Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

audi

Кривична за двајца измамници, едниот вработени во друштво за шпедиција

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Р.Џ.( 49) од Охрид како и против М.М.(42) за сторено казнено дело „злоупотрба на службена положба и овластување“. Р.Џ. како вработен во друштво за шпедиција „Сури Шпед” Охрид, во текот на 2016 година изработил лажен договор за купо-продажба на патнички автомобил „Audi“ и обезбедил фотокопија од исправа на странска сообраќајна дозвола за предметното возило.Документацијата ја употребил пред Бирото за метрологија-Скопје како и пред Царинска управа-подружница Охрид врз основа на која била издадена царинска декларација.Второпријавениот М.М.. во натамошна постапка, приложил документација не заверени кај надлежен странски орган и нотар во РСМ и без доказ за платени царински давачки и своерачно потпишал согласност за регистрација на автомобилот.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Нов ден , нови сообраќајни прекршоци, еве како помина деноноќието во Скопје

Во текот на изминатиот ден (21.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои шест лица се здобиле со лесни телесни повреди.Од преземените мерки констатирано е дека тројца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 26 возачи - од кои 24 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца заради тоа што биле возачи почетници.Исто така, од сообраќај се исклучени и 17 возила бидејќи биле нерегистрирани. Покрај ова, еден возач е санкциониран поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца - поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, осумина возачи се санкционирани поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило а 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 83 мандатни платни налози и 64 возила се подигнати со специјално возило „пајак.

Скопје | пред 6 години

kucinja-kuce

Нема ден без напади од кучиња скитници, вчера две пријави

На 21.05.2019 година во 13.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.С.(62) од Скопје пријавил дека истиот ден на ул.„Борис Сарафов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.На 21.05.2019 година во 23.00 часот во Полициската стница Карпош, С.П.(73) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај Кичевчанец пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(21) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 31.05.2018 година во Кичево полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Камион со приколка излетал од патот измеѓу Демир Капија-Миравци, едно лице повредено

На 21.05.2019 година во 19.40 часот на автопатот Демир Капија-Миравци, кај место викано „Јаворица“, товарно возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка „Кроне“, управувано од С.Ј.(37) од село Петровец, скопско, излетало надвор од коловозот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Итна медицинска помош Неготино, од каде бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Судар помеѓу автомобил и мотоцикл, двајца повредени

На 21.05.2019 година во 18.50 часот на ул.„Пролетерска“ во село Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мицубиши Пајеро“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Љ.(48) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(19) од село Росоман.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот М.Ѓ. и неговиот 15-годишен сопатник од село Сирково.На двајцата им била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, по што М.Ѓ. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Македонија | пред 6 години

sudar

Верижен судир на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, повредени малолетници

На 21.05.2019 година во 12.40 часот на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во село Гајре, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Форд Транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(25), патничко возило „БМВ“ со регистарски ознаки, управувано од А.Р.(64) како и патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(38), сите од село Шипковица, тетовско.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници во возилото „Форд Транзит“ на возраст од 17 и 16 години, додека останатите пет сопатници во истото возило се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во болницата во Тетово каде им била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице беше повредено и повеќе од 10 домови беа оштетени. Торнадото  не го оштетило аеродромот, но патниците се евакуирани и откажани се сите летови на половина час. Во силна бура пак во округот Хикори во Мисури, седум лица се здобиле со повреди, од кои четворица се хоспитализирани.Во Оклахома е затворен меѓудржавен пат поради поплава.

Свет | пред 6 години

11-1

Министерството за одбрана вработува

Министерството за одбрана вработува. Објавени се огласи за пет психолози, советник за безбедност и заштита при работа раководител на Сервис за термоенергетика, објекти и инсталации и двајца инструктори по англиски јазик.Во огласот се бараат кандидати за вработување на неопределено време на работните места психолог во гарнизоните на АРМ во Тетово, Штип, Кичево Прилеп и Велес, како и за работните места советник за безбедност и заштита при работа, раководител на сервис за термоенергетика и двајца инструктори по англиски јазик во гарнизонот во Скопје.Во огласот се вели дека нето платата, за кандидатите кои немаат работно искуство согласно условите и критериумите пропишани во Законот за служба во АРМ изнесува околу 25.000 денари.Оглас за вработување шест државни службеници распиша и Државното правобранителство, а нови вработувања ќе има и во општина Прилеп, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Штип и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица.  

Македонија | пред 6 години

120190420_222145

СДСМ: По хаосот што го оставија ВМРО-ДПМНЕ немаат кредибилитет да зборуваат за препораките од УНЕСКО

Токму ВМРО-ДПМНЕ остави хаос и ги предизвика последиците врз Охридскиот регион. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за Охридскиот регион после 11 години свесно уништување и загрозување на природното и културно наследство за бизнис и лични интереси на фамилијата, се вели во соопштението од СДСМ.Неконтролираните градби на Плаошник и Галичица, мегаломанските градби на Охридското езеро, познатото „парапетче“ на Груевски, криминалните проекти, Субрата Рој, се само дел од примерите за децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид - заштитеното подрачје од УНЕСКО.Денес, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ Владата предводена од СДСМ, во соработка со општините и граѓанскиот сектор, е насочена кон решавање на наследените проблеми и тековните потреби во регионот.Предлогот на УНЕСКО Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство  е мотив плус за интезивирање на процесот на заштита на нашето културно и природно наследство. Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО за Охрид и Oхридскиот регион, со цел зачувување и заштита на нашето  уникатното природно и културно богатство, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

zena-zejmodelec

МЗШВ: До 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од рурални средини

На вчерашната седница на Влада беше изгласана измената на начинот за остварување на правото за користење на мерката 115 „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, која е дел од Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година.Оваа мерка овозможува поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинства. Конкретно, преку неа МЗШВ ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе допринесат за за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС.Измените се направени по извршените консултации со Министерството за труд и социјална политика и Националната федерација на фармери оваа мерка ќе придонесе кон родова еднаквост и кон промовирање на принципот на недискриминација. Мерката ќе се реализира со измена на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

Македонија | пред 6 години

talat

(ВИДЕО) Талат Џафери во телевизиско шоу со водителот игра “Бззз”

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во телевизиско интервју покажа дека знае и да биде опуштен и дека знае да се забавува. Тој  гостуваше во телевизиско шоу на косовската телевизија 21РТВ и со водителот ја играше играта со раце позната како „Бззз“.Погледнате го видеото...

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Џафери на патување во Ватикан со Крсто Мукоски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 24 мај ќе ја предводи државната делегација за одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“, во Светата Столица во Рим.Џафери ќе биде придружуван од координаторите Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, пратеничката Ирена Стефоска, претседателот на Комисијата за култура, пратеникот Крсто Мукоски, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, вицепремиерот Кочо Анѓушев, државниот скеретар во МНР, Виктор Димовски, заменик министерот за култура Владимир Лазовски и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници.Државната делегација ќе присуствува на аудиенција кај Светиот Отец на Римокатоличката Црква во Ватикан, по што Џафери ќе се сретне со папата Франциск и со државниот секретар на Светата Столица кардиналот Пјетро Паролин.Претходно, ќе се одржи молебен во Базиликата Сан Клементе во Рим, каде што делегацијата на Република Северна Македонија ќе положи венец на гробот на Св. Кирил.Дел од годинешното чествување на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј во Рим, делегацијата на Република Северна Македонија ќе го реализира заедно со делегацијата наБугарија.Делегацијата, предводена од Џафери ќе присуствува и на молебенот на Бугарија во Базиликата Сан Клементе, а потоа двете делегации ќе присуствуваат на положувањето на цвеќе пред плочата на Република Северна Македонија во чест на Св. Кирил во Базиликата Санта Марија Маџоре.Во вечерните часови, делегациите на Македонија и Бугарија ќе организираат заедничка културна програма, на која свој настап ќе имаат уметниците од Република Северна Македонија, Весна Гиновска Илкова и Дино Имери.

Македонија | пред 6 години

Gruevski-gej-parada

Тасевски: Во време на Груевски не се изборивте за истополови бракови, а 70 посто околу него беа хомосексуалци

Актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи се изјасни за претстојната геј парада која ќе се одржи во Скопје.„Вашата геј парада е обична пропаганда, кич и евтин уличен театар, еве зошто. Немате никаква потреба од неа, зашто во оваа власт имате многу од вашите. И хомо и би и обични поддржувачи. Само нив треба да ги притиснете и ќе добиете се. Нема потреба од парадирање. Никој од нас стрејтерите не ви пречи во тоа. Вашите се виновни, они играат дволично со вас. Или неко меѓу вама није ваш. Исто ви се случуваше и со претходната власт. Пола врхушка околу Груевски беа хомосексуалци, а вас ве шиканираа на улица нивните поданици. И кој е виновен? Како тоа во време на Груевски не се изборивте за истополови бракови, а 70 посто околу него беа хомосексуалци? Зошто до сега уште не ги добивте тие права, а знаеме колку моќни луѓе блиски на оваа власт се ваши“, пишува актерот Сашо Тасевски.„Во тој случај, зошто парада? Глупо е, освен ако намерно не сакате да кревате прашина и да се курчите. Поубаво тропнете им на врата на тие меѓу вас што се на власт, наместо да се глупирате по улици. Така многу побрзо ќе ве разберат и прифатат и оние најтврдите. И уште нешто, кога ќе рипнете заедно не само за вашите права, , туку и за отсуството на правда во оваа држава, ќе видите како луѓето сами ќе ги бришат стигмите што ги фрлиле на вас. Ете, како хомофоб и кромањонец, мислам бев доволно јасен, да ме разберете“, додава тој.

Македонија | пред 6 години

nezavisni-pratenici

Независните пратеници нема да гласаат против Груевски

Претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски за во четврток ја закажа седницата на која точка на дневен ред ќе биде одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Седницата е закажана за в четврток (23 мај) во 11 часот. На неа ќе се расправа за известувањето за Груевски кое Талат Џафери минатата недела го достави до Комисијата.Неофицијално, според извори блиски до Независните пратеници, тие иако не кажуваат, нема да гласаат за одземање на неговиот мандат. Ова е бидејќи додека Груевски беше на чело на ВМРО-ДПМНЕ, тие беа назначени за пратеници, но и беа блиски до него. Официјален став од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се уште нема. Пратеничката Нола Илмајловска-Старова на прес-конференцијата одби да одговори на ова прашање.Груевски кој доби политички азил во Унгарија е повеќе од шест месеци отсутен од државата. Доколку надлежната комисија предложи одземање на мандатот после тоа треба да го потврдат и пратениците на собраниска седница.

Македонија | пред 6 години

cinar-lugje-turisti-ohrid

Иронијата е што споменици од „Скопје 2014“ се дел од светското културно наследство, додека Охрид го губи тој статус

Откако УНЕСКО во последниот извештај нотираше дека Охридскиот регион може да биде ставен на листата загрозени светски културни наследства, на „Твитер“ излегоа бурни реакции.https://twitter.com/jocoska/status/1131068376409956352https://twitter.com/mojokilingtonhttps://twitter.com/nezenzabar/status/1130818191305924608https://twitter.com/imimnone/status/1130872574794260480https://twitter.com/LawyersHumanhttps://twitter.com/Neo38037098/status/1130873229063655424https://twitter.com/ketrinkejtn/status/1130895620938633222https://twitter.com/mei_botata/status/1130862313408487425 

Македонија | пред 6 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Ни следува продолжен викенд, уште еден неработен ден оваа недела

Пред нас е уште еден продолжен викенд. Во петок Македонија го празнува денот на Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост па оттука ве информираме дека работната недела ќе трае пократко.Согласно Законот за празници дека петок е неработен ден информираше Министерството за труд и социјална политика.После овој празник, следен неработен ден е вторник, 4 јуни Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Македонија | пред 6 години

sv-nikola

Денеска е летен Свети Никола

Верниците на православната црква денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај- Мирликискиот чудотворец.Во прашање е спомен на настанот кога моштите на овој светец се пренесени од Мир во Бар.Иако календарски не припаѓа на лето, поради најчесто убавото време кога паѓа овој празник, во народот се нарекува и летен Свети Никола.Според верувањата, на овој ден никако не е добро да се пере, чисти домот и да се работат било какви домашни работи.Во некои краеви се одржал обичајот да се даруваат децата на денешниот празник, бидејќи Свети Никола е и нивен заштитник.

Магазин | пред 6 години

ohrid-sonce-vreme-vremenska

Сонце и дожд - времето денеска

Според синоптичарите за денешниот 22 мај не очекува претежно суво и стабилно време, со услови за краткотраен дожд, но само во северозападниот дел од земјава.Утринските температури на воздухот ќе се движат во интервал од 6 до 13 степени.Додека максималните дневни темепратури на воздухот според метеоролозите денеска ќе се движат од 15 до 28 степен.Во Скопје се очекува слично време, односно суво и стабилно со максимални 25 степени целзиусови.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Десетици ексфункционери денеска на нови судења

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за „Тортура“, „Титаник 3“ и „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство.Предметот „Тортура“ на СЈО се однесува за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година и се наоѓа во доказна постапка..Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на единицата.Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.Во судот за денеска е закажано рочиште и за предметот „ТНТ“ за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. За предметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Македонија | пред 6 години

pari-za-izjava

Раст на просечната плата во Македонија, еве колку изнесува

Просечната плата исплатена во март годинава во однос на март 2018 година е повисока за 3,8 проценти и изнесува 24.590 денари.Според Државниот завод за статистика, зголемување се должи пред сè на растот на платите во здравството и социјална заштита, каде што просечната плата бележи раст од 11,4 проценти, во секторот земјоделство, шумарство и рибарство, каде што растот е 8,2 проценти и во транспортот и складирањето од 7,8 отсто.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Дац му подари метла на Заев, кој и подари златна метла на Декоска?

„Непознати сторители“ оставија вчера позлатена метла пред Министерството за правда, додека министерката Рената Тренеска-Дескоска беше во Клубот на пратеници заедно со премиерот Зоран Заев, каде што учествуваше во јавна дискусија. Службеници ја внеле метлата која заврши како сувенир во министерскиот кабинет, за што Дескоска објави на Фејсбук толкувајќи дека ваков подарок во правдата може да симболизира расчистување со криминал и корупција.– Ви благодариме за овој златен подарок – златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење криминал и корупција. Се надеваме дека со носењето на законот за јавното обвинителство ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се – заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата! – напиша таа на Фејсбук.Веста за метлата што била оставена пред Министерството за правда стигна нешто подоцна од информацијата дека конечно ќе се реализира средбата на премиерот Заев со клучниот коалициски партнер во Владата – лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Со тоа почнуваат разговорите за најавените кадровски промени во извршната власт, по предупредувачкиот резултат од неодамнешните претседателски избори, и покрај отпорот кон промените што го манифестираа функционери на ДУИ во овој период.Со оглед на тоа што „метлата“ што актерот Драган Спасов-Дац му ја подари на премиерот меѓу двата изборни круга стана парадигма за потребата од кадровски чистки, подарокот за Дескоска, сепак, се доживува и во таа конотација. Особено ако се има предвид дека токму нејзиниот ресор се посочува како еден од можните за нова „трампа“ меѓу коалициските партнери.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

dolni-saraj-ohrid

ВМРО-ДПМНЕ за УНЕСКО статусот: На СДСМ и Заев поважни им се матните зделки

СДСМ го уништи Охрид и му го загрози статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО.  За Зоран Заев и СДСМ поважни се матните бизнис зделки отколку културното и природно наследство на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.-Како резултат на негрижата и неспособноста на СДСМ, Охрид за прв пат од 1979 година ќе биде ставен на листата на загрозено светско културно наследство и ќе се најде во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбекистан. УНЕСКО во најновиот извештај констатира дека подрачјето на Охрид продолжува да биде погодено од неконтролиран  урбан развој, несоодветно урбано развивање како и експлоатација на брегот.  Во извештајот стои и дека во последниот период во Охрид има  зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина. За неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ за заштита на културното наследство говори и фактот дека не се реализирани повеќето од половина од 19-те забелешки на реактивната мисија на УНЕСКО, се наведува во партиското соопштение.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ додека беше опозиција  ветуваше грижа за културното наследство и средување на урбаниот хаос во Охрид, но откако дојде на власт го направи спротивното.-Ветуваа попис на дивоградби и нивно рушење, а се што направија беше легализација и откочување на изградбата на запрените двоградби. СДСМ остана глува на сите предупредувања на експертската јавност, екологистите и на УНЕСКО кои укажуваа на девастацијата и узурпација на Охрид и неговата околина. Очигледно е дека бизнис интересите на функционерите од власта се поважни од заштитата на Охрид и културното и природно наследство на Република Македонија. Скандалите на СДСМ во областа на културата растат од ден на ден. СДСМ докажа дека нема интерес да се грижи ниту за културата, традицијата и наследството на Република Македонија. Државата и Охрид не заслужуваат ваква неспособна и криминална власт чиј единствен интерес е како побрзо да се збогатат.  Токму затоа СДСМ мора да си замине, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

FB_IMG_1558506872992

„Комити“ за на Парадата на гордоста: Замолуваме да не ни го промовираат тоа што ги прави нив среќни како вистинска трајна вредност

Навивачката група „Комити“ реагираше на организирањето на Парада на гордоста на својата Фејсбук страна.‘Парада на Гордоста’ од нашата младост… Да не дозволиме тој не вин слоган биде злoyпотребен и искористен како параван за спроведување на една глобална цpнa агенда за депопyлациja на населението и бpишeњe на идентитетот на еден мал но горд народ, кој се бopи да го сочува тоа што е и треба да биде, сега, секогаш и во вечни векови! Децата треба да растат со мајка и татко, а сите оние кои имаат поинакви афинитети, склоности или амбиции се слободни во својот избор и никој не ги диckpиминира. Никој не ги  спречува да продолжат да го прават тоа што ги усреќува и исполнува, но ги замолуваме да не ни го промовираат тоа што ги прави нив среќни како вистинска трајна вредност, затоа што тоа не е ништо помалку од агpecија, гpyбо нacилство и погpeшна едукација за младите генерации кои треба еден ден да бидат носители на Македонската државност. Ве молиме да не ни ја вpeѓате интелигенцијата и да не навлегувате во нашата интимнocт! Ви благодариме однапред. #МажЖенаДетеВардар #ЖенаМажДетеВардар #ДетеМажЖенаВардар #ДетеЖенаМажВардар #СитеМожниКомбинации, стои во објавата.Инаку, првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни.

Македонија | пред 6 години

johnny_depp

Џони Деп тврди дека не ја удрил сопругата, туку таа сама си нацртала модрици

Холивудската ѕвезда Џони Деп ги отфрли обвиненијата дека физички ја малтретирал својата поранешна сопруга Амбер Херд, на што додаде дека, всушност, таа била онаа што го вознемирувала него.Деп ја тужи својата поранешта сопруга за клевета во спор тежок 50 милиони долари.Деп ја обвинува Амбер дека сама си ги нацртала модриците , што и послужиле како доказ за физичко насилство од него. Нејзиниот адвокат ги отфрла овие обвиненија за Амбер и вели дека таа повеќе пати била жртва на насилство од Деп.„Таа беше сторителот, а јас бев жртвата. Додека мешаше лекови со алкохол, таа неколкупати физички ме нападна, дури и пред други лица, а во неколку случаи ми нанесе и сериозни телесни повреди“, вели Деп..Сепак, адвокатот на Херд вели дека во овој случај постојат многубројни докази дека Џони Деп ја тепал Амбер Херд.

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања