори во ДУИ денес за Алсат-М изјавија дека со сите сили ќе се спротивстават на евентуалната намера на претседателот за на чело на Агенцијата за разузнавање да го постави Еролд Муслиу. Според партијата на Ахмети на оваа позиција треба да биде именувана личност која има кредибилитет а не личности како Еролд Муслиу. „Актуелниот директор на Агенцијата за разузнавање има уште две ипол години мандат и нема никаква процедура за негово разрешување и назначување на некое друго лице. Ако евентуално дојде до промена на директорот на Агенцијата, воопшто неможе да стане збор за директор на оваа институција да биде Еролд Муслиу. Таму треба да биде назначен некој со кредибилитет а не некој кој учествувал во фалсификување на досијеа или производство на фалсификувани документи“ 

Македонија | пред 6 години

tim-tamara-evrovizija

Грешка во гласовите од жирито на Евровизија, по исправката нашата Тамара е прва од стручното жири

Европската радиодифузна унија реагираше по грешката на белоруското жири на Евровизија 2019 година. Од таму сега објаснуваат дека навистина се случила грешка и поради тоа резултатите се променети.Нашата претставничка, Тамара Тодевска се претстави со песната „Proud“, па бевме горди на 8-то место. Сега, Тамара Тодевска објави статус на кој ја искажа својата возбуденост и неверување поради грешките во гласањето на финалната вечер. ЕБУ штотуку потврдија грешка во белоруското гласање, па така, нашата земја е прва од жирито и седма во финалето на Евровизија.„Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите“, напиша Тамара на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/tamaratodevska/posts/10157145282706113

Македонија | пред 6 години

IMG_3176

На хируршкото одделение во струшката болница од морбили заболени 9 вработени од вкупно 56

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса денеска пред Општата болница во Струга даде изјава за медиуми по вчерашната информација дека хируршкото одделение е затворено поради заболување на 50% од медицинскиот персонал од морбили (мали сипаници).„Од 56 здравствени работници кои се вработени во ова одделение, во моментов 9 од овие 56 се заболени од морбили, додека пак 5 здравствени работници имаат прележано и се на своето работно место. Не е точна бројката од 50%, туку се заболени 16% од вработените“, изјави заменик министерот Муса.Во Општата болница, 70% од вработените се вакцинирани. Оние кои не се вакцинирани ќе бидат вакцинирани во најкраток период со МРП вакцина. Хируршкото одделение ќе биде затворено една недела, а пациентите и понатаму ќе ја имаат потребната неопходна здравствена заштита. Тие ќе бидат испраќани во Охрид и Битола.Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 25.808. Вакцинацијата е единствената мерка за спречување на ширење на епидемијата од морбили и подигнување на колективниот имунитет.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Локвенец: Со Законот за агенција за национална безбедност ги заокружуваме реформите во безбдносниот сектор

Преку конструктивен пристап, во соработка со опозицијата и следејќи ги насоките на нашите меѓународни партнери, дојдовме до квалитетно законско решение, коe од една страна значи гаранција на човековите права и приватноста, а од друга страна креираме предуслов за силен механизам за ефикасна борба против организираниот криминал, тероризам и закани во глобални размени по безбедноста и сигурноста на сите граѓани, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.Со ова законско решение се оневозможува злоупотребата на овој прилично чувствителен безбедносен систем и на мое огромно задоволство добиваме силна и ефикасна контрола врз безбедносните структури.По донесувањето на Законот за следење на комуникациите и Законот за оперативно –техничката агенција, и со донесувањето на овој Закон за агенција за национална безбедност ги заокружуваме реформите во безбедносниот сектор кои што со години меѓународната заедница ни ги препорачува и се еден од условите на нашиот евро-атлански пат.За мене, како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност од исклучително значење е што целиот пакет на безбедносни закони ги носевме во соработка со опозицијата, тоа значи дека овие решенија се заеднички и довербата кон нив е неминовна.Ништо повеќе нема да биде како порано, Вашата и безбедноста на државата се гарантирани, но исто така гарантирана е и Вашата приватност и Вашите човекови права, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пратениците го изгласаа Законот за Агенцијата за национална безбедност

Со 91 глас „за“ пратениците го изгласаа Законот за Агенцијата за национална безбедност.Иако Фросина Ременски не е задоволна од финалната верзија, и и беа одбиени речиси сите амандмани од министерот Спасовски, таа гласаше ЗАМинистерот Спасовски истакна дека законот е добар и додаде дека се прави важна реформа во тајните служби.И опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа овој закон, заедно со независната пратеничка група.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still112

(ФОТО) Минарето во Охрид доби кровна купола

Градбата на минарето во Охрид влезе во завршна фаза и тоа ја доби кровната купола, со што се исцрта неговата висина која засега е непозната, но е очигледно дека нема да е високо 36 метри, како што до сега се тврдеше во медиумите.Конусната купола се наѕира и зад зелената заштитна ограда, а врвот на куполата е видлив и над скелето.Скопје1.мк прв објави дека во пред изборите власта на Премиерот Зоран Заев и инвеститорите како и ИВЗ договориле минарето да биде високо 25 метри.

Македонија | пред 6 години

60

Кучињата ќе можат да ги придужуваат беспомошните и во Археолошкиот музеј

Археолошкиот музеј на Република Македонија од денеска ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост.– Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници, наведуваат во соопштението од Археолошкиот музеј.Оттаму потсетуваат дека ги исполнуваат сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и оти располагаат со лиценцирани водичи за лица со попреченост.

Македонија | пред 6 години

36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

Општина Охрид: Изминативе две години ги зедовме во предвид сите препораки од Унеско и работиме на исполнување на истите

Забелешките што се наведени во Извештајот на УНЕСКО, кој треба да биде  разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се  одржи наредниот месец во Баку, ја покажуваат фактичката состојба на  Охридскиот регион. Оваа состојба беше детектирана уште во мониторинг  мисијата на УНЕСКО која беше направена во април 2017 година. Општина Охрид, во текот на изминатите две години ги зеде во предвид сите  препораки во однос на ова прашање и во рамки на своите законски  надлежности сериозно се посвети на исполнување на барањата на УНЕСКО, се вели во соопштението од Општина Охрид.Од локалната додаваат: Важно е да се напомене дека во рамки на Извештајот освен негативните  забалешки, посочени се и сите позитивни активности, на кои нашата локална самоуправа работеше заедно со владините институции.Во делот на позитивните забалешки наведени се Одлуката за откажување од Проектот за изградба на Ски центарот на Галичица и Автопатот А3 од Охрид до Св.Наум и започнување на проектот за пренасочување на реката Сатеска  во старото корито. Исто така во однос на препораките донесена е и владина  одлука за формирање на новото Јавно претпријатие „Колекторски систем“, кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на колекторскиот систем, што е важно во делот на препораките за подобрување на системот за отпадни води.Во тек е постапката за донесување на Планот за управуавње со природното и културното наследство на Охридскиот регион, а во понеделник на 27-ми мај ќе се одржи Информативна сесија за Нацрт-извештајот за Стратегиската оцена на влијанието на животната средина од спроведувањето на овој план.Исто така во владина процедура е и носење на нов Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.Во согласност со ставот на Владата на Република Северна Македонија и ние како Локална самоуправа цениме дека препораките од Извештајот на УНЕСКО треба да бидат стимул за сите институции и за граѓаните за да се работи посветено и со поголем интензитет за зачување на нашето уникатно светско природно и културно наследство

Македонија | пред 6 години

regulatorna-energetika

МВР поднесе кривична пријава за поранешниот претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика

Денеска  Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како Претседател и член на Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија до јуни 2018 година, С.Ј. (61), вработена како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, В.К. (65), вработен како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија до март 2017 година и Е.М.В. (51), вработена како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија до декември 2017 година, а поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело - “злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 став 1 од КЗ на РСМ.Имено, пријавените во својство на службени лица, Претседател и членови на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, со искористување на својата службена положба и овластување и со пречекорување на границите на своето службено овластување, постапиле спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности, при што во декември 2012 година на три правни субјекти им доделиле лиценци за вршење на енергетски дејности (регулирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија), без при тоа да бидат исполнети условите и критериумите објавени во ноември 2012 година со Јавен повик за избор на носител на лиценца за регулиран производител на топлинска енергија, Јавен повик за избор на носител на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и Јавен повик за избор на носител на лиценца за снабдување на топлинска енергија.Според документираните сознанија од истрагата тие, кршејќи ги одредбите одЗаконот за енергетика и Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности,во декември 2012 година, донеле Одлука за издавање на лиценца за вршење наенергетска дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиранпроизводител, на правното лице Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ,Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција натоплинска енергја на правното лице Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ иОдлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување сотоплинска енергија на правното лице Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ.Покрај ова пријавените, од позиција на Претседател и членови на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, ја злоупотребиле својата службена положба и овластувања и ги пречекориле границите на своите службени овластувања, и со тоа што во 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година, противправно и спротивно на Правилникот за цени и системски услуги, донеле Одлуки за утврдување на регулиран максимален приход за производство на топлинска енергија за греење, надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифен став за произведена топлинска енергија, Одлуки за утврдување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија и Одлука за утврдување на регулиран максимален приход за вршење на дејноста дистрибуција на топлинска енергија, со што на правните субјекти на кои претходно, противправно, им доделиле лиценци за вршење на енергетски дејности им се признавал трошок поголем од дозволениот и со тоа им било овозможено да остварат приход поголем од регулираниот дозволен максимален приход.Со преземање на горенаведените дејствија, односно со носење одлуки спротивно на Законот за енергетика, Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности и Правилникот за цени и системски услуги, Д.П., С.Ј., В.К. и Е.М.В. му овозможиле на правното лице Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ, а на штета на граѓаните - да оствари противправна имотна корист во вкупен износ од 409.549.941 денари или 6.659.349 евра.

Македонија | пред 6 години

327745-vecherva-vo-vila-vodno-kje-zasedava-sovetot-za-bezbednost

Комплетиран составот на претседателскиот кабинет, еве кои се соработниците на Пендаровски

Генерален секретар во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата. Шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска, а одговорна за односи со јавноста ќе биде Катерина Цаневска. Прес-офицер пак од сега ќе биде Билјана Радева.Пендаровски се одлучи  советник за национална безбедност да му биде Блерим Кољари, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика.Советници во кабинетот ќе бидат и Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов.Во сферата на надворешната политика, надворешни советници ќе бидат поранешните шефови на дипломатијата Александар Димитров и Денко Малески и поранешниот амбасадор во Австрија, Сашо Тавчиовски.Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка Мирјана Лазаревска Трајковска. 

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Ерол Муслиу - нов директор на Агенцијата за разузнавање

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираа дека нов директор на Агенцијата за разузнавање на Македонија ќе биде Ерол Муслиу.Муслиу во изминатите неколку години работи токму во оваа агенција, а претходно работел и во Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој доаѓа на местото на Зоран Иванов, кој во март 2017 година со одлука на поранешниот претседател Ѓорге Иванов стана директор на Агенцијата за разузнавање.Во склоп на промената на кадрите со преземањето на претседателската фотелја, Пендаровски во следните неколку дена ќе постави и нови членови во националниот Совет за безбедност, кој го сочинуваат претседателот на државата и Собранието, премиерот, како и министрите кои раководат со органите на државната управа од секторот за безбедност, обрана и надворешни работи.Дополнително, ќе бидат назначени и тројца нови членови од претседателот на Македонија. 

Македонија | пред 6 години

gdu-press-1

ГДУ: На официјалните лица во Ватикан им препорачуваме да внимаваат затоа што им доаѓа Крсто Мукоски

Утре во земјите членки на ЕУ, почнуваат изборите за Европарламентот, според модел многу близок до оној кој веќе една година Граѓанско Демократската Унија го препорачува. Во таа една година укажуваме дека е неодржливо и беспредметно да се говори за демократски политички систем во служба на заедницата или во служба на граѓаните, ако тој систем перманентно ги маргинализира граѓаните.За илустрација, Советот на град Њујорк има 50 советници, додека советот на град Скопје има 45. Според некоја прогресија, доколку ние Македонците, го водиме градскиот Совет на Њујорк, би требало да имаме околу 5100 членови на Советот. Мислам дека вака е подобра компарацијата.Ние не очекуваме од таканареченото „свето тројство“, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и дузината таканаречени партии, кои како јо-јо скокаат од еден политички блок во друг веќе со години, и без никој притоа да ја знае ниту нивната политичка програма, која веројатно и ја немаат, да преземат нешто квалитетно, во насока да го подобрат секојдневието во земјава.Веројатно се премногу зафатени со таканаречените реформи во правосудството, со калкуланството, контролата на штетата по партиските врхушки и нивните деловни соработници. Затоа, додека премиерот на Владата на Републикава се занимава со УНЕСКО, со дивоградби, отвара дискусии и сл. ние пред некој ден, како политичка партија, како Граѓанско Демократска Унија, писмено побаравме од претседателот на Републиката, да биде покровител на иницијативата која ја нарековме „Може поинаку, може и подобро“, иницијатива која нема како досега да произведува „козметички“ решенија, туку навистина предлози кои како подготвителен период ќе послужат за сериозни реформи во политичкиот систем.Тие реформи треба да ги опфатат: изборниот законик, изборните модели, намалување на бројот на пратениците и советниците во локалните Совети, Законот за Влада, инспекциските служби и државните агенции. Со политички систем, со седници и сеанси на 4-5 луѓе, кои како досега го прават одлично постоењето на Законодавниот дом и јавните дебати, директно влијаат се помалку граѓани да се идентификуваат со одлуките кои се носат во нивно име.На крај дозволете да го честитам претстојниот празник на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, а на официјалните лица во Ватикан би им препорачал да внимаваат затоа што им доаѓа Крсто Мукоски.

Македонија | пред 6 години

naum

Стоилковски: Павле Богоевски веќе нема кредибилитет да ги претставува граѓаните во Собранието на Република Македонија

Павле Богоевски веќе нема кредибилитет да ги претставува граѓаните во Собранието на Република Македонија и заради тоа мора да си поднесе неотповиклива оставка. Само така ќе се овозможи професионална и непристрасна истрага за тоа од кого нарачувал „половина“ и таа да му биде убаво спакувана. Веруваме дека на тој начин ќе се открие нарко синџирот кој што делува низ Скопје. Само така СДСМ може да покаже дека Македонија станува европска држава, каде постои одговорност. Само така ќе направиме исчекор во однос на минатото кога сите кокаински афери,  особено со СДСМ на власт остануваа без разрешница, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Денес кога сета јавност се згрозува од односот на Зоран Заев, на полицијата и на обвинителството, како и на Собранискиот спикер, кон наркоаферата половина грам за Павле Богоевски, за која самиот кажува дека тргувал на нарко пазарот, без да се прецизира за што станува збор, потсетуваме на најголемите афери поврзани со наркотици в Република Македонија!Прво во 1997 година, во екот на севкупна власт на СДСМ во Република Македонија, во услови исти како и сега, од Депото на МВР, значи од условно најбезбедното место во државата, исчезнуваат 28 килограми кокаин! Никогаш, никој не одговараше, а тогашниот министер Томислав Чокревски не поднесе ниту една кривична пријава за овој случај!Стои сведочење на Павле Трајанов, денес еден од оние во пупката на Заев, кој сведочи дека тој во 1998 година, како министер иницирал истрага за кражбата на кокаинот, но тогашните директори на јавна безбедност и на ДБК, независно еден од друг, му посочиле дека Чокревски, ја сопрел истрагата на крим полицијата по директна наредба на тогашниот лидер на СДСМ и премиер Бранко Црвенковски. Причината беше јасна во јавноста, дека дрогата завршила кај нарко бос, криминалец со звучно име тогаш близок до власта, а Црвенковски никогаш не ја негираше поврзаноста и употребата на кокаинот за што беше јавно повикуван по медиумите. За потсетување директор на БЈБ тогаш бил Диме Ѓурев, а шеф на неговиот кабинет му беше Стево Пендаровски.Одиме на втор случај во 2007 година- Станислава Чочоровска беше фатена како организира транспорт на половина тон кокаин во канти од поликолор. За 436те килограми кокаин беше осудена на 14,5 години затворска казна. Нејзин адвокат, бранител, во судскиот процес и беше адвокатот Љубомир Михајловски Џанго. Е сега, Михајловски, ја бранеше Чочоровска една година откако беше министер од СДСМ за внатрешни работи. Во неговото професионално досие стои дека бил потсекретар во МВР и виш поранешен инспектор за недозволена трговија со дрога. Одличен пример за соодветен бранител за трговија со кокаин од Венецуела до црногорското пристаниште Бар, со крајна дестинација Грција! За овој случај дури и судот во Стразбур пресече дека при судењето не било повредено правото за правично судење. Имајќи ги предвид актуелните пресуди за шверц, а пресудата за ексградоначалникот Боро Малборо е пример, веројатно денес би и се судело за дело во обид, со многу помала казна!Пред две години Сеад – Сетко Рахиќ, братот на поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ,  беше осомничен за трговија со дрога, како организатор на криминална група која продавала кокаин во Скопје и  други градови низ Република Македонија. При претресот покрај дрогата беше пронајден и широк арсенал на оружје. Рахиќ често е фотографиран со Зоран Заев, а според јавноста, со чии писма наводно се фалел со ветувања за слобода од затвор. По доаѓањето на СДСМ на власт беше пуштен од затвор, па во вооружен инцидент го нападна лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски и тоа во изборен ден.Доаѓаме до пратеникот Павле Богоевски, пратеник, наводно независен, близок до Зоран Заев, за кој има аудио снимка, која тој ја потврди, за трговија на нарко пазарот! Само што се обидува тоа да го ублажи со емотивни лични исповеди, што не поминуваат во јавноста. Кога сета јавност очекуваше осуда, тој ужива во вербално помилување од Зоран Заев како насока како да постапуваат МВР и Обвинителите. И замислете наместо пратеникот кон него, фокусот се става врз тоа аудио парче кое што се рашири по социјалните мрежи.Уште едно срамно однесување на СДСМ кон нарко пазарот!Епа почитувани, не случајно во извештајот на Глобалната иницијатива против организираниот криминал за Македонија се вели дека криминалните групи во Македонија уживаат политичка поддршка. Цитирам; „Интересно, официјалниот број на запленета дрога е многу низок, како што е ниска и стапката на криминал. Тоа сугерира степен на дослух или бенигно занемарување од страна на полицијата и на политичарите“, се заклучува во овој извештај.Почитувани, апсолутната власт на криминогениот клан на власт во Владата и отвора можност да се претвора Република Македонија во приватен нарко картел, во која владеее неказнивост и црни пари од нарко подземјето.Случајот, аферата со Павле Богоевски, кој признава трговија на нарко пазарот, а поседува увид во безбедносните државни тајни, не смее да се сведе на помилувања и да си помине со јавни префрлазња на топката помеѓу МВР и ОЈО или да се сведе на гонење на свиркачи!Тоа е јасна политика на неказнивост, на своеволие и поддршка на трговијата со наркотици! Тоа не се ниту европски, ниту НАТО, ниту прозападни вредности. Богоевски мора да сноси одговорност, а Заев Спасовски и Јовески мора да заминат поради поддршка на очигледна недвосмислена трговија и врски со криминални кланови, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Capture-6

Арсовски: Мила Царовска молчи за скандалот со нејзиниот невенчан сопруг

Невенчаниот сопруг на Мила Царовска само три дена од вториот круг на претседателските избори, односно на 8 мај од Град Скопје и Петре Шилегов добил тендер вреден 967.600 денари за изнајмување на опрема за висинско набљудување, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Невенчаниот сопруг на Мила Царовска освен тендерите за летање дронови доби и набавки во 4 очи во вкупен износ од 1,5 милиони денари. Георгиевски Горан кој е сопственик на фирмата ФЛАЈ КЕМ стана редовен добитник на тендерите и набавките од институциите додека неговата невенчана сопруга е министерка.Дали Мила Царовска молчи за овој скандал каде што добивале тендери со нејзиниот маж затоа што можеби следи нов скандал за набавка за воспоставување на систем за следење на загадувањето на амбиенталниот воздух во скопската котлина?Овој тендер е актуелен и тежи околу 5 милиони денари. Дали можеби и овој тендер од над 80.000 евра ќе припадне токму во семејството на Мила Царовска и нејзиниот невенчан сопруг?Останува да видиме како ќе се развиваат настаните и дали можеби и понатака ќе продолжи единствената фирма која лета дронови во државава да биде токму фирмата на невенчаниот сопруг на Мила Царовска, Горан Георгиевски односно ФЛАЈ КЕМ.Се покажа дека СДСМ, Заев и неговите функционери немаат намера да се променат. Тие и понатака остануваат да бидат владетели на народните пари и да си ги делат прите на граѓаните помеѓу себе.Веќе не помага ниту метла, ниту пак кадровски решенија како што би рекол Зоран Заев.За сите овие матни зделки, тендери и бизниси еден ден ќе одговараат сите кои што се инволвирани, додека пак Мила Царовска да не молчи, да не се затскрива зад паушални проекти кои ги објавува деновите и да излезе да го даде својот коментар за овој скандал и да сносни одговорност, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

IMG_0006

Општина Кисела Вода додели нови 76 ваучери за новороденчиња

Денеска секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски подели 76 ваучери за новороденчиња, од кои 32 за женски и 44 за машки деца.Општина Кисела Вода ваучерите во висина од 6000 денари ги доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.За добивање на ваучер, семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

По 50 години средното хемиско училиште во Скопје ќе добие нова модерна фасада

Средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ наскоро ќе добие нова енергетски ефикасна фасада со што целосно ќе се промени постојниот изглед на зградата, изградена во 1969 година. На почетокот на градежните работи за реконструкција на фасадата на училиштето денеска присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов.- Со оваа реконструкција „Марија Кири Склодовска“ по 50 години добива нов лик, квалитетна и енергетско ефикасна фасада која ќе им овозможи на учениците и на вработените подостоинствени услови за учење и за работа.Се работи за нова структурална стаклена фасада со карактеристики на енергетски ефикасна фасада, специфична по визуелниот и естетски стил. Проектирана е модерно, од стакло и алуминиум, составена од алуминиумски композитни панели во боја, со нови челични профили и алуминиумска подконструкција. Вкупната вредност за изработка на фасадата изнесува 44.840.000 денари со вклучен ДДВ – рече градоначалникот Шилегов.Минатата година 11 средни училишта на Град Скопје добија енергетско ефикасни фасади, а во скоро сите училишта на Град Скопје беа реализирани реконструктивни зафати согласно со нивните потреби. Во седум средни училишта, пак, беа направени тоалети за лицата со посебни потреби и беа обележани паркинг-места за лица со посебни потреби во секое училиште каде што имаше можност за тоа.- Сите средношколци без исклучок, добија бесплатен јавен градски превоз во Скопје, а над 100 успешни спортисти средношколци и оваа година добија стипендии во висина од 3.000 денари месечно. Сакам да нагласам дека Градот Скопје и оваа година продолжува со реконструктивни активности во неколку училишта зашто вложувањето во иднината нема цена. Младите се нашата иднина и затоа заслужуваат достоинствени услови за образование, но и поттик за поголеми успеси и достигнувања – додаде градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 6 години

Europolli

Голема акција на „Европол“,запленети осум милиони евра, дијаманти, злато, накит и луксузни автомобили

Во координирана операција против шверц со дрога ширум Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти „Европол“.Како што се наведува во соопштението, лидер на криминалниот ланец е 48 годишен Летонец уапсен во Шпанија.Другите  лица беа уапсени во Полска, Литванија, Шпанија и Велика Британија, објави „Ројтерс“. „Европол“ истакнува дека ова е најголемата операција од ваков вид во која беа пребарани 40 куќи на 15 и 16 мај.Беа запленети осум милиони евра, дијаманти, златни полуги, накит и луксузни автомобили.

Свет | пред 6 години

sugareski

Сугарески: Во првите четири месеци гасификацијата е реализирана со 26,7 отсто

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ги демантира шпекулациите дека реализацијата на проектот за изградба на гасоводот во државата е застанат.Според првиот човек на министерствот за транспорт и врски само во првиот квартал од годинава се инвестирани толку средства колку што биле потрошени во текот на целата мината година.– Во делот на гасоводниот систем во државата во моментот се работи убедливо најмногу, а реализацијата на средствата досега е со 26,7 отсто. Толку беа инвестирани лани, поради што тврдам дека реализацијата на капиталните инвестииции за гасификацијата ќе бидат реализирани стопроцентно, а можеби ќе требаат дополнителни средства преку ребаланс на буџетот. Во јавноста се слушаат и различни шпекулации околу висината на јавните инвестиици, кои во голема мера се неточни. Ако до истиот овој период минатата година беа реализирани 29,2 милиони евра за патишта, во моментот се преку 64 милиони евра. Покрај изградбата на автопатите, се работи и на експресните патишта, како и на реконструкција на триесетина други сообраќајни правци низ државата, истакна Сугарески. 

Македонија | пред 6 години

siena

Во Италија, се преврте автобус со руски туристи, едно лице загина

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во автобуска несреќа во близина на градот Сиена, во централна Италија. Како што пренесува италијанската агенција АНСА, автобусот превезувал туристи од Русија. Моментално, на местото на настанот има полиција и противпожарни екипи, а дел од патниците сѐ уште се заглавени во автобусот.

Свет | пред 6 години

Kojshia-Show-182-Talat-Xhaferi-promo-YouTube-Google-Chrome

ВИДЕО: Џафери доби подарок карта од голема Албанија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, гостувајќи во емисија на косовска телевизија, на подарок доби фотографија со картата на голема Албанија. Ова може да се забележи и од промо видеото објавено со деталите за емитување на емисијата. Целиот дел со картата од голема Албанија, ќе може да се види од емисијата која ќе се емитува на телевизија.Џафери покажа дека има одлични рефлекси во детската игра, популарно наречена „жеже-пече“. Тој на гостување во телевизиско шоу на косовската телевизија 21РТВ со водителот ја играше играта.

Македонија | пред 6 години

fazliu

И Фазлиу под лупа на антикорупциска

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница донесе одлука да отвори предмет со кој ќе се испитаат наводи за можни злоупотреби во Министерството за локална самоуправа.Според ДКСК, постојат сомнежи за вработување на блиски лица во Министерството и за користење на службени возила за приватни потреби.Антикорупционерите одлучија да се отвори предмет за да се испита фактичката состоја. Во ова ресор министерува Сухејл Фазлиу.

Македонија | пред 6 години

borisov-cipras

(ВИДЕО) Борисов го возеше Ципрас со џип, денес започнува изградбата на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го пречека својот грчки колега Ципрас, па се возеа во џип, до местото каде што е планирано да помине интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија.Во јужниот дел на соседна Бугарија, во селото Кирково денеска двајцата премиери ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот меѓу двете земји.Борисов истакна дека во овој дел од земјата има граѓани од повеќе вери и малцинства, бугари, турци, мулимани, православни, грци и други кои живеат убаво доколку никој не ги провоцира.Медиумите од соседството пренесуваат дека Борисов и Ципрас ќе одржат состанок со четири очи за да разговараат за соработката помеѓу Бугарија и Грција, како и енергетските, инфраструктурните и транспортните врски во балканскиот регион.https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/vb.100006542380422/2441823989378990/?type=2&video_source=user_video_tab

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања