Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

zaev-micko

Колку донатори има СДСМ, а колку ВМРО ДПМНЕ? Приходите за 2018 речиси изедначени

Двете најголеми политички партии речиси изедначени според остварените приходи за 2018 год. Фокус објавува дека СДСМ остварил околу 2 милиони евра, а ВМРО-ДПМНЕ 1,8 милиони евра. Меѓутоа, кај владејачката партија постои тренд на постојано зголемување на приходите додека стануваше власт, а кај опозициската се забележува пад откако замина во опозиција.ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”

Македонија | пред 7 години

47571426_199260230980716_278705671992508416_n

За една недела, рекордно највисока бројка на заразени од морбили

134-ца заболени за една недела од морбили. За епидемилозите ова досега е рекордно највисока бројка на заразени од стратот на епидемијата.Најголем број од заразените се луѓе над 30 години, кои се во генерација кои немале примено ревакцина.За епидемилозите крајот на епидемијата од морбили е се уште далеку.Бројот на заразени доминира надвор од Скопје каде бројот на невакцинирани е поголем и многу често невакцинираните им пренесуваат морбили на возрасните кои биле целосно невакцинирани.Конечната одлука на владата за првачињата од септември е дека мора да бидат вакцинирани за упис во прво одделение. Во училиштата се примаат пријавите за упис и на невакцинираните, но  да не се врши упис на децата. Казната за невакцинирање и за незапишување во училиште ќе изнесува 1500 евра.По рекацијата на родителите за забрана за упис на невакцинираните деца во училиште, комисијата за заштита од диксриминација со став дека не е дискриминирачка забраната за запишување и прием на невакцинирани деца во градинките и училиштата.

Македонија | пред 7 години

filipce-222

Алармантно: Најмалку 350 матични лекари недостигаат во земјава

Најмалку 350 матични лекари недостигаат во земјава. Најалармантна е состојбата во помалите градови. Младите доктори не сакаат да работат како матични ниту да специјализираат семејна медицина.- Од 2010 година кога е формирана катедрата имаме 330 специјализации по семејна медицина, а 80 лекари поминале доедукација и специјализација, а тоа е малку бидејќи во земјава има околу 1500 матични лекари, изјави проф. д-р Катерина Ставриќ, шеф на катедрата за семејна медицина.За да се мотивираат младите да работат во примарното здравство од иднита академска државата специјализациите по семејна медицина ќе бидат на државна сметка, а за возврат ќе треба неколку години да бидат матични лекари, најави министерот Филипче.- Ќе ги мотивираме со тоа што државата ќе ги субвенционира специјализациите по семејна медицина, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.Од катедрата за семејна медицина уверуваат дека доедуцираните лекари ќе пружаат поквалитетна здравствена заштита.- И пациентите помалку ќе бидат упатувани на секундарно и терциерно ниво, додаде проф.д-р Ставриќ.Во меѓувреме од здружението на општи и семејни лекари ќе бараат од Фондот за здравство олеснување во упатувањата на секундарно ниво и пропишување на повеќе лекови од позитивната листа.- Ќе следат и други предлози во интерес на поквалитетни услуги за пациентите, изјави д-р Катарина Ковачевиќ, претседател на здруженбието на општи и семејни лекари.Министерот за здравство најави дека идната недела ќе бидат прецизирани превентивните програми кои треба да ги реализираат матичните лекари, а за возврат ќе добијат покачување на капитацијата, односно повеќе пари од државата.

Македонија | пред 7 години

ojo

ОЈО ќе работи со Интерпол за да го најде Илија Громовник кој ги објави новите бомби

Основното јавно обвинителство побарало од Русија да помогне за откривање на идентитетот на лицето кое се крие зад псевдонимот Илија Громовник, кој честопати објавува нови „бомби“ поврзани со луѓе од политичкиот и бизнис врвот на Македонија, пренесува 1ТВ.Имено, доколку Русија не се огласи, ОЈО ќе се обрати до Интерпол и ќе побараат да стапи во контакт со тамошните власти за да се обезбедат информации за објавувачот на аудио снимките.Ако и напорите преку Интерпол да се влезе во траг и да се спречи Громовник не успеат, тогаш обвинителството ќе бара меѓународна правна помош – процес што би траел многу подолго.

Македонија | пред 7 години

aleksandar-ben

Александар и кучето Бен не биле пуштени во автобус на ЈСП

На социјалните мрежи се појави информација дека на момче кое било со куче-придружник, не му било дозволено да влезе во автобус на ЈСП, иако пред неколку дена од претпријатието соопштија дека како општествено одговорна компанија, ќе им го овозможат тоа на нашите сограѓани.„Во ЈСП Скопје денес не го пуштија Александар да влезе со својот миленик кој му е патем помошник. Ова е нешто кое неодамна го изјавивте дека ќе биде дозволено, а дозволувате вакви „сељачана“ да се возат.На трагикомедијава и нема крај!“, коментира една корисничка на услугите на ЈСП Скопје, која посведочила на настанот.Од ЈСП Скопје соопштија дека преку социјалните медиуми дознале за случајот со Александар и неговото куче-придружник, кој преку „фејсбук“ информираше дека не му бил дозволен влез во автобус и покрај неодамнешната одлука на раководството за слободен пристап/влез на кучињата придружници на лицата со инвалидитет.„Веднаш преку порака го исконтактиравме Александар да ни објасни за случката, но, се уште ни нема одговорено. Во меѓувреме, телефонски стапивме во контакт и со неговиот татко кој немаше никаква информација за настанот. Поради работни обврски, ни рече дека во текот на попладнето ќе не исконтактира“, велат од ЈСП Скопје.Појаснуваат дека што точно се случило, истражуваат и преку нивната внатрешна контрола, а доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран.

Скопје | пред 7 години

dui

На сметката од ДУИ пари уплаќале директори, пратеници, Стоматолошка клиника и Општина Липково

На партиската жиро-сметка на ДУИ во минатата 2018 година биле уплатени средства по основ на членарини од 60 лица во вкупен износ од 1.68 милиони денари, како и една донација во висина од 184 илјади денари, покажува извештајот што го партијата го доставила до Управата за јавни приходи и до Државниот завод за ревизија.Според извештајот, единствената донација на ДУИ доаѓа од Бејтула Адеми во износ од 184.200 денари, додека сите други приходи се по основ на членарини. Така, членот на Управниот одбор на М-НАВ Миѓен Селмани уплатил 175.00 денари, додека партискиот потпретседател Невзат Бејта, директорот на Институтот за трансфузиона медицина Авни Исмаили и директорот на ЈП за стопанисување со пасишта Љуљзим Фејзулаи уплатиле по 60.000 денари.Потоа, потпретседателот на Агенцијата за медиуми Милаим Фетаи уплатил 48.000 денари, директорот на ЈП Македонски железници Ирфан Асани уплатил 47.000 денари, министерот за екологија Садула Дураку уплатил 45.000 денари итн. Партискиот лидер Али Ахмети, пак, уплатил 36.000 денари, исто како и претседателот на парламентот Талат Џафери, како и пратениците Агим Шаќири, Реџаил Исмаили, Мирсада Асани…И во овој регистар на донатори на ДУИ може да се сретнат јавни субјекти, па Општина Липкково е наведена покрај уплата од 1.980 денари, а називот на Стоматолошката клиника стои покрај уплата од 5.962 денари. Сепак, од партијата објаснуваат зад донацијата на Општина Липково стои Еркан Арифи, а зад донацијата на Стоматолошката клиника стои Амела Цана.Повеќе на Фокус.мк

Македонија | пред 7 години

60401487_2220970721313640_2458523710697504768_n

Отворен иновативен хаб на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Денеска во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Универзитетите “Св. Климент Охридски” од Битола и “Фан С. Ноли” од Корча, Република Албанија.Факултетот за туризам и угостителство е дел од проектот “Innovation eco-system in CBC area” финансиран од Европската Унија во рамките на IPA II CBC програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Албанија и Република Северна Македонија, според инструментот за претпристапна помош (ИПА II), за 2014-2020. После поздравните говори на ректорите од двата Универзитети и потпишувањето на Меморандумот, се продолжи со работилница за Иновативен еко систем кој е таргет на проектот. Насловот на проектот е “Иновативен екосистем во областа на прекугранична соработка” (CBC INNOV8), а се однесува на подобрување на конкурентноста, бизнисот, трговијата и инвестициите во регионите на Охрид и Корча. Носители на проектот се EuroPartners Development, National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI), Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ).Проектот поаѓа од позицијата дека Албанија и Северна Македонија како соседни земји имаат многу ниско ниво на меѓусебна трговија. Прекуграничните старт-апи и МСП, покрај недоволно развиената инфраструктура, се карактеризираат со високо ниво на имиграција, а постојните бизниси се со ниско ниво на технолошки развој и конкурентност, додека пак образовните институции обезбедуваат формално знаење вклучително и наставни програми кои го поддржуваат самовработувањето. Слабата застапеност на иновациски програми остава многу млади луѓе без опција, освен да работат за некој друг или да го напуштат местото на постојано живеење. Поради тоа, проектот поаѓа од потребата за зголемување на врската помеѓу образованието и деловните субјекти. Проектот треба да овозможи поврзување на образованието и бизнсот, со тоа што бизнисот ќе има предности од користењето на услугите на иновацискиот хаб преку соработка со иновативни старт-апи финансирани преку хабот или преку пристап до информации кои ќе придонесат за поголем пораст во целната област. Високообразовните институции ќе служат како клучен двигател за технолошкиот развој на претпријатијата во секоја земја. “Претприемачки универзитети” може да обезбедат флексибилни наставни програми фокусирани главно на искористување на технологијата. Овој проект се состои од воспоставување на иновациска инфраструктура  за трансфер на know how технологии помеѓу старт-апи и МСП во областите на прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Главната цел на проектот е да помогне во рамките на постојниот образовен и бизнис контекст воспоставување на прекуграничен иновативен екосистем за МСП и старт-апи.Целните групи на проектот вклучуваат: универзитети, истражувачки центри, образовни институции на прво ниво; Старт-апи во областите на прекугранична соработка како второ ниво на целни групи; и регионалните власти, општините во областа каде што ќе се имплементира овој проект, стопанските комори и претставниците на локалниот бизнис како трето ниво на целни групи.Крајни корисници на ефектите од проектот се локалните жители во целниот регион (Охрид, Северна Македонија и Корча, Албанија). Пошироката група на крајни корисници го вклучува целокупното население во двете земји поради економското влијание од поконкурентните старт-апи и мали и средни претпријатија.Проектот е финансиран од Европската Комисија, застапувана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

50442145_275959669736159_3959850110497587200_n

Кој од пратениците ќе го прифати предизвикот за тестирање од дрога?

Сите пратеници в понеделник да се тестираат за тоа дали користат дрога побараа денеска од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Тие поднеса Иницијатива до собранискиот спикер Талат Џафери да создаде услови за да се спроведе тестот. Проверката бараат да биде на доброволна база.Поводот за оваа Инцијатива се објавените снимки од пратеникот Павле Богоевски на кои наводно се слуша како нарачува кокаин. Јавноста бурно реагираше на овие разговори коментирајки дека Богоевски врши кривично дело и не е достоен да биде народен избраник.„Сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства. Бараме Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе. Воедно, предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства“, коментираат од групата на 8темина.Сите поголеми пратенички груpи првично го прифаќаат предлогот.Тестови за пратениците вчера побараа од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ. Опозциската партија бара оставка од пратеникот и тврди дека тој е безбедносен ризик за државата.- Павле Богоевски поседува Безбедносен сертификат и е во допир со класифицирани документи .... Значи Павле Богоевски има комплетен увид во функционирањето, опременоста, кадровската поставеност, методите за работа на безбедносните служби на Република Македонија. Оттука, постои силен сомнеж дека Павле Богоевски е лесна цел - што и се докажа со аудио материјалот објавен на интернет - да биде уценуван, поттикнат, или присилен, да сознанијата од класифицираните документи да завршат на црниот пазар!Пратеникот Павле Богоевски денеска беше на работа во Собранието на настан поврзан со ЛГБТ заедницата, но изјава поврзана со скандалот не сакаше да даде. Тој размислува и дали во понеделник ќе ја води комисијата за мандатно имунитетни работи на која треба да се мрасправа за мандатот на Никола Груевски.Јавното обвинителство вчера отвори истрага за идентетот на лицето кое ја објави „бомбата“ за пратеникот. Обивнителство најави истраги и за пријавата на Богоевски против таксистот за кој се сомнева дека неовластено го снимал, но ни за содржината на разговорот.

Македонија | пред 7 години

ohrid-kej-lugje-turisti-guzva

Поради кочници од ИВЗ, Охрид ќе се најде на црната листа на УНЕСКО

Екологистите како најревносни борци за заштита на Охридското крајбрежје предупредуваат дека градот на УНЕСКО може да се најде на црната листа на загрозени подрачја, ако до крајот на јуни државата не ги испорача препораките на светската организација.Станува збор за дваесетина забелешки што уште во 2017 година мисијата на УНЕСКО ѝ ги препорачала на нашата држава, а кои пред сѐ, беа поттикнати од неконтролираното градење во заштитените подрачја на охридското крајбрежје.Препораките на УНЕСКО се да запрат градежните работи додека не се направи ревизија на урбанистичките планови, како и проверка на влијанието врз животната средина и природното и културното наследство. И покрај ваквите сериозни предупредувања, како што, велат екологистите, во Охрид се градат повеќе од стотина објекти...Повеќе прочитајте на Плусинфо.мк

Македонија | пред 7 години

vucic

Вучиќ: Воздржано и смирено ќе одговориме на провокациите од Приштина

Запрашан колку е далеку од најлошото сценарио и колку е загрижен поради Косово, Вучиќ потенцираше дека е премногу загрижен.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени денеска, по повод новите провокативни изјави од Приштина, дека одредени народи на Балканот не разбираат и не може да го пронајдат патот кон иднината.„Не би сакал да влегувам во нивните интерни политички работи. Мислам дека одредени народи на Балканот не разбираат и не можат самите да го пронајдат патото кон иднината“.На провокацијата од страна на Кадри Весели дека „Ниш е стар српски град кој некогаш бил населен од многу Албанци, кои биле протерани од Србите“, и дека „нашите стари граѓани на Приштина имаат дојдено од нишкиот регион, особено од околината на Куршумлија, Вучиќ одговори.Прочитајте и...  Пендаровски – Заев: Суштинска соработка за реализирање на стратешките цели- членство во ЕУ и НАТО„Единствен пат кој го гледаат е омраза кон српскиот народ, иако ќе кажат дека не станува збор за омраза кон Србите, туку за оние кои направиле злосторства. Тие не можат да се насочат кон работата, трговијата, ниту кон економијата, поради тоа што не знаат како со тоа. Некои облекле одела и ставиле кравати, а се симнале од шума, па се разбира дека така ќе зборуваат“, рече Вучиќ во Утринската програма на „РТС“.

Свет | пред 7 години

crkva

СПЦ останува една од главните пречки за решавањето на статусот на МПЦ

Српската православна црква повторно во игра го враќа пропаднатиот Нишки Договор како основа за идните разговори со МПЦ. Неофицијалните информации од Соборот на СПЦ, велат дека идејата за одлуката за возобновување на разговорите е МПЦ најпрво да се договори со ПОА, а потоа да побара од српската црква дозвола за признавање на автокефалноста.Тоа би значело дека МПЦ најпрво треба да се договори со расчинетиот владика Вранишковски, а дури потота да продолжат преговорите со комисијата на СПЦ.Според познавачите на односите меѓу двете цркви, ова е нов обид на СПЦ да се претстави како кооперативен партнер, а за нерешеното македонското црковно прашање да ја обвини МПЦ.Официјално, МПЦ се уште нема добиено никакво барање од СПЦ за возобновување на дијалогот меѓу двете цркви. Доколку дојде било какво писмено известување на оваа тема, Синодот на МПЦ ќе треба да одлучува дали ќе биде прифатено.СПЦ ваква одлука донесе и во 2015 година, кога формираше дури и комисија за преговори, но истите никогаш не започнаа.Новиот обид од српска страна е резултат на минатонеделната одлука на Вселенската патриаршија да почне да го разгледува барањето на МПЦ за решавање на нејзиниот статус. Минатата година МПЦ побара апелациона постапка пред Вселенската патриаршија, за признавање на македонската афтокефалност.Откако на Божиќ го потпиша томосот за Автокефалност на Украинската православна црква, решавањето на статусот на МПЦ би бил втор голем чекор кој што би го презел патријархот Вартоломеј.

Македонија | пред 7 години

lgbti

Во Македонија се одбележува Светскиот ден против хомофобија, истакнато ЛГБТИ знамето

Со доделување награда на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лица, но и истакнување знаме во боите на виножитото од страна на Амбасадата на Холандија, во земјава се одбележува Светскиот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија.Собранието на Р.С. Македонија на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лица и додели награда за поддржувач на годината, по инцијативата од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.„Со оваа награда значително се унапредија правата на ЛГБТИ лицата и поддршката во нивната борба за добивање на целосна легитимност, како и значително се зајакна соработката помеѓу Собранието и граѓанскиот сектор во борбата против хомофобијата“, истакна пратеничката Маја Морачанин.Паралелно со тоа, денот се одбележа и во холандската амбасада во С. Македонија каде амбасадорот Ваутер Пломп го истакна знамето со бои на виножито, официјалниот симбол на ЛГБТИ луѓето, на јарболот пред зградата на амбасадата.

Скопје | пред 7 години

Safet-Bisevac

Експратеникот Бишевац: Не ме интересира дали Богоевски нарачувал за болен, одговорност мора да има

Реакциите за случајот со Павле Богоевски и снимката за која тврди дека е направена во такси и дека нарачува масло од канабис за медицински цели, и понатаму е топ тема, а коментар даде и поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац во синоќешното гостување на „Само вистина“.- „Богоевски призна на кој начин се случува таа работа. Ова општество веќе треба да биде сведок на поднесување на морална одговорност. Не ме интересира дали Павле Богоевски нарачувал нешто за болен во фамилијата, или половина од тоа го нарачувал за свои лични потреби. Тогаш се покажува моментот кога се потврдува беззаконието“, истакна Бишевац вчера во Само вистина.Инаку, реакциите по снимката не стивнуваат. Таа се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис, а потоа беше и во полициска станица.- За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук, па птооа вчера отиде и во полициска станица.

Македонија | пред 7 години

spasovski-gi-prezemame-site-merki-za-fer-mirna-i-demokratska-izborna-atmosfera

Министерот Спасовски се огласи по скандалот со дрога на пратеникот Павле Богоевски

Министерството за внатрешни работи ќе го третира случајот со пратеникот Павле Богоевски како и секој друг счучај за кој е покрената истрага, затоа што, пред сè, сите сме граѓани на оваа држава, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.-Без разлика дали некој носи некаква функција или не, тоа не е никаква предност за него, туку напротив, тој само има поголема одговорност. Затоа ниту јас, ниту колегите од МВР немаме никаква причина да не постапуваме за овој случај на начин како и за сите други случаи. Се работи за настан кој е во истрага, но и јавноста знае дека не станува збор за разговор што бил прислушуван од страна на институциите, туку бил сниман со мобилен телефон или друг уред. Добро е сето тоа да се расчисти затоа што сакаме да застанеме на патот на злоупотребата на снимањето и нарушувањето на приватноста на кој било човек. Што се однесува до сличниот случај во Прилеп, со прислушуваните разговори, истрагата е при крај и деновиве очекувам да биде поднесена кривична пријава, истакна Спасовски.

Македонија | пред 7 години

1-16

Џафери нема да им прави наркотестови на пратениците

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, ја доби и ја разгледа Иницијативата од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, а која се однесува на барањето за доброволно тестирање на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија од наркотици.„Ве информираме дека, во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група. Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања. Според Законот за безбедност и здравје при работа, член 22, став 1, работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месеци. Пратениците и вработените во Собранието на Република Северна Македонија, како и сите вработени лица во државата, одат на редовни годишни систематски прегледи, кои се потврда за нивната здравствена состојба. Последниот систематски преглед се реализирал во 2017 година, а следниот редовен систематски преглед ќе се спроведе во текот на оваа година. Дополнително, не се точни тврдењата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дека, Претседателот на Собранието може и без формално покрената иницијатива, да утврди одговорност на пратеник. Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците, Член 15, Претседателот на СРСМ нема надлежност во постапката за утврдување на сторени лесни и тешки повреди и изрекување на мерки за пратениците“, информираат од Собранието.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Џафери засега воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, од кабинетот велат се чека конкретна иницијатива

Претседателот на Собранието, Талат Џафери е воздржан околу барањето на независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ в понеделник сите пратеници да направат тест за употреба на наркотички средства и нема да коментира изјави на пратенички групи.- „Претседателот на македонското Собрание не ги коментирал и нема да коментира изјави на пратенички групи. Во моментот кога во Кабинетот на петседателот на Собранието ќе стигне конкретна иницијатива, претседателот Џафери ќе ја разгледа, ќе се произнесе за неа и ќе постапи согласно надлежностите што му ги обезбедуваат Уставот, Деловникот и Законот за пратеници“, велат од Кабинетот на Џафери откако Груби вчера, а денеска независните пратеници на ВМРО, побараа да се направи текс на сите пратеници.Инаку, реакциите по снимката не стивнуваат. Таа се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис, а потоа беше и во полициска станица. 

Македонија | пред 7 години

VMRO-za-pavle-bogoevski

Стоилковски: Аферата Павле Богоевски, е многу посериозна отколку што неговите сопартијци сакаат да прикажат

Аферата Павле Богоевски и неговото тргување на црниот нарко пазар емногу посериозна отколку што неговите сопартијци сакаат да го прикажат.Аферата има два суштински моменти:Павле Богоевски е во центарот на вниманието по аудио материјалот објавен на интернет, по што постои јавно силно сомневање дека е корисник на наркотици односно психотропни супстанци. Павле Богоевски признава дека бил во контакт со криминалното подземје - имајќи предвид дека најмалку тргувал на црниот пазар за наркотици, кој што е воден пред се од криминални организации за кои постои можност да се силен безбедносен ризик, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Сето ова го доведува во прашање неговиот кредибилитет како пратеник во македонското Собрание. Но, тука не станува збор дали Павле Богоевски има само морална одговорност, туку работата е многу посериозна.Павле Богоевски како пратеник е член на повеќе собраниски комисии каде има допир и увид во високо класифицирани државни и безбедносни тајни.Тој е дел од Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. Павле Богоевски поседува Безбедносен сертификат и е во допир со класифицирани документи кои се однесуваат:На методите и средствата што ги користат Управата за безбедност и контраразузнавање но и Агенцијата за разузнавање. Материјалната, кадровската и техничката опременост на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање.Значи Павле Богоевски има комплетен увид во функционирањето, опременоста, кадровската поставеност, методите за работа на безбедносните служби на Република Македонија.Оттука, постои силен сомнеж дека Павле Богоевски е лесна цел - што и се докажа со аудио материјалот објавен на интернет - да биде уценуван, поттикнат, или присилен, да сознанијата од класифицираните документи да завршат на црниот пазар! Тоа е сериозен безбедносен ризик за државата. Тоа Павле Богоевски, како човек со диплома од Факултетот за безбедност, асистент и ментор во Полициската академија, добро го знае, и се уште изненадува но и остава огромен простор за сомнеж, зошто Павле Богоевски се уште инсистира да не се повлече од функцијата - пратеник, член на Комисијата за надзор на УБК и на Агенцијата за разузнавање, но и во Комисијата за одбрана и безбедност.Патем, за да се членува во Комисијата за надзор на УБК и Агенцијата за разузнавање, Павле Богоевски мора да поседува Безбедносен сертификат, за кој што има пополнето Безбедносен прашалник, Образец А, кој дава најголеми овластувања, а во кој што има прашање кое гласи: Дали користите или сте користеле наркотици или психотропни супстанции. За точноста на одговорите во тој прашалник се гарантира со целосна морална, материјална и кривична одговорност.Колку и да сака да се забошоти случајот, власта мора сериозно да пристапи кон аферата Богоевски. Се спротивно води кон сериозно намерно рушење на безбедносниот систем во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

2-1

Канцеларијата на премиерот Заев распишува конкурс за избор на детски раскази и песни

Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија распишува конкурс за избор на раскази и песни за публикација на детската книга „Моето патување во Фантазија“. Темата произлегува од предновогодишниот настан „Писмо од Фантазија“ на кој, при дружењето на премиерот Заев со ученици, беше презентирана бајка, дизајнирана и напишана на начин кој ја стимулира детската имагинација и креативност во педагошки и пошироки цели, како поттик децата да читаат книги.Во „Писмото од Фантазија“, се раскажува за земјата Фантазија во која живеат најдобрите другарчиња на децата - Петар Пан, Зоки Поки, Златокоса, Пепелашка, Доктор Офболи, мечето Вини Пу и многу други, на кои им се заканува опасност од исчезнување ако децата не читаат книги и ако не се дружат со нив. Опасноста доаѓа од Големиот црн змеј, кој се вика „НИШТО“, и доаѓа по главните јунаци, кои можат да бидат спасени од децата, кои имаат љубов кон пишаниот збор и сакаат да читаа книги.Конкурсот, наречен „Моето патување во Фантазија“ ги поттикнува децата да напишат расказ или песничка во која раскажуваат за нивните авантури во земјата Фантазија и како со своите дела, читањето и љубовта кон книгите им помагаат на хероите и јунаците во борбата за спас на земјата Фантазија, со што нема да се дозволи исчезнување на нивните херои од приказните.Песничките и расказите ќе ги разгледува седумчлена Комисија составена од четворица реномирани детски писатели, по еден претставник од Министерството за образование и наука и Министерството за култура и претставник од Владата на Република Северна Македонија, како претседател на Комисијата и уредник на изданието.Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од II, III и IV одделение од јавните и приватните училишта во земјата. Секој ученик има право да пријави само еден расказ или една песничка.Авторските дела (раскази или песни) на учениците, се доставуваат до нивните одделенски наставници/наставнички, како нивни ментори, во дигитална форма (ворд документ), на мајчиниот или на кој било друг јазик на кој учениците најкреативно се изразуваат. Расказите, треба да се во формат соодветен за рани читатели (до 500 зборови), додека песничките до четири (4) строфи.Насловот на „ворд“ документот треба да го содржи името на песничката/расказот, додека на самиот документ под делото треба да стои име и презиме на ученикот/ученичката што го има напишано, име и презиме на менторот/менторката, телефон и е-пошта на менторот/менторката.Одделенски наставници/наставнички сите собрани раскази или песнички треба да ги испратат по пат на официјална е-пошта на своите раководители на училиштата најдоцна до 9 јуни 2019 година, до 12:00 часот. Раководителите на училиштата добиените песнички и раскази, преку официјалните е-пошти ги испраќаат на konkursi@vlada.gov.mk најдоцна до 10 јуни 2019 година, до 18:00 часот. Сите електронски пораки кои ќе пристигнат по овој рок ќе се сметаат за некомплетни и нема да се земат предвид. За дополнителни прашања или информации, заинтересираните можат да напишат на: konkursi@vlada.gov.mkПо завршувањето на роковите, Комисијата ќе ги разгледа делата и ќе донесе одлука кои раскази и песни ќе станат дел од печатена публикација и тоа заклучно со 30 август 2019 година, додека резултатите од избраните раскази и песни јавно ќе се објават во септември 2019 година.Избраните дела ќе бидат објавени во публикацијата „Моето патување во Фантазија“., која ќе се печати во тираж и ќе биде промовирана на предновогодишен настан во декември 2019 година, а потоа донирана за збогатување на библиотечниот фонд во сите основни училишта и градски библиотеки ширум земјата.Повеќе детали на: vlada.mk/detski-konkurs 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Матурантите по 13 пат го одиграа квадрилот

На плоштадот „Македонија“ се одржа „Матурската парада 2019 “, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, по 13. пат го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“. „Матурската парада“ ја отвори градоначалникот Шилегов.- Драги матуранти, со завршувањето на средното образование Вие затворате едно важно поглавје во вашите животи, поглавје во коешто убеден сум, имајќи во предвид како полека ги подобруваме условите во нашите училиштата, е период во којшто сте се стекнале со знаење за понатамошната иднина. За наша и ваша среќа за првпат навистина можеме да и кажеме на Eвропа дека сме дел од неа, јас сум убеден дека и вашите врсници од 25 различни земји од Европа за првпат ве чувствуваат и како дел од неа. Сакам да ви пожелам на сите да имате успешно лето и да имате успешни уписи, а знаењата и искуствата коишто ги стекнавте во изминатите 4 години во средните училишта ќе ви помогнат од ден на ден да бидете подобри и поблагородни луѓе и да градите убави односи со луѓето околу вас – им порача Шилегов на матурантите.На „Матурска парада” во Скопје учествуваа околу 1.000 ученици од 22 средни училишта во Скопје, како и матуранти од средни училишта од Охрид, Струга, Струмица, Гевгелија и од Валандово.Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите тадиционално положија заклетва за ненасилство и толеранција. Организатори на годинешнава Матурска парада се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а покровител на манифестацијата е Градот Скопје. Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија.

Скопје | пред 7 години

sahpaska-izjava

Шахпаска: Заврши блокадата на Иванов, повторно ги усвоивме законите што се во интерес на граѓаните

Со задоволство можам да соопштам дека заврши блокадата на законодавниот процес во Собранието на Република Северна Македонија, со која поранешниот претседател Иванов нанесуваше директна штета на граѓаните и на интегративните процеси на државата. Повеќе од три месеци Собранието на Република Северна Македонија беше заложник на однесувањето на Иванов, кое беше спротивно на волјата на граѓаните претставувана преку парламентарното мнозинство.На вчерашната седница во трето читање изгласавме низа закони, меѓу кои и Законите за прекинување на бременоста, за спречување и заштита од дискриминацијата, Законот за Судскиот совет, за коишто Иванов спротивно на Уставот не сакаше да ги потпише указите за нивно прогласување.Станува збор за исклучително важни закони, чие донесување граѓаните го бараа и го очекуваа, но и кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси. Законодавниот процес е повторно во функција, а Собранието на Република Северна Македонија конечно може со полн капацитет ефикасно да работи.Како парламентарно мнозинство остануваме силно посветени на градењето едно општество за сите, без поделби, без дискирминација, општество на еднакви граѓани со еднакви можности независно од полот, расата, верата или пак сексуалната определба.Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација за прв пат со закон се заштитуваат лицата со попреченост, различен родов идентитет, различна сексуална ориентација. Овој закон беше подготвен во соработка со невладиниот сектор, но е и еден од условите за евроинтеграцискиот процес на нашата држава.Законот за прекинување на бременоста, граѓаните го очекуваа подолго време и кој овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје.Продолжуваме и ги реализираме нашите заложби за владеење на правото, за реформи во судството и за еднаквост на сите пред законот. Законите за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни, откако ВМРО-ДПМНЕ буквално го сруши судскиот систем.  Овие закони се само дел од реформите што ќе следуваат во наредниот период.Не отстапуваме од целта Република Северна Македонија да биде стабилна, просперитетна и економски развиена европска држава.

Македонија | пред 7 години

avtomobil

15 лица затекнати во сообраќај, а воопшто немале возачка дозвола

Во текот на изминатиот ден (16.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Од преземените сообраќајни мерки и контроли констатирано е дека 16 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената,а од сообраќај се исклучени 17 возачи затоа што 15 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило додека двајца поради тоа што биле возачи почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи биле нерегистрирани. Наедно, петмина возачи биле санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување. Исто така осумина возачи се сакнционирани поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило а петмина возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците, санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот  ден издадени се 70 мандатни платни налози, а 64 возила се подигнати со специјално возило „пајак.

Скопје | пред 7 години

kucinja-kuce

Три годишно девоjче и 61 годишен маж каснати од кучиња скитници

На 16.05.2019 година во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.С.(39) од Скопје пријавила дека на 15.05.2019 година околу 19.30 часот на ул.„1613“ во Скопје нејзината тригодишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната подлактица и градниот кош.На 16.05.2019 година во 21.45 часот во Полициската станица Центар , С.Т.(61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

Скопје | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Охриѓанец излетал од патот и удрил во дрво

На 16.05.2019 година во 07.45 часот на регионалниот пат Охрид- Струга, во близина на приклучокот за магистралниот пат Охрид- Кичево, патничко возило „Рено Меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Ш.(37) од Охрид,  излетало надвор од коловозот и удрило во дрво. Со тешки телесни телесни повреди се здобила Т.Ш. којашто била пренесена во болницата Св.Еразмо, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

655-402-bebe

Кривична пријава за малолетната мајка која го остави новороденчето во парк

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.А (17) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напуштање немоќно дете “, казниво по член 200 од Кривичниот законик.Таа, на 14.05.2019 година околу 11.00 часот на булевар ,,Македонско Косовска Бригада“, своето новородено машко бебе го однела и го оставила на земја во близина на нејзината куќа. Новороденчето било пронајдено од случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош, по што бебето било префрлено на Клиниката за детски болести – Скопје, каде било прегледано и било констатирано дека се наоѓа во добра здравствена состојба. По Наредба од Основно јавно обвинителство – Скопје, била извршена споредбена ДНК анализа на А.А со новороденчето и било утврдено дека таа е мајка на новороденчето.После тоа, бил известен и стручниот интервентен тим од Јавна установа – Меѓуопштински Центар за социјални работи – Скопје за нивно понатамошно постапување.

пред 7 години

F4F_MKD-Pretstavnici-na-sredba-so-FFM_05.2019

Фудбалот е поттик за ширење на позитивни вредности, на теренот и надвор од него

Во знак на подготовките за финалните активности од овогодинешната сезона на „Фудбал за пријателство“, македонските учесници во проектот на средба со Фудбалската Федерација на Македонија.Македонските учесници во проектот „Фудбал за Пријателство“, младите амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневски, млади фудбалери од подмладокот на ФК „Вардар“ и Калина Василевска, ученик од Скопје остварија средба со претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини и Селекторот на Македонската Фудбалска Репрезентација, Игор Ангеловски.Во рамки на одржаната средба, македонските учесници го претставија проектот и неговите цели и разговараа за неговите вредности – пријателство, мир и еднаквост, како и поттикнување на негување на истите помеѓу граѓаните и важноста на вакви проекти за создавањето на љубов кон спортот кај младите. Младите амбасадори на присутните им подарија сино-зелена Алка на Пријателството – официјален симбол на проектот и неговите клучни вредности.„Фудбалот е колективен спорт. Добриот фудбалер, покрај високо – квалитетните перформанси на теренот, е тимски играч и ги применува позитивните вредности кои ги поттикнува проектот ’Фудбал за Пријателство’ – пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Ги охрабрувам сите млади активно да спортуваат и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на мирот, пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот. Воедно, ги повикувам Младите Амбасадори на проектот од македонската делегација да ги споделат овие вредности со сите свои врсници и пошироко“ , изјави Игор Ангеловски, селектор на Македонската Фудбалска Репрезентација.„Како Фудбалска Федерација, континуирано поддржуваме проекти во кои се поттикнува практикувањето на спортски активности, но и позитивни вредности на теренот и вон него кај децата од различни возрасни категории. Во овој контекст, со целиот наш стручен и личен капацитет го поддржуваме проектот ’Фудбал за Пријателство’ и можам да кажам дека редовно ги стимулираме младите кои се заинтересирани за фудбалот да ги применуваат клучните вредности на овој Проект, истовремено поттикнувајќи ја средината на здрав живот, развој на спортска кутура, пријателство и еднаквост. На младите претставници од македонската делегација која ќе нѐ претставува во Мадрид, Шпанија, им посакувам успешни активности и да се вратат со убави спомени и нови пријателства. Воедно, ги повикувам нив, како и сите млади, да ги следат своите соништа и да веруваат во самите себеси – на овој начин, со посветеност, работа, верба и дисциплина, може да се реализираат и како личности и врвни спортисти“, изјави Муамед Сејдини, претседател на Фудбалската Федерација на Македонија.

Спорт | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања