Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

zoran-zaev-4-696x405

Заев: Ќе победиме со 100 000 гласови разлика

СДСМ и Стево Пендаровски вечерва во Карпош продолжија со своите изборни активности.„Нашиот народ бил секогаш на вистинската страна. Слушнете ме внимателно, зборот е збор, секогаш сум стоел на кажаното. 100.000 гласови разлика ќе победиме во вториот круг и тоа да биде нешто што ќе остане печат на кој што сите ќе се гордееме. Резерварот е поголем, но барем 100.000 гласови разлика, затоа што заслужува Македонија, затоа што заслужуваме сите ние.” – рече Заев на трибината во Карпош.

Македонија | пред 7 години

nikola-sazdovski

Кривичен денес ќе ја објави пресудата за убиството на Никола Саздовски

Во Кривичниот суд денеска треба да биде соопштена пресудата за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски, случај во кој обвинети се Бесир Беља, Скендер Демири и уште едно лице кое е во бегство.Двајца од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за трето осомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница. ОЈО тројцата осомничени лица ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Македонија | пред 7 години

51352852_777130685978142_866252714139451392_n

Силјановска: Ќе разговарам со приврзаниците на Бојкотирам

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека предноста во гласови што ја има Пендаровски во првиот круг е занемарлива.„Презадоволна сум од резултатите. За 15 месеци да изгубите 40 проценти од гласачите е длабока криза на легитимитетот. За мене ова беше како „исправи се Делфина“, тоа е одличен влез во вториот круг“, истакна Сиљановска.Силјановска вели дека намерава да разговара со приврзаниците на Бојкотирам да излезат на гласање и да и дадат поддршка во вториот круг од претседателските избори кој е закажан за мај.„Јас мислам дека ќе имаме цензус, иако дел од граѓаните не сакаат да излезат заради името, како што се приврзаниците на Бојкотирам, но имам намера да разговарам со нив, да им објаснам дека проблемот се решава внатре во институциите. Разликата е занемарлива, можеби загрижуваат неважечките гласови“, рече Сиљановска.

Македонија | пред 7 години

57503285_294130381503539_5100642859388764160_n-1

Јанушев: Народот гледа што се случува и ја казни власта

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 посочи дека слабата излезеност во првиот круг на претседателските избори е поради апатијата на гласачкото тело поради безидејноста и лошите политики кои ги води владата на СДСМ и Зоран Заев.Неколку дена пред гласањето имаше полициски службеници кои влегуваа во штабови на опозицијата. Да не ја заборавиме и апликацијата со која се обидовте да собирате мета дата податоци од граѓаните. Тоа го виде цела македонска јавност, вели Јанушев. Јанушев порача дека ВМРО-ДПМНЕ победи во 47 општини, а пред само година дена имаше освоено само 5 општини.-Ова ВМРО со третата генерација во ВМРО вчера на изборите ви зема 47 општини, а вие освоивте победи само во 17 општини. Во Скопје нема каде имате победено, ви се случува потоп. Со многу самоувереност се расфрлавте во претходните емисии, но ви се случува потоп, предноста ви е 0,6 % а тоа не се ни кажува како статистичка грешка. Ви се случи народ, народот ја препозна шансата, народот гледа што се случува и народот ве казнува, опозицијата ја победи власта во Македонија, позицијата има 70.000 гласа повеќе од власта, вели Јанушев.

Македонија | пред 7 години

slupcane

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Автомобилот во кој загинаа татко и син од Слупчане

Алсат ја обезбеди фотографијата од автомобилот Opel Astra во која непознат напаѓач ги уби Елхам Салаху (47) и неговиот 8 годишен син. Според податоци од Обвинителството, тие биле застрелани од непосредна близина, недалеку од с. Слупчане, кај месноста наречена „Слупчански бунар“. Истрагата за настанот е во тек. 

Македонија | пред 7 години

vreme

Променливо облачно, засилен ветер и прашина од Сахара

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Поради југозападно струење на висина и присуство на прашина од Сахара можно е врнежите да имаат жолта боја.Дневните температури ќе се движат од 10 до 17 Целзиусови степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 17 степени. Маврово 10, Охрид 16, Битола 15, Крива Паланка 14, Берово 13, Дојран 17...Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Од четврток до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.

Македонија | пред 7 години

258C6025-BD6F-4E1E-A39C-F0E509AD2B6A

(Видео +18) Во сред ГТЦ се пуштаат порно видеа

На социјалната мрежа Твитер, вечерва беше објавено видео од Градскиот трговски центар, каде на телевизор за емитување на реклами, се емитувале порно филмови.[embed]https://twitter.com/bavarecot/status/1120354613268553728?s=21[/embed]Телевизорот е поставен на излог од локал на познат бренд.

Скопје | пред 7 години

pozar-struga

(ВИДЕО) Пожар на патот Струга – Калишта, тој што го запалил подоцна го изгаснал

Вечерва избувнал пожар на патот Струга – Калишта. Истиот настанал откако жител од овој дел запалил стрниште и нискостеблести растенија, по што сам ги изгаснал.Од СВР велат дека нема пријава за огнена стихија на овој патен правец.Ова не е прв пат да се интеревенира на овој потег. Изминатиов период против пожарната служба често интервенираше на овој потег, затоа што несовесни граѓани  често ја палеа трската.https://www.facebook.com/voxstruga.mk/videos/518235312040693/?v=518235312040693Видео: VOX Struga

Македонија | пред 7 години

taravari

Таравари: Пендаровски е пропаднат проект кој што не помина кај Албанците

Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во емисијата „Анализа“ изјави дека актуелната влада на ДУИ и СДСМ добила порака од граѓаните дека нивниот консензуален кандидат е пропадната инвестиција.Испративме порака, но и порака од народот добивме дека не помина консензуалниот кандидат кој што го промовираше ДУИ е пропаднат проект кој што не помина кај Албанците, вели Таравари

пред 7 години

dac

(ВИДЕО) Дац му подари метла на Заев за да направел чистката по изборите

На трибината во Карпош, актерот Драган Спасов Дац пред присутните излезе со метла и му ја подари на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за како што кажа да направел чистка по вториот круг од претседателските избори.Заев се заблагодари и рече дека добро ќе му дојде, а Стево Пендаровски праша дали ќе биде доволно само една.,,Отворено зборувам, не да се заканувам некому, пораката ја примивме во првиот круг. Ова јасно им го кажувам на нашите поддржувачи кои решија да останат дома и кои се незадоволни од нас, од некои наши функционери, на локално или централно ниво-чистка ќе има. И тоа е мојата порака“-рече Зоран Заев на првата трибина во Карпош по првиот круг од претседателските избори.Тој најави големи промени, но и вети дека во вториот круг ќе освојат повеќе гласови и со нивниот кандидат Стево Пендаровски убедливо ќе победат, бидејќи не смее да се дозволи враќање на гуевизмот.,,Слушајте што кажувам, зборот е збор, 100.000 разлика во вториот круг“-рече лидерот на СДСМ. 

пред 7 години

drvja-muzicko-4

Исечени многу дрвја кај Музичкото училиште во Охрид - дозвола има, но зошто?

Денеска беа пресечени повеќе дрвја во музичкото училиште Методи Патче. Граѓаните револтирани, бараат одговор, кој ја спроведува акција и зошто? Според нив станува збор за здрави дрвја.Се надеваме дека во текот на утрешниот ден ќе добиеме подетални информации од локалната самоуправа за акцијата која ги вознемири охриѓани и екологистите.

Македонија | пред 7 години

ruski-turist

(Видео) Руски турист спречи грабеж во Битола

 Откако го приметил кpaдецот како зeмa  пари од каса, додека продавачката гледа на друга страна. Pyскиот турист бapa тој да ги вpaти и не се отkaжува од намерата се додека пpaвдата не биде зaдoвoлeнa.Вpeди да се погледа прилогот што го сподели Сител.

Македонија | пред 7 години

vucic-111

Вучиќ поради болест ги откажува активностите

Српскиот претседател Александар Вучиќ поради болест не присуствува на денешните собири со кои се одбележува 20-годишнината од бомбардирањето на авионите на НАТО на зградата на Радио Телевизија Србија (РТС), тврди „Блиц“.Весникот наведува дека поради болеста Вучиќ ги откажал сите планирани активности за денеска и за утре.Кабинетот на Вучиќ не ги коментираше ваквите тврдења, само соопшти дека во негово име на собирите ќе се обрати српската премиерка Ана Брнабиќ.Српските медиуми посочуваат дека Вучиќ досега и кога бил болен редовно ги извршувал своите обврски, оценувајќи дека овој пат веројатно „работата е сериозна“.Инаку, зградата на РТС беше бомбардирана на 23 април 1999 година во 2.06 часот, при што загинаа 16 новинари и вработени во телевизијата. 

Свет | пред 7 години

DIK-komisija

Гласале 405, а во кутијата имало 408 гласачки ливчиња – поништено гласањето во Ѓорче Петров

Државната изборна комисија донесе одлука за разрешување и дисциплински мерки против надзорната комисија на избирачкото место 2564 во општина Ѓорче Петров. Според комисијата  на гласање излегле 405 лица од вкупно запишаните 822 гласачи. По завршувањето на изборниот ден, во кутијата со гласачки ливчиња имало 408 гласачки ливчиња, односно три повеќе.Разрешени се членовите и во избирачкото место 0006 во општина Берово.  Таму пак членовите на одборот пропуштиле да утврдат идентитет на гласач па така наместо болно и изнемоштено лице гласал човек со исто име и презиме како неговото.Дополнително, ДИК по изборите ќе одлучува дали на членовите на овие изборачки одбори ќе им биде исплатен надоместокот што им следи а согласно Правилникот за надоместоци што го утврдува изборната комисија.На избирачкото место број 2564 во општина Ѓорче Петров ДИК попладнево одлучи да не се прегласува бидејќи тоа не влијае на целокупниот резултат од изборите.

пред 7 години

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Новите правила за исклучените од системот на греење - и натаму ќе плаќаат паушал

Новите правила за исклучените од системот на греење. Истите ќе важат од  01 април и предвидуваат дека паушал и натаму ќе плаќаат граѓаните кои не живеат во становите или не ги користат деловните објекти.„Сопственикот на посебен дел во станбени и деловни објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден мерен уред, кој живее или го користи објектот и е исклучен од системот, е обврзан тоа да го докаже со приложување на валиден документ (лична карта и имотен лист) после што нема обврска да го плаќа надоместокот. Сопственикот кој не живее или не го користи посебниот дел за деловни потреби, има обврска да го плаќа надоместокот за ангажирана топлинска моќност, согласно тарифниот систем за продажба на топлинска енергија“, соопшти компанијата.Во моментов нема сознанија колку вакви потрошувачи има во земјава. Паушал ќе плаќаат и инвеститорите чии нови згради се приклучени на системот, но се уште имаат празни станови.

Скопје | пред 7 години

IMG_20190422_120749

Денот на планетата земја одбележан во знакот на селектирање на отпадот

Еко центарот како дел од ЈП „Комуналец“ со поддршка на Општина Битола, беше носител на настанот со кој денес во Битола се одбележа Денот на планетата земја на 22 април. На пет пунктови низ градот, односно во Старата битолска чаршија, плоштадот Магнолија, кај хотелот Епинал, кај Офицерски дом и во Новиот пазар, ученици од битолските основи и средни училишта и деца од градинките, заедно со нивните наставници, делеа флаери на граѓаните, на кои е прикажан начинот за селектирање на отпадот, Градоначалничката Петровска истакна дека веќе е видлива зголемената еколошката свест кај граѓаните и го поздрави масовното вклучување на образовните институции во ваквиот едукативен систем.„Она што ме прави исклучително среќна е тоа што сите активности што ги спориведуваше ЈП „Комуналец“ во изминатата година беа токму во таа насока, дека не може тоа да го прави само јавното претпријатие, или само Општината, туку сите заедно, севкупната општествена заедница со поддршка на општината и со поддршка на јавните претпријатија, треба да работи во насока на подобрување на условите во кои што живееме за зачувување на животната средина и тие поместувања се евидентини. Во таа насока се и голем број акции што се спореведоа, а беа поддржани од невладини организации, претставници од урбаните заедници. Сметам дека во таа насока треба да продолжиме и во наредниот период“, посочи Петровска.Навиките кај граѓаните за селектирање на отпадот се уште не се на задоволително ниво, иако има извесен напредок, рече техничкиот директор на ЈП „Комуналец“ Зоран Дојчиновски.„Веќе подолго време ЈП „Комуналец“ врши селекција на хартија и пластика преку организиран систем, а за таа цел на територијата на Општина Битола поставени се 160 пластични контејнери со волумен од 1,1 метар кубен во жолта боја и 1650 пластични канти за индивидуалните домаќинства. За селекција на отпадната хартија на територијата на градот Битола поставени се педесетина пластични контејнериисто од 1 метар кубен во плава боја наменети исклучиво за правните лица кои што генерираат отпад од хартија. Покрај овие процеси на селекција на отпадот, ЈП „Комуналец“ преку организиран систем врши селекција на габаритен отпад и отпад од електрична и електронска опрема“, истакна Дојчиновски.Споредбено, ЈП „Комуналец“ постојано секоја година собира и селектира се повеќе хартија, додека во делот на пластиката се движи на константна бројка од околу 4 тони годишно.

Македонија | пред 7 години

lekovi-apteki

ФЗОМ ги зголеми квотите за април

Поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и и по направена сондажа за искористеност на квоти за месец април на приватните здравствени установи аптеки која изнесува 85% до 90%, Управниот одбор на Фондот донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари. Ова зголемување е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за месец април.Фондот континуирано ја следи достапноста до лековите на рецепт и работи на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец.Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките. Ова го прави со цел осигурениците да може да ги подигнуваат потребните лекови во аптеките, во близина на нивното место на живеење.

Македонија | пред 7 години

osce

ОБСЕ за изборите: Потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу спротивставените политички гледишта, а основните слободи на собирање и изразување беа почитувани во кампањата.И покрај одредени технички предизвици, изборите беа во целина добро спроведени. Регулаторните празнини беа делумно земени предвид преку меѓупартиски политички договори, но останува потребата да се финализира претходно започнатата реформа на изборното законодавство, се вели во прелиминарниот извештај на Мисијата на ОБСЕ, која го набљудуваше првиот круг од претседателските избори во земјава.Според ОБСЕ, денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен и генерално позитивно оценет од набљудувачите на ММНИ.„Законската рамка е главно погодна за одржување демократски избори. Меѓутоа, одредени одредби од Изборниот законик не ги отсликуваат специфичните услови на претседателската трка. Регулаторните празнини ја нарушија правната сигурност и создадоа конфузија меѓу засегнатите страни. Во отсуство на експлицитни кампањски правила за претседателските кандидати, некои елементи на кампањата беа спроведени врз основа на меѓупартиски договори кои не обезбедуваа еднакви можности за сите натпреварувачи. Многу претходни препораки на ОДИХР и Советот на Европа во однос на законската рамка не се земени предвид, вклучувајќи ги и препораките што се однесуваат на финансирање на кампањата и изборни приговори и жалби”, се дел од забелешките во извештајотСпоред ОБСЕ, изборната администрација ги исполни своите главни должности, работеше непристрасно и ја уживаше довербата на повеќето засегнати страни. Меѓутоа ДИК задоцни со некои подготовки, како што е издавањето упатства, печатење на материјалите за обука и формирањето на комисиите од пониско ниво.„Транспарентноста и ефикасноста на ДИК беа напати отежнати од технички затајувања на нејзиниот информациски и комуникациски систем, што исто така покрена прашања за ИКТ-безбедноста. ДИК спроведе едукација на гласачи на радиодифузните и социјалните медиуми на повеќе јазици и понекогаш со толкување на знаковен јазик, но оваа кампања беше со ограничена видливост. Регистарот на гласачи се одржува во ДИК и содржи граѓани кои се регистрирани жители и кои поседуваат валидни идентификациски документи. Автоматското исклучување на гласачи поради истечената важност на документите за идентификација претставува неразумна пречка за остварување на правото на глас за околу 11.000 граѓани.Иако засегнатите страни забележаа подобрувања во точноста на регистарот на гласачи, несовпаѓањата помеѓу разните државни бази на податоци и разните формати на податоците и понатаму претставуваат предизвик и бараат понатамошно внимание. Тројца кандидати се регистрираа да се натпреваруваат во овие избори, една жена и двајца мажи, од кои еден е етнички Албанец. Сите тројца кандидати беа регистрирани од ДИК во инклузивен процес. Иако регистрирани како непартиски, секој од тројцата кандидати беше поддржан од политички партии пред регистрацијата и се служеше со партиските симболи за своја идентификација на гласачкото ливче.Кампањата се одвиваше во смирена и мирна средина. Основните слободи на собирање и изразување беа почитувани и учесниците во изборите имаа можност слободно да спроведуваат кампањски активности без пречки. Партиските лидери беа видливо истакнувани на кампањските настани и покрај формалната независност на кандидатите од политичките партии. Општо земено, се чинеше дека државните претставници водеа сметка да задржат јасна одвоеност меѓу службените и политичките активности и да избегнуваат користење државни ресурси во кампањата. Забележително во овие избори, владејачката партија и неколку етнички албански партии заедно поддржаа претседателски кандидат. Двајца кандидати често покренуваа прашања поврзани со учеството на жените и родовата еднаквост. Кампањите беа финансирани со донации на физички и правни лица и некои кандидати добија финансиска помош од политички партии. Политичките рекламирања во радиодифузните медиуми ќе бидат надоместени од државни средства. Државниот завод за ревизија е примарното надзорно тело, но надзорот е ограничен на ревизија на информации поднесени од изборните кандидати и нема капацитет да истражува дали податоците се точни или целосни. Немаше воедначено известување за потрошувачката на кандидатите, немаше експлицитна регулација на кампањски активности од трети лица и немаше барање за известување за трошоци настанати од политички партии кои ги поддржуваат кандидатите. Сè на сè, ова ја намали транспарентноста на финансирањето на кампањата и ефективноста на надзорот”, се вели во извештајот.

Македонија | пред 7 години

junker2

Јункер: Ќе се бориме против „лажните вести“ во кампањата за евроизборите

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер вети дека Брисел ќе ги отстрани сите „лажни вести“ во текот на предизборната кампања за изборите за Европскиот парламент следниот месец.– Ако владите тврдат некои работи за ЕУ или Комисијата што не одговараат на вистината, тогаш ќе одговориме. Јас ќе го сторам тоа пред изборите, изјави Јункер во интервју за група весници сопственост на германската „Функе Медиа Груп“, што ќе биде објавено утре.Тој ваквото предупредување го упати до сите оние кои ќе се обидуваат да манипулираат со гласачите за да влијаат врз нив, дури и ако доаѓаат од земјите членки на ЕУ.– Јас веќе гледам обиди да се влијае на изборите за Европскиот парламент преку манипулации, кои доаѓаат од неколку места, не само од земји надвор од ЕУ. Земји во рамки на Унијата, исто така, се обидуваат да ја насочат волјата на електоратот во одредена насока со „лажни вести“. Комисијата е подготвена да се бори против сè, истакна Јункер.Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 23 до 26 мај.

Свет | пред 7 години

nikolovski-696x381

Александар Николовски нема да му плати 500 евра на Вице Заев

Судијата Кети Германова од Граѓанскиот суд објави дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, е делумно виновен како тужен од страна на Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, пишува Фактор.мк.Николовски е прогласен за виновен за тврдењето дека бизнисменот местел тендери и тоа во случај без да има докази, односно да ги провери фактите, но нема да ја плати штетата од 500 евра која ја бараше Вице Заев.Николовски рече дека делумно е задоволен од одлуката на Судот, но и дека тоа било компромис за да му се угоди на братот на премиерот, односно тој да добие морална сатисфакција и најави жалба до Апелација.Вице Заев не присуствуваше на донесувањето на одлуката.

Македонија | пред 7 години

siljanovska-pendarovski-reka

Колку од парите на граѓаните потрошиле претседателските кандидати во втората половина од кампањата?

Според новите информации во втората половина од изборната кампања, Блерим Река потрошил повеќе пари од Стево Пендаровски, пренесува Телма.Вкупните расходи на Река за периодот од 11-ти до 19-ти Април се над 291 илјада евра, а на Пендаровски, 257 илјади.Финансискиот извештај на Гордана Силјановска-Давкова не е пристигнат во Антикорупциската комисија, па и овој пат го очекуваат по пошта.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

СДСМ: Предноста на Пендаровски е најава за сигурна победа во вториот круг

Во првиот круг од претседателски избори победи Стево Пендаровски. Тоа е јасен факт.Пендаровски има предност и повеќе гласови од Гордана Сиљановска. Тоа значи дека граѓаните во поголем број го поддржаа концептот за напредок а не за враќање назад, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО – ДПМНЕ.Според партијата, предноста на Пендаровски во првиот круг е најава за сигурна и јасна победа и во вториот круг на 5 мај.„ВМРО-ДПМНЕ можат да само охрабруваат и да прават весели математики колку сакаат, факт е дека ова не се ниту локални, ниту парламентарни избори,  туку избори за претседател каде во првиот круг води Стево Пендаровски.Граѓаните покажаа дека не сакаат нов Ѓорге Иванов, туку сакаат вистински претседател. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори во 2014 година. На 5 мај граѓаните масовно, во слободна, фер и демократска атмосфера ќе ја потврдат победата и ќе изберат да продолжат заедно напред кон развој, напредок и интеграција. Граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордана Сиљановска да ги повлечат назад во темното минато на изолација и неизвесност, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на државата”, се додава во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

kiracoski-kitanov-640x390

Во СДСМ се бара одговорност од Кирацоски и Китанов

По неуспехот на претседателските избори во кои СДСМ, заедно со многу партии на власт кои не покажаа добри резултати за претседателската трка, на социјалните мрежи почнаа да го насочуваат прстот кон функционери на СДСМ.Зоран Китанов и Александар Кирацоски се двата најкритикувани ликови по неуспехот на претседателските избори, пренесува Лајм.Иако Китанов не е во високи партиски инстанци, тој е критикуван како директор кој не им служел на граѓаните заедно со многу други сопартијци, кои вчера наидоа на тежок удар на претседателските избори.

Македонија | пред 7 години

apteka-kvoti-lekovi

Зголемени квоти за лекови во сите аптеки и за април

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за сите 772 аптеки за дополнителни 12.000 денари, поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и и по направена сондажа за искористеност на квоти за април на приватните здравствени установи аптеки што изнесува од 85 отсто до 90 отсто.Ова зголемување, се наведува во соопштението од Фондот, е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за април.Од Фондот посочуваат дека континуирано ја следат достапноста до лековите на рецепт и работат на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец.Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките. Ова се прави со цел осигурениците да може да ги подигнуваат потребните лекови во аптеките, во близина на нивното место на живеење, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Izbori

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со намален број на гласови, СДСМ загуби 100 илјади гласачи

Во споредба со претходните избори кои беа локални, ниту владејачката СДСМ, ниту најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да ги освојат гласовите кои ги освоиле пред две години. Но најмногу гласови на првиот круг од претседателските, во споредба со локалните од пред две годин и - изгуби СДСМ.На вчерашните претседателски избори Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и коалицијата, во првиот круг од претседателските избори освои 323.846 односно 42,85 проценти, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, 319.240 односно 42,24 проценти. Блерим Река како кандидат на Беса и Алијанса за Албанците е најголемото изненадување и покрај ниската излезеност кај албанското гласачко тело - тој освои 74.000 гласови.СДСМ на локалните избори во 2017 година освои 420.522 гласови, иако на тие избори настапи без ДУИ кои освоија 89.724 гласови. За разлика од тогаш, заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ на вчерашните избори освои 323.846 гласа, или речиси 100 илјади гласа помалку или приближно 200 илјади ако се сметаат и гласовите на ДУИ.Помал број на гласови освојува и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова, во споредба со гласовите кои ги освои партијата на локалните избори во 2017 година. Но таа разлика не е толку изразена. Поточно, 319.240 освои вчера Сиљановска на претседателските избори во споредба со 335.769 гласа кои партијата ги освои на локалните избори пред две години.Гледано по општини СДСМ најголема загуба има во општина Битола.Според резултатите објавени на страницата на Државната изборна комисија (ДИК), во првиот круг во општина Битола за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска гласаа 17.992 гласачи, додека за кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски гласале 17.766 гласачи.Разликата помеѓу Пендаровски и Сиљановска од 226 гласа не е голема или не е решавачка во однос на крајниот изборен резултат, но голема е разликата во бројот на освоени гласови на СДСМ на локалните избори во 2017 година кога градоначалничката Наташа Петровска освои дури 31.337 гласови или речиси двојно повеќе од сегашните освоени на СДСМ.Така на локалните избори во Битола, СДСМ освоила 31.337 гласови, за на претседателските избори паднеана 17.766.И во втората по големина пелагониска општина Прилеп, има значителен пад на гласовите односно 23.607 на локалните во споредба со 17.101 на претседателските избори.Изразена разлика во гласовите на локалните и претседателските избори има и во скопските општини.ИЗВОР: МКД.мк

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања