Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

51541516_10218566128769419_5264583126876684288_n

Исчезнат е Алибен Абдул, семејството трет ден трага по него

Исчезна Алибен Абдул кој последен пат е виден во петокот (01.02) во 10 часот како излегува со количка за на пазар со тркалца. Семејството и пријателите се во потрага насекаде веќе трет ден.„Носи црна монтка, плав џемпер и плава кошула, црни панталони и окер боја чизми со врвки. Носи и црна ташна торбица за преку рамо. Излезен е без сите лични документи, без новчаник и телефон. Висок околу 1.67, тежина околу 68 кг, има зелени очи и проседа коса. Контактибилен е, нема губиток на меморија или ориентација во простор. Случајот е пријавен во полиција. Оние кои можеби ќе го забележат да се јават на некој од следниве броеви: 077602-032; 070814060; 077631120“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Хаос има само во ВМРО-ДПМНЕ, полицијата работи професионално, граѓаните се безбедни  

ВМРО-ДПМНЕ е во хаос, целосно загубена во сопствените деструкции и лажните вести, велат од СДСМ.„Коалиција со криминалот, неказнивоста и селективноста во постапувањето беа одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.МВРО-ВМРО е минато, нема повеќе злоупотреба на полицијата во лични или партиски цели.По преземените реформи, полицијата работи професионално, ефикасно и во обезбедување на мирот и безбедноста. Се постпаува по секое прекршување на законите и против сите кои постапуваат незаконски се поднесуваат кривични пријави до надлежните обвинителства.Конфузното ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да внесе вознемиреност во јавноста, граѓаните се безбедни и сигурни. А тоа е потврдено и со анкетата на ОБСЕ кадешто 75 отсто од граѓаните се изјасниле дека се чувствуваат безбедно“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

mavrovo-1

(ВИДЕО) Каде и како ужива премиерот Заев - овој викенд на скијачките стази во Маврово

Премиерот со десетици моторни санки овој викент во ски центарот Маврово. Заев денеска на скијачките стази се појавил заедно со триесетина негови сопартијци и пријатели и со АТВ-моторчиња.https://www.facebook.com/ekonomskilider/videos/599871300438145/ Фотографиите и видеото од Маврово се од порталот Инфомакс.мк 

Македонија | пред 7 години

cair-1

(ВИДЕО) Што се гори во Гинекологија и акушерство „Мајка Тереза‘’ во Чаир ?

Густ црн чад излегува од оџакот на Гинекологија и акушерство „Мајка Тереза‘’ во Чаир. Што се гори таму?Денеска на Фејсбук се појави видео преку кое граѓани на Скопје покажуваат дека сите допренесуваат за загадувањето на главниот град.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/238279010427905/Во моменти кога Скопје и Македонија се гушат и се рангирани на табелите како најзагадени а светско ниво, граѓаните самоиницијативно се трудат да ги детектираат загадувачите. Секојдневно на соцојалните мрежи се појавуваат видеа преку кои се покажуваат кој се загадува.На „Ер вижуал“, специјализираната интернет-страница за следење на квалитетот на воздухот, рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот. Овие податоци веќе два месеци Скопје и уште неколку градови во Македонија ги рангираат на високите три позиции, како најзагадени градови во Европа, па дури и во Светот.Деновиве сме сведоци и на мирни протести во главниот град, во организација на група граѓани кои, како што велат, се загрижени за состојбата на воздухот и на тој начин сакаат да го искажат својот револт.Тие порачуваат дека проблемот со загадувањето одамна требало да биде решен. Властите, институциите и сите надлежни досега, како што велат се обидуваат да дознаат кои и се главните причинители, а веќе требаше да биде решена состојбата.Меѓу барањата на граѓаните се свикување итна владина седница, вклучување експерти и граѓански сектор во контролите кон големите загадувачи. Очекуваат од граѓаните да ги поддржат и заедно да ги надополнат барањата за изнаоѓање најдобро решение.

Скопје | пред 7 години

rakometar-srbija

Трагедија - Познат српски ракометар си го одзеде животот

Голема трагедија во Србија. Медиумите објавуваат дека познатиот српски репрезентативец 29 годишниот Новак Бошковиќ, се самоубил. Тој си пукал во главата со пиштол што го поседувал со дозвола.Мотивите се уште остануваат непознати за јавноста, а Српската полиција работи на расветлување на случајот.Бошковиќ кариерата како десен бек од Србија почнува во ракометниот клуб Црвенка, а подоцна настапувал и за Татабања, Копер и Динамо Букурешт, а беше дел од селекцијата на Србија на ЕП пред 3 години.Во време на самоубиството во куќата била неговата сопруга и бебето што се родило неодамна.Бошковиќ играше на позицијата десен бек, а последната сезона играше за клуб во Израел.Беше член на српската репрезентација на Европското првенство во 2016 година.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Само во јануари во Скопје се пријавени над 520 кражби, повеќе од 20 на ден, а Спасовски седи со скрстени раце

Скопје е во хаос. Криминалци ги владеат улиците, а Оливер Спасовски и раководството на МВР ја парализираа полицијата оставајќи простор за беззаконие. Граѓаните се чувствуваат несигурно бидејќи се препуштени сами да се бранат од насилници и разбојници. Доколку на почеток имаше оправдување дека ваквата катастрофа е заради неспособноста на Спасовски, сега стануваат се посилни сомнежите дека тој и неговите соработници се во сериозна коалиција со криминалот, изјави Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција.„Еве за што говориме. Само во јануари во Скопје се пријавени над 520 кражби и тешки кражби. Тоа се над 520 семејства кои се ограбени и трауматизирани. Повеќе од 20 на ден. Уште потрагично е што Спасовски седи со скрстени раце. Реализацијата, односно откривачката дејност на полицијата не надминува мизерни 2%. Односно се откриваат само криминалците кои не плаќаат рекет и ме соработуваат со оваа власт.Речиси нема место во Скопје каде последниот месец не се случила кражба. Имотот на граѓаните е загрозен, а Оливер Спасовски мува не го лази. Тој се занимава само со внатрепартиската битка во СДСМ за кандидат за претседател. Се ограбува на големо, од домови, продавници, автомобили. Впрочем за тоа и алармиравме кога власта на СДСМ ослободи 850 осудени затвореници од затворите и ги пушти на улиците. Заради тоа сега Скопје е во хаос.Само во последниот месец на територија на општина Центар се случиле 29 кражби, 91 тешка кражба. Во Чаир се случиле 17 кражби и 71 тешка кражба. Во Кисела Вода 12 кражби и 33 тешки кражби. Во Аеродром 13 кражби и 41 тешка кражба. Во Гази Баба 22 кражби и 80 тешки кражби, во Карпош 14 кражби и 60 тешки кражби. Во Ѓорче Петров 6 кражби и 25 тешки кражби. Овие и уште стотина други поситни џебни кражби, но и украдени возила се дел од билтенот на МВР за само еден месец. Очигледно дека МВР наместо да решава и превенира вакви случаи се претвори само во статистички бројач на кражби, убиства, насилства и разбојништва. Разрешница за овие случаи речиси и да нема.Сето тоа е резултат на неспособноста на врхушката на МВР предводена од Оливер Спасовски кој најверојатно повеќе време губи на избор на костум за престојната партиска конвенција, отколку за заштита на имотот и животите на нашите граѓаните, како и безбедноста на државата, за што всушност и е платен со нашите народни пари.Затоа Оливер Спасовски треба да си поднесе оставка бидејќи ситуацијата е премногу алармантна за ваков неспособен кадар да го води Министерството за внатрешни работи“, изјави Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 7 години

avtobus-rusija

(ВИДЕО) Во Русија се преврте автобус што превезувал деца, најмалку седум загинати

Во Русија се преврте автобус. Во несреќата која се случила во близина на градот Калуга во Русија, кој се наоѓа околу 150 километри од Москва, загинале најмалку седум лица, меѓу кои и четири деца.Автобусот , во кој имало 20 патници , се излизгал на снегот во канал и се превртел.

Свет | пред 7 години

rijeka-830x0

(ВИДЕО) Поплавени улиците во Истра и Ријека, црвен метео аларм во Хрватска

За Истра и Ријека издаден е црвен метео аларм поради силните врнежи од дожд и силниот ветер кој од вчера вечер го зафатија тој дел од Хрватска. Големото невреме предизвика хаос на улиците.https://www.facebook.com/istramet/videos/613607522406803/За време на ноќта пожарникарите на критичните места имале 15 интервенции поради испумпвање на вода, а пожарникарите во Пула имале 4 интервенции.Во Пула паднале 47 милиметри дожд кој го поплавил центарот на градот.Силниот ветер во Сплит достигнал брзина над 100 километри на час, а на некои места и над 120 километри на час.https://www.facebook.com/istramet/videos/245800776344438/  

Свет | пред 7 години

ekspolicija-podgorica

(ВИДЕО) Силна експлозија ја потресе Подгорица, загина припадник на которската криминална банда

Во центарот на Подгорица денеска експлодирал автомобил, а при таа прилика тешко повреден е возачот. Како што е наведено, станува збор за 30-годишен човек. Правиме се што можеме. “ , изјави директорот на клиничкиот центар Нермин Абдиќ.Реанимацијата била неуспешна . Починал Никола Чупиќ (30) од Цетиње , кој се смета за припадник на которската криминална банда. Тој возел џип Тојота низ центарот на градот , кога наеднаш експлодирал утрово во 10.40 часот .Црногорските медиуми објавуваат дека дд силината на експлозијата Чупиќ излетал од прозорецот. Ги повикувал минувачите да му помогнат , но од внатрешноста на авотмобилот во палмен се слушнале истрели , најверојатно од прегреани куршуми , така што луѓето се тргнале и ја чекале итната помош.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Марионетата Заев упорно бега од двојни избори и продолжува со бесмилосна злоупотреба на буџетот

„Марионетата Зоран Заев и денес ја одложи најавената одлука на СДСМ за предвремени парламентарни избори како што тоа го направи на неколку пати во изминатите денови, со што покажува дека е преплашен од соочување со народот.Преплашениот Заев очигледно веќе го губи и компасот. Заев се фали во јавноста дека ќе победел на наредните избори а упорно бега од парламентарни избори и соочување со народот за историската иднина на Република Македонија.Странскиот измеќар Зоран Заев охрабрен од своите газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку само сакаат марионети кои верно ќе служат, продолжува со злоупотреба на буџетот во пресрет на избори. Така, на пример, Заев од буџетот им даде на општините 50 милиони ера за покривање на заостанти долгови а не испита кој и како ги направил долговите, на Фондот на пензиско од буџетот му даде 19 милиони евра оти некој ги украл парите а Заев не испита кој и како украл 19 милиони евра на пензионерите и најново Заев од буџетот им исплати 2 милиони евра на лозарите од Кавадарци оти приватна фирма го зела грозјето ама не го платила а Заев не испита која приватна фирма го земала грозјето и не им го исплатила на лозарите.Заев бесмилосно го решети буџетот за партиски потреби во пресрет на изборите. Новата легална власт на Единствена Македонија која ќе работи во интерес на Македонците а не во интерес на странците, доаѓа. Одговорност за ова мора да има“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

IMG-2233

Шапуриќ во посета на “Хелекспо“ во Солун

На покана на менаџментот на  компанијата за организирање на саемски манифестациии “Хелекспо“ во Солун вчера ги посети министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија птоф. д-р Зоран Шапуриќ. Тој имаше средба со директорот д-р Кирјакос Позрикидис и претседателот  на бордот на оваа компанија  Анастасиос Тзикас.„На средбите со директорот Кирјакос и претседателот Тзикас, Шапуриќ разговараше за  новите перспективите за унапредување на економската  соработка помеѓу Македонија и Грција, со посебен акцент на можностите за одржување на заедничките саемски манифестации помеѓу “Скопскиот саем “ и “ Хелекспо“, како и за унапредување на  соработка помеѓу компаниите кои организираат саемски манифестации во регионот. Во оваа насока  беше договорено да се организира регионален форум во првата половина од оваа година. Менаџментот на Хелекспо го запозна Шапуриќ со структурата и организационото работење на оваа компанија.За време на посетата Шапуриќ ја посети и саемската манифестација “ Зоотехниa’’ на која учествуваа 380 компании од 16 држави.На средбите присуствуваше и извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска.Министерот Зоран Шапуриќ исто така, за време на престојот во Солун, даде кусо интервју за националната грчка агенција АМНА во кое, помеѓу другото нагласи дека Преспанската спогодба отвара нови перспективи за унапредување на економската и севкупната соработка помеѓу компаниите од Македонија и Грција“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

gdu

ГДУ: Популистичка и измамна мерка е бришењето на долгови најавено од Владата

Зарем долг стар повеќе од 12 години се плаќа воопшто? Доброволно да, ама присилно никако. Зарем институтот на застареност никому ништо не значи, велат од ГДУ.„Законот за облигациони односи утврдува рок на застареност од една година за сметки за електрична енергија испорачана за потребите на нашите домаќинства  (член 367 од ЗОО). Општиот рок на застареност кој никако не може да се промени (освен во нова законодавна постапка за донесување на нов или измени и дополнувања на Законот за облигациони односи) е 5 години (член 360 од ЗОО). Ако помине двојно повеќе време од законски предвиденото настапува апсолутниот рок на застареност што ништо не може да го собори. Единствено е потребно должникот (граѓаните) да се повикаат на застареност.Самиот долг за кој Премиерот зборува е постар од 10 години и е за периодот кога уште беше Електростопанство на Македонија. Значи сака од народни, буџетски пари да исплати застарено побарување на странска компанија?Владата, преку својот прв човек, Премиерот најави нова социјална мерка, Отпис на долг за неплатена електрична енергија. Со ова ќе им се помогне на 200.000 граѓани и семејства да се спасат од долговите и постапките кои се водат за нивна присилна наплата пред извршителите. Бројот на граѓаните во ова група ни малку не е наивен туку се движи околу 1/10 од нашиот народ.Мерка за секое поздравување, НО...Граѓанско Демократската Унија-ГДУ нема ништо против од решенија на Владата во сферата на социјалното помагање, но дали ова е таква мерка или нешто друго?Оваа е сепак популистичка мерка на нашата Влада и е сѐ освен искрена социјална мерка за помош на нашиот напатен и измачен народ. Ова е уште една од редот мерки за измама на граѓаните и купување на гласовите  во пресрет на претседателските избори.Каква анализа, каков обид за помош? Ова е класичен грабеж и испумпување на парите од нашиот национален буџет, кој и онака е далеку од предвидениот и набрзо ќе мора да се ревидира и изменува преку ребаланс.Најавата, која широкоградо ја дава нашиот Премиер дека ќе брише долгови за неплатена електрична енергија, долгови настанати пред 2006 година е уште едно déjà vu (веќе видено) од страната на ДПМНЕ, кој во 2014 година направи отпис на долгови на граѓаните. И тогаш сите беа среќни и задоволни, освен самите граѓани. Буџетот испразнет, касата на фирмите-доверители наполнета, а долговите оставени да постојат во сметководствената евиденција за да бидат уште предмет на судски и извршителски постапки.Зарем нашата Влада нема правни советници? Ако нема, нека ангажира веднаш. Така или инаку имаме стотици советници кои ништо не работат и земаат плата, овие правните може и да сработат нешто и да спасат средства од буџетот. Вака не оди!ГДУ го поставува прашањето-Дали ова не е уште еден deal (договор) од времето кога ЕСМ им беше продадено на ЕВН Австрија?Дали тогаш ЕСМ не им беше нудено на Австријците со наследување на долгот кој тогаш населението го должеше кон националната компанија и беше ветувано дека долгот ќе биде раздолжен или од народот или од буџетот?Сигурно има нешто повеќе од обично залагање за „мирен сон“ на граѓаните и нивната иднина без товар на грбот и без заплашувања од извршителите.Граѓанско Демократска Унија-ГДУ порачува на СДСМ, Премиерот и Владата да се откажат од реализација на оваа мерка-перење на пари од нашиот буџет.Гласно најавуваме дека ќе биде предмет на ревизија од Државниот завод за ревизија и секоја неправилност ќе биде кривично гонета“, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија.

Македонија | пред 7 години

dedo-toni

(ФОТО) Најпознатиот пензионер на модна писта - ова се резултатите од вежбање

Најпознатиот пензионер Тони, кој ја воодушеви јавноста со неговата изјава во анкета дека не постои грип туку дека треба да се вежба и ја употреби неговата реченица „Вежбај пизда ти материна“ , која ги воодушеви сите, излезе на модната писта. Со тоа Тони ги покажа резултатите од вежбање. Дедо Тони Селмани, кој инку живее во Хрватска а по потекло е од Македонија, минатата ноќ одеше по модна писта и докажа дека работи како професионалец. Тони облече модел од Вартекс, бренд за кој додека бил млад работел. Дедо Тони беше дел од ревијата на саемот на свадба во Загреб и учествуваше со голем број познати Хрвати во хуманитарна вечер.Тони носеше костум и иако има 82 години, тој по пистата се движеше како млад човек.Веќе 21 година, Загрепскиот саем за свадби има добротворни карактер и со ѕвездите во гала-магазинот им помага на најмладите пациенти на Здружението на лекари, здравствени работници и родители на деца со вродени срцеви мани.фото: индекс.хр

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

СДСМ: Мицкоски го чека Груевски од Будимпешта за нов заговор против Македонија-заборавил дека Груевски оди во затвор а тој на изборен пораз

Мицкоски потврди дека го чека својот шеф од Будимпешта за нов заговор против Македонија - заборавил дека Груевски оди во затвор, а тој оди на изборен пораз, велат од СДСМ.„За Мицкоски членството на Република Македонија во НАТО било историска грешка. Пионот Мицкоски потврди дека е на спротивна страна од народот, на граѓаните, на прогресивните сили, на спротивната страна на целиот демократски свет.Затоа Мицкоски денеска сакаше да поништи 660.000 граѓани кои гласаа на реферндумот. Не Мицкоски, овој народ не молчи, гласен е, силен, избра иднина, избра НАТО, ЕУ, напредок, развој.Бадијала се закануваш дека ќе ја назадуваш Македонија. Не Мицкоски, нема да успееш да ја извадиш Македонија од НАТО, тоа е историска и стратешка определба на граѓаните и не зависи од тебе, многу е поголема од тебе.Антизападниот Мицкоски ја губи поддршката во својата партија. Се рони пратеничката група на Мицкоски, само 33 пратеници се потпошале зад барањето за распуштање на Парламентот.Македонија во среда седнува во своето столче во НАТО, Мицкоски се плаши за своето расклатено опозициско столче“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

При контрола на угостителски објект уапсени десет танчерки

На 03.02.2019 година во периодот од 00.00 до 03.00 часот полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце покрај автопатот Тетово-Гостивар.При контролата во објектот биле затекнати 10 женски лица, од кои три од Република Македонија, шест од Република Албанија и едно од Косово.Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсени две лица кои превезувале 11 мигранти

На 02.02.2019 година во 22.30 часот во Куманово, на регионалниот пат Куманово –Свети Николе, полициски службеници забележале сомнително патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, кое кога се обиделе да го запрат не застанало.По преземени мерки, возилото било пронајдено во Свети Николе и во него имало 11 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, додека возачот М.Р.(26) од село Банско, струмичко, се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.Исто така, од слобода бил лишен и Т.И.(40) од село Банско, кој со патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки возел пред возилото на М.Р..Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Автомобил удрил во 74-годишна жена и избегал

На 02.02.2019 година во 15.50 часот на улица „Арсени Јовков“ во Скопје, непознато патничко возило, управувано од непознат возач удрило во пешакот Л.Ш.(74) од Скопје и го напуштил местото. Л.Ш. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

marihuana

При претрес на хостел во Гостивар пронајдена марихуана

На 02.02.2019 година во периодот од 10.00 до 12.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во хостел во село Никифорово, гостиварско, кој под концесија го стопанисувал В.Л.(29) од Скопје. Тој бил присутен, а  бил затекнат и неговиот брат И.Л.(32).При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дробилки за марихуана и др. предмети. И.Л. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

medea-zemja

Македонскиот документарец „Медена земја“ - победник на „Санденс“!

Во конкуренција со 11 документарни филма од целиот свет, „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска освои три оскари на „Санденс“, за најдобра кинематографија, нагарада од специјалното жири и награда од главното жири.Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал.На церемонијата што се одржа во Парк Сити, Јута, САД, „Медена земја“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography).Листата на победниците на „Санденс“ можете да ја видите овде.„Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на ресурсите на Земјата.Музиката на „Медена земја“ е на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут. Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Lagadin

ДОМ: Хотелот што се гради во Лагадин е чир во заштитеното подрачје од УНЕСКО

ДОМ им укажува на сите институции и субјекти кои на каков и да е начин се инволвирани во урбанистичкото насилство во Лагадин, дека хотелот што се гради таму е чир во заштитеното подрачје на УНЕСКО!„Изградбата на тој објект е скандалозна од самиот почеток во 2016 година, кога почна да се гради спротивно на законските прописи, поради што беше причина за бројни протести на граѓаните. Имено, хотелот се наоѓа во заштитените 50 метри до брегот на езерото каде не е дозволена цврста градба. Изградбата на овој објект прави непристоен преседан во исполнувањето на препораките на УНЕСКО што се однесуваат на времен МОРАТОРИУМ НА ГРАДБА во Охридскиот регион, заради заштита на природното и културното наследство на регионот.Исполнување на сите 19 препораки од реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, со посебен акцент на препораката број 6 за прогласување на времен мораториум на сите градежни активности во Охридскиот регион, се до донесување на потребните планови, е и еден од заклучоците на одржаната собраниска Надзорна расправа  во врска со управувањето со Охридскиот регион. Расправата ја организираше Комисијата за култура на иницијатива на неформалната група” Пратеници пријатели на УНЕСКО” чиј координатор е пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин“, велат од ДОМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Приведен Србин кој се бара од Интерпол

На 02.02.2019 година во 18.40 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето A.C.(32) од Лесковац, Република Србија, се бара од Интерпол.Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

03-Retki-bolesti-Alazil-Sindrom

Колку често се појавува Алажил синдромот?

Ги запознаваме ретките болести (03.02) - синдром АлажилАлажил синдромот се појавува на 1 од 100.000 луѓе без разлика дали се од женски или машки род. Повеќето деца се дијагностицираат на возраст помала од 6 месеци поради појава на симптомите карактеристични за Алажил синдромот.ДијагнозаБидејќи симптомите на Алажил синдром се разликуваат и бидејќи многу ретко се сретнува овој синдром, заболувањето тешко се дијагностицира. Лекарот треба да изврши темелен физички преглед за да се утврди моменталната клиничка состојба на пациентот. Ако постои сомнеж за Алажил синдром, треба да се направат следните тестови и специјалистички прегледи:– Испитувања на крвта за да се провери функцијата на црниот дроб (АСТ, АЛТ, ГГТ) и нутритивниот статус– Генетски истражувања за да се провери дали има мутација на JAG1 генот– Ултразвучен преглед на стомакот за да се провери дали има зголемување на црниот дроб– Биопсија на црниот дроб за да се провери бројот на намалените хепатални канали– Кардиолошки преглед за да се проверат деформации на срцето.– Офталомолошки преглед за да се провери задниот ембриотоксон.– Рентгенолошки преглед за да се провери за абнормалности на `рбетниот столб.– Испитувања на крвните садови– Ултразвучен преглед на бубрезите да се провери за абнормалности.За да се постави дијагнозана Алажил синдром, потребно е да се има позитивна биопсија на црниот дроб и присуството на три од следниве симптоми:– Симптоми нa нарушена функција на црниот дроб– Срцеви абнормалности и шумови– Скелетни абнормалности– Типични карактеристики на лицето за алажил синдромТретманСправувањето со ова заболување е сведено првенствено на спречување на компликациите и лекување на симптомите. На доенчињата со Алажил синдром им се дава посебна млечна формула богата со средно ланчани триглицериди (MCT) за да се зголеми апсорпцијата на масти. Целта е да се поттикне растот и развојот на овие деца. Ако оралните дози на овие витаминине се доволни, потребно е да се даваат витамински инјекции на одредени временски интервали. За да се подобри нутритивниот статус на детето може да биде потребно да се аплицира назогастрична сонда или гастростома преку која ќе се додадат дополнителни потребни калории во текот на денот. Растот на детето може значително да се забрза ако се подобри нутритивниот статус. Употребата на лекови, како што се фенобарбитон, холестирамини урсодезоксихолна киселина -ursodeoxycholicacid (Actigall, Ursobil, Ursofalk) може да бидат корисни во индивидуалниот третман на пациентите. Други лекови како што се Atarax и Benadryl може дададат привременo олеснување на симптомите.Антибиотска терапија може да биде потребна за борба со уринарните инфекции предизвикани од големиот број цисти во бубрезите.Хируршки третман кај децата со Алажил синдром:Трансплантација на црн дроб после настаната цироза. Хируршки третман на пиелоутерична стеноза (каналите кои излегуваат од бубрезите поради деформација и стеснување на истите). Децата со ова заболување имаат висок ризик од постоперативни компликации при оперативниот третман поради синтетизирањето на анестетиците низ црниот дроб.ПрогнозаИстражувањата покажуваат дека 75% од децата дијагностицирани со Алажил синдром просечно живеат до 20 годишна возраст, поради соодветни хепатопротективни и кардиопротективни терапии, оваа стапка на преживување се зголемува. Многу возрасни со Алажил синдром кој имаат правилен третман водат нормален и продуктивен живот. Смртните случаи кај луѓе со Алажил синдром најчесто се предизвикани од откажување на црниот дроб, срцеви проблеми и абнормалности на крвните садови.Совети за полесно справување со Алажил синдромМногу е важно пациентите да се контролираат редовно и да се прават испитувања во случај да настанат компликации. Треба да се води грижа за справување со кардиоваскуларните заболувања и со хроничните заболувања на црниот дроб. Доколку има компликации добро е пациентите да се консултираат со субспецијалист и специјалист. 

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Возило излета од патот Делчево - Берово, возачот пренесен во болница

На 02.02.2019 година во  17.30 чаот  на регионалниот пат Делчево-Берово, кај село Тработивиште, патничко возило „Фолксваген голф “со беровски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(37) од село Црник, пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот и  бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му била укажана лекарска помош.Извршен бил увид на местото.

Македонија | пред 7 години

pozari-1

Експлодира боца со гас во ресторан во Грција, три жени го загубија животот

Во кујна во таверна во Каламати, на југозападот на Грција експлодира боца со гас, при што животот го загубија три жени, соопшти грчката противпожарна служба.Две од нив биле вработени во угостителскиот објект, а третата била сопруга на сопственикот на ресторанот. Тие биле хоспитализирани, но набрзо им подлегнале на повредите.Ексползијата предизвикала пожар кој бил локализиран од страна на противпожарната единица.Ниту еден од гостите во таверната не е повреден. 

Свет | пред 7 години

Francusko-odmaraliste-Tignes-lavina-620x350

Лавина на југоистокот на Франција, еден скијач го загуби животот

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во лавина во Савој, на југоистокот на Франција.Лавината паднала во попладневните часови во текот на вчерашниот ден во областа кај скијачкиот центар Вал Кени на француските Алпи, на височина од 2.300 метри.Како што објавија француските медиуми, во лавината биле затрупани најмалку десетина скијачи, од кои двајца завршија со повреди, најмалку еден скијач го загуби животот, додека останатите според досегашните информации се непорведени.На почетокот на минатата недела, исто така во лавина двајца скијачи го загубија животот.  

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања