Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

goran-stefanovski

Синот на Горан Стефановски сподели многу за неговиот татко: Зборуваше на ист начин со амбасадори и претседатели, јас научив дека со „добар ден“ може да се постигне многу

Игор, син на драматургот Горан Стефановски, се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, каде раскажа спомени од неговото дество со татка си, а споредли и детали за смртта. Целиот текст ви го пренесуваме во целост:Пред и после прославата на животот на татко ми Горан Стефановски, што се оддржа во Дебар Маало на 27ми април, добив неколку понуди за интервјуа што за жал не можев да ги прифатам. Но, еве решив дека ако има интерес да кажам нешто за него, тогаш најдобро да го напишам. Некако е најсоодветно.Сепак, прво би сакал од сè срце да им се заблагодарам на сите што дојдоа на настанот на 27ми, како и оние што помогнаа околу организацијата. Се створи една многу убава енергија тоа попладне, незаборавна за мене а мислам и други, која се надевам ќе се шири од година в година на тоа место и пошироко.Пред многу години, К15 го поканија тато на ручек на кој имав среќа да присуствувам и јас. Памтам дека во еден момент тој им кажа дека се поголеми, поважни и посакани од што имаа претстава. Им рече, ,,Не можете да знаете зашто не можете самите да се видите, тоа го правиме ние”. Мислам дека слично е и со Горан. Сигурен сум дека не знаеше дека неговата смрт толку длабоко ќе се осети кај толку многу луѓе.Велат дека децата не ги слушаат родителите, туку ги имитираат. Јас од него научив дека сите, без исклучок, си имаат свои приказни за раскажување, научив дека со едно ‘добар ден’, ‘молам’ и ‘благодарам’ може многу да се постигне, дека секогаш треба да се има време за нештата во животот што нè прават среќни и весели, дека треба да се биде добар према сите што ќе ги запознаеш зашто нема втора шанса за прв впечаток, дека не го добиваш она што го заслужуваш туку она што ќе го договориш, и, можеби пред сè, дека секој треба да си биде горд на својата приказна и да ја изживее до крај.Кога ни требаа совети, често нè убедуваше со сестра ми дека макотрпната работа е секогаш поважна од вродениот талент. Но, таквиот вид на работа бара и многу дисциплина, а тој ја имаше, за скоро сè, од чување платени сметки до одење пеш од Дебармаало накај дома, но особено кога се работеше за пишување. Затоа над неговата работна маса има едно парче хартија со рачно напишан цитат: “Writing’s easy, just stare at a blank page until your forehead bleeds!” (Пишувањето е лесно, само зјапај во празна страница додека не ти прокрвари челото!). Секој нов проект му висеше над глава и му тежеше, но тој ќе си седнеше да чита и да учи со недели, па потоа ликовите сами прозборуваа — тој само ги запишуваше нивните зборови.Зборуваше со сите на ист начин, од комшии и таксисти, до амбасадори и претседатели; отворено и искрено, без маска или фасада. Тој навистина сакаше да ги слуша приказните на луѓето, и тие ги споделуваа со него токму поради неговата отвореност и искреност. Потоа, некои од тие приказни, споделени на пример при фрлањето ѓубре на контејнерите пред зграда, знаеше да ги искористи во своите драми.Ми беше најдобар другар. Секогаш имаше време, за совет, шега, музика, дискусија, без ниту еден пат да се наметне, и секогаш беше подвижен, дури и кога не правеше ништо. Морам да ја споделам со вас последната шега што ми ја направи, три дена пред да почине. Тој лежи во болница, таму сме со мајка ми и сестра ми, претходната вечер ни рекоа дека можеби нема да ја преживее ноќта, а ете го другиот ден се буди. Гладен. Што има за јадење? Чили кон карне. Топ, многу си сакаше, и ете тоа му беше последното јадење.Го прашувам:- Имаш ли болка?- Не се вика така, туку ‘те боли нешто’?- Ок, те боли нешто?- ДА.- Што?Мислам дека знаете што ми кажа, краток збор, именка, машка, почнува со К… Се разбира сите се утепавме од смеење. Како ништо да не му беше, курнас атанас. Сакашe да ми покаже кој е кој, и што е што, јас сум таткоко а ти синот, немој да си мислиш дека нешто се променило поради тоа што лежам тука. Но, уште поважно, ни даде до знаење дека сè е во ред, дека работите испаднале точно како што требало, и дека буквално не треба да се плашиме за него. Едноставно К го боли!И ова е најважното што треба да го знаете. Горан почина на убав начин, колку и да звучи чудно тоа. Имаше голема среќа што си отиде без мака, што околу него постојано беа луѓето кои најмногу го сакаа, што со денови му ја пуштавме неговата најсакана музика, а ние имавме среќа што имавме време да се збогуваме како што треба. Сè беше како во холивудски филм, а тој, со последното шегачење, ни кажа на сите да го памтиме со насмевка наместо солзи.

Македонија | пред 7 години

maxresdefault-2

Ристиќ: „Бомбите“ покажуваат дека од нас правите мајмуни и не третирате како малоумници, но и какви гомна сте!

Актерката Ирена Ристиќ се огласи на социјалните мрежи по новообјавените приватни разговори на интернет. Таа вели дека „бомбите“ и се супер, оти покажувале како функционерите го третираат народот.„Мене бомбите ми се супер! И оние претходните и овие сега! Зошто?! Зашто покажуваат дека од нас прајте мајмуни и не' третирате како малоумници, но пред се' и над се' вие какво говно сте!!! Добро, де, не цело!! Пола говно... Добро направено! Мрш“, напиша Ристиќ.

Коментари | пред 7 години

zamir-mehmeti

Мехмети за Богоевски: Знам за трагедијата на Павле, да сум на негово место би одел до Северна Кореа по нуклеарка ако тоа му помага на мој близок

Замир Мехмети,  истакнат борец против режимот на Никола Груевски и активист на Шарената револуција застана во одбрана на пратеникот Павле Богоевски. Тој вели дека знае за приватните проблеми на Богоевски, како и за трагедијата која му се случила на неговото семејство. Мехмети го поддржа чекорот на Богоевски.„Има многу причини поради кои на принципиелна основа не сум се согласувал со Павле. Има многу негови постапки и пристапи за кои сум сметал дека се несоодветни особено поради тоа што како политичар се створи на протести, меѓу нас кои заедно растевме и политички созревавме на улиците борејќи се за правда. Поради тоа сум се карал, сум се дистанцирал од него, сум пробувал и со добро и со лошо да му ги наметнам моите гледишта за принципите кои сум сметал дека ни се заеднички. Некогаш сум успевал, некогаш не.Затоа разбирам зошто неговото политичко делување предизвика антагонизам кај дел од јавноста но никако не можам да разберам зошто таа јавност е толку гладна за сензационализам, лековерна на наслови и спремна да осудува без никаква намера да биде објективна и со сознание за целата приказна.По игра на случајност знам за приватните проблеми со кои се соочува Павле. Знам за трагедијата која есеноска му се случи нему и на неговото семејство. Сестра му настрада во тешка сообраќајна несреќа и после повеќе од 20 дневна кома се разбуди со тешки последици. Маслото од канабис и помага за полесно справување со болките исто како што помага и за ублажување на симптоми од многу болести.Не знам за вас но јас лично би одел до Северна Кореа да го договорам и Ким Јонг Ун за пола нуклеарка ако тоа би му помогнало на некој мој близок. Ова го зборувам како син на татко со преживеани 14 мозочни удари кој 15 години беше практично инвалид. Морализирање на овие теми сведочи за отсуство на сочуство и емпатија помеѓу луѓето што е показател за суровоста која не има обземено сите.Да критикуваме за политичкото делување на одговорните луѓе, да ги отценуваме нивните постапки кои имаат директен импакт на нашите животи но да ги оставиме луѓето да се борат за подобрување на квалитетот на животот на блиските од здравствен аспект, бидејќи на крајот на денот тоа е нешто што сите ние го правиме, на овој или на оној начин.И на крај...Време е... крајно време за декриминализација за лична употреба на канабис и маслото од канабис. Време е Моника и луѓето како неа да не се третираат како криминалци. Време е да не мораме да се правдаме за користење на билка која третира над 400 симптоми. Затвор и притвор за криминалците а слобода за активистите“, пишува на социјланите мрежи Замир Мехмети, дел од Шарената револуција.

Македонија | пред 7 години

deca-pitachi

Мобилни тимови на ЦСР Скопје на улица затекнале 167 деца, вклучени во улична работа

Двонеделнен мониторинг на шест мобилни тимови на ЦСР Скопје на најфреквентните крстосници во Скопје, детектирал 167 деца, вклучени во улична работа. Од нив 18 биле  бебиња.Овие деца биле принудувани на чистење стакла, питачење, продавање на мали предмети на случајни минувачи, а доколку се спротиставувале на вакво нешто, дечињата биле физички и психички малтретирани.Од следниот месец уште 14 нови тимови ќе работат на терен. Во летниот период дел од нив ќе бидат префрлени и во туристичките центри во државава, бидејќи во тој дел од годината таму се врши најголема злоупотреба на детскиот труд.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична пријава за битолчанецот кој ја турна кутијата со избирачкиот материјал

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.С.(40) од село Добрушево, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на избори и гласање“.На 21.04.2019 година околу 17.40 часот во село Добрушево, на избирачко место, пријавениот започнал вербална расправија со избирачкиот одбор и набљудувачите, при што ја турнал кутијата со избирачкиот материјал.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Непознат сторител украл пиштол од куќа во Тетово

На 13.05.2019 година во СВР Тетово било пријавено дека во куќата сопственост на С.Г.(72) во с.Брвеница, тетовско, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со употреба на сила влегол внатре и одзел пиштол „ЦЗ“ калибар 9мм.Сепреземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

10-1344-

Се обидел да го нападне со секира, па удрил во мотоциклот

На 14.05.2019 година околу 17.30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(17) од село Катланово пријавил дека во атар на село Катланово, кај „Катлановска Бања“, непознато лице се обидело да го нападне со секира. Според пријавеното, додека Ф.С. управувал мотоцикл, бил повикан од непознатото лице кое со секира замавнало кон него и со секирата удрило во задниот дел од мотоциклот.После тоа, исто така според пријавата, Ф.С избегал и за настанот го известил неговото семејство. Кога сите заедно повторно отишле на местото го збележале лицето со нож во раката, по што заминале.Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

bitola

Тендерската постапка за офицерскиот дом може да започне

Во текот на вчерашниот ден Општина Битола го доби Договорот за реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерно уредување, со што е комплетирана целосната документација за отпочнување на санација на Офицерскиот дом во Битола. Со потпишувањето на договорот од страна на вицепремиерот Кочо Анѓушев, може да започне тендерската постапка за избор на изведувач за реконструкција на Офицерскиот дом.„Договорот ги има сите потписи, вклучително и потписот од Владата од страна на господинот Анѓушев, така што останува да се изврши регистрација во Секретаријатот за европски прашања на истиот договор и започнува тендерската постапка. Со ова потврдувам дека Офицерскиот дом во оваа градежна сезона ќе се гради“, рече градоначалничката Наташа Петровска.Отпочнувањето на реализацијата на проектот за реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерно уредување е голем успех за локалната самоуправа, која во изминатите 18 месеци работеше на комплетирање на целосната документација за реставрирање на овој објект од клучно значење за градот под Пелистер.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka-1

Сведоштво за несреќата кај Драчево: Вработените од Бензиските ги вадеа патниците

Јованче Лазаревски од Драчево е возачот кој вчера го управувал автомобилот, кој според Обвинителството, вегол во спротивна лента и удрил во камион на Комунална хигиена. Откако се слушнал ударот, први на помош стигнале вработените во околните бензиски пумпи. Сликата била прелоша, а автомобилот бил смачкан.Вработените велат дека максимално се труделе да им помогнат на повредените, но и дека било тешко да се извадат од автомобилот, бидејќи авомобил немало, туку само остатоци од лим. Прво што слушале била силна врева.Направиле се што можеле, велат сведоци на несреќата. Автомобилот се движел од Драчево кон центарот на Скопје, а несреќата се случи 20 минути пред полноч. Во сообраќајката возачот Ј.П. и сопатниците во реното, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото.

Македонија | пред 7 години

pretepan

Малолетник истепан од четири непознати лица

На 14.05.2019 година во 01.15 часот во СВР Скопје, А.Е.(44) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 01.10 часот на бул.„Кузман јосифовски Питу“ неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од четири непознати лица.Според пријавеното, неговиот син бил нападнат додека шетал со свој другар, кој успеал да побегне.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

60552635_261365381342131_1752860029913923584_n

(ФОТО) Другарите се простуваат од полицаецот кој загина во сообраќајката во Драчево

На социјалните мрежи на страната ТВРДОКОРНИ, беше поставена фотографија од загинатиот полицаец Јованче Лазаревски познат под надимак Шиљо, кој е една од жртвите во синоќешната сообраќајка. Со него во возилото беа уште четворица негови блиски.Несреќата се случи вчера доцна вечерта. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу товарно возило марка ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, кое било управувано од М. Ј. (44) од Скопје и патничко возило ‘рено 5’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. Л. (43) од Скопје. Во несреќата возачот Ј. П. и сопатниците возилото ‘рено’, С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И. А. (40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопштија од МВР.Во сообраќајката настрада поранешен полицаец Јованче Лазаревски, вработен во ПС Драчево. 

Скопје | пред 7 години

KIR_0837

Се степале, а едниот завршил во болница

На 14.05.2019 година околу 23.30 часот во Полициското одделение Галате, П.Х. од Република Албанија пријавил дека во куќа во која престојувале привремено во село Неготино настанала физичка пресметка помеѓу А.Х.(29) и Ф.П.(46), двајцата од Република Албанија.Според пријавеното, А.Х. го турнал Ф.П. кој паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, по што бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид на местото. А.Х. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

dac

Дац: Очекувам оставка од Богоевки, како што е ред нели?

Актерот Драган Спасов – Дац на својот профил на „Фејсбук“објави свое мислење за последната објавена „бомба“ во која е инволвиран пратеникот Павле Богоевки. Дац на ФБ напиша:-Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес конференција на Миле Бошњаковски!Како што е ред, нели?Инаку Актерот Драган Спасов – Дац, во јануари 2018 год си поднесе оставката од директорската позиција во Македонскиот народен театар откако со својот автомобил удри и повреди девојка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Избувна пожар во фирмата „Нова Рефректор“ во Пехчево

На 15.05.2019 година околу 01.00 часот во Полициското одделение Пехчево било пријавено дека настанал пожар во фирмата „Нова Рефректор“.Со пожарот биле зафатени печка на нафта, комплетната инсталација во халата и инвентарот.Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово. Повредени лица нема. Увид бил извршен.

Македонија | пред 7 години

klinicki

Пронајден 25-годишен тетовчанец облеан во крв, итно пренесен на Клиника

На 15.05.2019 година околу 06.30 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека во месноста „Бањиче“ во Тетово имало паднато машко лице облеано во крв.По преземени мерки лицето е идентификувано и се работи за С.М.(25) од Тетово.Поради сериозноста на повредите тој бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

60355251_1089003981300740_4199651629420511232_n-1

Дивата платформа на Матка доби ограда, клупи и маси

Постизборно се доградува дивата платформа на Матка во првиот залив по браната, додека од Општина Сарај сè уште се чека одговор на барањето за нејзина легализација. Поставена е дрвена ограда на платформата, а покрај малиот објект се поставени маси и клупи.Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, не одговара на прашањата дали барањата за легализација на платформите на Матка стигнале на ред за разгледување и дали инспекцијата постизборно излегла на терен за да направи увид во уредувањето на платформата. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Приведени четворица Албанци кои илегално престојувале во земјава

На 15.05.2019 година околу 01.00 часот полициски службеници од Полициска станица Гостивар, поради сомнение за непријавен престој и нелегална работа, ги привеле албанските државјани Г.Џ.(37), П.Х.(46), Б.М.(35) и А.Х.(40).Тиe се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар по што ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Македонија | пред 7 години

pavle-bogoevski

(ФОТО) Богоевски: Ме снимал таксистот додека разговарам

Пратеникот Павле Богоевски тврди дека разговорот кој вчера беше објавен од него, го снимил всушност таксист додека тој се возел во такси.Ова го обелодени самиот пратеник одговарајќи на прашања во коментари на неговиот Фејсбук профил.Тој претходно потврди дека е негов гласот на снимката, но дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис.„Очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата“, напиша претходно Богоевски.

Македонија | пред 7 години

655-402-bebe

Бебето кое беше оставено на улица е во добра здравствена состојба

На Клиниката за детски болести вчера со возило на итна медицинска помош е донесено новородено најдено во скопската населба Топанско поле.– Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2.400 гр, згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки за вакви случаеви, соопштија од Клиниката за детски болести.

Скопје | пред 7 години

saso-tasevski

Тасевски:Лекарски тим под итно да направи систематски на пратениците

Актерот Сашо Тасевски со свој коментар на социјалната мрежа Фб. Статусот на Тасевски ви го пренесуваме:-Под итно да влезе во собрание лекарски тим и да направи систематски на пратениците, со тест на тешки и лесни дроги. Да се види зошто државава ни е дрогирана.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Започна постапката за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Претседатеот на Собранието Талат Џафери ја извести Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот Никола Груевски неоправдано отсуствува од работа во Собранието повеќе од шест месеци.Според членот 59 од Деловникот,предлог за одземање на мандатот на пратеник поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието.Според овој член, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник како што е случајот со Груевски поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Претседателот на Комисијата Павле Богоевски сега треба да ја закаже седницата на која ќе се расправа по прашањето. Ако комисијата препорача одземање на мандатот, потоа на пленарна седница е потребно двотретинско мнозинство за да му се одземе мандатот на Груевски.Претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. 

Македонија | пред 7 години

fenjgrehrtjhdztj-158218-1

Арсовски: Филипче е подготвен за чистење и метла, оставката му е неизбежна

Венко Филипче повторно ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Од медиумите вчера можевме да видиме дека на повидок има нов скандал за централизација на стерилизација во Министерството за здравство. Скандал помалку или повеќе сличен или идентичен на тендерот за реагенси кој пропадна инаку вреден 35 милиони евра, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Скандалот со тендерот кој вчера го објавија медиумите за централизација на стерилизацијата на клиниките во моментов активен и трае до 21 мај, а тендерот е во вредност од 13.700.000 евра.Главното прашање е кој близок до власта ќе го добие овој тендер и во чиј џеб ќе завршат овие пари на граѓаните?Тендерот по овој терк е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизации и сервисирање на клиниките.Оттука би сакале да поставиме повеќе прашања до Владата и до Венко Филипче.Дали ова е уште еден тендер по ист принцип на тендерот за реагенси?Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните?Планирано е целата опрема што ќе се стерилизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука постои можност дополнително да има опасност од инфицирање и бактерии.Експертите коментираат дека на овој начин дури и 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, сето тоа ќе се плаќа од парите на граѓаните, а услугата сепак нема да е на ниво.Исто така постои и можност да се поскапи и цената на услугите за здравството за граѓаните.Апелираме и повикуваме, веднаш да се стопира овој тендер и да се отвори поширока јавна расправа, за да се тргнат сите сомнежи во моментов.Венко Филипче е подготвен за чистење и метла. Оставката му е неизбежна.Додека пак институциите ги повикуваме да ги следат сите чекори на Филипче и Министерството за здравство, за да може да биде спречен уште еден огромен скандал кој што е на повидок“, изјави Арсовски.

Македонија | пред 7 години

sveti-atanasij-640x528-1

Здравковски: Веќе е средина на мај, а градскиот базен во Велес нема ниту градежни зафати

Две години поминаа откако СДСМ и ДУИ ја превземаа локалната и централната власт во речиси цела држава, и овој бран на неработење и пустош не го избегна и Велес како еден од градовите кои дадоа многу, но и најмногу изгубија од погубните политики на овие деспоти, изјави Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Две години откако на чело на локалната власт е господинот Коцевски, и две години напразно очекување да отпочнат со реализација некои од неговите ветени проекти во изборната програма.Ветувањата и проектите останаа заборавени во неговата изборна програма, а секое негово излегување во јавност е само низа изговори, оправдувања, барање виновници низ минатото и нови шарени лаги.Ветивте затворен градски базен, а го затворивте и отворениот. Единственото место кое за и онака нискиот стандард на Велешани беше достапно за разладување во летниот период.Пред точно една година, во април 2018 година на прес конференција од општинската администрација беше објавено дека таа сезона базенот нема да работи бидејќи е ризичен, и ги замоливте граѓаните да бидат трпеливи, дека ќе биде најдено решение. И тие беа трпеливи Коцевски, но една година подоцна, поточно 02/2019 год. излеговте и најавивте дека не само што ќе биде ставен во употреба градскиот базен, ами и дека до него ќе се гради нов затворен базен.Сега е веќе средина на мај, а градскиот базен нема ниту градежни зафати, ниту некој се движи таму, и повторно ќе побарате од граѓаните да бидат трпеливи.Велешани господине Коцевски немаат веќе трпение за вашите празни ветувања и шарени лаги. Доста им е од ветувања кои се само предизборен трик, ве прочитаа и никогаш повеќе нема да ја вратите довербата, а тоа јасно ви го кажаа и на последните избори на кои бевте катастрофално поразени со речиси 3.000 гласови разлика и пад од цели 6.500 гласови за две години, а за тој резултат сте виновни единствено Вие - челниците на градот поставени од владејачката гарнитура.Вие знаете, но знаат и граѓаните дека формиравте две нови јавни претпријатија за паркинзи и за гасификација, претпријатија кои по една година постоење немаат ниту своја годишна програма за работа ниту некаков проект, а не па приход кој ќе влегува во општинската каса, претпријатија кои служат само да се вдоми по некој партиски кадар и да зема плата.Постоечките јавни претпријатија кои никогаш не работеле со загуба сега  прикажуваат и тоа континуирано зголемена загуба, Јавното комунално претпријатие „Дервен“ и Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Спорт Парк“ – работат со загуби, а неумеењето да се менаџира  и да се постават вистински професионалци доведе само до чести менувања на раководните лица, од кои  дел сами си поднесуваат оставки, и сето тоа уште повеќе ги хаотизира работите, а претпријатијата тонат, па сега поради лошите резултати, дополнително се дрзнувате да ги прераспоредувате работниците на други работни места, единствено затоа што тие не се ваши истомисленици и не ги поддржуваат погубните политики.Нема ниту катни гаражи, нема паркинг простор, нема трговски деловен центар, градски пазар, нема атмосферска канализација која ви беше предвидена во изборната програма и досега требаше да биде реализирана, но се уште има тука азбести цевки - а ветивте град без азбест - нема ништо од она што го ветувавте - доста е Коцевски.Велешани видоа доволно за овој период, ама не го видоа она што вие го ветивте – гледаат само смет, ископани улици со дупки кои ниту не се санираат, ниту имате намера да ги поправите, гледаат депонии кои горат со месеци, загаден воздух кој ги уништува, ги гледаат зголемените давачки по неколку основи на сметката на секој граѓанин, ја гледаат поскапата вода и што уште треба да видиме?!Вие Вашето си го кажавте Коцевски, а граѓаните едвај чекаат да си го кажат своето на следните избори.Колку побрзо сфатите дека проблемот е во вас, а не во народот, толку подобро ќе биде за и градот.Коцевски до крајот на вашата политичка кариера остануваат уште две години. Време е да почнете да работите нешто, за како - така достоинствено да заминете во историјата“, изјави Здравковски.

Македонија | пред 7 години

IMG_1931

Заев: Отворените врати и можности во ЦЕРН е од исклучително значење за научниците од нашата земја

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска прими делегација на Европската организација за нуклеарни истражувања, популарно позната по кратенката ЦЕРН.Делегацијата, предводена од Проф. д-р Кристоф Шафер и д-р Тадеуш Куртика, високи советник во Одделението за меѓународни односи на ЦЕРН, во придружба на министерката за наука на Црна Гора Сања Дамјановиќ, која воедно е и член на Надзорниот Одбор на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST), кој како регионална организација во која членува и нашата земја, учествува во заеднички проекти иницирани од Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), е во посета на Северна Македонија за да се направат последните подготовки за обнова и потпишување на Договорот за меѓународна соработка меѓу Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) и Владата на Република Северна Македонија.На Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев денеска му беше упатена покана да го посети ЦЕРН и во Женева, Швајцарија, каде што ќе се одржи церемонијата на потпишувањето на обновениот договор, кој за нашата земја го обезбедува континуитетот на учеството на наши научници и студенти во многубројните проекти од врвно значење за науката и технологијата.Премиерот Заев со задоволство ја прифати поканата, и додаде дека оваа соработка на нашата земја со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) е од огромно значење за научната и академската јавност во Северна Македонија, и од огромно искуство за 22 студенти од нашата земја кои досега биле корисници на програмите на ЦЕРН.Министерката за наука на Црна Гора, и член на Надзорниот Одбор на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST) Сања Дамјановиќ, на средбата изрази благодарност на подготвеноста на Владата и на Претседателот на Владата на РСМ Заев, да ја поддржат иницијативата научни работници од нашата земја да земат учество во проектот Хадронска терапија на ракот и биомедицински истражувања со протони и тешки јони (Hadron Cancer Therapy and Biomedical Research with Protons and Heavy Ions), како проект на земјите членки на Институтот (SEEIIST) во кој членува и Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

pavle11111

Се бара оставка од Богоевски: Ако Павле не падне, сите ќе можат да нарачуваат преку него

Бура од реакции на социјалната мрежа „Твитер“ по објавувањето на прислушкуваниот разговор, за кој пратеникот Павле Богоевски потврди дека е автентичен. Твитер заедницата побара и оставката од пратеникот, бидејќи и сам признал дека нарачувал забранети супстанци, што е казнливо со закон. Дел од нив ви ги пренесуваме во продолжение:

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања