Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

zoran_zaev_obrakanje

Заев: Силата на гласот е кај вас, на 5 ти мај да излеземе сите и да продолжиме заедно напред

На овие избори се носи клучна одлука во клучен момент за нашата земја и нашата иднина. Дали одиме напред, дали продолжуваме со развиениот свет или ќе  озволиме блокада на нашите шанси и ќе се вратиме назад во лошото минато, истакна во своето видео обраќање премиерот Зоран Заев.Во изминатите две години, со ваша поддршка ги решивме најтешките прашања со соседите и ги отворивме перспективите за земјата. И ве уверувам дека ќе продолжиме уште посилно да ги решаваме и внатрешните проблеми кои секојдневно ги мачат граѓаните. Впрочем, и се што досега направивме е токму за решавање на тие проблеми.Во тек е зголемување на социјалната помош за три пати, драстично намалување на казните за фирмите и граѓаните, почеток на повратот на ДДВ за секој жител на нашата земја и обезбедување финансиска помош за домашните фирми преку што  оддржуваме нови, добро платени работни места.Но да знаете, дел од овие придобивки ги кочи сегашниот претстедател. Не ги потпишува законите со кои овие придобивки треба да стапат на сила. Нам не ни треба нов кочничар. Ни треба некој што влече напред, а не некој што кочи и блокира.Наша одговорност како политичари е да се развива земјата. Чесно ги прифаќаме критиките и кажуваме дека во тек се промени со кои многу брзо ќе се зголемат резултатите од нашата работа на внатрешен план.Мора да се преземе одговорност таму каде што е потребно. И тоа ќе го направиме по изборите.Но, на 5 мај, да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме пред изборот и одлуката. Знаеме колку многу е потребно изборите да успеат и да победи напредната опција. Знаеме дека треба масовно да излеземе и да гласаме, сите. Секој и сечиј глас е важен. Се обраќам до сите наши граѓани, до сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други - излезете на 5 мај и гласајте по сопствена волја, но ЗА иднината на земјата и ЗА иднината на децата. Секој глас е одлучувачки глас. Силата на гласот е кај сите вас, а гласот е најсилен кога е на гласачкото место.Да излеземе сите и да поддржиме опцијата со која заедно ќе продолжиме напред, истакна премиерот Заев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кучиња искасале две лица близу плотадот во Скопје и на кејот од Вардар

Вчера во 11.30 часот Полициската станица Центар, Р.И.(35) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10.55 часот на плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.Истиот ден во 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Ј.(61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.20 часот на Кеј на реката Вардар бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога. 

Скопје | пред 7 години

soobrakajka

Возач итно пренесен во Државна болница, со автомобил удрил во заштитна ограда

На 01.05.2019 година во 21.10 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, пред Ростушки мост, патничко возило „Форд Фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(28) од с.Врбјане, гостиварско, удрило во метална заштитна ограда.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот  Г.Ш., кој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Со телесни повреди се здобиле сопатниците Б.Ш. и Ф.С. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Пробиштип, едно лице итно пренесно во болница

На 01.05.2019 година во  16.40  часот било пријавено дека на крстосницата помеѓу улиците „Цветко Тонев“, „Јордан Стојанов“ и „Јаким Стојковски“ во Пробиштип се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Пробиштип и патничко возило „Рено сеник“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(56) од Куманово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.И., а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило И.С. од Пробиштип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Македонија | пред 7 години

soobra-pred-resen-1

Две лица тешко повредени во страотна сообраќајка

На 01.05.2019 година во 12.30 часот на крстосницата од магистралниот пат Битола-Ресен со регионален пат Макази-Маркова Нога, кај место викано Макази, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(62) од Битола, а сопатници биле Љ.М.(59) и едно лице на возраст од 16 години од Битола и патничко возило „Фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(25) од с.Радолишта, струшко, а сопатници биле  Г.М.(21), А.М.(39) и едно лице на возраст од 17 години сите од с.Мислодежда-струшко.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Љ.М. и 17 годишната сопатничка, додека останатите лица се здобиле со телесни повреди.На сите им била укажана помош во Клиничката болница во Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 7 години

brza-pomos

Лице кое избегало од затвор, пробало да ја напушти Македонија

На 01.05.2019 година во 16.15 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Х.И.(28) од Куманово се барал за издржување казна затвор.Х.И. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

najchevska-siljanovska

Силјановска за 1 мај со семејството во винарија, Најчевска и порача дека ги помешала празниците

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска, вчерашниот меѓународен ден на трудот го прослави во винаријата Стоби заедно со семејството. Ова е прво појавување на Силјановска во јавност со нејзиното семејство.„Први мај е голем празник за нашето семејство. Секогаш сме го славеле заедно. Работата го прави човекот! Трудот треба да се цени и наградува и дома и на работа!Денес прославивме во прекрасниот амбиент на винарија “Сопот” со сопругот Баже, ќерка ми Марија и мојот тим. За многу години!“, напиша Силјановска на фејсбук.На тоа професорката Мирјана Најчевска, која е жесток критичар на говорите и настапите на Силјановска, порача дека 1 Мај е празник кој се прославува со протест на улица, а не во винарија.„1Мај е симбол на борбата за работнички права. 1Мај не е семејна слава. Сѐ си помешала госпожа. 1Мај се одбележува на улица, на протести, а не со чаша вино во винарија. Појма немаш ти драга моја за што станува збор“-пишува Најчевска.

Македонија | пред 7 години

mickoski-1

Во ЕУ не се оди со криминалните шеми - „евро за црквата, евро за Вицето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Република Македонија повторно извиси, Заев и Пендаровски не добија датум за почеток на преговори во јуни оваа година. Заев и Пендаровски ги лажат граѓаните цела година дека во јуни ќе почнат преговорите за влез во ЕУ. Заев и Пендаровски добија ладен туш. Во ЕУ не се оди со криминалните шеми - „евро за црквата, евро за Вицето“. Во ЕУ не се оди со нереформирано судство и обвинителство, кое суди по принципот Заев кажува, Русковска обвинува, Кацарска пресудува. Во ЕУ не се оди со партизирана администрација наполената со роднини на функционерите на власта. Мира Дизел вработувањата не се европски стандард. Во ЕУ не се оди со руинирано здравство, девастирано земјоделие и лошо образование“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Во ЕУ не се оди со јавен долг кој галопирачки за една година порасна за над половина милијарди евра. Во ЕУ не се оди со 0 оценка за стопанството.Во ЕУ не се оди со криминални тендери во четири очи кои ги добиваат партиски послушници. Во ЕУ не се оди со рекет на бизнисите и пљачкање на граѓаните. Глас за Пендаровски е глас за Заев. Глас за Пендаровски е глас за пропаст на државата. Република Македонија мора да тргне напред. Република Македонија мора да стане правна држава, каде ќе владее правото. Гордана Сиљановска Давкова е претседател кој ќе ги донесе промените. Глас за Сиљановска е глас против Заев и криминалите на Заеви. Глас за Сиљановска е глас за просперитетна иднина“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 години

soobrakajka-tetovo

За два дена, 20 сообраќајки во Скопје

На подрачјето на Скопје во текот на изминатите два дена се случиле 20 сообраќајни незгоди од кои 17 лица се здобиле со лесни, а три лица со тешки повреди. Во седум сообраќајки е причинета материјална штета.Од сообраќај се исклучени 20 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца возачи почетници, како и 20 нерегистрирани возила. Според дневниот билтен на СВР Скопје, со специјалното возило „пајак“ подигнати се 25 возила.Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале улица подалеку од пешачки премин, девет возачи кои поминале на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување.Сакционирани се и шест возачи на мотор или мотоцикл за неносење заштитен шлем, седум возачи на автомобил за неносење сигурносен појас, како и 17 возачи кои возеле додека зборувале на мобилен телефон.

Скопје | пред 7 години

Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

ИФИМЕС: Силјановска не можела да биде кандидат без благослов на Груевски

Потполно е јасно дека Гордана Силјановска – Давкова не може да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ без благослов на Никола Груевски. Во нејзините настапи се забележува нота на влијанието на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Таа не нуди ништо ново, туку стара, веќе видена политика на Иванов и Груевски која особено е изразена кон Албанците. Силјановска – Давкова дури изјавуваше дека не ги сака гласовите на Албанците, што би можело да ги доведе Албанците во ситуација да бидат граѓани од втор ред и судејќи по се, не би го потпишала Законот за употреба на јазиците и би ги помилувала сторителите на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, стои во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана.Според анализата, подготвена по повод вториот круг од претседателските избори во земјава што ќе се одржат на 5 мај годинава, Силјановска – Давкова во своите настапи покажа јасна тенденција дека би била претседател само на еден дел граѓани, а не на сите граѓани на Северна Македонија, која е мултиетничка, мултирелигиска и повеќејазична држава.Каков било облик на национализам, посебно од страна на претседател на држава, се нагласува во анализата, би можел да биде кобен за Северна Македонија.Во делот со поднаслов „Тајна средба на Груевски со Руси во Будимпешта“, анализата укажува дека Русија се уште не се откажала од намерата да го оневозможи влезот на Северна Македонија во НАТО и покрај потпишаниот Протокол за членство во Алијансата.„За тоа сведочи и широкораспоространетата руска мрежа агенти, посебно присутна во албанските средини во Северна Македонија за време на престедателските избори. Изненадува фактот дека поедини албански лидери се вклучени во наведените активности. Задкулисните случувања на македонската политичка сцена покажуваат дека еден дел од Албанците се уште тесно соработува со ВМРО-ДПМНЕ и одржува комуникации/соработка со Никола Груевски. Новина во тоа е и посредната соработка на Албанците со Руси преку Груевски што досега не е забележано во модерната историја на Албанците, кои своите стратешки односи ги градеа првенствено со САД“, пишува во анализата.Според аналитичарите, вториот круг од претседателските избори во земјава ќе биде најинтересен во средините во кои живее албанско население, бидејќи ќе биде прилика јавно да исплива на површина задкулисната соработка со Груевски, а посредно и со Русите, и во јавноста ќе се разоткријат улогите и вистинските лица на некои албански лидери.„Вториот круг од претседателските избори претставува шанса за продолжување на промената во Република Северна Македонија почната со формирањето на новата Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Претседателските избори претставуваат политичка броба меѓу демократијата, авторитаризмот и национализмот, односно меѓу граѓанскиот и/или етничкиот карактер на Северна Македонија“, оценува анализата.Целата анализа може да се прочита на веб-страницата http://www.ifimes.org/ba/9662.ИЗВОР: ФОКУС.МК

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заев ќе зачисти во Владата, но и во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев вечерва од митингот во Штип уште еднаш кажа дека е ред да зачисти на локално и централно ниво по две години. Тој додаде дека ќе зачисти и на другата страна, односно кај кадарот кој опструирал, а бил поставен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.– Ќе има големо чистење, ќе сјае, ќе заметеме. Ама ќе зачистиме и од другата страна. Има директори, вработени, кои се пикнале изминатите 11 години и сега опструираат, не работат, се кочница. Па дури и се закануваат, ќе се вратело ВМРО-ДПМНЕ, долга била раката на ВМРО. – рече Заев.

Македонија | пред 7 години

zaev-2-696x392

Заев пак се „фати“ за метлата: Ќе биде како што вели Цацко „дај ново дете“

Премиерот Зоран Заев вечерва од граѓанската трибина во Штип испрати неколку пораки до граѓаните. Тој повторно ја спомна метлата, за која најави дека е ред да зачисти на локално и централно ниво по две години.-Има функционери кои спуштаат слушалка, кои немаат одговор на барањата на граѓаните. Овие луѓе немаа снага да му служат на народот, затоа по две години време е за чистка. Нив ќе ги поместиме, или како што би рекол Цацко, дај ново дете, порача премиерот Заев.Тој додаде дека ќе зачисти и на другата страна, односно кај кадарот кој опструирал, а бил поставен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.-Ќе има големо чистење, ќе сјае, ќе заметеме. Ама ќе зачистиме и од другата страна. Има директори, вработени, кои се пикнале изминатите 11 години и сега опструираат, не работат, се кочница. Па дури и се закануваат, ќе се вратело ВМРО-ДПМНЕ, долга била раката на ВМРО, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

honorari-2-696x392

„Нетфликс“ дава поголеми плати: Колку заработуваат ѕвездите во Холивуд?

Холивудските ѕвезди му должат на „Нетфликс“ големо „благодарам“.Компанијата која овозможува гледање филмови онлајн ги зајакнува пакетите за најпознатите актери во филмскиот бизнис во време кога студијата стануваат сè поскржави во пишувањето дарежливи чекови. На пример, Рајан Рејнолдс доби 27 милиони долари за филмот „Шесто подземје“, филм на Мајкл Беј за милијардерски финансиран одбранбен тим, а Дензел Вашингтон побара 30 милиони долари за да го предводи акциониот филм за компанијата пред да реши да ја одбие улогата во корист на други проекти. Инсајдерски информации велат дека Вашингтон никогаш не побарал одредена плата. Вил Смит најверојатно ќе добие 35 милиони долари од „Нетфликс“ во замена за неговото повторно појавување во улога како полицаец во „Светли 2“.Наспроти тоа, тие суми се поголеми од она што повеќето традиционални филмски студија се подготвени да им платат на ѕвездите. Смит и Мартин Лоренс своевремено барале 20 милиони долари по филм, но и двајцата актери ги намалуваат побарувањата за да успеат да го снимат „Лоши момчиња засекогаш“. Исто така, Том Круз можеби заработувал 20 милиони долари во средината на 90-тите години, но за да ја повтори својата легендарна улога на Маверик, авијатичарот кој ги кршеше правилата во „Топ Ган: Маверик“, тој ќе заработи релативно скромни 12 милиони долари до 14 милиони долари. Дури и големите франшизи не плаќаат како некогаш.Платите во „Нетфликс“ доаѓаат со една голема забелешка. Ѕвездите немаат никаков удел во успешноста на филмот. Ако на потрошувачите им се допаѓа филмот, го гледаат често и ги охрабруваат своите пријатели да го гледаат, исто така, платата на актерите останува иста. За студискиот филм како што е неодамнешниот хорор-хит „Ние“, Лупита Нјонго можеби има договорено мала сума за нејзината улога, но тој износ ќе изнесува неколку милиони долари до времето кога филмот ќе ги заврши кино и домашните проекции, благодарение на дарежлив договор за добивање процент од заработувачката.За повеќето проекти, договорите на актерите предвидуваат дека ќе добијат процент од добивката. Во ретки случаи, главната ѕвезда ќе добие она што се нарекува бруто од прв долар, што е дел од приходите во студиото пред филмот да има долгови. Бидејќи филмовите на „Нетфликс“ немаат широка кинодистрибуција и компанијата добива најголем дел од приходите од претплати, а не од продажба за домашно гледање и лиценцирање, слична форма на споделување на профитот не е изводлива. Платите на „Нетфликс“ имаат тенденција да бидат поголеми како одраз на таа реалност.Понекогаш самите ѕвезди се тие што се подготвени да работат за помалку, а не само студијата што диктираат помали суми. Ансел Елгорт бара 5 милиони долари за комерцијални ангажмани, но тој заработува помалку од тоа за да добие шанса да работи со Стивен Спилберг на „Приказна од западната страна“. И Дикаприо и Бред Пит земаа околу половина од она што обично го бараат, или 10 милиони долари по човек, да се спојат за филмот на Квентин Тарантино „Си било еднаш во Холивуд“. Во тие случаи, соработката со некои од најталентираните филмаџии во бизнисот е доволна награда.

Магазин | пред 7 години

Asandz-696x435

Извинување на Асанж: Го направив единственото што можев да го направам

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој вчера во суд во Лондон беше осуден на 50 недели затвор поради кршење на условната слобода, им се извини на сите кои сметаат дека не им покажал почитување, истакнувајќи дека тоа не била негова намера.Асанж во писмо, кое вчера беше прочитано пред судот, наведе дека во еден момент „се борел со тешки околности“, јави Би-би-си.– Го направив она за што во тој момент мислев дека е најдобро или можеби единствено што можев да го направам, наведе Асанж.Судот во Лондон за време на изрекувањето на пресудата наведе дека Асанж ја прекршил условната слобода пред околу седум години, по што се криел во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде му беше даден азил. Судијката Дебора Тејлор изјави дека Асанж ја искористил својата привилегирана состојба за да го прекрши законот и да го изрази својот презир кон британската правда.

Свет | пред 7 години

282559-0.Basic-duel

Пендаровски заплашува со Груевски, Силјановска со „шлаканици“ од Брисел

Уште само 48 часа за промоција на сопствените политики им преостанаа на двајцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски,и на партиите што застана зад нив пред да влезат во целта со или без титула шеф на државата. Судирот меѓу двата блока добива на интензитет со извесно разгорување на страстите кај приврзаниците. Второто полувреме од предизборната кампања практично се претвори во битка за апстинентите, со оглед на слабата излезеност во првиот круг, но и за оние што се определија за Блерим Река, кандидатот зад кого застанаа албанските позициски партии Алијанса за Албанците и Беса.Во таа насока е и кокетирањето на Сиљановска со разочараните од СДСМ, како и оние од „Шарената револуција“, покрај дијалогот што го најави со претставници на движењето „Бојкотирам“. Впечаток е дека тој невешт обид да се анимира тој дел од гласачкото тело и донесе повеќе проблеми отколку корист. Силјановска ги побара гласовите на разочараните припадници на „Шарената револуција“, но одби да дебатира со дел од нив и да ги слушне нивните прашања и размислувања.Во изјавата, во која објаснуваше зашто не ја прифатила поканата, таа изрази чудење како „Шарената револуција“, по речиси три години отсуство, одеднаш се појавила на политичкиот хоризонт. Листата што ја видела не била репрезентативна бидејќи не чула пратеници, министри, членови на бордови да бидат револуционери. Ваквата изјава меѓу учесниците на „Шарената револуција“, кои во добар дел не излегоа на гласање, предизвика серија негативни реакции кои фрлија сенка на обидите на професорката по уставно право да се претстави како непоколеблив демократ кој е подготвен на разговор со секого.Забележливо е исто така дека во текот на кампањата Силјановска избегнува посети на средините со доминантно албанско население, за разлика од Пендаровски кој се чувствува природно во нив. Тој во финишот на кампањата оствари директни средби со населението во Липково и кумановското Диво Насеље, каде што пред три години во време на владеењето на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а сега азилант Никола Груевски, се случи вооружен инцидент во кој загинаа 8 полицајци и повеќемина од вооружена косовска група.Затоа, пак, Силјановска од дистанца преку медиумските настапи порача дека секогаш се обраќа до сите граѓани и дека не ги дели отфрлајќи ги обвинувањата дека е „албанофоб“. Во тој правец е и нејзината последна изјава дека можела да се омажи за Албанец, со оглед на детството поминато меѓу Албанци.Со истакнување на проблемот со сиромаштијата, користејќи го притоа вчерашниот Први мај , и засилените говори против наводната распродажба на Македонија и криминалите на власта, се покажуваат претензиите на Силјановска и на најголемата опозициска партија да го надополнат гласачкиот потенцијал, кој во првиот круг од шестите претседателски избори не забележа раст, односно остана на исто рамниште како на последните локални избори, кога ВМРО-ДПМНЕ доживеа тежок пораз.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Нова страшна несреќа на местото каде изгоре автобусот во Србија: Се враќале од погреб па се судриле

По страшната несреќа која се случи во Србија на патот Куршумлија-Прокупље, кога изгоре автобус во директен судар при што возачот и на автобусот и на камионот изгореа заедно со три патници, се случи нова страшна несреќа.Двајца се тешко повредени при судар на две возила, несреќа која се случила вчера попладне во Куршумлија.Едниот автомобил бил со српски, другиот со странски регистарски таблички, а едниот се враќал од погреб.Повредени се неколку лица и итно биле пренесени во болница.

Свет | пред 7 години

20190502071406

Најжестоките протести ќе ја тресат денеска Тирана

Блокади на патиштата ширум Тирана ќе се случуваат денеска.Според најавите на првиот албански опозиционер Луљзим Баша во 18 часот сите главни патни правци во Албанија, кои се поврзани со Тирана ќе бидат блокирани.Баша тврди дека земјата е во голема криза а опозицијата ќе продолжи со акции на секој план.За денеска во Албанија се најавени најжестоките протести а опозицијата ќе ги одреди задачите на преодната влада.На последните протести ситуацијата ескалираше при што имаше и повредени а полицијата со  солзавец и водени топови и реагираше на бесната толпа.ФОТО: The New York TimesТЕКСТ: Фактор

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива по една лента

ЈП Македонија Пат информира дека поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Маврово – Дебар кај с.Јанче, ќе има времена измена на режим на сообраќајот.Сообраќајот ќе се одвива по една лента за време на изведувањето на градежните работи. На самото место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените и исто така ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа на пат.

Македонија | пред 7 години

BUJAR-OSMANI

За Османи нема ништо спорно со поставувањето на албанското знаме во Охрид: Може да се постави насекаде

Вицепремиерот Бујар Османи вчера за време на гостувањето на ТВ 21 рече дека албанското знаме може да се постави каде било и дека тоа е дозволено со закон.Инцидентот што се случил пред 3 дена со поставувањето на албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид предизвика голем број на рекации. Едно од лицата што го постави знамето беше казнето и протерано од Македонија со забрана за влез од 5 години. Тоа лице, Ѓерг Прекоцај потоа за албанска новинаска агенција изјави дека Охрид е албански град и дека тој од тоа нема никогаш да се откаже.Се јави и претседателот на Собранието Талат Џафери кој рече дека казната била престрога затоа што се работело за фолклорна група која снимала видео.Реагираше и Алијансата за Албанците кои соопштија дека се загрижени во врска со реакцијата на Секторот за внатрешни работи-Охрид, бидејќи според нивни информации, двајца членови на фолклорна група од Косово, биле притворени од страна на полицијата поради поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.Се јавија и бугарски историчари кои го осудија овој чин затоа што се работело за тврдината на бугарскиот цар Самоил.

Македонија | пред 7 години

59419446_10216393880412198_743326253297172480_n

Дац се огласи за метлата на Фејсбук

Драган Спасов Дац, актерот кој му ја даде „метлата" на премиерот Зоран Заев на митинг, се огласи вчера на социјалните мрежи и сподели фотографија со шега на своја сметка па напиша наскоро, со што се означува дека според него по 5 Мај метлата ќе заигра како што рече Заев.[embed]https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216393880332196&set=a.1845149481090&type=3&theater[/embed]Инаку, Дац му ја подари метлата на Заев среде митинг во Карпош кога тој најави дека по изборите ќе има чистка, а сето тоа предизвика лавина реакции.„Не беше ништо испланирано, ни намерно. Во моментот кога премиерот Заев говореше дека е неопходна чистка во партијата, станав и отидов до локалниот маркет и купив метла. Тој прво се збуни, не искоментира ништо и ме праша само:  Ова за мене ли е? Одговорив: Да! Затоа што искрено мислам дека на паријата и е неопходна чистка“, изјави потоа  за САКАМДАКАЖАМ.МК актерот Драган Спасов-Дац. 

Коментари | пред 7 години

zaev-za-kandidat

Заев: Ќе победиме со 100.000 гласа разлика

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во 24 Отворено вели дека е уверен во победа во вториот круг и смета дека тоа ќе биде убедлива победа изразена со 100 000 гласови разлика. Тој истакна дека голем дел од гласовите коишто беа поделени меѓу Пендаровски и Река во првиот круг, сега ќе се пренасочат кон нивниот претседателски кандидат.Исто така, тој очекува дека голем дел од гласачите кои не излегоа во првиот круг со намера да покажат одредено незадоволство од владеењето, сега по преземените чекори и најави за итни смени во владиниот прв, втор и трет ешалон, дека ќе излезат и дека ќе ја дадат поддршката за европска Северна Македонија, членка на НАТО.„Тоа е единствениот концепт што земјата ќе ја води напред и уверен сум дека гласачите тоа ќе го препознаат“ – изјави Заев.

Македонија | пред 7 години

133474234-105843-207971

Сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива по една лента

ЈП Македонија Пат информира дека поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Маврово – Дебар кај с.Јанче, ќе има времена измена на режим на сообраќајот.Сообраќајот ќе се одвива по една лента за време на изведувањето на градежните работи. На самото место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените и исто така ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа на пат.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со мала облачност, попладне пороен дожд

Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во западните делови, каде повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде помеѓу 3 и 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Температурата од 8 до 22 степена.Преодно стабилизирање ќе има утре, кога времето ќе биде умерено облачно и потопло. Потоа, од сабота до вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.

Македонија | пред 7 години

DSC_0500

Османи: Албанското знаме може да се постави каде било, тоа е дозволено со закон

Вицепремиерот Бујар Османи вчера за време на гостувањето на ТВ 21 рече дека албанското знаме може да се постави каде било и дека тоа е дозволено со закон.Изминатите денови голем број на рекации се јавија за поставувањето на албанското знаме во Охрид при што беа изречени и мерки.

Македонија | пред 7 години

siljanovska-4

Силјановска: Заев ветуваше почеток на преговори со ЕУ за гласови на изборите, а не поради реформи

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давкова, смета дека веројатно, разговорот за почетокот на преговорите за членство во ЕУ ќе биде одложен за на есен.-На премиерот му требаше ветување за почеток на преговори во функција на изборите, а не во функција на градење независно судство во Република Македонија. Тоа е македонската реалност, но и сериозната порака да се зафатиме со реформи, рече Силјаноска-Давкова која денеска беше на средба со граѓаните во Прилеп.Според неа, одлуката на Заев да не биде повеќе претседател на Телото за судски реформи е задоцнета.Независното судство, порача, е клучно за демократска држава и битно за реформите за членство во ЕУ. Преспанскиот договор не е доволен за влез во Унијата.-Независното судство е клучен услов за демократска држава, но и еден од важните сегменти во рамки на очекуваните реформи. Членките, особено основачите на ЕУ, имаат лошо искуство со земји кои пред нас станале членки, но со сериозни проблеми во судството. Секако, секогаш не треба да учиме на сопствените грешки, туку треба да го помнеме искуството на Романија, на Бугарија. Премиерот и луѓето околу него беа уверени дека склучувањето на Преспанскиот договор е доволно да се употреби и да се злоупотреби како алиби во барањето почеток за преговори. Јас сум уверена дека тоа не е доволно, затоа јас, односно ние, се повикуваме на владеењето на правото и на правдата, оти без тој услов нема ниту почеток на преговори, ниту европеизација, истакна Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања