Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

boja-rama

(ФОТО) Инцидент во Албанскиот прламент пред очите на Џафери - пратеник истури боја врз премиерот Еди Рама

Пратеникот од редовите на опозициската Демократска партија, Еди Палока, кој воедно и партиски потпретседател, денеска во албанскиот Парламент, истурајќи боја врз премиерот Еди Рама. Инцидентот се случил пред очите на претседателот на македонскот парламент Талат Џафери, кој присуствува на седницата.По барање на спикерот Грамоз Ручи, припадници на Националната гарда, кои се грижат за обезбедувањето, го отстранија Палока од собранската сала.Доплнително на Палока му е одредена казна за десетдневна забрана за влез во Парламентот.Инцидентот следуваше откако премиерот Рама, му се обрати на лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој повеќе зборуваше за „криминалот на Владата“ отколку за ратификација на Протоколот за членство на Македонја во НАТО, велејќи дека „детето не знае што прави и што зборува“ и оти не е момент за тоа, ниту поради трагедијата кај Карпалак, ниту поради значењето на точката на дневниот ред.

Свет | пред 7 години

zegin

Зегин донира 20.000 евра на семејствата на трагично загинатите патници и лекови

Компанијата Зегин по тешката сообраќајна несреќа којашто се случи вчера на патот Скопје – Тетово ќе додели еднократна помош во износ од 20.000 евра на семејствата на трагично загинатите патници.Во овие тешки мигови на повредените како и на семејствата на повредените и починатите патници Зегин нуди дополнителна помош ставајќи им го на располагање целиот потенцијал на Зегин во лекови и поликлинички услуги од својата поликлиника Зегин Медика.Сочувствувајќи со болката на семејствата на загинатите и повредени, Зегин ги повикува семејствата да се обратат за помош во нашата компанија. Компанијата Зегин им изразува сочувство на семејствата на загинатите патници и поскоро закрепнување на повредените лица.За подетални информации обратете се на контакт 02 3241600 и 078 206-087 mail:info@zegin.com.mk

Македонија | пред 7 години

makron

Франција треба да ни е пример барем со овој закон: Три години затвор за политичарите што вработуваат членови на семејството

Францускиот парламент го изгласа Законот за моралност во политичкиот живот, со кој се забранува политичарите да вработуваат членови на нивните семејства, што е прв поголем ваков потфат на претседателот Емануел Макрон.Законот забранува министри, пратеници и членови на локалните власти да вработуваат свои венчани или невенчани сопружници, родители и деца. Казната за ова е до три години затвор и 45.000 евра.Законот беше поддржан од 383 пратеници, тројца се спротивставија и 48 се воздржани. Членовите на владејачкото мнозинство аплаудираа по гласањето за законот.

Свет | пред 7 години

tatko

Татко веќе 15 часа е во потрага по својот син Седат Реџепи кој бил во „автобусот на смртта“

Татко веќе повеќе од 15 часа е во потрага по својот син Седат Реџепи, кој вчера бил во автобусот кој што излета од патот и се преврте, пренесе ТВ21.Таткото на Седат бил во сите болници, меѓутоа не може да го најде својот син и моли за помош за некаква информација.Тој вели дека син му не е на имињата меѓу загинатите, но во ниту една болница не може да го пронајде и нема информација што се случува со него.Седат се враќал од работа со автобусот кој околу 16 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово.Извор: Телевизија 21

Македонија | пред 7 години

avtobus-krov

Возачот на автобусот пуштен на домашно лекување

Од Градската општа болница „8 Септември“ информираат дека возачот на автобусот кој излета од патот Скопје-Тетово и се преврте 49-годишниот М.Т. од Гостивар имал телесни повреди, но се наоѓал во стабилна здравствена состојба по што е пуштен на домашно лекување.Од МВР вчера потврдија дека истражните органи извршиле разговор со него, но се уште не се познати причините за несреќата. Од јавното обвинителство велат дека увидот е во тек и дека со соопштение ќе излезат во текот на денот.

Македонија | пред 7 години

jovica-trpevski

Меѓу загинатите и кошаркар на КК Гостивар, Јовица Трпевски

Сообраќајната несреќа во која животот го загубија 15 лица ја шокира македонската јавност. Раководството на КК Гостивар денес со соопштение побара одложување на завршниот турнир од Купот на Македонија, објави gol.mk.Во големата несреќа животот го загуби и Јовица Трпевски, кој настапуваше за вториот тим на Гостивар.„Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град, Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот Куп на Македонија и бараме безусловно одложување на истиот. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов“, се вели во соопштението.Се очекува да се изјасни Македонската кошаркарска федерација, која веќе ги дефинира последните детали за организацијата на Куп-завршницата во Гевгелија.Извор: gol.mk

Македонија | пред 7 години

avtobus-krov

Колони возила чекаат - поради увид Автопатот Скопје-Тетово е повторно во прекин

Автопатот Скопје-Тетово е повторно во прекин поради увид. Сообраќајот се пренасочува, известуваат од АМСМ .

Македонија | пред 7 години

1-14

(ФОТО) Изгореа три автомобили на полигонот за мали спортови во Охрид

Околу 1 часот по полноќ на полигонот за мали спортови во Охрид изгореле 3 автомобили од кои еден делумно.Веднаш интерневнирала противпожарната служба .Неофицијално причина за пожарот била неисправна инсталација.

Македонија | пред 7 години

apel-krv

Апел: Потребнa e крв од повеќето крвни групи во ГОБ „8 Септември“

Градската општа болница „8 Септември“ има ниски резерви од повеќето крвни групи.„Со цел да се превенира појава на повици за обезбедување на крв, Ве повикуваме да го направите своето дарување во ГОБ секој работен ден од 08.30 до 13.30 часот“, се вели во повикот.

Македонија | пред 7 години

26171814_1733926339974453_571911545721755110_o

Одложена изведбата на мјузиклот Мама Миа

Изведбата на мјузиклот MAMMA MIA! која беше планирана да се изведе по повод денот на виното и вљубените на 14-ти февруари во 20 часот, се откажува поради прогласен ден на жалоста.„Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите кои публиката ги купи за изведбата на 14-ти февруари, ќе важат за изведбата на 11-ти март.НУ Македонски народен театар изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите“, известуваат од Македонски народен театар.

Македонија | пред 7 години

mediumi14

АВМУ ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата

Поради големиот број човечки животи загубени во вчерашната трагична сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје – Тетово, 14 и 15 февруари се прогласени за Денови на жалост.„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата, така што музиката ќе биде од жанрови соодветни за денови на жалост. Воедно, емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи за други денови од седмицата. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање.Јавниот радиодифузен сервис и радиостаниците кои доброволно пријавиле дека ќе емитуваат одреден процент домашна музика од македонски автори и автори на етничките заедници, на 14 и 15 февруари се ослободуваат од оваа обврска“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

prilep-opsta-bolnica

(ВИДЕО) Густ црн чад излегува од оџакот на општата болница Прилеп. Што се гори таму?

Денеска на Фејсбук страната на O2 Иницијатива, се појави видео преку кое се покажува како се загадува Прилеп.https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/604524469992552/„Црниов чад секое сабајле излегува од Општата болница во Прилеп. Ист случај со болницата во Чаир. Двете се греат на мазут.Во земјава има над 60 здравствени установи кои се греат на мазут, нафта, дрва, вклучително и специјалните болници за белодробни заболувања. На никој во државава очигледно не му е проблем луѓе, деца со белодробни заболувања да се лечат во болници кои употребуваат на тони нафта за греење.Најавена е гасификација за оваа година на три болници, во Чаир, Струмица и Куманово. Другите здравствени установи со ова темпо ќе го сменат начинот на греење за едно 20 години.Планот за чист воздух, во пракса“, напишаа на ФБ од О2 иницијатива.Инаку веќе неколку месеци неколку градови од Македонија се најзагадени во светот. Граѓаните револтот постојано го искажуваат преку социјалните мрежи. Тие се жалат дека ги печат очите, неможат да дишат и чувствуваат специфичен продорен мирис.Граѓаните бараат од властите засилени инспекциски контроли.А власта пак меѓу итните вонредни мерки кои ги донесе е и садење садници и засилени инспекциски контроли.

Македонија | пред 7 години

njtrtr

Денеска е Св. Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите

Денес се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите.Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана којашто не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…)Светиот маченик Трифун е роден околу 225 година во Кампсада, во малоазиската област Фригија, во близината на градот Апамија. Неговите родители биле христијани и уште рано кај него ја поттикнале љубовта кон Христовата вера. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност. Со Божја помош лечел болни од разни болести и од луѓето ги бркал лошите демони. За неговите чуда се раскажувало во целата империја поради што бил викнат во Рим кај царот Гордијан, кого што во тоа време го снашла голема несреќа, бидејќи ќерка му Гордана се разболела од душевна болест и не можел да ја излечи ниту еден лекар во империјата. Во еден момент нечистиот дух од неа проговорил дека никој не може да го избрка освен Трифун. Најпосле, по Божја промисла во Рим пристигнало и младото, 17-годишно момче од Кампсада, коешто за кусо време ја излечило царската ќерка и се стекнало со уште поголема слава. Од царот било дарувано со многу дарови кои на враќање им ги разделило на сиромасите.Свети Трифун со маченичка смрт умрел за време на царот Децие кога бил вршен голем прогон на христијаните. Од обласниот римски царски намесник по име Аквилин бил повикан да дојде во Никеја каде што било седиштето на обласната управа и му било предложено да се откаже од Исус и на римските богови да им принесе жртви. Трифун го одбил тоа поради што бил многу мачен. Бил обесен на дрво и тепан со прачка, потоа бил врзан за опашката од коњот и влечен низ полето, а кога и со тоа не го заплашиле го осудиле да му биде пресечена главата со меч. Но пред да биде извршен тој чин, додека војниците го воделе надвор од градот, Трифун се молел на Бога да му ја земе душата и кога дошле на местото за егзекуција тој ја предал душата пред мечот на џелатот да падне на неговиот врат. Тоа се случило на 14/1 февруари 248 година (според други во 250 година), кога имал само 21 година. Локалните верници го погребале на своите гробишта, но тој им се јавил на сон и посакал да биде погребан во своето село. Оваа желба му била исполнета и подоцна моштите му биле пренесени во неговото родно село.Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Во некои краишта на Македонија како што се Охрид и Прилеп празникот е познат и како свети Трипун (или Триун) ‒ пијаница. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување.Во скопско, како што забележал М. Кратовалиев, во запис од деветнаесеттиот век, на тој ден по црквите крштевале вода, и од таа вода секој селанин си носел по лозјата заедно со пепел. Во лозјето ќе турел малку од пепелта и ќе полеел од крстената вода. Водата ја поливал за да има бериќет, а пепелта за да „испрхнува“, т.е. да бидат поголеми зрната на гроздовите. Потоа закројувале по неколку лозинки, по што седнувале, се гоштевале и правеле големи веселби.

Македонија | пред 7 години

lozarii

Кавадарци, Неготино и Демир Капија и ги откажуваат сите настани за „Св.Трифун“

Кавадарци ја откажа денешната манифестација по повод Свети Трифун поради тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово.„Ова е голема трагедија за нашата земја. Во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа.   Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Кавадарци и граѓаните изразуваат  длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените“, велат од локалната самоуправа. Исто така културно уметничките програми ги откажаа и Демир Капија и Нготино.

Македонија | пред 7 години

foto-1-

Филипче утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната сообраќајна несреќа

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово.Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода дел од Хиподром и Инџиково

Денес поради изведување на водоводен приклучок ф-250мм во близина на тренинг камп Вардар(населба Хиподром), прекинато водоснабдување ќе имаат на дел од населбите Хиподром и Инџиково.Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Три лица со полесни повреди во три сообраќајки во Скопје

Три лица се полесно повредени во три сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во две сообраќајки е причинета материјална штета.Според билтенот на СВР Скопје, евидентирани се 14 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени седум возачи кои биле под дејство на алкохол, седум возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и четворица возачи почетници.Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 14 нерегистрирани возила.На црвено светло поминале осум возачи, 11 користеле мобилен телефон додека возеле, а петмина не носеле сигурносен појас.Изминатото деноноќие издадени се и 99 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 92 возила.Одделението за превенција денеска треба да одржи посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани кои во својство на пешаци направиле различни прекршоци.

Скопје | пред 7 години

antonijo-milosovski

Милошоски: Македонија тагува за Јовица, Абаз, Верица, Сафије, да се помолиме никогаш да не се повтори

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски преку социјалните мрежи изрази сочуство до семејствата на загинатите и до неговиот колега од СДСМ кој го загуби синот.„Македонија тагува за Јовица, Абаз, Верица, Сафије! Трагедија однесе животи. Злокобите несреќи не не распознаваат по нација. Заедно да се помолиме и никогаш да не се повтори“ напиша тој.  

Македонија | пред 7 години

nesreka-1

15 загинати од автобуската несреќа, уште едно лице почина ноќеска

Уште едно лице почина ноќеска, со што бројката на загинати од автобуската несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово, се искачи на 15 лица.несреќата се случила кога автобус на гостиварската фирма „Дурмо турс“ со преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.На местото на настанот загинаа 7 , а подоцна на тешките повреди им подлегнаа уште 8 патници.Во 12 часот денеска вонредна седница по повод трагичниот настан ќе одржи Општина Гостивар. Се очекува советниците да донесат одлука за прогласување тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.Денеска и утре, 14 и 15 февруари, се прогласени за денови на жалост. 

Македонија | пред 7 години

nesreka-3

(ВИДЕО) Сведоштво на еден од патниците: Многу брзо се случи се, додека се освестивме, веќе бевме превртени

Еден од повредените во вчерашната автобуска несреќа, за медиумите раскажа како се случила сообраќајката.„Многу брзо се случи се, наеднаш како да изгуби контрола автобусот, од едната лента во другата и паднавме долу, тоа траеше неколку секунди. Додека се освестиме веќе бевме превртени, во многу лоша состојба се сите. Полн беше автобусот, од работа доаѓавме, тоа е најфреквентната линија, до последно место беше полн автобусот“ сведочи повредениот во изјава за ТВ Клан.https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/402400457181489/

Македонија | пред 7 години

nesreka-3

Сведок: Со мои раце извадив 4 мртви и 2 повредени од собраќајната несреќа

На социјалната мрежа Твитер, сведок раскажува како со свои раце извадил мртви тела од автобусот кој летна во провалија.„Со мои раце извадив 4 мртви и 2 повредени од собраќајната несреќа во карпалак,во такви моменти не размислуваш дали е Албанец, Македонец, Ром, во такви моменти човек се покажува колку е човек, секоја чест и за селаните на тие села да не беа тие катастрофата ке беше уште поголема.“https://twitter.com/ViktoryyVeb/status/1095750469220216832

Македонија | пред 7 години

filharmonija

Македонска филхармонија го откажа концертот поради сообраќајната несреќа

Концертот „Моја љубов“, кој требаше да се одржи денес е откажан поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје - Тетово.„Почитувани, Македонската филхармонија со жалење и огромна почит кон починатите во трагичната сообраќајна несреќа кај Карпалак и кон нивните семејства го откажува утрешниот концерт „Моја љубов“. Датумот на кој ќе биде одржан концертот ќе биде дополнително објавен. Слава им“, стои во дописот на Македонската филхармонија.

Македонија | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски: Сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил изрази сочувство за загинатите во тешката сообраќајка што се случи на патот Скопје – Тетово.„Со длабоко жалење и неверување ја примив страшната вест за автобуската сообраќајна несреќа.Искрено сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите.Нашите молитви се со семејствата на настраданите и повредените од оваа страотна несреќа.ВМРО-ДПМНЕ со своите расположливи капацитети стои на располагање да помогне“, напиша Мицкоски.Длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово, изразија и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

Македонија | пред 7 години

edi-rama-696x523

Еди Рама: Жал за трагедијата на автобусот, духовно сме покрај сите семејства

По тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, албанскиот премиер Еди Рама преку својот Твитер профил изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.„Жал за трагедијата на автобусот во соседната земја Северна Македонија, каде што бројот на жртви и повредени шокираа и вознемирија толку многу семејства. Ние духовно сме покрај сите семејства и целата пријателска земја“, напиша Рама.

Македонија | пред 7 години

avtobus-krov

(ВИДЕО АЛСАТ) Најнова вест: Се преврте автобус нa автопатот Скопје - Тетово

Несреќа на автопатот Скопје - Тетово, кај селото Ласкарци. Гостиварски автобус полн со патници се излизгал, излетал од патот откинувајќи ги еластичните огради и се превртил на кров.https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/814386565560342/ Видео АлсатНаскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања