Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

9C422137-1C8E-4609-815A-EAA820241295

МВР пристапи до авионот кој падна кај Солунска Глава, акцијата продолжува

Од утрово интензивно се работи на извлекување на телата и увидот кај Солунска глава, по вчерашната вионска несреќа. Екипи на Министерството за внатрешни работи, заедно со Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи. На местото е присутен и јавен обвинител на местото каде загина четиричленото семејство од Бугарија.Авионот „Цесна“ кој вчера во 16:16 часот се изгубил од радар, а летал од Охрид до Софија, беше лоциран по 19 часот, северозападно од Солунска Глава. Акцијата на МВР беше прекината поради лошите временски услови, но и непристапниот терен.Лоцирањето било направено од воздух, но било невозможно да се пристапи до теренот.

Македонија | пред 7 години

56344508_317288455642262_4354047203971432448_n

ВИДЕО: Автомобил падна во водите на Охридско Езеро

Утрово возило со марка „Пежо“ заврши во Охридско Езеро.Според неофицијални информации, автомобилот бил управуван од охриѓанка, која се паркирала на кејот и заминала да пие кафе во локалните кафичи.[embed]https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/314724162553668/[/embed]По кратко време, автомобилот паднал во езерото. Непознато е дали станува збор за грешка на возачот или пак, некој намерно го турнал автомобилот.Полицијата изврши увид, а ќе ги прибавува и снимките од назорните камери, за се утврди причината.Возилото во моментов од Охридско Езеро го вадат возила на противпожарната бригата.

Македонија | пред 7 години

siljanovska

СДСМ: За каква правда зборува Силјановска кога брани насилници осудени за 27 април

Гордана Силјановска е лицемерна и нуди лажен патриотизам исто како и Христијан Мицкоски. Дури и слоганот на Силјановска е лажен и лицемерен. За каква правда зборува Силјановска кога брани криминаци и насилници осудени за насилствата од 27 април?, велат од СДСМ.„Се повикува на правда, а ниту еднаш не се огради од тоа што почесниот претседател на партијата што застана зад нејзината кандидатура е осуден криминалец и бегалец од правдата.Силјановска лаже дека е натпартиски кандидат, лаже дека е за правда и е иста како Христијан Мицкоски.Лицемерното однесување пред граѓаните е неприфатливо.Затоа граѓаните на изборите ќе одберат искрен и чесен претседател кој ќе работи во интерес на правото и правдата.Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски, вистински претседател што достојно ќе ја претставува државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

nato-mkd-3-1170x780

Дипломатска дискусија „Патот до Брисел”

Дипломатска дискусија на тема „Патот до Брисел” ќе се одржи денеска во Владата на Република Македонија, на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.Ќе се дебатира за процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, а ќе учествуваат и амбасадори на земјите членки на НАТО во нашата држава.Настанот, во рамките на НАТО неделата, го организираат Министерството за одбрана, Евро Атлантскиот совет (АТА) и амбасадата на Република Словенија.

Македонија | пред 7 години

b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

Полицијата казни 71 возач за погрешно паркирање

Девет лица се полесно повредени во седум од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според податоците на СВР Скопје, издадени се казнени мерки за 18 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој возел под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и четири возачи почетници.Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила. Издадени се и казни за 71 возило за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 54 возила.Санкционирани се и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица возачи кои  не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување,  двајца возачи на мотор, мопед и мотоцикл за некористење заштитен шлем, еден за неносење сигурносен појас и тројца за користење на мобилен телефон додека возеле.

Скопје | пред 7 години

MFA_8353

Димитров денеска на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО

На покана на Генералниот Секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг идомаќинот, Државниот Секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес и утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Вашингтон. Станува збор за прв состанок на министерско ниво за надворешни работи на кој што претставена преку министерот Димитров, нашата држава активно ќе учествува во својство на поканета земја за членство.Прославувајќи ја 70 годишнината од формирањето на Северноатлантската алијанса, Вашингтон ќе биде домаќин на серија пригодни настани и свечености, на кои ќе учествува и МНР Димитров. Во таа смисла, особено е значајна конференцијата „NATO Engages: The Alliance at 70”, на која министеротДимитров, во друштво на својот грчки колега, ќеговори за: „Наследството и иднината на НАТО политиката на отворени врати“, непосредно пред изјавата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Се очекува на конференцијата да присуствуваат повеќе од 200 официјални претставници на државите-членки на НАТО. Јубијелот ќе биде симболично одбележан со прием во Andrew W. Mellon Auditorium, каде што во 1949 год. бил потпишан Договорот со кој се ставени темелите на Северноатлантската алијанса. Церемонијата ќе биде заокружена со поздравни обраќања на Државниот Секретар, Помпео и Генералниот Секретар на НАТО, Столтенберг.Работната посета на Вашингтон ќе биде особено збогатена со непосредните средби што министерот Димитров ќе ги оствари со Државниот Секретар на САД, Мајк Помпео и Филип Рикер, Помошник Државен Секретар. Се очекува посебно внимание да биде посветено на безбедносните предизвици со кои се соочува алијансата и придонесот на нашата земја кон глобалната благосостојба.Во својство на „поканета земја - invitee“, министерот Димитров активно ќе учествува на двете работни сесии, работниот ручек и дискусиите со НАТО сојузниците, посветени на широк спектар на безбедносни дилеми и предизвици пред кои е исправена трансатлантската заедница.

Македонија | пред 7 години

1-20

(ФОТО) Мајката на Пино го објави разговорот со премиерот Заев

Мајката на Пино Секондо (26), Маја Трпковска речиси четири месеци очајно трага по своето дете и бара ажурност и одговори од МВР.Откако во декември минатата година Пино исчезна без трага, таа редовно апелира до надлежните служби да ја сфатат сериозно, а веќе неколку седмици наназад, секоја сабота излегува на мирен протест пред Собрание во Скопје, барајќи одговори.Мајката на Пино објави фотографии од разговорот со премиерот Зоран Заев.„Дете барам сфаќате или не?Јас со Господинот Заев на некој начин се разјаснивме. Повторувам немам никаква партиска членска книшка. Имам мои лични мислења и идеи. Овде не се работи за политика! Луѓе сфаќате дека дете барам или си играте мајтап со мене!!!“, стои во објавата.Во саботата на протестот на роднините и пријателите на иcчeзнатите Пинета Секондо Пино и Арбен Аслан пред Собранието на Република Македонија, мајката на Пино истакна дека контактирала со Зоран Заев на Вибер, но тој не и враќал на пораките, по што добила пријава од премиерот за вознемирување.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Денес пад на температурите и врнежи од дожд

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе има услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец.Дневните температури ќе бидат во Скопје 18, Маврово 11, Охрид 14, Битола 17, Кавадарци 19, Крива Паланка 16, Берово 14, Дојран 19 Целзиусови степени.И за утре прогнозата е променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утре дневните температури ќе бидат Скопје 19, Маврово 12, Охрид 16, Битола 17, Кавадарци 19, Крива Паланка 16, Берово 13, Дојран 19 степени.Променливото и облачно време ќе се задржи и во петок и сабота.

Македонија | пред 7 години

pasenje-660x330

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со скандалозен спот за изборите

Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ објави невкусен спот со кој сакаат на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата , Стево Пендаровски, да му порачаат дека народот не е стока.Во видеото тие повикуваат: „ајде на гласање, заокружете број три и право на пасење“.„Народот не е стока, Стево. Овој честит народ ќе гласа за Гордана Силјановска – Давкова и Република Македонија“, се вели во видеото! https://www.facebook.com/UMSVMRODPMNE/videos/364407184159738/

Македонија | пред 7 години

izjava-zaev.Still089

(ВИДЕО) Стевоски бара истрага за долгот на Охрид

Стевче Стевоски бара истрага за сите кои учествувале во креирањето на милионскиот долг во ОхридЕден ден од како Советот на општина Охрид изгласа одлука со која го овозможи склучувањето спогодби со доверителтие за раздолжување на градот, кандидатот Стевоски Стевче побара полициска истрага за тоа како се креирал долгот низ минатите децении и дали во минатото, некој фингирал ситуации во кои каматите растеле и градот тонел во долгови за да се делат провизии од камати и фиктивни задолжувања.Стевоски партиите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ги нарече сестри близначки родени од мајка Мафија и татко Јуда.ВИДЕО:

Македонија | пред 7 години

9C422137-1C8E-4609-815A-EAA820241295

ФОТО: Авионот кој се урна кај Солунска Глава

Малиот авион од типот Цесна П210Н кој попладнево беше изгубен од радарскиот систем се урнал кај Солунска Глава, каде и исчезнал од системот.Остатоците од авионот се пронајдени, како и телата на четирите патници – бугарски државјани, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Македонија | пред 7 години

cesna-avion

(ОБНОВЕНО) Пронајдени телата, познат идентитетот на загинатите од авионската несреќа кај Солунска глава

Пронајдени се телата на четворицата патници од авионот што попладнево се урна на Солунска Глава.Неофицијално станува збор : Бошнаков Ангелов Георги роден 1970 год, Бошнакова Георгиева Гергана, родена 2005 год., Бошнакова Георгиева Билјана, родена 2000 год. и Корнајева Цонева Калина родена 1972 година.Малиот авион попладнево исчезнал од радарот во пределот на Солунска Глава во 16:18 мин. Леталото полетало од Охридскиот аеродром и при тоа немало никакви проблеми при полетувањето.Неофицијално несреќата се случила поради лошите временски услови. Пилотот побарал да слета на Скопскиот аеродром, но се премислил и се упатил кон Софија. На 26 километри јужно од Скопје, некаде кај Солунска Глава им се изгубил сигналот.При последната комуникација пилотот кажал дека има Јака турбуленција.Несреќата ќе ја истражува Комитетот за истраги и несреќи и истражен судија.

Македонија | пред 7 години

avion-360x780

(ОБНОВЕНО) 4 лица Бугарски држајвани патувле со авионот кој полета од Охрид, а исчезна кај Солунска глава

Мал авион попладнево исчезнал од радарот во пределот на Солунска Глава во 16:18 мин. Леталото полетало од Охридскиот аеродром. Сите патници се бугарски државјани.Ова се првите официјални информации од Агенцијата за цивилно воздухопловство за исчезнатиот авион. Неофицијално  со авионот патувал познат олигарх со семејството.Неофицијално поради лошите временски услови пилотот побарал да слета на Скопскиот аеродром, но се премислил и се упатил кон Софија. На 26 километри јужно од Скопје, некаде кај Солунска Глава се губи сигналот.При последната комуникација пилотот кажал дека има Јака турбуленција.Во моментов се трага по исчезнатиот авион со два полициски хеликоптери.

Македонија | пред 7 години

najcevska

Најчевска: Гордана или е глупа, лаже или одлепила

Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил реагираше на изјавата на Силјановска дека ќе го заштити уставното име и Македонија, и дека ќе стави клаузула да не се менува Уставот.„Што може да значи клаузула за непроменливост на Уставот?Може да значи дека Гордана мисли дека е Бог и дека еве сега го пишува новото Свето Писмо.Може да значи дека Гордана го изјавила ова затоа што нема појма што е Устав, што е демократија и што е владеење на правото и нема појма дека тие не познаваат такво нешто како непроменливост бидејки можноста за менување е суштински елемент на развојот.Може да значи дека добро знае што е Устав и демократија и владеење на правото и дека многу добро знае дека е надвор од паметот донесувањето ваква клаузула, меѓутоа мисли дека оние на кои им се обраќа се толку глупи што може да им продаде се.Може да значи дека е спремна да каже се само да се довлечка до позиција на власт.Значи, или одлепила или е глупа или лаже или мисли дека сите што ја слушаат и се спремни да гласаат за неа се глупи како точаци“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

unnamed-file

Заева ја шеташе партнерката на Ципрас на Кале

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, денеска е во официјална посета на земјава, заедно со неговата партнерка, Бети Базијана.Додека премиерите имаа средба во Владата и учествуваа на бизнис форумот во хотелот „Александар Палас“, Заева ѝ ја покажа на Базијана, скопската тврдина Кале. Слики од прошетката на својот Фејсбук профил објави премиерот Зоран Заев.„Топло добредојде и за драгата Бети. Убав ден за пријателства, за срдечна дружба со Зорица, интересни разговори и за разгледување на градот на солидарноста“, е напишано во рамките на објавата во која се ставени фотографиите.

Македонија | пред 7 години

han

Хан упати честитка до Заев и Ципрас

Еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер упати честитки за денешната средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас во Скопје.„Честитки за лидерите на Грција и на Северна Македонија за поплочениот пат во новата ера на пријателство и продуктивна врска, за напредок на нивните граѓани и на регионот во целост“, порача Хан на Твитер.

Македонија | пред 7 години

avion-360x780

Мал авион кој полетал од Охрид, исчезна кај Солунска глава

Мал авион попладнево исчезнал од радарот во пределот на Солунска Глава. Леталото полетало од Охридскиот аеродром. Не е познато колку лица имало во авионот.Познати дека станува збор за Цесна тип со авионска регистрација D-EUIB.

пред 7 години

pistol-vperen

Тетовец со пиштол им се заканувал на две лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.На 26.11.2018 пред дискотека во Тетово, пријавениот упатил закани со пиштол кон лицата А.С. и А.И.. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле пиштолот „’Чешка Зборевка’’ и 10 куршуми калибар 9 мм, кои пријавениот ги поседувал со дозвола.

Македонија | пред 7 години

policija-traka

Германски државјанин пронајден мртов, се предозирал со метадон

На 01.04.2019 во 18.22 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хангар на улица „Димче Мирчев“ во Скопје имало починат маж.Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за лицето П.М.К.(30) од СР Германија, кој претходно таму бил со Д.К.(29) и користеле метадон.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Скопје | пред 7 години

1

Џафери се сретна со Ципрас

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со премиерот на Република Грција, г. Алексис Ципрас, кој е прв грчки премиер што престојува во официјална посета на Република Македонија.На средбата присуствуваа и г-ѓата Атанасија Анагностопулу, алтернативен министер за надворешни работи на Република Грција и амбасадорот г. Димитрис Јанакакис, како и г-ѓата Ирена Стефоска, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција и г. Андреј Жерновски, заменик-министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија.Претседателот Џафери, оценувајќи ја средбата како историска, упати честитки до г. Ципрас и г. Заев за храброста и за преземените чекори со кои се надмина деценискиот спор меѓу двете држави и на тој начин се отвори патот за евроатлантска интеграција на Република Македонија, стратешка определба на државата и мнозинството нејзини граѓани.Како парламент, ги поддржуваме сите напори за преточување на договорната соработка во конкретни проекти, кои очекуваме да добиваат на интензитет во иднина, истакна претседателот Џафери.Тој укажа на фактот дека по стапувањето на сила на Договорот од Преспа, се воспоставува правна рамка која ќе овозможи парламентарна соработка на сите основи и во таа насока ги информираше присутните за упатената покана до неговиот колега Николаос Вуцис да оствари билатерална посета на Република Македонија, како и за упатеното барање до грчка страна за формирање на група за пријателство во Грчкиот парламент со Собранието на Република Македонија.Премиерот Ципрас, заблагодарувајќи се за дадената поддршка, истакна дека во изминатиот период се донесоа големи одлуки и се преземаа големи чекори, и во тој контекст, му честиташе на претседателот Џафери за смиреноста во водењето на институционалната постапка во однос на Договорот од Преспа, што го оцени како тежок процес и за Собранието на Република Македонија и за Парламентот на Грција.Тој изрази жалење за тридецениската празнина меѓу двата парламента и искажа очекување дека Договорот отвора можност за пополнување на таа празнина. Тој го информираше претседателот Џафери за прифатената понуда од страна на претседателот на Парламентот на Грција, г. Николаос Вуцис и изрази надеж дека истата наскоро ќе биде реализирана. Исто така, изрази поддршка на формирањето на група за пријателство во Грчкиот парламент, која ќе овозможи размена на идеи и искуства и зближување меѓу пратениците од двете држави, што ќе придонесе за зближување и на граѓаните од двете земји. Премиерот Ципрас упати особени честитки до коалиционата влада и особено до претседателот Џафери како претставник на албанскиот елемент во земјата за соодветното претставување на неговите интереси, како и во однос на можноста за користење на албанскиот јазик како официјален јазик во Собранието на Република  Македонија.Владата на Република Грција презема чекори за поддршка на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, бидејќи верува дека тоа е патот кој ќе обезбеди мир и стабилност што е важно и за народите на овие земји, нагласи Ципрас.Тој го увери претседателот Џафери дека Грција ќе даде сериозна поддршка и ќе биде партнер од доверба во остварувањето на стратешките цели на Република Македонија.Во однос на евроинтегративните процеси, претседателот Џафери упати благодарност за можноста земјата да стане членка на Јадранско-јонската иницијатива и за овозможениот премин во втората фаза на Процесот за стабилизација и асоцијација и го информираше соговорникот за заокружувањето на реформските активности на Собранието во однос на Планот 18, по што се очекува земјата да добие и конкретен датум за почеток за преговори за членство во ЕУ во јуни оваа година.Двајцата соговорници ја изразија поддршката за претстојните процеси во однос на донесување на потребната регулатива за примена на проеките кои произлегуваат од Договорот од Преспа, кои ќе налагаат максимална поддршка од страна на двата парламента. Успешноста на нивната реализација ќе им овозможи на граѓаните да се уверат во исправноста на претходно донесените одлуки од страна на политичарите на двете земји и ќе ја унапредат соработката во голем број области од заеднички интерес за двете држави и за нивните граѓани.

Македонија | пред 7 години

prestrelka

Пронајдена 18-годишната девојка која беше исчезната

На 02.04.2019 пронајдена е и предадена на семејството И.А. (18) од Скопје, за која на 01.04.2019 во Полициската станица Карпош од страна на мајката Ф.А.(44) беше пријавено дека се оддалечила од домот.

Скопје | пред 7 години

53245259_1681223482176943_4489936812415909888_n

НАЈНОВА ВЕСТ: Советот на Охрид изгласа историска одлука за раздолжување на градот

Советот на општина Охрид предмалку со 12 гласа „за“ ја изгласа одлуката со која на општината и се овозможува да потпишува спогодби за исплата на долговите со средствата за раздолжување на Охрид одобрени од Владата на Македонија.Седницата во текот на денов еднаш беше одложена бидејќи на неа не присуствувал советникот од ДУИ, а ВМРО ДПМНЕ најавило дека нема да гласа „за“ оваа точка, а на седницата гласаа воздржано.Од како било обезбедено мнозинство од 12 советници, оваа историска одлука на која се чекаше со децении беше изгласана.Наскоро се очекува на јавноста да и се обрати в.д. градоначалникот Константин Георгиески.Наскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

policija-123

19-годишен скопјанец нападнат во автобус

На 01.04.2019 во 19.30 часот во СВР Скопје, Џ.Х.(19) од село Семениште, скопско, пријавил дека истиот ден околу 19.10 часот, во автобус кој сообраќал од Скопје кон село Бојане, во близина на село Глумово бил физички нападнат од две лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

KIR_0837

Пожар во фабрика во Скопје, пет полицајци завршија во болница

На 01.04.2019 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено било дека во фабрика во село Трубарево, скопско, настанал пожар во фабрика за пластика. Поради задушување од чад, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени пет полициски службеници на кои им била укажана лекарска помош и биле пуштени на домашно лекување.Во 06.50 часот на 02.04.2019 пожарот бил изгаснат од страна Бригадата за противпожарна заштита.

Скопје | пред 7 години

prostitutklka

Ја принудувал сопругата на проституција, па таа го пријавила во полиција

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(29) од село Горно Орашје, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“.На 26.01.2018 во Тетово, пријавениот договорил средба со лице од Косово и ја однел неговата сопруга во зграда, каде таа на лицето за паричен надомест му дала сексуални услуги, по што парите му ги предала на пријавениот.На овој начин, пријавениот во неколку наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги, по што таа го пријавила во Полициското одделение Теарце.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања