Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

IMG-21c6e503e1c45aaf82627d33a18fa243-V-1

Деца од градинките и училиштата од Кисела Вода учествуваа на манифестацијата „Скопје цвета“

Шестиот скопски цветен фестивал што се одржа изминатиов викенд во градскиот парк во Скопје го збогатија  деца од двете јавни детски градинки и општинските основни училишта од Кисела Вода.Децата беа дел од големото цветно дефиле кое тргна  од просториите на Град Скопје и се движеше низ градскиот парк.Тие имаа можност да видат разни видови на цвеќиња и да научат нешто повеќе за нив.Училиштата и градинките од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов добија благодарници за учество и придонес на фестивалот.Манифестацијата „Скопје цвета“ што се одржа под покровителство на Градот Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“ покрај едукативниот дел испрати порака до сите граѓани за зачувување на животната средина. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Одбележан денот на пожарникарството во Скопје

Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај - Денот на пожарникарството. Свеченоста почна со постројување на скопските пожарникари, а командантот на  Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, на градоначалникот Петре Шилегов му поднесе рапорт.Шилегов, во свое лично име и во името на граѓаните на Скопје им се заблагодари на пожарникарите за посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат вршејќи ја оваа благородна професија.- Градот Скопје вложува во опремување и модернизација на Противпожарната бригада. Минатата година обезбедивме нов симулатор за пламени удари кој се користи за вежби преку симулација на реални услови на пожар. Беше набавен нов разгласен систем и во целост беа заменети гаражните врати. Набавени се нови изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги  задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. Ова се само дел од тековните потреби на една модерна Бригада за противпожарна заштита. Знаеме дека оваа опрема долго време ја очекувавте и свесни сме дека вашите потреби не завршуваат тука. На Бригадата за противпожарна заштита и е потребна нова и модерна опрема согласно со европските стандарди – рече денеска Шилегов.Бригадата за противпожарна заштита од оваа година е побогата за нови 20 пожарникари, а предвидени се и дополнителни 50-тина вработувања.- На тој начин, го зголемуваме капацитетот на бригадата, а истовремено сме чекор поблизу до исполнување на европските стандарди согласно со кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители. Вложувањата во развојот на пожарникарството не смеат да престанат. Со секое наредно вложување во техничката опрема и човечките капацитети на противпожарната бригада работиме на создавање услови за поголема безбедност на граѓаните – додаде Шилегов.Тој нагласи дека заштитата од пожари и безбедноста на граѓаните е од витално значење за Скопје.- Секој спасен живот на наш сограѓанин е бесценет, и без вас оваа хумана мисија би била невозможна. Продолжете да бидете наша гордост и гаранција за нашиот безбеден живот – порача градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 6 години

pretepan

Тепачка во близина на Авто кампот ,,Ливадиште“, едно лице со лесни телесни повреди

На 19.05.2019 година во 14 часот, во близина на Авто кампот ,,Ливадиште“ кај Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.К.( 68) од Струга врз Р.С.(38) од селото Радожда.Тој се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга. Напаѓачот М.К. е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

70 годишен возач се здобил со тешки повреди, откако удрил во металната заштитна ограда

На 19.05.2019 година околу 09.30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на Новоселски мост, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(70) од Скопје, изгубило контрола, излетало од коловозот и удрило во металната заштитна ограда. Возачот С.П. се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Гостивар. По укажаната лекарска помош тој бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

tepacka-1

Пијани момчиња се степале пред угостителски објект во Охрид

Денеска во 01 часот и 40 минути, во близина на угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.Џ.(19) врз В.К.(19), двајцата од Охрид.Во видно алкохолизирана состојба, Е.Џ. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

60631599_405812913355448_5925795923371229184_n

Николовски: Ги преземаме сите мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството

Од оваа година за прв пат и Република Северна Македонија се вклучи во одбележување на Светскиот ден на пчелата. По тој повод, денеска министерот Љупчо Николовски присуствуваше на манифестацијата организирана од Сојузот на пчеларски здруженија, а поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На денешниот Светски ден на пчелата, целиот свет се потсетува на важноста на пчелите за животната средина и се испаќаат пораки за заштита на пчелите.Министерот изрази посебна благодарност до Република Словенија и до амбасадата на Словенија во Република Северна Македонија, за нивната заложба и иницијатива до Организацијата на Обединети Нации, за 20-ти Мај да биде прогласен за Светски ден на пчелата.„Република Северна Македонија беше дел од земјите кои ја поддржаа оваа иницијатива и активно се вклучи во политиките за заштита на пчелите. Минатата година во Словенија, кога за прв пат се одбележа Светскиот ден на пчелата, потпишавме Декларација со која се обврзавме на преземање на мерки за поддршка и заштита на пчелите и на другите опрашувачи. Владата на Република Северна Македонија и МЗШВ ќе дадат силен придонес во процесите на зачувување на пчелите и развој на овој сектор, бидејќи пчеларството е навистина важна стопанско-прехранбена гранка. Денес испраќаме порака дека зависиме од пчелите и од другите опрашувачи. Затоа, наша должност и обврска е секојдневно да работиме на заштита на пчелите, бидејќи тоа е важно за нашата иднина, за решавање на проблемите поврзани со глобалното снабдување со храна и за справување со гладта во светот“, изјави министерот Николовски.Пчелите се под голема закана од комбинираните ефекти на климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загубата на диверзитетот и загадувањето. Со поддршка од Светската здравствена организација, Организацијата за храна и земјоделство –ФАО, го разви Меѓународниот Кодекс на управување со пестициди, што обезбедува најдобри практики кои можат да помогнат во намалување на изложеноста на опрашувачите на пестициди. РСМ како држава активно се вклучува во преземање на сите мерки кои што ќе придонесат за заштита на пчелите, преку едукација особено во делот на правилна употреба на пестицидите.Пчеларството е гранка која има важен придонес во земјоделскиот сектор и во зачувување на животната средина. Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е силно посветена на развојот на оваа значајна земјоделска гранка. Преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и ИПАРД Програмата, создаваме институционална поддршка за пчеларството, со што директно го поттикнуваме зголемувањето на пчелните семејства и целокупниот капацитет на пчеларскиот сектор. Бројот на пчелни семејства последните три  години бележи пораст и според последните податоци за пријавени субвенции за 2018 година, изнесува 240.000 пчелни семејства. Со техничка поддршка од словенечкото Министерство за земјоделство, шумарство и прехрана, МЗШВ ќе започне да работи на модел на пребројување на пчелните семејства со цел да се добие точна бројка, што е важно за понатамошните политики за развој на оваа гранка и за поделбата на субвенциите.

Македонија | пред 6 години

popov

Сергеј Попов до Богоевски: Ти оставивме бело брашно, нема благодарност - извини ако сме ти го згрешиле “белото“

Павле Богоевски се уште е пратеник. Не сака да се повлече ниту од морални, ниту од здравствени причини. Ние пак не сакаме избраник на граѓаните да носи одлуки со поматена свест. Не сакаме да се вознемирува кога нема да му биде средено убаво она пола кое што го нарачува, истакна Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Вчера ти оставивме бело брашно ама нема благодарност од твоја страна. Извини ако сме ти го згрешиле “белото”. Еве денес пак бел прашак. Пак имаш цело кило. Можеш да переш алишта ама нема гаранција дека и совеста ќе си ја испереш. Само сакаме да ти напоменеме, во упатството за употреба јасно стои дека не е за преку нос.Павле, нека не те местат таксистите дека наводно си нарачувал пола грам кокаин кога може си мислел и на прашак за перење. Не нарачувај пред непознати луѓе, некои дилери убаво да ти спакуваат “пола” во наредниве месец дена. Ние ќе ти дадеме прашак за перење. Се купува во маркет. Исто како што се купува во аптека и масло од канабис кое се произведува од нивите на Заеви.Ќе ти објаснат Вице и Зоран. Нема потреба по телефон, нелегално да нарачуваш. И немој Павле да се тестираш за наркотици. Нека збори народот што сака. Не си ти по кокаинот. Ти си по белиот прашак. Затоа твоите алишта ќе имаат планинска свежина, истакна Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

vecer-so-tijana-tamara-todevska-01

Тијана откри тајна: Тамара ќе снима дует со Швеѓанецот

Тијана Дапчевиќ откри информација во интервју на српската телевизија „Пинк“. Таа кажа дека нејзината сестра и овогодишна претставничка на Македонија на Евровизија, Тамара Тодевска ќе снима дует со Швеѓанецот. На Евровизија Шведска беше претставувана од Џон Лундвик, кој се бореше со Тамара за првото место во бодувањето на гласовите од жирито, а на крај го освои шестото место.-Тој и пришол и и рекол „Чекај бре, зар е можно да не си црнкиња? Кој може уште така да пее – раскажа Тијана според која Тамара се спријателила и со Италјанецот, кој ја имаше најпопуларната песна на овогодишното издание на манифестацијата.Меѓу другото, Тијана во емисијата на ТВ „Пинк“ истакна и дека е разочарана поради тоа што македонското стручно жири не и даде ниту поен на српската претставничка.

Магазин | пред 6 години

2-1-1

Анѓушев, Тевдовски и Адеми од Виенскиот економски форум: Реформите во енергетскиот, финансискиот и образованиот систем, ја прават земјава достајна за влез во ЕУ

Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министрите за финансии и за образование и наука, Драган Тевдосвки и Арбер Адеми, во рамки на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори - нови перспективи за Република Северна Македонија, го презентираа потенцијалот за инвестирање во земјата и тоа во областа на инфраструктурата и енергетиката, во финанскиот сектор, како и можностите за инвестирање во човечкиот капитал.Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев зборувајќи за инвестициските можности во Република Северна Македонија на „Виенскиот економски форум 2019 - „Економски разговори во Виена- Нови перспективи за Република Северна Македонија“, потенцираше дека земјата нуди многу можности за инвестиции во многу области и дека сега е вистинското време за странските инвеститори да ги реализираат своите инвестициски проекти токму во нашата земја. Тој нагласи дека во 2018 година забележани се позитивни економски показатели, кои се резултат на напорната работа на Владата на Република Северна Македонија.Вицепремирот потенцира дека согласно Владините економски политики се креираини согласно анализите и можностите на Република Северна Македонија, со цел да се максимизира економскиот потенцијал на земјата и да обезбеди повисок и одржлив економски раст, а со тоа и повисок животен стандард за граѓаните. „Доколку се анализира структурата на бруто домашниот производ, лесно се воочува дека во голема мерка тој се создава во четири столба: индустријата, во која се вклучени енергетката и рударството, градежништвото, земјоделството, како и во трговијата која е составен дел на претходните три.Задоволни сме со растот во сите гранки во минатата година, но исто така сме свесни дека пстои голем простор за подобрување на секоја од гранките. Во однос на индустријата, веќе споменав дека со Законот за финансиска поддршка, кој е во согласност со ЕУ легислативата, се овоможува силна финансиска поддршка, како и даночни и царински олеснувања за новите инвестиции, која може да одстигне до 50% од висината на инвестицијата. Тука се вклучени мерки за финансиска поддршка кои подразбираат поврат на 10% од направена нвестиција и дополнителни 10% поврат на инвестицијата доколку компанијата е извозно ориентирана, како и мерка за поврат на 20% од исплатените нетоплати за вработените, кои изнесуваа над 50% од минималната плата во држаата. Важно е дека системот за поддршка е многу транспарентен и секој инвеститорт однапред може да пресмета колку поддршка може да очекува од државата“, подвлече Анѓушев.Северна Македонија, како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, успешно ја одржуваше макроекономската и финансиската стабилност во минатото и „решени сме така да биде и во иднина“ и на тој начин, како што додаде тој „на постојните, но и на потенцијалните странски инвеститори им гарантираме стабилност“.„Клучните параметри на оваа макро стабилност исто така ја рефлектираат нашата стратешка определба да се доближиме до ЕУ и да станеме земја членка, односно нашата валута е цврсто поврзана со еврото, со непроменет паритет повеќе од две децении, инфлацијата е ниска и стабилна, а буџетскиот дефицит ретко надминува 3% од БДП - годинава очекуваме дефицит од 2,5%.Понатаму, одржуваме блиски економски врски со Западот: 80% од нашиот извоз во 2018 година заврши во ЕУ (и уште 11% во нашите соседи надвор од ЕУ), а речиси 80% од странските директни инвестиции во Северна Македонија доаѓаат од ЕУ“, истакна министерот Тевдовски.Во своето обраќање, министерот за финансии Тевдовски посочи дека за потенцијалните инвеститори е особено значајно дека регулативата во финансискиот систем е усогласена со ЕУ, и дека во Република Северна Македонија се нудат неколку можности за инвестирање во финансискиот систем, односно гринфилд инвестиции, како и инвестиции со заеднички капитал со меѓународни финансиски институции.„Имајќи го предвид фактот дека глобалниот тренд за пораст на потребата од стручен кадар ја зафаќа и Република Северна Македонија, покрај реформите во основно и високо образование, правиме и крупни промени во областа на средното образование, со фокусот на стручното образование“, образложи министерот за образование и наука, Арбер Адеми.„Имам задоволство да информирам дека со поддршка од Светска банка изготвивме вкупно 1040 нови наставни програми кои се засноваат на резултатите од учење и оценување на резултатите од учењето. Ако на ова ја додадеме и изработката на нови учебници по оние предмети по кои имаше потреба од дополнување и осовременување на податоците и содржината, очекувам значително подигнување на креативноста на часовите и интересот на учениците за акумулирање на нови знаења“ рече меѓу другото министерот Адеми во своето обраќање и додека дека „пред три години во земјата, во едно средно училиште од областа на електротехниката се воведе дуално образование, кое си најде врвна партнерска компанија за имплементација на планот за едукација на учениците, кој подразбира повеќе практична настава за нив и тоа непосредно на работно место. Минатата година, концептот се воведе и во две други училишта, заедно со неколку партнерски компании, а од септември кога стартува новата учебна година се опфаќаат нови и нови училишта“.Во рамки на дискусијата на Виенските економски разговори, беше истакнато дека постојат неколку апсекти во работењето на Владата коишто се за потенцирање, односно транспарентното носење на одлуки и вклученост на сите инволвирано во тој процес. Дел од говорниците, исто така, потенцираа дека Северна Македонија е отворена и за новите инвеститори нуди повеќе од совршени услови за работење.

Македонија | пред 6 години

kesi-hrvatska

(ВИДЕО) Со невремето во Хрватска „исплива“ балканската култура

На социјалните мрежи се појавија снимки по неодамнешното невреме, проследено со силен ветер , што зафати дел од Балканскиот полуостров.Водата од река Романија влечи огромно количество пластични шишиња и смет, а во Хрватска пак, ветерот направи пустош и ,,море“ од пластични ќесиња.https://www.facebook.com/lidia.serban.146/videos/189571485363706/ https://www.facebook.com/realitybeyondmatter97/videos/435633926983898/

Свет | пред 6 години

pendarovski-dzaferi

Пендаровски и Џафери договорија поблиска координација на двете институции во корист на граѓаните

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Собранието на Талат Џафери со кого разговарале за актуелните состојби во државата, како и за важноста сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на следниот важен чекор во европската интеграција на Македонија, одредување датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.Двајцата соговорници ја истакнаа важноста сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на следниот важен чекор во европската интеграција на Република Северна Македонија – одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.Двајцата соговорници договорија натамошна поблиска координација на двете институции во корист на граѓаните и во интерес на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.  

Македонија | пред 6 години

Asfaltirani-ulici

Во општина Аеродром асфалтирани улици со површина од 4.000 квадратни метри

Општина Аеродром во изминатиот период асфалтираше улици со површина од 4.000 квадратни метри. Станува збор за реконструкција и одржување на веќе постојни улици во Горно Лисиче и Мичурин.Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжи со овие активности на ниво на целата територија на Општината, со цел подобрување на инфраструктурните услови.

Скопје | пред 6 години

Stojan-Alcorn-7

Стојан Стојановски од Охрид со исклучителни резултати како на тениски, така и на училишен план во Америка

Стојан Стојановски од Охрид кој само што ја заврши својата втора година студии во Америка, постигна исклучителни резултати како на тениски, така и на училишен план.Имено, Стојан кој имаше одлична прва сезона, и кој отиде во Америка после освојувањето на Државното првенство за мажи во Македонија, продолжи со одличната игра и се натпреваруваше против најдобрите играчи во Американската Универзитетска НЦАА лига. Беше избран во најдобриот тим во Југозападниот дел на Америка и истовремено беше избран за МВП (најдобар играч), односно најдобар студент спортист на Универзитетот Алкорн. На овој универзитет во Мисисипи од минатата година се придружи и Ѓорѓи Поповски, уште еден македонски тенисер, па тие како Македонска двојка имаа исклучителни резултати и беа еден од најдобрите парови во Конференцијата.Стојан студира компјутерски науки и својата извонредност ја пренесува и на академски план, завршувајќи ја втората година со највисоки оценки, при што добива бројни признанија од деканот на универзитетот за одличните резултати и за својата посветеност кон студиите.

Спорт | пред 6 години

marihuana

На патот Стење-Царев Двор, ресенско, запленети околу 23 килограми марихуана

На 19.05.2019 околу 22.00 часот на патот с.Стење-Царев Двор, во близина на с.Козјак, ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале лицата Б.Г(46) и В.А(56), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид, со товарно возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки и едно лице кое управувало патничко возило „Мерцедес“. Лицето со патничкото возило побегнало од местото, при што во близина на с.Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана. Б.Г. и В.А. биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Товарното возило „Мерцедес Вито“, торбите со марихуана и други предмети биле одземени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Лишени две лица од слобода, при преглед на нивно возило била пронајдена марихуана

На 19.05.2019 година околу 00.10 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, во с.Долно Палчиште, полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Љ.(31) од Тетово, во кое бил и Б.Џ.(31) од село Стримница, тетовско.При нивен и преглед на возилото била пронајдена марихуана. Тие биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

ekstazi

Кај 32 годишен тетовец пронајдени екстази

На 19.05.2019 година околу 22.00 часот на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода Ѓ.Ј.(32) од Тетово. При преглед кај него била пронајдена опојна дрога - екстази. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka1-1

29 годишна Тетовчанка со „Ауди“ излетала од коловозот и удрила во дрво

На 19.05.2019 година околу 12.20 часот на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во с.Глоѓи, патничко возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Р(.29) од Тетово, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во дрво. А.Р. се здобила со повреди и била пренесена во клиничката болница во Тетово каде и била укажана помош и била задржана на лекување. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се судриле „Шевролет“ и мопед, еден повреден

На 19.05.2019 година околу 15.15 часот на крстосницата од ул.„Западен булевар“ со ул.„Вишешница“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Г.(19) од Кавадарци и мопед „Канга“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(23) од Кавадарци.Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци и по укажаната помош бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје на понатамошно лекување.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Македонија | пред 6 години

sudija-696x344

(ВИДЕО) На фудбалски натпревар во Боливија судија почина од срцев удар

Судијата Виктор Хуртадо починал за време на натпреварот од 25.коло во националниот шампионат на Боливија меѓу екипите на Олвејс Реди и Петролеро (5:0).Според тамошните медиуми, трагедијата се случи во второто полувреме кога срцето на 32-годишниот судијата престанало да работи. Лекарите од двете екипи се обиделе да му помогнат. Потоа, тој бил испратен во болница, но лекарите не можеле да го спасат.Исто така е објавено дека лекарите на стадионот успеале да го реанимираат Хуртадо. Меѓутоа, во болницата, тој повторно имал срцев удар, што доведе до смрт.

Свет | пред 6 години

asanz-2

Шведскиот обвинител поднесе барање за апсење на Асанж поради обвинувањата за силување

Шведскиот обвинител кој поведе истрага за обвинувањата за силување против основачот на Викиликс Џулијан Асанж денес поднесе барање до локалниот суд за негово апсење во отсуство.Ако биде издаден, налогот за апсење ќе биде првиот чекор што ќе резултира со екстрадиција на Асанж од Велика Британија во Шведска. Моментално тој е во затвор во Британија, каде заради прекршување на условите за кауција му беше изречена затворска казна во траење од 50 недели.

Свет | пред 6 години

DSC_8950

Два авиони наместо во Скопје, слетаа во Приштина и Охрид

Поради силниот ветер кој синоќа дуваше во Скопје, два авиони не слетаа на скопскиот аеродром, туку беа пренасочени. Па така, едниот слета во Охрид, а вториот во Приштина.Авионот кој летал на релацијата Истанбул – Скопје бил пренасочен на аеродромот во Приштина, а уште едно летало на Визер кое доаѓало од Малта, наместо во Скопје слетало во Охрид.

пред 6 години

soobrakajka-1

39 сообраќајки изминатиот викенд во Скопје

За непрописно паркирање изминатиот викенд во Скопје се изречени 200 мерки, а „пајакот“ подигнал 134 возила.Во  12 од вкупно регистрираните 39 сообраќајки со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а 12 се полесно повредени. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 55 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца возачи почетници, а од сообраќај се исклучени и 48 нерегистрирани возила.Изречени се санкции на 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, девет кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 13 за неносење сигурносен појас, 31 за користење мобилен телефон.

Скопје | пред 6 години

1853457lena-ilicff

Погребана Лена, последната жртва на автобуската несреќа во Ниш

Шеснаесетгодишната Лена Илиќ, која почина во петокот од последици од повредите, кои ги доби на 21. декември мината година во судир на автобус со воз на пружен премин во Ниш, погребана е вчера во родното село Чокот.На вечното почивалиште ја испратиле повеќе од илјада луѓе, членови од семејството, роднини, соседи.Во поворката биле и нејзините другари од училиште и наставниците од Уметничкото училиште каде била втора година, кои носеле 16 црвени балони, симбол на нејзините изгубени години, кои по нејзиниот погреб ги пуштиле да одлетаат како последен поздрав за неа.Во судирот меѓу автобусот и возот смртно настрадаа 7 лица.

Свет | пред 6 години

isis

Бунт во затвор за милитанти од Исламска држава во Таџикистан, 32 загинати

Тројца чувари и 29 затвореници се убиени во затвор под висока безбедност во Таџикистан, откако осудени џихадисти од Исламска држава започнале бунт, објави тамошното Министерство за правда.Во соопштението се наведува дека бунтот почнал доцна во неделата во затвор во Вакдатa, 10 километри од главниот град Душанбе. Бунтовниците биле вооружени со ножеви и усмртиле тројца чувари и петмина затвореници.Еден од иницијаторите на бунтот бил Бекруз Гулмурод син Гулмурод Калимов, важен оперативец во таџикистанските специјални сили кој пребегнал на страна на Исламска држава во 2015 година, а според податоците на Министерството бил убиен во Сирија.Безбедносните сили успејале да го вратат редот во затворот со 1.500 затвореници, соопшти министерството.Исламската држава, која едно време територијално се простираше на голем дел од Сирија и Ирак, сега ги изгуби своите упоришта, ја презеде одговорноста за уште еден бунт во таџикистански затвор од минатата година во ноември, по смртоносниот напад на нивни следбеници врз туристи од Запад во јули 2018 година.Исламската држава, која едно време територијално се прошири на голем дел од Сирија и Ирак, а сега ги загуби своите упоришта, ја презеде одговорноста за уште еден бунт во таџикистански затвор кој се случи во ноември минатата година. 

Свет | пред 6 години

ohrid-dzamija-minare

Денес протест во Охрид против минарето на Алипашината џамија

Здружението на граѓани „Совест“ денес во 16 часот ќе одржи протест на улицата Димитар Влахов во Охрид, пpoтив диватa градба на 32 метри високото минape во центарот на Охрид.„Ве известуваме дека на ден Понеделник, 20 мај во 16.00 часот пред зградата на Општина Охрид на улица Димитар Влахов ќе се организира мирен протест по повод незаконско градење на Алипашина џамија. Очекуваме ваша силна подршка и обавезно присуство.За Охрид до крај!!!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања