Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

zemjotres-1

Оштетени пет куќи во земјотресот во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени вчера околу 20 часот и 27 мунути ги погоди југозападните делови на Албанија, а според првичните информации нема повредени.Во потресот се оштетени пет куќи во селото Куч, соопштуваат од министерството за адбрана.Погоденото подрачје е на 240 километри од Тирана.Според информациите епицентарот бил на 30 километри северозападно од Ѓирокастро, а на длабочина од 10 километри.

Свет | пред 7 години

zemjotres

Земјотрес во Албанија

Замјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер околу 20 часот и 27 минути беше почувствуван во Албанија.Според информациите епицентарот бил на 30 километри северозападно од Ѓирокастро, а на длабочина од 10 километри.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево и студено време со засилен северен ветер

Денес не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со умерн до засилен ветер претежно од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринските температури ќе бидат под нулата, а во некои места ќе достигнат и до - 10 степени. Во текот на денот ќе дојде до мал пораст на температурите кои во југоисточните делови ќе достигнат до 1 степен.Во Скопје сончево со мала умерена облачност. Температурата ќе се движи од -6 до 0 степени.Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица ќе се задржи променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Повремен слаб снег ќе има во недела, кога дневната температура ќе биде во благ пораст. Во понеделник и вторник ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи од снег се очекуваат од среда. 

Македонија | пред 7 години

48372034_10210501433691358_8811544708221239296_o

Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Снег со слаб интензите врне на сите патни правци во државата.Забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово-Дебар и Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража останува.На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снегНа одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

mitropolit

Српската црква ја напушта Вселенската патријашрија

Митрополитот црногорско - приморски Амфилохије, порача дека автокефалноста на православната црква во Украина нема да влијае на статусот во Црна Гора, но и дека по најновите одлуки на Црнгорската патријаршија, Вселенската патријаршија за Српската православна црква „аспослутно повеќе не е“ врховна црковна власт.Митрополитот во интервју за Вјести ТВ, рече дека при неодамнешна средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, му ги соопштил одлуките на Црковниот Собор на СПЦ, кој не се согласува со неговите одлуки да и даде автокефалност на Украинската црква.„Токму поради тоа, нашата црква, но и многу други птријаршии не прифаќаат таков став, јас тоа отворено му го кажав. Се надевам дека многу теолози во Грција и архиереи се против тоа и против неговото однесување“, рече митрополитот.Запрашан дали овој указ може да влијае на статсот на црквата во Црна Гора, Амфилохије истакна дека тоа нема „апслутно никаква врска со статусот на црквата во Црка Гора“.„Друго е прашањето за независна Црна Гора, а друго е за автокефална црква“, нагласи митрополитот.

Свет | пред 7 години

mirjana-najcevska

Најчевска: Со невакцинирањето се донесува одлука за сопственото, но и за нечие друго дете

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил се огласи во врска со вакцинирањето на децата со МРП вакцината. Според неа со невакцинирањето не се донесува одлука само за сопственото туку и за нечие друго дете.„Ова со правото на избор за вакцинирањето ми е нешто многу слично на барање право на избор да му даваш на детето да јаде или не. Или, право на избор на која страна од улицата ќе возиш. Или, право на избор да ќењаш на среде улица или не. Или, право на избор да го пратиш детето на училиште или не.Има одредени цивилизациски достигнувања кои во актуелниот момент од развојот на човештвото се прифаќаат како аксиоми. И се почитуваат се додека не се докаже дека не се добри или дека има и подобри од нив или доколку станат беспредметни како на пример во зењето на десна страна кога ќе почнеме да практикуваме телепортација.А сега и нешто многу сериозно. Правото на избор како човеково право има граници. Основна граница е правото на другиот.Кога се зголемува бројот на невакцинирани деца, може да се случат две работи кои ги загрозуваат правата на другите.Прво, сите оние деца кои од објективни/здравствени причини не можеле да бидат вакцинирани се заштитени во голема мера со тоа што не се изложени на мали сипаници заради тоа што сите околу нив се вакцинирани. Тоа значи дека со невакцинирањето не се донесува одлука само за сопственото туку и за нечие друго дете.Второ, вирусот на мала сипаница во услови на поголем број невакцинирани деца добива големи шанси да мутира и со тоа да ги загрози и децата кои веќе се вакцинирани, односно да создаде подвид на истата болест. И повторно, некој со својот избор ги загрозува правата на другите.Заклучок: правото на избор има граници и во случајов тие граници се прекршени и треба повторно да бидат воспоставени. Таму каде што станува збор за население со елементарно образование и помала изложеност на лажни вести и бајачки, не се потребни казни за луѓето да не ги преминуваат овие граници. Таму каде што се уште бајачките имаат главен збор, а иконите поставени на ФБ лекуваат и носат среќа, мора да се применат дрстични мерки“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

zamrzna-ezero

(ФОТО) Мраз на кејот од Охридското Езеро

Ниските температури кои ја зафатија земјава, придонесоа да се замрзнат и краевите од водата на Охридското езеро, на самиот кеј. Фотографијата е направена пред каналот Студенчишта на самиот кеј.Вечерва во Охрид се измерени -7 степени.Сепак ова не е прв пат да се замрзни водата на кејот, на охриѓани многу свежи им се сеќавањата од овој период 2017 год, кога голем дел кејот беше замрзнат.

Македонија | пред 7 години

vakcini-protest-3

(ФОТО) Протест во Скопје - „НЕ“ присилна вакцинација против МРП

Попладнево во главниот град се одржа протест против присилната вакцинација против МРП. Голем број граѓани не се сложуваат со одлуката на Mинистрството за здравство, дека некој друг може да одлучи за нивните деца. Родителите велат дека не веруваат во квалитетот на вакцините, а голем дел од нив ако веќе мора да бираат помеѓу кривична пријава и вакцина, избираат да ја платат казната, затоа што како што велат ниту една парична казна не е голема во споредба со здравјето на децата.Најголем дел од родителите се вознемирени поради вакцинацијата, велат дека читале дека во повеќето случаи оваа вакцина предизвикува аутизам кај децата.Од друга страна педијатрите смируваат и велат дека вакцините се исправни и дека мора да се примат.Се наметнува прашањето дали смее Владата радикално да постапува и да забранува запишување во градинка и основно образование, кога образованието во основно и средно според законите во Р. Македонија е задолжително.Министерство за здравство информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден вакцинирани се вкупно 990 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).Од друга страна на 4 февруари годинава ќе се отворат понудите по тендерот на Министерството за здравство за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации на населението во Република Македонија за периодот јуни 2018 – јуни 2020 година.Станува збор за јавна набавка за која тендерот беше распишан на 21 декември, минатата година. Проценетатата вредност на тендерот е 661.025.466 денари или околу 10,7 милиони евра, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Скопје | пред 7 години

Haker-2-620x350

Поради хакерскиот напад германската влада прогласи „сајбер аларм“

Германската влада денес прогласи „сајбер аларм“ поради масовниот хакерски напад на германските политичари и познати личности, меѓу кои е и претседателот Франк Валтер Штајнмајер и германската канцеларка Ангела Меркел.„Според моменталните податоци со коишто располагаме, меѓу податоците коишто се украдени нема чувствителни документи. Исто така, не се погодени ниту мрежите на Бундесверот“, изјави една од портпаролките на германската влада, Мартина Фјец.Министерството за внатрешни работи се уште не знае како хакерите стигнале до тие податоци, но не ја исклучуваат можноста дека некој кој имал пристап до податоците истите да ги објавил.Случајот во меѓувреме го разгледува и Главното јавно обвинителство, кое се вклучува во случаи кога постои закана за националната безбедност.Според германските медиуми, симптоматично е што од сите пратенички групи во Бундестагот единствено не била засегната пратеничката група на евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Страшна сообраќајка на Флорида, седум лица го загубија животот

Два трактори со приколка и две патнички возила се судрија денес со што дошло до излевање на бензин на автопатот во Флорида, со што бил предизвикан пожар во кој животот го загубија седум лица, а повредени се најмалку осум.Несреќата се случила во југозападниот дел на автопатот 75. Пожарот бил предизвикан од излевање на околу 190 литри бензин, пренесува АП.Најмалку осум лица се хоспитализирани, а некои од нив се во критична состојба.Спасувачките екипи го изгасиле пожарот, а властите соопштија дека судирот го третираат како истрага за убиство.Пожарот бил силен, при што оштетил делови од патот. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Безуспешна потрагата на четворицата скијачи кои ги затрупа лавина во Норвешка

Норвешката полиција соопшти дека 4 скијачи кои исчезнаа откако лавина го погоди северот на Норвешка се најверојатно мртви.Според портпаролот на полицијата Мортен Петерсен, веќе нема надеж дека спасувачите ќе пронајдат некој од нив жив, пренесува АП.Мадс Гилберт од Универзитерската болница во северна Норвешка изјави дека е невзможно да преживеале закопани во снегот.Спасувачката операција на една Швеѓанка и тројца Финци започна во средата, а големите врнежи од снег и лошата видливост вчера ја отежнаа потрагата. 

Свет | пред 7 години

oslomej-2

Потпишан договор за изградба на фотонапонска електрана Осломеј

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска присуствуваа на потпишување на договор помеѓу директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер, и директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски, за изградба на фотонапонска централа Осломеј.Најавивме економска година, и од тој аспект, ова е прекрасна прилика да таа економска година ја ставиме во функција“, рече премиерот Заев на почетокот на своето обраќање по потпишувањето на договорот.Инвестицијата влегува во еден од најзначајните сектори, енергетиката, каде што, како што појасни премиерот Заев, имаме најголем потенцијал за дигање на бруто домашното производство, но секако и сериозен потенцијал да го покриеме недостатокот на енергија во Македонија.Исто така, тој го потенцираше и еколошкиот карактер на овој проект, затоа што сонцето е единствениот ресурс кој ќе се користи во произведувањето на електричната енергија.„Значајно е што државата го повлекува првиот чекор, од она што следува, од преку 200 мегавати нови инвестиции во фотоволтаици или фотонапонска мрежа, којашто на повеќе локации низ државата, под раководство на министерството за економија, вицепремиерот Анѓушев и мојот кабинет, односно советниците за енергетика, подготвуваме неколку локации за јавно-приватно партнерство за 200 мегавати, и давање под концесија за сите заинтересирани кои ќе сакаат да инвестираат во ваквите енергетски обновливи извори на енергија“, појасни премиерот Заев.Овој заем, како што појасни премиерот Заев е прв за ЕЛЕМ без државна гаранција и за него важат целосно пазарни параметри.„Ова претставува пример како еден скоро заборавен објект, ТЕЦ Осломеј полека ќе го претвориме од загадувачки објект во еколошки објект, кој ќе произведува чиста електрична енергија. Ова се само првите 10 мегавати, за кои потпишуваме договор за финансирање, за да бидат изградени. Таму ќе продолжи градењето и во наредните години со повеќе инсталирана моќност до 30-40 мегавати, како што е предвидено во инвестиционата програма на ЕЛЕМ“, потенцираше вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.Оваа влада, рече вицепремиерот Анѓушев, согласно законот за енергетика, со кој се отвори простор за инвестиции во обновливи извори на енергија, ќе биде посветена за инсталирање колку што е можно повеќе мегавати инсталирана моќност во обновливи извори на енергија.Ние како држава немаме нафта, немаме гас, јаглен уште ограничени резерви, она што го имаме како неисцрпен извор е сонцето кое до сега, како што појасни вицепремиерот Анѓушев, беше искористено само за 16 мегавати.Тој во своето обраќање најави владина интензивна офанзива во инвестирањето во енергетиката, споменувајќи неколку од проектите кои ќе бидат инвестирани во таа насока.Министерот за економија Крешник Бектеши подвлече дека имплементацијата на проектот „Фотонапонска централа Осломеј“ ќе го зголеми учеството на обновливи извори на енергија во Република Македонија, со што ќе се придонесе за исполнување на стратешките определби на Република Македонија, согласно меѓународните договори за учество на обновливи извори на енергија. Тој истакна дека ова е важна капитална инвестиција од ЕЛЕМ, која се совпаѓа со заложбите на владата но и со новиот закон за енергетика.Тој потенцираше дека освен инвестициите со државните компании, ќе им биде дозволено и на приватните инвеститори да можат да инвестираат во фотонапонски централи.„Ова е прв проект од фотоволтаично производство на електрична енергија во нашето портфолио, вреден околу 7 милиони евра, од кои 5,9 милиони евра се кредит од ЕБРД, а остатокот се средства на АД ЕЛЕМ“, појасни директорот Миновски.„Просечното годишно производство би требало да изнесува 15 гигават часови, доволно за да задоволи 2000 домаќинства, појасни тој, и додаде дека ова не е важно само за АД ЕЛЕМ, туку има и социјален аспект и важност по заштита на животната околина“, појасни директорот на ЕЛЕМ, Горан Миновски.Директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер во своето обраќање истакна задоволство од потпишувањето на договорот, со како што рече, ЕЛЕМ - една од најдинамичните и најпромислените енергетски компании.Според него, оваа инвестиција го отвора пазарот и за приватниот сектор, и дава можности и за локалните бизниси.Тој, во своето обраќање посебно ја истакна улогата на владата од значајниот тендер за соларна енергија, кој што претстои а го води заменик претседателот на владата, Кочо Анѓушев, а како што рече, тоа ќе покаже како со искористување на приватниот сектор може да се испорача чиста и евтина енергија за граѓаните на овој регион.

Скопје | пред 7 години

bebe-vakcina

Вакцинирани вкупно 990 деца, нема нови случаи на заболени од морбили

Министерство за здравство информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден вакцинирани се вкупно 990 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари 2019 година, ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот. Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Контролори во автобус на ЈСП им се заканувале на патниците и шоферот

Корисник на социјалната мрежа Твитер објави дека денес контролори од ЈСП им се заканувале на возачот и патниците во автобусот.„Жена ми се врати испотресена, мораше да пие хелекс да се смири. Влегла у рендом 22 (приватен, 11:30 тргнал од железничка). Влегле 6 контролори сите жбитаци и им се силеле на патниците и шоферот (еден на шоферот со зборови „денес у џамија ќе одам, иначе гркланот ќе ти го искинев“)“, стои во објавата на Твитер.Според информациите сите патници имале билети, а контролорите три пати направиле проверка, но не утврдиле нерегуларност.https://twitter.com/sithlord79/status/1081151068514541568Неодамна имаше случај во кој момче беше истепано во автобус од страна на контролорите.

Скопје | пред 7 години

trud-i-soc-politika

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека врши исплата на долунаведените права за месец декември 2018 година.Права од социјална заштита:Социјална парична помош, Паричен надоместок за помош и нега од друго лице (туѓа нега) ,Цивилна инвалиднина ,Мобилност и слепило, Постојана парична помош, Еднократна парична помош ,Парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, Сместување во згрижувачко семејство,Парична помош за студирање, Парична помош за згрижувач, Социјално домување, Азиланти домување, Социјална парична помош за азиланти,Субвенции за електрична енергија...Права од детска заштита:Детски додаток ,Еднократна парична помош за новороденче , Родителски додаток за трето дете , Родителски додаток за четврто дете, Единствен родителски додаток ,Посебен додаток-за месец 12/2018 година.

Македонија | пред 7 години

zaev-kasami

Што договорија Заев и Касами? Засега уште една средба

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со претседателот на партијата „Беса“ Билал Касами.Двајцата претседатели разговараа за барањата на "Беса" предводена од Билал Касами при што се разговараше за причините и за содржината на самите барања.На средбата е договорено да се одржи уште еден состанок најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон, и претставници од раководството и пратениците од "Беса" на Касами, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.Деталите од тој состанок ќе и бидат соопштени на јавноста по одржувањето на средбата.

Скопје | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.„Снег со среден интензитет паѓа во Битола,К.Паланка,Делчево,Д.Капија,Удово,Гостивар, Крушево,Павлешенци,Кочани,Делчево,Смојмирово,Маврово и на планинските превои Стража,Ѓавато и Плетвар.На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.Има забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој СтржаНа одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

makedonija-blokira

На 9 ти јануари, Пратениците во Собрание - Македонија-Блокира пред собрание

Македонија блокира за 9 ти јанури закажа протест пред собранието на Р Македонија. Во својот повик тие напишаа:„Талат Џафери ја закажа седницата за уставните измени за 9-ТИ ЈАНУАРИ во 12:00 часот!Македонија-Блокира го закажа Сенародниот протест пред Собранието за 9-ТИ ЈАНУАРИ во 12:00 часот!Одбројувањето започна! Или ќе дозволиме марионетската власт да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи!Ден среда, 9-ти јануари, сите пред Собранието!“

Македонија | пред 7 години

trajce-2

Македонецот со големо срце успеа во намерата - згрижен Чичко Трајче

Радосна вест сподели Марјан Мац Петровски, или дечкото со големо срце, на својот профил на социјалната мрежа фејсбук. Тој ја објави радосната вест и благодарност до сите кои помогнаа:„Дечки радосна вест стигн одма. Чичко Трајче благодарејќи на сите вас што помогнавте, со големо срце и на сите сакам да ви кажам ФАЛА ЗА ПОНУДИТЕ.. Најдовме работа, Александра Бнева се погрижи, фала ти премногу... Засмештајот и спиење без да дава парички, Огромно Фала, на Сафет Али за хуманоста и гестот и Фала за топлото чајче и топлата пастрмајлија на Никола Давидовски.Имате поздрав од Чичко Трајче и да продолжите да помагате секогаш кога можете, напиша Марјан Мац Петровски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=812895035727549&set=a.121771754839884&type=3&theater

Скопје | пред 7 години

ebola

Во Шведска пациент заразен со Ебола

Болница во Шведска откриен е пациент заразен со вирусот Ебола, соопштуваат Шведските власти.Шведскат регионална управа соопштува дека пациентот е изолиран во болница.Локалните власти соопштуваат дека клиниката за итна медицина во Енкопинг е затворена и дека сега се врши контрола на медицинскиот персонал кој бил во контакт со пацинетот, јавува „Спутник“.

Свет | пред 7 години

marihuana-novo

(ВИДЕО) Запленети околу 300 килограми марихуана, приведен маж од Бутел

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска (петок 4.1.2019), врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија од преземени мерки и активности, изврши претрес во домот на Х.Е. (30) од Скопје, општина Бутел. При претресот пронајдени се 229 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми. Х.Е. е приведен, а марихуаната е предадена за вештачење и мерење.По целосно документирање на случајот, против Х.Е. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.

Скопје | пред 7 години

cicko-trajce

Дечко за пример, случајно пронашол човек на улица го префрлил, но замолува сите да му помогниме

„Епа, вака дечки ... уххх“, вака започнува статусот на Марјан Петровски,  дечко кој сака да му помогне на лице кое случјно го затекнал како пешачи на автопат.Ова е чичко Трајче, 48 годишен. Чичко Трајче случајно го најдов на улица, стопираше н автопат и го качив бидејќи беше доста ладно. Неговата приказна не е баш убава... Тој живее сам, нема синови, ќерки, внуци.. живеел со неговата мајка која починала... Патува од градче во градче и моли за да работи Било каква работичка за да може да се прехрани и да има каде да спие (нема каде да спие).Нема алишта нема ништо... Им само топло срце кое е жедно за живот.Сега јас ве замолувам да го споделиме постов и да му помогнеме ... на било каков начин . (Се што имате пишете ми јавете ми се , затоа што тој комуницита со мене ), напиша на својот фејсбук профил Марјан Петровски.

Македонија | пред 7 години

vodici-podgotovki

Охрид се подготвува за одбележување на празникот „Богојавление - Водици“

Координативното тело за организирање на манифестациите поврзани со празникот „Богојавление – Водици“, денес, одржа работен состанок. На состанокот беше присутен и в.д. градоначалникот Константин Георгиески.Традиционално и оваа година централната манифестација посветена на празникот е на 19 јануари. Одбележувањето започнува со утрински богослужби во парохиските цркви, додека спуштањето на Светиот крст во водите на Охридското езеро ќе биде од Градското пристаниште. Медицински тимови, спасителите на вода и нуркачите повторно ќе бидат задолжени за безбедноста на капачите.На 20ти јануари, традиционално ќе се одбележи „Денот на рибарите“. И оваа година рибната чорба ќе биде подготвена од учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.Организаторите на манифестацијата, Општина Охрид и Македонската православна црква, во знакот на празникот „Богојавление - Водици“ дополнително ќе го украсат централното градско подрачје со знамиња и зеленило.

Македонија | пред 7 години

sredba

Охрид ќе се справува со бесправното градење

Унапредувањето на соработката во областа на справувањето со бесправното градење, беше тема на работниот состанок на в.д градоначалник на Охрид Константин Георгиески и директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Локман Љимани.На средбата заеднички беше констатирано дека е потребна поефикасна и координирана соработка меѓу двете институции и креирање на применливи мерки за спречување на дивото градење на индивидуални и колективни стамбени згради.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Животни патокази, Зоран Крстевски: „Мир со себе“

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.прессСтарата година ја испративме, новата пристигна, будејќи ја надежта дека ќе биде многу подобро и дека ќе ги оствариме целите на животот.Секој пристапува на различен начин и очекува тоа што за него е најзначајно да му биде реализирано. Главната цел на болниот е да оздрави; осамениот посакува да ја пронајде љубовта на својот живот; невработениот копнее да се вработи; вработениот да биде задоволен од тоа што го работи и да напредува во кариерата; сиромавиот барем за миг да се спаси од проклетието на немаштијата и од синдромот на преживувањето; тој што загубил блиска личност, посакува да се врати назад во времето и да ја промени судбината која не може да биде промената; за поединецот кој поминал низ тешки животни ситуации најважно е да излезе од кризата и да тргне напред кон поубавата страна на постоењето итн.Значи, секој негува одредена надеж и гради очекувања дека ќе биде многу подобро или конечно ѕвездите ќе му бидат наклонети да го оствари тоа што го посакува.Не постои човек кој не посакува да биде среќен, успешен, исполнет и во мир со себе. Тоа не е лесна задача, посебно ако се настапува мегаломански и се очекува сите овие категории постојано да бидат присутни во животот. Кога претеруваме во барањето на идеалот, тогаш нужно ги пропуштаме малите обични радости од кои започнува сé и кои вистински може да не направат среќни.Да се биде успешен и реализиран на професионален план е значаен сегмент на среќата, но не и клучен за да бидеме во хармонија со себе и целосно исполнети во животот. Парите го вртат светот, но не можат да го купат здравјето, да ја создадат искрената и посветена љубов и да го донесат мирот во душата, доколку опсесивно му робуваме на материјалното. Истото важи и за љубовниот однос, кој понекогаш може да биде исклучително болен и фрустрирачки за лицето кое искрено, верно и посветено ја споделува својата емоција. Впрочем, невозвратената љубов, прељубата, разочарувањето и осознавањето на лажната слика за чесност и моралност на другиот, претставуваат сериозни удари на судбината кои го нарушуваат мирот и ја бркаат среќата од животот.Тогаш, која е таа вредност што може да гарантира повисоко ниво на среќа и исполнетост во животот?Не постои поголема среќа од хармонијата која ја имаме кога сме во мир со себе и кога без грижа на совест, чувство на вина и душевна непоматеност патуваме кон предизвиците на постоењето. Да се воспостави таквата состојба на духот, воопшто не е лесно, бидејќи разните искушенија, притисоци, наметнати очекувања и односи со константно незадоволните и негативистички ориентирани поединци може сериозно да не оддалечи од мирот со себе и духовната хармонија.Емоционалната ранливост за се и сешто, егзистенцијалната несигурност, давањето преголемо значење на минатото, другарувањето со токсичните луѓе и стравот од иднината се сигурен доказ дека сериозно сме се оддалечиле од патот кој води кон душевниот мир и чувството на исполнетост.Што треба да направиме за да се вратиме на колосекот на мирот, среќата и внатрешната хармонија?За почеток, треба да ги пронајдеме и препознаеме убавите нешта кои ги носиме во својата душа, односно да преиспитаме со што се карактеризираме и какви вредности поседуваме. Потоа, да се свртиме малку кон минатото и да согледаме колку радости, успеси и убави ситуации имаме проживеано, ставајќи го акцентот на годината што измина и на сето убаво што во текот на таа година го имаме доживеано. Тоа ќе придонесе да го подготвиме духот за убавите нешта во иднината, креирајќи го умот според законот на позитивните вибрации.Кога постојано се жалиме и предност им даваме на лошите искуства, потенцирајќи го тоа што не сме го постигнале, успеале или загубиле, тогаш на законот на отпорот и негацијата им овозможуваме длабоко да се вселат во нашето био поле и да ни го отежнат развојот кон афирмативните и креативни вредности на постоењето.Патот кон внатрешниот мир и среќата никогаш не започнува со зависност од туѓите сугестии и влијанија, туку од преземањето одговорност за сопствениот живот. Тоа подразбира да не се товариме себеси со нештата што другите ги прават или не сакаат да ги разберат. Треба да сфатиме дека никому не може да му дадеме повеќе од тоа што е способен да го прими и дека секој постапува врз основа на нивото на свест и совест што ги поседува. Затоа, не можеме да бидеме одговорни за туѓите постапки, може да бидеме одговорни единствено за своите реакции. Кога животот не го креираме според тоа што другите го размислуваат, прават или наметнуваат, туку врз основа на сопственото чувство за морал, правда, совест и свест за вистинските вредности, тогаш градиме темел за постигнување внатрешен мир и духовна исполнетост.За да бидеме среќни, смирени и исполнети не ни се потребни лицата кои константно очекуваат да направиме нешто добро за нив и кои постојано ги наметнуваат своите желби, очекувања и потреби. Напротив, најголема среќа е кога сме на безбедна дистанца од таквите поединци, кои водејќи се од тесните интереси, неморалот, лагите и манипулациите може сериозно да не исцрпат на психофизички план и оддалечат од мирот и хармонијата на животот.Затоа, треба да бегаме од сите оние кои не бираат начин да ни ја срозаат самодовербата и прават се за да се чувствуваме безвредно, неспособно и несигурно. На таквите единки не треба да им се правдаме, да ги поткупуваме со разни услуги, да очекуваме дека ќе не засакаат ако ги даруваме со искрена љубов, ниту да им докажуваме дека сме достојни, со цел да почнат убаво да се однесуваат со нас. Наспроти сето тоа, едноставно треба да сфатиме дека некои лица се создадени да искористуваат, лажат, изневеруваат и манипулираат, барајќи жртви кои беспоговорно ќе им ги прифаќаат барањата и исполнуваат потребите. Ако тие се такви создадени, ние не смееме да станеме наивни, туку да бидеме доволно мудри да ја научиме лекцијата и никогаш повторно да не наседнеме на туѓата слаткоречивост, лажната насмевка, камелеонскиот лик и разните мегаломански ветувања.Знаење е да умееме да се избориме со проблематичните лица и ситуации, а мудрост е да не дозволиме негативните лица да не доведат во проблематични ситуации. Дури и ако тоа се случи, не треба да бегаме од предизвикот и да се повлекуваме во себе, стравувајќи од судбината и моќта на другите. Напротив, треба да бидеме силни и непоколебливи, зашто како што велел Махатма Ганди: “Кога има бура малите птици бараат начин да се сокријат, додека орлите уште повисоко летаат”.Некои луѓе се карактеризираат со голема отпорност и способност за опоравување и снаоѓање и во најкритичните животни ситуации. Нивното главно мото е дека тешкотиите го јакнат духот на човекот и претставуваат значајно искуство од кое може многу да се научи за вредноста на животот. Тие знаат дека е невозможно целосно да се биде дистанциран од страдањата и имун на ударите на негативните лица и тешките животни ситуации. Во нивната филозофија на размислување провејува концептот дека бурите на животот не постојат за да го уништат оптимизмот и скршат духот, туку за да поттикнат уште поголема отпорност и способност за справување со тешкотиите.Да се оди напред, без оглед на ограничувањата е знак за голема внатрешна сила и помирување со вистината дека ништо не е вечно – и најголемата бура ќе помине, како што и најсилната радост ќе исчезне. Впрочем, како што вели писателот Харуки Мураками: “Штом ќе помине бурата, нема да се сеќаваш како си преживеал. Нема да бидеш сигурен ниту дали таа навистина поминала. Но, една работа ќе биде сигурна. Кога ќе ја преживееш бурата, нема повеќе да си истиот човек како и пред тоа. И токму заради тоа бурите постојат”.Значи, постојат за да не научат вредни нешта за самите себе, за тоа со какви луѓе сме фатиле да имаме работа, но и за силата или слабоста на нашиот дух поставен пред граничната ситуација – да се биде или не. И конечно, откога ќе се справиме со негативните лица и проблематичните животни ситации, нужно ќе сфатиме дека инвестирањето во духовноста, личниот развој, мирот во себеси и позитивните вредности се најмоќното орудие за избавување од животните бури и тешкотии.Тогаш, духовната отпорност и осознаената мудрост ќе не соочат со најголемата вистина на постоењето: Секогаш и секаде на прво место треба да ти бидат здравјето, љубовта во срцето, душевната исполнетост и внатрешниот мир, зашто кога нив ги имаш – имаш сéКолумна на Зоран Крстевски во вечер.пресс

Коментари | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања