Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

ukim-1

Акција за чистење на кампусот на УКИМ

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска започна акција за чистење на кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Почетокот на акцијата го означија директорот Абдусамед Шабани, градоначалникот на општината Центар, Саша Богдановиќ и директорката на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања, проф. д-р Бојана Наумовска.„Прашањето за неправилното одлагање на отпадот во Скопје е повеќедецениско и неговото решавање бара комплексен пристап. Потребни се научни истражувања за причините за несовесното однесување на граѓаните, но и казнени мерки.“ - посочи проф.Наумова, додека градоначалникот Богдановиќ ја поздрави акцијата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и изрази надеж дека овие активности ќе резултираат со почиста животна околина.„И покрај тоа што чистењето на институциите не е обврска ниту надлежност на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, наша одлука е да спроведеме вакви акции секаде каде што ќе согледаме потреба од наша интервенција. Во изминатиот период организиравме акции во повеќе образовни институции, беше исчистен дворот на студентскиот дом „Пелагонија“ и заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, а денес сме на кампусот на УКИМ. Ќе продолжиме со нашите интервенции секаде каде што ќе наидеме на црни точки каде што постојано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните.“- изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

Скопје | пред 7 години

GTC-4

Град Скопје и УНДП го зазеленуваат покривот на ГТЦ

ГТЦ во Скопје ќе добие зелен покрив. Местото каде што ќе никне новата зелена површина денеска го посетија градоначалникот Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар и Ѓоко Трајчевски, Директор на ГТЦ.- ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје. Со проектот „Зелен покрив на ГТЦ“ финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на нашите пријатели од УНДП, постојниот покрив кој сега е речиси неискористен ќе стане атрактивен простор со зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен живот. Освен во урбаниот развој на градот, овој проект ќе придонесе и за намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински острови, подобрување на квалитетот на воздухот и управувањето со врнежите – рече денеска градоначалникот Шилегов.Зазеленувањето на покривот на ГТЦ е дел од проектот со кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе го поддржи Градот Скопје во спроведувањето на Стратегијата за климатски промени - Отпорно Скопје.- Изградбата на зелениот покрив е една од многуте заеднички активности кои ги спроведуваат Град Скопје и УНДП со цел да се зголеми отпорноста на градот и да се обезбеди одржливост преку воведување нови иновативни технологии и решенија – изјави постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди. Со зазеленувањето на покривот на ГТЦ, делумно ќе се надомести загубеното зеленило во Малиот ринг коешто до 2017 година претрпе загуби повеќе од 30% од вкупната површина на крошните на дрвјата кои беа засадени во овој дел на градот.- Убеден сум дека со вакви конкретни чекори освен што ги враќаме посетителите во ГТЦ, полека го враќаме и модерниот сјај на Скопје со многу зелени површини и урбани содржини кои не носат чекор поблиску до целта Скопје конечно да стане зелена престолнина со која сите ќе се гордееме – нагласи градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Силјановска Давкова: Уставниот суд е орган кој што има надлежност да каже дали некој закон ќе се укине или поништи

Не постои стекнато право на неуставен начин. Значи јас направив една уставно правна анализа на овој закон низ призма на Рамковниот договор, низ призма на Уставот, но исто така и низ призма на двата најважни документи, европски, на кои и во Рамковниот договор се упатува, а тоа се Конвенцијата за регионални и малцински јазици и Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, истакна професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во интервју дадено за вестите на Сител телевизија.Силјановска Давкова истакна дека Уставниот суд е тој кој што кажува дали нешто е уставно или неуставно, односно тој е орган кој што има надлежност да каже дали некој закон ќе се укине или поништи.

Македонија | пред 7 години

ojo

ОЈО започната постапка против едно лице заради нанесени телесни повреди на сопствената мајка

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 17.02.2019 година, во семејниот дом во с. Визбегово, во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал неговата мајка, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото. Потоа, тој со двете раце ја давел оштетената, ја турнал на земјата и продолжил да ја удира со што и нанел телесни повреди.Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои реална опасност осомничениот да го повтори кривичното дело или да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

пред 7 години

Slika-Kosta-13-01-2019

По обелоденувањето на низа партиски вработувања - паднаа првите оставки, опозиијата пак вели има нови случаи на непотизам

Мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов се повлекува од работното место во Централниот регистар во Струмица. Фанија Костадинова, си поднесе отказ од работното место.Оставката доаѓа по најавата на премиерот Заев дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од своите работни места. Дали ќе има и други оставки, се уште не се знае.Последен пример на непотизам кој беше обелоденет во јавноста се вработувањата на снаата, синот и братот на пратеничката на СДСМ од Радовиш Милева Ѓоргиева.И Министерот задолжен за јавната администрација денеска потврди дека роднините на функционерите во власта ќе си заминат од новите работни места откако пред една недела јавно праша, каде да се вработат луѓето од СДСМ ако не во државните институции.И додека се чека роднините на луѓето од власта да дадат отказ на новите работни места, опозицијата обвинува за серија нови случаи на непотизам.

Македонија | пред 7 години

miniter

Министерот Едмонд Адеми на средба со Данскиот министер за имиграција, интеграција и домување, Ингер Стојберг

Во рамките на официјалната посета на Кралството Данска, министерот задолжен за дијаспората во Владата на Република Македонија, Едмонд Адеми, денеска оствари средба со Данскиот министер за имиграција, интеграција и домување, г-ѓа Ингер Стојберг.На средбата, Министерот Адеми ја истакна одличната билатерална соработка помеѓу двете земји, која се карактеризира со пријателство и разбирање и го запозна својот соговорник со последните постигнувања на Владата на Република Северна Македонија за изградба на праведно и инклузивно општество, засновано врз владеењето на правото и демократските вредности. Посебно се осврна на надворешно политичките приоритети, потенцирајќи ја историската година на РСМ со затварање на најчуствителното билатерално прашање со Грција, и ги остранивме сите пречки за членство во двата големи сојузи, НАТО и ЕУ.Министерто Адеми изрази благодарност кон Кралството Данска за континуиранта поддршка во ЕУ и НАТО интеграците на РМ и очекување дека набргу ќе следи ратификација на пристапниот протоколот за членство на РМ во НАТО во Данското Собрание. Министерот во врска со ЕУ интеграциите на РМ ја пренесе подготвеноста на Владата за исполнување на сите неопходни критериуми за почнување на процесот за преговори со ЕУ и истакна дека поддршката од страна на Данска за европската иднина на Македонија е од исклучително значање.Министерот Стојберг, упати честитки до владата на РМ за потпишувањето пристапен протокол за членство на РСМ во НАТО, и ја реафирмираше поддршката на Данска во реализација на стратешките цели на РМ и реформските процеси, при што ја охрабри Владата на РМ да продолжи со превземените клучни реформи со цел добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ во јуни.Меѓудругото, министерот Стојберг ја потврди добра соработка меѓу двете земји и ја истакна подготвеноста на Данска за натамошно пренесување искуства и помош во фокус на стабилноста и реализација на приоритетните реформи за членство на РМ во ЕУ, и истакна дека Данска во скоро време ќе го ратификува и протоколот за челнство на РМ во НАТО.На средбата, беше разговарано и за предизвиците и интегрирањето на македонската дијаспора во Данска, при што Министерот Адеми информираше дека како министер задолжен за дијаспората очекува во соработка со министерот Стојберг и други соодветни институции на Данска, преку идни заеднички контакти и активности да се зголеми ангажирањето и инволвирање на нашата дијаспора во политичките,економските,културните и образвовните процеси во Данска.Двете земји изразуваат подготвеност за интензивирање и унапредување на билатералните односи и соработка во сите сфери од заемен интерес.

Македонија | пред 7 години

karl-lagerfeld

Почина модниот креатор, Карл Лагерфилд

Познатиот германски моден креатор, Карл Лагерфилд, почина денеска во Париз во 86-тата година од животот. Лагерфилд беше прв човек на одделението за дизајн на модната куќа „Шанел“.Поради влошената здравствена состојба, Карл пропуштил неколку модни ревии на кои беше очекувано да се појави. Тој бил однесен во болница вчера, а почина денес. Пропуштил две ревии на „Шанел“ во Париз на 22 јануари, но компанијата тогаш изјави дека бил уморен и затоа не се појавил. Ова било првпат да пропушти ревија на „Шанел“.Карл претседаваше со „Шанел“ повеќе од три децении, успевајќи да создаде по осум колекции годишно.Светски познатиот дизајнер бил роден во Хамбург 1933 година, во богато германско семејство. Модна икона стана во 1983 година, кога ја претстави својата прва колекција за модната куќа „Шанел“.Засега не е познато кој ќе го наследи, иако се шпекулира дека на чело ќе застане Вирџини Виард, директор на креативното студио на „Шанел“.

Магазин | пред 7 години

policija-traka

Обљуба врз лица со тешка интелектуална попреченост, чинот некој го снимал со мобилен телефон

Пред неколку дена во битолското село Кукуречани врз С.К., лице со тешка интелектуална попреченост, била извршена обљуба од П.К., исто така лице со тешка интелектуална попреченост. Делото било снимено со мобилен телефон од страна на други лица.Случајот во полиција вчера го пријавил З.К (44) од село Кукуречани, татко на С.К.Веднаш се преземени соодветни мерки и од слобода е лишен А.Т. (19) од село Габалавци, кој е задржан во СВР Битола и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се наведува во денешниот МВР-билтен.Полицијата презема дополнителни мерки во врска со случајот.

Македонија | пред 7 години

uvid-2

Сметки пред домот на возачот на „автобусот на смртта“, каде е тој?

Возачот на автобусот наречен „автобус на смртта“, во кој загинааа 15 лица a триесетина се повредени, меѓу кои им и критично, не е во својот дом. Тој со неговото семејство го напуштил домот веднаш по сообраќајната несреќа?Дека никој нема во домот говорат насобраните писма и сметки кои висат на влезната врата.Од Јавното обвинителство, најавија дека деновиве ќе го повикаат да сведочи и возачот на автобусот. Во тек е вештачењето на автобусот, патниците веќе се сослушуваат.

Македонија | пред 7 години

mladi-lekari

Вработување на младите лекари и зголемување на платите на здравствениот кадар во јавно здравство

Информираме дека студентите кои завршилe Медицински факултет, по завршување на студиите ќе добијат можност за практична работа во здравствените домови во Република Северна Македонија. Ова е последна новина во низата промени за повисок стандард и подобри услови на здравствените работници во земјава.- Како што најавивме пред неколку дена успеавме да направиме модел каде секој студент ќе добие можност за практична настава во здравствените установи. Ова е само еден од многуте чекори кои ги презема Министерството за здравство за подобрување на условите на медицинскиот кадар во земјава, изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче по средбата со трите здруженија на лекари специјализанти.Претставниците од здруженијата ги поддржаа предлозите на министерот и се согласија да бидат дел од процесите со кои ќе се реализира предлогот сите лекари штом ќе добијат лиценца, веднаш да им се даде можност 6 месеци да добијат платена практична работа во Итната медицинска помош, во вакциналните пунктови и поливалентните патронажни служби.Министерството за здравство од јануари годинава ја зголеми и основната плата на здравствените работници, здравствените соработници и помошниот технички персонал во здравството. Зголемувањето се движи од 5 до 10 проценти, при што кај лекарите-специјалисти е 10%, за медицинските сестри на клиниките-8 проценти, а останатите медицински сестри добиваат зголемување од 5 проценти. Сите останати здравствени работници добиваат 5-процентно зголемување. За администрацијата во здравството, пак, е предвидено зголемување на основната плата од 5%, од септември, годинава.Коефициентот за дежурства е коригиран во сооднос со зголемената основна плата при што надоместоците за дежурствата на лекарите остануваат на исто ниво како што било пред зголемување на основната плата.Како дополнување на мерките за подобрување на состојбата, Министерството за здравство, минатата година првпат обезбеди и средства за вложениот труд на специјализантите. Тие сега земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.Овие чекори овозможија привлекување нови кадри во јавното здравство, каде само минатата година се вработија 3,200 здравствени работници.- Со ова отвораме можности и работни места за граѓаните и лекарите својата иднина да ја гледаат тука, во Република Северна Македонија. Изборот е тука, во нашата држава. Создаваме средина за работа каде секој ќе може да се надградува, да оди напред во својата професија. Со зголемувањето на платите во здравството за вршителите на здравствена дејност значително се подобрува и унапредува статусот на здравствените работници што Министерството за здравство го почна етапно и го реализира според предвидениот распоред. Ова е уште едно дополнување на вреднувањето на трудот на здравствените работници, со цел да се поттикнат и да се мотивираат, својот придонес да го дадат во подобрување на здравствениот систем на државата”, додаде министерот Филипче.Министерот Филипче посочи дека ова е само почеток на менување на состојбите во здравството - граѓаните заслужуваат врвна медицинска нега, а докторите достојни услови за вршење на својата дејност.

Македонија | пред 7 години

planina-2

Специјален телефонски број за поголема безбедност на планина

На прес конференција што денес се одржа во зградата на општина Охрид  беше објавен и промовиран скратен број 13 112 за СОС повици кон планинската спасителна служба. Со тоа  Охридскиот регион станува  пионер во државава  во  воведување на  побезбеден систем  при движење на планина.Според в.д . градоначалникот Константин Георгиевски станува збор за проект  кој битно допринесува во   развојот на планинарството како рекреативен спорт од една страна и развој на  планинскиот и алтернативен туризам како сериозна стопанска гранка од друга страна.-Охрид може високо да се позиционира на светската туристичка мапа доколку  туристички пулсира во текот на целата година, а не само во лето. Нашите стремежи се токму тоа со низа содржини и претходно предвидени проекти да развиваме, авантуристички, здравствен конгресен и други видови туризам. Нема сериозен развој на  планинскиот и алтернативен туризам без зголемување на безбедноста при движење на планина.  Затоа проекти од ваков тип се многу битни за сите нас. Сведоци сме на неколку немили настани низ македонските планини во изминатите години. Безбедноста при движење на планина е она кон кое сите се стремиме , а токму воведувањето на телефонскиот број за СОС повици многу допринесува во таа насока. Како општина и понатака ќе подржуваме и ќе создаваме услови за развој и на други проекти кои ќе овозможат развој на различни видови туризам. Тогаш кога  сите ние ќе сфатиме дека  туризмот навлегува во сите пори од приватниот и општествениот живот  на локално и државно ниво  и кога сите  во своите сегменти на дејствување ќе допринесуваме во развој на различните видови туризам ќе успееме да го изградиме  Охрид во сериозна туристичка дестинација посакувана за туристи од цел Свет– истакна  Георгиевски кој посочи дека Центарот за управување со кризи на Р. Македонија во моментов  работи на имплементација на  еден единствен СОС број којшто ќе ги интегрира сите итни служби во Р. Македонија за коишто има добиено грант.– Ќе има еден центар во Скопје и осум градови во Македонија во кои влегува и Охрид. Во фаза сме на изнаоѓање на просторно решение за сместување на тој центар кој ќе биде во старата касарна „Михајло Апостолски“каде ќе се дислоцираат пожарната и  полиција. Кога тој центар ќе профункционира овој број 13 којшто е префикс при СОС повик кон планинската спасителна служба ќе  се тргне и ќе остане само 112 што значи дека и планинската спасителна служба ќе биде интегрирана во целиот тој систем којшто ќе го раководи еден центар во Скопје под раководство на Центарот за управување со кризи- додаде Георгиевски.Антонио Додески од спасувачката служба на планина при Црвен Крст укажа на важноста на проектот и посочи дека во тек се  градежните активности за оформување на центарот за спасување на планина каде ќе бидат сместени тренинг  и оперативниот центар.– Понатаму ќе работиме на уште поиновативни начини за брзо повикување помош и лоцирање преку развивање мобилна апликација за паметните телефони, преку посебен софтвер со којшто ќе ги детектираме локациите на местото на несреќа. Но во овој момент како прв чекор во пресрет на  туристичка сезона е точно овој број кој го промовираме денес – подвлече Додески.Претседателот на Црвен Крст – Охрид, Сашо Точко истакна дека проектот е резултат на добрата соработка на спасувачките служби со сите надлежни институции, пред се  со покојниот градоначалник  Јованоски  и со актуелниот  кои дале безрезервна поддршка во реализација но овој проект.Телефонскиот број  за СОС повици во случај на планинска несреќа е дел од проектот „Регионот Охридско Езеро- безбедна дестинација за авантуристички туризам и е финансиран од Европската Унија. 

Македонија | пред 7 години

memorandum

(ВИДЕО) Македонија и Грција ги намалуваат цените во роаминг - потпишан меморандум за разбирање

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Република Грција, Никос Папас, на денешната прес конференција потпишаа Меморандум за разбирање за намалување на цените во роаминг.Како што истакна министерот Манчевски, Договорот од Преспа не значи само решавање на политички проблем. Со потпишувањето на договорот, се отвораат многу перспективи за граѓаните и бизнисите од двете земји. Ова е првата билателарна иницијатива, а ќе следат и други.„Утрово имавме работен состанок со министерот Папас, директорот на АЕК, Сашо Димитријоски и заменик директорот на Грчката комисија за телекомуникации и пошти, Спирос Пантелис. На состанокот заклучивме дека се отстранети сите пречки и дека постои политичка волја од двете страни за продлабочување на соработката. Се согласивме дека максималните цени на роаминг услугите треба да се намалат до нивото на оние цени што се применуваат во Европската унија. Со меморандумот се предвидува динамичко намалување на големопродажните и малопродажните цени во роаминг услугите. Наша цел е до почетокот на летната сезона, граѓаните на двете држави да ги почувствуваат првите намалувања на цените. Следниот чекор е целосно укинување на роамингот“, информираше министерот Манчевски.„Многу сум радосен што сум веќе втор ден тука и што имавме можност да разговараме за иднината. Би сакал да потцртам дека имавме одлично гостопримство, што докажува дека сме стратешки партнери. Работа на владите е да го направат Договорот од Преспа договор за луѓето, договор кој произведува резултати којшто го подобруваат животот на луѓето и од двете страни. Договор којшто ги подобрува можностите за комуникација, за транспорт, економските можности. Драгиот пријател Дамјан кажа конкретни работи за Меморандумот којшто го потпишуваме денеска, сакам и јас да потврдам во име на Република Грција дека сме спремни да ги преземеме сите легални мерки, сите правни мерки и сите алатки, со цел граѓаните на двете земји многу брзо и пред туристичкиот период, да видат намалување во сметките за телекомуникација. Би сакал исто така да кажам дека е очигледно дека регулаторните органи од двете страни се спремни да ги стават во сила, да ги употребат законите, како што се изработени или доколку е потребно да се прилагодат за да се оствари овој Договор. Оваа посета беше многу корисна и имавме можност да разговараме и за многу други теми", потенцираше министерот Папас.Северна Македонија веќе има искуство од придобивките кои произлегуваат од намалување на цените во роаминг. Склучувањето на спогодбата со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина покажа дека ваквите мерки придонесуваат за зголемен обем на сообраќајот на роаминг услугите, особено пристапот до мобилен интернет во роаминг. Се очекува дека истите ефекти ќе се постигнат и за корисниците кои ќе ја посетуваат Грција.

Македонија | пред 7 години

pecat-pasos

Во Грција неможе само со печат во пасошот – мора да пополните и бело ливче

Примената на штембилот кој го содржи името Северна Македонија и кој треба да се втиснува во македонските пасоши не функционира на граничниот премин Евзони меѓу македонско- грчката граница. Екипа на ТВ Телма која утринава се обиде да ја помине границата кон Грција јави дека печат со новото име на државата кој се втиснува во пасошите – не функционира.Од грчка страна и понатаму се бара пополнување на белите ливчиња, јави Телма.А што ќе се допише на белото ливче штом ја премините границата?

Македонија | пред 7 години

2658817F-5FEA-41E5-B626-ADC9BE0894B3

Мицкоски: Јас го земам бајракот со секој еден од вас и ви велам- ќе победиме

На Македонија и е потребна надеж, светлина, демонстрација на тоа дека може поинаку, и дека не е се загубено, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на конвенцијата во Струга каде се избира партиски кандидат за претседател на државата за претстојните избори што ќе се одржат на 21 април, годинава.-Јас го земам бајракот, со сите еден од вас, подеднакво како и вас, до вас и со вас, и ви велам, ќе победиме. Ве гледам во очи и ви велам, ќе победиме! Ќе ги донесеме промените кои се потребни, а Македонија ќе ја сочуваме. Ќе донесеме подобро утре, со план и со стратегија, со срце и со длабок разум, за нашата земја, рече Мицкоски и додаде:„Македонија повеќе нема време за губење, и нема повеќе причини за залудно трошење на уште животи за да чекаме да дојде подобро. Тоа мора да биде сега. И имаме огромна причина за сето ова, имаме огромен мотив за нашата борба. Нејзиното име го изговараме со огромна почит и емоција која доаѓа од нашето срце и која допира и до нашите корени, нашите дедовци и прадедовци,  она што сме,  збор кој и во 21-от век ни создава немири. Но ние ќе опстоиме за Македонија! За Македонија! За честита Македонија!“.

Македонија | пред 7 години

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе избере претседателски кандидат

ВМРО-ДПМНЕ денеска на конвенција во Струга ќе избере претседателски кандидат од деветмината кои се пријавија на огласот.Изборот ќе го направат вкупно 551 делегат пријавени на партискиот конгрес.Кандидатите меѓу кои ќе избираат се:Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на  Извршен Комитет  на ВМРО-ДПМНЕ.Гордана Силјановска Давкова, редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.Никита Шекутковски, Доктор на математички науки и редовен професор на Природно математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика.Ѓорѓи Манасков, машински инженер и Претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.Васко Костов, фармацевтски техничар.Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ  во Скопје.Филип Петровски, Д-р на политички науки и поранешен директор на Државниот Архив на Република Македонија.Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и Претседател на ЗЕЛС во еден мандат.Сашо Кутлешовски, Д-р по земјоделски науки.

Македонија | пред 7 години

mile-zecevic

„Пелистерка“ го предложила Миле Зечевиќ, за член на Надзорен одбор во Стопанска Банка Битола

„Пелистерка“ преку Македонската берза објави дека предлага Миле Зечевиќ, надорешен соработник за адвокатски услуги на премиерот Зоран Заев да стане член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола објави порталот ИРЛ.МК.Порталот пишува дека адвокатот и советникот на премиерот, Зечевиќ ќе биде предложен на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола на наредното Собрание на акционери што ќе се одржи на 13 март. Зечевиќ за оваа функција со мандат од четири години.Миле Зечевиќ работи како адвокат и е долгогодишен член на раководството на СДСМ. Беше директор на УБК, шеф на изборниот штаб на партијата на последните локални избори во 2017 година. А, со доаѓањето на СДСМ на власт, премиерот Зоран Заев го именуваше за негов надворешен советник за адвокатски услуги.Освен Зечевиќ, други предлози на „Пелистерка“ се Дејан Панделески, Иванчо Велјановски, Александра Радевска, Илија Тозија и Игор Камбовски.Како член на Надзорен одбор Миле Зечевиќ ќе добива по 50.000 денари месечен паушал и ќе носи одлуки заедно со Панделески и Тозија.Текстот во целост на ИРЛ.МК

Македонија | пред 7 години

uvid-2

Сопственикот за ТВ 24: Морално се чувствуваме одговорни за она што се случи

Морално се чувствуваме одговорни за она што се случи, вели во интервју за ТВ 24 Дурмиш Белили, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, чиј автобус излета од патот Скопје- Тетово кај Ласкарци, при што загинаа 14 патници, а 37 се повредени.Белули вели дека веднаш по несреќата, одговорно лице за возниот парк во компанијата стапило во контакт со возачот, кој како што вели бил свесен и одговорил дека ја изгубил контролата. На повторното прашање, дали ја изгубил контролата врз автобусот, тој одговорил дека самиот ја изгубил контролата.-Веројатно станува збор за неговата здравствена состојба. Автобусот се движел 200-300 метри и нема трага на кочење, нема реакција на возачот, вели Белули за ТВ24.

Македонија | пред 7 години

uvid-2

Техничкиот преглед на автобусите од „Дурмо турс“, се вршел во АМ здружение Гостивар - сопственост на истите газди

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед на возилата. Компанијата ги праќала автобусите во Авто – мото здружение Гостивар кое е во сопственост на истите газди.Според Државниот инспекторат за транспорт и врски велат дека компанијата уредно поседувала 4 лиценци за превоз, 2 за внатрешен и 2 за надворешен транспорт. Овие лиценци имаат рок на траење од 5 години, а техничките прегледи се вршеле два пати годишно.Основното јавно обвинителство Скопје кое ја води истрагата за оваа несреќа нареди со вештачење да се провери техничката исправност на автобусот.Во несреќата која се случи завчера загинаа 14 луѓе, над 30 се повредени од кои десетина потешко.

Македонија | пред 7 години

vinica-policija

Синот на командирот пијан се забил во полициската станица во Виница

Веќе шест дена нема никаква официјална информација за непотврдените информации дека командирот на полициската станица во Виница сторил сѐ да ја сокрие сообраќајната несреќа предизвикана од неговиот син кој бил во алкохолизирана состојба. Официјално од МВР за МКД.мк велат дека за овој случај била испратена внатрешна контрола и дека за наодите од контролата навремено ќе инфомрираат. И така е веќе четири дена, објави република.мк.Во билтенот на МВР на 9 февруари немаше таква информација.Додека внатрешната контрола безмалку една недела го испитува случајот, неофицијално станува збор за сообраќајка која се случила ноќта меѓу 8 и 9 февруари кога синот на командирот на полициската станица во Виница во алкохолизирана состојба со возило „Ауди а6“, удрил во зградата на полициската станица и оштетил други две возила.Таткото бил веднаш повикан по што не дозволил да се направи увид, да се пополни записник, да се информира МВР.Извор:republika.mk

Македонија | пред 7 години

filipce-cair

Од повредените пациенти 28 се на клиника, 5 мина критично, девојка може да остане без нога

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ги  посети повредените во трагичната автобуска несреќа, Десетмина од повредените, се во тешка здравствена состојба, а двајца во критична. Министерот изјави дека од 28 повредени, шест ќе бидат пуштени на домашно лекување.– Четворицата пациенти кои се сместени во КАРИЛ се во тешка состојба. Овие пациенти имаат сериозни повреди кои зафаќаат повеќе системи на човековото тело. Кај една млада пациентка на возраст од 20-тина години ќе се прави хирушка интервенција. Конзилиум сега се одлучува како ќе продолжи третманот на нејзината нога која тешко повредена и згмечена и постои можност да и биде ампутирана. Останатите пациенти имаат повреди на локомоторниот систем, на градниот кош и на стомакот, вели министерот за здравство Филипче, кој денеска ги посети повредените пациенти.Според директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, заради влошување на состојбата синоќа оперирани биле 15-годишното момче и 40-годишен пациент. Според директорт во моментов тие се стабилна состојба и се во Одделот за реанимација.истакна дека двајцата пациенти кои беа пренесени од Одделот за интензивно лекување, 15-годишното момче и 40-годишниот пациенти синоќа заради влошување на состојбата и губење на крв биле внесени во оперативниот протокол.    

Македонија | пред 7 години

sutka-zatvor

Осуденик избегал од истражниот затвор во Шутка

Осуденик на возраст од 34 години вчера избегал од истражниот затвор во Шутка. Информацијата за бегството на затвореникот ја потврдија и од МВР и директорот на истражниот затвор во Шутка.Според информации од затворот се работи за осудено лице со либерален третман кој престојувал во полуотвореното одделение и бил ангажиран во затворската кантина. Издржувал казна затвор од три години за нелегална продажба на петарди. Од казната му останувале уште 10 месеци. 

пред 7 години

Нема фотографија

Демонтиран и украден дел од фонтаната на плоштадот Магнолија

Во текот на вчерашниот ден, во раните утрински часови во битолската полиција било пријавено дека три малолетни лица оштетуваат дел од фонтаната на плоштадот Магнолија. По брзата реакција на полицијата, сторителите избегале од местото во различни правци. Од страна на припадниците на полицијата во близина на фонтаната, во паркот кај Градскиот часовник, е пронајдена едната украдена бакарна лента од бордурата на штитот на фонтаната во должина од четири метри.[caption id="attachment_27065" align="alignnone" width="992"] dav[/caption]Општина Битола уште еднаш упатува апел до жителите на градот, да не ги оштетуваат јавните придобивки кои им служат на сите граѓани, а истовремено претставуваат слика и белег на Битола за секојдневните посетили. Воедно, општината ги поздравува пријавителите на вакви настани и ги охрабрува истото да го прават и во иднина, со што би се спречиле или намалиле штетите од ваквите девијантни појави на несовесните граѓани.Голема благодарност општината упатува и до припадниците на СВР Битола, кои веднаш реагирале и не дозволиле штетата да биде уште поголема, како и за постојаната взаемна соработка со цел да се сочуваат јавните добра и придобивки за сите граѓани.

Македонија | пред 7 години

ubistvo-viena

И пукал во глава, па се самоубил – причина љубомора

(52) Жељко Б, државјанин на Босна и Херцеговина, синоќа, на улица во Виена, ја застрелал во глава поранешната девојка, Виолета Ј.(48), која има српско потекло.Како што пренесува австриски „Нaute“, Србинката е во кома и многу е веројатно никогаш да не се разбуди.Според полицијата, мотовот за злосторството е љубомора бидејќи парот раскинал, а девојката имала ново момче. Виолета работела како келнерка во „Кафе Ребека“, каде нејзиниот поранешен се појавил, нарачал пијалок и според очевидците, бил смирен и не правел проблеми.Но, кога нејзината смена завршила, околу 21 часот, Виолета го напуштила локалот, а тој ја следел. По кратка расправија на улицата, Жељко извадил пиштол и пукал во главата на жената, а потоа се самоубил.Според медиумите кога ја видел како паѓа, го свртел пиштолот кон себеси. Минувачите повикале брза помош.Според австриските власти  овој инциденет е злосторство од страст. Појаснуваат дека ова е осмо злосторство од страст од почетокот на годинава. 

Свет | пред 7 години

sud

Завршни зборови за „27 април“: Трајковски во Собранието влегол од радозналост

 На денешното рочиште за предметот „27 април“ на СЈО, повторно се даваа завршни зборови од дел од адвокатите на обвинетите во процесот.Обвинетиот Влатко Трајковски во Собранието на 27 април 2017 влегол од  радозналост, а не за да стори кривично дело, а пратениците и новинарите ги прскал со ПП апарат бидејќи бил исплашен и депресивно растроен,  рече адвокатката Билјана Стојановиќ во завршните зборови на денешното судско рочиште за „крвавиот четврток“.Според неа, за невиноста на Трајковски говореле и сведоците, а еден од нив посочил и дека помагал на една повредена пратеничка во нејзиното извлекување од Собранието.Адвокатката Стојановиќ рече дека Трајковски бил бранител од 2001 година и поради тоа имал депресивно растројство, при што не можел да ги контролира своите емоции и во Собранието со ПП апарат ги испрскал неколку пратеници, свесен дека со тоа нема да ги повреди.Таа од Судот побара ослободиделна пресуда за Трајковски, бидејќи, според неа, доказите на обвинителството не покажале дека тој го сторил кривичното дело.И адвокатката на обвинетиот Никола Митревски – Кољо, Маја Дојчиновска пред Судот истакна дека тој во Собранието влегол без фантомка и оти не превземал никакви дејствија.По изнесување завршни зборови од адвокатите на сите 17 обвинети во овој случај, можност да дадат завршни зборови ќе имаат и самите обвинети.Судскиот процес почна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. 

пред 7 години

133474234-105843-207971

Градежни работи од граничниот премин Долно Блаце - Хани Елезит сообраќајот во прекин

Ве известуваме дека заради изведување градежни работи сообраќајот на магистралниот пат од граничниот премин Долно Блаце - Хани Елезит кон Приштина ќе биде во прекин, почнувајки од денеска 15.02 (петок) до 22.02 (петок) во периодот од 08.00-11.00 и од 13.00 - 15,30 часот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања