Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Георгиески: Изминативе 18 дена ги слушнавте нашите идеи, планови и нивните лажни вести, клевети и навреди

Дојдовме до последниот ден од изборната кампања пред стапување на предизборниот молк. Во претходните 18 дена охридската и пошироката јавност ја запознававме со нашите идеи, планови и конкретни мерки за Охрид да биде место со кое сите ние ќе се гордееме. Во овој период водевме исклучително позитивна кампања. Го промовиравме сработеното, а посебен акцент ставивме на нашата програма за идниот период. Програма, составена од реално остварливи проекти базирани на проблемите и потребите на охриѓани.Од другата страна, за жал, имаме политички противник кој не успеа да се надмине себеси па својата безидејност и немоќ се обидува да ја компензира со ниска, примитивна кампања, истака кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.Нивната реторика, составена од лажни вести, клевети и навреди, започна уште пред почетокот на кампањата а континуирано го засилуваше интензитетот во текот на овие 18 дена. Јас лично, како кандидат за градоначалник и како вршител на должноста градоначалник на Охрид сум изложен на серија дрски, безобзирни напади базирани на лаги и инсинуации. Атакува политичкиот противник на мојот личен интегритет и кредибилитет, потценувајќиго Охрид и охриѓани.Но дури и тоа е разбирливо. Авторите на црната кампања се во белата палата во Скопје а нивните читачи на соопштенија и говори од охридскиот комитет, очигледно, и не знаат подобро. Затоа, горд сум на наративот и високото ниво на политичка култура кое го покажавме за време на кампањата. Воведуваме нови стандарди. Времето на манипулаторите и сеачите на магла е завршено.Има разлика!Има голема разлика, а охриѓани најдобро го знаат тоа.Почитувани,Охрид има огромен потенцијал, но на Охрид му се потребни вистински луѓе. Потребни се посветени професионалци кои тимски, заедно, ќе го направат Охрид посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација! Ние ги знаеме приоритетите за развој на Охрид и одиме заедно напред! Охрид заслужува да оди напред, а охриѓани заслужуваат повеќе! Бидејќи крајот го краси делото, ве поканувам на Голем Граѓански митинг, вечерва на Градскиот плоштад, со почеток од 20 часот и 30 минути.Ајде заедно, уште еднаш да покажеме дека сме многубројни, сплотени и цврсто определени да одиме напред! Изборот е едноставен. Избираме подобра иднина за нас, за нашите деца и за нашиот град! Заедно Напред, За Охрид, истакна кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески. 

Македонија | пред 7 години

24294364_2044625322424270_5676878171613768651_n-800x445

ЕМОТИВНA ПОРAКA: Престана да чука едно бесценето храбро срце – Тоше Илиевски

“Престана да чука едно бесценето храбро срце”Пораз за него, пораз за неговите, пораз за нас, немам сила да плачам на глас, те чуваме вечно во нас ти ангелу наш. Прости ми што не успеав во целта да ти одложам уште некое убаво време за дружба, но сигурен сум дека горе бесмртно ќе се дружиме брате.Ти Благодарам што беше со мене уште пред 7 години кога беше најпотребно, ти благодарам за оние убави години како позрели тинејџери дење ноќе ти кај мене јас кај тебе во дружба родендени шмекање низ градов и кога се викавме БРАЌА сродни души со исти мисли. Тоше брате, не требаше да биде вака, но пак ќе речам, БОГ ГИ ЗЕМА НАЈДОБРИТЕ ПОРЕД НЕГО.Рече дека пак ќе ни дојдеш да отсвириме заедно свадба, можеби тоа беше и последната свирка од тебе и тоа баш со нас Респекти во Њу Стар кои многу Те Сакавме и почитувавме за стореното за нас оддамна…Но не го исполни ветувањето и лут сум ти малку… Но горе, таму ќе се видиме брат мој!!!Сочувство до неговото семејство, нека почива во мир нашиот најубав и прекрасен другар колега и роднинаТ О Ш Е И Л И Е В С К И.Каков Лепотан од дечко не ми се верува, Божееее.П.С Честитки до државата и здравството, сега сте посреќни без еден борец пациент кој си го сакаше животот бидејќи му беше мед и млеко, а сега радувајте се дека го нема” Фејсбук статус на Даниел Сидовски.

Коментари | пред 7 години

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Нема поука од Ласкарци: Шофери без дозвола превезуваат деца

Ученици од средни и основни училишта низ Гостиварско се возеле во комбиња кои ги управувале шофери без возачка дозвола, имало возачи без лекарско уверение, а дел од возилата биле нерегистрирани.По трагедијата што се случи кај селото Ласкарци на 13 февруари, единствено што се промени се извештаите што ги објавува полицијата за акциските контроли што ги направила. Овие извештаи, кои речиси секојдневно стигнуваат во медиумите, воопшто не ја менуваат сликата за функционирањето на јавниот превоз, туку на површина го извадија несериозниот пристап на превозниците кон своите патници.Со последната акциска контрола во Гостивар биле опфатени 35 возила, комбиња кои превезувале ученици. Откриени се девет возила со претовар на патници, осум возачи возеле без лекарско уверение, тројца возачи немале положено возачки испит, две возила биле нерегистрирани и еден возач возел со неприспособена брзина. Во Кичево при контрола на 60 возила, 24 возила кои вршеле јавен превоз на патници биле испратени на дополнителен технички преглед во станиците, а таму било констатирано дека на едно возило имало неисправен уред за сопирање, една од главните причини која однесе во смрт 16 луѓе од автобусот на „Дурмо турс“ кој излета кај Ласкарци.Во Штип минатиот месец биле контролирани 23 автобуси од кои кај осум била утврдена техничка неисправност, односно шест биле со неисправен уред за сопирање, а два автобуса имале неисправни други уреди. Во акциска контрола спроведена во Скопје, на технички преглед се испратени 49 автобуси и возила што вршат јавен превоз. Кај нив се констатирани 16 неправилности од кои кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај два уредот за управување, а три имале неисправни светлосно-сигнални уреди.Повеќе прочитајте на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Capture-5

Од полноќ молк и размислување за кого да се гласа

На полноќ завршува дваесетдневната кампања и почнува молкот пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк.Двајца од тројцата кандидати за претседател ја завршуваат изборната кампања со средби со граѓани и митинзи, додека кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, Блерим Река вчера со митинг во Тетово ја заокружи изборната кампања.Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски кампањата ја завршува денеска во западниот дел од државата, односно ќе одржи митинзи во Струга и Охрид, а во текот на денот ќе има средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и Лабуништа, додека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе биде во источниот дел од државата, поточно ќе има вечерен митинг во Штип, а претходно ќе одржи митинг и во Пробиштип.Утре, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката.Гласањето и утре и задутре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани.

Македонија | пред 7 години

skopje-8

Петок е неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

Скопје | пред 7 години

SSM-696x419

ССМ со синдикален марш

Под мотото „Не може да се одлучува за нас, без нас“, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе одржи синдикален марш  на 1 Мај –  Денот на трудот, на кој ги повикува сите членови на синдикатот, работници и граѓани.Синдикалниот марш ќе почне во 11 часот пред зградата на ССМ на 1 мај.Мотото на маршот, како што соопшти денеска ССМ, ги обединува и претставува сите работници и граѓани.– Нашиот глас – гласот на работниците, поттикнува, бара и мотивира, но истовремено, обврзува, задолжува и предупредува, порачуваат од ССМ.Се залагаат, како што наведуваат, за брза и ефикасна реализација на работничките приоритети, меѓу кои договори за вработување на неопределено време, стоп за договорите на определено време подолго од  година, сабота и недела, денови на неделен одмор, 12 месеци породилно отсуство, Минимална плата од најмалку 13.800 денари, пораст на платите…

Скопје | пред 7 години

vakcini-novi

Од денес вакцинација против морбили во сите училишта

Поради прогласувањето епидемија на морбили на територија на цела држава, од денеска ќе почне теренска вакцинација на учениците во сите средни и основни училишта, најави министерот за образование и наука Арбер Адеми. Очекува дека оваа теренска вакцинација ќе биде успешна, ќе даде резултат и ситуација со морбилите ќе се надмине. Подвлече дека министерствата за здравство и за образование се во постојана комуникација и заеднички бараат решение како да се испочитуваат Уставот, во кој стои дека основното образование е задолжително, и Законот за основно образование, во кој е нагласено дека родителот при упис на детето во прво одделение треба да приложи потврда за примените вакцини. Во ек на епидемија, нагласи Адеми, важно е да се заштити здравјето на населението, пред сè на децата и затоа ќе следува имунизација.„Ние сме во постојана комуникација со Министерство за здравство. Навистина состојбата со морбилите е алармантна. Во фаза е имунизирање и изнаоѓање што подобро законско решение. Во Законот за основно образование посочено е дека при упис во основните училишта треба да се приложи потврда дека детето ги има примено вакцините според календарот за имунизација. Секоја наша одука треба да биде во насока и во согласност со уставните одредби, каде што основното образование е задолжително, но секако треба да се зачува и да не се загрозува јавното здравје на кој било. Во оваа насока ќе бидат нашите законски и подзаконски решенија. Кампањата за вакцинација не е агресивна, а треба да биде имајќи ја во предвид ситуацијата со која се соочуваме. Во државава имаме епидемија и недозволиво е институциите да стојат со скрстени раце, туку да бидат активни, да излезат на терен и да ја подобрат ситуацијата“, рече Адеми.Прочитај повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

cfcbac6e2adcb95a7c01614759c7c005

Трагедија: Се урна кров на црква, загинаа 13 лица

Тринаесет лица загинаа, а најмалку 16 се повредени при уривање на кров на црква за време на миса во близина на југоисточниот африкански град Дурбан.Инцидентот се случил во градот Длангубо, северно од Дурбан, по обилни врнежи од дожд.Портпаролот на провинциската служба за локални прашања Ленокс Мабасо потврди дека има 13 загинати и дека кровот се урнал поради силните дождови.-Голема трагедија, 13 смртни случаи, 16 повредени!, напиша Роберт Мекензи, портпарол на службата за итна помош на провинцијата Куа-Зулу.

Свет | пред 7 години

spasovski

Спасовски со порака за изборите во недела

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, преку видео порака, рече дека МВР е подготвено за денот на изборите.Според него, безбедноста ќе биде на вистинско ниво и ќе обезбеди мирен и демократски изборен ден.

пред 7 години

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

КОЈ ПРИСЛУШКУВАЛ: Вработен во УБК му се јавил на „таргетот“

Со вкрстено испрашување од одбраната на сведокот Звонко Костовски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”.На прашања од обвинетиот Владимир Валеров, сведокот Костовски кажа дека имал пристап до домејнот со сите компјутери на кои бил инсталиран најс-трак системот од каде можел да прави копија од привремено зачуваните документи што корисниците на компјутерите ги креирале.На прашање од обвинетиот Валеров, зошто кога веќе дознал не му предочил на Горан Грујевски дека нелегално се прислушува, сведокот Костовски рече дека тоа се прислушкувања по наредба на Грујевски.– Па што да му кажам повеќе што не знае, рече Костовски.Во однос на тоа како бил контролиран од Горан Грујевски дека не ги пречекорил неговите насоки, сведокот Костовски рече дека не знае како Грујевски им вршел контрола, посочувајќи дека можеби тоа го правел преку неговиот претпоставен Небојша Стајковиќ, кој ги имал истите привилегии.Прашан од обвинетиот Васил Исаковски, како го поврзал него со креираните ворд документи, Костовски рече дека ги имал имињата на сите репродуценти, па и од него.Извор: Сител

Македонија | пред 7 години

Watch-Discover-Google-Chrome

ХИТ ВИДЕО: Највеселиот дедо на митинг од ВМРО-ДПМНЕ

На Фејсбук беше објавено видео од повозрасен маж кој е вистинска атракција на еден од митинзите на ВМРО-ДПМНЕ, додека игра, пее и се весели со македонското знаме.[embed]https://www.facebook.com/seir2017/videos/554030781790984/[/embed]

Македонија | пред 7 години

uploads_thumbs_resize_800x420_373450

СДСМ преку апликација ги прибира матични броеви на граѓаните, тврди портпаролот на Сиљановска

Горан Момировски, портпарол на изборниот штаб на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова, изјави дека замената на единствениот матичен број на граѓаните на изборната апликација на СДСМ со бројка и буква укажува дека се точни индикациите дека оваа партија ги прибирала матичните броеви на граѓаните.Момировски за, како што вели, аферата Големото око, денеска ги информирал претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ.– Премиерот Заев вчера потврди дека постои апликација и утврди дека се работи само за избирачкиот список кои што го имаат политичките партии меѓутоа ние до сега не видовме никаква проверка од страна на надлежните институции што точно има на серверот на СДСМ, какви податоци се складирани, и главното прашање е дали во копијата од избирачкиот список што го има социјалдемократскиот сојуз се наоѓаат и матичните броеви на сите македонски гласачи, рече Момировски.Појасни дека МВР не направи напор ниту еднаш по навните укажувања да го одземат серверот од СДСМ за да се провери што се случува и што на него има.– Ние за жал, преку социјалните мрежи вчера и завчера во живо практично следиме како се блокира серверот на СДСМ, како се апдејтира апликацијата и дека серверот во одредени моменти не работеше, за сега повторно да проработи. Се сомневаме дека дел од хард дисковите се веќе избришани или променети, и главната информација што ја дознавме вчера од социјалните мрежи е дека преку кодот на апликацијата, единствениот матичен број на граѓаните сега е заменет со други бројка и буква што укажува на тоа дека индициите дека сепак СДСМ ги прибирала матичните броеви на граѓаните преку изборната апликација се точни, додате Момировски.

Македонија | пред 7 години

58420167_2329057120684987_2747785514655416320_n

(АУДИО) ДВЕ НОВИ БОМБИ: Да не излага ВМРО-ДПМНЕ пред Собрание оти има лица со фантомки

Две нови бомби се објавени на мрежата „Јутуб“ од корисникот „Илија Громовник“.Во првиот разговор се слуша како се дава наредба ВМРО-ДПМНЕ да не излага на протести пред Собрание, оти имало лица со фантомки.[embed]Вториот разговор се однесува на судијата Јово Вангеловски.Сеуште не е познато кој стои зад профилите на социјалните мрежи на кои втор ден се објавуваат прислушкувани разговори. 

Македонија | пред 7 години

–-Kurir.mk-Google-Chrome

ТРАГЕДИЈА: Почина Тоше Илиевски, борецот за кој Македонија се сплоти за да го излечи

Не успеавме да ја добиеме битката во име на Тоше.Младото момче почина.За Тоше Илиевски имаше објавувано голем број на апели за помош, се бореше со тешка болест и Македонија се сплоти да го излечи.За жал, неговата битка сите ја загубивме.ПОЧИВАЈ ВО МИР ТОШЕ!Неговите пријатели се простуваат од него преку социјалните мрежи.

Скопје | пред 7 години

izbori

Утре ќе гласаат болните и немоќни лица и затворениците

Утре, ден пред одржување на претседателските и вонредните локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село своето право на глас ќе може да го остварат болните, раселените лица и затворениците.Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), утре, своето право на глас ќе можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во домашен притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќни и болни кои се пријавиле за гласање во општинските изборни комисии.Во Охрид пријавени за гласање се 125 болни и изнемоштени лица, а право на глас имаат 121. Причината е најверојатно истечен рок на личните карти на лицата. Во охридскиот затвор право на глас на претседателските избори имаат 19 лица, а за градоначалник 7 лица.Гласањето и утре и задутре на денот на изборите почнува во седум часот наутро и ќе трае до 19:00 часот.Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје и на 32 избирачки места во странство а право на глас имаат 1.808.131 граѓани. Во Охрид вкупниот број на запишани гласачи е 52.303, а ќе се гласа на 88 избирачки места.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5-ти мај.

Македонија | пред 7 години

siljanovska-mickoski

СДСМ: Тимот на Сиљановска треба да знае дека лажно пријавување е кривично дело

Тимот на Гордана Сиљановска кој секојдневно шири лаги треба да знае дека лажно пријавување е кривично дело. Толку е голем стравот од пораз на Сиљановска на овие избори па нејзиниот тим смислува лажни вести и измислени филмови за апликации кои не постојат, велат од СДСМ.„СДСМ веќе ги демантираше сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, не постои апликација којашто прибира податоци, лични информации, видеа, фотографии, ниту активности на интернет.Основното непознавање на технологијата и современите системи за водење на кампања на застарената ВМРО-ДПМНЕ, заглавена во минатото, е нивни проблем.ВМРО ДПМНЕ е партијата симбол на криминал од невидени размери, измами, најголема можна злоупотреба на институциите и загрозена приватност на граѓаните со масовно прислушкување.Сите нивни невистини, лажни тврдења, лажни вести и измислени филмови во кои никој не верува се остатоци од истата криминална матрица на Никола Груевски која се пресликува во ВМРО-ДПМНЕ и во штабот на Гордана Сиљановска.Години на притисоци, закани, грабеж за лични цели, на грбот на граѓаните  и пустошот кој го оставија зад себе не се заборава и не може да се избрише од сеќавањата на граѓаните со лаги и невистини.Впрочем, бројни судски постапки и истраги се веќе во тек за криминалот на режимот на Никола Груевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Гевгеличанец одзел 150.000 од казино заканувајќи се со ловечка пушка

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице, жител на Гевгелија на возраст од 40  години, за кривичните дела Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи од член 396 став1 и Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.По сеопфатна истражна постапка надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетиот во временскиот период од 09.01.2019 година до 22.02.2019 година кај себе неовластено држел огнено оружје – ловечка пушка марка Чешка збројевка со калибар 16 мм. и 8 ловечки куршуми со истиот калибар. Потоа на ден 09.01.2019 година околу 02.40 часот од електронското казино во Гевгелија, заканувајќи се со пушката одзел пари во вкупен износ од 150.000,00 денари со намера противправно да ги присвои. Имено, обвинетиот маскиран во пределот на лицето, преку задниот спореден влез влегол во казиното и се упатил кон просторот каде се наоѓа касата. Потоа ја вперил пушката кон касиерот кој бил на работно место давајќи му знак со пушката да се оддалечи од касата. Касиерот исплашен по својот живот од ваквата закана, ја послушал наредбата дадена од обвинетиот и го напуштил просторот кај касата. Тогаш обвинетиот ги одзел парите кои се наоѓале внатре во вкупен износ од 150,000,00 денари во различни апиени и го напуштил казиното.Имајќи предвид дека се работи за обвинет кој пред извесно време во Република Грција имал извршено кривично дело Разбојништво за кое бил правосилно осуден на ефективна казна затвор и избегал од државата за да го избегне издржувањето на изречената казна, како и дека повеќе пати е осудуван за кривични дела против имотот и против животот и телото на луѓето, Основното јавно обвинителство Гевгелија ценеше дека постои опасност, обвинетиот да се даде во бегство или да продолжи со вршење на вакви кривични дела, па поради тоа до Основен суд Велес со поднесениот Обвинителен акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 7 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Им ветувал документи за работа во Германија и собрал 7700 евра

 Основното јавно обвинителство Гостивар започна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело Измама од член 247 од Кривичниот законик.Осомничениот, во текот на овој месец, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно оштетено лице, ветувајќи му дека за повеќе лица од Гостивар ќе му обезбеди документи од Министерството за труд и социјална политика со кои тие би можеле да добијат работни дозволи и легално да работат во градежна фирма во Германија. За услугата осомничениот од оштетениот наплатил сума од 7.700 евра, за што потпишал и изјава со обврските кои ќе ги исполни и со определен рок за реализација на договореното.По предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд во Гостивар на лицето му определи притвор во траење од осум дена.

Македонија | пред 7 години

b9834986-resize-820x0x100

26 април, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

Македонија | пред 7 години

Capture-2

Силјановска: Не се оди во ЕУ со два договори во куферот

Без оглед на умот, знаењето и капацитетот јас знам дека сама можам да прошетам по изборната писта, но јас не сум политичка маникенка. Ако немате партија зад вас ништо не можете да сторите, вели во интервју за БТВ од Бугарија, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска.Запрашана за претходниот режим, зад кој стоеше партијата која ја поддржува, Силјановска вели дека на времето го осудувала.-Сум ја осудувала таа власт отворено. Немам намера воопшто нивните гревови да ги земам на свој грб. Правото и правдата треба да важат за сите, и за периодот кој го нарекувам авторитаризам, титоизам, милошевиќизам. Ние имаме сега и заевизам, сите тие се авторитарни матрици. Не се оди во ЕУ со два договори во куферот – порачува Силјановска.

Македонија | пред 7 години

rasizam

Насилници нападнале мали деца среде Скопје поради бојата на кожата

Милена А. Милошевска на својот Фејсбук профил информира дека вчера на скопскиот плоштад „Македонија“ имало расистички напад врз нејзините три малолетни деца. Како што пишува мајката, покрај вербалните навреди упатени кон нејзините деца, синот бил и физички нападнат.„Син ми Нишон (13г.) и неговите брат и сестра (9г.) одејќи кон музичкото училиште, на плоштадот Македонија во родниот ни наш град Скопје. Биле нападнати вербално на расна основа од страна на двајца млади мажи околу 20г.Им го попречувале патот и ги нарекувале “Niggers”. Син ми, НИШОН е удрен со многу силна тупаница по главата (повреден) поради тоа што ги прашал дечките зошто ги навредуваат и дали тоа го прават на секој поразличен физички од нив…Имало луѓе наоколу, но никој ништо не сторил во моментот…Дечките избегале, јас како мајка случајот, потоа, го пријавив во полиција и им ветувам на моите деца, дека јас како нивен протектор, ОВДЕ,ДОМА во Р.С.М. Нема да дозволам повеќе да бидат/бидеме вербално и физички напаѓани без никаква основа, а никако па на расна основа…Значи навреди како: “Nigger”,”Црнчуго”, Циган”, Црн ко гомно” не се ЗАБАВНИ и нема да пројдат онака“ напиша мајкат

Скопје | пред 7 години

stevo-pendarovski-1

(ВИДЕО) Пендаровски не би гласал за Амди Бајрам, брат Љубе и Стојанче Ангелов

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски гостуваше во емисијата Бекстејџ каде одговараше на интересни прашања.Доколку би се одржале претседателски избори на кои кандидати се: Амди Бајрам, Стојанче Ангелов и брат Љубе, за кого би гласал, Пендаровски одговори дека ќе го направи гласачкото ливче неважечко.https://twitter.com/susantoroj/status/1118819449711353856?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1118819449711353856&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmakedonija%2Fpendarovski-ne-bi-glasal-za-amdi-bajram-brat-ljube-i-stojanche-angelov%2F

Македонија | пред 7 години

3CABDBDB-41B9-4E63-BC9D-57BD4605869B

Силјановска: Подготвена сум да ја носам етикетата ,,вмровка“, ќе се борам со Заевизмот

Професорката Гордана Силјановска Давкова која влезе во трка за претседател како независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, ги трча последните денови од претседателската трка пред одлучувачкиот ден во недела, а Фактор направи интервју со неа.Таа одговори на обвинувањата дека е вмровска блиска до ставовите на Груевски и Иванов.- Велат, во љубовта и војната, сите средства се дозволени. Се чини, така го сфаќаме и политичкиот натпревар, за жал. Да, јас стојам зад сите мои минати ангажмани и ставови кои се забележани и од медиумите. Далеку пред Професорскиот пленум, уште при реформата на високото образование која ја наметна Никола Тодоров, се вклучив активно бранејќи го најдобриот интерес на науката, студентите и професорите. Тогаш формиравме едно уникатно здружение „Сократовци“ коешто функционираше околу една година, во обид да отвори дијалог помеѓу студентите и професорите, и се разбира, властите – но, останавме неслушнати. Студентскиот пленум од 2014 година беше голем предизвик за нас, професорите, бидејќи помладите се покажаа побудни и поагилни во одбраната на универзитетската автономија. Во Професорскиот пленум се здруживме од сите универзитети од Македонија, со различни статусни позиции во нашата фела, ама и со различни идеолошки и политички уверувања: важен беше интересот на високото образование! Ние дури и издејствувавме мала, ама важна победа: го натеравме тогашниот премиер Груевски да ги ревидира законските решенија кои беа донесени само неколку недели претходно, во почетокот на 2015 година. Но, тоа беше бурно време, време на длабока политичка конфронтација, „бомбите на Заев“ и „вистината за Македонија“, па она што беше интересовно здружување се претопи во протестно движење. Лично, не учествував во Шарената револуција, но како и дотогаш, отворено ги искажував моите критики кон потезите на тогашната власт, но и непринципиелните решенија и кршењето на уставот коишто произлегоа од Пржинските пазарења и преговори. Последиците ги живееме и денес, затоа што политиката надвор од границите на правото никогаш не дава позитивни резултати, вели Силјановска за Фактор.Вели спремна е да ја носи етикетата „вмровка" ако таа е поврзана за симболот на ВМРО низ нашата историја.- Јас сум внука на илинденец и ќерка на партизан, па нормално е да бидам и вмровка“, вели Силјановска Давкова за порталот.Додава и дека еден режим се претворил во друг и дека мотив и дава борбата против Заевизмот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Јанакиески на распит за организацијата на крвавиот четврток

Екс министерот, Миле Јанакиески, кој се наоѓа во куќен притвор, е на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со истрагата за „27 април“, потврдуваат од Јавното обвинителство за „Фокус“.Тој е осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието.

Македонија | пред 7 години

brza-pomos

Автомобил удри пешак, итно пренесен во болница

На 18.04.2019 годинa во 07.45 часот на улица „Варшавска“ патничко моторно возило „Лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(48) од с.Волково, скопско, удрило во пешакот Б.И.(48) од Скопје.Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања