Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Screenshot_5-2

OJO за несреќата во Драчево: Автомобилот возел во спротивна лента

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот.Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени.Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

Скопје | пред 7 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Седници на две комисии во Собранието на РМ

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за труд и социјална политика.На дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2018 година, а на седницата на Комисијата за труд и социјална политика Предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во прво читање, поднесен од пратеници од опозицијата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

И денес врнежи од дожд, но повисока температура

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 11 до 21 степен.Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.До петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд.Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Македонија | пред 7 години

vlada

ВМРО-ДПМНЕ: Владата потроши две години без да го подобри стандардот

Владата две години не направи ниту една реформа, ниту пак проект во насока на приближување кон ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев лани ја лажеше јавноста дека Македонија треба да слави бидејќи добила датум и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Заев не додржа долго во лагата па излезе со новo дека ќе отпочнеме преговори за влез во ЕУ во јуни оваа година. Како минуваше времето така Заев призна дека никој не му ветил дека почеток на преговори во јуни и дека тоа може воопшто и да не се случи.Не отпочнување на преговори во јуни е можно поради не спроведувањето на реформите од страна на власта, која потроши две години од животот на граѓаните без да спроведе ниту еден чекор за подобрување на стандардот.Реформите кои се потребни за влез во ЕУ се одвиваат со бавно темпо, а не како очекуваното. Ова го коментираат експертите и професорите од Правниот факултет во Скопје. Немањето наВласта ја партизираше јавната администрација, која ја засили и со бран на непотизам, додека  судството целосно го политизираше. Така не се оди во ЕУ, а уште помалку се постигнува фер општество за сите.Граѓаните немаат повеќе време за губење да чекаат СДСМ да си игра влада. Власта е неспособна и треба да си замине“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

60281907_868905560113991_5267032752884023296_n

(ВИДЕО) Снег во Босна среде мај

Жителите на Корчаница, кај Сански Мост, ги изненади снег во мај.На интернет се појави снимка на која се гледа еден возач на камион кој стои на снежен нанос додека другиот снима.„14. мај, а врне снег како во февруари. Е, ова ќе им го покажуваме на внуците“ - вели низ смеа снимателот.Инаку Корчаница е дел од планината Грмеч.

Свет | пред 7 години

ministerstvo-za-kultura-5

2899 вработени во културата добиваат повисоки плати, се исправа уште една неправда, велат од СДСМ

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа и обезбедување повисоки плати за сите граѓани, велат од СДСМ.„Со одлука на Владата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемени плати почнувајќи од платата за месец април 2019 година.Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата, што занчи дека дури околу 80 отсто од вработените од областа на културата ќе имаат повисоки плати.Со ова се исправа долгогодишна неправда кон вработените во одредени институции кои добиваат различни плати за исти работни места со исти работни обврски.Трендот на раст на платите продолжува, Владата предводена од СДСМ останува посветена на подигање на стандардот во културата и обезбедување повисоки плати и повеќе пари во секое семејство“, се вели во соопштението.  

Македонија | пред 7 години

nikola-gruevski

Книгата на Груевски распродадена, се спрема дополнително издание

Целиот тираж на книгата „Искуства за иднината”, напишана од поранешниот премиер Никола Груевски е распродаден.Ова го соопшти сопственикот на издавачката куќа ЃУРЃА на Фејсбук и најави издавање на дополнителен тираж.„Драги мои, првиот тираж на книгата на д-р Никола Груевски, ИСКУСТВА ЗА ИДНИНАТА, во издание на ЃУРЃА, е распродаден. Со оглед на големиот интерес што тој наслов го предизвика меѓу најшироката читателска публика, издавачот подготви дополнително издание.Бодејќи ЃУРЃА нема своја книжарница, ќе ги замолиме колегите кои имаат книжарници, да го преземат дополнителниот тираж и книгата да им ја понудат на читателите. За тоа како и каде ќе може да се набави книгата, ќе ве известиме најдоцна до утре, среда, 15 мај 2019„ информира Никола Костески.Груевски претходно најави дека во септември ќе излезе и англиска верзија од книгата.

Магазин | пред 7 години

Screenshot_5-2

(ФОТО) Детали за страшната сообраќајка во Драчево

Пет лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа на влезот од скопската населба Драчево која се случила синоќа околу полноќ.При судирот на автомобил и камион загинаа на лице место три лица, а две починале на скопските клиники.Како што информира „Магазин“во несреќата настрадал поранешен полицаец од полициската станица Драчево заедно со своето семејство. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.Според очевидци, автомобилот се движел со поголема брзина при што изгубил контрола.ФОТО: Press24

Скопје | пред 7 години

derek-michel

Претседателот на НДИ во посета на Собранието

Претседателот на НДИ од Вашингтон, Дерек Мичел денеска престојува во посета на Собранието на Република Македонија каде ќе има средба со Клубот на пратенички.Мичел ќе се сретне и со потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди и со генералната секретарка, Цветанка Иванова.

Македонија | пред 7 години

struja-1

Без струја дел од с. Кучково и Долно Количани

Од „ЕВН Македонија“ известуват дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Град Скопје и без електрична енергија ќе останат:од 10 до 13 часот корисниците на улица Прашка згр.бр.21 и објектите околу гимназијата „Нова“, од 9 до 14 часот корисниците од дел од село Кучково и од 8 до 13 часот корисниците од дел од село Долно Количани.

Скопје | пред 7 години

133474234-105843-207971

Промена на режимот на сообраќај на овој патен правец

АМСМ утринава преку вонредно соопштение ги информираше возачите, на кои патишта ќе има промена на режимот на сообраќајот.- Виадукт трејд известува дека на ден 15.05.2019 - дeнес ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1402, делница Ново Село - граница Бугарија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај - стои во соопштението на АМСМ.

Македонија | пред 7 години

655-402-bebe

Новороденче оставено на улица во Топанско Поле

Новороденче било оставено денеска на тротоар во скопската населба Топанско Поле, јавува 24 Инфо.Очевидци соопштиле дека бебето било туку што родено и целото во крв кога го забележале минувачи околу 11 часот на булеварот „Македонско Косовско бригада“. Новороденчето било голо и оставено на тротоарот покрај тревник. Во непосредна близина, на улицата, била фрлена папочната врвца која ја пресекла мајката по породувањето.Бебето со возило на Итна помош веднаш било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Скопје | пред 7 години

soobrakajka-1

Пет лица загинаа во страшна сообраќајка синоќа во Скопје

Пет лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа на влезот од скопската населба Драчево која се случила синоќа колу полноќ.При судирот на автомобил и камион загинаа на лице место три лица, а две починале на скопските клиники.Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.Според очевидци, споменатиот автомобил „рено 5“, се движел со поголема брзина при што изгубил контрола и директно удрил во камионот за смет.На лице место биле дојдени возила на полицијата, на итната медицинска помош, противпожарникарски и возила на погребалното претпријатие.Во текот на денот се очекуваат подетални информации од МВР. 

Скопје | пред 7 години

pavle_bogoevski

(АУДИО) НОВА БОМБА : Пратеник нарачува кокаин

Нов прислушкуван разговор е објавен на веб страницата “вк.ком”, од лицето кое се претставува како Илија Громовник.Во разговорот се слуша гласот на пратеник кој е дел од коалицијата на СДСМ, но не и гласот на соговорникот.Најпрво, пратеникот користи пцости, а потоа де слуша како тој бара да му донесат “половина килограм”, но не се знае што точно.Објавувачот во наслов пишал “Пајо летва пијан нарачува кокаин”.Останува непознато кој стои зад името “Илија Громовник”, каде се објавуваат приватните разговори.ЛИНК до аудиото:https://vk.com/video544798513_456239017?fbclid=IwAR3Nftn9CXpTJBurNQJwey7cdynoGdj0Ng1CYik-SphdUTgEjtFX3pMf3RA *Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 7 години

WEB-baytown-ois-witness-vides20190514134052.jpg_21850619_ver1.0_1280_720

(ВИДЕО) Полицаец уби бремена жена во Тексас

На социјалните мрежи се појави видео од трагична пресметка меѓу полицаец и 45-годишна жена во Тексас.На снимката се гледа како жената и полицаецот се борат, а жената се противи додека полицаецот се обидува да ја уапси. Таа му вели на полицаецот да ја пушти бидејќи е бремена по што се слушаат истрели.Полицаецот испука неколку куршуми во жената, од кои еден бил смртоносен.„Сè уште е рано да се каже што и да било, но истрагата засега покажа дека еден наш искусен полицаец патролирал низ населбата на патот Гарт кога му пришла една 45-годишна жена, која ја познавал од претходно и знаел дека против неа имаме отворено налог за апсење. Полицаецот се обидел ѝ стави лисици, но таа му го зела електрошокерот и го употрбила на нашиот службеник. Поради тоа, тој бил принуден да употреби службено оружје и испукал неколку куршуми, од кои најмалку еден ја погодил жената“, објаснил шефот на полицијата, Стив Дорис.

Свет | пред 7 години

60163964_800211170376358_8030209471823216640_n

Жителите на скопско Петровец на протести: Загрозени се нашите животи и сигурност

Со неприлагодена брзина се вози низ општината Петровец во Скопје. Жителите тврдат дека возачите за да не платат патарина, возат низ нивната општина и создаваат метеж.“Загрозени се нашата безбедност, лична сигурност и живот. Ваквата состојба е предизвикана поради непочитување на сообраќајните прописи на регионалниот пат”, пишува во јавниот повик за протести.Нивното незадоволство го изразуваат и на протести, но институциите молчат и не го слушаат нивниот апел.Тие сметаат дека со масовност и истрајност на собирите, ќе се изборат да бидат чуени од институциите од кои бараат да го решат овој проблем.

Скопје | пред 7 години

Zgrada-Opstina

Седниците на Советот на Општина Битола ќе се објавуваат на YouTube

Седниците на Советот на Општина Битола ќе се снимаат во целост и ќе бидат поставувани на официјалниот веб-портал на Општината како и на YouTube, изјави претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски.На прес-конференција во Битола, Груевски најави дека снимањето на седниците ќе почне веднаш, односно на седницата што е закажана за утре во тамошната локална самоуправа.-Советот на Општина Битола утре има редовна седница, а на дневен ред се завршните сметки за финансиското работење и извештаите за работата на локалните јавни претпријатија. Целата седница ќе биде снимена и поставена на веб-порталот на општината за да цела јавност се информира што дискутираат и како советниците одлучуваат. Јавноста треба да знае кој се бори за интересите на граѓаните, а кој само декларативно се залага пласирајќи информации на социјалните мрежи, истакна првиот човек на Битолскиот општински Совет, Валентин Груевски.Претседателот на Советот на Општината најави дека за кусо време со обезбедување на неопходна техничка поддршка, седниците на битолските советници ќе бидат пренесувани во живо и поставувани на YouTube.-По завршувањето на претседателските избори сега можеме да донесуваме и други одлуки од надлежност на локалната самоуправа како што е корегирање на вредноста на бодот и повисоки плати за дел од вработените во детските градинки во Битола, како и одлуката за избор на управен и надзорен одбор на ЈП за паркинзи, со што ќе се зодадат услови за впишување на претпријатието во Централен регистер и избор на директор, посочи Груевски.

Македонија | пред 7 години

vlada

Отсега извод ќе може да извадите во градот каде што живеете

Владата на денешната седница ја усвои информацијата за електронско поврзување на 76 матични подрачја со електронскиот матичен регистар на Управа за водење на матични книги.Од воспоставувањето на електронскиот матичен регистар до сега направено е електронско поврзување на 82 матични подрачја и на тој начин овозможено е граѓаните без оглед на нивното место на раѓање и место на живеење да поднесат барање за издавање извод во градот каде живеат, а истиот по електронски пат да се обезбеди од градот каде е родено лицето. Со ова поврзување овозможено е Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија електронски да се поврзат со матичните подрачја на Управата за водење на матичните книги и изводите кои се бараат од страна на граѓаните кои живеат во странство да ги добијат во побрз временски интервал.Централизираноста на податоците и оптимизирањето на бизнис процесите во Управата ќе отворат широк спектар на можности во делот на имплементирање на Европските регулативи и зголемување на ефикасноста во администрацијата, е заклучокот на седницата на Владата по оваа точка.

Македонија | пред 7 години

Sequence-05.Still002-696x392

(ВИДЕО) Силниот ветер скрши дрво во Центар

Во Скопје попладнево имаше врнежи од дожд. Освен што правеше проблеми во сообраќајот на главниот град, тие придонесоа да падне и едно дрво во центарот на Скопје, поточно кај жена паркот „Борец“ во близината на градската болница, пишува тв21.

Скопје | пред 7 години

Capture-1

(ВИДЕО) Возач го промаши излезот и предизвика хаос

На интернет се појави снимка од автопат во Кина, на која може да се забележи дека сиот xaoc го предизвика само еден единствен возач откако го промаши излезот. 

Свет | пред 7 години

KIR_0837

Владата со катни гаражи ќе го реши хаосот на Клинички

На седницата на Владата на усвоена Предлог – одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во комплекс клиники „Мајка Тереза“– Целта на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во Комплекс Клиники Мајка Тереза Скопје е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект се со цел да се исполни целта на ЈПП и давање на квалитетна услуга. Со овој модел на ЈПП, приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи, стои во соопштението од Владата.

Скопје | пред 7 години

vlada-slika

2899 вработени во културата ќе добијат покачување на платата

Почнувајќи од минатиот месец, 2.899 вработени во културата ќе имаат зголемување на платите, соопшти вечерва владината прес-служба по одржувањето на 135 седница на Владата која ја усвои информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата по дејности.-Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените и во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата. На седницата констатирано е дека Министерството за култура е во фаза на подготовка на нов Закон за јавниот интерес во културата, кој ќе биде усогласен со новите измени на законите од областа на јавната администрација, односно со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, и по неговото усвојување ќе се создадат услови за ново усогласување на платите во културата, појаснуваат од прес-службата.

Македонија | пред 7 години

struja-4

Владата одобри 18 концесии за користење вода за производство на електрична енергија

Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со евалуацијата на понудите за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи, соопшти владата.Донесени се одлуки на 18 баратели да им бидат одобрени концесии, три понуди да бидат одбиени заради тоа што барале одобрување на концесии во заштитено подрачје, и една да биде одбиена заради некомплетна документација.

Македонија | пред 7 години

cigarette1

Поскапеа цигарите, ова се новите цени

Поскапеа цигарите без претходн најава објавува „24 Инфо“.Информацијата за поскапувањето на цигарите ја потврдиле повеќе трговци, сопственици на трафики. Поскапени се цигарите од брендовите „Пал мал“, Честерфилд“, „Ориентал“, „Марлборо“ и „Бонд“.Новите цени се повисоки за 5 до 10 денари во зависност од брендот.

Македонија | пред 7 години

Pendarovski-Press

Пендаровски повеќе не е национален координатор за НАТО

Стево Пендаровски повеќе не е национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО, соопшти Владата.На денешната седница Владата утврди дека на Пендаровски му престанува функцијата поради изборот за претседател на Република Македонија. Согласно член 83 од Уставот должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.На седницата е усвоена информацијата дека до целосно полноправно членство на нашата земја во НАТО, обврските на Националниот координатор за подготовките на Република Македонија за членство во НАТО ги презема Дане Талески, советник за надворешна политика на Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања