Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Vlatko-PRESS-0104-Glavna-Slika

Ѓорчев: Зошто Заев и Царовска молчат за иселувањето, демографската рецесија и падот на наталитетот?

Со жалење можеме да констатираме дека нема ниту еден единствен збор, ниту еден коментар, ниту еден одговор од страна на Зоран Заев, Стево Пендаровски и Мила Царовска во врска со демографската катастрофа од невидени размери која што се случува во моментов во Република  Македонија, истакна на пресс конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. .Македонија умира, Македонија се празни. Македонија станува земја без народ. Во 2018-тата година според податоците на Заводот за статистика во прелиминарните податоци ја имаме најлошата демографска година во историјата на Македонија откако има демографија, откако има статистика.Бројот на родените од 2016-та година кој што беше 23.002 падна на 21.666, тоа е пад од 6 проценти. Значи 2018-та со владата на Зоран Заев и Мила Царовска беше најлошата демографска година откако имам статистика во Македонија со рекордно, рекордно мал број на родени бебиња од само 21.666. На тие 21.666 родени бебиња во минатата 2018-та година се надодаваат уште полошите бројки за 2019-та година.Во јануари 2019-та година бројот на родени бебиња е повторно паднат за речиси 20 проценти во однос на претходната најлошата 2018-та година и бројот на бебиња е паднат од 1861 бебе минатата година во јануари, оваа година на само 1512 родени бебиња. Тоа е пад од 19 проценти.Ова е буквално демографска катастрофа која што се случува пред очи, ваков пад од 20 проценти не е забележан никогаш во историјата.Бројките се навистина загрижувачки, но она што боли, она што загрижува, она што покажува вонредна голема неодговорност е молкот на Зоран Заев, на Пендаровски и на Мила Царовска.Уште еднаш ќе речам, ако имаме рецесија во економијата од 1 или 2 проценти веднаш се свикуваат владини седници, ако имаме рецесија во било која област веднаш се свикуваат итни состаноци, овде имаме рецесија во бројот на родени бебиња, од минатата година до јануари оваа година од 20 проценти и никој ништо не прави. Тоа е катастрофална неодговорност, тоа е негрижа за државата и иднината на оваа земја.Проблемот е што Македонија се празни и луѓето си заминуваат како никогаш досега, си заминуваат и од Тетовско и од Гостиварско, и од Штипско и од Струмичко, си заминуваат и од Скопје, си заминуваат од Битолско од прилепско, буквално од секаде, бегаат од она што германските инвеститори го нарекоа нула, нула оценки за владините економии, она што Светска банка го нарече најнизок раст економски на Балканот и она што го гледаме секој ден со неправдите поврзани со епидемискиот непотизам.Навистина е загрижувачки што целата влада, сите 28 министри и премиерот Заев не кажуваат ништо за демографската катастрофа која што ни се случува. Рецесија од 20 проценти по бројот на родени од јануари минатата година до јануари оваа година навистина е невидена откако има статистика во Македонија.Слоганот „за живот во Македонија“ од парламентарните избори или за локаните за живот во Скопје, за живот во Битола, за живот во Прилеп, за живот во Штип, за живот во Тетово, се сведе на живот во Канада, живот во Германија, живот во Шведска, живот во Австрија.Македонија се иселува како никогаш, никогаш до сега ова се поразителни и загрижувачки бројки и за жал владата ништо не презема.Ги повикуваме да се соочат со овој проблем, ги повикуваме да состават тим, ги повикуваме на мерки затоа што ваквите бројки се поразителни за сите нас, ги допираат и образовниот систем, ќе нема ученици, ќе нема здравствени осигуреници, ќе нема даночни обврзници, ќе нема луѓе по општините, буквално цели општини и региони исчезнуваат, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

milososki-antonijo

(ФОТО) Пратеникот Милошоски на акредитација ја прешкрта Северна

Пратеникот  Антонијо Милошоски кое е на редовното Парламентарно Собрание на Советот на Европа, како дел од македонската делегација, на својата акредитација ја пречкрта Северна.Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец! – напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.Инаку, во наредните 4 дена , делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува во Стразбур, Република Франција.

Македонија | пред 7 години

ivor-mickovski-11

Ивор Мицковски: Со што заслужија партиските членови таков к*рч од Пендаровски?

Ивор Мицковски ја прокоментира изјавата на Стево Пендаровски во која кандидатот за претседател им соопшти на граѓаните дека ако не победи со голема разлика, да не му излегуваат пред очи.„Пендаровски: Ако не победиме, не ми излегувајте пред очи.Го разбирам, знае дека се обраќа пред партиски членови, оти никој неопределен повеќе не оди на митинзи.Ама и тие партиски членови, со што заслужиле ваков курч“-напиша на својот фејсбук  профил Ивор Мицковски.https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10157390067711042 

Македонија | пред 7 години

kamion

(ФОТО) Товарното возило излетало од патот, пожарникарите три часа сечеле дел од каросеријата да го извадат возачот

Сообраќајка помеѓу товарно возило и минибус кај Дреновска клисура, повреден е возачот на товарното возило, кое излетало од патот. Тој бил префрлен во кавадаречката болница, објавува МКД.мкСообраќајот се одвива наизменично по една лента.Припадниците од Кавадарци три часа сечеле дел од каросеријата на товарното возило за да го извлечат повредениот возач.Во тек е увидот на местото на несреќата. 

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Груевски се прости од Беличанец: Загубивме талентиран и искусен актер

Поранешниот премиер, Никола Груевски денеска на Фејсбук се прости со Билјана Беличанец Алексиќ.„Билјана Беличанец ја познавав како пријатна личност и одличен актер во Драмскиот театар во Скопје, но најмногу ја запознав како градоначалник на општината Кисела Вода.Беше одличен и исклучително одговорен градоначалник на оваа општина која не располага ни приближно со доволно финасии колку што има реални потреби. Не е лесно човек да води таква општина со толку многу проблеми и очекувања од граѓаните а со толку малку финасиски ресурси.Се бореше за општината како за свој дом. Соработувајки со градот, владата, странските донатори, компаниите, граѓаните и правилно распоредувајќи ги средствата на општината, со голем ангажман и посветеност, заврши многу проекти за општината и остави свој белег и пример како може во една таква општина со многу проблеми а малку сопствени приходи успешно да се менаџира.Биљана имаше чесен приод кон работата, многу внимаваше да не направи грешка, сакаше секому да помогне и излезе во пресрет, да ги исполни дадените ветувања пред граѓаните и да си замине од функцијата со чист образ, како што и се случи.Не дозволи да и се случи ниту една афера или гаф иако влезе со многу мало искуство на оваа функција. Се грижеше за секој детал и за секој кој и бара некаква помош. Не се колебаше да побара помош за предизвици со кои неможеше самата да се справи и соработуваше со сите во интерес на зацртаните цели за општината и граѓаните. Одлично менаџираше.Многу чувствителна кон луѓето и со љубов кон работата.Тешко ги примаше неправдите но се трудеше да не го покаже тоа.Со изразено чуство на одговорност кон обврските, како ретко кој.Многу внимаваше некого да не повреди, да не создаде болка некому.Не сакаше кандидатура за втор мандат. Чувствуваше замор од преголемиот ангажман. Не се штедеше во работата.,,Сакам само чесно да си го одработам овој мандат и со крената глава и чиста совест да си заминам. За следните избори нека добие шанса некој друг, а дотогаш ќе работам до последениот мој атом,, - беа нејзините зборови уште најмалку една година пред истекот на мандатот кои потоа неколкупати ми ги повтори.Сакаше и се врати на театарот. Но, за жал не за долго.Нејзиното прерано заминување освен за нејзините блиски е голема загуба и за сите кои ја познаваа, соработуваа или на било кој начин беа во контакт со неа.Театарската публика загуби исклучително талентиран и искусен актер.Ќе ја паметиме по добро, бидејќи пред се, Билјана Беличанец беше добар човек.Почивај во мир Билјана“, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 7 години

4-1

Џафери оствари билатерални средби со Анџело Фаруџа и Иракли Кобахиѕе

На маргините на 140. Собрание на ИПУ, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари билатерални средби со Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта и Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија.На средбата со г. Кобахиѕе, претседателот Џафери изрази задоволство од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Грузија во февруари оваа година и истакна дека, со овој чин во голема мера ќе се унапредат политичките односи и вкупната соработка на билатерален и мултилатерален план. Претседателот Џафери исто така подвлече дека двете земји споделуваат иста стратешката определба за членство во ЕУ и НАТО, при што го запозна соговорникот со активностите кои ги презема Република Северна Македонија за полноправно членство во НАТО и отворање на пристапните преговори со ЕУ.Г. Кохабиѕе истакна дека воспоставувањето на билатералните дипломатски односи со Република Македонија е чекор напред кон зајакнувањето на заемната поддршка и соработка во сите области. Тој се осврна на парламентарната соработка и размена на искуства, при што ја спомна посетата на нашето Собрание со цел запознавање со активностите, функционирањето и услугите кои ги нуди нашиот Парламентарен институт.На средбата со г. Анџело Фаруџа, претседателот Џафери истакна дека по воспоставувањето на дипломатските односи во 2016 година, односите и соработката се унапредија значајно во сите домени од заеднички интерес, особено во контекст на европските интеграциски процеси на Република Македонија. Тој се заблагодари на безрезервната поддршка што Република Малта и ја дава на Република Македонија во процесот на отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и нагласи дека искуството на Малта би било многу корисно за нашата земја во процесот на ЕУ интеграцијата и токму во оваа насока има простор за размена на искуства и добри практики на ниво на институции и служби. Воедно, претседателот Џафери подвлече дека парламентарната соработка го отвора патот на владите понатаму да ја конкретизираат соработката со потпишување на спогодби и имплементација на истите.Г. Фаруџа упати честитки до Република Македонија за достигнувањата во процесот на евроатланската интеграција и додаде дека, Малта ќе ја поддржи нашата земја за членство во Европската унија и воедно ќе и помага низ целиот процес преку разни форми на размена на искуства, добри практики и стипендии за службениците за стажирање во нивните институции.Претседателот Џафери информираше за активностите на Собранието како и за текот на претседателските избори. Подвлече дека, во јуни се очекува нашата земја да добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ, што ќе испрати јасен сигнал за европската иднина на Република Македонија и нејзините граѓани. Тој ја поздрави заинтересираноста на соговорникот за доделувањето на стипендии за службата за обучување на теми кои се однесуваат на улогата на парламентот во процесот на пристапување во ЕУ.

Македонија | пред 7 години

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

СДСМ: Обезбедени се 20,4 милиони евра за реконструкција на филтри на РЕК Битола

Владата предводена од СДСМ, државните претпријатија и институциите продолжуваат со мерки и проекти кои имаат за цел обезбедување на чист воздух и здрава животна средина, велат од СДСМ.„Распишан е тендер за реконструкција на електростатските филтри на РЕК Битола во вредност од 20,4 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на АД Електрани на Северена Македонија.Воедно, оваа инвестиција претставува најголема инвестиција за заштита на животната средина, а средствата се обезбедени преку домаќинското работење на АД ЕСМ.Електростатските филтри последен пат се модернизирани во далечната 1989 година, а со новата реконтрукција, предивдено е значително намалување на издувот на прашина, што значително ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето во Битола, Новаци и Могила.Продолжуваат успешните политики на Владата предводена од СДСМ во енергетиката.Од земја која беше зависна од увоз на струја, преку домаќинско и одговорно работење АД ЕСМ успева да призвесува и продава вишоци на струја.Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат, чист воздух, развој на енергетиката и ефикасен и стабилен енергетски систем“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

21 сообраќајка во изминатиот викенд

Во текот на изминатите денови (05, 06 и 07.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 63 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 90 возачи од кои: тројца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 72 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 15 возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 62 возила бидејќи 60 биле нерегистрирани и две возила поради претовар. Санкционирани се 21 возач поради поминување на крстосница на црвено светло, 17 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум возачи поради неправилно престројување, девет возачи поради неправилно престигнување, шест возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 28 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 14 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 42 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 274 мандатни платни налози и 151 возило се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатите денови се случиле 21 сообраќајна незгода во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 20 лица со телесни повреди.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

70-годишен скопјанец каснат од куче скитник

На 07.04.2019 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром,  Т.М.(70) од Скопје пријавил дека на  булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 7 години

uapsen

Уапсен струмичанец поради овозможување употреба на наркотични дроги

На 07.04.2019 во 02.30 часот во Полициската станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба наркотични дроги“, од слобода бил лишен и задржан К.С (41) од село Костурино, струмичко.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Египќаните интелектуалци, бизнисмени, политичари и еснаф луѓе го кренаа гласот против Вахид Мемед

Целокупната интелектуална, политичка и бизнис елита на Египќаните се крена против полтронството и манипулациите кои еден нивни сонародник ги прави во оваа предизборна кампња.Од како Вахид Мемед даде оставка во ПОЕН и објави дека има формирано ново движење кое иако не е партија, кршејќи неколку закони јавно настапува како коалиционен партнер на ДУИ, плеада угледни, докажани, успешни и признаени во општеството Египќани со свој потпис застанаа зад писмото кое го испратија до јавноста, а во кое бараат да прекинат манипулациите и игрите со Египќаните, за лични интереси на поединци.ВАХИД МЕМЕД МОЖЕ КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРАБидејќи учествува во избори и настапува на настани од политичката партија ДУИ, а се претставува како граѓанско движење кое никогаш и никаде правно не го регистрирал ( што значи правно не постои ) Вахид Мемед прекршил закони, за што се пдоготвува соодветна пријава.Писмото го пренесуваме во целост:Последните месец дена сведоци сме на уште една манипулација од страна на мала група на поединци за остварување на своите лични амбиции и интереси, во име на заедницата на Египќаните во Охрид. Имено станува збор за група на млади лица кои се декларираат како некакво си  граѓанско движење „Обединета Алтернатива на Египќаните“ , а делува исклучиво политички и се појави непосредно пред почетокот на изборната кампања за избор на претседател, како и за градоначалник на Охрид. Секој си има за право да делува политички како поединец за било која опција, но ако се појавуваат како организирана група, законите велат дека треба да имаат статут, програма за делување и да бидат регистрирани како политичка партија. Доколку пак делуваат како здружение на граѓани и доколку се регистрирани како такви, според Законот за здруженија на граѓани и фондации тие немаат право да учествуваат во изборна кампања, како организација и да се појавуваат со банери и симболи на тоа неформала група по политички настани. Никој не ги брани и како граѓани да поддржуваат некој кандидат или политичка партија, но тоа не можат да го направат јавно како нерегистриран правен субјект, а уште повеќе да кажуваат дека биле во коалиција со некоја политичка партија!Во случајот и во моментов т.н. Обединетата Алтернатива на Египќаните, не е во никаква коалиција, тукуе само дел на едно делување на политичка партија, а тоа јавно го прикажаа и во саботата на 06 Април 2019, на митингот на Демократската Унија за Интеграција во Охрид, каде и учествуваше и врвот на партијата на чело со господинот Али Ахмети. Бидејќи, за коалиција е потребно да има договор помеѓу два субјекти, доколку постои таков договор, (а знаеме дека не постои) истиот треба да биде јавно обелоденет за биде јавноста транспаретно запознаена.Во случајот со споменатато граѓанско  движење која го користи називот „обединета“, не е јасно кој со кого се обединил, како и кои други општини освен во Охрид, се приклучени во нивното „граѓанско движење“ врз непостоечката програма за делување.Сето ова покажува дека Египќаните од Охрид, како малцинска заедница, е повторно цел на перфидна бескомпромисна манипулација за лични цели и амбации на поедници, кои не бираат средства и начин да манипулираат со јавноста, а мирниот и лојалниот народ т.е. припадниците на заедниците на Египќаните да ги инструментализираат.Поради тоа ние долупотпишаните граѓани, интелектуалци, активисти и поддржувачи на каузата на Египќаните, упатуваме апел до сите граѓани, политички партии и кандидати на престојните избори за претседател на Република Северна Македонија, како и за градоначалник на општина Охрид, да го почитуваат достоинството на припадниците на заедницата на Египќаните, нивното граѓанско право на слободно уверување и гласање на претстојните избори, да не се манипулира колективно со нивните гласови за туѓи интереси, и да не се злоупотреби етнички идентитет на Египќаните, за остварување на интересите на поединци од оваа заедница, а во случајот и за поедници кои припаѓаат и на други заедници.Малик Јусуфоски, бизнисмен од ОхридДемир Далип дипл. Правник – активист на каузата на ЕгипќанитеУке Демироски – поранешен претседател на Здружението на Египќаните во МакедонијаНаполеон Камбери дипл. политиколог, поранешен претседател на Партијата Демократско Движење на Египќаните во МакедонијаСервет Курто, дипл. менаџер по царина и шпедицијаРешат Сулејман, бизнисмен од ОхридПроф. Рубин Земон, доктор по етнолошки науки – пратеник во Собранието на Република Северна МакедонијаБесим Демиров- советник во Советот на општина ОхридЈашар Ајдароски, бизнисмен од ОхридЗдружение на Египќаните „Пирамида“ – ЗЕМ

Македонија | пред 7 години

biljana-belicanec-960x540

Комеморација за Билјана Беличанец во Дом на културата во Кисела Вода

Kомеморацијата по повод смртта на прерано починатата поранешна градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓа Билјана Беличанец ќе се одржи денес, со почеток во 15:00  часот во новоизградениот Дом на културата КВК во Општина Кисела Вода.    

Македонија | пред 7 години

saso-tasevski

Тасевски: Пуштете го Ѓорчев на митинзи, за Силјановска да не прави грешки

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски, преку кој на ВМРО ДПМНЕ им понуди како што пишува покреативно решение за проблемите во кампањата. Тасевски пишува:Драги вмровци, мора малку покреативно да ги решавате проблемите во кампањата. На пример, вашава кандидатка не знае во кој град е кога држи говор, боже мој, се случува, особено ако го шетате човек со качулка на глава или у багажник. Ама и за тоа има решение. Со неа на говорница пуштете го и Влатко Ѓорчев. Он на пример нема село и град што не го посетил. Нема кооперација каде не јадел сардина и пиво со мештаните седнат на гајба. Е он нека биде со неа на говорницата. Па кандидатката штом каже: Добровечер најдраги мои... Овој одма нека дофрли: Кичевчани, кочанчани курајчани или долнодупенци. И решен проблем.Тоа е креативен пристап до проблемот што го имате. Извинете што ви се мешам во кампањата, ама морав, проработе вмровското во мене.

Македонија | пред 7 години

500-denari

Од 2020 година ќе ги имаме и првите банкноти со Северна, ќе се започне со 500 денари

Од почетокот на 2020 година на банкнотите од по 500 денари ќе биде напишано новото име на Народна банка, а во втората половина на следната година ќе бидеат заменети хартиените 10-денарки со официјалниот назив.Од Народната банка велат дека пуштањето во оптек на парите со новиот назив, ќе го вршат постепено во рамки на редовните нови емисии, имајќи го предвид природниот животен век на парите кои веќе циркулираат во оптек и водејќи сметка за макроекономската стабилност.

Македонија | пред 7 години

uapsen

Уапсен скопјанец кој затајувал данок

На 07.04.2019 во 14.10 часот на Граничниот премин„ Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Б.К.(37) од Скопје бил предмет на потрага за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 239 став 1 од Кривичниот законик – „затајување.“ Б.К. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

На Блаце приведен косовски државјанин баран од Интерпол

На 07.04.2019 во 09,30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен M.E.(21) од Косово врз основа на барање на СМПС - Интерпол.Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

heroin-111

Уапсен тетовчанец, му пронашле хероин

На 07.04.2019 околу 22.20 часот во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово од слобода го лишиле Р.В.(34) од тетовското село Џепчиште.При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот, против Р.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

50407320_2037289269697107_8259573472892551168_n

УНЕСКО денес го затвора извештајот за Охрид, се движиме ли кон губење на статусот?

УНЕСКО денес го затвора извештајот за Охрид од кој ќе зависи и тоа дали ќе го задржи престижниот статус на светско културно наследство.Информациите кои беа соопштени на Собраниската комисија за култура пред еден месец во Скопје, не влеваат оптимизам по однос на ова прашање.– Од неформалните комуникации што ги имам со некои луѓе од УНЕСКО, можам да кажам дека се движиме по работ. Се` уште не е ништо изгубено, но ни претстои период од еден месец за да доставиме дополнителна документација до Центарот за светско наследство, односно да покажеме волја и реален ангажман, што можеби би значело и подобрување на нашата слика. Важно е да се води волјата и се` понатака ќе зависи и од тоа што ќе се случува во Баку, истакна Билјана Прентоска, генерален секретар на националната комисија за УНЕСКО.Комисијата ги разгледуваше извештаите на надлежни институции за состојбата со природното и културното наследство во охридскиот регион.Во јуни и јули во Баку, главниот град на Азербејџан, ќе заседава Комитетот за светско наследство при УНЕСКО за, меѓу другото, да реши дали Охрид ќе го стави на листата на културно и природно наследство во опасност. Од владата се оптимисти дека Охрид нема да го загуби досегашниот статус, но експерти и граѓански активисти не се сигурни во тоа. Голем проблем овој период лоши вести кои влијаат на статусот се постојано палење и горење трска најверојатно заради нечии бизнис-интереси.Во јуни минатата година во Охрид се одржа министерска средба – „Спроведување на акции/мерки според одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО“, на која беше јасно потенцирано дека последниве години УНЕСКО бележи пораст на бројот на фактори кои негативно влијаат на заштитените подрачја.Постојат проблеми, но не се нерешливи, потенцира Синиша Шешум, шеф на канцеларијата при Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа.-Притисокот во охридскиот регион не е само од туризмот, туку и од развојот, па круцијално е да се најде баланс со кој ќе се заштитат вредностите поради кој е запишан на листата на УНЕСКО, потенцира Шешум минатата година.Прекумерната изградба на стамбени и угостителски објекти, често и во заштитени зони, палењето на трската, Студенчишкото блато, плановите за НП „Галичица“ се само мал дел од „сидрата“ кои го влечат Охрид надолу, кон губење на престижниот статус на светско културно наследство.извор: Алсат М 360 степени/ОхридПрес

Македонија | пред 7 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Собраниска делегација на сесија на ПС на СЕ во Стразбур

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува од 8 до 12 април во Стразбур, Република Франција.Се очекува на сесијата да се обратат премиерите на Ерменија и Грузија. Собранието ќе има заедничка дебата за запирање на говорот и делата на омраза во спортот, за улогата на политичарите во борбата против говорот на омразата како и за зајакнување на соработката со ОН и имплементација на Одржливите развојни цели.Има и барање за итна дебата во однос на буџетската криза на Советот на Европа.Ќе се дискутира и за промовирање на парламентите слободни од сексизам и сексуално вознемирување, импликациите врз човековите права од социјалните медиуми и друго.Собранието, исто така, ќе дебатира за т.н. „Ландромати“ и новите предизвици во борбата против организираниот криминал и перењето на пари и ќе заземе став во врска со креирање на нов механизам за демократија, владеењето на правото и основните човекови права.Комисионерот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, ќе го презентира нејзиниот годишен извештај на активности за 2018 година и ќе одговори на поставени прашања. Ќе има и вообичаена размена на мислења и ставови со сегашниот претседател на Комитетот на министри на СЕ, финскиот министер за надворешни работи, Тимо Соини и време за прашања со генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јагланд.

Македонија | пред 7 години

zoran-zaev-4-696x405

(ВИДЕО) Нов гаф на Заев: Лашки со опашки!

На вечерашниот митинг , Зоран Заев со нов гаф: Лашки со опашки!Коментарите под видеото се: Бисер до бисер-ѓердан ќе направи, но има и такви кои сметаар дека Заев се напил лашко пиво…https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/314686342539083/

Македонија | пред 7 години

gordana-siljanovska-davkova

Силјановска: Преживеаните Македонци на „Титаник“ ги запишале како Македонци кога пристигнале во Америка

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вчера зборуваше на митинг пред струмичани.Силјановска во својот говор се задржа на промената на името и праша зошто ако може Србија на Србите, Бугарија на Бугарите, Грција на Грците, да не можеме, како што рече, да кажеме Македонија на Македонците.–Кога на бродот „Титаник“ се качиле некои Македонци и кога преживеале, во Америка ги напишале како Македонци, а сега ние треба да докажуваме. Замислете да треба да докажувате дека сте маж или жена, тоа се незамисливи потфати – додаде таа.

Македонија | пред 7 години

Katica-Janeva

Јанева: Поголемиот дел од буџетот на СЈО се користи за вештачења

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во интервју за „Независен“ зборува и за буџетот на СЈО, односно појанува на што се трошат парите. Во јавноста често пати има забелешки дека располагаат со голем буџет за разлика од редовнто обвинителство и дека обвинителите во СЈО земаат повисоки плати.-Со новиот закон останува нашиот буџет да го предлагаме самите и да не може врз тоа никој да влијае. Станува збор за меѓународни стандарди во оваа област. Сметам дека ресурсите и во Јавното обвинителство ќе бидат подобрени, има многу проекти во кои учествуваме и помагаме и ние, со цел јавните обвинителства да бидат поекипирани и да можат поефикасно да ги извршуваат задачите. Иако имаме поголем буџет, тоа не значи дека ја трошиме целата сума. Поголемиот дел од буџетот и претходно се користеше за вештачења, како и за други материјални трошоци неопходни за брзо и ефикасно завршување на истрагите за кои бевме ограничени со 18 месеци, имавме и други трошоци како тие за адаптирање на зградата во која сме сместени. Јас мислам дека сегашната влада има добар сенс за правосудството и за подобрување на интегритетот и независноста, не само на обвинителите, туку и на целата правосудна фела, вели Јанева.

Македонија | пред 7 години

clipboard01-620x350-1

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев

Зоран Заев и Стево Пендаровски се исти 102.5%. Заев и крими картелот околу него секојдневно ги ограбуваат граѓаните. Заев го зголеми бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија од 400.000 на 500.000. Заев ветуваше подобар стандард. Заев излажа. Пендаровски лаже исто како Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Економијата две години тоне. Стандардот на граѓаните секој месец е се помал.Јавниот долг на Република Македонија откако е дојден Заев на власт е зголемен за над половина милијарда евра. Заев ветуваше намалување на јавниот долг. Заев излажа.Пендаровски и Заев се исти 102.5% и Пендаровски лаже исто како и Заев.Секој месец власта во изминативе две години ја задолжува државата за над 20 милиони евра.Заев и Пендаровски ги презадолжија граѓаните и идните генерации, а ниту една капитална инвестиција не е направена. Економијата е на дно, а развој воопшто нема.Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Република Македонија има потреба од чесен претседател како Гордана Силјановска Давкова“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

reka

(ФОТО) ИМОТЕН ЛИСТ: Што поседува Блерим Река?

Еден од тројцата кандидати за претседател, Блерим Река, во својот имотен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, пријавил каков имот поседува.На свое име, како што јавува Емагазин, кандидатот за претседател има куќа од 200 метри квадратни проценета на 200 илјади евра.Исто така тој пријавил и дека поседува АудиА3.

Македонија | пред 7 години

uniformi

Доктори, полицајци и војници доброволно даваат оставки во јавните служби

Доктори, полицајци и војници си дале најголем број доброволни оставки во јавните служби на Македонија.  според кои во текот на 2018 година од страна на државните институции:524 вработени си дале отказ, а на почетокот од 2019-та таа бројка изнесува162 вработени во јавниот сектор, објави Алсат. Иако имаат решенија, експертите велат дека поради ниските плати, некои од нив одлучиле да се откажат и да се иселат во западните земји.Според министерот Манчевски Тоа е првенствено за технички области, инженери и архитекти; медицинскиот персонал, особено лекарите и медицинските сестри, се откажувааат од јавниот сектор бидејќи ја напуштаат државата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања