Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

133474234-105843-207971

Изменет сообраќаен режим на автопатот Демир Капија-Смоквица

На автопатот Демир Капија – Смоквица, кај клучката Демир Капија, денеска ќе се изведуваат градежни активности за поставување индуктивни јамки, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, информира Автомотосојузот на Македонија.Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 7 години

ahmeti

Ахмети: За нас е прифатливо претседателот на државата да се избира во Собранието

За Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во синоќешното интервју за ТВ 21 рече дека за нив поприфатливо е претседателот на државата да се избира во Собранието.Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири пред неколку недели изјави „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“. Лидерот на ДУИ Али Ахмети за ТВ21 даде свој коментар за таа изјава.„Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција“.-Тешко, велите?-За 15 месеци ја ставивме на колена од ВМРО, одговори Ахмети.– Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано, рече Ахмети во синоќешното интервју за ТВ 21.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Силјановска: Дол и Курц застанаа зад нас, тоа е силен европски силен ветар

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вчерашниот митинг во Кратово рече дека имаат силна европска поддршка.-Како што знаете, претседателот на Европската Народна Партија, господинот Жозеф Дол застанува зад нас, тоа го вети во Брисел. Пред него тоа го стори господинот Себастијан Курц, навистина е тоа европски силен ветар во нашите едра, реформски, во нашите опозицски едра, во нашите изборни едра, она што доаѓа на 21 април и на 5 мај-рече Силјановска.

Македонија | пред 7 години

79DF573A-1DD2-4A2A-8A22-4A0473DF7610

Мицкоски: Заев не знае што е утринска смотра, со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Кратово. Мицкоски пред присутните истакна дека дојде време овие, како што ги нарече, политички измамници од врхушката на СДСМ на чело со Заев да заминат во политичка историја, политичка пензија, која нема да им биде мирна затоа што од прв до последен ќе треба да одговараат за сите криминали, злодела, понижувања, омаловажувања кои во овие две години ги нанесоа на Република Македонија и граѓаните.Мицкоски во своето обраќање одговори на повиците за АРМ на портпаролот на СДСМ, истакнувајќи дека тоа младо момче не знае што е утринска смотра, што е пожарство, дали знае што е стража на минус 20 степени во пола метар снег, а не знае ниту неговиот лидер Зоран Заев бидејќи со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок, но како што рече затоа не им пречеше да ја обесчестат армија, да ја постројат македонската гарда и да ја интонираат македонската химна.

Македонија | пред 7 години

siljanovska-pendarovski-reka

На полноќ стапува предизборен молк

На полноќ завршува дваесетдневната кампања и почнува молкот пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село.Блерим Река вчера со митинг во Тетово ја заокружи изборната кампања.Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски кампањата ја завршува денеска во западниот дел од државата, односно ќе одржи митинзи во Струга и Охрид, а во текот на денот ќе има средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и Лабуништа, додека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе биде во источниот дел од државата, поточно ќе има вечерен митинг во Штип, а претходно ќе одржи митинг и во Пробиштип.

Македонија | пред 7 години

vreme

Умерено облачно со температура до 22 степени

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 13 до 22 степена.Во Скопје, слично време, умерено облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.Во Маврово максималната дневна температура ќе достигне до 13 степени, Кавадарци 29, Охрид 16, Битола 17, Крива Паланка 16, Берово 15, Дојран 22.Викендов ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Од понеделник кон крајот на денот ќе има нови локални врнежи од дожд.

Македонија | пред 7 години

ahmeti

Ахмети: Зекири ме молеше да го предложам како кандидат за пратеник на ДУИ

Во интервју за TV21 на емисијата „Клик Плус“, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, разговараше и за односите со коалициските партнери.Запрашан за коментарите на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, Ахмети рече дека воопшто не сака да го коментира Зекири, бидејќи зборува невистинити работи.– Овој Мухамед дојде во мојата канцеларија пред неколку години додека работеше во Алсат барајќи да стане пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција. Го охрабрив да го продолжи својот придонес како новинар во Алсат, рече Ахмети. Да знаев дека се налутил би го земал во предвид, додаде Ахмети.

Македонија | пред 7 години

turcija-696x464

11 лица осудени на доживотен затвор поради обидот за преврат во Турција

Кривичниот суд во Истанбул изрече пресуди за 39 обвинети поранешни припадници на турската жандармерија, кои се товарат за учество во обид за пуч и членство во организацијата на Ѓулен.За единаесет првообвинети Судот изрече доживотни затворски казни, обвинувајќи ги за членство во „терористичка организација“ и „обид за уривање на уставниот поредок во Турција“.Анкара тврди дека организацијата на приврзаниците на Ѓулен е одговорна за обидот за преврат во ноѓта на 15 јули 2016 година. Фетулах Ѓулен се наоѓа во самонаметнат егзил во САД, а Турција постојано бара негова екстрадиција.

Свет | пред 7 години

Pendarovski-Press

Пендаровски: Со гласот за Силјановска ќе се вратиме во времето на груевизмот

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска на средби со жителите на Дојран и Богданци, ги повика граѓаните во недела на 21 април со својот глас за бројот 3 да одлучат за сигурна иднина и да изберат напредок за европска држава.Со гласот за Гордана Силјановска може да се вратиме само назад, во времето груевизмот и да се продолжат штетните политики на Иванов, додаде тој.-Ајде да излеземе масовно на гласање во недела и да избереме напредок. Заедно да победиме, заедно да одиме напред. Да го исполниме заветот на борците, пред чиј споменик стоиме и кои ни дадоа аманет-Ние се втемеливме, вие градите. Во изминативе речиси две години сите сме сведоци на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките проблемите, и ги отвора портите на Северна Македонија кон напредок, сигурна иднина и светот, рече Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

Груевски: Се сеќавате ли на ветувањата, на слатките лаги на „спасителот“?

Осудениот екс премиер, Никола Груевски, го нарече Зоран Заев „спасителот“ и со цитат на германскиот филозоф Фридрих Ниче порача дека понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат вистината.„,,Во светот постојат два вида луѓе. Оние кои сакаат да знаат и оние кои сакаат да веруваат......понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат востината бидејќи не сакаат да им се уништат илузиите,,(Фридрих Ниче)Сите Вие кои се боревте за него и му верувате...и сеуште му верувате...на лагите, на секојдневно свесно и со умисла искажаните лаги...Се сеќавате ли на ветувањата, на слатките лаги на ,,спасителот,,?На оние 600 километри автопат во 4 години мандат, на градбата на новиот клинички центар, повисоки плати, пензии, социјална помош, гасификација, чист воздух во зима, плати од 100 илјади денари за лекарите, решение на името без смена на уставот и промена на идентитетот, на носењето на правдата, солидарноста, на враќање на младите од странство, враќање на 600 илјади иселени, на вработување на најспособните во администрацијата, на доаѓањето на животот....Помал проблем е што тоа го нема. .Бидете живи и здрави“, напиша Груевски.

Македонија | пред 7 години

petar-bogojeski

Богојески: Европската иднина на Македонија зависи од резултатот на европските, а не од претседателските избори

Петар Богојески од групата реформатори на ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ изјави дека тој се надева на успех на ВМРО-ДПМНЕ и смета дека бојкотот не е решение.-Европската иднина на Македонија зависи од резултатот на европските, а не од претседателските избори. Не е важно кој ќе биде избран за претседател, важно е тоа да биде направено на најлегитимни и пред се успешни избори. После изборот, секој од кандидатите ќе мора да дејствува во насока кон ЕУ и НАТО. Доколку на европско ниво победи опцијата на еврооптимизмот, на оние кои подржуваат проширување на ЕУ, ние можеме да бидеме комотни. И обратно, вели тој. 

Македонија | пред 7 години

pretepa

Тепачка во средно училиште во Скопје

На 17.04.2019 година во 09,45 часот во СВР-Скопје М.Н.(18) од с.Грчец-скопско пријавил дека истиот ден околу 08,15 часот на булеварот “Александар Македонски“ во кругот на средно училиште тој и неговиот брат С.Н.(18) биле физички нападнати од нивен соученик И.М. и уште две други лица.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

policija-2

Мигранти од Пакистан најдени во автомобил, возачот побегнал

На 17.04.2019 година  околу 04,30  часот на автопатот Скопје – Гевгелија, кај клучката „Демир Капија“, од страна на полициски службеници, бил даден знак за запирање на патничко возило „Мерцедес“ со албански национални ознаки, при што возачот продолжил со движење.По преземени мерки, возилото било запрено, а возачот се дал во бегство, додека во возилото биле пронајдени шест мигранти од Пакистан.За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот..

Македонија | пред 7 години

brza-pomos

Соседот ја истепал, па завршила во болница

На 17.04.2019 година во 18,30 часот во СВР-Скопје Н.Д.Т. (38) од Скопје пријавила дека на булеварот “Црвена Армија“, по претходна вербална расправија, била физички нападната од соседот В.С..Н.Д.Т. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде и била укажана помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

combe-2

(ФОТО) Ѓорѓи Галетановски – Чомбе испрати букет и порака за Силјановска, во која напиша...

По Твитер објавата на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова во кој напиша дека по вчерашното кафе со Река, денес го посетила и штабот на Стево, но Ѓорѓи Галетановски – Чомбе не ја пречекал, преку ФБ се огласи споменатиот Галетановски.Тој на социјалната мрежа објави фотографии од букет, бајадера и писмо адресирано до Силјановска во кое напишал:Почитувана професорке г.с. Кандидат за претседател мора да знае дека работното време на државната администрација е од 08 до 16 часот. Ова е мало внимание од нас за вас. Уште еднаш извинете што не се видовме, и се гледаме на кафе во недела во 21 часот. Ѓорѓи Галетановски-Чомбе.

Македонија | пред 7 години

policija-123

Директор не му плаќал на вработен за прекувремена работа, заработи кривична пријава

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Н. (52) од Крушево и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “даночно затајување“.Првопријавениот како одговорно лице во второпријавеното правно лице, во годишна даночна пријава за 2017 година, прикажал добивка со намален износ за 194.562 денари од реално остварената добивка на второпријавеното правно лице, по што извршил уплата на данок во износ намален за 19.456 денари.На овој начин, првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

puska

Го убил со ловечка пушка, а потоа се самоубил

На 17.04.2019 година околу 14,20 часот било пријавено дека во с.Луково-кратовско, Г.К. (57) од Кратово, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на Р.А. (66) од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на местото на настанот.Потоа Г.К. со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил.По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за Судска Медицина-Скопје за обдукција. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

marihuana2

При преглед на возило пронајдена е марихуана

Вчера ( 17 април ) околу 13.50 часот, во гостиварското село Топлица, запрено е возило „БМВ“ со гостиварски регистарски таблици, што го управувал С.А.( 22 ), а во кое се  наоѓале и Е.Л.( 20 ) и две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години, сите од  Топлица.При преглед на возилото, пронајдена е марихуана. Четворицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

zemjotres

Земјотрес во Гевгелија

Земјотрес со интензитет од 2,1 степени според Рихтер е почувствуван денеска во Гевгелија и околината.Земјотресот е регистриран во 13 часот и две минути, чиј епицентар се наоѓа 140 км југоисточно од Скопјe и потекнува од гевгелиското епицентрално подрачје.

Македонија | пред 7 години

gordana-za-skopje-1

(АУДИО) Јанкулоска на Скопје1.мк со изјава за новите „бомби“

„Јас не ги коменторав претходните, нема ни овие. Тоа е на некој начин грубо кршење на приватноста. До сега нити некој потврди дали се веродостојни, каква е новната содржина, кој снимал, како снимал, истакна Горана Јанкуловска за Скопје1.мкТаа меѓу другото додава дека бомбите единствено се искористени во политички цели и за судски прогон, така да немам што да коментирам, вели Јанкулоска.

Македонија | пред 7 години

naum

Стоилковски: Самиот Стево Пендаровски кажа дека заедно со Зоран Заев се исти 102.5%

Гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев. Гласот за Стево Пендаровски е глас за поткуп по шемата - „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“. Самиот Стево Пендаровски кажа дека заедно со Зоран Заев се исти 102.5%. Тоа значи дека се исти и во криминалот, истана Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Да се потсетиме како Зоран Заев бараше поткуп, за да изврши легализација на објект, нешто што му е обврска согласно закон. Но наместо како што е пропишано, Заев бараше по 2 евра од квадрат мито. Но не е само тој што земал во овој случај, туку и кажува дека мито плаќале сите, па ги реди Мирчо, Ването и други струмички бизнисмени кои очигледно му се познати на соговорникот.Ова е срамно и недозволиво. Ова е еклатантен доказ за криминал. Зоран Заев на видеово се однесува како Колумбиски нарко бос, а не како политичар кој што треба да биде во служба на граѓаните. И покрај ваквиот ноторен доказ, Заев е ослободен од обвинение од страна на Кацарска судството и Русковска обвинителството.Пендаровски е ист како Заев, тоа значи дека се исти и во криминалот. Гласот за Пендаровски е глас за Заев. Гласот за Пендаровски е давање легитимитет на поткупот како да е нешто сосема нормално.Вие граѓаните заслужувате да ги добивате услугите кои ги нуди државата согласно закон без притоа да треба да поткупат некој функционер на власта. Времето на криминалот мора да заврши.Република Македонија заслужува да тргне напред. Затоа се потребни црвсти и темелни принципи кои ќе се почитуваат и ќе ја гарантираат демократијата и владеењето на правото. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за право и правдина, глас за иднина на Република Македонија, истана Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

arsovski-novinari

Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува чинот на киднапирање, закани по живот и психичко насилство врз новинарите

Вчера бевме сведоци на еден немил настан на само неколку километри од Скопје, во село Арачиново, каде што новинарска екипа на телевизијата ТВ21 беше нападната и киднапирана од лица блиски до општината и до Зоран Заев и Стево Пендаровски, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Уште од првиот ден на моето назначување како портпарол ветив дека со сите сили и капацитети ќе се заложам секогаш да бидеме во заштита на новинарите и медиумите.Така да ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува чинот на киднапирање, закани по живот и психичко насилство врз новинарите и новинарските екипи.Овој случај на напад и тортура врз новинари мора веднаш да се казни и да биде пример за во иднина.Веќе медиумите обзнанија дека се работи за еден од напаѓачите кој е близок до Зоран Заев и СДСМ и е близок роднина на градоначалничката на Арачиново.Па така прашуваме, зошто ако веќе на медиумите им е познато лицето кое ја нападнало новинарската екипа на ТВ21, веднаш не е повикан за да биде сослушан за настанот?Гледајќи дека едно од лицата кое ја нападнало екипата на ТВ21 е личен пријател на Зоран Заев, прашуваме дали можеби Зоран Заев е тој кој го нарачал нападот на новинарската екипа, се со цел да се спречи прилогот кој го правела телевизијата за неработењето и нефункционирањето на Владата и општината Арачиново?Ова е начинот на третирање на медиумите од страна на СДСМ. Напад, киднапирања, тортури и закани.Ова не е прв случај да членови на СДСМ нападнат новинарски екипи. Ова не се случува прв пат.МВР веднаш да спроведе истрага кој го нарачал и кој го извршил нападот врз новинарската екипа на ТВ21.Напаѓачите мора да сносат одговорност и тоа веднаш, а Зоран Заев јавно да им се извини на медиумите и граѓаните, и веднаш потоа и тој да сноси одговорност, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

IMG_2082-18-04-19-14-33

Божиновски: Злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања за Георгиески стана навика

СДСМ и Константин Георгиески ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани. Злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања за Георгиески стана навика. Дрско и лицемерно е на партиски прерс денеска да се појави со службеното возило. Замислете и тоа прес за Кејот. Георгиески да признае дека средствата за Кејот се пропаднати, а не да ги лаже охриѓани. Вината за очајна состојба треба да ја признае, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на охриѓани?Со камиони сега ќе ги натерате да заборават на црнилата, маките и тешкиот живот?Охриѓани имаат добра меморија и добро се сеќаваат што вети СДСМ и знаат дека речиси ништо од тоа не е реализирано. После повеќе од година и половина се чекаше сега пред избори машините да работат.Георгиески да одговори дали ова се ветените проекти или само ситни зафати што е обврска на Локалната самоуправа кон граѓаните?Врз основа на кои проекти и одобреенија работи сега?Немате ниедно одобрение и затоа работите ноќе и во темница.Господа од СДСМ,Никој повеќе не паѓа на ефтини финти.Свесни за слабиот рејтинг и поразот на изборите сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти.Кочницата за убав град се СДСМ и Георгиески.Ниту цела владина ескадрила, ниту сите министри нема да го спасат Георгиески од пораз.На 21 април народот ќе ја врати власта во свои раце, а Охрид ќе биде убав град, град на проекти и дела, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 7 години

DSC08858-2

12 нови возила за Итната помош

Примарната здравствена заштита е основа на здравствениот систем и затоа зајакнувањето на нејзините капацитети е од круцијално значење за подобрување на здравствената заштита на граѓаните во Република Северна Македонија.Со новите 12 возила на Итната медицинска помош, за пациентите овозможуваме неопходната здравствена услуга да ја добијат многу побрзо и таа да биде уште поквалитетна. Дополнително, во голема мера ги подобруваме и условите за работа на здравствените работници.Возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 амбулантни возила ќе бидат наменети за градот Скопје, додека пак останатите ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба од нив.Инаку, при набавката на амбулантните возила Министерството за здравство заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра.Постигнувајќи ја најниската цена, од предвидените 30 милиони и 500 илјади денари, за 12-те возила од буџетот на министерството, се издвоени 18 милиони и 300 илјади денари (без ДДВ).12-те нови возила за Итната медицинска помош ќе бидат пуштени во употреба за неколку денови, откако тие ќе бидат регистрирани.

Македонија | пред 7 години

DSC08867-2

Младите доктори  активно се вклучуваат во сите актуелни и идни процеси во здравствениот систем

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска одржа средба со членови на повеќе здруженија на млади лекари и специјализанти. Во рамки на средбата беше презентиран извештај за актуелната состојба со морбили од професор Александра Грозданова, претседател на Комитет за имунизација, како и д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Од страна на сите присутни беше заклучено дека вакцинација е единствена и најдобра превентивна мерка. И за таа цел повторно беше потенцирана потребата секој здравствен работник да го провери својот вакцинален статус и доколку нема комплена вакцинација тоа може да го направи во центрите за јавно здравје.Министерот Филипче потенцираше дека младите лекари се фокусот на Министерството за здравство и во тек се повеќе активности за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат.Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година првпат во нашата земја, секој млад лекар добива шанса да се ангажира во системот на јавното здравство. Тоа значи дека секој лекар, кој ќе го заврши лекарскиот стаж и ќе добие лиценца за работа, ќе биде вклучен во системот на здравствените домови, ќе биде платен за својот труд и ќе почне да стекнува искуство во брзата помош, вакциналните пунктови и во системот за патронажна нега. Со оваа реформа, младите лекари добиваат можност да стекнат искуство, да бидат платени за својата работа и да добијат можност за вработување веднаш по завршувањето на стажот.Исто така, Министерството за здравство, уште минатата година обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти, со што тие земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Во текот на септември, годинава ќе биде објавен и нов конкурс за приватни специјализанти. Договорено е ваков вид средби да се реализираат еднаш во месецот и на тој начин, преку конструктивен дијалог младите доктори ќе имаат можност активно да се вклучат во сите актуелни и идни процеси во здравствениот систем.Грижата за специјализантите продолжува и во иднина. Министерството за здравство секогаш е отворено за соработка и комуникација со сите засегнати страни и чинители во здравствениот систем.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања