Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

kuce

Две лица каснати од куче скитник

На 15.05.2019 година во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, А.С.(39) од Скопје пријавила  дека истиот ден околу 18.00 часот на ул.„Ванчо Мицков“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.На 15.05.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.В.(64) од Скопје пријавил дека на 14.05.2019 година околу 20.30 часот на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната подлактица.

Скопје | пред 7 години

policija

Исклучени од сообраќај 18 лица без возачка дозвола

Во текот на изминатиот ден (15.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои шест лица се здобиле со лесни телесни повреди.Од преземени мерки по однос на почитувањето на сообраќајните правила и прописи констатирано е дека 30 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени и 21 возачи од кои што 18 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца управувале возило под дејство на алкохол и еден бил возач почетник.Покрај ова, четворица возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување.Исто така санкционирани се и тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и деветмина - поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Наедно, од сообраќај беа исклучени и девет возила бидејќи биле нерегистрирани.Во однос на пешаците, санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози а 60 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 7 години

izjava-zaev.Still072

Во понеделник ќе се одлучува за мандатот на Груевски

Во понеделник е закажана седницата на комисија за деловнички и имунитетно мандантни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски.Вчера претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери ја информираше Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот Никола Груевски отсуствува од работа повеќе од шест месеци без оправдување. Со ова се исполнуваат условите Собранието да започне постапка за одземање на неговиот мандат.Груевски не присуствува на собраниските седници од почетокот на ноември лани откако побегна од државава.

Македонија | пред 7 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Законите кои Иванов одби да ги потпише по трет пат пред пратениците

Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница треба по трет пат да изгласаат неколку закони што претходниот претседател на државата Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во законодавниот дом.На повторно, трето гласање, пред пратениците денеска се законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за инспекциски надзор, за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција, за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст, Законот за прекинување на бременоста и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Парламентот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, да бидат објавени во Службен весник.Новиот претседател Стево Пендаровски најави дека една од првите обврски по презмеањето на должноста ќе му биде да ги потпише законите кои неговиот претходник Иванов ги врати во Собранието.

Македонија | пред 7 години

DSC_7526

Заев и Принцот Едвард: Партнерството меѓу Британија и Македонија ќе продолжи во области од заеднички интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на Неговото Височество принцот Едвард на Република Македонија.На вечерата Премиерот Заев и Принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите на вечерата, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации.Во своето обраќање, Неговото Височество принцот Едвард, се заблагодари за топлиот прием во земјата при неговата повторна посета. На вечерата Премиерот Заев и Принцот Едвард изразија согласност дека партнерството меѓу Велика Британија и Македонија ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси

Македонија | пред 7 години

HELIKOPTER-HADSON

(ВИДЕО) Хеликоптер се урна во реката Хадсон

Хеликоптер се урна минатата ноќ во реката Хадсон, недалеку од прометниот хелиодром на Менхетен во Њујорк, по што пилотот без сериозни повреди од делумно потонатиот авион успеа да стигне на копното.Од пожарникарската служба на Њујорк изјавија дека единствено пилотот бил во хеликоптерот што се урна во вода во близина на 30. улица.На видеото од мобилен телефон објавено од телевизијата WCBS се гледа хеликоптерот кој  паѓа во реката, при што го промашува хелиодромот за помалку од еден метар, објави АП.Претставник на хелиодромот рече дека пилотот извршил присилно слетување и дека покрај него, немало други патници во авионот.

Свет | пред 7 години

arsim_zekoli

Сите прашања околу „бомбите“ водат до Заев, смета Зеколи

Екс дипломатот и аналитичар Арсим Зеколи поставува неколку прашања во врска со “бомбите” меѓу кои и последната објавена за пратеникот Павле Богоевски која покрена лавина коментари.- Скандалот Павле и негови џанки-адвокати е помалку битен момент. Ре-легализацијата на бомбите во јавноста е клучната тема. Како доаѓаат до јавноста? Кој ги чувал? Нели сите биле дадени на ЗЗ т.е. СЈО? Кој ги давал наоколу? Сите прашања водат до Заев, смета Зеколи.

Македонија | пред 7 години

60340630_451007182333064_3723282972531490816_n

Новинарот Јовановски до „малограѓанштината“: По колку хелекси и дијазепами лапате на ден?

Од низата реакции на социјалните мрежи, новинарот Борјан Јовановски на социјалната мрежа Фејсбук напиша статус за кој вели дека е посветен на малограѓанштината. Тој не појасни на кого мисли, но се претпоставува дека им се обраќа на критичката јавност која побара оставка од Павле Богоевски по објавувањето на прислушкуваниот разговор.„Туку ај сеа да си кажете сите колку хелекси и дијазепами лапате на ден. Оние количини што се мерат у тони сигурно не ги земате по аптекиве за домашни миленичиња“, пишува Јовановски.Неговите следбеници на социјалната мрежа му порачаа „Голем е Павле остај го да се брани и вади сам, и да ја искористи оваа прилика да покаже како треба да се истрае победи или пропадне“, на што тој напиша „Не го бранам Павле..се мајтапам со малограѓанштината“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 15 до 21 степен.Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.Од понеделник во попладневните часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.

Македонија | пред 7 години

60352403_360697044438989_3098808020616871936_n

Апасиев до Богоевски: Од наши пари шмркате, кога оставка бе копук?

Членот на презедиумот на Левица, Димитар Апасиев, по објавата на прислушкуваниот разговор каде се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски, а со наслов „Пајо нарачува кокаин“, на социјалните мрежи побара оставка од народниот избраник.„Белото да го вратите. Шала на страна, патец во средина... Пајо кога оставка бе копук? Од наши пари шмркате“, напиша Апасиев.Објавата на разговорот предизвика лавини рекации во јавноста. Дел го поддржуваат Богоевски кој објасни дека нарачувал масло од канабис за негова блиска личност, а останатите со негативни критики бараат пратеникот да ја напушти функцијата. Професорката Мирјана Најчевска побара пратениците и функционерите да се проверуваат од страна на органите за да се види дали користат наркотични средства.

Македонија | пред 7 години

pavle-bogoevski

Најчевска за Богоевски: Сум за легализирање на марихуаната, но во Собранието сакам луѓе со чисти глави

Професорката Мирјана Најчевска напиша дека е за легализација на марихуаната, но и дека во Собрание сака луѓе со чисти глави.„Јас мислам дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци.Функциите носат привилегии, мора да носат и ограничувања.Јас лично сум за леализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни сусптанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави.Јас исто така мислам дека треба да има и тестови за општа интелегенција.Навистина ми е преку глава од “народни претставници“ со пола грам мозок кој не можат да соберат 2+2, а камоли да разберат што пишува во законските предлози за кои дигаат рака“, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

untitledtrhtrh84558y4455y4455y44ee

Тамара Тодевска со „Proud“ настапува вечерва на Евровизија

Пејачката Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) вечер ќе настапи во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа ќе настапи под реден број 17, а придружни вокали ќе ѝ бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.Од 17 земји кои настапија  на првата полуфинална вечер, во финалето се пласираа изведувачите од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.Во финалето, в сабота , 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41.Покрај пласираните од полуфиналињата, ќе пеат и претставниците на големата четворка плус земјата домаќин: Италија, Франција, Германија,  Шпанија, Англија и Израел. 

Магазин | пред 7 години

penzioneri

Власта им го крати правото на повисоки пензии на 310.000 пензионери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ манипулира и си поигрува со пензионерите во Република Македонија. Власта со својата лицемерна политика гази врз над 310.000 пензионери и им го крати правото на повисоки пензии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Секогаш кога СДСМ е на власт удира по џебот на пензионерите. СДСМ додека беше опозиција ветуваше повисоки пензии, а сега од позиција на власт кога имаше можност да овозможи реално покачување на пензиите одби да го стори тоа.Пратениците на СДСМ на Комисијата за труд и социјална политика наместо да работат во корист на граѓаните, тие одлучија да застанат позади партиските интереси  и го одбија предлог законот со кој се предвидуваше враќање на старата методологија за усогласување на пензии со која пензиите навистина ќе растеа.СДСМ со овој несериозен и лицемерен потег создава сериозен удар врз животниот стандард на пензионерите и наместо да им донесе живот како што ветуваше им носи беда.За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и ќе продолжи да работи во интерес на пензионерите. Додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт се донесоа голем број на мерки и проекти за подобрување на животот на пензионерите.Владата на ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги зголемуваше пензиите па така најниската  пензија порасна за 106% односно од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари, додека пак просечната се покачи за 80% и од 7.684 денари  стигна до стигна до 13.754 денари.Токму затоа пензионерите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи за нив, а СДСМ работи спротивно на нивните интереси.СДСМ докажа дека не се грижи за животот на пензионерите. Негрижата и поигрувањето на СДСМ со пензионерите мора што побрзо да запре. СДСМ мора да си оди, за да се врати достоинството на македонските пензионери“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

zemjodelci

СДСМ: Откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тромесечие е поголем за 5,9 отсто

Политиките на Владата предводена од СДСМ во земјоделството и зголемената поддршка за земјоделците даваат реални резултати, велат од СДСМ.„Откупот и продажбата на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 година е поголем за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година.Забележен е и раст на извозот на земјоделски прозиводи кој во првото тромесечие од годинава е зголемен за 8 отсто или за 42,2 милиони евра повеќе од истиот период од минатата година.Зголемената поддршка за земјоделците, помошта за младите земјоделци, зголемените субвенци и нивната неселективна и навремена исплата придонесуваат за зголемено и поквалитетно земјоделско производство конкурентно на домашниот и странските пазари.Оваа тенденција на раст ќе продолжи во текот на годината. Со воведувањето на „зелената нафта“ со придвижувањето на евоинтеграциите се отвораат можности за поконкурентно производство и пристап до нови пазари, што ќе резултира со зголемен, навремен и сигурен откуп на земјоделското производство.Продолжува вистинската грижа за земјоделците. Се враќа достоинството на земјоделците и се унапредува земјоделството како една од најважните стопански гранки.Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на земјоделството, зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

apelacija

Апелација денес ќе одлучува по жалбите на осудените во „Диво Насеље“

Апелација денеска и утре ќе донесе одлука по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво Насеље.По жалбите на 33-та осудени денеска и утре ќе заседава второстепениот суд. Седумина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите, пренесе МКД.МК.Инаку, македонските безбедносни сили се судрија со добро организирана терористичка група, во таа борба загинаа осум припадници на безбедносните сили, го дадоа својот живот за Македонија, а 37  припадници на безбедносните сили беа повредени.

Македонија | пред 7 години

pavle11111

Павле Богојевски сликан во Полиција

Пратеникот Павле Богоевски попладнево самиот се пријавил во полициската станица Центар за маслото од канабис, но поднел пријава и за непознат сторител.КУРИР објавува ексклузивна фотографија од пратеникот во полициската станица БЕКО.Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријавил и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памети.

Скопје | пред 7 години

48739691_303

Македонија мора да отвори преговори со ЕУ во јуни

Добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни е клучен момент, беше порачано од конференцијата во Берлин на која учествуваше шефот на македонската дипломатија Димитров. Врвен аргумент е Преспанскиот договор.Во вторникот вечерта (14.05), како и пред две недели на конференцијата за Западниот Балкан, сите беа сложни околу една констатација: Северна Македонија во моментов е „ин“ и може да му послужи како пример на остатокот од регионот за решавање на спорови со соседите. Тоа беше видливо и на предавањето на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на кое во парламентарниот објект покрај зградата на Рајхстагот се собраа повеќе пратеници во Бундестагот, претставници на дипломатскиот кор и други претставници на политичкиот живот во Берлин.Преговорите мора да бидат отворени во јуниДискусијата ја отвори пратеникот на Зелените во Бундестагот, Мануел Сарацин, кој е и потпретседател на Друштвото за Југоисточна Европа, истакнувајќи го напредокот на Северна Македонија во реформскиот процес и договорот за името со Грција - еден од ретките светли моменти во историјата на овој дел од Европа последниве години. Димитров, по излагањето полно со анегдоти од процесот на преговори со Грција, се сврте кон иднината, а таа, како и за сите останати земји од регионот, барем декларативно, е во ЕУ.Тука беше отворено најважното прашање за датумот за почеток на пристапните преговори.„ЕУ едноставно не може, а да не го награди напредокот на Северна Македонија“, рече Димитров. Европската комисија на Советот на ЕУ на крајот на мај ќе препорача отворање на преговори со Албанија и Македонија. Но, како што можеше повторно да се слушне во Берлин, постојат големи противници на почеток на преговори, а тоа се пред сѐ Франција и Холандија, кои стравуваат од јакнење на десничарите во нивните земји.MdB Manuel Sarrazin Die Grünen (Imago/allefarben-foto)"Одлуката за отворање преговори мора да се случи на самитот на ЕУ во јуни“, вели Мануел СарацинСарацин, како и повеќето германски парламентарци, за тоа има јасно мислење.„Одлуката за отворање преговори мора да се случи на самитот на ЕУ во јуни“, дециден е Сарацин. „Таа одлука мораше одамна да биде донесена“. Тој објасни дека Северна Македонија одамна исполни сѐ што се бараше од неа. „Остатокот може да се проверува низ преговарачкиот процес кој може да потрае со години“, рече пратеникот на Зелените.Притоа, Сарацин ја отфрли можноста Северна Македонија и Албанија да одат во пакет во преговорите по секоја цена.„Тука важи правилото на регата, а не на воз. Оној кој е подобар, тој побрзо ќе стигне до целта“, заклучи Сарацин.А што доколку преговорите сепак не започнат?„Тогаш сѐ е можно“, предупреди Димитров, иако сите присутни истакнаа дека не сакаат да веруваат во такво нешто.Прашањето на КосовоПотенцијални жаришта на нестабилност не недостасуваат во регионот.„Ние веќе еднаш доживеавме како војната на Косово, така да речам, се прелеа и на тогашна Македонија. Значи, стабилноста во регионот зависи од помирувањето и изнаоѓањето решение за Косово“, смета Сарацин. Но, тоа за Северна Македонија во овој момент е од второстепено значење.Deutschland Westbalkan-Gipfel (Getty Images/M. Schmidt)На Конференцијата за Западниот Балкан во Берлин, на 29 април, Северна Македонија беше издвоена како позитивен пример„Патот на Северна Македонија не зависи од тоа што ќе се случува во нејзиното соседство. Нерешавањето на овој проблем е пречка за Србија и Косово, а не за Северна Македонија“, рече Сарацин.Но, истовремено не може да се негира дека Скопје се наоѓа во многу деликатен дипломатски расчекор, меѓу желбата да ги задржи добрите односи и со Приштина и со Белград. Тоа беше видливо и на конференцијата за Западниот Балкан пред две недели, кога српскиот претседател Александар Вучиќ го критикуваше македонскиот премиер Зоран Заев поради тоа што на состанокот ги оправдувал косовските царини.На директно прашање на Дојче веле на оваа тема, Димитров одговори со цитат од поранешниот германски канцелар Хелмут Кол кој по германското обединување рече дека Германија „конечно е опкружена со пријатели“.„Така е и со Северна Македонија. Ние со сите соседи имаме добри односи, без оглед на некои изјави или проблеми. Кого и да прашате во Белград тој ќе ви рече: Да, ние сме пријатели со Северна Македонија. И јас можам да кажам: Ние навистина немаме ниту едно големо отворено прашање со Србија“, рече Димитров.Но и Димитров признава дека односот на Скопје кон северните соседи е дипломатски танц по жица.„Косовското прашање е товар за целиот регион. Најголем секако за оние кои се директно вклучени. Нашиот интерес е стабилност во целиот регион, но ние нема да се мешаме. Доколку можеме да бидеме од помош, ќе бидеме на располагање, но нема да се мешаме“, заклучи Димитров.DW.COM

Македонија | пред 7 години

Mladen-Deuric

Босна: Судски полицаец си играл со пиштолот и случајно убил човек

Судскиот полицаец Младен Д.  убил маж на влезот во судот во местото Власеница, во источна Босна. Полицаецот според медиумите најверојатно си играл со пиштолот и случајно убил 52-годишен маж во Босна и Херцеговина.Наводно, станува збор за млад полицаец кој неодамна почнал да работи во Судската полиција.– Тој седеше во портирница со останатите колеги и најверојатно играјќи си со пиштолот го погодил несреќникот, кој доаѓал во судот бидејќи имал судење – рекол очевидец.Куршумот поминал низ стаклото и завршил во Мило Јевтиќ (52), инаку  татко на три деца.фото: haber.ba 

Свет | пред 7 години

Capture-6

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ чекаат координација за да знаат дали ќе гласат „ЗА“ или „против“ одземање на мандатот на Груевски

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговараше на новинарски прашања. Во продолжение во целост прашањата и одговорите:Прашање: Се очекува Талат Џафери да свика седница за одземање на мандатот на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс пратеник во Собранието, а веќе е и најавена седницата на Комисијата, како ќе гласа Вашата партија?Димче Арсовски: Видете ќе има координација деновиве откако ќе се поднесе барањето помеѓу пратеничката група, ќе има координација во партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш потоа ќе излеземе со став. Меѓу другото би сакал да истакнам дека сето ова што се прави е еден дефокус на реалните проблеми кои што во моментот висат над главите на граѓаните. Така да наместо дефокус на граѓаните, можат власта односно СДСМ да се зафати со посериозни и суштински реформи кои што и се потребни на Република Македонија, и кои што им се потребни на граѓаните за подобрување на нивниот животен стандард и се останато, бидејќи како што гледаме во моментов се се руши, а СДСМ се обидуваат да дефокусираат со вакви теми.Прашање:До каде сте со договор за СЈО и дали ќе има лидерска средба?Димче Арсовски: Видете, ние остануваме на нашите три принципи, тоа е меѓународните стандарди за меѓународно право, почитување на човекови права и борбата против криминалот и корупцијата, односно организираниот. И сето тоа имплементација во однос на јавното обвинителство, за жал иако на почеток СДСМ кажа односно владата дека ги прифаќаат, сега повторно гледаме избегнуваат од тој колосек, така да доколку има покана за таква лидерска средба ние ќе ја разгледаме и веднаш потоа ќе одговориме кои се барањата и кои се темите на лидерската средба. Бидејќи нашите ставови веќе се јасни како што ги повторив и сега трите оние столба кои што исто така ни се важни да бидат имплементирани се со цел да се подобри правосудниот систем.Прашање:: Во јавност повторно се појавија некои телефонски разговори за пратеник и како ќе го коментирате тоа?Димче Арсовски:Видите претпоставувам дека мислите за снимката за пратеникот Павле Богоевски во тој случај многу е лесно, еве би ги повикал и институциите, односно Министерството за внатрешни работи да утврди дали постои таков разговор? Дали лицето е тоа на снимката и веднаш потоа да се утврди за што е тоа „полче“ кое што го нарачува. Во однос на другите работи и да се расчистат сите оние сомнежи и многу лесно може да се провери дали пратеникот Павле Богоевски конзумирал наркотични средства како што тоа беше пишано во медиумите, така да може многу лесно да се отргнат сите сомнежи и да се расчисти целата ситуација, а додека пак институциите да проверат дали пратеникот комуницирал со лица кои што се сомнителни за дилање на наркотични средства, и да се утврди дали воопшто имало таква комуникација и кога и со кого. Согласно со содржината кажав дека многу лесно може да се утврди за што станува збор во разговорот. Да како што кажав многу лесно да се утврди и со тест за наркотици и да се расчисти јавноста бидејќи сепак гласале граѓани за него.Прашање:: Не ве загрижува дека се појавуваат снимки?Димче Арсовски:Секако дека сите ги загрижува дека се објавуваат снимки бидејќи тоа е нарушување на приватност и тоа беше една лоша пракса воспоставена од страна на СДСМ и Зоран Заев. На тоа тогаш предупредуваа и експертите и граѓаните меѓутоа еве резултатот на сите тие снимки неовластени и незаконски коишто беа стекнати до него го гледаме сега се растураат и се расфрлаат на секој чекор, се препродаваат, излегуваат кога, кој ќе посака.

Македонија | пред 7 години

05-15-17.26.17

Во домот на 34 годишен битолченец пронајдени -пушки, пиштоли, куршуми, ловна муниција

На ден 15.05.2019 година врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на предходна постапка од Основен  суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето Д. Г(34)од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 "недозволено изработување, држење, и тргување со  оружје и распрскувачки материи“ од Кривичниот Закон.При претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени:еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол,, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.За настанот е известен надлежен  обвинител од ОЈО Битола.

Македонија | пред 7 години

joci-111

Јоци: Дека те снимал таксист е прикаска за мали деца

На социјалните мрежи лавина коментраи по последната објавена „бомба“ во која е инволвиран пратеникот Павле  Богоевки. Со свој коментар и Јорданка Иваноска – Јоци. Таа на фејсбук напиша:-Дека те снимал таксист е прикаска за мали деца.Да се разбереме, точно се слуша дека снимката е од такси, која ете-потоа магично завршила во Будимпешта.Чиста снимка, од патник одзади, без шумови.Ако мобилниот кој снима е напред, тешко дека вака фино ќе чуевме се'. Дури и да е напред.Колку ли му треба на некој да вози , да бара по апликации, да вклучи микрофон, а жртвата да нема поим за тоа ?И баш да сними ваков муабет ,,од прва".Но, тој ,,таксист" не бил случајно таму, и неслучајно го собрал Павлета. Кој, пак, не се ни сеќава на компанијата и типот.Богоевски има Полициска академија.Изгледа не научил ништо.Всушност, сигурни сме, напиша Јоци на ФБ. 

Македонија | пред 7 години

mickovski-press-poraz

Богоевски да излезе и да каже дали е зависник од дрога, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Павле Богоевски нема веќе никаков кредибилитет да биде пратеник и да ги лаже граѓаните со некакви пријави. Постојат отворени сомневања дека Богоевски конзумира наркотици и дека е можно неговите изјави, настапи и одлуки да биле под дејство на опијати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.– Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е. Единствен начин да го докаже спротивното е своеволно да направи тест за дроги и да ја увери јавноста дека е вистина тоа што го збори. Доколку Богоевски одбие или не го направи тестот за дроги, истото ќе биде јасен показател дека е зависник од дрога. Неговиот одговор дека барал масло од канабис дури и да се земе дека е вистинит, повторно значи дека Павле Богоевски сторил кривично дело. И да се работи за тешка дрога и да се работи за канабис, конзумацијата и трговијата со истото е кривично дело и по однос на случајот Јавното обвинителство треба да поднесе кривична  пријава за Богоевски. Признанието на Богоевски е како крадец да се брани дека не украл пари во продавница, туку дека украл некој автомобил. И едното и другото се кривично дело и ниту едното, ниту другото го амнестира од вина. Очекуваме Зоран  Заев по директното признание од страна на Павле Богоевски дека извршил кривично дело да побара негова оставка. Но и од Богоевски да покаже морална и политичка доблест и да даде директна оставка од функцијата пратеник – бара ВМРО- ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

zaev

Заев: Жените во Република Македонија треба и мора да се чувствуваат еднакви

Премиерот Зоран Заев се огласи на Фесјбук.„Жените во Република Северна Македонија треба и мора да се почувствуваат еднакви, сигурни, почитувани, вклучени и целосно интегрирани во општество со нулта толеранција за било каков облик на насилство.На презентација на Извештајот на ОБСЕ за благосостојба и безбедност на жените истакнав дека покрај досегашните напори на Владата, работиме на нови и јасни законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство.Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кои се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички и да ставиме крај на истото. Наша заедничка обврска е тоа да го овозможиме. Да нема дилеми - жените се нашата сила за напред и наши еднакви партнери“, напиша Заев.

Македонија | пред 7 години

18DD8705-E611-47E2-B824-5187C98C5E7F

Богоевски се пријавил во полиција за нелегална трговија со дрога?

Попладнево, пратеникот Павле Богоевски излезе од полициската станица Центар, се пријави самиот себеси но и непознат сторител, објави телевизија Телма. Во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави сам себе бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин. Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријави и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памти.Објавената снимка ја коментираа и од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека многу лесно може да се провери дали пратеникот од власта употербувал дрога.Богоевски вели дека се што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање. Според него постот на ВК и разговорот е снимен пред неколку месеци, но се пушта сега кога тој како претседател на комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да закаже расправа за одземање на мандатот на Никола Груевски, поради 6-месечното отсуство по бегството од Македонија.

Македонија | пред 7 години

spiro-ristovski

Апелација треба да одлучи дали Спиро ќе излезе од Шутка

Ексминистерот Спиро Ристовски кој е еден од осомничените за организацијата на упадот во Собранието на 27. април, побара да се брани од слобода или барем мерката притвор која три месеци ја издржува во затворот Шутка, да му се замени со куќен притвор.“Немам намера да бегам ја сум семеен човек со деца што учат овде. Немам резервна варијанта. Моето целосно функционирање е поврзано со Македонија. А во однос на тоа дека би влијаел на сведоци известен сум дека истрагата е завршена. Ниту сум помислил да влијаам на некого затоа што сум уверен дека ќе ја докажам мојата невиност”, изјави поранешниот министер од Владата на Груевски, пренесе Телма.Одлуката на Апелација по барањето на Ристовски ќе се знае деновиве.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања