Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

izbori

ЦИВИЛ повикува да се пријавуваат изборните нерегуларности

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности од секаков вид. Притисоци, закани, уцени, корупција, поткуп, злоупотреба на јавните ресурси или службената положба, кршење на изборниот молк, незаконито работење на изборната администрација, агитација и пропаганда, говор на омраза, лажни вести, проблеми со Избирачкиот список, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.Пријавите може да поднесуваат деноноќно, на веб страницата Слободни избори, по електронска пошта (civil@civil.org.mk), во порака на Фејсбук или на телефоните 02 / 5209 176, 070 734 044.Не постојат информации што се неважни. Затоа, независно во кој формат да пристигнуваат: фотографија, видео, постови на социјални мрежи и друг вид комуникации, лично сведоштво или случка... Едноставно, сите информации се добредојдени.Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг можат да се вклучат како долгорочни и краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Уште поважно: независно од тоа дали се поврзани со ЦИВИЛ како соработници, членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство или пак веќе учествувале во изборните процеси како наши набљудувачи, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, здруженија, организации, па дури и институции, можат да придонесат кон одбрана на правото на глас и да ја алармираат јавноста и релевантните институции за нерегуларностите и на тој начин да помогнат изборниот процес да биде слободен, фер и демократски. Целото општество е повикано да се вклучи во заложбите за искоренување на говорот на омраза и лажните вести, пред последиците од нив да бидат несогледливи

пред 7 години

mvr1

МВР регистрира нарушување на изборниот молк на повеќе места во земјава

На 20.04.2019 година во 03 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во бараките во кругот на општина Кисела Вода било скршено стакло од влезна врата на еден од објектите, кој го користи политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 19.04.2019 година во 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објектот на месната зедница „11-ти Октомври“ на ул.„Андреја Димишков“ бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 20.04.2019 година околу 08.10 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ѕидот од основното училиште „Гоце Делчев“ во село Избиште бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 20.04.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 20.04.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на оградата од основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште била закачена слика на еден од кандидатите на претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

пред 7 години

policija-3

Седумгодишна ученичка паднала во круг на училиште и се здобила со тешки телесни повреди

На 19.04.2019 година околу 12.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Топлица, гостиварско, седумгодишна ученичка паднала во кругот на училиштето и се здобила со тешки телесни повреди. Според пријавеното, за време на одмор, обидувајќи се да се напие вода од чешмата во кругот на училиштето, девојчето се лизнало и паднало. По укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

magija

Бугарка измамила скопјанка, ветувајќи дека ќе и ја истера “црната магија“ и извлекла 700 евра и две златни лири

Полициски службеници ја лишиле од слобода С.Н.Б.(56) од Република Бугарија, со живеалиште во Скопје, поради постоење основано сомнение дека, доведувајќи ја во заблуда, на жена од Скопје и земала 700 евра и две златни лири. С.Н.Б. случајно ја сретнала оштетената во центарот на Скопје и, според пријавеното, во разговор и кажала дека забележала дека има проблеми, дека и е направена црна магија и дека таа може да и помогне да ја истера магијата.Тие имале средби во центарот на Скопје, при што во три наврати С.Н.Б. одзела вкупно 700 евра и две златни лири од оштетената. При лишувањето од слобода, кај С.Н.Б. биле пронајдени златните пари и девизите и и биле вратени на оштетената.За случајот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање против С.Н.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

guguceska-1

Денеска гласаа болните, затворениците и дијаспората, излезноста во странство 38,51%

Излезноста на првиот круг од претседателските избори во странство, каде што се гласа ден претходно, изнесува 38,51 отсто, додека во затворите излезноста е 55 отсто, соопштија од Државната изборна комисија.Најголема излезност до 18:30 часот е забележана во дипломатско-конзуларните претставништва во Берлин (64,47 отсто), Букурешт (64,29 отсто), Загреб, (61,11 отсто) Сараево (61,70) и Хаг (60 проценти). Најмала излезност пак до 18:30 часот имало во дипломатско-конзуларните претставништва  во Венеција (26,55 отсто), Копенхаген (30,77 отсто), Абу Даби (30 отсто).Тринаесетте гласачки места во КПУ, каде своето право денеска можеа да го остварат 1.640 гласачи се затворени. Гласањето течело без проблеми, а илезноста до 18:30 часот изнесува околу 55 отсто.Прв пат гласале и гласачи во два старачки дома. Од 71, гласач, своето право го оствариле 70.Во своите домови гласачкото право го остваруваат 3.539 граѓанин, кои се пријавиле како болни или немоќни и 12 кои се во куќен притвор. Досега гласале 3.064 болни или немоќни и седум лица во куќен притвор.

пред 7 години

petar-bogojeski

ТРАНСКРИПТ: Петар Богојески признава дека бил во Унгарска амбасада со Рангелова

ТРАНСКРИПТ ОД РАЗГОВОР:Скопје 1: Петар, во која амбасада беше денес ти?Богојески: Зошто ме прашуваш?Скопје1: Имам информации дека си бил во Унгарска амбасада и тоа со една политичарка.Богојески: Значи секаде ме следат?Скопје1: Знам и со која политичарка беше?Богојески: Да, бев со онаа со иницијали Д. Рангелова.Скопје1: Е па гледаш, од нас неможеш да се скриеш...Богојески: Од каде ова ли го разбра, кој ти кажа?Скопје1:Тоа не е важно, извор не отктривме. Важно нашите информации се точни секогаш...Богојески: Чекај, чекај, има ли фотографии од ова?Скопје1: Нема, ама ако сакаш ќе обезбедиме.Ова е транскрипт од телефонскиот разговор помеѓу Скопје1 и реформаторот Петар Богојески. Во понтамошниот текст од разговорот Богојески вели дека не знае дали да се согласи д се објави информацијата или не и бара да размисли. Од наша страна му одговоривме дека за тоа ќе одлучи уредништвото на Скопје1.Во продолжение линкови од објавената вест и  објавените деманти:Петар Богојески и Даниела Рангелова во Унгарска амбасадаРангелова демантира дека била во Унгарска амбасада, ама не кажува дали го превезувала Богојески до тамуБогојески молчеше па демантира дека бил во Унгарската амбасада, “Скопје 1” бара извинување за навредите 

Македонија | пред 7 години

petar-bogojeski

Богојески молчеше па демантира дека бил во Унгарската амбасада, “Скопје 1” бара извинување за навредите

Реформаторот Петар Богојески од ВМРО-ДПМНЕ одби да потврди или негира дали вчера бил во Угнарската амбасада во Скопје, за денес да демантира.Иако тимот на “Скопје1.мк”, нема обврска да го објави неговиот демант, од причина што беше исконтактиран пред објавување на веста, истиот ви го пренесуваме со цел точно и објективно информирање.„Во целост ги демантирам лажните информации објавени од skopje1.mk и информирам дека никогаш не сум имал средба во Унгарска Амбасада, со пратеничката Даниела Рангелова!Ја повикувам Embassy of Hungary in Skopje/Magyarország Szkopjei Nagykövetsége да ја демантира оваа вест.Ова е класичен пример за лиферување на лажни вести со задна нечесна намера, со цел дезинформирање на јавноста.Потврдувам дека имам комуникација со претставници на Унгарија, а во секој наврат не пропуштам да прашам, кога ќе го екстрадираат лицето Никола Груевски, со цел да ја докаже неговата невиност пред македонскиот Суд!Очекувам споменатиот портал да го објави овој демант!#ПравдазаНикола#ЗаправоиправдавоМакедонија#Татковинатаповикува“, пишува Богојески, во демантот.

Македонија | пред 7 години

kokain

Полициски акции во Словенија и Хрватска - запленета голема количин дрога

Деветмина Словенци поврзани со меѓународна трговија со дрога синоќа се уапсени во голема полициска акција во Љубљана. Запленети се 230 килограми кокаин, два килограми хероин, 43 килограми смола од канабис, четири приватни возила со посебно прилагоден простор за криумчарење дрога и голема количина пари.Како што наведуваат локалните медиуми, дрогата била наменета за меѓународниот пазар, а криминалната група дејствувала на просторите на Балканот и дел од земјите на ЕУ.Голема полициска акција и во хравтскиот град Карловац. Полицијата запленила 170,6 килограми марихуана и уапсила еден хрватски и еден српски државјанин, кои дрогата ја пренесувале со камион. Освен марихуаната, во камионот биле пронајдени и два пиштола со муниција.44-годишниот возач и 47-годишниот совозач биле уапсени на излезот од автопатот Ријека-Карловац.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Изложба дел од проектор „Поместени граници“ под наслов - „Молк за…“

„Поместени граници“ е проект што се реализира под покровителство на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а годинава ќе имаме можност да го видиме неговото трето издание под наслов „Молк за…“.Проектот „Поместени граници“ се стреми во надминување на традиционалниот модерен приказ во ликовната уметност со тоа што, додавајќи му концепт на делото (концепт што зборува преку една можеби препознатлива идеја) прави обид, а тоа е всушност и една од основните цели, да ги претстави и доближи кон пошироката публика новите аспекти на уметничкото истражување на различни начини. Овој проект има концептуален карактер, што значи дека се занимава со промислување, преиспитување, анализирање, критикување, лично видување/чувствување на стварноста, на нашето живеење.На изложбата што ќе можете да ја видите во галерискиот простор на Младински културен центар – Скопје на 22.4.2019, понеделник во 20 часот, учествуваат авторите:Моника Мотеска, Зорица Зафировска, Нехат Бекири, Андреј Митевски, Софиа Григориаду, ОПА, Антонио Пирковски и Лени вон Гелева, Никола Узуновски и Ремијон Проња.

Магазин | пред 7 години

svr-ohrid

Во Враниште и Мислешево слика на еден од претседателските кандидати, како и испишани графит - полицијата истражува

Во Полициската станица во Струга денеска е пријавено дека во близина на основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште е закачена слика на еден од претседателските кандидати, како и дека е испишан графит во врска со претстојните избори.Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, и на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори.-Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја, истакна Димоски.

Македонија | пред 7 години

guguceska

ДИК: Најголема излезност во Прага, најниска во Истанбул

До сега најголема излезност за претседателските избори во дипломатско-конзуларните претставништва во Европа има во Прага (23.4%), додека најниска во Истанбул (3.57%), соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугуческа.„Гласањето се одвива тековно и без проблеми. Излезноста во ДКП-ата во Будимпешта е 18,75 проценти, во Брисел 18,37, во Загреб 16,67… Излезноста во ДКП-ата до 18:30 часот во Канбера е 38 отсто додека во Мелбурн 57,58 проценти. Гласачките места во САД и Канада ќе бидат отворени во 19 часот.“, изјави Гугуческа.Одговорајќи на новинарско прашање, портпаролката на ДИК информира дека денешното гласање во затворите се одвива без проблеми и до 10 часот правото на глас го искористиле 22 проценти.-Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица. Сите места се отворени на време и гласањето тече без никакви проблеми, истакна Гугуческа.До овој момент гласањето тече без проблеми, оценија од Државната изборна комисија на прес-конференција информирајќи за гласањето на болните, затворениците, притворените и дијаспората кои денеска од 7 часот го остваруваат нивното гласачко право за претседателските избори и локалните кои се одржуваат во три општини.Од ДИК велат дека за прв пат гласаат и гласачи во два старечки дома. Гласачките места се отворени и таму, а 71 гласач ќе имаат можност да гласаат. Новина е воведена и кај граѓаните со оштетен слух и говор, за кои на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.

Македонија | пред 7 години

dik

ДИК воведува новина, со цел побрзо да ги знаеме првичните неофицијални резултати

Новина во ДИК, по електронски пат, односно преку апликацијата „вибер“, ДИК ќе добива директно резултати од избирачките места најпрвин од претседателите на избирачките одбори. Подоцна, исто така по електронски пат, ќе ги добие и првичните неофицијални резултати од страна на општинските изборни комисии откако ќе се пополнат записниците од избирачките места.Овие новини Државната изборна комисија ги воведува со цел да има зголемена контрола и споредба на првичните неофицијални резултати.Според оваа најава за новитетите во ДИК граѓаните во овој изборен циклус изборните резултати ќе ги знаат многу побрзо од вообичаената практика.

Македонија | пред 7 години

Rangelova-wide-2000

Рангелова демантира дека била во Унгарска амбасада, ама не кажува дали го превезувала Богојески до таму

Пратеничката Даниела Рангелова демантира дека била во Унгарската амбасада. Но, молчи, дали таа го однела реформаторот Петар Богојески до седиштето на амбасадата и го чекала надвор.“Во врска со објавената вест во вашиот интернет портал за било какво мое присуство во Унгарска Амбасада, во целост ја демантирам веста и истакнувам дека никогаш не сум била во таа амбасада па ни во текот на вчерашниот ден. Изнесените тврдења се тотална невистина и шпекулација. Барам да го објавите овој демант.Во спротивно ќе поднесам тужба до надлежен суд”, демантира Рангелова. 

Македонија | пред 7 години

osce

240 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР рамномерно распоредени низ државата ќе го следат изборниот процес

Изборната оценка за претседателските ибори ќе ја дадат 240 набљудувачи. на Меѓународната набљудувачка мисија за изборите ОБСЕ/ОДИХР.Tие ќе бидат распоредени рамномерно насекаде низ државата, со цел да се овозможи репрезентативен и непристрасен примерок, врз кој ќе ги дадеме нашите оценки, вели во интервју за МИА шефицата на Мисијата за набљудување на претседателските избри на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер.Јонкер ги повикува кандидатите и политичките партии да ја известат Мисијата доколку во текот на изборниот ден се појават конкретни проблеми.Во интервјуто за МИА, Јонкер не сака да дава предвремени оценки за денот на изборите, и како што вели, тие се тука за да набљудуваат и да известуваат за тоа што ќе го согледаат.

Македонија | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Автомобил удри во 6 год дете во Сингелиќ, пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“

На 19.04.2019 година во 19.00 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(46) од село Сингелиќ, скопско, удрило во шестгодишно дете од село Сингелиќ, кое се здобило со тешки телесни повреди и со друго возило било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Верижен судир на магистрален пат, помеѓу трактор и три автомобили

На 19.04.2019 година во 20.10 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(40) од Ново Село, патничко возило „Форд Фокус“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(55) од село Секирник, патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(50) од Струмица и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.И.Р.(50) од Петрич, Република Бугарија.Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој по укажаната лекарска помош со амбулантно возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Додека, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Форд Фокус“ и сопатникот во истото возило, С.В.(55) од Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 7 години

soob-1

Сообраќајна несреќа во Скопје, повредени 4 лица меѓу кои две деца

На 19.04.2019 година во 17.35 часот на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо“, управувано од А.М.(37) од Скопје и патничко возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(32) од Скопје. По незгодата М.А. и сопатниците од нејзиното возило „Пежо 307“, И.Н.(32) и две деца на возраст од 10 и осум години, сите од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди и им била укажана лекарска помош.Додека, кај А.М. се констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

soobr1

Сообраќајна несреќа кај „Момин Поток“, повредени две лица

На 19.04.2019 годинa во 13.15 часот на ул.„1506“ во Скопје, на место викано „Момин Поток“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Х.(29) од Скопје и патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(51) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.А., додека В.Х. се здобил со телесни повреди.На двајцата им била укажана лекарска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во пакет за затвореник од Прилеп, пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 18. 12.2018 година во Прилеп, во Казнено- поправната установа „Затвор – Прилеп“, при преглед на пакет наменет за пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

пред 7 години

vreme-1

Сончево и топло време со температура до 23 степени

Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен и североисточен ветер. Вдолж Повардарието ветерот ќе се засилува. Локално е можнаизолирана појава на краткотраен локлен дожд.Минимална температура: -1°C до 6°C, а Максимална температура: 15°С до 23°C.Утре ќе преовладува умерено облачно со слаб ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минимална температура: 0°C до 7°C, а максимална температура: 16°C до 24°C.

Македонија | пред 7 години

ohrid-trcat

Одбројување на деновите до ОХРИД ТРЧАТ

На нешто повеќе од 40 дена до третото издание на „Ohrid running weekend“, Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ ја презентираше комплетна програма. На 31 мај, 1 и 2 јуни градот Охрид, граѓаните и многуте гости ќе пулсираат во ритамот на спортот и забавата.Годинешната програма на „Ohrid running weekend“ ќе започне со ноќна трка од 2 километри, а потоа следува „паста парти“ забава. На 1 јуни, сите пријавени ќе ги подигнуваат стартните пакети и ќе се презентира трката. На 2 јуни, на програмата е главниот настан кој ќе ги раздвижи улиците на Охрид. Потоа, следува голема забава на градскиот плоштад.Ohrid running weekend претставува вистинско освежување за сите нас кога станува збор за спортско – туристичката понуда на Охрид и Македонија. Ова е туристички производ кој со ваков концепт претставува новина во Македонија, па и пошироко на Балканот. Ние сме убедени дека оваа наша визија ќе биде претпознатлива како во нашата држава така и во многу држави од светот и на таков начин во текот на годините ќе успееме да привлечиме многу бенефити како за самиот град и нејзините граѓани така и за самата држава. Спортот е светски социјален феномен и кога ќе го споите со музика, култура, едукација добивате хемиски резултат со таква позитивна енергија која е „вин вин“ ситуација за нашата заедница и општество. – изјави директорот на „Ohrid running weekend“, Иван Цветкоски.Како најава за „Ohrid running weekend“ се училишна и детската трката кои никој од присутните не останува рамнодушен. Асоцијацијата има уште неколку новитети и изненадување, а на вас останува да се пријавите и да ги откриете.

Македонија | пред 7 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица - изборен молк, а препукување на социјални мрежи

Од почноќ почна изборниот молк. Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село.Своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќни и болни.Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.Вториот круг од изборите е закажан за две недели, на 5 мај.Но и покрај тоа што е изборен молк, кој трае до недела до 19 часот и во овој период забрането е одржување митинзи, јавни собири, средби со граѓани, секакво агитирање, граѓаните своите препукувања ги продолжуваат по социјалните мрежи.

Македонија | пред 7 години

3CE76378-3C7E-400F-8D75-761107B9930B

ФОТО: За Тоше немаше топломер и доктор, за вас нема глас!

Починатиот Тоше сведочеше на катастрофалната состојба на здравството

пред 7 години

BeFunky-collage-8

Петар Богојески и Даниела Рангелова во Унгарска амбасада

Поранешниот висок партиски функционер во ВМРО ДПМНЕ кој беше и дел од т.н. „Реформатори“ Петар Богојески во друштво на пратеничката Даниела Рангелова вчера престојувале во амбасадата на Република Унгарија во Скопје - дознава „Скопје1.мк“ од свои извори во една институција.Богојески и Рангелова биле облечени во тренерки, носеле очила за сонце и капчиња.На прашање на „Скопје1.мк“ дали бил во амбасадата реформаторот Богојески кратко одговори:„-Немам коментар ! “ - телефонски одговори Богојески.На дополнителните прашања, зошто бил во странска амбасада облечен во тренерки тој одговори дека нема намера да одговара на тривијални прашања кои немаат врска со политика и се однесуваат на модата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ЗОРАН КРСТЕВСКИ - Животни одлуки

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор) Највисоката вредност се состои во способноста да го откриеме доброто во нас самите и да создадеме позитивна можност за напредување и градење хармонија во односот со блиските. Но, доколку не ги согледуваме проблемите во кои се наоѓаме и живееме во илузија, заслепеност и духовна неосвестеност, тогаш неминовно ќе потпаднеме под влијание на лошите луѓе и ќе ги уништиме шансите за напредување.Сите луѓе не се исти, така што е потребна голема мудрост и способност да ги процениме туѓите намери и да се заштитиме од негативните вибрации.Нашата првична одлука секогаш треба да биде креирана од позитивниот пристап, отворениот дух и добронамерноста. Кога чесно и искрено се однесуваме кон другите, тогаш или ќе се здобиеме со почит или ќе стекнеме увид со какви луѓе си имаме работа.Постојат лица кои ја почитуваат туѓата добрина и искрено се заблагодаруваат за поддршката, љубовта и вниманието. Но, има поединци кои не престануваат да се однесуваат лошо, себично, круто и студено, без оглед колку кон нив пристапуваме со позитивна енергија и благонаклонетост. Таквите луѓе умислуваат дека вечно можат да го манипулираат и доминираат лицето кое манифестира емпатија, љубов и добрина.Фолклорната умотворба тоа го има искажано со зборовите: “Ти на него со леб, а тој на тебе со камен”. Народната мудрост има кажано и дека “наивноста е мајка на доблеста и глупоста”. Тоа значи, дека е неразумно својата позитивна енергија да ја трошиме на негативни и себични луѓе, кои на доброто возвраќаат со лошо.Во денешно време, иако најмногу страда добриот, морален и емотивен човек, сепак неговото страдање е краткотрајно. Тој можеби наивно постапува со емоционалното отворање кон лица кои тоа не го заслужуваат, но откако ќе научи тешка животна лекција, потоа многу повеќе внимава кон кого ја насочува својата енергија. Од друга страна, страдањето на неморалните и себични личности е многу подолготрајно, зашто зависат од туѓата наивност, константно бараат жртви, очекуваат секогаш да биде по нивно и сите да им се подредуваат.Овие лица колку и да се емоционално студени, крути и егоистични, сепак самите на себе се најголеми непријатели. Имено, воопшто не е лесно да се живее со потсвесна агресивност, да се манифестира незадоволство и негативизам и притоа да се биде зависен од неверства, лаги и измами. Хаосот што се случува во таквите души, еден ден ќе се одрази и врз нивното тело. Деструктивната патологија на однесување нужно се рефлектира врз аурата која станува мрачна, безживотна и наелектризирана со висок набој на негативна енергија. За разлика од негативците, поединецот кој сфатил дека суштината не е во ниската страст, неморалот и измамите зрачи со позитивна енергија, се разубавува и доживува хармонична трансформација на духот и телото.Сепак, повеќето од луѓето предност им даваат на задоволствата на телото, без да сфатат дека душата е таа која го облагородува духот на човекот и му дава смисла на неговото живеење. Кога нашиот престој на овој свет, исклучиво би бил поради телесни страсти, наметнување моќ врз другите, алчни побуди и егоистички стремежи, тогаш стануваат илузорни духовните учења на врвните моралисти, светители и пророци. Тие човекот го насочуваат кон негувањето на духот, мирот во душата, позитивните вредности и подигнувањето на свеста кон повисоките домени на постоењето.Ако суштината се наоѓа во определбата колку луѓе ќе излажеме, колку вреќи пари ќе украдеме, со колкав број партнери телесно ќе општиме и што се ќе направиме за да го задоволиме своето ситно и фрустрирано его, тогаш длабоко сме се излажале за смислата и вредноста на животот. Последиците од уништувањето на моралот, чесноста и духовноста, најдлабоко ги вкусуваат токму лицата кои со своето однесување ги деградираат овие вредности.Секоја одлука подразбира одредени последици. Тоа значи, дека погрешната одлука повлекува по себе крајно непријатни последици.Секој од нас ја одредува границата на среќата и несреќата. Ние сме господари на нашата судбина. Секој од нас е целосно одговорен за се што прави и со своите постапки придонесува за сопствената среќа или несреќа.Кога смислата би се наоѓала во промискуитетот, неморалот, измамите, интригите, експлоатацијата, себичноста, во тој случај лицата кои живеат според овие стандарди ќе се чувствуваат среќни, исполнети и ќе бидат во мир со себеси. На овој свет полн со многу негативистички пројави, токму лошите определби не му недостасуваат, туку уште повеќе се зголемуваат, водејќи го човекот кон несреќата и амбисот на постоењето.Правилното користење со слободата на изборот е клучно за дистанцирање од негативните влијанија. Мудра одлука ќе донесеме ако ги избегнуваме неосвестените луѓе, кои имаат ниско ниво на позитивна енергија. Ако се сплеткаме со нив во неконтролиран однос, може целосно да ја дисхармонизираме својата енергија. Секогаш треба да се следиме самите себеси, а помалку да зависиме од другите, посебно од оние кои не бираат начин и средства за да ги реализираат егоистичните цели и интереси.За таквите личности, Св. Филарет Московски има кажано: “Нека ја клеветат вистината, нека ја мразат љубовта, нека го убиваат животот – вистината ќе се оправда, љубовта ќе победи, животот ќе воскресне”.  Асоцијацијата е дека колку  помалку го чувствуваме влијанието на негативците, толку повеќе мирот, љубовта и хармонијата ќе се вселат во нашето живеење.Суштината на врвната среќа се наоѓа во мирот со себе, опуштеноста, чистиот образ, достоинството и во чувството дека со своето однесување не ги прекршуваме законите на духовното опстојување. Површното доживување на среќата е насекаде околу нас и често е поврзано со обидот во материјалните и телесни нешта да се побара излезот од празнотијата на сопственото постоење. Некој бегството го прави преку константното препуштање на блудот и ниските страсти, друг преку консумеризмот и социјалните мрежи, трет преку хазардот и разните зависности, четврт преку опсесивното препуштање на работата, парите, моќта или статусот. Современиот начин на живеење создаде армија површни луѓе, кои суштината ја бараат во материјалните и телесни нешта. Тие скоро и да не се обидуваат, барем за миг да ја подигнат свеста и да ги почувствуваат благодетите од духовниот концепт на живеење.Фјодор Достоевски има кажано: “Тајната на животот на човекот не е само да живее, туку и во тоа зошто и како живее”.Доколку исклучиво живееме поради насладите на телото, трупањето материјални добра, неконтролираното експонирање на егото, тенденцијата да ги владееме и контролираме другите, тогаш сериозно сме забавиле со својот личен развој и максимално сме се оттргнале од духовните вредности на животот. Во тој случај, последиците за нашата душа ќе бидат катастрофални, зашто неспокојството, внатрешната дисхармонија, неумереноста и зависноста од лажните вредности, никогаш нема да овозможат мир и среќа во животот. Секогаш треба да имаме на ум дека со губењето на достоинството на личноста, деградирањето на етиката, уништувањето на чистиот образ и оптоварувањето на својата совест, нужно ја дисхармонизираме својата душа и пропаѓаме во бездната на нечистото и неморално живеење.Излезот се наоѓа во умерениот однос кон телото, негувањето на душата и воздигнувањето на духот кон чесното, одговорно и позитивно дејствување.Заклучокот е дека кој верува во доброто и позитивни одлуки донесува – среќата ја наоѓа. Со пропагирање и вложување во вредноста, ќе оствариме хармонична егзистенција и ќе се отвориме за убавите мигови на животот. Едноставните нешта создаваат најголеми задоволства и колку повеќе ги практикуваме, толку помалку немирот и тагата ќе бидат дел од нашето живеење. Затоа, сите ние треба да одлучиме што повеќе да уживаме во смеењето, прегратката, танцувањето, молитвата, музиката, прошетките во природа, читањето и препуштањето на мигот, зашто животот е таков, каков што ние со своите мисли, постапки и одлуки го осмислуваме и создаваме.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања