Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

122233-620x350

Нападнат малолетник, прободен во грбот и левата рака

На 20.05.2019 година околу 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред бурекџилница на ул.„Емин Дураку“ неколку непознати лица физички нападнале 13-годишно момче од Скопје. Притоа, едно од лицата со остар предмет му нанел убодни рани во грбот и левата рака. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош и бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Велосипедист тешко повреден на патот Куманово-Табановце

На 20.05.2019 година околу 16.30 часот на локалниот пат Куманово - с.Табановце, патничко возило „Опел Вектра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Х.(57), удрило во велосипед што го управувал 16-годишник од Куманово. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово. По укажаната помош тој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

DSC_4359

Костадинов: ВМРО - ДПМНЕ го крши Деловникот, бега од можноста да се изврши надзор врз договорите во изминатите 10 години

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска од ВМРО- ДПМНЕ денеска  грубо, најгрубо го прекрши Деловникот на Собранието и постапи спротивно на своите надлежности и овластувања, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Кузмановска, спротивно на процедурата и на одлуката на мнозинството, членови на Комисијата за финансирање и буџет, за промена на насловот на Иницијативата за надзорна расправа, таа одлучи да го прекрши Деловникот и да ја стави иницијативата со стариот наслов.ВМРО-ДПМНЕ, ќе повторам, бега од можноста да се изврши надзор врз договорите во периодот од 10 години наназад.Ние, како пратеничка група на СДСМ со коалицијата, апсолутно немаме никакви дилеми и се согласуваме со таквата иницијатива, но не смееме да дозволиме, ниту смееме да го нарушиме дигнитетот на Собранието и нашиот како пратеници, надзорната расправа како институт да се користи исклучиво за популистички, теснопартиски цели, а се со една намера, оцрнување на граѓаните.Ја повикуваме претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, веднаш да ја закаже Комисијата за финансирање и буџет и да ја стави иницијативата за одржување надзорна расправа со видоизменет наслов за што постои и одлука на Комисијата за финансирање и буџет.Во интерес на јавноста, насловот гласи вака:„Имплементација на Законот за јавни набавки Член 23, што всушност може да го видиме и во самото барање поднесено од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – за склучените договори за консултантски, адвокатски и нотарски услуги со Владата и органи на државната управа, како и препријатија во целосна, доминантна и делумна сопственост на државата во измнинатите 10 години“.Почитувани граѓани, на крај, би сакал да ве информирам дека не е проблем за ВМРО-ДПМНЕ што не го прифати насловот, суштината не е во насловот. Суштината лежи во десетте години кои бараме да бидат предмет на надзор, а се со цел граѓаните навистина да дознаат какви се договори склучувале директорите и функционерите кои во тоа време биле поставени во институциите.Повторувам и охрабрувам, да не бегаме од увидот на јавноста. Во име на транспарентноста, во име на подигнување на демократските вредности и принципи во ова Собрание на Република Северна Македонија, да ја свикаме комисијата и заеднички, да го ставиме на гласање, да го почитуваме Деловникот и она што значи одлука на Комисијата и во име на граѓаните да постапиме и надзорната расправа.Навистина да се одржи, но да има суштина и да има јасна определена цел.  Ние, како политичка партија со коалицијата секогаш сме поддржувале, ќе поддржуваме и охрабруваме што повеќе да се користат институтите кои што располагаат во ова собрание, а се со цел и во име на транспарентноста на демократијата во нашата Република Северна Македонија, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

Владата се правда, Охридскиот регион долги години беше лошо управуван, постапуваме по препораките на УНЕСКО

Владата на Република Северна Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот регион години наназад. Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти кои беа закана за езерото и националниот парк беа причина УНЕСКО да испрати мониторинг мисија во април 2017 година. Од почетокот на својот мандат, Владата активно се посвети на решавање на проблемите во регионот, во соработка со општините и граѓанскиот сектор.Оваа предлог одлука, која не е финална, треба да биде стимул за сите институции и за граѓаните да се работи со поголем интензитет за да го зачуваме нашето уникатно светско наследство. Владата смета дека е остварено поместување во исполнување на препораките, и дека крајната одлука треба тоа јасно да го рефлектира.Преостанува уште работа и во наредниот период фокусот ќе биде ставен на исполнување на останатите препораки на УНЕСКО и тоа мора да биде остварено бидејќи природното и културно наследство на Охридскиот регион не припаѓа само нашата земја, туку на целиот свет.

Македонија | пред 6 години

lagadin-novo

ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира кризен штаб за итно постапување по препораките на УНЕСКО

ВМРО ДПМНЕ бараат формирање на кризен штаб и итно постапување по препораките на УНЕСКО, по информацијата дека препорака на Унеско е Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство. Според опозицијата ова е одраз на неспособноста и негрижата на власта за културното и природното наследство во целина.,,Овој поразителен податок се наоѓа во најновиот извештај на УНЕСКО што ќе се разгледува на  43 сесија на Собранието на УНЕСКО кое ќе се одржи на 10 јули во Баку, а е објавен вчера. Охрид согласно овој извештај, во Баку ќе биде ставен на листата на загроезено сведско културно наследство. Овој срамен податок за Охрид е резултат на несоодветната културна политика и огромна негрижа за единственото подрачје во Македонија заштитено од УНЕСКО. Власта не спроведе во целост најголем дел од препораките на ретроактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година.Затоа, согласно ченовите 177, 179 и 180 од правилникот на УНЕСКО, Охрид ќе биде впишан на листата како  загрозено светско наследство во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбехистан. Во извештајот УНЕСКО забележува дека подрачјето останува погодено од несоодветна градба со несоодветно урбано развивање и експлоатација на брегот, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој. Едно од ветувањата на власта, воедно и препорака на УНЕСКО, беше дека во најскоро време ќе се направи попис на дивоградбите и нивно рушење. Но, се покажа дека бизнис интересите се повисоко на листата на приоритети од заштитата на Охрид.Дополнително власта не успеа да ги спроведе ниту заклучоците кои што произлегоа од надзорната расасправа која што се одржа во Собранието, на тема состојбата со охридскиот регион, и успеа да го девалвира и највисокиот контролен механизам на државата. Охрид е едиствено место од нашта држава кое е впишано во листата на заштитени светски културни и природни наследства уште во 1979 година и за прв пат е загроезено. Очигледно дека оваа власт нема ниту капацитет ниту знаење во областа на културата. Ова е уште еден од низата на скандали поврзано со Министерството за култура и на Владата.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предупредува и апелира веднаш да се формира кризен штаб за итно постапување по препораките на УНЕСКО. Според изештајот, подрачјето се соочува со неповратна трансфорамција на цекупната поврзаност помеѓу историскиот дел од градот, архелошките локалитети, придоното опкружување и самото езеро, што може да се надмине само со големи промени во управувањет, менаџирањето, планирањето и конзервацијата. Бидејќи власта се покажа како непособна да се справи со проблемот, ние се ставаме на располагање со сите свои капацитети да се вклучиме и да го спасиме ОХРИД.Како Пратеничка група согласно заклучоците 9 и 10 од одржаната надзорна расправа бараме свикување на итна седница на Комисијата за култура на која што ке дискутираме за овој проблем“-смета оваа партија.Инаку, Охрид за првпат откако е впишан како заштитено подрачја од УНЕСКО во 1979 година.  

Македонија | пред 6 години

minare-ohrid-alipasina-dzamija-2

Заев: Џамијата во Охрид е верска потреба, проблемот ќе се реши со дијалог

Алипашината џамија се гради и покрај реакциите на граѓаните и здруженијата, затоа што градежните зафати се одвиваат без соодветна документација за градба. Премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека верува дека проблемот ќе се надмине низ дијалог .Тој по денешната дебата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам, истакна дека  ова е типичен пример на верска потреба која се јавува кај одредена група граѓани. Само заедно можеме да го решиме тоа. Ќе продолжиме да разговараме, истакна Премиерот додавајќи дека Охрид е пример на соживот, пример на „Едно општество за сите“.Заев уште нагласи дека нема никакви ветувања. Ветувањата, истакна, беа да седнеме и низ разговор да го решиме овој проблем, истакна Премиерот.

Македонија | пред 6 години

bolnica-struga

Струшката хирургија затворена - лекарите фатиле сипаници, пациентите се препраќаат во Охрид и Скопје

Морбилите го затворија хируршкото одделение во струшката болница. Одделнието е затворено, а пациентите за операција се препраќаат во болниците во Охрид и Скопје.  Во функција е само хируршката амбуланта.Според раководството на одделението над 50% од здравствените работници во ова одделение се заболени од мали сипаници, морбили. Комисијата за хоспитални инфекции во рамките на болницата вчера ја донела ваквата одлука, а денес за тоа биле известени Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје и Републичкиот санитарен инспекторат.Првично рокот до кога хирургија ќе биде затворена е 28 мај, а што понатаму никој не знае. Последните информации од Центарот за јавно здравје говорат дека бројот на заболени од морбили во Струга е 126, а само на хирургија има заболено 14 здравствени работници.   

Македонија | пред 6 години

sudski-sovet

Владата бара Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници

Владата на Република Северна Македонија оствари повеќе работни средби со претседателите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (Синдикатот на УПОЗ) и на Судскиот совет на Република Северна Македонија и нивни претставници, заради изнаоѓање решение во врска со прашањето за враќање на задржаните средства на вработените во судската служба за време на штрајкот во периодот од 18.05.2016 до 15.07.2016 година.Во текот на остварените контакти, Владата изрази разбирање за наведениот проблем и јасно ја искажа волјата и спремноста за решавање на истиот, преземајќи ја обврската за обезбедување на паричните средства.Сепак, и покрај тоа што Владата ги обезбеди потребните парични средства, Судскиот буџетски совет достави известување до Владата, дека за време на штрајкот на судската администрација во 2016-та година, претседателите на судовите извршиле исплата на плата согласно со член 77 од Законот за судска служба, односно на учесниците во штрајкот им исплатиле плата во висина од 60% од платата што ја примиле претходниот месец. Со ова објаснување, Судскиот совет ја извести Владата дека не ја прифаќа Предлог спогодбата на Синдикатот на УПОЗ за исплата на задржаните парични средства од платите на штрајкувачите.Владата укажува на подготвеноста да се излезе во пресрет на вработените на судската служба и ги повикува сите засегнати страни, особено Судскиот совет, да ја препознаат социјалната, демократската и економската вредност на решението кое е во корист на обезбедувања мотивирана и ефикасна служба во судовите.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до ДИК: Кога веќе барате промени на Изборниот законик, предложете дијаспората да гласа по електронски пат

Државната изборна комисија најави дека до крајот на месецот ќе поднесе иницијатива со конкретни предлози за менување на Изборниот законик. Единствена Македонија ја повикува Државната изборна комисија да предложи и промена на начинот на гласањето на Македонците во странство. ДИК да предложи нашинците во странство да гласат по електронски пат и без претходно да се регистрираат кој сака да гласа, туку, секој кој е запишан во Избирачкиот список да може директно да гласа по електронски пат. На тој начин ќе се намалат големите трошоци со делегирање на избирачки одбори во странство а несомнено ќе се зголеми и интересот за гласање од странство, се вели во соопштението од Единствена Македонија .Во оваа насока да се направи и попис на нашинците во странство со цел да се бираат пратеници соодветно на бројот на Македонците во странство, бидејќи сегашните тројца пратеници од странство се премалку во однос на реалната бројка на Македонци во странство. Ја користиме приликата да го потсетиме и СДСМ дека во изборната кампања за парламентарните избори во декември 2016, Зоран Заев јасно и недвосмислено изјави дека кога ќе победат на изборите веднаш ќе го променат изборниот модел и Македонија ќе биде една изборна единица, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

metla-pravda-2

(ФОТО) Дескоска доби „метла“

Министерката за правда, Рената Дескоска, предмалку на својот профил на социјлната мрежа фејсбук објави фотогрфија од метла во простории во министерството. Таа на ФБ напиша:„Ви благодариме за овој златен подарок - златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење криминал и корупција. Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се - заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата!https://www.facebook.com/renatadeskoska/posts/2376761592602947

Македонија | пред 6 години

Slika-Muhamed-25-02

Куп криминалци во УБК ги вработуваат во администрација, наместо да ги избркаат, вели Зекири

Реформите во тајните безбедносни служби мора да бидат суштински, вели пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, кој заедно со пратеничката Фросина Ременски поднесоа над 30 амандмани за предлог-законот за Агенцијата за национална безбедност, но кои не беа прифатени од министерот, Оливер Спасовски.-Тоа не е логично. УБК има околу 800 вработени, а по трансформацијата во Агенцијата ќе останат околу 350. Ќе се селектираат вработени без критериуми и што не ги исполнуваат условите. Има еден куп криминалци во УБК од време на ВМРО-ДПМНЕ, како Нинџа и компанија, па место да ги избркаат, ќе најдат место за нив во администрација – вели Зекири.На оваа тема се огласи и Ременски, која на својот фејсбук профил напиша дека успехот на реформата не е прашање на храброст, туку на одговорност.

Македонија | пред 6 години

Sednica-na-Sovet-2

Советниците на Град Скопје ги разгледуваат извештаите за работа на ЈП

Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, за периодот од 01.01. до 31.03.2019 година е една од точките што се на дневниот ред на денешната седница на Советот на Град Скопје. Покрај овој извештај, Советот денеска ќе расправа и за извештаите за работењето на јавните претпријатија чии основач е Градот Скопје за 2018 година, како и согласност на тримесечните извештаи на јавните претпријатија чии основач е Градот Скопје, за период од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година.Советот денеска ќе расправа и за одлуки за воспоставување соработка со Општина Центар за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на дел од улиците 11 Октомври и Димитрије Чуповски, како и соработка со Општина Сарај за финансиско учество за целосна реконструкција на сервисната улица бр.6. На дневен ред на денешната седница се и поголем број одлуки за носење на Регулациски план за градски четврти, и тоа ССИ 07, ЈИ 02, како и четврт СИ 02, а ќе се расправа и за давање на согласност за промена на статутите на повеќе јавни претпријатија и јавни установи кои се во надлежност на Град Скопје.Дополнително, советниците ќе расправаат и за предлог-одлуките за определување локации за поставување урбана опрема- станици за полнење електромобили, за одлуката за примање донација на полначи за мобилни телефони, а ќе расправаат и за Предлог-стратегија за соработка на Град Скопје со граѓанските организации, со Акциски план 2019 – 2021 година.Советот на оваа седница ќе одлучува и за поголем број измени и дополнувања на програми на јавните претпријатија и јавните установи, а ќе одлучува и за изборот на членови на управниот и надзорниот одбор на новоформираното јавно претпријатие „ Лајка“.

Скопје | пред 6 години

60732373_418316858948871_1336065455638446080_n

(ВИДЕО) Трајан Целески Тачо ќе трча на „Охрид ТрчаТ“

На 2 јуни Тачо ќе учествува на трката на 5 километри на Охрид трчаТ. За големата битка, спортот и животот, Тачо зборува во емотивното видео кое може да го погледнете во продолжение.Инаку, Охриѓанецот Трајан Целески-Тачо не може без трчањето и спортот. Тој и во 2016 година кога му беше дијагностициран тумор на мозокот, но, не се откажа, туку со позитивна мисла и голема поддршка ја победи болеста и се врати на спортските терени кои за него живот значат.извор: OhridNews

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still109-1

Заврши драмата во Париз, по 7 часовни преговори симнат мажот кој се качи на Ајфелова кула

После повеќечасовните преговори, синоќа беше ставен крај на драмата која се случуваше париската Ајфелова кула.  Мажот кој беше качен на речиси 300 метарска висина, пожарникарите успеаја да го убедат и да го спуштат . Овој инцидент, ги натера надлежните да евакуираат околу 2.500 посетители од најпознатата париска знаменитост.Драмата заврши успешно, но сеуште не се познат мотивот  на мажот да се качи на дури 300 метарска висина.Некои француски медиуми тврдат дека тој сакал да се качи на највисоката можна точка и да изврши самоубиство.

Свет | пред 6 години

dimce-carovska

Арсовски: Тендерот кој го доби невенчаниот сопруг на Царовска надлежните институции да го проверат

Уште еднаш се докажа дека Заев суши лаже. Пред само не цел месец Зоран Заев и СДСМ тврдеа дека ја примиле пораката од народот за целата корупција, криминал, матни зделки, непотизам и сите останати злоупотреби на власта. Наместо да се сменат и да ги сменат тие навики, по се изгледа СДСМ како за инат на граѓаните почнаа уште повеќе да крадат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Нов скандал се случи после само три дена од вториот круг на претседателските избори, односно на 8-ми мај Град Скопје и Петре Шилегов доделиле тендер вреден 967.600 денари на фирмата на партнерот на министерката Царовска за изнајмување на опрема за висинско набљудување.Имено фирмата „Флај Кем“ на Горан Георгиевски за една година снимање со дронови ќе инкасира речиси еден милион. Георгиевски, невенчаниот сопруг на Царовска, освен овој милионски бизнис за летање дронови досега доби и набавки во 4 очи во вкупен износ од 1,5 милиони денари.Во моментов има нова тендерска постапка распишана од скопскиот плански регион, во вредност од скоро 1 милион евра, каде што замислете треба да се следи загадувањето на амбиенталниот воздух.Веќе помеѓу фирмите кои вршат набавка на ваква опрема, кружат сомнежи дека и овој тендер се мести за невенчаниот сопруг на Мила Царовска.Дали и овој тендер ќе заврши токму во џебот на Мила Царовска и нејзиниот невенчан сопруг?Дали Георгиевски овие бизниси ги добива само затоа што и е невенчан сопруг на Мила Царовска? Дали нема друга фирма која може во државата да ја врши оваа работа, па мора токму фирмата на партнерот на Царовска да ја прави и за тоа да заработува огромни пари вредни милиони? Нормално дека има и други фирми, ама тие не се сопрузи, партнери или роднини на никој од владата односно од СДСМ.Граѓаните видоа каков манипулатор е Зоран Заев. Додека во кампањата меѓу двата круга ветуваше дека ќе се справува со злоупотребите и криминалот кој го прават неговите избраници во Владата, сега во канцелариите на Град Скопје, Петре Шилегов и партнерот на Мила Царовска подготвувале милионски договор. Јавноста ниту виде метла секаде каде што има криминал ниту пак ќе види метла идниот период.Повикуваме надлежните институции да го проверат овој скандалозен случај и соодветно да го санкционираат. Недозволиво е веќе по кој знае кој пат токму невенчаниот сопруг на Царовска да добива народни пари во крајно сомнителни околности и услови. Метлата мора да заигра што побрзо, ама од одозгора од самиот врв во Владата, почнувајќи од Зоран Заев.За сите овие матни зделки, тендери и бизниси еден ден ќе одговараат сите кои што се инволвирани, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

lap-top

Членови на “Бојкотирам“, заработија кривични - на протест пуштиле неовластено снимана тонска снимка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ПС од ОН Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против четири лица: Љ.П. (55), од Тетово, Г.Н. (49) од Прилеп, Т.М. (44) од Битола, и Г.Т. (51) од Прилеп поради постоење основано сомнение дека го сториле кривичното дело - “Неовластено прислушување и тонско снимање“ предвидено и казниво по чл.151 ст.2 од КЗ на РСМ.Имено на 04.04. годинава, околу 19,00 часот во Прилеп на ул. “Мице Козар“ се одржал ненајавен протестен собир организиран од страна на движењето “Бојкотирам“ од Скопје. Првопријавениот одржал говор каде во еден момент побарал од второпријавениот Г.Н. да пушти на лап топ компјутер, кој пак бил приклучен на озвучување, тонска снимка од разговор помеѓу две лица, најверојатно телефонски, за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана.Втората аудио снимка, од страна на првопријавениот е пуштена последователно на ист начин. Предметните тонски снимки се пуштени за преслушување за присутните учесници на собирот, како и за лицата кои по пат на интернет на социјалната мрежа “Фејбук“, во живо го следеле настанот кој бил пренесуван од второ, трето и четврто пријавените преку нивните мобилни телефони во реално време.На 05.04. Љ.П., Г.Н. и Т.М. се задржани во ПС-ОН Прилеп. Со Наредби за претрес од Основен Суд Прилеп, кај Г.Н., Т.М. и Г.Т. извршени се претреси во нивните домови, а за првопријавениот – извршен е претрес на неговото ПМВ марка 3Цитроен Ц4 Кактус“ кое сам го донел во кругот на ПС-ОН Прилеп. Одземените предмети (нивните мобилни телефони, мемориски картички, УСБ стикови и друга електронска и компјутерска опрема) се доставени за вештачење во МВР на РМ – ОКТИВ Скопје. Истовремено, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ на МВР доствен е прилог ДВД со документирани профили на социјалната мрежа Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

lagadin-novo

УНЕСКО „згрме“, бара уривање на дивоградбите и Охрид да се стави на листа на загрозено светско наследство

Поради недоволниот напредок до решавањето на проблемите и земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои што претставуваат потенцијална опасност, УНЕСКО во најновиот извештај препорачува да го стави Природното и културното наследство на Охридскиот регион на Листата на загрозено светско наследство, објави sdk.mk.Извештајот на Унеско треба да биде разгледан на конференцијата на Комитетот за светско наследство во Баку од 30 јуни до 10 јули.Барањата од Унеско до државата читајте ги на: sdk.mk

Македонија | пред 6 години

cvetan-tripunovski

Трипуновски: Продолжува хајката против мене како член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вчера ми беше врачено отказно решение

Продолжува хајката против мене како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кое што вчера ми беше врачено отказно решение од министерството за земјоделие само поради моите спротивставени ставови со власта во делот на погубните политики кои што ги води оваа Влада, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Образложението на власта за мојот отказ е апсурдно, бидејќи со него како што се вели дека како главен наратор на прес конференциите како претставник на политичката партија сум нанесувал штета на врз угледот на институцијата во која работам и сум ја поткопувал довербата на администрацијата.Зоран Заев и Љупчо Николовски се занимаваат со политички реваншизам, наместо да ги решаваат проблемите на земјоделците и да го унапредуваат земјоделието.Земјоделците го фрлаат својот род, поради катастрофално ниските откупни цени. Земјоделците се борат за парче леб додека министерот за земјоделие се шета по светските дестинации и се фали со својата скапа брендирана облека.На Николовски му се потребни партиски послушници кои ќе ги премолчуваат и ќе замижуваат пред проблемите на земјоделците. Правда за мене, правдата за земјоделците, за граѓаните ќе стигне само кога оваа власта ќе си замине, а кога ќе се случи тоа сите оние кои сега ја промовираат неправдата ќе одговараат за своите постапки.Реваншизмот на Заев и Николовски нема да ме поколеба уште пожестоко ќе се борам за земјоделците и да ја запознавам јавноста со неправдите кои што ги нанесуваа оваа власт.Господине Николовски ве повикувам на телевизиска дебата и да ги соочиме аргументите. Знам дека ви е страв, но неможете постојано да бегате. Изберете место изберете време и пред се соберете храброст за ова соочување, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

taravari-1

Таравари: Присилено се менуваат директори по училиштата во Гостивар

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари преку социјалната мрежа фејсбук обелодени дека метлата започнала да мете од Гостивар. Тој на пиша дека започната смена на директори по училиштата во оваа општина .-Денеска се поставени нови присилни директори по училиштата, по 6-ти пат се менуваат директорите во училиштата во нашата општина за 18 месеци. #ПродолжувамеИсто“, напиша на Фејсбук, Арбен Таравари.https://www.facebook.com/arben.taravari/posts/10219072006572143 

Македонија | пред 6 години

pendarovski-bektesi

Средба на претседателот Пендаровски со хрватската амбасадорка Баришиќ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ. Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, при што беше констатирано дека се пријателски, без отворени прашања.Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од Република Хрватска за отпочнување на пристапните преговори со Европската унија и поддршката за членство на Република Северна Македонија во НАТО, потврдена со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Хрватскиот сабор.Претседателот Пендаровски изрази уверување дека поддршката ќе продолжи и во следниот период. Претседателот Пендаровски изрази очекување за вреднување на напорите на Република Северна Македонија од страна на Европскиот совет и скорешно одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, како клучен предуслов за обезбедување на напредок и трајна стабилност во поширокиот регион.Амбасадорката Баришиќ, во име на Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, му честиташе на претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата, посакувајќи му успех во работата и изразувајќи уверување за натамошно продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.

Македонија | пред 6 години

1783741-670x377

Попладнево средба Заев – Ахмети, ќе договорат за кого ќе „заигра“ метлата

Попладнево во Владата ќе се сретнат премиерот Зоран Заев и неговиот коалициски поатнер, Али Ахмети. Средбата е закажана за 16 часот, а ќе се одржи во Владата.Заев вчера изјави дека на почетокот на наредниот месец ќе се знае кои министри, заменици и директори ќе бидат променети.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Доживотен затвор за најтешки кривични дела во Србија

Српските пратеници ги усвоија измените на Кривичниот законик со кој се укинува затворската казна од 30 до 40 години и се воведува доживотна затворска казна затвор за најтешки кривични дела.Доживотната затворска казна е предвидена за тешко убиство, силување, обљуба над малолетно лице, бремена жена или немоќно лице, што е во рамки со предлогот на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ кој го поддржаа околу 160.000 граѓани.Доживотната казна затвор е проширена и на сите други кривични дела за кои според важечкиот закон беше предвидена казна од 30 до 40 години затвор. Тие дела се убиства на претставници на највисоки државни органи, тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија, злосторничко здружување, воени злосторства против човештвото, воени злосторства, тероризам…Во измените е предвидено дека осудено лице на доживотен затвор може условно да биде ослободен по отслужени 27 години затвор. Но, судот не може да ослободи предвреме осудени лица за убиство на деца, бремени жени и немоќни лица.Со измените се воведува и ново кривично дело – напад врз адвокати, на предлог на Адвокатската комора на Србија.

Свет | пред 6 години

filharmonija

„Младите доаѓаат“, настап на талентирани ученици со Филхармонија

„Младите доаѓаат“ е насловот на претстојниот концерт на Филхармонија кој ќе се одржи овој четврток, на 23 мај во 20 часот.Следејќи ја традицијата, и оваа година со Филхармонија ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција.Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, Штраус, Рахмањинов...На годинашниот концерт „Младите доаѓаат“ како солисти ќе се претстават: Иван Милосов – виолина, класа: проф. Петар Поповски; Наоми Георгиевска – виолина, класа: проф. Олег Кондратенко; Танер Мачев – кларинет, класа: проф. Игор Димов; Ева Живковска – соло пеење, класа: проф. Имери Мустафа; Леонардо Димоски – виолина, класа: проф. Љупчо Трајаноски; Дани Жоговска – пијано, класа: проф. Огненка Герасимовска-Димитровска; Сања Димова – соло пеење, класа: проф. Ѓорги Димитров; Хелена Мочевиќ – соло пеење, класа: проф. Гонца Богоромова; Александра Гическа – пијано, класа: проф. Маја Божиновска.

Магазин | пред 6 години

venko-filipce

Филипче: Ќе се сретнам со Ставриќ да видам кои се причините за нејзината оставка

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека нема да има разрешувања на раководни лица на болниците.„Не станува збор дека следува некакво разрешување. И во текот на вчерашниот ден изјавив дека имаме континуирана, одлична комуникација со сите директори поставени во јавно здравствените институции. Директорката на Клиниката за детски болести поднесе оставка уште пред неколку месеци, кога беше во тек изборниот процес. Тогаш имавме разговор, се согласи да остане до завршување на изборите за да можеме ние да ги правиме тие промени“, рече Филипче.Исто така тој изјави дека во текот на оваа недела ќе се сретне со директорката Ставриќ за да види кои се причините за нејзината оставка.„Тоа ќе следи во периодот откако до крајот на неделава уште еднаш ќе се сретнам со директорката. Сакам да разговарам, да видам кои се причините што ја натерале да даде оставка, дали може да се надминат, дали би сакала да остане. Тогаш кога ја поднесе оставката кажа дека станува збор за лични причини“, појасни Филипче.

Македонија | пред 6 години

bosna-1

Tројцата мажи кои се изживуваа со девојка со посебни потреби ќе се бранат од слобода

Откако пред една недела цела Босна се згрози од фотографиите објавени на социјалните мрежи, а потоа и во медиумите, на кои се гледаат тројца мажи како се изживуваат со гола девојка со посебни потреби, веднаш реагираше и босанската полиција.Тројцата се уапсени и обвинителот побарал притвор поради сексуално вознемирување, можеби и силување, но судијата дозволил да се бранат од слобода.Судијата тврдел дека нема основа за притвор.Мироскав Поповиќ (33), Лука Шинка (26) и Стево Гушкиќ (25) се уапсени на 17. и 18.мај, веднаш откако беа идентификувани од објавените фотографии.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања