Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

5-2-1

Заев на ифтарска вечера организирана од Стопанската комора :Рамазан е празник кој не учи да создаваме заедница во која сите сме еднакви

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, вечерва беше гостин на ифтарска вечера организирана од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, по повод светиот месец Рамазан.По завршување на вечерата, премиерот Зоран Заев се обрати пред присутните, а на организаторите им се заблагодари за поканата и за укажаната чест.Покрај премиерот Заев, свое обраќање имаше и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и  претседателот на стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа, кој им заблагодари за присуството на сите гости. На оваа ифтарска вечер присутни беа и вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи, министрите Крешник Бектеши, Дамјан Манчевски и Едмонд Адеми.Во продолжение ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Зоран Заев:„На почетокот дозволете ми да ја изразам мојата голема благодарност за поканата и за честа што ми е укажана да бидам заедно со вас, на ифтар, за време на Светиот месец Рамазан.Ова е убава прилика вам, и на сите припадници на исламската вероисповед во нашата земја да им посакам честитки и радост во извршувањето на вашите должности, и во духовен мир, среќа и здравје да го дочекате Бајрам.Најважниот и најсветиот месец во духовниот живот на припадниците на Исламот повикува уште еднаш да ги афирмираме вредностите на простување и сочувствување, на толеранција и на почитување на другите.Рамазан е и празник кој не учи дека сите имаме должност да им помагаме на другите, да реагираме и да помагаме да се исправи неправдата, ако му е некому нанесена. Да го даваме најдоброто од себе за да создаваме заедница во која сите сме еднакви. Наша должност е да си служиме и да си помагаме едни на други.Овие вредности се испреплетуваат низ сите вредносни системи на различните верски традиции во нашата земја. Тоа е големата вредност на овие наши заеднички простори во кои сме упатени едни на други зашто цврсто не поврзуваат вековните меѓусебни уважувања. Посебно ми причинува задоволство што вечерва сум меѓу пријатели, сонародници, со кои заеднички ги делиме сите предизвици на нашето заедничко општество.Партнерскиот однос и меѓусебната соработка што ги воспоставивме со Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и со бизнис заедницата од овој регион е од огромно значење за успехот и исчекорот напред на нашите економски политики, во интерес на граѓаните и секако на компаниите. Тоа е здрава и стабилна основа на којашто ја поставивме нашата земја. На крајот дозволете ми уште еднаш да ви посакам преостанатите денови од постот за време на Светиот месец Рамазан да ги поминете со членовите на вашите семејства, пријателите и со најблиските, во слога и спокојство, со сите ваши соседи и пријатели, во добро здравје и духовна сила која ќе ви даде поттик во остварувањето на вашите добри дела.“

Македонија | пред 7 години

Ivica-Konevski-1

Коневски: Коалиционите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ беа минимални, а тоа беше хендикеп за Силјановска

Во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, поранешниот градоначаник на Аеродром, Ивица Коневски рече дека малиот коалиционен капацитет на неговата партија, особено со албанските партии, бил хендикеп за Гордана Силјановска.-Коалиционите капацитети на нашата партија беа многу мали, минимални и тоа беше голем хендикеп за Гордана Силјановска. Имаме уште една година до парламентарните избори, се надевам дека ќе успееме да направивме коалиционен капацитет за да победиме и да формираме влада, рече Коневски.

Македонија | пред 7 години

ohrid-sonce-vreme-vremenska

Еве какво време не очекува викендов

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално со засилен ветер и појава на град.Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 14 до 24 степени.Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 20 степени.За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло. Од понеделник во попладневните часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Приведени менаџери на ресторани, адвокати, директори, банкари - купувале кокаин

Во акцијата на полицијата во која беа уапсени четворица дилери на дрога, од слобода се лишени уште 12-мина кои купувале кокаин.  МВР, Обелоденува дека тоа биле менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, објави курир.мк.  Од слобода лишени  12 лица.Полицијта соопштува дека за време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин .Во рамки на истрагата, претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за овозможување на употреба на наркотични дроги.Текстот е превземен од Курир.мк

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Утре без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 17.05.2019 година (петок) поради приклучок на нова мрежа од ф-100 мм на ул. „Мирослав Крлежа“ бб (пред кафана Наџак), прекинато водоснабдување ке имаат корисиниците на потегот од ул. „Орце Николов“ до улица „Костурски Херои“ (29 Ноември) од 08:30 часот се до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

mkd-421810

(ВИДЕО) Еруптираше вулканот Попокатепетл во Мексико

Вулканот Попокатепетл еруптираше денес во Мексико и се очекува вжарениот пепел да загрози најмалку 20 населени места, објавија локалните медиуми.Според извештаите, ерупцијата се случила околу 8:17 часот по локално време, а облакот од пепел се издигал до висина од 1,5 километри и се движи во правец на општината Пуебла.https://twitter.com/InfoMeteoro/status/1129022825535160320?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1129022825535160320&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fvulkanska-erupcija-vo-meksiko-zagrozeni-20-naseleni-mesta-videoПоследната ерупција на вулканот Попокатепетл се случила ноќта на 26 март и тогаш лава и вжарена пепел достигнале на околу 2,5 километри од кратерот.Во изминатите неколку месеци е забележана зголемена активност на овој вулкан.https://twitter.com/News_Executive/status/1129066122073038849?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1129066122073038849&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fvulkanska-erupcija-vo-meksiko-zagrozeni-20-naseleni-mesta-video

Свет | пред 7 години

mickovski-press-poraz-1

Мицкоски: Заев вети дека ќе прави метла, но наместо тоа отиде на одмор

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со скопјани во општина Гази Баба.„Нема застанување, нема калкулации, имаме задача да ја кренеме земјата од пепелот во кој ја оставаат и пустошот кој го прави оваа власт со секој поминат ден. Реалноста значи дека имаме работа со луѓе кои се измамници, луѓе кои ги искористија, прокоцкаа сите шанси и сите дадени можности“, порача Мицкоски.Според лидерот на опозицијата, се знае дека нема подобро со оваа власт и дека „метлата” во која се колнеше премиерот Заев е само уште една проѕирна лага.„Откако во првиот круг ги виде резултатите од изборите, на кои претходно велеше дека блескаме, вети дека ќе прави метла. Завршија изборите, наместо метла отиде на одмор. А таквата, метлата ќе ја правел по еден месец. Но, не е до метлата, туку до тој што треба да измете. Тој човек треба да си замине. Ова се луѓе кои уништуваат, уриваат, кои со својата непринципиелност оставаат зад себе чемер и јад и неморал кој ги урива вредностите. Ние сме тие кои заедно со народот ја имаме обврската да се избориме за иднината на земјата, да обезбедиме напредок, и решавање на проблемите. И ние тоа ќе го направиме. Заедно и силно, за нашата Македонија!“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

sugareski

Сугаревски за лошата перцепција за капиталните инвестиции: Сигурно има вина и кај нас

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека за лошата перцепција што ја има во јавноста за состојбата со капиталните инвестиции има вина и кај власта.За лошата перцепција, ќе бидам искрен, сигурно има и кај нас вина, но тврдам дека свесно кочење нема. Во моментов над 30 патишта се реконструираат. Ќе речете тоа е само реконструкција, но тоа се патишта кои 50 години не биле реконструирани. 40 водоводни канализации прави само Министерството. Можеби ние недоволно сме го презентирале тоа, но се прави, рече Сугаревски.За само четири месеци годинава реализацијата на капиталните инвестиции во гасоводната мрежа е 27,6 отсто од предвидените 1,5 милијарди денари, а лани вкупно биле реализирани 400 милиони денари.-Мајската ситуација ќе биде сериозно добра за гасфикацијата зашто таа влегува во вториот квартал, нагласи Сугарески, потсетувајќи дека на денот кога станал министер, лотот од Неготино до Битола 98 проценти не бил експроприран.Според него, оваа Влада во целост стои зад двата експресни патишта: Ранковце – Крива Паланка и Штип – Радовиш, во должина од по нешто над 40 километри. Три милијарди денари е реализацијата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првиот квартал годинава, а лани била 987 милиони.

Македонија | пред 7 години

untitledtrhtrh84558y4455y4455y44ee

Заев: Ја повикувам македонската дијаспора да гласа за Тамара

Премиерот Зоран Заев попладнево на својата официјална Фејсбук страница ја поддржа нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска.-Навиваме денеска за Тамара и ѝ ја посакуваме целата среќа, како наш претставник на Евровизија 2019 во Тел Авив, Израел. Се надевам сите ќе нѐ направи горди или како што самата кажува во песната, „Raise your voice and say it loudly – I am #PROUD“ (Кренете го вашиот глас и кажете гласно – Се гордеам). Ја повикувам македонската дијаспора да ја поддржи Тамара и да гласа за број , на втората полуфинална вечер, која ќе започне вечерва во 21:00, напиша Заев.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Летонија го ратификуваше протоколот за влез на Македонија во НАТО

Парламентот на Летонија го одобри зачленувањето на земјава во НАТО. Како што соопшти, денеска е усвоен нацрт-законот со кој се ратификува протоколот за пристапување на Република Македонија кон Алијансата.-НАТО обезбедува сигурност за скоро една милијарда граѓани во Европа и Северна Америка. Со пристапувањето на Северна Македонија, ќе има 30 земји-членки – сите подготвени да се заштитат меѓусебно. Пристапувањето на Северна Македонија во Алијансата, исто така, се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната и евроатлантската безбедност, рече Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи кој е одговорен за нацрт-законот во Саима.Оваа информација на твитер ја објави и Мисијата на Летонија во НАТО.

Македонија | пред 7 години

60212743_456205011805417_3924367268246454272_n

(ВИДЕО) Автобус непречено се возел низ чаршијата во Струга

Видео снимка на која се гледа како автобус поминува низ чаршијата  во Струга кружи на интернет.Автобуост слободно поминува низ шеталиштето каде е забранет сообраќај, а на една од фотографиите се гледа и автомобил кој се движи пред автобусот.Граѓаните реагираат дека покрај тоа што се разочарани од целиосниот колапс на државниот апарат и институциите кои како да не постојат, сега се веќе истоштени од се што им се случува околу нив во секојдневието и дека се помалку гледаат надеж дека некој ќе успее да воведе барем елементарен ред во државата.ВИДЕО:https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1692882254191176/

Македонија | пред 7 години

divo-naselje-21-Custom-696x363

Кумановската група ја пцуеја судијката и кажаа дека ова е Албанија

Со една минута молчење за паднатите другари во населбата Диво Насеље, започна судската расправа во Апелациониот суд во Скопје во случајот „Диво Насеље“. Новинарот на Лајм кој е присутен на седницата објави дека судењето започнало во напната атмосфера.Кумановската група изразила револт и не и дозволиле на судијката да зборува на македонски.Кумановската Група му се обрати на македонската судијка: Зборувајте албански, тука е Албанија, вие „БЕГАЛЦИ”, сте дојдени овде, рече Вал Зекај од Кумановската група, не дозволувајќи и на судијката да зборува. Него го поддржаа и другите членови на Групата.Тие добија овластување на адвокатите и ја напуштија седницата.

пред 7 години

IMG_2819

Шаховска симултанка на Кутиров во Кисела Вода

Нашиот познат шаховски велемајстор Роландо Кутиров, утре ќе биде гостин на општината Кисела Вода и ќе одигра симултанка на 21 табла со учесниците на „Шаховската лига на Кисела Вода 2019“. Настанот ќе се случи во салата на УЗ 11-ти Октомври (згради) со почеток во 11:30 часот и ќе биде отворен за сите љубители на шахот.Предизвикот за нашиот велемајстор  Кутиров ќе биде уште поголем, ако се знае, дека, неговите противници ќе бидат селектирани од осумте екипи кои годинава земаа учество во шаховската лига „Кисела Вода 2019“.Инаку, лигата завршува утре со одигрувањето на последното 14-тото коло кое започнува во 10:30 часот. 

Спорт | пред 7 години

traktor

Тракторист со тешки повреди поради лизгање на земјиште

На 15.05.2019 година во 11.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на некатегоризиран пат од правец на с.Зрновци кон браната „Зрновска река“, поточно кај местото викано „Бузовачки дол“, атар на с.Зрновци, поради лизгање на земјиште од патот дошло до превртување на трактор со приколка, управуван од Ѓ.С.(38) од с.Зрновци.Притоа, Ѓ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничката болница во Штип.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 7 години

pretepan

Заедно пиеле алкохол, па му удрил бокс во чело

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот е државјанин на Република Албанија кој во село Неготино, општина Врапчиште престојувал во напуштена куќа, без регулиран престој во државава. Заедно со него во куќата престојувале уште петмина државјани на Република Албанија. На 14 мај, додека вечерале и консумирале алкохол, меѓу двајца од нив дошло до вербална расправија. Сега осомничениот во еден момент со бокс во челото го удрил оштетениот и му нанел видлива повреда. Од ударот оштетениот паднал, при што се здобил и со дополнителни тешки телесни повреди изразени како фрактури на две ребра.Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го уважи предлогот на надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена. Притоа особено се ценеше фактот дека лицето не приложи доказ за регулиран престој во земјава и дека постои опасност тој да се даде во бегство со цел да го избегне кривичниот прогон.

Македонија | пред 7 години

Foto-3

Заев-Пендаровски: Соработка меѓу владата и претседателот за интензивирање на реформските процеси во државата

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.На средбата, премиерот Заев упати честитки за стапувањето на функцијата и му посака успешна работа на претседателот Пендаровски.Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев се заложија за конкретна и суштинска соработка меѓу Претседателот и Владата со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската унија и во НАТО.Претседателот и Премиерот ја нагласија потребата за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државата со цел остварување на европските и евроатлантските перспективи на Република Македонија и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Верижен судир на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје

Четири возила се судрија попладнево кај бензиската пупма на „Лукоил“ на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, пишува „Република“.Полициски екипи во моментот вршат увид, по што ќе се знаат повеќе детали.Сообраќајот се одвива отежнато.

Скопје | пред 7 години

tortevski

Тортевски: Павле избрза, можеше да рече дека се работи за пола јагне, или пола прасе

На пратеникот Павле Богоевски, му се заканува минимум една година затворска казна со тоа што потврди дека му овозможил на друг да користи дрога. Според адвокатот, Александар Тортевски, обвинителството има основ да покрене постапка со тоа што Богоевски призна дека набавувал масло од канабис, објави Фокус.„Да не истрчаше со статусот, не ќе можеа ништо да докажат против него. Сепак, Павле излезе храбро и, оправдано или не, соопшти во јавноста дека врши кривично дело. Во ваква ситуација да се најдеше мој клиент, немаше да го осудат. Павле можеше да рече дека се работи за пола јагне, или пола прасе. Тој не зборува за грама, туку само вели „пола“ и „спреми го добро“ – вели Тортевски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Костадинов бара од сите надлежни институции да го решат случајот со „бомбата“ за Богоевски

Владејачката СДСМ бара надлежните институции да го истражат случајот со објавувањето на тајно снимениот разговор на пратеникот Павле Богоевски и неговото објавувањето на тој разговор на социјалните мрежи.„Очекуваме сите надлежни и засегнати институции да постапат и да го решат случајот, особено околу неовластеното снимање и емитување на снимката. Што се однесува до моралните аспекти, тие се на личната совест и одговорност на секој пратеник. Законите важат за сите подеднакво“ – изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

ivon

Величковски: Случајот “Павле Богоевски” потврдува дека прислушкувањето продолжува

Претседателот на Либерална Партија, Ивон Величковски се огласи на Фејсбук во врска со пратеникот Богоевски и прислушкувањето.„Со случајот “Павле Богоевски”, се постигнати 4 ефекти:– пратеникот Богоевски е дискредитиран;– претседателот на Мандатно-имунитетската комисија Богоевски, која ќе одлучува за мандатот на Груевски и самиот нејзин состав е дискредитиран(а);– Шарената револуција од каде тој потекнува е додискредитирана;– По втор пат (со аудио-запис) станува јасно дека и натаму се прислушкува и по 27 април 2017, а за цело тоа време министерот (и до 2017 заменски) е ист.Заклучок: Реформи на службите? Владеење на правото? Ма #Оставкабре ,напиша Величковски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

sveti-kiril-i-metodij-5

И Србите ќе го слават Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј

Владата на Република Србија на денешната седница го усвои Предлог-законот за дополнување на Законот за државни и други празници со кој предлага 24 мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј.„Со овој празник ќе се одбележува Денот на словенската писменост и култура, кој го втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачите на словенската книжевност и креаторите на првото словенско писмо – глаголицата“, соопшти српската Влада.

Македонија | пред 7 години

civil-1

ЦИВИЛ бара да се укинат привилегиите на функционерите

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да му стават крај на расипништвото и повластици во кои уживаат функционерите. Почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.– Бесмислено е да се трошат огромни суми пари за доживотни повластици на поранешните претседатели на државата, без оглед на тоа дали тие биле на висината на својата функција или биле криминалци. Едноставно, нема ниедна логична причина тие доживотно да живеат во раскош на сметка на сиромашните граѓанки и граѓани на Република Македонија.Функционерите во законодавната и извршната власт, а секако и локалната самоуправа, мораат да се откажат од луксузните автомобили, од патните трошоци, од репрезентативните издатоци, прескапи патувања за кои имаат слаби изговори, луксузниот мебел, набавки на уметнички дела за „декорирање“ на нивниот работен простор и сите останати удопства на кои полагаат право врз основа на закони зад кои стојат сомнителни, па и криминални мотиви, стои во соопштението.Според ЦИВИЛ, сѐ што е до сега набавено, мора да се продаде, а средствата да бидат наменети за подобрување на образованието, здравството и безбедноста. Наместо локалните шерифи да се возат во автомобили од над 50.000 евра, треба да се набават противпожарни и амбулантни возила, или автобуси за учениците. Наместо да се прејадуваат по ресторани, функционерите мораат да работат на борбата против корупцијата и сиромаштијата во земјата.– Апанажите мора да се укинат или да се сведат на минимум. Во оваа земја социјалната помош му се укинува на примателот, ако заработи екстра приход од собирање пластични шишиња во вредност од 300 денари. Неприфатливо е да се креираат, а потоа и до максимум да се користат сите прописи според кои функционерите, практично, не мораат во ниеден момент да посегнат по својот џеб. Секоја чест на исклучоците за кои знаеме дека ги има и чесно и одговорно се однесуваат кон јавните ресурси. Но, поединечните добри примери меѓу функционерите не се доволни – соопшти ЦИВИЛ.Од таму бараат да се ревидираат сите законски регулативи според кои им се даваат прекумерни повластици и на актуелните и на функционерите во заминување. Во време кога ни умираат деца поради лошото здравство, кога младите во огромен процент се функционално неписмени, кога луѓе гладуваат и се мрзнат по своите домови, не може да се трошат 165.000 евра годишно за некого, па нека е тоа и поранешен претседател.ЦИВИЛ бара воведување стандарди според кои набавките ќе бидат не само транспарентни, туку и рационални! Возилата не смеат да бидат луксузни, ни во голем број, туку да одговараат на практичните потреби на институциите и луѓето што ги раководат. Истото се однесува на сите останати аспекти од нивното трошење.Доколку властите не почнат итна постапка за корекција на законските регулативи според кои се трошат вртоглави суми пари за повластици на функционерите, граѓанките и граѓаните треба да го искористат и своето право на протест.ЦИВИЛ ќе ги достави барањата за укинување на привилегиите на функционерите, објавени и во соопштението од 14 мај, до Собранието утре во пет минути до 12 часот.

Македонија | пред 7 години

reis

Сулејман Реџепи денес повторно не се појави во Обвинителството

Реисот Сулејман Реџепи и понатаму го игнорира обвинителството кое отвори предмет во кој истражува дали има говор на омраза во неговите изјави за кои имаше лавина реакции.Тој денеска по трет пат беше повикан да се појави на распит, но, како што информираат од ОЈО,  Реџепи повторно не се појавил, пренесе Канал5.Од ИВЗ за Канал 5 велат дека тој не бил уредно поканет, но не коментираат повеќе околу тоа дали и кога тој би се појавил во обвинителството.Инаку, тој се најде на мета на критики откако изјави дека Македонците се диви и затоа немаат идентитет, на поставувањето камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија.

Македонија | пред 7 години

IMG_0594

Бектеши: Ќе продолжиме со поддршка на женско претприемништво со цел јакнење на економијата

Министерот за економија Крешник Бектеши се обрати на Регионалниот Бизнис форум за жени претприемачи од Западен Балкан, кој денеска и утре се одржува во Скопје. На настанот свое обраќање имаа и Анка Јонеску, директор на ЕБРД за Македонија како и Маја Коистра, главен менаџер во ЕБРД за мали бизниси.Бектеши истакна дека Стратегијата за развој на женското претприемништво изготвена во Министерството за економија со Акциски план кој ќе се имплементира во периодот 2019 – 2023 година, има за цел економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемнички потенцијал,  истовремено ќе придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.„За имплементација на Стратегијата,  Министерството за економија носи годишна Програма за конкурентност, иновации и претприемништво, во која годинава само за оваа цел се обезбедени 2.500.000 денари, а се субвенционираа претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци направени за набавка на опрема и алати; уредување на деловниот простор и воведување на софтверски решенија“ информираше министерот дополнувајќи дека Јавниот повик е активен од месец февруари, и дека жените претприемачи може да аплицираат до конечно исцрпување на средствата.  Но истовремено имаат можност да аплицираат и за сите останати мерки од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво, која има обезбеден буџет од 53 милиони денари.Директорката Јонеску истакна дека програмата е пласирана во октомври 2014 година, и има за цел да го промовира женското претприемаштво, да го подобри пристапот до финансирање и консултантски услуги, како и да даде поддршка на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) од Западен Балкан кои се управувани од жени. ПЖПЗБ е финансирана од ЕБОР, Луксембург и Шветска, со интегриран пристап на таргетирање на жените од ММСП во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.„Денеска посетивме неколку компании кои ги искористија придобивките од Програмата за жени претприемачи од Западен Балкан, благодарение на континуираната поддршка на донаторите, на овој начин ќе се зајакне женското претприемништво, економиите во регионот, а со тоа ќе го забрзаме процесот на интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, истакна Коистра.Настанот овозможи водечките жени претприемачи од Западен Балкан да се вмрежат и да разменат искуства. Споделени ќе бидат и резултатите од Програмата за жени претприемачи за Западен Балкан (ПЖПЗБ) и најдобрите меѓународни пракси за финансирање на жените, а ќе бидат доделени и награди за најуспешните жени претприемачи и најдобрите службеници за кредитирање на бизнисите управувани од жени. 

пред 7 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Случајот дрога со Богоевски го отвора прашањето за легалноста на промена на името

Единствена Македонија на повеќе наврати ја запозна јавноста за ништовноста на Договорот за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право како и за постапката во меѓународни рамки како да се поништи договорот, велат од Единствена Македонија.„Меѓутоа, сега и случајот дрога со пратеникот Павле Богоевски го отвора прашањето за легалноста на уставните измени во Собранието на Република Македонија со кои се избришаа името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Доколку се покаже дека пратеникот Богоевски е зависник од дрога, тогаш овој новооткриен факт го отвора прашањето дека уставните измени се донесени не само од купени и уценети пратеници туку и од дрогиран пратеник кој не расудувал свесно и неговото гласање не може да се смета за правно релевантно. Дотолку повеќе, при гласањето на измените на Уставот, со пратеникот Павле беа точно 80 пратеници, таман толку што требаше да поминат уставните измени со кои се избриша се што е македонско.Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да бидеме на првата линија во одбрана на националните итереси и договорот со Грција не само што ќе биде поништен туку ќе бидат расветлени и сите дефектни околности околу неговото изгласување“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања