Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

otrov-1

Апел од општина Аеродром – граѓаните да не поставуваат отров на јавни површини

Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека на јавните површини во Општина Аеродром има расфрлено отров, со што се загрозува животот на животните и на луѓето.Инспекциските служби на Општина Аеродром се на терен, а сезонските работници го пребаруваат секој сомнителен реон.Општина Аеродром ја информира полицијата и апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини, кои претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.Доколку забележите супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432-362.Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица, се вели во апелот од општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

hipertenzija-2

17ти мaј, Светски ден на хипертензијата - крвниот притисок да не се игнорира

17ти мaј е Светски ден на хипертензијата востановен од пред 15 години и неговото одбележување има за цел да ја подигне свеста за важноста на оваа медицинска состојба која многу често останува неоткриена и нетретирана.Годинава целиот месец Мај е во знакот МММ(May Measurement Month). Toa e глобална камапања која ја предводи ISH( Интернационалното здружение за хипертензија) а на која и се приклучуваме и ние , како установа која е предводник во активностите посветени на превенција и третман на кардиоваскуларни болести во земјава.Во просториите на Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања е поставен штанд каде со пациентите се разговара за хипертензијата, важноста од рано откривање и адекватен третман . Знаењето за оваа болест им го збогатуваме со наменски едукативен материјал кој го добиваат. Хипертензијата е во нашиот фокус секојдневно 365 дена во годината.„ Овој е повод да упатиме апел широката јавност да не заборава на Покачениот крвен притисок и да не го игнорира исто така“, велат од Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања .

Македонија | пред 7 години

Civil

Цивил: Крај за расипништвото!

ЦИВИЛ ќе ги достави барањата за укинување на привилегиите на функционерите, објавени и во соопштението од 14 мај, до Собранието на РСМ денеска (петок) во пет минути до 12 часот. По тој повод, претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани за изјави на оваа или било која друга тема, во непосредна близина на службениот влез во Собранието.Воедно, ЦИВИЛ уште еднаш ги повикува сите граѓанки и граѓани активно да се вклучат во контролата на трошењето на јавните пари и практикувањето на власта на локално и национално ниво. Ова подразбира дека се добредојдени и идеите за промена на постојните законските регулативи што не се во согласност со интересите на граѓанките и граѓаните. На располагање се сите канали за комуникација со организацијата. Соопштение на ЦИВИЛ, 14/5/2019ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да му стават крај на расипништвото и повластиците во кои уживаат функционерите. Почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.Бесмислено е да се трошат огромни суми пари за доживотни повластици на поранешните претседатели на државата, без оглед на тоа дали тие биле на висината на својата функција или биле криминалци. Едноставно, нема ниедна логична причина тие доживотно да живеат во раскош на сметка на сиромашните граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.Функционерите во законодавната и извршната власт, а секако и локалната самоуправа, мораат да се откажат од луксузните автомобили, од патните трошоци, од репрезентативните издатоци, прескапи патувања за кои имаат слаби изговори, луксузниот мебел, набавки на уметнички дела за „декорирање“ на нивниот работен простор и сите останати удопства на кои полагаат право врз основа на закони зад кои стојат сомнителни, па и криминални мотиви.Сѐ што е до сега набавено, мора да се продаде, а средствата да бидат наменети за подобрување на образованието, здравството и безбедноста. Наместо локалните шерифи да се возат во автомобили од над 50.000 евра, треба да се набават противпожарни и амбулантни возила, или автобуси за учениците. Наместо да се прејадуваат по ресторани, функционерите мораат да работат на борбата против корупцијата и сиромаштијата во земјата.Апанажите мора да се укинат или да се сведат на минимум. Во оваа земја социјалната помош му се укинува на примателот, ако заработи екстра приход од собирање пластични шишиња во вредност од 300 денари. Неприфатливо е да се креираат, а потоа и до максимум да се користат сите прописи според кои функционерите, практично, не мораат во ниеден момент да посегнат по својот џеб. Секоја чест на исклучоците за кои знаеме дека ги има и чесно и одговорно се однесуваат кон јавните ресурси. Но, поединечните добри примери меѓу функционерите не се доволни!ЦИВИЛ бара да се ревидираат сите законски регулативи според кои им се даваат прекумерни повластици и на актуелните и на функционерите во заминување. Во време кога ни умираат деца поради лошото здравство, кога младите во огромен процент се функционално неписмени, кога луѓе гладуваат и се мрзнат по своите домови, не може да се трошат 165.000 евра годишно за некого, па нека е тоа и поранешен претседател.ЦИВИЛ бара воведување стандарди според кои набавките ќе бидат не само транспарентни, туку и рационални! Возилата не смеат да бидат луксузни, ни во голем број, туку да одговараат на практичните потреби на институциите и луѓето што ги раководат. Истото се однесува на сите останати аспекти од нивното трошење.Доколку властите не почнат итна постапка за корекција на законските регулативи според кои се трошат вртоглави суми пари за повластици на функционерите, граѓанките и граѓаните треба да го искористат и своето право на протест.  

Македонија | пред 7 години

otrov-3

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Внимавајте: Отруени три кучиња во Аеродром, две се борат за живот

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира сите да внимаваат на своите миленици оти во изминатото деноноќие биле отруени неколку кучиња.„Овие денови сме сведоци на повеќе труења на следниве локации: Позади ОКТА бензиската паркот (до лулашките) , ФФМ и кај паркот на музиката! Отров во виршла завиткан со селотејп! Три кучиња не успееа да се спасат, две се борат за живот, од кој едно е домашно! Внимавајте на вашите домашни миленици и на маалските! Пријавено е во полиција дојдени се на лице место, посочени се лица во кој има сомнеж дека тоа го направиле, се чека до понеделник да се види дали има отисоци“, велат од Анима Мунди.КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ ДОДЕКА ГИ ШЕТАТЕ ВАШИТЕ МИЛЕНИЧИЊА!!!

Скопје | пред 7 години

Tajvan

Тајван прв во Азија ги легализира геј браковите

Тајванскиот парламент денес прв во Азија ги легализираше браковите од ист пол.Во 2017 година, тајванскиот Уставен суд донесе одлука дека двојките од ист пол имаат право да стапат во брак, и таа одлука конечно беше формализирана со гласање во парламентот.Според „Би-би-си“, Уставниот суд му дал на парламентот двегодишен рок да почне да ја применува одлуката за браковите од ист пол, а крајниот рок беше 24 мај.Стотици активисти за правата на хомосексуалците се собраа пред зградата во Тајпеј и го чекаа донесувањето на одлуката во парламентот.Пратениците разговараа за три различни закони за легализација на истополовите заедници, а беше усвоен најнапредниот, објави „Би-би-си“.Другите два закони поднесени од страна на конзервативците се однесуваат на „партнерства како истополови семејни односи” или „заедници од ист пол”, а не на бракови.

Свет | пред 7 години

47118228_303

Битката против урбанистичкиот хаос е сепак (не)возможна

Законот за урбанистичко планирање конечно е пред пратениците. Измените тргнаа, но опструкциите не запреа. Дали новото решение ќе му стави крај на хаосот?Средувањето на хаосот во урбанизмот се покажува како една од најтешките операции која ја спроведува власта. И по повеќе од две години, никако да се донесе законското решение кое треба да ги елиминира дефектите во постојниот закон кој во времето на претходната власт повеќепати се менуваше. Конечно, денеска предлог законското решение, односно Законот за урбанистичко планирање е на дневен ред во парламентот. Изготвувачот вели дека она што е клучно со новото решение е што се елиминираат какви било можности за нетранспарентно, незаконски и криминално спроведување процедури што е една од главните одлики на постојното решение:„Законот носи големи промени за кои ќе бидат потребни многу напори за да има прилагодувања. Исчистени се сите т.н. криминални дупки и апсурди кои меѓу другото овозможуваа да се прави злосторство и силување на просторот“, објаснува за Дојче веле архитектот Мирослав Грчев, кој е главен изготвувач на законот.„На пример“, вели Грчев понатаму, „се исфрла терминот планска документација кој беше измислен од страна на претходната власт како неуставна категорија која му дава право на градоначалник, или на министер да менува урбанистички план со пенкало. Со еден потпис. Со тоа тие цело време го растураат просторот и си правеа сопствени бизниси. Законски апсурди кои им овозможуваа со една третина гласови да се носат урбанистички планови. Тоа е како Монти пајтон, така е смислено со злосторнички дух и ум да обезбеди оние што се против да ги задржиш дома, да не знаат кога има совет и ние сложната дружина, истиот да го усвоиме. Со новото законско решение, ваквите и еден куп други наметнати стотици измени се исчистени“.Злоупотреби преку законски „дефекти“Она што е клучно и проблематично во целиот процес е што законските „дефекти“ кои овозможуваат злоупотреби сѐ уште се во сила. Односно до носење на новиот, се уште важи стариот закон. Грчев реагира дека целата процедура на носење е премногу бавна, но и подложна на низа опструкции:„Законот дури сега оди на расправа во парламентот и се предвидени три фази. Сите закони ги носат по скратена и итна процедура, а овој во најспора возможна. Во ред носете го во три фази, но поминаа две години, а оној ужас е на сила. Сите се однесуваат како да е тоа што е на сила, одлично проверено, феноменално, но не, тоа произведува корупција, хаос и ужас, а ние за една корекција и поправка, го кинеме плукаме да го претвориме во леш пред да биде донесен. Име, устав, менуваме за два, три месеца, за колку сакате. Но урбанистички план, закон, за тоа се влече и одолговлекува, па да се утепаш. Сите се влезени со тезги и рекети. Под сите подразбирам институции и големи играчи, нормално на штета на 99% од обичните граѓани“, реагира Грчев.Скопје во изминативе години доживеа огромни промени овозможени од честите измени и непочитување на законите.Оттука и не чуди што веќе се подготвуваат десетици амандмани кои дополнително може да го отежнат носењето, но и функционалноста на законот:„Законот е влезен во процедура, но повторно се собираат. Се прават амандмани по 20, по 30. Не политички туку онакви кои сакаат да ја сменат конструкцијата на законот. И тоа го прават разни интересни групи, мотивирани главно од фелата и од бизнисот. А законот е готов една година и е јавно објавен, беше на дискусии, се менуваше текстот повеќепати. Излегува дека никој не е задоволен, или најголем дел од засегнатите, чии забелешки се дека не сакаат да се менуваат работите. Тоа и донекаде е разбирливо, свесно или несвесно, бидејќи тие и не знаат за друго. Се снашле во сегашното решение и не знаат како е да биде подобро бидејќи тоа не го ни паметат. А се беше како што треба во законското решение од 2005 година, но потоа се` се уништи“, коментира Грчев.Невладините незадоволниВо пресрет на собраниската расправа, јавно реагираат и дел од невладините организации. О2 иницијативата бара пред да се усвои законот, да биде одржана јавна расправа. Тоа велат дека не било направено, иако било дадено како ветување од страна на ресорниот министер за транспорт и врски:„Министерот Горан Сугарески пред 4 месеци јавно вети дека ќе се организира јавна расправа помеѓу првото и второто читање на законот и сите забелешки и сè што е од интерес на граѓаните ќе биде прифатено. Воедно ги покани сите да дојдат на јавната расправа. Во однос на нашата реакција, Сугарески изјави дека штом го имало на ЕНЕР секој можел во државата да го види и да даде свои забелешки и мислења околу текстот на законот и дека екологистите (ние во случајот) сме можеле да реагираме со свои забелешки уште во август кога бил на ЕНЕР. За да биде јасно, предлог-законот за урбанистичко планирање бил поставен на ЕНЕР на 23 јули 2018 на јавен увид, во ек на летните одмори. Рокот за доставување на забелешки и мислења бил до средина на август.Урбанистичкиот хаос низ годините предизвика сериозни проблеми за граѓанитеНие и во минатото и сега сме реагирале и барале од локалната и централна власт, јавните презентации, јавните анкети, јавните расправи, јавните увиди да не ги спроведува за време на летните одмори или празнични периоди. Сме рекле и тогаш и сега, ако сакате про форма да спроведете нешто и да не ја вклучите јавноста, ќе го направите тоа за време на летните одмори и празниците, како што беше направено и со овој предлог закон“, реагираат од иницијативата.Ваквите забелешки според Грчев само непотребно ќе го одолжат и онака долгиот процес на носење на законот.„Невладините стануваат и критикуваат и тоа е во ред. Но новиот текст е една година на стручни и јавни расправи. Се е транспарентно, за разлика од претходно кога измените ги гледавме откако ќе стапеа во сила. И сега, на тоа тивко му се поклонуваа, а на ова со едно погрешно однесување и со површна анализа реагираат од една општа и оправдана аверзија, бидејќи се работи за децениска злоупотреба. Но со погрешна атмосфера, со тивко ставање клинови, со бескрајно одложување на јавните процедури, се одлага во бескрај“, коментира Грчев.Прилагодување на надлежнитеТекстот на Законот за урбанистичко планирање е обемен, близу 80 страници и е објавен на страницата на парламентот. Во него се предвидени големи промени кои според предлагачот носат транспарентност, инклузивност и отчетност. Самото усвојување наметнува и доста обврски за надлежните, па затоа е и вметната обврската за стапување во сила дури три месеци откако документот ќе биде усвоен од страна на пратениците. Во овој рок министерствата и другите надлежни институции ќе треба да се прилагодат, само да се направи на пример електронскиот отворен систем, кој ќе биде на услуга на сите физички и правни лица што досега беше незамисливо. Тоа е ставено како обврска во законот и без таа тој воопшто не може да се применува.Урбанистичкиот хаос низ годините предизвика сериозни проблеми за граѓаните кои се мобилизираа, реагираа но најчесто се дискредитираа и тоа со политички квалификации. Преку ноќ се менуваа планови, се цртаа, се прошируваа маркички, се градеа споменици, објекти. Под сомнителни околности се делеа локации, се доделуваа државни земјишта под концесии. Промената на власта донесе одредени промени на локално ниво. Во дел од општините некои планови кои беа донесени на нетранспарентен начин беа укинати преку Уставниот суд. Во општина Центар на пример, локалната власт се реши за воведување на мораториум, додека се реши хаосот, што пак од друга страна предизвикува друг хаос и низа реакции на граѓани, но и компании кои се оневозможени да ги извршуваат планираните градежни активности.DW.COM

Скопје | пред 7 години

60689787_2385600305001894_3413678549897314304_n

Адвокат од Скопје му понуди на Богоевски да му го плати наркотестот, за да докаже дека не користел дрога

Адвокатот Јанаки Митревски јавно му нуди на пратеникот Павле Богоевски да докаже дека не користел наркотици да направи тест во МАНУ и сумата од 60.000 ден. ќе ја покрие во целост.„Павле вика бил подготвен да му се направи тестирање. Павле ова е бесплатен правен совет од адвокат – DONT GO THERE!“, напиша Митровски.„Или веќе чим така си одлучил еве јас се нудам да помогнам да си ја докажеш теоријата. Не тестови од 200 ден од Зегин или крв урина. Еве јас ти предлагам во МАНУ лабараторијата праат тест од влакна од коса и има да ти извадат историјат каков тип млеко си пиел а не какви наркотици си земал или не. Тоа тестирање чини 60.000,00 денари и се нудам ЈАС да го платам. Alea iacta est!!!!”, додаде Митровски.

Македонија | пред 7 години

meksiko

Најденo мртво тело на новинар кој бил под заштита на државата

Новинарот Франсиско Ромеро Дијас е убиен на карипскиот брег на Мексико. Тој е петти новинар кој во Мексико е убиен во текот на оваа година.Трупот на Дијас, новинар кој беше под заштита на државата и работеше за локални медиуми, пронајдено е вчера во градот Плаја дел Кармен, велат од обвинителството.„Жртвата на 12 април пријави закани“, се наведува во соопштението.Дијас беше независен новинар кој работеше за дневниот весник „Кинтана Ро ој“ и кој од 2018 година беше дел од програмата за заштита на новинари, соопштија Репортери без граници.Тие наведуваат дека тој е четврт убиен новинар во сојузната држава Кинтана Ро во рок од една година.Мексико се наоѓа на 147 од 180 места на ранг-листата за слобода на медиумите на Репортери без граници. Според таа организација, Мексико е меѓу најопасните места за новинари во светот, на ниво со Авганистан, Јемен и Сирија.Во текот на 2018 година во Мексико се убиени 10 новинари, а најголем дел од случаите не се решени.Мексиканската влада кон крајот на март објави дека сака дополнително да го зајакне механизмот за заштита на новинари.

Свет | пред 7 години

bebe-vakcina

Не е дискриминација ако се бара потврда дека детето е вакцинирано, смета Комисијата за заштита од дискриминација

Комисијата смета дека барањето на потврда дека едно дете е вакцинирано со МРП вакцина при запишување во градинка и во училиште не претставува дискриминација врз ниту еден основ, вклучително уверување, здравствена состојба како и религија и верско уверување, а во однос на децата кои се вакцинирани со МРП вакцина.Комисијата смета дека не постои дискриминација бидејќи мерката има легитимна, објективно оправдана цел, согласно член 5 точка 8 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.„Мерката не е спротивна на Уставот и на одредбите на меѓународните договори. Мерката соодветствува со реалните потреби бидејќи е прогласена епидемија и е загрозен животот и здравјето на детето, животот и здравјето на другите деца кои се во контакт со детето во училиште или градинка, како и во функција на јавното здравје. Мерката е однапред прецизно дефинирана бидејќи е донесена според претходно предвидена процедура и од соодветни органи и сите родители и старатели се информирани на ефикасен начин и мерката е пропорционална на ефектите кои треба да се постигнат“, се вели во општото мислење на Комисијата кое е донесено по примени претставки од граѓани како и јавно искажани ставови во медиумите во врска со постоење на наводна дискриминација кон децата кои не се вакцинирани со МРП вакцината од страна на градинките и училиштата.Заклучокот на Комисијата е дека не постои дискриминација од страна на органите на управата и градинките со мерката за забрана на запишување и прием на деца кои не се вакцинирани и задолжителна вакцинација на децата од училишна возраст.Во општото мислење Комисијата ја зема превид обврската на државата како земја членка на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права со којшто документ преку ченот 12 се обврзува на имунизација на своите граѓани. Исто така, Републиката се има обврзано да го почитува и членот 15 од овој Пакт којшто им овозможува на граѓаните да ја уживаат користа од научните достигнувања и развојот кои што меѓу останатото ги вклучуваат и вакцините кои придонесуваат за превенција од заразни заболувања. Комисијата ја зема предвид и обврската Републиката да го гарантира правото на живот на секој човек, гарантирано со Уставот и со членот 2 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, како и правото на живот на секое дете гарантирано со членот 6 од Конвенцијата за правото на детето.„Комисијата го почитува правото на родителите и на старателите во немешањето во нивниот приватен и семеен живот кое, меѓу другото, подразбира и одлучување за преземање активности кои се во интерес на нивните деца. Но, ова право е ограничено и со членот 8 став 2 од ЕКЧП меѓу другото и со заштитата на здравјето. Вакво ограничување постои и во членот 9 став 2 од Конвенцијата, а кое се однесува на ограничување на слободата на мисла, совест и вера. Комисијата во општото мислење се раководеше и од едно од главните начела на Конвенцијата за правата на детето – преземање на мерки од страна на јавните власти во најдобар интерес на детето“, се вели во мислењето на Комисијата.

Македонија | пред 7 години

vakcini-novi

ФОТО: Кривична пријава за МРП вакцините бидејќи биле штетни за лекување

 П

Македонија | пред 7 години

2-2

Според Џафери Собранието нема основ да постапува за Богоевски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери смета дека нема уставна ниту деловничка основа да поокрене постапка во случајот со пратеникот Павле Богоевски и очекува ефикасно постапување на надлежните институции за целосно расчистување на случајот.„Претседателот на Собранието на Република Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основ за каква било постапка. Претседателот на Собранието очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот“, се наведува во ставот соопштен од кабинетот на Џафери.

пред 7 години

huavej

Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј, на црна листа на САД

Од денеска стапува на сила Наредбата на американската админстрација со која се става кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј Технолоџис на црната листа. Кина пак, откако администрацијата на САД ја стави кинеската телекомуникациска компанија Хуавеј на црна листа, објави дека ќе ги заштити своите компании од „нефер" пристапот на САД, истовремено испраќајќи порака до странските компании во Кина дека не мора да се грижат се додека Кина работи на законски начин.Откако САД ја стави на црна листа телекомуникациската компанија Хуавеј, од Кина одговорија дека нема да бидат репресивни кон американските компании доколку работат законски.Кина побара од САД да заврши со погрешниот пристап , откако претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во земјата со забрана за набавка на опрема нас американските компании од телекомуникациската компанија Хуавеј.,,Доколку кон кинеските комапнии се постапува на нечесен начин , кинеската страна секако дека ќе има сила за преземе неопходни мерки за да ги заштити своите законски права. “ изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг. 

Свет | пред 7 години

han

Хан: Северна Македонија создаден предуслов да добие датум за во ЕУ, но не знам што ќе одлучат земјите-членки

Јоханес Хан во интервју за Дојче веле објаснува дека секоја земја која е кандидат за членство во Унијата ќе биде оценувана одделно врз основа на својот напредок и постигнувања. Северна Македонија направи многу, вели тој.„Мојата цел е двете земји истовремено да добијат датум за почеток на преговори, затоа што истовремено го претставуваме и извештајот. Но не можам да го предвидам процесот на донесување одлуки во земјите-членки. Факт е дека Северна Македонија направи многу и притоа, не само во рамките на она што ние го баравме, туку исто така и со решавањето на спорот за името, но и со решавањето на билатералниот конфликт со Бугарија. Северна Македонија создаде еден предуслов со што стана единствената земја во регионот која нема конфликт со ниту еден сосед.ДВ: Тоа значи дека, доколку во Албанија не се постигне некаков компромис, Северна Македонија ќе може да ги отвори преговорите со ЕУ?Хан: Нашиот став отсекогаш е дека секој одделен процес, односно преговорите за проширување, се процес кој се базира врз заслуги и постигнувања на секоја одделна земја. Нема да биде фер доколку една земја треба да чека некоја друга, ако таа не испорачува. Тоа е основата. Секако, би било идеално, кога сите шест (земји од Западниот Балкан, н.з.) се приклучат во исто време, но тоа е нереално. Истовремено, неправедно е некој, кој силно се ангажирал, кој изнаоѓал решенија, кој е подготвен на компромис, кој донесува тешки одлуки, сега да биде казнет, затоа што е подобар.

Македонија | пред 7 години

tvrdina

Вработени во УБК и ексминистри денеска на суд

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Тврдина 2“ и „Топлик“.Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност, а во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот и го врати на повторно судење.Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.Во „Тврдина 2“  првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК. Минатата расправа беше одложена поради недоставената пресуда на Врховниот суд на Грција од страна на Министерството за правда на Северна Македонија.На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.

Македонија | пред 7 години

patarina1

За три месеци, сме платиле 7,7 милиони евра за патарини

Во првиот квартал од годинава Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наплатило патарини во износ од 7,7 милиони евра, за 6,2 проценти повеќе во однос на првото тримесечје од минатата година, која е рекордна во наплатата на патарините.Лани биле реализирани 94 тендери за јавни набавки, а од почетокот на годинава 52.Од јануари до март биле реализирани 22 проценти од вкупните плаќања за капитални инвестиции за годинава и се очекува уште поголема нивна реализација со оглед на тоа што допрва следува градежната сезона, изјави директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.Во првиот квартал годинава се остварени инвестиции од 2,96 милијарди денари (48 милиони евра) или за 215,5 проценти повеќе во однос на минатата година, кога изнесувале 941.196.966 денари (15,7 милиони евра). Капиталните инвестиции на ЈПДП не се дел од тие што се реализираат со централниот буџет на Владата.

Македонија | пред 7 години

matura

„Матурска парада 2019“ со Шилегов на плоштадот „Македонија“

На плоштадот „Македонија“ денеска на пладне ќе се одржи традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, на која ќе учествуваат околу 1.000 матуранти од Скопје.На „Матурската парада“ традиционално матурантите танцуваат квадрил. Освен во Скопје, парада на матуранти ќе има и во други градови низ земјава.Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во државава првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.Од Град Скопје најавија присуство на градоначалникот Петре Шилегов.

Скопје | пред 7 години

60689787_2385600305001894_3413678549897314304_n

Случај Богоевски: Се бараат наркотестови за сите функционери

Скандалот со пратеникот Павле Богоевски по објавената снимка на која тој тврди дека нарачува масло од канабис за близок болен член од семејството, а не кокаин, ја крена јавноста на нозе.Скопското обвинителство побарало МВР да го утврди идентитет на сопственикот на профилот „Илија Громовник“, каде што беше објавена снимката на пратеникот Павле Богоевски, во која тој нарачува „пола“ од нешто и бара убаво да се спакува. Околу содржината на снимениот разговор, исто така, ќе бидат направени проверки за да се утврди дали постојат елементи на сторено кривично дело, соопштуваат од Обвинителството.Оттаму најавуваат дека се можни истраги и за пријавата на Богоевски за неовластено снимање од страна на таксистот, но и за содржината на снимката.Богоевски самиот отиде во полициска станица откако на интернет-страницата регистрирана во Русија беше пуштена аудиоснимката. Јавно побара да му биде направен тест за наркотични дроги како доказ дека ја зборува вистината. Еден од неформалните водачи на „Шарената револуција“ рече дека разговорот бил пред неколку месеци, а се пушта сега бидејќи како претседател на собраниската мандатно-имунитетна комисија треба веднаш да закаже седница за одземање на пратеничкиот мандат на азилантот Никола Груевски.Освен опозициските партии, и дел од експертската јавност смета дека во случајот Обвинителството може да покрене постапка. Адвокатот Александар Тортевски вели дека има простор за такво нешто бидејќи Богоевски признал дека на црно набавувал масло од канабис, а за тоа му се заканува најмалку една година затвор.Во меѓувреме, „метла“ за пратеникот од собраниските клупи побараа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие сметаат дека по објавата на снимките Богоевски повеќе не е достоен да ја врши пратеничката функција.Од пратеничката група на СДСМ, во која дејствува и Богоевски како независен пратеник, велат дека кривичната одговорност треба да ја бараат надлежните. Но за политичката одговорност од СДСМ сметаат на личната совест на пратеникот.„Очекуваме сите надлежни и засегнати институции да постапат и да го разрешат случајот, секако и околу неовластеното снимање и емитување. Законите важат за сите подеднакво. Што се однесува до моралните аспекти, тие се на личната совест на секој пратеник, како на секој друг човек“, вели координаторот на СДСМ, Јован Митрески.Од ДУИ бараат „проветрување“ за сите јавни и партиски функционери. Ќе почнеле од својата партија. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, најави дека ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер кој врши јавна дејност, како што се судии и обвинители, за контрола во врска со користење наркотици, но и учество во криминал и корупција. Од ЛДП не го коментираат случајот, но бараат легализација на лесните дроги.И дел од универзитетската фела побара наркотест за функционерите. Професорката Мирјана Најчевска смета дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем двапати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанции.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Madona-1-800x445

Мадона ќе добие милион долари за пет минути настап на Евровизија, еве што ќе прави на сцената

Мадона ќе има свој настап во финалето на Евровизија, потврдиле водителите на 64. натпревар за песна на Евровизија.Имено, во моментот кога биле познати сите 10 натпреварувачи кои од Втората полуфинална вечер одат во финале, откриено е и потврдено дека Мадона дефинитивно ќе има свои 5 минути на престижниот натпревар. Се зборува дека таа ќе земе еден милион долари за пет минутен настап.За ова долго се шпекулираше, а пејачката за огромната сума на пари ќе изведе две песни, еден хит и една од новиот албум.

Магазин | пред 7 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери вели дека не може да поведе постапка против Богоевски, па ги повика институциите да го расчистат случајот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека нема основ за било каква постапка против пратеникот Павле Богоевски, кој призна дека набавувал забранета супстанца, масло од канабис.Од кабинетот на Џафери информираа дека претседателот постапувал секогаш според Уставо и Деловникот на Собранието, но и според неговите надлежности.Собранието очекува надлежните институции да постапат ефикасно и да го расчистат случајот.

Македонија | пред 7 години

tamara-evrovizija-dnk-pavle

Тамара во финале, а на „Твитер“: Идната година Пајо со ДНК да пеат за бело на Евровизија

На социјалните мрежи низа од реакции по втората полуфинална вечер на Евровизија. На „Твитер“ се критикува, се поддржува, но и со потсмев се пристапува кон настапот на нашата претставничка Тамара Тодевска која се пласираше во финалето.https://twitter.com/edna_makedonka/status/1129263348971917312https://twitter.com/Spidno/status/1129262849509994496https://twitter.com/janaeedna/status/1129258948622786561https://twitter.com/pekolnomomce/status/1129252771557969920https://twitter.com/jagneto96/status/1129143417215299591[embed]https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/1129151367854137344[/embed][embed]https://twitter.com/CallMeDenisChe/status/1129137664534503425[/embed]https://twitter.com/zstaka/status/1129137423693287439https://twitter.com/Anticki1/status/1129132460845993993https://twitter.com/CallMeDenisChe/status/1129127705763549190https://twitter.com/masteryoda985/status/1129126850444320769https://twitter.com/rmfcmk/status/1129126154718318593       

Магазин | пред 7 години

presevo-droga

Македонски државјанин фатен со 16 килограми марихуана во Србија

Македонски државјанин со автомобил со бугарски регистарски ознаки, бил фатен со 16 килограми марихуана. Дрогата била откриена ноќеска нешто пред 2 часот кога полицијата извршила детален преглед на возилото „Опел Вектра“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од 30-годишен македонски државјанин.Тој на вообичаеното прашање: „Имате ли нешто да пријавите“, одговорил негативно, а потоа рекол дека е молер и дека оди да извршува работи во Хрватска.„Марихуаната била сокриена во наслоните од седиштата, гепекот и резервното тркало. Цариниците пронашле биле вкупно 30 пакети во автомобилот, како и две кеси при личен претрес“, објавија медиумите во Србија.На Д.Џ. му е одреден притвор од 48 часа, а против него е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

Tamara

Во финалето Тамара под реден број 8

Нашата претставничка Тамара Тодевска вчера влезе во финалето на Евровизија по 7 години пауза.Македонската претставничка со песната „Proud“, влезе како прва во големото финале од десетте пласирани претставници кои вчера обезбедија влез во големото финале кое ќе се одржи утре со почеток во 21 часот.Утре Тамара ќе настапи  под редниот број 8.По пласирањето во финалето на Македонија, на својот Инстаграм профил се огласи нејзината сестра и пејачка Тијана Дапчевиќ.-Ааааааааааа! Браво, љубов! Те сакам! Напиша Тијана.Во продолжение еве потсетување од настапот вчера. 

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Летонија е 13 земја членка која го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во НАТО

Парламентот на Летонија го усвои законот со кој се ратификува Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО. Со тоа, Летонија е тринаеста земја членка која даде зелено светло за пристапување на нашата држава во најмоќниот безбедносен сојуз, се вели во соопштението од СДСМ.Истовремено, Владата на Естонија го одобри протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, а во наредната фаза тој ќе биде ратификуван и во Парламентот на Естонија.Процесот на ратификација на Протоколот се одвива со добро темпо, а откако ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО. Се остварува децениски државен и национален интерес за полноправно членство во најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Членството во НАТО покрај безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните. Како одговорна, државотворна партија остануваме посветени на реализација на врвните стратешки интереси и обезбедување на сигурна, безбедна иднина за сите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски го брани Богоевски: Од Павле може да научиме, тој има доблест да трпи лично од моралистите

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, застана во одбрана на пратеникот Павле Богоевски по објавениот аудио материјал со наслов „Пајо нарачува кокаин“.„Додека се делат лекции за морал, етика и одговорност за Павле, може и да научиме нешто. Павле не негираше снимка и негов глас во стилот "сечено, лепено, монтирано" и имаше храброст да се пријави во полиција и во Обвинителство за тоа што го порачал. Спремен е да одговори на сите заинтересирани и не бега од линчот и епитетите кои толку многу му ги наредија. Истиот тој Павле ќе ја свика и ќе ја води седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на азилантот Никола Груевски кој го слушавме сите што се порачувал, барал и наредувал. Но, тој никогаш не призна дека снимките се автентични и не се сечени, лепени и монтирани, и далеку е од чувството на морал или храброст да се пријави во полиција и да каже каков е неговиот ќар од тоа што го порачуваше - провизии, уништување на судбини, прогони, шамари, луксуз, прикривање на убиства ... "Неморалниот и неодговорниот" Павле ја има доблеста да го трпи линчот од моралистите спинери и нивните извршители кои сакаат да се подзаборави на мандатот на големиот поштењачина Груевски. Како тргнале можеби ќе дознаеме и како избега ..., преку сечено, лепено и монтирано“, напиша Ременски

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Откако СДСМ е на власт во здравството владее хаос, сведоци сме на скандали и матни тендери

СДСМ го уништи здравствениот систем во Република Македонија. Во изминативе две години откако е СДСМ на власт во здравството владее хаос и секојдневно сме сведоци на скандали и матни тендери, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Наместо да го подобри здравството како што ветуваше, СДСМ го урниса. Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести кои се третираат со едноставни терапии. Додека кај нас се јавуваат епидемии на искоренети болести, СДСМ парите за подобрување на здравството ги пренасочува до фирми блиски до функционерите од врхушката на власт.СДСМ наместо да воведе бесплатно здравство како што ветуваше, воведува приватизација или централизација на здравствени услуги, што ќе значи дополнителен удар врз џебот на граѓаните, а покрај тоа ќе биде на штета и на голем број здравствени работници.Таков удар на товар на граѓаните е и матниот и сомнителен тендер за стерилизација, вреден 13.700.000 евра, кој е сличен на тендерот за реагенси кој пропадна и кој беше вреден 35 милиони евра.СДСМ и Филипче воведуваат монопол на стерилизацијата во здравството и сега наместо секоја здравствена установа посебно да ангажира сервисна компанија за стерилизација, една фирма ќе ги опслужува сите здравствени установи во државата.Ваквата централизација на стерилизацијата не само што може да ја зголеми цената за стерилизација за над 5 пати, туку на улица може да останат стотици вработени од постоечките служби за стерилизација.Со ваквите потези на СДСМ многу е веројатно дека здравството наскоро ќе стане привилегија само на богатите, а останатите граѓани нема да може да си ги дозволат ниту основните здравствени услуги. СДСМ уште еднаш покажува дека воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните туку единствено што мисли е како побрзо некој од функционерите повеќе ќе се збогати.Со СДСМ здравството стигна на ниво на клиничка смрт. СДСМ наместо да го подобри здравствениот систем истиот го користи за лично богатење. Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство, а не такво кое секојдневно се повеќе тоне. Затоа СДСМ и Филипче мора веднаш да си заминат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања