Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

krokodili-1

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, крокодили и змии по улиците

Делови од Австралија, по рекордно високите температури, се погодени од катастрофални поплави поради кои повеќе од 20.000 луѓе се принудени на евакуација.Поради поплавите на североистокот на Австралија илјадници лица се принудени да ги напуштат домовите. Прогнозата и натаму е неповолна бидејќи метеоролозите очекуваат нови интензивни врнежи проследени со ветер.Поради порастот на реките на улиците се видени крокодили и змии, а метеоролозите најавуваат дождови и во наредните денови.Градот Таунсвил во Квинселнд е целосно поплавен, а жителите се без струја.„Ова се случува еднаш во 100 години“, изјави премиерката на Квинсленд.

Свет | пред 7 години

mavrovka

Експлозија во ТЦ “Мавровка”- предизвикана материјална штета

Силна експлозија вчеравечер ги вознемири скопјани, кога бил испукан проектил со рачен фрлач во кафуле кое се наоѓа во ТЦ Мавровка. Од МВР го потвдруваат настанот и велат дека нема повредени лица.„На 04.02.2019 околу 01.35 часот пријавено е дека во угостителски објект на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, кој во тоа време не работел, бил испукан проектил од рачен фрлач. Повредени лица нема. Според пријавеното, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР

Скопје | пред 7 години

atanasovski-960x533

Нови 30 дена притвор за поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Владимир Атанасовски, кој своевремено беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање кога на 27 април толпа упадна во македонското Собрание. Тој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” во врска со настаните од 27 април во Собранието на РМ.Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември минатата година по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

пред 7 години

filipce-222

Министерот Филипче: Го унапредуваме статусот на целокупниот здравствен персонал

Министерот за здравство на Република Македонија, Венко Филипче, заедно со австрискиот аташе за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите за Македонија, Харалд Фугер и Људмила Гасер од Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите на Република Австрија, присуствуваа на денешниот настан, посветен на размена на искуства за стандардите за професионално образование за медицински сестри.Тема на настанот беше имплементација на ЕУ директивата за признавање на професионалните квалификации, во насока на препознавање на професионалците во областа на здравството, како што се медицинските сестри. Станува збор за спроведување на процесот за континуирано унапредување на знаењата и вештините, зајакнување на образовната структура и програмите за медицински сестри и акушерки.Министерот Филипче истакна дека од исклучителна важност е да се посвети внимание на статусот на здравствените работници, да се изнајде начин за негово унапредување.- Важни ни се човечките капацитети во здравствениот сектор, нивната посветеност на работата и секако подобри резултати. Ова се работи што се постигнуваат со континуирана посветеност и секако дополнителни финансиски средства. Се обидуваме да ги подобриме состојбите, кои со години деградирале, се обидуваме со системски промени да направиме разлика. Резултатите допрва ги очекуваме. Почнавме со зголемување на личните примања на здравствени работници за пет проценти, а ова година за дополнителни пет проценти ги зголемуваме платите на медицинските сестри. Како дополнителен стимул беше и реализацијата на зголемувањето на надоместокот за дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на сестрите, кои работат во клиниките и болниците, изјави министерот за здравство на Република Македонија.Тој додаде дека овој е само дополнување на вреднувањето на трудот на здравствените работници и е една од мерките за да се задржи медицинскиот кадар во земјава.- Решени сме да направиме вистински позитивни промени во здравствениот сектор. Со најновите измени на Законот за здравствена заштита решивме повеќегодишен проблем и овозможивме преземање во јавното здравство на медицински сестри, кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, а кои во меѓувреме останале без работа поради затворање на ПЗУ, потенцираше министерот Филипче.Министерот за здравство информираше дека со Здружението на медицински сестри заеднички се реализира проектот за вонболничка постоперативна грижа на пациентите по извршена интервенција.За министерот за здравство, Венко Филипче од ваквите средби произлегуваат искуства и знаење за унапредување на состојбите во здравството и тие се од исклучително значење за развивање на нашите капацитети во здравствениот сектор.

Македонија | пред 7 години

guaido-nicolas-maduro

(ФОТО) Мадуро или Гуаидо? Народот нема што да јаде, хиперинфлацијата го направи своето

Рим со вето го блокирал соопштението на ЕУ дека го признава Хуан Гуаидо како привремен лидер на Венецуела ако претседателот Николас Мадуро одби да распише предвремени избори.Велика Британија, Шпанија, Франција и Шведска денеска го признаа шефот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, како вршител на должноста лидер, откако претседателот Николас Мадуро пркосно го отфрли ултиматумот од европските земји да свика предвремени избори.Мадуро брзо го отфрли крајниот рок, велејќи: „Никој нам не може да ни поставува ултиматум“.САД и уште неколку земји од Латинска Америка плус Албанија веќе застанаа на страната на опозицијата.Друга група земји, пак, меѓу кои и Русија, Иран, Турција, Куба, Боливија и Никарагва, го поддржаа претседателот Мадуро.Инаку додека светските сили се препукуват кој ќе ја води Венецуела, народот нема што да јади. Во многу супермаркети во Венецуела, имено полиците веќе подолго време се празни. Речиси и да нема никакви производи. А дури и кога има прехранбени или други производи за секојдневни потреби, повеќето Венецуеланци не можат да си ги дозволат, поради хиперинфлацијата во земјата. Еден килограм риба во моментов чини двојно повеќе од просечната месечна плата. Прехранбени производи на населението му распределува власта. Пакетите го содржат само основното: има ориз, леќа и масло.Фото: www.dw.com

Свет | пред 7 години

cavkov

Адвокатот на Чавков - Дуковски: Не постои вина кај Чавков за кривичното дело

На денешното рочиште за случајот „27 април“ одбраната и 17-те обвинети ги даваат своите завршни зборови. Прв завршен збор даде адвокатот на Митко Чавков, Сашко Дуковски:– На крајот сме на еден од најголемите предмети, и со самото тоа одговорноста за правилно постапување и примена на законот и носење на секоја одлука мора да се базира на правилна оценка и анализа на секој доказ поединечно се со цел да се донесе законски заснована пресуда. Одговорноста е голема. Ќе се осврнам на неколку круцијални работи. Не постои вина кај Чавков за кривичното дело кое, според завршните зборови на обвинителката Русковска, во кој е кажано дека го загрозиле животото на присутните. Во случајов се работи за збир на сите дејствија, не знам зошто е така, но мислам дека овластениот тужител сметал дека со ставање на повеќе наводни дејствија на извршување обвинето ќе виде поиздржано. Сметам дека за вакво кривично дело пола реченица не може да биде доста за некој да биде обвинет и тоа наводно дејствије да биде извршено токму на 27 април и со тоа да се исполни законското битие за делото за кое се терети., рече Дуковски.

пред 7 години

f7dk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vNzI4ZjQzNTUzMGM1N2JkZmE5NzM2MDYzYzFhOTJlZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Ноќеска опожарени - дуќан во Скопска чаршија и угостителски објект во Бутел

Дуќан во Старата скопска чаршија и угостителски објект во општина Бутел ноќеска се опожарени при што е причинета материјална штета. Материјалната штета во двата пожара се проценува на околу 300 илјади денари.Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со четири возила и 11 пожарникари интервенирала од 23:13 до 00:55 часот на пожарот во Старата скопска чаршија, а од 03:55 до 05:25 часот седум пожарникари со три возила го гаснеле пожарот во угостителскиот објект на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош" во општина Бутел.

Скопје | пред 7 години

ucebnici

Фактор: Во четири очи планирани се над 11 милиони евра, за нов рекорден договор за учебници во 2019 та

Во две набавки, без објавување на претходен оглас туку во преговори, Министерството за образование и наука и годинава ќе ги купува учебниците за основно и средно образование. Ова стои во планот за јавни набавки за годинава кој министерот Арбер Адеми го потпишал пред неколку дена. Само овие две набавки вредат вкупно 680 милиони денари што ќе ја направи оваа институција, повторно, меѓу тие кои се најголеми потрошувачи на годишно ниво. Проценето е учебниците за основно образование да чинат 586 милиони денари, додека тие за средно образование 92 милиони денари. И двете набавки во четири очи се планирани во текот на мај и јуни, објави порталот ФАКТОР.-Инаку годинава планираните јавни набавки на Минситерството се во вкупна вредност од над 1,2 милијарди денари. Тоа значи дека повеќе од половина од вкупно планираната сума за јавни набавки се предвидени за учебници. Рехабилитација на основни и средни училишта со 75 милиони денари е на трето место, а понатаму планирани нови договори според висината на сумата е набавката на интернет за пренос на податоци од училиштата и средните домови (30 милиони), опремување на лаборатории на основните училишта (31,43 милиони денари), санација на мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ (27 мил.), довршување на фискултурна сала во ОУ во село Дебреше (32 мил) и реконструкција на земјоделското училиште Кочо Рацин (30 мил.) итн, пишува порталот.Целата вест прочитајте ја на ФАКТОР

Македонија | пред 7 години

PS-STRUGA

Инцидент пред струшка пекара

На трети овој месец, околу 14 часот, пред пекара лоцирана на улицата „ЈНА“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир во кој, А.И.(23) од струшкото село Радолишта, бил физички нападнат од А.С. (28), М.С.(53), двајцата од струшкото село Велешта, и од уште едно, засега непознато лице.А.С. и М.С. се повикани на разговор во полициската станица во Струга а се преземаат дополнителни мерки за идентификација на третиот учесник во нарушувањето, по што ќе биде понесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

skadarsko_jezero

Уапсен монах од манастирот Врањина поради несреќата на Скадарското езеро

Монахот од манастирот Врањина, Горан Кимпанов е уапсен поради трагедијата што се случи вчера на Скадарското Езеро, во која животот го загубија четири лица.Порталот Б92, пренесува дека монахот Кимпанов се товари а дело „општа безбедност и предизвикување општа опасност“.Инаку трагедијата во кој згина четири лица откако чамец се превртел денеска на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора, го потресе регионот. Се работи за тричлено семејств, а жената била бремена и момче, кое се обидело да ги спаси.Чамецот со неколку лица бил во обиколка на тамошниот манастир, но поради невреме од силен ветер и големи бранови чамецот се превртел.Еден од лицата кои биле во чамецот успеало да доплива до брегот. Тој за медиумите изјавил дека во несреќата настрадале мајка, татко, ќерка и момче што се обидело да ги спаси.

Свет | пред 7 години

mati

Почина еден од најдобрите ски скокачи

Вчера во својата 56та година почина еден од најголемите ски скокачи на сите времиња, легендарниот Финец, Мати Никенен.Во својата кариера освои се што можеше да се освои и стана икона и симбол на овој спорт во осумдесеттите години. Никенен има освоено четири олимписки злата и едно сребро, а пет пати се искачил на тронот на Светските првенства.Откако стави крај на кариерата имаше проблематичен живот поради проблем со алкохолот, а во 2004 година беше осуден на 13 месечна затворска казна поради тоа што избодел пријател во бар во Финска.Никенен поради својот девинактен живот брзо банкротираше, па мораше да ги продаде сите освоени медали и трофеи за да преживее.

Спорт | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника и бара алиби за изборниот пораз во измислени и нереални причини

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО, вели во соопштението од центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.Во продолжение од СДСМ додваат:Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО ДПМНЕ.ВМРО ДПМНЕ знае дека ги чека пораз на избори, знаат дека немаат поддршка кај граѓаните, освен деструкција и блокади не нудат ништо добро за државата и нејзините граѓани.Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмери за изборни нерегуларности што се водат против нив пред наделжните судови.Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат фер, слободни и демократски, се вели во соопштението од центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

bitola

ЈКП „Комуналец“ ќе се грижи за уличното осветлување во Битола

Со одлука на Советот на Општина Битола, на ЈКП „Комуналец“ му е пренесено правото на сервисирање и тековно одржување на електричната мрежа за уличното осветлување на подрачјето на Општина Битола, за градот Битола. По примерот на веќе успешно реализираното осветлување на територијата на Општина Битола во приградските населени места, во неполн месец, ова јавно претпријатие покажа дека има капацитет и опрема соодветно да го менаџира и уличното осветлување во централното градско подрачје, посочи директорот Панде Богоевски.„Во опфатот на градското подрачје, содржан во договорот, има 7941 улично светло. Досегашните договори со приватните фирми, опфаќале одржување на уличното осветлување во делот на менувањето на прегорените сијалици и доколку постоел одреден дефект, истиот да биде отстранет. Со сегашниот договор, ЈКП „Комуналец“ покрај тековното одржување и менување на уличните светилки, ќе вложува и во квалитетот на самата улична мрежа, односно ќе се врши замена на одредена улична сијалица со поквалитетна и појака во однос на осветлувањето, доколку се процени дека за тоа место има потреба од појако осветлување. Таа замена ќе биде со поквалитетни светилки, кои иако се поскапи, на подолг рок даваат заштеда на електричната енергија, што значи општината ќе плаќа помалку пари за улично осветлување“, рече Богоевски.Уште една од новините во однос на уличното осветлување е наплатата. Досега, без разлика на извршената работа, ангажираните фирми биле паушално фиксно исплаќани за одржувањето на уличното осветлување, а сегашниот нов договор предвидува исплата по извршена работа. Тоа значи дека врз основа на дневни извештаи потпишани од надзор на опшината и јавното претпријатие и по конкретно извршена работа, ќе биде исплатена извршената конкретна работа. На овој начин, општината ќе има можност за поголем увид во трошоците, но и за поголеми инвестиции во однос на уличното осветлување во градот.„Граѓаните благовремено ќе бидат известени на кој начин ќе можат да пријават одреден проблем во однос на уличното осветлување“, информираше директорот на ЈКП „Комуналец“,Панде Богоевски.

Македонија | пред 7 години

IMG_4700

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) под мотото „единство и солидарност“, во Ресен одржа вонреден тематски конгрес.„Во регионот каде што се потпиша историскиот преспански договор, делегатите на ТХП дискутираа за повеќе важни теми. Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим, во своето излагање се осврни на успешно заокружениот процес на решавање на проблемот со Р.Грција, со што се отворија вратите на НАТО и ЕУ, потенцирајќи дека особено важно е што во овој процес и пратениците со турско потекло од грчкото собрание дадоа силна поддршка. Генералното мислење на делегатите е дека на престојните претседателски избори редно време е за прв пат во историјата на самостојна Македонија, Турците да имаат свој претседателски кандидат. Во оваа насока Ибрахим ги покани сите турски политички субјекти да се соединат околу заеднички кандидат“, пишува со оопштението на ТХП.На конгресот освен за резимето од досегашниот учинок на ТХП, се дискутирало и за чекорите кои треба да се превземат во следниот период.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

При претрес во Тетово пронајден кокаин

На 03.02.2019 година во периодот од 13.30 до 15.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Ј.С.(49) на улица „Кавкаска“ во Тетово.При претресот биле пронајдени  и одземени кокаин, дигитална вага и семки од марихуана. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

marihuana

Пронајдена марихуана во куќа во Гостивар

На 03.02.2019 година во периодот од 19.30 до 20.50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други помошни простории на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, сопственост на Н.И.(36) од Гостивар.При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето било приведено во полициска станица. Исто така, во полициска станица било приведено и лицето Г.Н., кое било затекнато во куќата. При личен преглед, кај него била пронајдена и одземена марихуана.По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски во Брисел на политичко собрание на Европската Народна Партија

Денес и утре претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел.„На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од Европската Народна Партија чиј што член е ВМРО ДПМНЕ.Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, загрижувачката состојба со газењето на правата и слободите, растечката корупција, како и поддршка на процесот за интеграции, и реформите кои треба да бидат спроведени.Во делегацијата на ВМРО ДПМНЕ е и потпретседателот Александар Николоски и Секраторот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски“, велат од партијата.

Македонија | пред 7 години

rak-grlo-matka

За пет години во Македонија умреле 203 жени од кацрином на грло на матка, а Министерството за здравство и во 2019 година го намали буџетот за 2.8 милиони денари

Во Република Македонија во периодот од 2012 до 2016 година од карцином на грло на матка умреле 203 жени, а бројот на умрени жени од карцином на грло на матка секоја година се зголемува за 6%. И покрај оваа алармантна состојба, Министерството за здравство издвојува средства и дава можност само 28% од жените на возраст од 24 до 60 години да направат бесплатен ПАП тест преку Програмата за скрининг на карцином на грло на матка, а секоја година со оваа програма опфаќа помалку жени од предвидениот број и троши помалку средства од издвоените.Во периодот од 2012 до 2017 година, 56 % од жените на возраст од 24 до 60 години не биле поканети да направат бесплатен ПАП-тест со Програмата за скрининг на карцином на грлото на матката, а пак на 72 % од жените не им бил направен ПАП-тест преку Програмата во изминатите шест години.Во анализираниот период, кај 13 317 жени или пак во просек кај 8% од цитолошки анализираните брисеви утврдени се одредени клеточни абнормалности.  Најголем број на клеточни абнормалности или 14,9% утврдени се во 2016 година. Доколку со Програмата за скрнинг на карцином на грлото на матката биле опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години во изминатите шест години, одредени клеточни абнирмалности би се идентификувале кај приближно 44 илјади жени што значи дека кај овие жени е пропуштена можноста за рано откривање на предраковите промени и карциномот на грлото на матката, и со тоа навремено излекување и продолжување на животот на жените.Воедно потребно е да се воспостави една национална програма за скрининг на ракот на грлото на матката, каде што прецизно ќе се дефинираат критериумите и одговорностите на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување со која ќе се превенира предвремената смрт на жените во нашата земја. Моментално и Министерството за здравство и Фондот паралелно предвидуваат превентивни активности за рано откривање на ракот на грлото на матката, без меѓусебна комуникација и координација.20.464.230 денари за поканување на 682.141 жени на возраст од 24 до 60 години; 68.214.100 денари за спроведување на ПАП тестови од матични гинеколози на 50% од женската поулација на возраст од 24 до 60 години; 20.464.230 денари за цитолошка анализа на направените ПАП тестови; 300.000 денари за координација на скринингот од страна на Центрите за јавно здравје и 500.000 денари за активностите на мобилната гинеколошка ординација.

Македонија | пред 7 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров во работна посета на Вашингтон

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес и утре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, САД.„Министерот Димитров ќе оствари повеќе работни средби со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк тенк заедницата.На 5 февруари, МНР Димитров ќе се обрати на  трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана од Атлансткиот совет на САД.На 6 февруари, во Вашингтон, на покана на државнниот секретар на САД, делегација на Република Македонија ќе учествува на Министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, на кој ќе се разговара за резултатите од повеќегодишните напори и соработката во рамките на Коалицијата за борбата против ИСИС во Ирак и Сирија, како и за идните чекори за стабилизација и одржување на мирот во регионите кои биле претходно зафатени од делувањето на ИСИС“, се вели во соопштението од Министрството за надворешни работи.

Македонија | пред 7 години

vino-makedonija

На ред дојдоја да се „делат“ производите под брендот „Македонија“

Стопанствениците од Северна Грција се загрижени што ќе следува следниот ден по стапувањето во сила на Преспанскиот договор. Тие се загрижени за „судбината на трговските имиња на македонските производи“, пишува “Та Неа“.Името „Македонија” се појавува во различни форми во брендовите на 182 грчки бизниси во сите сектори, а од нив 39 во секторот за храна и во земјоделскиот сектор.Бизнисмените бараат да нема промена во имињата на грчките производи кои го вклучуваат терминот “Македонија” и бараат од владата да го брани ова право на грчките бизниси.Сепак, досега, само 24 компании ги регистрирале своите брендови на европско ниво, од кои 8 од јуни минатата година, а само 2 на меѓународно ниво.„Та Неа“ пишува дека во следниот период ќе биде формиран Специјален комитет на експерти од двете земји, кој во рок од три години ќе го решава ова прашање, но до денес, според претставници на грчките претприемачи, не било побарано да дадат свое мислење.

Свет | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на винарниците кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предаденото грозје

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа кон земјоделците, изнајдено е решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предаденото грозје, велат од СДСМ.„Преку измените на Законот за земјоделство и рурален развој, кои треба да влезат во собраниска процедура, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски на винарниците кон лозарите.Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите и нивните семејства.Понатаму, средствата државата ќе ги побарува од винариите кои што должат.Низ одговорен и инклузивен пристап, Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава наследените проблеми од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, Владата останува посветена на спроведување на мерки што го унапредуваат земјоделството, обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за земјоделците“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

sala

Остатоците од авионот во кој леташе Сала пронајден на дното на Ламанш

Исчезнатиот мал приватен авион во кој фудбалерот Емилијано Сала леташе од Нант кон Кардиф е пронајден на дното на Ламанш, пренесуваат светските медиуми.Веста на Твитер ја објави Дејвид Мернс која ја предводеше приватната потрага по исчезнатиот авион.-Остатоците од авионот во кој леташе Сала со кој пилотираше Дејвид Иботсон се лоцирани , напишал Мернс.Тој воедно пренесе дека полицијата веќе ги информирала и семејствата на Сала и Иботсон, информира АП.Авионот исчезна на 22-ри јануари. Полицијата и државните служби имаа потрага која траеше три дена и во која немаа успех. Откако тие прекинаа фудбалскиот свет собра 300.000 евра и беше ангажиран експертот и ловец на бродови Дејвид Мернс, па потрагата продолжи.

Спорт | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Заев подготвува изборен фалсификат на претседателските избори и затоа бега од техничка Влада

СДСМ и Заев се подготвуваат повторно да ја изиграат волјата на граѓаните на Република Македонија. Аболицираниот Заев подготвува изборен фалсификат на претседателските избори и затоа бега од техничка Влада и предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ и Заев се свесни дека немаат поддршка од македонскиот народ и затоа како и за референдумот спремни се на се, освен на фер и демократски изборен процес.Тие знаат дека македонскиот народ е гневен за сите понижувања, црнила и порази кои му ги приредија. Токму затоа немаат храброст да се соочат со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната која ќе им следува.Откако е СДСМ на власт,  државата и граѓаните се повеќе осиромашуваат. Над 500.000 граѓани живеат во беда и сиромаштија додека криминалниот картел и неговите функционери секојдневно си делат државни тендери и грантови и си покачуваат плати.Нема повисоки плати за граѓаните, нема повисоки стипендии, нема повисоки пензии,  но затоа има поголеми трошоци за живот, поголеми даноци и корупција која со СДСМ ги доживува своите златни денови.Ветуваа едно општество за сите, но прво што направија е тоа што го поделија македонското општество. Поради неуставното носење на законот за јазици, Македонија е поларизирана како никогаш досега во историјата.Како и тоа да не им беше доста, па на македонскиот народ му го погазија достоинството и му го нанесоа најголемото понижување. СДСМ на најбезобразен и насилнички начин,  по пат на закани и уцени, спротивно на волјата на граѓаните го промени името на државата и се откажа од македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и традиција.Граѓаните јасно на 30 септември порачаа дека се против промена на уставното име на Република Македонија.  СДСМ и аболицираниот Заев се одлучија да одат спротивно на сопствениот народ, само заради лични и кариеристички цели, и граѓаните тоа никогаш нема да им го простат.СДСМ и Заев во овие две години донесоа само црнила, понижувања и порази. Затоа бегаат од предвремени парламентарни избори кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, го гледаат гневот на македонскиот народ кој со секој изминат ден се повеќе се противи на нивните црни политики.ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот.  Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува, тоа и го остварува. Тие знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи за доброто на граѓаните, за доброто на Македонија и во заштита на државните и национални интереси.  ВМРО-ДПМНЕ е народна, партија од народот, од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е заедно со својот народ и секогаш на патот на Македонија.Граѓаните заслужуваат подобар живот, подобар стандард и подобра иднина за себе и за своите деца. Тие не смеат повеќе да живеат бедата, црнилата и понижувањата кои ги нанесуваат СДСМ и аболицираниот Заев. Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за СДСМ да замине во историјата, а граѓаните и Република Македонија конечно да почнат да напредуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија на 9. седница на 4 февруари 2019 година, во 12:00 часот, во Сала на Уставна комисија, ќе одржи Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година.Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието на Република Македонија, министeрката за труд и социјална политика, координаторките за еднакви можности на Министерствата на Република Македонија, Комисијата за заштита од дискриминација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, градоначалниците, локалните комисии за еднакви можности, претставници на меѓународните организации, експерти, Институтот за родови студии, Un Women, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, како и претставник на Европската комисија. 

Македонија | пред 7 години

LP-simbol

ЛП: Да се донесат измени во Законот за градење со кои Скопје ќе може да се шири само во ново-проектирани Општини

„По најавата на Министерството за транспорт и врски дека се подготвува нов Закон за градење, бараме новото законско решение да дозволува мораториум за градба во постоечките Општини на градот Скопје (поради пренаселеност, сообраќаен колапс, кој влијае на здравјето и квалитетот на животот на граѓаните). Да се донесат измени со кои градот Скопје единствено ќе може да се шири во ново-проектирани Општини (нови населби, нови станбени објекти) на запад, север и исток.Апелираме градоначалниците на општините да не бараат алиби во пристапот дека од продажба на земјиште и комуналии се полнел буџетот; од што ќе се полнат буџетите кога ќе се бетонираат последните зелени површини? Водењето општина подразбира грижа за потребите на граѓаните, и унапредување на квалитетот на животот, а не одлуки во интерес на градежната мафија.Исто така бараме Законот да ја регулира областа на градежништвото по примерот на Република Србија, која прва во регионот почна на системски начин да го решава проблемот на пласирање „валкани пари“  во овој сектор, како еден од потенцијално ризичните за перење пари“, велат од ЛП.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања