Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

„Макпетрол“ ја зголеми цената на горивата

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ на бензиските станици на „Макпетрол“ ќе се продаваат по повисоки цени. Зголемување, како што соопштуваат од компанијата, е поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи.Како што соопштуваат од компанијата од ноќеска  Ултра 95 ќе се продава по цена од 72 денари за литар, Ултра 100 по 74 денари, Дизелот по 66 денари, Био дизелот 67 денари и екстра лесното по 54,50 денари.Од компанијата претходно најавија дека тие ќе ги формираат малопродажните цени доколку тоа не го стори Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги одреди цените согласно новото законско решение кое веќе е донесено.

Македонија | пред 6 години

ali-ahmeti

За скандалот со Богоевски, Ахмети не бил во тек

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, останува на барањето за ветинг на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност.  Ахмети барал совети за примена на системот за проверка во земјава, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето на лажните вести.За скандалот за Павле Богоевски вели не бил во тек,пренесува Канал5.За потсетување за Богоевски, по снимката од Илија Громовник, тој кажа дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

Македонија | пред 6 години

FB_IMG_1539871036738

Мишелин готвачот Џорџо Дијана со Матер часови по готвење во рамките на Taste Ohrid

Италијанскиот готвач со престижното признание Мишелин ѕвезда, Џорџо Дијана, повторно ќе  биде гостин во Охрид, овој пат како дел од програмата на Факултетот за туризам и угостителство  каде ќе одржи неколкудневни Мастер часови.Тој на пријавените студенти и претставници од  угостителските објекти во Охрид ќе им ги презентира новите техники на готвење со конзервирање на храната, пастеризација на продуктите, спорото готвење, како и важноста на новите техники и методи на готвење во кујната на модерните ресторани и хотели.Покрај практичните обуки од затворен карактер, љубителите на гастрономијата ќе имаат можност да ги пробаат специјалитетите од славниот готвач.Покрај Џорџо Дијана, гостин на пролетното издание на „Taste Ohrid“ ќе биде и Андреа Бијаџини, МТП Мишелин и сопственик на „Food & Lifestyle“. Неговото богато искуство во угостителството ќе го пренесе на претставниците од рестораните и хотелите во Охрид преку практичните обуки за маркетингот и неговото влијание врз туризмот, како и вредноста на рестораните во целокупната туристичка понуда на градот.Покрај домашните и странските туристи во Охрид, на овој настан огранизиран од страна на Општина Охрид, ЕДЕН – туристички кластер на југо-западна Македонија и Факултетот за туризам и угостителство, ќе присуствуваат и високи претставници од дипломатскиот кор на Република Македонија.

Македонија | пред 6 години

Mila_Carovska_Minister

(ФОТО) Тендер од еден милион денари за сопругот од Царовска

Речиси еден милион денари од Град Скопје добила компанијата „ФЛАЈ КЕМ“ ДООЕЛ Скопје, чиј спственик е неформалниот сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, открива Економски Лидер.Горан Георгиевски, кој живее во заедница со министерката Царовска, доби тендер вреден 967.600 денари од Град Скопје за изнајмување на опрема за висинско набљудување на терен, диви депонии и останати зони во градот.Како што открива Лидер дроновите на сопругот на Царовска ќе го набљудуваат градот во рок од траење од една година. Договорот помеѓу Георгиевски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов е склучен на 8 мај.Лидер јавно го доставува договорот помеѓу Шилегов и Георгиевски за дроновите: Текстот во целост на: Економски лидер 

Македонија | пред 6 години

nance-2

(ВИДЕО) Нанче на протестот за Алипашината џамија: Не ни треба крв, туку разум

Михаил Трендафилов - Нанче од „Совест“ вели дека Охрид се топи, а тие ќе бидат запишани во историјата дека ја предале Македонија. Нанче рече дека тие сакале легален начин да се заврши работата, а не крв да падне. На протестот протестираа жители на Охрид, кои даваа поддршка да се реши прашањето за Алипашината џамија. Протестот се одржа пред седиштето на Општина Охрид.„Тие сакаат да ни стават нешто, за да кажат колку се големи. Овие се два голија. Секоја чест за ние што се собравме тука, а нечест за сите оние кои се кријат на Фејсбук и портали за да не ги сликаат. Нас крв не ни треба, туку разум и ум. Во Охрид сме 90 проценти христијани, а 10 муслимани. Тие раководат. 10 на 1 а тие се посилни. Тоа е затоа што и позиција и опозиција се борат кој повеќе да стави во џеб“, рече Нанче од Совест за џамијата.Претставниците на „Совест“ укажаа дека градбата на минарето е нелегална и треба да се стопира.Со жалење констатираме дека ниту Управата за заштита на културното наследство, ни Државната урбанистичка и градежна инспекција, ниту судот не се на ниво на своите надлежности и не покажуваат решеност да стават мораториум на градба, која макар задоцнето е прогласена за нелегална. Констатациите на испекциските служби од управата се само рефлексии од најавата за граѓански бунт и само обид за амнестија за направените пропусти од надлежните во издавање на конзерваторско одобрение. Испративме повеќе дописи до светскиот центар за културно наследство на УНЕСКО во Париз со цел да го исвести за немоќта на македонските државни институции. Добивме повратно известување дека проблемот со зголемен обем на нелегални градежни активности во заштитеното централно градско јадро, како и околу Али Пашината џамија ќе влезе на дневен ред на 43-та сесија на Советот во текот на оваа година, истакна Сашо Михајлоски од „Совест“.„Ова е прв почеток. Нема да застанеме на ова. Ова е прв протест, а ние одиме натаму. Доколку општината не пројави интерес да го реши овој проблем. Доколку не дадат информации, ќе бараме помош од другите институции. Нема да прекинеме, ќе продолжиме додека не се реши проблемот“.  Охриѓани се чувствуваат изманипулирани и измамени. Не престануваме во својата борба за заштита на својот град од бесправно градежно дивеење со што неповратно ни се уништува градот. Ове е прв мирен протест, нема да оставиме работите туку така да исчезнат. Заедно со вас граѓаните будно ќе ги следиме случувањата, ќе алармираме и ќе учествуваме во решавањето на сите голиви проблеми со урбанистичкиот хаос, напомена Михајлоски.Од здружението уште еднаш ги повикаа државата, надлежните инстититуции, градоначалникот и премиерот да ги преземат своите уставни надлежности и законот да важи за сите.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Работникот што го уби холандскиот газда се заканува со нови убиства во притвор

С.Р. (49), осомничениот за убиство на холанѓанецот Јос М. (59) сопственик на расадникот „Еуроплантс" во тетовско Прељубиште, кој пред 10 дена почина откако беше удрен со камен во глава бил вознемирен, гласен и агресивен во притворската ќелија во Истражниот затвор во Шутка и се заканувал со нови убиства, дознава МКД.мк.Според информации на портaлот овој осомничен нападнал и цимер во ќелијата, обидувајќи се да го задави. Го спасила брзата реакција на затворската полицијата.Текстот во целост на МКД.мк 

пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев да ја врати лиценцата за бизнис со дрога, марихуната за болните да ја обезбедува државата

Зоран Заев денеска од Виена на отворена сцена се заебаваше со народот изјавувајќи дека набавувањето на дрога од пратеникот Павле Богоевски е негово лично право. Владеењето на марионетската власта во Скопје се претвора во безаконие, корупција и криминал кога за флагратно кривично дело од пратеник, мариоентата Заев застанува во негова одбрана велејќи дека тоа е негово лично право како се однесува, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Станува се повеќе јасно дека со одбраната на пратеникот Богоевски, марионетата Заев го штити својот бизнис со дрога кој треба со другите бизниси да му носи годишно чиста добивка од 100 милиони евра а кое нешто го призна и самиот Заев во последниот телевизиски дуел со Христијан Мицковски во емисијата „Само вистина“.Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да не се затскрива зад алтруистички мотиви со неговиот бизнис со дрога во милиони евра и веднаш да ја врати лиценцата за дрога, а марихуаната за болните да ја обезбедува државата, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still109-1

НАЈНОВА ВЕСТ: Евакуирана Ајфеловата Кула во Париз

Запошната е евакуација на Алфеловата кула во Париз од како на неа непознат маж се качил сам до врвот на кулата.НАСКОРО ПОВЕЌЕ ...ВИДЕОhttps://www.pscp.tv/w/1ypKdvMgrepJW?fbclid=IwAR0rjcRvQr4GHwiIddiWqTAayO3sVrb0Y3PhwpPjxxX3pw1osZ14wo6S3ck

Свет | пред 6 години

direkten-sudar

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Го прателе како вози и снимиле директен судир

На социјалните мрежи се појави вознемируачко видео на кое се гледа како како момчиња забележувајќи како автомобил чудно се движи по пат, решиле да го снимаат и исмејуваат.Но, следејќи го и обидувајќи се да го снимат одзблиску  снимиле и директен судир.Видеото е снимено во Босна и Херцеговина и може да ве вознемири.

Свет | пред 6 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

91 амандман на Законот за Агенцијата за национална безбедност 30 тина од Фросина Ременска

Со 91 амандмани почнаа да се исправаат пропустите во законот со кој се формира новата УБК, Агенцијата за национална безбедност. Но не се сите од исти подносители. Една група амандмани која поминува мазно е договорена меѓу власта и опозицијата.Реформите во безбедносните служби и ингеренциите на Директорот на Националната агенција за безбедност ги ставија на различна страна сопартиијците на СДСМ Фросина Ременска и Оливер Спасовски.Ременска, која инаку е експерт за безбендносни служби, како пратеник поднела 30-тина амандмани на Законот за Национална агенција за безбедност иако овој закон Спасовски како министер за внатрешни работи го подготвуваше неколку месеци и го усогласуваше со пратениците од СДСМ, но и од опозицијата. Зад амандманите на Ременска се потпишале и пратениците Павле Богоевски, Горан Мисовски, Мухамед Закири, Чедомир Саздовски и Илија Николовски. Но, за минстерот беа прифатливи само техничките амандмани.За Спасовски овие аманмдани не беа прифатливи. 

Македонија | пред 6 години

bombi-cico

Јутуб ќе треба да даде информации за тоа кој ги објавува нобите „бомби“

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје достави Известување кон кое е приложен Записник за примена кривична пријава изготвен од ПС Центар на 15.05.2019 година во кој пратеник во Собранието на Република Северна Македонија пријавил непознат сторител на кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање од член 151 од Кривичниот законик.Според наводите во пријавата, на неодреден датум во периодот од март до мај 2019 година, додека се превезувал со такси возило од неидентификувана компанија и разговарал на мобилен телефон, пратеникот неовластено бил сниман од возачот на такси возилото. Разговорот потоа бил објавен на Youtube профилот Бомби 2019 како и на руската социјална мрежа vkontakte.По приемот на ова известување од страна на надлежен јавен обвинител веднаш беше изготвено барање за доставување податоци до Youtube кои се однесуваат на комплетни логови за наведениот профил, ИП адреси користени за пристапување и најавување на тој профил, како и ИП адреса од која е креиран профилот.Воедно до Министерството за внатрешни работи е доставена Наредба за да бидат направени проверки околу утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговорот, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и за кое лице била нарачувана. Министерството за внатрешни работи преку меѓународните инструменти кои ги користи ќе треба да направи проверки и за тоа кој е сопственик на профилот на руската социјална мрежа vkontakte.По направените проверки, доколку се утврди идентитетот на сторители на кривични дела и се обезбедат законити докази, МВР треба да поднесе кривична пријава до Обвинителството

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Марихуана пронајдена во автомобили на автопатот Скопје – Велес и Гостиварско

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Д.(38) од Куманово и С.Б.(43) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 14.05.2019 година на автопатот Скопје – Велес, кај наплатната рампа „Сопот“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фиат Пунто“, управувано од второпријавениот, во кое бил и првопријавениот како сопатник, при што пронашле и одзеле околу еден килограм опојна дрога - марихуана. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.О.(19) од село Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суптанци и прекурсори“. На 06.10.2018 година во Гостивар полициски службеници извршиле при преглед на лица и возило, управувано од Р.И. од село Равен, сопственост на пријавениот, кој бил сопатник, до пријавениот пронашле и одзелени марихуана.

Македонија | пред 6 години

kidnapiranje

Три лица се обиделе да киднапираат 11 годишно девојче

СВР Тетово поднесе известување против Ч.К.(17), Е.О.(19) и еден 13-годишник, сите од село Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување во обид“. На 14.04.2019 година околу 19.00 часот во село Ларце, тетовско, се обиделе во патничко возило да внесат 11-годишно девојче, кое успеало да избега.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Три лица нападнале 21 годишен тетовец, му нанеле убодна рана на левата рака

На 19.05.2015 година околу 22.00 во СВР Тетово било приајвено дека во угостителски објект на ул.„Јане Сандански“, М.А.(20), К.Н.(20) и Ф.К.(20), сите од село Порој, тетовско, физички го нападнале Ј.Ј.(21) од Тетово. Притоа, според пријавата, М.А. со остар предмет му нанел убодна рана на левата рака на Ј.Ј. кому му била укажана лекарска помош во Клиничка болница – Тетово.Истиот ден во 23.20 часот М.А., Ф.К. и К.Н. се пријавиле во Полициската станица Тетово, по што биле задржани за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

kurumi

Собирал старо железо - пронашол муниција во кесе

На 19.05.2019 година околу 14.40 часот во Полициската станица Струга, Ф.М.(52) од Битола пријавил дека на регионалнниот пат Струга-Подмоље, покрај река Сатеска, на околу 50 метри од мостот, додека собирал старо железо, во кеса пронашол муниција. Полициски службеници излегле на местото, извршиле увид, при што било констатирано дека во кесата имало околу 130 куршуми од разен калибар и пет испукани патрони за ловна пушка.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Засилени сообраќајни контроли во Битола, затекнати низа ниправилности

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, за време на викендот извршиле засилени сообраќајни контроли и притоа контролирани се 1284 возачи, од кои 32 возачи управувале возило без возачка дозвола, седумина користеле сигурносен појас, а дозволената брзина ја надминале 95 возачи. Под дејство на алкохол биле петмина возачи, а четворица возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. Од сообраќај се исклучени 22 возила затоа што биле нерегистрирани.

Македонија | пред 6 години

policija

СВР Штип расчисти седум кривични, кражба, тешка кражба на дрзок начин, насилство

СВР Штип, по преземени мерки и активности, расчисти седум кривични дела од кои две кривични дела - “разбојништва“, една „разбојничка кражба“, три кривични дела - “тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело - “насилство“, сите извршени на подрачјето на Штип.Според досегашната истрага, постојат основи на сомнение дека овие кривични дела се извршени од лицата Е.И.(24), А.М.(26), Б.Н.(26) и М.Д.(24), сите од Штип, кои од претходно се познати како извршители на исти или слични кривични дела за кои веќе биле осудувани и издржувале казна затвор.По целосно документирање на кривично правните настани против наведените лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство. Двајца од сторителите се лишени од слобода и спроведени до Казнено поправни установи за издржување на претходно изречени казни.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Мигранти од Ирак пронајдени во бугарско возило на Табановце

На 19.05.2019 година во 23.30 часот на Граничен премин Табановце, при преглед на товарно возило „Форд Транзит“ со бугарски национални ознаки, управувано од П.П.(47) од Република Бугарија, во кровниот дел од возилото, во наменски прилагоден простор, царински и полициски службеници пронашле осум лица-мигранти од Ирак, кои не поседувале документи за идентификација.Возачот П.П. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

krazba-na-kola-701x466

Српски државјанин обвинет за обид за тешка кражба на автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против еден државјанин на Република Србија кој се товари дека се обидел да стори кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и во врска со член 19 од Кривичниот законик.Обвинетиот, кој немал регулиран престој во државава, на 20.02.2019 година на паркинг простор пред еден хотел во Скопје, се обидел да одземе туѓ подвижен предмет – автомобил Мерцедес, сопственост на оштетено правно лице. Тој со употреба на погодни предмети ги отворил вратите на возилото проценето на вредност од  1.875.750 денари и се обидел да го стартува. Притоа бил затекнат од три лица кои повикале полиција и  го спречиле во намерата.Ценејќи дека и натаму постои опасност обвинетиот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице. 

Македонија | пред 6 години

Sk-Unplugged-45

Се оддржа првото издание на фестивалот Skopje Unplugged

Во петокот на 17.05 се оддржа првото издание на акустичниот фестивал Skopje Unplugged. Фестивалот кој беше најавен и како afterwork sunset rooftop забава во целост ги исполни очекувањата уште со своето прво издание.Публиката имаше можност да ужива со одличните  Foolish Green и нивниот психоделичен поп/рок кои се покажаа како прав избор за отварање на фестивалот.Потоа на сцената се појави Тони Зен, кој се претстави во едно ретко интересно акустично издание. Богата инструментална база за хип хоп артистот кој ја имаше честа да го испрати сонцето и да ги спои денот и ноќта.Следуваа Ај кју кои ја приближија и залепија публиката до бината и ја кренаа атмосферата до точка на вриење. Публиката ги пееше најголемите хитови заедно со нив во „ѕвездено небо“, за потоа да следуваат едни од најспектакуларните бендови кои настапиле во Скопје, Noisettes .Со својот настап покажаа дека се светска класа анимирајќи ја публиката со секој свој потег. Предводени од динамичната и нескротлива пејачка Shingai,  со своите акробации на сцена и дури и во публика, ја направи ноќта за паметење. Сите во еден глас  го пееа нивните најголеми хитови, а Noisettes беа воодушевени од целосниот прием на публиката и целата организација на фестивалот.На крај, печат на ова несекојдневно уживање ставија милениците на домашната публика, Нокаут. Тие и те како добро се снаоѓаат во анплагд настапите и на најубав можен начин го затворија првото  издание на фестивалот Skopje Unplugged . 

Магазин | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

(ФОТО) Страшна сообраќајка на патот Кичево-Охрид, едно лице загина

Едно лице загина, а повеќемина се повредени во страотна сообраќајка што се случила пред половина час на патот Кичево-Охрид.   Несреќата е помеѓу „фолксваген пасат и „сузуки марути“ има повеќе повредени, а пожарникарите се обидуваат да го извадат возачот на „сузукито“.„Несреќата се случи околку 14 часот на магистралниот пат во близина на кичевското село Добреноец. Во моменотв се врши убид на нестото на несреќата. Сообраќајот е во  привремен застој„, вели за скопје 1 портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.  

Македонија | пред 6 години

stavric

Директорка на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, си поднесе оставка

Директорката на Клиниката за детски болести, професор д-р Катерина Ставриќ си поднесе оставка од функцијата, објави „ТВ 24“.Оставката Ставриќ ја поднела уште пред изборите, поради лични причини.На прашањето кој ќе ја наследи директорката – министерот вели дека Клиниката располага со доста стручен кадар и доколку Ставриќ остане на одлуката да се повлече од функцијата, допрва ќе се одлучува кој ќе ја наследи. 

Македонија | пред 6 години

naum

Стоилковски: Заев нема нема план за живот – Од 600 те најавени милиони евра за патишта нема ни Ш

Во време кога Заев оди да отвора автопати низ соседството, потсетуваме на неговите славни изјави. Ова е една прес конференција на Зоран Заев дадена во Струмица, 7 на декември 2016 година пред изборите по кои што направи мнозинство во парламентот и владее во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова што го видовте е Зоран Заев од СДСМ. Оваа легендарна изјава, дел од Заевизмот! Не само што нема никаква инфраструктурна инвестиција, не само што нема никаков план за живот, а од 600 те најавени милиони евра за патишта нема ни Ш!Показател за ова се готовиот автопат Миладиновци-Штип, инвестиција вредна над 200 милиони евра, автопат кој што е готов, изграден, а најави за негово пуштање има на секој следен месец од овие две години!Само годинава на три пати има лаги дека автопатот тукушто не е отворен! Според информациите за причините за одлагање, најново е дека немало поставеа мрежа за спречување на овци да минуваат преку патот! Те се чека технички прием, те се изнаоѓаат доградби, па пак технички прием, па сега мрежа.Милион оправдувања додека граѓаните при готов автопат трошат повеќе  гориво, загадуваат повеќе, возат повеќе. Ама како беше славната мисла на СДСМ, сиромашните и онака не возат!Автопатот Кичево Охрид, 18 месеци нема никаква активност. Ништо не се работи! Дури и таму каде што беше извршено тампонирање, а не е асфалтирано на време, се појавува денивелација на трасата односно потонува тампонот.Значи потребно е наново тампонирање за да може да се асфалтира. А тоа се нови трошоци, за кои некој на крај ќе треба да одговара! Уште потрагично е што минатата година на почетокот на ноември е земен скоро 190 милиони евра нов кредит, а сега, по повеќе од шест месеци оваа власт немаат ниту камен преместено со овие пари на делницата.Почитувани, на виделина излегоа и лагите, односно Заевизмот за автопатот Кичево Охрид, дека се згрешени трасите! Ниту трасите се сменети, ниту има нов инфраструктурен проект, што е потребно за да се смени трасата! Нема никаква постапка за измени во тек на градба во Министерството за транспорт и врски,што значи немало никаква грешка, или не се работи за потреба од исправање на трасите.Автопатот Скопје Штип требаше да биде пуштен на 1 мај 2017 година, а Кичево – Охрид требаше да биде завршен до крајот на февруари 2018 година.За несреќа, државата од 2017 година е во рацете на криминогениот клан СДСМ, што продолжува со традицијата- зад себе оставање само споменици за уништена економија! Дури и ЕУ нотираше огромен проблем во нетрошењето на буџетот за капитални инвестиции кои што носат реален раст на економијата, додека расте задолжувањето!Но, за тоа треба работа и желба, а не посветеност само и само за криминогени тендери за полнење на партиските џебови!Планот за Живот и 600 километри автопати постои само во главите на Заевистите! Се што го поврзува Заев со автопат е играњето чочек по наследената готова нова делница од автопатот кој што понатаму го преименува во „Пријателство“! Се друго ќе заврши како лопатата од патот Велес- Прилеп, во ‘90тите години, повозрасните се сеќаваат на тој проект!Или како вели народната, кога Заев ќе рече дека ќе направи

Македонија | пред 6 години

antonija-1

(ФОТО) Антонија Гиговска, од аеродром на прослава на матура

Девојката со ангелски глас која стана позната по нејзиното учество во Пинкови ѕвездички, Антониа Гиговска, која беше еден од придружните вокали на Тамара Тодевска на Евросонг 2019, вчера славеше матура.Таа не се врати заедно со тимот, туку еден ден порано од причина што брзала да не ја пропушти својата матусрска прослава.

Магазин | пред 6 години

huavej

Официјална Реакција на Huawei за најавите од Google

Huawei направи значителен придонес во развојот на Андроид низ целиот свет. Како еден од клучните глобални партнери на Андроид, ние тесно соработуваме со платформата со отворен код, развивајќи го екосистемот во корист на потрошувачите и на целата индустрија. Huawei ќе продолжи да ги обезбедува своите корисници со најновите надградби за безбедноста на софтверот, како и сите услуги поврзани со постпродажната услуга на постоечките Huawei и Honor производи на пазарот. Вклучувајќи паметни телефони и таблети што веќе се купени од крајните корисници, но исто така и оние кои сè уште се достапни на глобалните пазари. Ние ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски екосистем, кој ќе им го овозможи најдоброто искуство на потрошувачите и нашите клиенти ширум светот. Покрај тоа, ги споделуваме официјалните ставови на Google и Android:Google:"Ние во моментот ги исполнуваме барањата и ги согледуваме последиците од тоа. За корисниците на нашите услуги, безбедносните функции на Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Huawei уреди." Android: Во врска со прашањата како ќе одговориме на најновата акција на американската влада: Ве уверуваме дека додека ги почитуваме барањата на американската државна администрација, услугите како што се Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Huawei уреди. 

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања