Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

kina

(ВИДЕО) Силна експлозија одекна во Кина - неофицијално во зграда

Силна експлозија одекна во центарот на кинескиот град Чангчун, јави „Спутник“. Неофицијално експлозијата се случила, во зграда на еден од повисоките катови.Засега нема извештај за жртви, а не е позната ниту причината за експлозијата.https://twitter.com/xupeibai/status/1088721457436274689?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1088721457436274689&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25ba%25d0%25b8%2F

Свет | пред 7 години

lavrov

(ВИДЕО) Кога не момент попушта концентрацијата - Лавров се ракуваше со микрофон

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на изјавата за медиумите по состанокот со министерот за надворешни работи на Алжир, Абделкадер Месаел, се ракуваше со микрофон.Како што пренесуваат тамошните медиуми, снимател од една телевизија се обидел да го приближи својот микрофон до Лавров со цел да ја сними нивната изјава. На видеото што го објавија медиумите се гледа како микрофонот се приближува до Лавров, а во тој момент рускиот министер, обидувајќи се да избегне непријатна ситуација, едноставно се ракуваше со микрофонот.

Свет | пред 7 години

liljak

Смртоносен вирус на ебола пронајден кај лилјак

За првпат вид на смртоносен вирус на ебола одговорен за неодамнешните епидемии е пронајден во лилјак во Западна Африка, објавија либериските здравствени власти. Ова најново откритие може да им помогне на научниците да научат повеќе за тоа како вирусот ги инфицира луѓето.Лилјаци кои ја носат оваа болест веќе беа пронајдени во Централна Африка, а научниците веќе долго време се сомневаа дека лилјаците се природен домаќин на ебола и извор на и некои други човечки инфекции.Иако лилјакот беше пронајден во Либерија, земјата немаше никакви случаи на ебола од 2016 година.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев: Не сакам да изгубам ниту на кошарка во маало, ќе победам

„Не сакам да изгубам ниту на кошарка во маало, а камоли на претседателски избори“, вели Влатко Ѓорчев од својата пратеничка канцеларија на првиот кат од Собранието. Иако во парламентот вчера беше вообичаен ден со активности, за него е, сепак, посебен: првпат во законодавниот дом влезе како кандидат за претседател на државата. Телефонот постојано му ѕвони, прима пораки и поддршка за кандидатурата.Во канцеларијата влегува неговиот партиски колега Антонио Милошоски. Срдечно се поздравуваат и се прегрнуваат.„Со среќа“, му вели Милошоски.„Заедно ќе победиме“, му враќа Ѓорчев.Ексминистерот за надворешни работи практично до последен момент фигурираше како потенцијален кандидат на опозицијата за наследник на Ѓорге Иванов.„Таа одлучност, мотивираност и волја ја има само кај Влатко“, коментира Милошоски.Тој објаснува дека со Ѓорчев споделуваат блиски гледишта за надворешно-политичките приоритети на Македонија потенцирајќи го Договорот за стратегиско партнерство со САД од 2008 година, како и оној со Турција, партнерските односи со државите членки на ЕУ и определбата за проактивна мултилатерална дипломатија во ОБСЕ, ОН и Советот на Европа. Тие се познаваат добро уште од студентските протести во 1997 година.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

51180438_10215567848100750_5238038420806172672_n-1

Донација од Делегацијата на ЕУ во Скопје и Меѓународната организација за миграција

Делегацијата на Европската унија во Скопје и Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска на Министерството за внатрешни работи му донираа две теренски возила марка „Нисан навара“ опремени со сет на системот TRACK’N’GO.Со донацијата се зајакнуваат капацитетите на тимовите за интервенција и се подобрува одржувањето на телекомуникациските системи на МВР. Возилата се опремени со специјална опрема која се користи за тешко пристапни локации и во лоши временски услови.Министерот Оливер Спасовски во име на Министерството за внатрешни работи се заблагодари на донацијата, потенцирајќи ја одличната соработка со Делегацијата на ЕУ и ИОМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Автомобил се заби во ограда, три лица повредени

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 2 часот на излезот на Радовиш.Настанот го потврди заменик портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека од засега непознати причини автомобил марка „мерцедес“ се забил во оградата на една од бензинските станици.Повредените со возило на Итната медицинска помош се пренесени во болницата во Штип, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Македонија | пред 7 години

grcija-protesti-1

Средношколците во Грција ја блокираат наставата

Средношколци од 55 училишта во грчката провинција Централна Македонија протестираат утринава против ратификување на Договорото од Преспа. Тие ги окупираа училишните простории и ја блокираат наставата.Повеќето од окупираните училишта се наоѓаат во Пела, или 22, додека 11 во Тесалоники.Директорот на секундарното образование во Пела за грчките медиуми изјави дека нема докази за надворешно влијание зад окупацијата на средните училишта.

Свет | пред 7 години

40530078_10158105600814466_4386630037059665920_n

Зекири: Не знам зошто ДУИ не го додадат и Влатко Ѓорчев на листата консензуалени кандидати

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, негодува за имињата кои се најдоа на наводната листа на кандидати за консензуален претседател на ДУИ.„Консензуален кандидат за ДУИ да ти биле Денко Малевски, Лазе Еленовски па дури и Владо Поповски, не знам зошто на оваа листа не го додадат и Влатко Ѓорчев ?!!…“, напиша тој на фејсбук.

Македонија | пред 7 години

GRCIJA-PROTESTI

(ВИДЕО) Протести: Гореа Атина и Солун

Во Атина и Солун додека во грчкиот парламент се одржуваше седница за ратификација на Договорот од Преспа, голем број граѓани протестираа.Протестите преминаа во насилство, при што и полицијата мораше да интервенира.На протестот во Атина беше запалено и македонското знаме од страна на демонстрантите, а грчките медуми јавуваат дека во Солун низ улиците се водела вистинска „улична војна“ со полицијата.

Свет | пред 7 години

toshe-proeski

Традиционална крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Традиционално по 15. пат денеска ќе биде организирана крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот 38-ми роденден.Организатори на акцијата се Црвениот крст на град Скопје, Општинската организација на Црвен крст Центар, Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот.Поддршка кон акцијата ќе дадат и волонтерите од Клуб 25- клуб на млади крводарители, мотиватори како и волонтерите од Клуб на млади на Црвен крст Центар.Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин, нагласуваат организаторите.Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески почна во 2010 година и истите се реализираат во негова чест. До сега на овие 14 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале над 4. 500 крводарители.

Македонија | пред 7 години

tatjana

Денеска е голем празник: Маченичката преживеа и откако им беше фрлена на лавовите, па пострада за Христа

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари.Денеска е Св. маченица Татјана.Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена.После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама.Најпосле и ја отсекле главата. Света Татјана пострада за Христа во третиот век.

Магазин | пред 7 години

slanski_hrabal

Две нови книги во едицијата „Прашки ракописи“

,,Везилка 2011” објави два нови наслова во едицијата ,,Прашки ракописи” чиј автор е Ристо Лазаров. Првиот, насловен ,,Процесот на Слански и други чешки судбини” е посветен на познатиот процес против Рудолф Слански, секретар на Комунистичката партија на Чехословачка и уште на дванаесетмина високи функционери, речиси сите Евреи, кои во декември 1952 година, во сталинистичка чистка експресно се осудени на смрт со стрелање. Слански прв се појавил пред судот, обвинет, како и другите, за титоизам. Ги признал сите точки на обвинението: за шпионажата, за богатството, дека саботира и дека откривал воени тајни. Неговото појавување пред суд било крајна самодисциплина какба што не е видена во историјата на чешката правда. И не само чешката. Накусо, ракописот го зафаќа сталинистичкиот период во Чешка, вклучувајќи го и подигањето и уривањето на огромниот споменик на Сталин во Прага.,,Храбал - тажниот крал на чешката книжевност”, пак е кус животопис на Бохумил Храбал, познат раскажувач, романсиер и сценарист за кого Милан Кундера вели дека е најголем чешки писател. Прочуениот автор на сценаријата за филмовите ,,Песот кој лаеше на возовите” и ,,Го служев англискиот крал”, како и на многу други романи и раскази, за себеси вели: ,,За мене постојат две сакрални фигури: Хашек и Кафка. Хашековата е исткаена од народен хумор и шеги, а Кафкината - таа тоа го промислува интелектуално, има повеќе набој од тој вид. Место кое е невозможно да се заобиколи кога се говори за Храбал е пивницата ,,Златен тигар” во која Храбал беше како дома и наместо во некоја од старите чешки палати инсистираше да му беше домаќин на американскиот претседател Клинтон, кој веројатно не се покаја што ја прифати таквата покана.

Магазин | пред 7 години

teuta

Тетовчани се отруја, Теута веројатно спие

Екстремно загадениот воздух во Тетово и оваа зима не ги алармираше властите да преземат сериозни мерки за намалување на штетните ПМ 10 честички во воздухот. Причините за аерозагадувањето се знаат, но тие како да не постојат за надлежните, пишува НЕЗАВИСЕН.За сообраќајниот хаос ништо не се презема. Пробивањето на двата главни булевари во градот, со кои требаше да се растовари сообраќајот, не се одвива, иако ваквите градежни активности неколкупати беа најавувани од градските власти, проблемот со недостиг на паркинг-места сè уште не се решава, а тетовци сè уште се надеваат дека ќе профункционира јавниот градски превоз.Најголемиот проблем според урбанистите се висококатниците, кои ја блокираат нормалната циркулација на воздухот, а и оваа зима масовно се градат, посебно во центарот. Граѓаните веќе и не очекуваат дека институциите ќе преземат нешто сериозно за намалување на аерозагадувањето. Тие велат дека им останува само да не излегуваат од дома кога е многу загадено.

Македонија | пред 7 години

Silegov-520x292

Мега скандал: Шилегов прави голема изборна измама со вработување на 700 партиски војници, вели Арсовски

Мега скандал е што во изборна година Градот Скопје и Петре Шилегов носат планови за вработување на над 700 партиски војници во само две јавни претпријатија, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.-Тука се плановите за вработувања за следната година каде што јасно се гледа дека над 700 луѓе ќе бидат вработени. Ова преставува вовед во изборна манипулација и може да се толкува како корумпирање на гласачкото тело. Изборниот период се уште незапочнат е компромитиран со сомнеж за предизборна корупција од страна на СДСМ и владата. Од овие 700 вработувања, во ЈП Комунална хигиена се вработуваат 300 нови работници, а во ЈСП се планира вработување на 403 лица. И двете претпријатија опстојуваат поради субвенции на градот Скопје и бележат загуби, а сега граѓаните ќе мора да ги плаќаат и овие 700 нови партиски војници кои што ќе ги вработи СДСМ, рече Арсовски и додаде:„Овие 700 вработувања на партиски војници не може никако да се толкуваат поинаку освен како корумпирање на гласови пред изборите. Додека се вработуваат 400 партиски војници во ЈСП, одат во пензија само 30 луѓе во првата година, а во ЈП Комунална Хигиена се вработуваат 300 луѓе при што само 29 ќе одат во пензија, односно 10 пати повеќе се вработуваат од онолку колку што одат во пензија. Ова се вика натрупување на државната администрација со партиски војници. Се работи за раководни звања, раководители на сектори, на одделенија, заменици раководители, советници“.

Скопје | пред 7 години

timthumb

Каменос повикува на масовни оставки во грчкиот парламент

Претседателот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во владата, Панос Каменос, преку неговиот Твитер профил, утрово побара масовни оставки на пратениците за да се спречи ратификацијата на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.-До 14 часот можеме да го блокираме гласањето на Договорот од Преспа со оставка на 101 пратеник. Прв ја потпишувам мојата оставка, напиша Каменос и упати повик до Мицотакис за оставка.Со сличен предлог за време на расправата во грчкиот Парламент во изминатите два дена излезе и лидерот на Златна зора, Никос Михалољакос, кој тврдеше дека ако неговите пратеници, пратениците од Нова демократија и од ПАСОК си поднесат оставки тогаш, според него треба да се распишат избори, а слични шпекулации излегоа и во дел од медиумите.

Свет | пред 7 години

50399547_2241988246056121_6516587491187752960_n

(ФОТО) Ако.мк: Поздрав од центарот на Скопје

ФОТО: Ако.мк

Скопје | пред 7 години

fatime-fetai

Адвокатот на Ејуп Алими бара извинување од Фатиме Фетаи

Изнесените наводи од страна на обвинителката Фатиме Фетаи се невистинити, реагира адвокатот, Мефаиљ Арслани, кој го застапува пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, во предметот „Титаник 3“ за изборни нерегуларности во Општина Чаир, пишува Фокус.Неговиот демант следи откако на вчерашното рочиште Фетаи изнесе тврдење дека преку адвокатот добила закани испратени од Алими. Како што рече Фетаи, адвокатот ги пренел заканите на Алими кој и порачал: „„Ти си наша, може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“, мислејќи на обвинителот Гаврил Бубевски.Арслани го демантира ова и бара јавно извинување од Фетаи. Во спротивно вели ќе покрене тужба за навреда и клевета.– Јас сум адвокат кој професионално ја обавува својата дејност. Моите клиенти и соработници никогаш не сум ги делел според нивната вероисповед или „на наши и ваши или каури“, како што посочува Фетаи. Мојот пристап и начин на работа се професионални за што потврда е мојот коректен однос со сите колеги и клиенти. Ниту јас, ниту мојот клиент сме се заканувале директно или индиректно на обвинителот Гаврил Бубевски – вели во писмената изјава Арслани.Тој тврди дека ниту приватно ниту во врска со предметот „Титаник 3“ се видел со Фатиме Фетаи и ја прозива дека нејзината намера за истакнување на ваквите лаги очигледно е, како што вели тој, нејзина лична фрустрација која е објаснива само за неа.– Повеќе од јасно е дека обвинителката сака и на ваков начин да си земе медиумски простор, кој очигледно во последно време ѝ недостасува, притоа неводејќи сметка за тежината на зборовите кои ги кажува. Да беше свесна што кажува или да се консултираше со некој пред да каже вакви клевети и лаги, немаше да се доведе во ситуација во која допрва треба да го докажува своето бламирање – вели Арслани.Тој вели дека ако обвинителите не покренат постапка против него за наводните закони, тој лично ќе покрене постапка против Фатиме Фетаи за начинот на кој се обидела, како што вели, да го наруши неговиот углед.-Истакнувам дека ваквите изрази и поделби кои ги употреби Фетаи, се одраз на нејзино размислување, дел од нејзиниот речник и очигледна потреба некаде да припадне. Мојот вокабулар, начин на размислување и работење е различен од нејзиниот – го завршува Арслани својот демант.

Македонија | пред 7 години

zmija

Автралијанка касната од змија додека седела на WC школка

59 годишна Австралијка се преплашила кога видела дека огромна змија-питон е причината за нејзините непријатности во нејзиниот тоалет.Таа била касната додека седела на тоалетната школка, но за среќа змијата не е отровна.Специјална екипа го извадила 2 метра долгиот питон, кој се сокрил во тоалетната школка, бегајќи од енормно високите температури во Австралија, кои ова лето се движат до 50 степен.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Денот „Д“: Ќе го ратификува ли Грција договорот за Северна Македонија?

Грција – Во 9 часот по локално време започнува третото и последно продолжение на пленарната седница за ратификација на нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за Договорот од Преспа. Предвидено е, доколку не се пролонгира за подоцна, поради големиот број пријавени пратеници за збор, гласањето да се одржи во 14.30 часот.Вчерашната расправа ја одбележаа обраќањата на лидерите на политичките партии, меѓу кои и претседателот на СИРИЗА и премиер, Алексис Ципрас и претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. И двајцата говореа детално и опширно, едниот 70, другиот 60 минути за нивните аргументи зошто се „за“, односно „против“ Договорот од Преспа.-Во овој момент се наоѓаме еден чекор пред историски настан,рече грчкиот премиер во неговото обраќање и додаде дека по речиси 30 години неактивност и по една цела година исцрпни преговори, „доаѓаме до крајот на еден исцрпувачки процес”.

Свет | пред 7 години

protesti-atina-1024x703

„Македонија земја на Грците“ испишано пред домот на американскиот амбасадор во Атина

За време на вчерашните протести против Договорот од Преспа во Атина, група на демонстранти кои поминувале покрај домот на амбасадорот на САД, Џефри Пајат, испишале слоган со навредлива содржина: „Македонија земја на Грците“.30 лица биле повикани на информативен разговор во врска со овој случај.Домот на Пајат во Атина се наоѓа во близина на самата амбасада на САД и не е прв пат да биде мета на демонстрантите кои протестираат против Договорот од Преспа. Претходно беа испишувани графити против империјализмот на САД.Протестите продолжуваат и денеска додека во грчкиот парламент се одвиваат последните часа од расправата, која треба да резултира со ратификација на Договорот.

Свет | пред 7 години

veneciska-komisija

Се „разврзаа“ јазиците: Венециската комисија ги испокара сите испокарани

Венециската комисија наеднаш се претвори во нов полигон за пресметка меѓу главните политички субјекти. И внатре во владејачката коалиција меѓу владините стожери СДСМ и ДУИ (можеби помалку очекувано), но и крајно очекувано меѓу власта и опозицијата, чиј раководител на правната партиска комисија, професорката Тања Каракамишева е член на ова советодавно тело на Советот на Европа кое се занимава со уставни прашања, изборни и воопшто со дејствување на демократските институции.Политичките надмудрувања околу Законот за јазиците (дали делумно или целосно бил испратен до Венециската комисија), на површина ја изнесоа нетрпеливоста во, навидум, совршениот брак меѓу СДСМ и ДУИ. Покрај тоа, и тврдењето на Каракамишева дека добила информација од генералниот секретар на Венециската комисија, Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата, владин притисок од каков било вид врз национален претставник не е дозволен, беа причина вчера да стигне одговор од високите институции на ЕУ и од самата Венециска комисија.Венециската комисија испрати писмо до кабинетите на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Од Владата потврдуваат  дека е доставено писмо (без да ја објават содржината), но тврдат дека има само објаснување на постапките за гласање.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

UwVk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWWpjN01EQV8vNTNkMzlkYTI4YjkxNDE0MjhlMzdkYmUyM2ZjMmQwM2QuanBlZ5GTAs0CQgCBoTAB

(ВИДЕО) Македонец починал од тумор слушајќи совети на надрилекар од Србија

На 7 јануари, 2018 година, почина Славчо Петров, од последици од тумор на мозокот, објавија српските медиуми.Неговата сестра, 23 годишната Билјана Јовановиќ, за смртта на нејзиниот брат го обвини лажниот доктор, надрилекарот без никакво образование, Мирољуб Петровиќ. Таа ја раскажа потресната приказна за нејзиниот брат.Во март минатата година докторите во Македонија му откриле тумор на мозок, кој, според Јовановиќ, бил на недостапно место тежок за операција, а првите сознанија биле дека е бинигнен. Операција била можна само во странство, но бидејќи немале пари, решиле да му се обратат на контроверзниот Мирољуб Петровиќ, кој со години оди низ Србија и држи предавања против традиционалната медицина , убедувајќи ги луѓето да се лекуваат со тревки и да се молат на Господ. Тој своите услуги ги наплаќал, па така секој совет за Билјана значеле нови од 50-до 120 евра.Лековерните Македонци , на почеток му поверувале, посебно сестрата Билјана која живее во Крушевац, бидејќи Славчо се чувствувал подобро од разни сокови и тинктури, но по неколку недели паднал во агонија.Сестрата на починатото момче во српските медиуми ги објави пораките кои ги разменувала со лажниот доктор, во кои тој ја убедува дека со неговите совети и молби кон Господ, сѐ ќе биде во ред и дека нема потреба да одат на лекар.Само неколку дена по смртта на Славчо Петров, неговата сестра гостуваше во утринска програма на Прва тв, заедно со надрилекарот Петровиќ, каде ја раскажа нејзината приказна, покрај сѐ, сѐ уште нарекувајќи го лажниот лекар- доктор Петровиќ.Неверојатно е што и новинарот му се обраќа со доктор Петровиќ.На нејзините обвинувања, тој реагираше со зборовите ,,буздованка од Македонија, облечена како проститутка“.Наивната Македонка слепо му верувала на надрилекарот. Против Мирољуб Петровиќ, кој воопшто нема завршено медицина, веќе е поднесена кривична пријава за лажно претставување и ширење пропаганда за невакцинирање. Овој човек смета дека жените се само машини за раѓање, со нив треба само со рака преку уста, тој смета дека наркоманите и дилерите треба да се убијат… Неверојатно е што овој шарлатан има своја емисија, држи предавања и дава онлајн совети.

Македонија | пред 7 години

pozar-4

Кривична пријава за пожарникарот кој физички нападна колега со тврд предмет

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишниот пожарникар од Велгошти, кој нападна и тешко повреди свој колега. Лицето се сомничи за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „загрозување на сигурноста“ и „насилство“.Претходно, од страна на судот, на лицето му беше изречена мерка 30-дневен притвор, а му беше одредена и суспензија од работа на неодредено време.Пријавениот, на 9-ти јануари, околу 10 часот во охридската Територијална противпожарна единица, со тврд предмет физички го нападна неговиот колега, по што избега. После тоа, пријавениот околу 10.30 часот се јавил во ТППЕ Охрид и упатил закани по животот на негов друг колега.

Македонија | пред 7 години

pozar-1

Во Кисела вода, најпрво ограбен, па запален стан

Во општина Кисела Вода синоќа избувнал пожар во стан на улицата „Христо Татарчев“ бр. 62 -3 -1. Станот прво бил ограбен, се било претурено, а потоа запален. Повредени нема, објви МИА.Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната брига на Град Скопје Владимир Симоновски, се работи за пожар од помал обем бидејќи е оштетена само една соба.– Добивме дојава во 21.35 часот, по што веднаш интервениравме. Три возила го гаснеа пожарот со осум пожарникари. Ако немаше брза интервенција пожарот можеше да биде катастрофален за зградата, рече Симоновски.Опожарени се 20 метри квадратни, а штетата е околу 200 илјади денари.

Скопје | пред 7 години

Roaming

Доколку се постигне договор до април, веќе во јули би почнало намалувањето на цените на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан

Ако се постигне договор до април 2019 година, веќе во јули би почнало намалувањето на цените на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, а воопшто не би се плаќал од 2021 година, порача денеска во Брисел генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, обраќајќи им се на учесниците на втората рунда преговори за нов регионален договор за роамингот.– Ако сакаме луѓето да го препознаат вистинското влијание на нашите напори за промоција на регионалната соработка, тогаш овој договор треба да го потпишеме во април, изјави Брегу.Додаде дека на ЕУ и требаа десет години да го воведе концептот „роаминг како по дома“, додека земјите од Западен Балкан имаат амбиции и храброст ова да го завршат за две и пол години.Македонија активно учествува во овие преговори кои започнаа уште пред две години во организација на РСС, оперативно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања