Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

27-mi-april-sudenje

Денеска во кривичен завршни зборови на одбраната за 27 април

Со завршни зборови на одбраната денеска во Криивчниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.Завршни зборови на минатото рочиште изнесе јавното обвинителство, кое е застапник на обвинението за случајот „27 април“, во кој првично беа обвинети 33 лица, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.Обвинителката Вилма Рускоска, во својот завршен дел истакна:– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.Завршни зборови треба да дадат Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Митко Пешов, Младен Додевски, Горанче Ангеловски,Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Влатко Трајковски, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, и Вилијам Михајловски.15 мината се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот 5 поредок.

пред 7 години

f7dk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vNzI4ZjQzNTUzMGM1N2JkZmE5NzM2MDYzYzFhOTJlZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

(ВИДЕО) Пожар во центарот на Москва, загинаа најмалку четири лица

Најмалку четири лица загинаа, а три се повредени во пожар во станбена зграда во центарот на Москва.Пожарот зафатил површина од 2000 метри квадратни, а избил во еден од становите на петтиот кат.https://twitter.com/DomainDiamond/status/1092212140461690880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092212140461690880&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fcrni-dim-prekrio-grad-pozar-u-centru-moskve-poginulo-najmanje-cetvoro-ljudi-spasene%2Fxvv5vypШефот на московското одделение во руското Министерство за вонредни ситуации, Илја Денисов изјави дека пожарникарите успеале да спречат да се рашири пожарот.Во операцијата учествувале 80 пожарникари. Меѓу 42 лица кои биле евауирани се и 8 деца. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

21 сообраќајка за време на викендот во Скопје, две лица со тешки телесни повреди

Сопатник и пешак се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 лица се полесно повредени во 11 од вкупно 21 сообраќајка регистрирани викендот на подрачјето на СВР Скопје.Сообраќајната полиција санкционирала 188 возачи за пречекорување на брзината. Од сообраќај се исклучени 37 возачи под дејство на алкохол, 47 пред да се стекнат со право на возење и девет возачи почетници. Воедно од сообраќај се исклучени и 24 нерегистрирани возила и едно технички неисправно.Издадени се и 219 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 129 возила. Санкционирани се и 11 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, шест за неправилно престројување, а исто толку за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Скопје | пред 7 години

goce-delcev

147 години од раѓањето на Гоце Делчев - делегации ќе положат цвеќе на неговиот гроб

Во Македонија денеска се одбележуваат 147 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.По тој повод бројни делегации ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Македонија | пред 7 години

fukusima-raza-620x350

8 години по нуклеарната катастрофа во Фукушима во рибите пронајдена радиоактивна материја

Во риба уловена во водите на јапонската префектура Фукушима првпат по четири години откриен е радиоактивен цезиум над дозволената граница, соопшти денеска Асоцијацијата на рибарски здруженија на Фукушима.Дозволеното ниво на цезиум е 100 бекерели по килогарам, а во една риба ража уловена во четвртокот на длабочина од 62 метри, регистрирани се 161 бекерели.Поради тоа Асоцијацијата ја стопира испораката на овој вид риби уловени во водите на Фукушима, а испорачаната риба ќе биде повлечена од пазарот се додека не се потврди дека нејзината употреба е безбедна.Надлежните служби ќе земат уште примероци за истражување, а централната Влада ќе донесе одлука за безбедноста.Во префектурата Фукушима се наоѓа нуклеарната централа која по силниот земјотрес и цунамито во 2011 година беше оштетен реакторот и истече радиоактивен материјал.Поради таа катастрофа илјадници жители беа присилени да ги напуштат домовите. 

Свет | пред 7 години

avion-620x350

(ВИДЕО) Се сруши авион во Калифорнија

Мал авион се сруши вчера во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.Авионот удирл во куќа и експлодирал, а предизвикал и голем пожар. На социјалните мрежи се појавија видео снимки и слики на кои може да се забележи дека најмалку две куќи се во пламен.https://twitter.com/Breaking911/status/1092184665379745793?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092184665379745793&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3029830-mali-avion-se-srusio-u-kaliforniji-udario-u-kucu-i-eksplodirao-ima-poginulih-videoДве лица загинаа во инцидентот, а двајца други беа однесени во болница, објавија локалните пожарникари. Според евиденцијата, авионот бил во сопственост на приватно лице од Орегон.Авионот паднал во градот Јорба Линда, во близина на основно училиште.https://twitter.com/the_bluejacket/status/1092183780440207360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092183780440207360&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3029830-mali-avion-se-srusio-u-kaliforniji-udario-u-kucu-i-eksplodirao-ima-poginulih-video

Свет | пред 7 години

vreme

Променливо облачно време со врнежи од дожд

Денес ќе преовладува променливо облачно, а од изутрина најпрвин во западните делови и потоа на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе се менува од јужен во североисточен. Температурата ќе се движи од 5 до 14 степени.Во Скопје променливо облачно време со врнежи од дожд и температура од 4 до 10 степени.Следува период на променливо време со позитивни утрински температури и повремено со врнежи. До вторник по котлини се уште ќе има услови за појава на магла. Нови врнежи се очекува во среда да започнат од југ каде што ќе се поинтензивни и кои кон крајот на денот ќе бидат од снег освен на планините и на некои повисоки места. До среда дневните температури ќе се задржат повисоки со што ќе продолжи поинтензивното топењето на снежната покривка.

Македонија | пред 7 години

avtopat-640x351

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.AМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

21317724_1504073886298113_3512456732185405915_n

Лазе Танески – бизнисмен кој од 2009 го разбуди заспаниот охридски туризам

Интервјуто кое бизнисменот Лазе Танески го даде за „Охрид1“ , а кое беше пренесено од повеќе портали во земјава предизвика огромен интерес и оствари голема читаност покрај на „Охрид1“ и на „Скопје1“ каде една седмица беше во топ 10 најчитани содржини.Јавноста Лазе Танески во моментов го знае како претседател на СДСМ Охрид и сопственик на „Лаки Хотел“, но приказната за Лазе Танески почнува во други хотели, поточно почетокот во туризмот е во авто камп.И покрај тоа што Лазе Танески работел на аеродромот во Охрид и се занимавал со трговија, посериозен влез во туристичкиот бизнис има во 2007 година кога го изнајмува авто кампот во Љубаништа.Авто Камп ЉубаништаЛазе Танески почнува да работи во овој авто камп и во сезоните кога тој го менаџира кампот работи со максимален капацитет и повторно почнува да станува атрактивна локација за љубителите на кампувањето.Во 2009 година фирмата ТЕДИ КОМЕРЦ која е сопственост на Лазе Танески оди чекор натаму и го изнајмува хотелот „Десарет“, по што и овој сместувачки капацитет доживува ренесанса.Успешното менаџирање продолжува и во овој хотел кој низ годините на транзиција беше останат во времето без промени и следење на новите трендови, а во градот се спомнуваше само кога средните училишта таму правеа матури.Во периодот додека хотелот го менаџираше Лазе Танески „Десарет“  доживеа вистинска ренесанса и менаџерски препород. Хотелот почна да се полни со странски туристи, а фирмата на Тнаески, ТЕДИ КОМЕРЦ реализира и инвестиции во хотелот кој по децении заборав, доби најмодерен базен со сите пропратни содржини.Хотел Десарет 2015 година. Фото: Љ.Т.Но фирмата на Лазе Танески не застана само на препородот на „Десарет“. Во 2013 година, Лазе Танески продолжува да го шири бизнисот и го изнајмува хотелот „Ривиера“, кој заради претходно лошо менаџирање беше запленет од банка која имала хипотека врз објектот, и претставуваше уште еден срам на „Кеј Македонија“ во центарот на Охрид.И „Ривиера“ како и „Десарет“ почна да работи позитивно, стана свратилиште за граѓаните на Охрид кои тука навратуваа со години претходно, но неколку години пред 2013 и овој објект заради лош менаџмент остана познат само по полуматурите кои тука ги правеа основците, а една година пред да го изнајми компанијата на Лазе Танески хотелот не работеше и беше обрастен со трева и коров.Паралелно двата хотели „Ривиера“ и „Десарет“ Лазе Танески успешно ги менаџира за во периодт кој следи потоа да пристапи кон инвестирање во сопствен хотел кој донесе новитети во туристичката понуда на Охрид, но како и да „повлече нога“ па по отворањето на „Лаки Хотел“ се остварија уште две други значајни инвестиции во хотели во Охрид, на познати и признати бизнисмени од Охрид и Струга.„Лаки Хотел“ од 2016 година донесе голема промена во охридската туристичка понуда како во телот на услугата, така и во делот на понудата која го следи трендот, но пред се во изгледот на објектот, ресторанот, спа центарот, отворениот базен кој се загрева и во зима и собите и апартманите кои се приказна за себе која треба да се доживее.ТЕДИ КОМЕРЦ на Лазе Танески, почнувајќи од изнајмен авто камп, со одговорно работење, упорност, пожртвуваност и пред се храброст за преземање на ризик од страна на сопственикот за 12 години успеа да прероди еден авто камп, два изнајмени хотели и на крај да инвестира во сопствен репрезентативен објект со кој оваа фирма влијаеше на промените кои го зафатија приватниот сектор и поттикна други способни бизнисмени да инвестираат во хотели.Во минатите 12 години, фирмата ТЕДИ КОМЕРЦ на Лазе Танески, остваруваше позитивно влијание на локалната економија, изнајмувајќи објекти во кои донесе странски туристи, ангажирајќи бројни фирми како добавувачи и на крај инвестирајќи огромни суми во „Лаки Хотел“ кој исто така е граден од фирми од Охрид и Струга.ЛАЗЕ ТАНЕСКИ: Природата на мојот карактер е секогаш да имам амбиции

Македонија | пред 7 години

ukraina-crkva

Украинската црква се одвои од Русија, денеска устоличен новиот поглавар

Украина од денеска и официјално има своја автокефална црква , орвоена од Руската православна црква. Новоизбраниот поглавар на неодмана прогласената Украинска православна црква, митрополитот Епифаниј Први денеска официјално ја презеде должноста во Киев.Устоличувањето на бискупот на Киевската патријаршија , митрополитит Епифаниј во поглавар на Украинската црква се одржа во катедралата Света Софија во Киев .На чинот присуствуваше претседателот Петро Порошенко .

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Невреме во Словенија, Хрватска, а в Босна прогласена вонредна состојба

Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска викендов ги погоди силно невреме. Најсериозно е во Босна, каде поради силните дождови и зголемувањето на водостојот водата однесе мостови и делови од патиштата. Попладнево е прогласена вонредна состојба во делови на БиХ , во подрачјето на Зеница , каде што се поплавени голем број куќи и други објекти.Силните дождови предизвикаа раст на нивоата на реките, а поради тоа голем број куќи во близина на местото Бугојно се под вода , а населението се евакуира.Реката Босна достигна водостој од 440 сантиметри и се изли по целата должина.

Свет | пред 7 години

skadarsko_jezero

Трагедија го потресе регонов: Загина семејство и момче кое се обидело да ги спаси

Четири лица загинаа откако чамец се превртел денеска на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора. Се работи за тричлено семејство и момче, кое се обидело да ги спаси.Медиумите неофицијално информираат дека чамецот со неколку лица бил во обиколка на тамошниот манастир, но поради невреме од силен ветер и големи бранови чамецот се превртел.Еден од лицата кои биле во чамецот успеало да доплива до брегот. Тој за медиумите изјавил дека во несреќата настрадале мајка, татко, ќерка и момче што се обидело да ги спаси.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: 2018 ја завршивме со 5,6% покачување на просечната плата, многу скоро ќе станеме дел од НАТО

Премиерот Зоран Заев објави статус на својот фејсбук профил каде што напиша дека изминатата годнина ја завршиле со 5.6% покачување на месечната плата.„Изминатава година ја завршивме со 5,6% покачување на просечната плата. Тргна работата. Многу скоро ќе станеме дел од НАТО - безбедна држава, со стабилизирана економија.Овие факти, како и посветената економска политика, за година и пол донесе 17 нови странски инвестиции, кои во финалната фаза ќе вработуваат повеќе од 4.000 луѓе.Ќе нѐ биде“, стои во објавата. 

Македонија | пред 7 години

51505985_2506183096064236_1721897855490195456_n

Амди Бајрам кандидат за претседател

Аднан Мемеди кој е дел од Централниот одбор на Сојузот на ромите денес на својот Фејсбук профил објави дека за претседател на Македонија ќе го кандидираат Амди Бајрам.„На денешната седница на централниот одбор на Сојузот на ромите за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира претседателот на партијата и актуелен пратеник во Македонското собрание г-дин Амди Бајрам“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

kokoska-mutirna

ГМО кокошки несат јајца од кои се прави лек за рак

Генетски модифицирани кокошки несат јајца со екстра протеини од кои се прави лек за рак. Истражувачи ги модифицираа гените на кокошките за тие сега да можат да несат јајца со одредени протеини кои се лек за артритис и за некои видови рак. На овој начин таквите лекови се стотина пати поевтини отколку кога се произведуваат во фабрики.Научниците претходно докажуваа дека генетски модифицираните кози, зајаци и кокошки можат да се користат за производство на протеински терапии.„Производството на протеински лекови на овој начин може да чини од 10 до 100 пати помалку отколку во фабрика, па можеме да очекуваме барем 10% пониски трошоци на производство“ додаваат тие. Најголемата заштеда произлегува од фактот што изработката на кафези за кокошки е многу поевтина отколку одржување стерилни простории за фабричко производство.Многу болести се предизвикани затоа што човечкото тело природно не произведува доволно одредени хемикалии или протеини. Таквите болести можат да се контролираат со лекови што содржат протеини. Три јајца од генетски модифицираните кокошки се доволни за да се произведе една доза лек, а кокошките можат да снесат до 300 јајца годишно.

Магазин | пред 7 години

paridenari1

Непознати лица нападнале скопјанец и му одзеле пари

На 03.02.2019 година во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ две лица физички го нападнале и му одзеле пари на С.К.(18) од Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

18-годишен скопјанец нападнат во автобус

На 02.02.2019 година околу 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „11-ти Октомври“, во приватен автобус бр.22 А.М.(18) од село Волково, скопско, физички бил нападнат од повеќе лица.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Прилепчанец физички нападнат од неговите колеги додека бил на работа

На 02.02.2019 година во 15.50 часот во Полициската станица Прилеп, В.Т.(20) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот, додека бил на работа како келнер во пицерија во Прилеп, физички бил нападнат од неговиот колега В.Н. и лицето А.Н..Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

pistol-vperen

Охриѓанец влегол во аптека и со закана со пиштол одзел лекови

На 02.02.2019 година околу 12.30 часот во аптека на улица „Македонски просветители“ во Охрид Р.Ч.(27) од Охрид извршил разбојништво и со закана со пиштол од вработената одзел лекови.Р.Ч. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

cnjreagerhgetehg-197258

ДОМ: Предвремени парламентарни избори во овој период би го успориле спроведувањето на реформите

„На денешната седница, Централниот одбор донесе заклучок дека ДОМ нема да предложи свој кандидат за Претседател на Република Македонија. Имајќи предвид дека во тек е процесот на номинација на кандидати, ЦО на ДОМ дополнително ќе одлучува за поддршка на претседателски кандидат. За ДОМ клучни се личниот профил на кандидатот, посветеноста на евроатлантската интеграција на Македонија и развој на прогресивно и просперитетно општество, како и поддршката во заштитата на животната средина и борбата против климатските промени.Ставот на ДОМ е дека предвремени парламентарни избори во овој период би го успориле спроведувањето на реформите неопходни за отпочнување на преговорите со Европската Унија.ДОМ смета дека сега е потребно сите расположиви капацитети максимално да се ангажираат за реализирање на реформските приоритети и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. За таа цел, ДОМ ќе ги интензивира своите активности за заштита на животната средина, особено за намалување на аерозагадувањето.На седницата беа избрани координатори и заменици координатори за шестте изборни единици: Дарко Кржовски и Христина Оџаклиевска за ИЕ 1, Александар Ѓорѓиевски и Дејан Димитровски за ИЕ 2, Ванчо Санев и Дане Милошевски за ИЕ 3, Елизабета Сурлаџија и Миле Настески за ИЕ 4, Благој Мицевски и Стефанија Трајковска за ИЕ 5 и Валентин Тасесеки и Стојан Давидовски за ИЕ 6.Централниот одбор донесе одлука за промена на седиштето на партијата поради промена на Централната канцеларија на ДОМ“, се вели во соопштението од ДОМ.

Македонија | пред 7 години

medena-zemja-1

Заев до тимот од „Медена земја“: Вашиот успех е промоција на нашата земја и култура

Премиерот Зоран Заев, од свое лично име и од име на Владата на Република Македонија, упатува честитки до режисерите на долгометражниот документарен филм „Медена земја“, Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и до целиот тим кој работеше на ова маестрално филмско остварување кое триумфираше со победа во три категории на престижниот филмски фестивал Санденс (Sundance) којшто се одржува во Парк Сити, Јута во САД.„Успехот што го постигна долгометражниот документарен филм „Медена земја“ во три категории, за најдобар документарен филм, за најдобра кинематографија и специјално признание од жирито за влијание за промена, претставува голема афирмација и промоција на нашата земја и култура.Упатувам искрени честитки за постигнатиот успех кој верувам во иднина ќе биде уште поголем мотив и инспирација за креација на нови врвни филмски дела. Владата на Република Македонија и Агенцијата за филм ќе продолжат да подржуваат квалитетни филмски проекти и млади автентични филмски работници со цел нашата култура да добие своја афирмација со учество на што е можно повеќе македонски филмови на престижни светски филмски фестивали“, посочува премиерот Заев во честитката упатена до целиот тим кој работеше на филмот „Медена земја“, кој во конкуренција на 11 документарни филмови освои победа во три категории на престижниот светски фестивал Санденс.На големото достигнување на документарниот филм „Медена земја“ за промоција на нашата земја и култура се надоврзуваат и големите успеси на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска, кој е прв македонски филм кој влезе во трката за престижната „Златна мечка“ на годинешниот 69 Берлински филмски фестивал, како и учеството на филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставревски на бројните филмски фестивали кој воедно беше и филм кандидат за номинација на годинешниот Оскар од нашата земја.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Од утре горивата со нова цена

Регулаторна комисија за енергетика пред две недели донесе одлука за нови цени на горивата, кои тогаш поскапеа за два денари.Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати согласно со Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 7,41%.Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемија за 2,50 денари за литар.Малопродажната цена на еуросупер БС-95 изнесува 61,00 денари за литар, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 изнесува 63,00 денари за литар.Малопродажните цени на дизелот еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 3,50 денари за литар, односно за 4,00 денари за литар.Малопродажната цена на дизелот еуродизел (Д-Е В) изнесува 58,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 денари за литар.

Македонија | пред 7 години

133838480-184601

Вработен во МЗШВ присвоил 8 мобилни телефони и го оштетил министертвото за повеќе од 440.000 денари

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.А.(32) од Велес поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела ,,проневера во службата“ и ,,фалсификување или уништување на деловни книги“.Пријавениот Д.А., вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија на работно место помлад соработник за нормативно правни работи, на 15.05.2017 година присвоил осум мобилни телефонски апарати. Имено, на 28.04.2017 година до мобилен оператор било испратено „корегирано барање“ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со кое бараат испорака на осум мобилни телефонски апарати врз основа на субвенционирање на претплата на телефонските броеви задолжени на министерството.Бараните телефонски апарати биле испорачани на 12.05.2017 година, а пријавениот ги примил во име на министерството, но не ги предал за да бидат заведени како основни средства во сметководствената евиденција, туку ги присвоил за себе и го оштетил миистерството за 440.950 денари. После тоа, ја уништил и испратницата

Македонија | пред 7 години

Filip-Petrovski-TV-Nova

Кандидатурата на Филип Петровски ќе се зајакнува со 10.000 потписи

„„Македонија – Блокира“ на синоќешната седница за претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните избори го избра Ацо Николовски член на Извршниот комитет на Единствена Македонија која е дел од „Македонија-Блокира“. Ацо Николовски има богато искуство во организацијата на избори и на сенародните македонски протести по повод уставните измени и за време на референдумската кампања.На седницата беше дискутирано и за подготовките на кандидатот за претседател на „Македонија-Блокира“, д-р Филип Петровски, на конвенцијата во Струга 16 февруари.Притоа, на седницата се донесе одлука да се соберат и 10.000 потписи за кандидатурата на Петровски бидејќи освен големата подршка од членството на ВМРО-ДПМНЕ и од „Македонија-Блокира„ каде членуваат 84 организации - партии и здруженија од земјата и дијаспората, со потписите ќе се потврди подршката која д-р Филип Петровски ја ужива меѓу народот со што Петровски би бил надпартиски народен кандидат подржан од „Македонија-Блокира““, се вели во соопштението од Македонија - Блокира.

Македонија | пред 7 години

Capture-3

МВР демантира: Бројот на кражби и разбојништва во Скопје е  намален

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите што ги изнесува политичката партија ВМРО- ДПМНЕ.„Ја известуваме јавноста дека бројот на кражби и разбојништва во Скопје е  намален. За тоа сведочат официјалните бројки, кои очигледно не им се важни на оние што имаат намера да ја лажат јавноста. Фактите говорат дека во 2018 година во Скопје евидентираме значителен пад на бројот на тешки кражби во објекти во споредба со 2017 година и тоа за 12,60% кај станбените објекти и 36,85% во останати објекти. Разбојништвата, пак,се со намалување од 29,20%.Изработката на целата статистика за 2018 година за работењето на МВР е во тек и ќе биде објавена на веб страницата на МВР, како што тоа се прави секоја година. За работењето на МВР сведочат и анкетите на граѓаните, каде 75 отсто од граѓаните се изјаснуваат дека се чувствуваат безбедно“, велат од Министерството за внатрепни работи.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања