Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

debata

Пендаровски на ТВ 21 откри – Разговарав со висок функционер на ДУИ,му реков да престане со на говор на омраза кон Река

Вечерва на последната политичка дебата на Телевизија 21, тројцата претседателски кандидати за последен пат ја имаа можноста да се претстават пред граѓаните на Република Македонија.Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашната дебата на ТВ 21 рече дека непотпишувањето на законите изгласани во Собрание од страна на Иванов е скандалозно. Пендаровски меѓу другото откри дека вчера разговарал со висок функционер на ДУИ и му рекол да престане со реториката на говор на омраза кон кандидатот Блерим Река.-Така ќе реагирам кон секој кој на таков начин сака да ми „помогне“. Добив одговор дека тоа нема да се повтори, рече Пендаровски.Во текот на дебатата, Стево Пендаровски во обид да и’ наметне став во облик на обвинување на Гордана Силјановска Давкова дека не се залага за Албанците, Силјановска му одговори дека звучи како рефрен од расипана плоча. Таа рече дека неговите говори од 2001 година, за кои постојат и докази во весниците, ги знае и таа, а и сите Албанци во државата.  

Македонија | пред 7 години

probistip-4

Мицкоски од Пробиштип: За само една година 100.000 наши сограѓани ја напуштија Македонија и никогаш не се вратија

Вечерва Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на митинг пред граѓаните од општина Пробиштип. Мицкоски кажа дека СДСМ воопшто не ги исполнија ветувањата кои ги даваа пред граѓаните и дека мислат на граѓаните од едни избори на други и даваат лажни ветувања.Не се овие само претседателски избори затоа што можеби за онаа врхушка на СДСМ се ова претседателски избори бидејќи тие за народот и за државата мислат од едни до други парламентарни избори а потоа ако им помина лагата, ако им помине измамата тогаш фино заседнуваат во меките фотелји и се разбира за пусти пари се работело,тоа е целта нема друго. Но ние сме поразлични од нив ние легнуваме со последна мисла за татковината и народот и се будиме со прва мисла за татковината и за народот. Затоа сакам да ги потсетам на сето она што го ветуваа на сето она кое што го збореа да ги потсетам сите оние снимачи кога ќе го прегледуваат денешниот настан дали кога ќе го прегледуваат ќе се засрамат од сите оние кажани лаги, кажа Мицкоски.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ истакна дека на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај ВМРО-ДПМНЕ победува убедливо на претседателските избори. Сакам овде во Пробиштип да ја соопштам онаа добра вест која што изминативе 20 дена интензивно секаде во Македонија во домовите се зборува. А тоа е дека на 21-ви април, а потоа на 5-ти мај толку големо победуваме што нема да знаат што ги снашло. Победа најпрво на претседателските избори а потоа победа на предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.Тој исто така објасни дека состојбите во земјоделието се катастрофални и дека сите ветувања од гарантиран откуп до повисоки цени на производите и повисоки субвенции се само лаги на СДСМ на чело со Зоран Заев.Земјоделците морат со пили да ги сечат крошните на јаболкниците затоа што немаат кому да го продадат родот бидејќи еден килограм јаболка е 1 денар. Но истовремено не потсетија на сите лаги на Зоран Заев сите лаги на Зоран Заев дека ќе има загарантиран откуп , дека ќе има честита цена за трудот на земјоделецот дека ќе има зголемени субвенции и поддршка за земјоделецот. Две години потоа овој политички измамник се срами и дури да спомене за тоа ветување, објасни Мицкоски.Мицоски кажа дека заради катастрофалната состојба во земјава предизвикана од владеењето на СДСМ и Зоран Заев голем број на луѓе се иселуваат од државата и тоа зазема се поголем интензитет и замав.Разговаравме со нашите сограѓани болката е голема , се сеќавате на овие ветувања пред Владата кога ги поставуваа чевлите дека луѓето се иселуваат. Во Виница луѓето ни соопштија дека само два дена пред ние да дојдеме повеќе од 500 луѓе ја напуштиле Македонија и заминале во друга дестинација во Европа. За само една година 100.000 наши сограѓани ја напуштија Македонија и никогаш не се вратија.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски појасни дека ситуацијата во земјата е трагична и дека Македонија се движи во многу лоша насока и повика на масовна излезениот на претседателските избори за да се стави крај на оваа голгота низ која поминуваат граѓаните.Ситуацијата е трагична , Македонија браќа и сестри добри луѓе се движи во многу лоша насока. Да не биде после дека повторно ние сме предупредиле а тоа било само во нашите умови. Ајде заедно масовно да излеземе на 21-ви април а потоа и на 5-ти мај. Онаа пролет која што ја најавивме во Охрид да ја донесеме во Македонија да ја обоиме со името на идниот претседател на републиката професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа Мицкоски.Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија, програма методологија и тим кој знае како да ги направи неопходните реформи во државата на чело со кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.Правна држава, враќање на правото и враќање на правната држава . Па има поголем гарант од идниот претседател на републиката дека имаме јасен план, јасна визија , тим и методологија како да направиме вистински реформи за враќање на владеењето на правото и правната држава од најинспиративниот професор на правниот факултет а тоа е идниот претседател на републиката професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сиљановска Давкова од Карбинци: Дискриминацијата, скриената економија и непочитувањето на работничките права мора да запре

Сиљановска Давкова пред граѓаните посочи дека во индустријата за производство на облека трудот вреди 60 проценти од вкупната цена на производството. Нашите текстилни производители со цел да се тркаат со Источна Азија во континуитет наоѓаат начин како да ја намалат цената на трудот. Неколку години наназад ова е трка кон дното, во која најмногу страдаат жените и тоа поради родовата поделба на работните места на пазарот на труд.Денес се сретнав со текстилните работнички од Штип. На средбата, тие ми укажаа на дискриминацијата на работното место, на влијанието на минималната плата кое делува како урамниловка. Ми посочија за не функционирањето на т.н. спирала на покачување на платите на повисоките позиции, односно за оние кои имаат поголемо искуство, знаење или компетенции, за непријавениот труд, за неможноста од синдикално организирање итн. Дискриминацијата, скриената економија и непочитувањето на работничките права мора да запре, нагласи Сиљановска Давкова.Сиљановска Давкова истакна дека Македонија мора да размислува и делува развојно! Да го искористи капацитетот кој постои, но и да инвестираме во основна индустрија, дизајн и производство на сопствени производи.Како Претседателка ќе сторам се да стимулирам вакви развојни процеси. Исто така ќе го побарам и она кое секоја Влада го заборава - а тоа е официјално вклучување на Македонија во Пан-европската асоцијација на дијагонална кумулација на потекло на стоките, што ќе овозможи финалните производи од Македонија да кумулираат потекло и се извезуваат во ЕУ без царини. Тоа ќе обезбеди поголема додадена вредност за нашата економија, поголеми плати и економска интеграција на Македонија во Европската Унија, рече Сиљановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

a6

Пендаровски во Дебарца: Гласот за бројот 3 е глас за обединување, заедништво и напредок

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Дебарца, порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат економски придобивки за развој нашата држава и сите граѓани.- Во 2018 година, само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции, што е двојно повеќе од најдобрата година на таканаречениот реформатор Груевски. Тоа дополнително ќе се инетнзивира по влезот во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, истакна Пендаровски.Во 2014 година, посочи Пендаровски, бевме морални победници, но сега мораме да бидеме и реални победници. Пендаровски побара граѓаните да не дозволат другата политичка опција да ја врати државата назад, во темниот тунел на груевизмот, бидејќи тогаш и најмногу млади се иселени.Претседателскиот кандидат Пендаровски, повика на максимална излезност на претседателските избори во недела на 21 април, а потоа и на 5 мај.- Гласот за бројот 3 е глас за обединување и заедништво! Затоа заедно напред кон сигурна иднина во ЕУ и НАТО, повика Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

DSC1722

Концертна промоција на „Крик и прашина“ од Сашко Костов во МКЦ

Осумте песни – „Прашина“, „Еј, еј“, „Ништо посилно“, „Living“, „Неонски хаос“, „Еве ти сон“, „Здив“ и „Последна“ ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања.Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират скоро сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска, албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија. Славчо Пеев, Антонија Арангеловиќ свиреа на цел албум, а Михаил Парушев, Бојан Петков – Шамба, Анета Качуркова, Александар Ристовски – Принц, Огнен Анастасовски – Окац, се појавуваат како гости на по една песна.На промоцијата Костов ќе свири со нов бенд составен од: Сашко Костов – вокали, гитара, семпелер и удиралки, Дамјан Данев – тапани, Марио Симоновски – гитара, Кире Ацевски – бас, Симон Облешевски и Мартин Џорлев - клавијатури.

Магазин | пред 7 години

Eko-centar-1

Денот на планетата земја ќе се одбележи во Битола

Еко центарот кој што работи под закрила на ЈП „Комуналец“ и со поддршка на Општина Битола, е носител на големиот настан кој што ќе се случи по повод Денот на планетата земја на 22 април. По серијата на презентации одржани во основните и средните училишта и во сите детски градинки во општината како дел од активностите на Еко центарот, ќе се случи првата заедничка оперативна координација на одбележувањето на овој ден. Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски, во присуство на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорите на образовните институции во градот, на координативната средба ги договорија конкретните чекори за локациите и начинот на делување на терен.„Сите заедно во понеделник, во 12 часот заеднички ќе го одбележиме Денот на планетата земја и со тоа ќе направиме заеднички чекор кон подигнување на свеста и менталитетот кај нашите сограѓани, во однос на селектирањето на отпадот и истиот да не се фрла насекаде. На пет различни пунктови во градот, односно во Старата битолска чаршија, на Плоштадот Магнолија, кај хотелот Епинал, кај Офицерскиот дом и во Новиот пазар, ќе бидат лоцирани ученици од најблиските училишта кои што гравитираат околу локациите и заедно со нивните наставници, ќе делат флаери на кои е прикажан начинот на селектирање на отпадот и ќе им објаснуваат на минувачите како тоа да го прават. Исто така, свои претставници ќе имаат и невладините организации кои ќе им се приклучат на учениците на соодветните локации. Преку првичната селекција на отпадот, ние практично учествуваме во незагадување на нашата животна средина“, рече директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски.Координативната средба донесе голем број предлози од страна на учесниците за уште поквалитетна соработка, чиј резултат е постојаната надградба во јакнење на свеста за зачувување на чиста животна средина.

Македонија | пред 7 години

soob-1

(ФОТО) : Сообраќајна несреќа, повредени три жени и едно дете

Попладнево на улица Емин Дураки во скопската населба Чаир се случи сообраќајна несреќа во која како што јавува репортерот на ТВ21 повредени се три жени и едно дете.Според очевидцните на терен, до несреќата дошло кога автомобил марка „Југо“ со голема брзина удрило во возило марка „Пежо 307“. Извор: ТВ21

Скопје | пред 7 години

devojka-zapalile

(ВИДЕО) Тинејџерка запалена во Бангладеш бидејќи пријавила професор за сексуално вознемирување!

Нусрат Јахан Рафи ја полеваат со керозин и ја палат во нејзиното школо во Бангладеш – затоа што пријавила сексуално малтретирање. Датумот е 6-ти април. Не пред 700 години. Пред помалку од две недели.Нејзината храброрст да зборува против сексуалната злоупотреба, нејзината смрт пет дена откако ја запалиле и сè што се случило во периодот измеѓу, го потресуваат Бангладеш и во фокусот на вниманието ја ставаат ранливоста на жртвите на сексуално малтретирање во земјата.Нусрат имала 19 години, живеела во Фени, мало гратче на околу 160 километри од Дака. Учела во исламско школо. На 27-ми март, според нејзиното сведочење, во канцеларија ја викнал директорот на школото и постојано ја допирал на неприкладен начин. Пред да ескалираат работите – избегала.Многу девојчиња и млади жени во Бангладеш бираат да ги чуваат ваквите искуства во тајност од страв дека ќе ги осуди општеството или нивните семејства. За жал, излегува дека и со право. За разлика од останатите, Нусрат не само што решава дека ќе каже, туку оди и во полиција.Во станица, наместо да добие чувство на безбедност и простор да каже што има, полицаецот ја снима со неговиот телефон, па ѝ кажува „големо чудо, де.” Подоцна видеото стигнува до социјалните мрежи.На 27-ми март, откако била во полиција, го уапсиле директорот. Група луѓе се собрале на улица да бараат да се ослободи. Протестот го организирале двајца ученици (машки), а учествувале и локални политичари. Луѓето почнале да ја обвинуваат Нусрат. Семејството почнува да се грижи за нејзината безбедностНа 6-ти април, 11 дена после наводниот сексуален напад, Нусрат оди во школо да полага завршни тестови.Брат ѝ раскажува дека сакал тој да ја однесе до школо и да ја внесе, но го спречиле.Според нејзината изјава, една соученичка (значи соученичКА!!!) ја одвела до покривот на школото, со изговор дека некој нејзин другар го тепаат. Кога Нусрат стигнала до покривот, ја опколиле четири-пет луѓе, во бурки и ѝ вршеле притисок да ја повлече пријавата против директорот. Кога одбила, ја запалиле.По нејзината смрт се одржаа протести во повеќе градови. Полицијата уапси 15 лица, а најмалку седум учествувале во убиството.ИЗВОР: ОФФНЕТ

Свет | пред 7 години

policija-3

Исчезна маж од Скопје

Во текот на вчерашниот дом скопјанка пријавила дека исчезнал нејзиниот татко.Имено од МВР велат дека вчера во 16.00 часот во Полициската станица Карпош,57- годишната В.Т од Скопје пријавила дека од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот татко 86- годишниот А.Т.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

heroin-pakuvanja

Лидер на нарко-банда уапсен во Сплит со повеќе од 4 и пол килограми хероин

Еден од шефовите на нарко-подземјето во пошироката област на Сплит уапсен е од страна на полицијата кога во станот во кој престојувал 29-годишникот биле откриени повеќе од четири и пол килограми хероин.Тој со месеци бил следен од полициски службеници, а при претресот покрај хероин, инспекторите пронашле и околу 2 и пол килограми други дроги кои, заедно со хероинот, при улична продажба би можеле да достигнат вредност од околу 400 илјади евра, пренесоа хрватските медиуми.Во врска со оваа голема заплена и апсење, сплитско-далматинската полиција одржа вонредна прес-конференција, на која беше соопштено дека 29-годишникот бил следен повеќе месеци, бидејќи и претходно бил познат по злоупотреба на дрога. 

Свет | пред 7 години

zaev-micko

Заев очекува милост од Мицкоски за консензус, опозицискиот лидер „не се дава“

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека работните групи работат на изготвувањето на законот за јавно обвинителство и дека денеска добил извештај од министерката за правда дека се прават напори веќе за следен состанок.-Работат на материјали околу правни формулации за одредени членови што верувам дека ќе не доближат заедно. Нашата намера како Влада е овој закон, што е многу важен за правосудниот систем во државата, а посебно за воспоставување на добра иднина на јавнообвинителскиот систем во нашата земја, е важно да го донесеме со консензус. Правиме напори до последниот рок, додека имаме време, односно додека ЕУ не го затвори извештајот, а тоа е рокот што си го дадовме, да се обидеме по пат на консензус навистина да најдеме решение на ова не така лесно чувствително прашање како е Законот за Јавно обвинителство, рече Заев на новинарско прашање до каде се преговорите за овој закон и дали е можен договор до среда кога е закажана собраниска седница по денешната посета на Општина Шуто Оризари.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека нивните принципи се преточени во предлог-амандмани.

Македонија | пред 7 години

1-2-2

(ВИДЕО) Пендаровски: Кога бев мал сакав да бидам ѓубреџија

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри детали од приватниот живот, а одговараше и на интересни прашања поврзани со неговите колеги политичари.[embed]Pо природа е љубоморен сопруг, не носи скапи и ексклузивни одела од познати дизајнери, Коце Трајанов му бил сосед, а на прашањето кога би имал само една гума за спасување во бура на море кој би спасил од Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовска ја избра четвртата солуција притоа објаснувајќи дека би го спасил министерот за внатрешни работи само затоа што е најмлад. 

Македонија | пред 7 години

zaev-ohrid

Заев потврди: Новите разговори се дел од материјалите кои ги има СЈО

Прислушкуваните разговори кои втор ден се објавуваат на социјалните мрежи се дел од материјалите кои СДСМ ги предаде во СЈО, потврди премиерот Зоран Заев. Тој вели дека објавувањето на овие материјали е потврда дека приватните разговори ги имаат и други лица.„Информиран сум дека МВР ги превзема сите дејствија согласно законите. Знам дека пред една-две недели, имаше емитување на бомби кои задираат во приватноста. За тие, поднесена е кривична пријава од страна на Јавното обвинителство. За мене е важно институциите да постапуваат. Дали се тоа дел од разговорите кои ги имав слушанто, а ги немав слушнато сите разговори оти ми стана мачно после долго време, е дел од пакетот што го предадов во СЈО. Тоа секако потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што на времето се правело како неовластеното прислушкување, а ги имало и на други страни. Се надевам дека институциите ќе постапуваат строго, според законите“, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

kursum

Зрно од огнено оружје им паднало на тендата од терасата

На 18.04.2019 година во 20.20 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријавила дека пронашла зрно од огнено оружје кое паднало на тендата од терасата. Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

tepacka-1

Нападнати малолетни лица во Скопје

На 18.04.2019 година во 21.40 часот во Полициската станица Центар, М.А.М.(38) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.20 часот на плоштад „Македонија“ нејзиниот 13 - годишен син, кој бил со своите брат и сестра, бил физички нападнат од две непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.На 18.04.2019 година во 20.30 часот во СВР Скопје, А.Д.(34) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13.30 часот на улица „Димитрија Чуповски“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

crkva

Паднал од покрив додека извршувал градежни работи на црква- се здобил со тешки телесни повреди

На 18.04.2019 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 10.30 часот Д.Т.(65) од с.Каласлари, велешко, паднал од покрив додека извршувал градежни работи на црквата ,,Покровение на Богородица“ во с.Каратманово, општина Лозово, при што се здобил со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Велес, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

mvr1

Со лажна диплома се вработил како референт на возен парк во болницата

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во септември 2017 година пријавениот, како возач во Клиничката болница – Битола, приложил лажна диплома за завршено средно образование од средно училиште од Скопје, по што бил поставен на работно место референт на возен парк во болницата.

Македонија | пред 7 години

lisici

Во Гостиварско „БМВ“ пронајдена марихуана - две лица приведени

На 18.04.2019 година околу 20.15 часот на автопатот Тетово-Гостивар, на наплaтната станица Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски таблици, управувано од Б.Б.(22) од гостиварското село Чегране, а во кое се наоѓал и И.С.(24) од истото село. При преглед на возилото била пронајдена и одземена марихуана. Б.Б. и И.С. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

marihuana2

Кај Кумановец пронајдена марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.12.2018 година во 12.00 часот во Куманово, при преземање на службени дејствија во врска со претходно пријавена поплака, полициски службеници во домот на пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 7 години

IMG_2100-19-04-19-14-12

Донев: Ветија многу проекти за Охрид! Не видовме ниту еден!

Ветија живот! Донесоа сиромаштија и беда!Ветија правда и ослободени институции! Донесоа неправда и заробени силно партизирани институции!Ветија многу проекти за Охрид! Не видовме ниту еден!Не ветија промена на Уставот! Но името ни го променаа!Вака во неколку реченици може да се опише хаотичното, анархистично и безидејно владеење на СДСМ во изминатиов период, истакна Сашо Донев, претседател на ОК Охрид..И кога мислевме дека со воспоставувањето на процедурите за работа и воведувањето на новиот концепт на работа сме ги поставиле темелите на функционирање на градот без оглед кој е градоначалник, на власт во Охрид дојде СДСМ.Ни малку не почекаа тука веднаш по преземањето на градската власт, ги укинаа процедурите и протоколите за работа кои во својата суштина носеа и гарантираа развој на Охрид. Почнаа да ги избегнуваат јавните претпријатија и работата да ја даваат на приватни фирми, воведоа чуден и скап начин на наплата на паркинг, не асфалтираа ниту една дупка по улиците, водеа нетранспарентни и сомнителни преговори со доверители за исплата на долгот на општината, ја распуштија општинската администрација, секојдневно ги полнат општината и јавните претпријатија со партиски послушни војници, ја избегнуваат електронската архива со цел да манипулираат со документите во општината, во однос на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација се вратија на старото и повторно избраа саеми во соседството каде партиските послушници кои таму одат нема потреба да знаат англиски јазик, како најголеми екологисти не засадија ниту едно дрво, ги излажаа младите, пензионерите со еден збор ги излажаа сите граѓани на Охрид. Не ветија но ја покачија цената на водата и воведоа фиксен трошок за секое домаќинство!Овозможија урбанистичко дивеење во секој дел од градот. Секојдневно никнуваат дивоградби. Немоќни се пред урбанистичките налети на еден нивен коалиционен партнер.Мислат дека граѓаните на Охрид доживеале амнезија. Сите проекти на ВМРО- ДПМНЕ се обидоа да ги претстават како свои иако ништо не сработија.А Константин Георгиески никако да научи дека кампања се води од првиот ден. Се води со работа, со проекти. Не може да се асфалтираат улици ноќе на само неколку дена пред избори. Повеќе од еден месец се реконстриура еден кружен тек. На никому не му е јасна потребата од неговата реконструкција. На само една недела пред изборите општинската администарција и јавните претпријатија се преполни со партиски луѓе на СДСМ кои без никаков статус се шетаат од канцеларија во канцеларија! Охридската противпожарна единица и понатаму останува главен адут за вработување, како мамка за луѓето! А сите знаат дека половина Велгошти на минатите избори го излажаа за вработување во пожарна!Но доаѓа денот за одлука! 21 ви Април е денот кога користејќи ја моќта на гласачкото ливче – најсилниот демократски инструмент ќе им го покажеме местото на овие луѓе!ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори излегува со програма за убав Охрид! Во неа детално се предвидени реални и потребни проекти за градот кои со домаќинска работа ќе се реализираат!На охриѓани им го нудиме како опција Д-р Митре Милошевски. Човек кој сите добро го познаваат, почитуваат човек кој има концепт и визија за Охрид.Ние од ВМРО-ДПМНЕ гарантираме дека од Д-р Митре Милошевски нема да бараме да биде слеп партиски послушник. Ќе бараме од него да биде Градоначалник на сите граѓани! Онака како што работел до сега да продолжи и понатаму! Неговиот кабинет да биде отворен за сите граѓани и нивните проблеми! Силно ќе го поддржуваме во неговите напори да соработува со сите политички партии застапени во Советот на општина Охрид! Само така ќе биде Градоначалник со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе се гордее! Д-р Митре Милошевски е гаранција за развојот на нашиот Охрид! Д-р Митре Милошевски ќе биде градоначалник на сите без оглед на партиска, верска и националната припадност. Кај него шанса да се докажат ќе добијат сите! Главен услов за тоа ќе биде личниот и професионален капацитет на личноста и неговата едукација! Друг услов ќе нема!Во недела гласаме и за професорката Гордана Силјановска-Давкова. Со неа добиваме мајка на нацијата, претседател на сите кој ќе се бори за Правда за Македонија! Охрид со силната поддршка на професорката Давкова ќе му даде црвен картон на Зоран Заев!За деновите во кампања што да се каже? Кампања која ја водат: министерот за внатрешни работи, директорите на УЈП и Царина е далеку од фер и демократска. Но нашиот таргет беа и секогаш се граѓаните. Ги посетивме дома и одблиску ги видовме нивните проблеми и маки. Ние имаме решение и знаеме како!Искористувајќи го нашето демократско право на глас, заокружувајќи ги броевите 2 и 5 практично гласаме за Убав Охрид и Правда за Македонија! Овие два слогана значат крај на владеењето на СДСМ и Зоран Заев и опустошувањето и обезличувањето на нашиот Охрид и Република Македонија!Охрид повикува, Татковината повикува, истакна Сашо Донев, претседател на ОК Охрид.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Исчистете го оџакот на својот дом, искористете ги субвенциите на Град Скопје

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек субвенционирањето за чистење на оџаците на нивните објекти и дека може да надоместат дел од трошоците направени за негово чистење. На јавниот повик на Градот Скопје што важи од 01.01.2019 година и е во тек, досега се пријавиле 119 граѓани.Со јавниот повик за субвенционирање на граѓаните и на други субјекти на подрачјето на Скопје за чистење оџаци за 2019 година Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари. На повикот можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште, е на подрачјето на Град Скопје. Поточно, право на учество на овој повик имаат жителите на Скопје и правните лица кои имаат деловни објекти во општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај, кои ќе го исчистат оџакот на своето живеалиште или деловен објект и ќе поднесат барање за искористување на правото за надоместок.Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2019 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“, односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена во Буџетот на Град Скопје за 2019 година.Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за чистење оџаци, заедно со потребната документација, треба да се достави во затворен коверт до Град Скопје, булевар Илинден број 82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.Целта на овој проект на Град Скопје е да се придонесе за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух, особено со ПМ10 и ПМ2,5 честичките. Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централното греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво; несоодветниот квалитет и начин на чување на дрвото; употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки; како и нередовното чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, саѓите и трошоците за затоплување, заштита од пожари, како и подигнување на јавната свест за потребата од редовно чистење на оџаците.Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 година, кога беа доделени 269 субвенции.

Скопје | пред 7 години

ali-ahmeti

Ахмети: Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за ТВ21, ја коментираше изјавата на пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, кој рече „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“.–Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција, рече Ахмети.Ахмети меѓу другото се пофали дека како што кажа За 15 месеци ја ставиле на колена ВМРО.Тој додаде и дека доколку нема цензус од 40 отсто во вториот круг на претстојните претседателски избори, можно е претседателот на државата да се избира во Собрание.

Македонија | пред 7 години

nance

Трендафилов: Охрид ја доживува судбината на Кичево и Струга од 2004 година

Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Охрид, од листата на Граѓанско Демократска Унија , Михаил Трендафилов- Нанче.За крај темата која беше и еден од мотивите да се кандидирам за градоначалник а која низ сите дебати на некој начин се одбегнуваше. Но пред да разговараме на било која тема за Охрид, мора со прст да покажеме на злото кое е посеано во Охрид. Тоа зло се вика раздор, раздорот што го посеаа СДСМ и ДПМНЕ, со што главниот збор го имаат двата гласа од ДУИ во советот, па така сме сведоци на катастрофата на Охрид во сите сфери, истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, од листата на Граѓанско Демократска Унија , Михаил Трендафилов- Нанче.Охрид ја доживува судбината на Кичево и Струга од 2004 година. Охрид не смее да падне. Охрид е симболот на Македонија, во Охрид не смее да се обележуваат територии со градење на 32 метарско минаре, со една единствена цел демонстрација на моќ.Јас имам решение за проблемот, изградба на меморијален центар на културите. Јас и партијата што ме поддржува немаме ништо против џамијата и минарето. Сакам да се изгради камбанарија до минарето. Пред XVI век на местото на џамијата имало црква, пред неа имало и ранохристијанска базилика. Историјата на Охрид не започнува од XVI век. Ако станам градоначалник и овој мој проект стане реалност, Охрид ќе стане единственото место во светот каде еден до друг греат симболите на две големи цивилизации. Во еден двор, зарем има подобар начин да покажеме пред светот дека ние охриѓани имаме заеднички живот за пример. Јас сакам Охрид да грее, да биде град за пример. Јас тоа го мислам, верувам во него и затоа ве повикувам мои охриѓани, не дозволувајте да ве лажат повторно! Го имате најсилното оружје- вистината, а во ваши раце се и најдемократските „куршуми“- пенкалото и гласачкото ливче .Бидете свои. Заокружете го бројот 4, истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, од листата на Граѓанско Демократска Унија , Михаил Трендафилов- Нанче.https://www.facebook.com/MihailTrendafilovNanche/videos/353968908658947/?__xts__[0]=68.ARCYvT_oBWZ2mlxEQ-MQlJg0UEXmsauqSWdoHoxABtP-4mNJixvovrGia6lzcpiN3VPfzG_IEIhsLEW9FYNYR8ijV9xhSSj14jPM8R6IXo-jloMJ2YZsI0GRq5qYUgO5bLSvChZPcPzHHJMJhqrmGC3bIjLjyM5_7Z-RkQOl9nUW4WyeWWIN3I2FnEisHrlAui7AOlusDVILb3M2qqDWFw-CHm2bZ_4mkTpJAXCQR2cUyK9heNOQAXV0hRUit8H7WppJB6uy5NZrLt51qrqdgTph9vkphtIn7gMD9LwAZneRJ1S2LkdAV26ROqp0KBby29jUBXi0UoXgRPoUjuseuJVtOKKleeb_0fk&__tn__=-R 

Македонија | пред 7 години

57348112_10218949673514940_6652449916784214016_n

(ФОТО) НОВО УНИШТУВАЊЕ: На Козјак наместо видиковец ќе никнат градби - посетителите револтирани

Туристичко-рекреативниот центар „Козјак“ ќе се гради во непосредна близина на главниот град на државата и ќе опфаќа површина од 45,3 хектари. Се наоѓа западно од селото Нова Брезница, на околу 5 километри. И за него дознавме откако се појави информација дека приватен инвеститор гради ресторан со придружни содржини, во заштитеното подрачје „Јасен“.На социјалните мрежи врие. Оние кои често го посетуваат ова место, за да најдат излез од градската гужва, велат дека ова е уништување за Козјак.„Па маме еб*вте бе! Ова место требаше само да се одржава, зошто е најубавиот escape од Скопје. Мораше ли ресторан?! Ајде тури му крст и на Јасен-Козјак!“, пишува Дадо Тапасанов.Жител на Нова Брезница пишува дека нивното село во 21 век нема вода. За градбата на комплексот тврдат дека тоа не е во нивна корист, туку напротив, во нивна штета.„Другар ова место пред 20 години не беше достапно толку кога се правеше браната ...сега идат луѓе нелуѓе депонија ни го направија местото...ова место се вика Рудина ..така ние си го викаме цел живот тука како деца мали сме иделе ..затоа што подоле ни е селото Нова Брезница ..само апаши другар и нелуѓе има во државава ...нашето село нема вода а 21 век брои преку 200 нови викендици старите не ги бројам ...парите за водата све ги испокрадоа на кого да се пожалиш кога сите се оваа игра криминална алчна за пари...Изгледа ќе треба да почнеме ние самите да им пресудуваме на тие апаши профитери ...ВИКААТ ЌЕ БИЛО ВО НАША КОРИСТ МА НЕМОЈ БЕ ...ЌЕ БИЛО КАКО НЕ ...ТОА МЕСТО АКО НЕ Е ПРОДАДЕНО ПО 1 ЕВРО ЗА КВАДРАТ ЈА ЕВЕ....И ДОДЕКА НАРОДОТ НЕ ГИ ФРЛИ ОД НЕКОЈ МОСТ СИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ВАКА ЌЕ БИДЕ И ЏАБЕ СИ ПИШУВАМЕ И РЕД ДРУГИ РАБОТИ“, пишува жителот на Нова Брезница.

Македонија | пред 7 години

Grabez-pistol

Велешкото обвинителство поднесе обвинение за недозволено држење оружје и разбојништво

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице, жител на Гевгелија на возраст од 40 години, за кривичните дела Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи од член 396 став1 и Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.По сеопфатна истражна постапка надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетиот во временскиот период од 09.01.2019 година до 22.02.2019 година кај себе неовластено држел огнено оружје – ловечка пушка марка Чешка збројевка со калибар 16 мм. и 8 ловечки куршуми со истиот калибар. Потоа на ден 09.01.2019 година околу 02.40 часот од електронското казино во Гевгелија, заканувајќи се со пушката одзел пари во вкупен износ од 150.000,00 денари со намера противправно да ги присвои. Имено, обвинетиот маскиран во пределот на лицето, преку задниот спореден влез влегол во казиното и се упатил кон просторот каде се наоѓа касата. Потоа ја вперил пушката кон касиерот кој бил на работно место давајќи му знак со пушката да се оддалечи од касата. Касиерот исплашен по својот живот од ваквата закана, ја послушал наредбата дадена од обвинетиот и го напуштил просторот кај касата. Тогаш обвинетиот ги одзел парите кои се наоѓале внатре во вкупен износ од 150,000,00 денари во различни апиени и го напуштил казиното.Имајќи предвид дека се работи за обвинет кој пред извесно време во Република Грција имал извршено кривично дело Разбојнипштво за кое бил правосилно осуден на ефективна казна затвор и избегал од државата за да го избегне издржувањето на изречената казна, како и дека повеќе пати е осудуван за кривични дела против имотот и против животот и телото на луѓето, Основното јавно обвинителство Гевгелија ценеше дека постои опасност, обвинетиот да се даде во бегство или да продолжи со вршење на вакви кривични дела, па поради тоа до Основен суд Велес со поднесениот Обвинителен акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања