Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

И покрај секојдневните контроли, сеуште се вози без положен возачки испит

Во текот на изминатиот ден (20.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека четири лица поминале со лесни телесни повреди.Од преземените сообраќајни мерки констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 28 возачи затоа што - 27 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило а еден бил возач почетник. Исто така, од сообраќај се исклучени и 16 возила бидејќи биле нерегистрирани.Инаку, деветмина возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци на пешачки премин, исто така -двајца поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, седумина возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се петмина граѓани поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози а 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак.

Скопје | пред 6 години

kucinja-kuce

Две нови пријави за каснување од кучиња скитници

На 20.05.2019 година во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Р.Т.(48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12.00 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.На 20.05.2019 година во 15.30 часот во Полициската станица Центар, М.В.(31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

0000traktor

Се преврте трактор, повредени маж и дете

На 20.05.2019 година во 18.30 часот на ул.„1“ во село Сарај, скопско, трактор со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(25) од истото село, изгубил контрола и се превртел. Притоа, возачот Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека 15- годишен сопатник од село Грчец се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

58 годишен маж загина во сообраќајната несреќа кај Добреноец

На 20.05.2019 година во 13.55 часот, на магистралниот пат Кичево –Охрид, во близина на кракот за кичевското село Добреноец, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили „Сузуки Марути“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ј.С. (58) од селото Лавчани и возило „Волксфаген Пасат“ со кичевски ознаки, управувано од С.С. (30) од Кичево.Во незгодата, Ј.С. (58) возач на автомобилот „Сузуки“ им подлегнал на повредите, додека С.С. (30) возач и С.С. (51) сопатник во возилото „Пасат“, се здобиле со телесни повреди.Сударот е случен помеѓу предните делови на двете возила пришто, автомобилот „Сузуки“ кој се движел во правец Охрид-Кичево, се превртел на кровот. На местото на сообраќајната незгода увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

Македонија | пред 6 години

policija-5

Повреден возач, откако со автомобил пропаднал во одводен канал

На 20.05.2019 година на локалниот пат меѓу селата.Браилово - Долнени, општина Долнени, кај железничката станица Браилово, патничко возило „Форд Галакси” без регистарски ознаки, управувано од Д.В.(45) од село Сенокос, прилепско, изгубило контрола и излетало во одводниот канал. Д.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Прегазен бугарски државјанин, пренесен во Ургентен центар

На 20.05.2019 година во 16.20 часот во село Кадино, скопско, патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(43) од село Кадино, удрило во пешакот Г.Г.Д.(60) од Република Бугарија. Од ударот Г.Г.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Прегазен пешак, телото предадено на обдукција

На 20.05.2019 година во 11.30 часот на локалниот пат во село Пирок, тетовско, товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“, а управувано од А.Ф.(55) од село Боговиње, удрило во пешакот О.М.(40) од село Боговиње, вработен во истото претпријатие. Од ударот О.М. починал на местото. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се роди првата шесторка во Полска, стигнуваат честитки од сите страни, но и помош

Дваесет и деветгодишна жена денес во Полска роди шесторка, што е прв случај во земјата. Бебињата, од кои четири се девојчиња, се родени со царски рез на Универзитетската болница во Краков, Полска.Веројатноста да се родат шест бебиња одеднаш е еден спрема пет милијарди. Мајката и новороденчињата се добро.– Ова е првпат во Полскa да се роди шестка, а тоа е ретко и во светски рамки. А всушност, докторите очекуваа пет бебиња, изјави одговорниот во болничкото неонатолошко одделение, Ричард Лотербах.Родителите добија честитки  и од полскиот претседател Анджеј Дуда, а локалниот фудбалски клуб Краковија понуди доживотни влезници за нивните натпревари.

Свет | пред 6 години

vecer-so-tijana-tamara-todevska-01

(ВИДЕО) Тијана ја отсвири „Proud“, Тамара напиша: Мојата сестр, мојата гордост,мое се

Пејачката Тамара Тодевска деновиве е во центарот на вниманието по нејзиниот одличен настап на Евровизијата во Израел. Тамата има голема подршка како од семеството, така и од пријателите, но се чини најголемата ја добива од својата сестра Тијана Дапчевиќ.Тијана пресреќна од успехот на својата сестра ја отсвири евровизиската песна „Proud“, по ова следеше краток коментар од Тамара, кој кажува се:„Мојата сестра. Мојата гордост. Мојата поддршка. Мое се. Ви благодарам што верувавте во мене. Ви благодарам што ме учевте да бидам горда на себе“, кратко напиша Тамара на својот Твитер налог.https://twitter.com/TamaraTodevska/status/1130547685604417536?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1130547685604417536&ref_url=https%3A%2F%2Ffokus.mk%2Fvideo-tijana-so-muzichki-pozdrav-za-svojata-sestra-tamara%2F

Магазин | пред 6 години

feride

Жртва на семејно насилство открива: Децата гледаа кога ме тепаше

Фериде е мајка на три деца жртва на сeмејно насилство. Сопругот ја тепал и пред децата, но таа одличила токму заради нив да замине . Животот ја мачел да живее по подруми полни влага поради што сега е болна, објави Досие.мк.Таа не се предава.Текстот прочитајте го на: dosie.mk 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Грчки борбени авиони пробно прелетаа над македонското небо

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе го извршат воздухоплови на вооружените сили на Република Грција.Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Република Северна Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност, соопшти Министерството за одбрана. 

Македонија | пред 6 години

gluvci

75 заразени од глувчева треска во Словенија, властите препорачуваат превенција со уништување на глодарите

Во Словенија оваа година регистрирани се неколку десетици случаи на хеморагична треска или глувчешка грозница, која се пренесува преку контакт со заразени глодари, соопштија словенечките здравствени власти, препорачувајќи примена на заштитни мерки.Како што пренесуваат локалните медиуми, од почетокот на годинава регистрирани се повеќе од 70 случаи. Најголем број од инфекциите се појавиле во југоисточниот дел на земјата.Против болеста нема вакцина. Карактеристични симптоми се висока температура, силна главоболка и болка во  стомакот.Словенскиот институт за јавно здравје препорачува превенција со уништување на глодарите, односно дератизација, како и лична хигиена, особено по контакт со земја каде што има многу глодари. 

Свет | пред 6 години

120190520_075956

Дождот и денеска нема да не избегне

Времето денеска сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. 

Македонија | пред 6 години

katerina-kitarovic

Катерина Китаровиќ ќе студира на Харвард, доби стипендија повисока од годишната претседателска плата во Хрватска

Катерина Китаровиќ, ќерката на хрватската претседателка Колинда Грабар -Китаровиќ, од оваа есен ќе студира на престижниот американски универзитет Харвард, дознава „Јутарњи лист“.Катерина, која учи гимназија во Загреб и е четврта година, примена е на четири најпрестижни универзитети, меѓу кои и Стенфорд и Колумбија, но избрала да студира на Харвард  каде ќе има стипендија повисока од годишната плата на нејзината мајка, која е претседателка на Хрватска.Ќерката на претседателката, освен што е врвна спортистка (државен првак во уметничко лизгање), е меѓу еден отсто од најдобрите во светот кои го решиле тестот САТ, испит за способности кој се користи како приемен испит за преддипломски студии во САД.

Магазин | пред 6 години

vlada-amandmani-2

Владата денеска треба да ја донесе Национална програма за железничка инфраструктура

На денешната редовна, 136-та седница Владата на Република Северна Македонија, ќе го разгледува предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање на Културно-информативни центри во двете земји.Пред министрите денеска ќе се најде и информацијата во врска со усогласениот текст на Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Црна Гора за соработка во областа на европските интеграции.Како материјал за информирање, Владата ќе ја разгледа информацијата за приклучување на Република Северна Македонија кон иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита.Министрите, на денешната седница ќе дискутираат и за потребата од донесување на Национална програма за железничка инфраструктура за период од 2019 до 2021 година, со Предлог - Национална програма.Предвидено е редовната владина седница да започне во 13:00 часот.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Градиме по план, се реализираат 80 инфраструктурни проекти во вкупна должина од 700 километри

Владата предводена од СДСМ за само година и половина во инфраструктурата успеа да направи многу повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше цели 11 години. Откако го наследи автопатот Миладоновци - Штип со бројни пропуст, и едвај направени помалку од 50 отсто, за кусо време автопатот целосно е изграден. Решен е проблемот со експорпријација на земјиште, поставени се заштитни мрежи, а во моментов се градат сервисни патишта и се прави поврзување на на патниците, се вели во соопштението од СДСМ.Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во вкупна должина од околу 700 километри. Она што е особено значајно, за првпат по 30 години истовремено се градат четири моста.Одговорниот однос на Владата предводена од СДСМ во делот на инфраструктурата се гледа и во тоа што истата фирма која го гради автопатот Миладиновци - Штип за експресниот пат Крупиште - Кочани дала трипати пониска цена за градежни материјали и изградба, односно трошоците за изградба на овој експресен пат е за трипати пониска од трошоците за изградбата на автопатот Миладиновци - Штип.Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на патната инфраструктура, продолжува реконструкцијата и изградбата по план на патни правци низ целата држава, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ континуирано удира по џебот на граѓаните со покачување на нафтата

Граѓаните се повеќе осиромашуваат, а криминалниот картел околу Заев ги зголемува давачките, се богати и се расфрла со народни пари. Половина милион Македонци живеат под прагот на сиромаштија, а Заев и компанија ја покачија висината на акцизата и сега цените на горивата уриваат рекорди, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ континуирано удира по џебот на граѓаните со покачување на нафтата. Оваа влада не исполни ништо од ветувањата дека ќе ги укине давачките туку напротив воведе акциза од дополнителни три денари на грбот на граѓаните и на бизнис секторот.Со новото покачување на нафтата која достигна цена до 66 денари СДСМ ќе ги доведе граѓаните до питачки стап. Пред Заев да дојде на власт, цената на нафтата изнесуваше само 46 денари, а сега изнесува 66 денари што е 43% повеќе. Со просечна плата од 1 Јуни 2017 пред Зоран Заев да ја преземе власта граѓаните можеле да купат 474 литри нафта додека во моментов со просечна плата можат да купат 367 литри или за 107 литри помалку .Ова јасно зборува дека Зоран Заев наместо живот, донесе беда и сиромаштија. СДСМ и покрај сите критики и сугестии од јавноста и стручната фела сепак одлучи да ја зголеми акцизата на грбот како на граѓаните и на стопанството. Ефектот на спирала кој го има покачувањето на нафтата дополнително ќе ги осиромаши граѓаните .СДСМ мора да си замине затоа што не исполни ништо од тоа што го ветуваше. Напротив дополнително ги зголеми давачките и даноците, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

niki-lauda

Почина легендата на Формула 1 - Ники Лауда

Трикратниот Формула 1 шампион, легендарниот Ники Лауда починал на 70-годишна возраст, потврди официјално неговото семејство. Австриецот кој беше подложен на трансплатација на белите дробови минатиот август вчера итно бил примен во болница во Виена, но овојпат не успеал да ја добие најважната битка.„Замина нашиот Ники. Почина мирно, во кругот на семејството. На сите ни беше пример, прекрасен сопруг, татко, дедо кој ќе ни недостасува“, објави неговото семејство.Лауда две титули освои со Ферари и една со Мекларен и до ден денешен е единствениот кој бил шампион и со Ферари и со Мекларен.Ники Лауда имаше тежок инцидент во 1976 година по кој преживеа. На патеката Нирбургринг во Германија, неговото Ферари се запали, по што Ники имаше изгореници од трет степен.Беше тешко повреден, но Лауда не само што се опорави, туку за 40 дена повторно седна во болид и возеше. 

Спорт | пред 6 години

marihuana

Наредба за истрага и притвор за две лица дилери на дрога

Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица.Осомничените, македонски државјани, заедно со НН лице неовластено организирале и заради продажба купиле, држеле и пренесувале наркотична дрога – марихуана. Во текот на вчерашниот ден осомничените по претходен договор организирале пренесување на дрогата до с. Царев Двор со ПМВ марка Мерцедес Е класа управувано од непознато лице. Осомничените како возач и совозач на ТМВ марка Мерцедес Вито биле претходница на возилото во кое се пренесувала дрогата. На светлосна и звучна сигнализација од страна на полициските службеници, возилата наместо да застанат ја зголемиле брзината. Осомничените по некое време го запреле ТМВ, излегле и се дале во бегство но, набргу биле совладани и лишени од слобода. Возачот на ПМВ бегајќи со возилото ја исфрлил дрогата покрај патот и со голема брзина успеал да избега на полициските службеници.По пребарување на теренот пронајдени се две патни торби со наркотична дрога – марихуана со вкупна тежина од 20.040,02 грама марихуана.Поради постоење на основите предвидени во член 165 став 1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените. Судијата го прифати предлогот и со Решение им определи мерка – Притвор во траење од 30 дена. 

пред 6 години

saso-tasevski

Тасевски: До нови амбулантни возила ви дошло, а фино ви беше од успехот на Евровизија

Актерот Сашо Тасевски се огласи на социјалните мрежи во врска со изјавата дека многу побитно е да се настапува на Евровизија отколку да се купат нови амбулантни возила."Гомна едни, до нови амбулантни возила ви дошло!Пари за Евровизија да нема! А фино ви беше три дена ко на дрога од нашиот успех на таа Евровизија. Таа го продолжува животот, а не ново амбулантно возило. И онака сите ќе умреТЕ. Ама Евровизија... Ех, за неа вреди да се умре и млад. Некако те понесува и те прави силен и паметен. Одма ти паѓа на памет да направиш дупепоказна парада, да го поскапиш бензинот или билетот за у зоолошка градина. Притоа фрлаш клетва на сите твои земјаци во странство, да не се вратат, за да можеш сам да уживаш во евровизискиот севселенски и историски успех.Само една маана има таа Евровизија. Автентична ШвеЏанка више не можеш да видиш. Онаква блонди, малце пегава на јагодиците со плаво око, висока и витка ѓоа газела. Уствари автентична жена не можеш да видиш. Се извинувам. Северномакедонскиов ми е стварно срање. Не е ШвеЏанка, туку ШвеЃанка", напиша Тасевски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

zoo

Поскапува влезот во Зоолошка

Билетот за влез во скопската Зоолошка градина ќе поскапи и наместо 50 денари ќе биде 80. Влезот за деца до 3 години и натаму останува бесплатен. Оваа одлука за промена на цената за влез во Зоолошката ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и доколку биде усвоена треба да стапи на сила на почетокот на јуни, пишува СДК.МК.Во образложението на градоначалникот Петре Шилегов се вели дека поскапувањето се должи на зголемениот број содржини и нови животни во градината.Според новиот ценовник се воведуваат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница. Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари.

Скопје | пред 6 години

60689787_2385600305001894_3413678549897314304_n

Се појави таксистот - Јас сум таксистот на Павле, не јас сум сум таксистот на Павле...

Твитерџиите имаат „материјал“ за да ја покажат својата креативност. Откако се појави бомбата за пратеникот Павле Богоевски, не запираат твитови и постови преку кои се исмева пратеникот, но и Власта која се обидува да го сокрие скандалот.Деновиве се појави “синџир” на твитерџии преку кој стотици луѓе тврдат дека се таксисти на пратеникот.Твитерџиите се изреволтирани откако обвинителството не најави истрага за набавка на дрога. Според информациите на обвинителството сега се бара непознат таксист од непозната такси компанија на која најверојатно Богоевски не се сеќавал кога пријави во полиција.https://twitter.com/MartianFromMKD/status/1130515457587503111?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1130515457587503111&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fmakedonija%2Fse-javi-taksistot-na-pavle-pratenikot-dobi-sindzir%2F 

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Наредба за истрага и притвор за бугарски државјанин што криумчарел мигранти од Ирак

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, бугарски државјанин. За лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење на мигранти предвидено и казниво по член 418-б, став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот во текот на вчерашниот ден од користољубие, илегално пренесувал осум лица – мигранти со потекло од Ирак. Тој, со ТМВ Комбе марка „Форд транзит“ со бугарски регистарски таблички, со цел илегално да ги превезе до западно европските земји ги прифатил мигрантите во Солун. Во импровизиран бункер во кровниот дел на возилото ги сместил во легната положба и поминувајќи го граничниот премин Богородица, преку автопатот Е 75 пристигнал на граничниот премин „Табановце“. При контрола на возилото од страна на македонските царински службеници осумтемина мигранти биле откриени, а возачот е лишен од слобода.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со Решение определи мерка – Притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.

пред 6 години

golmanka-vardar

(ФОТО) Поранешната голманката на Вардар се сврши со својата девојка

Поранешната голманката на Вардар, Бразилката Маиса Песоа се пофали на социјалната мрежа Инстаграм дека се сврши. Таа ја побарала за жена својата девојка Никита Рамоа. Откако Никита кажала „ДА“ двете среќни објавија фотографија на која се гушнати,  покажувајќи го дијамантскиот свршенички прстен.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Во првата половина на јуни ќе излезам со конкретни решенија за промени во Владата

Премиерот Зоран Заев по завршување на Виенскиот економски форум изјави дека во првата половина на јуни има намера да излезе со конкретни решенија за промени во Владата.„Во јуни месец и тоа првата половина на јуни имам намера да излезам со конкретните решенија за промени и тоа во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе се случат и персонални промени во Социјалдемократскиот сојуз, што ќе значат и подобрување на перформансите на најголемата владејачка партија, којшто има директен импакт квалитативен и врз владеењето во државата. Веројатно и во локалните самоуправи има одредени слабости кадешто се под ингеренции на СДСМ и владејачката коалиција. Секако промените ќе се случат. Јас реков тоа ќе се случи на почетокот на јуни, затоашто извештајот го затвора Европската Унија и го објавува на 29 мај, изјави Заев.“, изјави Заев.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања