Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

poc

ПОЦ: Паркинзите ќе бидат бесплатни за Бадник и Божиќ

Паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) ќе бидат бесплатни на 6 и 7 јануари, кога се празнуваат Бадник и Божиќ.Како што соопштија од Јавното претпријатие, редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 8 јануари, со вообичаено работно време.

Скопје | пред 7 години

badnik-i-bozhikj-praznici-na-semejstvoto-214496

Бадник, Божиќ, верувања и обичаи

Евангелските текстови сведочат дека римскиот император Август издал заповед да се изврши попис на населението во Империјата. Секој требало да биде запишан во градот на своите дедовци. Палестина тогаш била во рамки на Римската империја поради што и праведните Јосиф и Света Дева Марија од Назарет тргнале за Витлеем за да се запишат во овој град, зашто и двајцата биле од родот Давидов.Кога пристигнале во Витлеем за нив немало место во гостилниците и куќите поради тоа што во градот имало многу народ дојден заради пописот. Некои добри луѓе сакајќи да им помогнат ги упатиле во една пештера во близината на градот каде што пастирите во невреме ги засолнувале своите стада. Ноќта силна светлина ја исполнила пештерата, но и околните ридови, потоа Света Дева Марија го родила својот Син првенец, го повила и го ставила во јаслите. Силната светлина ги исплашила и пастирите што со своите стада ноќевале на отворено на околните ридови, но веднаш потоа ангелот Господов ги утешил јавувајќи им ја радосната вест:"Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ".Пастирите веднаш отрчале во пештерата каде што ги нашле Марија и Јосифа со Богомладенецот, му се поклониле, а потоа низ градот разгласиле за раѓањето на Спасителот.Веднаш потоа кај првородениот син на Света Дева Марија пристигнале и тројцата мудреци од исток на коишто за раѓањето на Спасителот им соопштила необичната ѕвезда на небото која ги довела до пештерата движејќи се пред нив кога тие оделе и стоела кога тие одморале."И штом влегоа во куќата, го видоа Младенецот со мајка му Марија и паднаа, па му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна" (Матеј 2/11). Овие дарови требало да претскажат дека новороденото дете е во исто време човек (измирната), Бог (ливанот - темјанот) и Цар (златото).Денот на раѓањето на Исус Христос не бил познат во првите три века, и овој празник не се празнувал. Причина за тоа е христијанскиот поглед на животот, во тие времиња на робовладетелски општества. Во барањето на датумот кога тој да се празнува, Светата Христијанска црква решила тоа да биде денот кога во претхристијанскиот период се празнувал денот на новото сонце или на младото сонце, а тоа бил 25 декември по Грегоријанскиот, односно 7 јануари по Јулијанскиот календар.Иако има претпоставки дека празникот се празнувал и порано, според некои истражувачи за најрано споменување на овој празник, или за негово востановување се смета календарот на папата Либериј (Либеријански календар) од 354 година кога се празнувал во Рим.За прв пат Божиќ е празнуван во Цариград, каде што го востановил св. Григориј Богослов.Обичаите што се изведуваат на Бадник и Божиќ се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, но она што е заедничко секако се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, коледарскиот оган и бадниковото дрво, како и коледарските песни.За Бадник трпезата секогаш е посна, но исклучително богата (посна сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл.) Пред да започнат домашните да вечераат, домаќинот го отворал прозорецот и го поканувал Дедо Боже на вечера со зборовите: "Повели Дедо Боже да вечераме".Во некои места софрата се изнесувала во дворот и оттука се упатувала поканата кон Дедо Боже. Обичај е по вечерата софрата да не се крева. Храната останува цела ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божиќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани.На Бадник во секоја куќа се меси обредно лепче со пара, познато како кравајче во кое се става сребрена пара. Кога сите ќе седнат на вечера домаќинот откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата, и оној што ќе ја најдел парата ја ставал во чаша со вино од која сите пијат за здравје и среќа. На оној што ќе му падне парата се верува дека годината ќе му донесе многу среќа, радост, успех и богатство.Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган, како и со горењето на бадниковото дрво. Најчесто се гори пенушка од даб. Таа ноќ, како што запишал Кузман Шапкарев, "сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: "Бадник - будник".На Бадник и Божиќ се изведуваат и повеќе други обичаи, како што се сечењето и горењето на дрвото "Бадник" коледарските огнови и многуте песни што се пеат крај нив. Децата утрото на Бадник ги посетуваат куќите каде што пеат песни, го најавуваат и го честитаат големиот празник "денеска е Коледе, утре е Божиќ" за што добиваат дарови (овошје, бомбони, пари итн.)Коледе, леде!паднало греде,утепало деде.Дедо се мачи,баба го квачи,со четири јајцагускини, паткини!О. О. коледе!Со Божиќ е поврзана и поговорката: "Пред Божиќ зад Божиќ кај да си, дома да си" што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.На Божиќ се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата трпеза, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село.Божиќ, според црковниот календар, се празнува три дена.

Магазин | пред 7 години

zelen-pazar-204775

Домашен есап на пазар не бива: Мрсни цени за посен Бадник!

За да се наполни една скромна бадникова трпеза на граѓаните им се потребни најмалку 3.000 денари. Иако традицијата налага вечерата да биде посна, цените на производите кои вообичаено се наоѓаат на бадниковото мени, и не се така посни. На пазарџиите веќе обичај им е предпразнично да ги билдаат цените, што во услови на намалена куповна моќ на граѓаните, дополнително го отежнува пазарењето Лепче, грав, риба, тиква, туршија, сармички, посни пити и компири, се производите кои речиси секое семејство за Бадник ги поставува на трапезата.Бадниковата вечера, традиционално се збогатува и со портокали, мандарини, јаболка но и костени и ореви кои вообичаено, секоја година, ден пред Бадник, на пазарите се продаваат со драстично зголемени цени. Па така, ако пред една недела килограм костени чинеше од 100 до 120 денари, вчера на некои пазари се продаваше по неверојатна цена од 200 денари.Оревите пак, сега чинат 150 денари, иако претходно се продаваа за 80 до 100 денари за килограм. И со набилдани цени, гужвата низ пазарите во речиси сите градови во земјава е очигледна, иако за граѓаните полнењето на торбите веќе станува невозможна мисија. Тие се жалат дека пазарџиите пред Бадник, освен костените, ги зголемиле цените и на зеленчукот и на рибата.Со фрапантно високи цени на зелените пазари се продаваа и краставиците и доматите чија цена за килограм достигна и до 180 денари, односно 130 денари. Со непроменети цени можеше единствено да се купи овошјето со кое најчесто се честат коледарите. Еден килограм портокал можеше да се купи за 35 денари, мандарините за 50 денари, сувите сливи за 150 денари за килограм а цената на смоквите и урмите се движеше од 35 до 50 денари. На бадниковата трпеза неизбежна е и рибата па така низ рибарниците во Скопје, вчера, крапот се продаваше за 250 денари а мавровската пастрмка за 350 денари за килограм. Во услови на намалена куповна моќ на граѓаните а високи цени, оштетени се и граѓаните и трговците.Едните оти не можат да си дозволат богата бадникова трпеза, а другите оти регистрираат мала потрошувачка, состојба која се надеваат ќе се подобри за Божиќ кога на трпезата неизбежно е месото. Граѓаните за оваа вечера треба да одвојат многу повеќе од својот џеб. Цената на јагнешкото низ некои месарници веќе достигна цена и до 400 денари.

Македонија | пред 7 години

badnik-ognovi

Од Град Скопје децидни: Не палете огнови за празниците

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.„Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во град Скопје“, велат од Градот.

Скопје | пред 7 години

vlada-amandmani-2

Владата празнично со огромен број на огласи за работа

Во последниве десетина дена се објавија голем број огласи за вработување во државната администрација. Од чувари и курири, преку службеници и административци па се до раководители на сектори. Ваквото пост- празнично вработување премиерот Заев го оправда со потребата за пополнување на испразнетите места во институциите и јавните претпријатија.Тие работни места биле испразнети во втората половина од ланската година и сега само се бара кадар кој ќе ги пополни овие места, изјави Заев, кој тврди дека не станува збор за вработување на партиски членови. Нов кадар се бара во Агенцијата за вработување, распишан е оглас во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Дирекцијата за безбедност, Дирекцијата за заштита и спасување и уште во неколку други институции кои се под надлежност на Владата.

Македонија | пред 7 години

iseluvanje

Анкета на Факултети.мк : 83,7 отсто од граѓаните би се отселиле од Македонија

Резултатите од направената анкета на тема „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија?“ реализирана од порталот Факултети.мк покажуваат дека дури 83,7 отсто од испитаниците би заминале од Македонија кога би имале шанса.Во анкетата која била отворена пред две недели, на прашалникот анонимно одговарале вкупно 1.474 читатели.На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговориле 1.491 читател, а од нив дури 1.234 (83,7 отсто) одговориле со „да“, 123 (8,3 отсто) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9 отсто) би останале во Македонија.Според направената анкета испитаниците би се преселиле во Германија, Австралија, Канада, Франција, Холандија, Данска, Австрија, Скандинавија, Швајцарија, Словенија, Нов Зеланд, Шведска, САД, Англија.На прашањето „Зошто би заминале?“ одговориле 1.054 читатели. Најчестиот кус одговор е „за подобар живот“.

Македонија | пред 7 години

sneg

Десетина полицајци заглавени во Танушевци поради неисчистен снег

Десетина гранични полицајци веќе шести ден поради снежни врнежи се заглавени во полициската станица во село Танушевци, кај границата со Косово..Според неофицијални информаци храната на полицајците е при крај, додека движењето им е оневозможено бидејќи снегот достигал висина од 1,5 до 2,5 метри. Телефонските врски повремено не работат, а службениците веќе побарале помош да бида заменети од своите колеги.Од МВР ја смируваат топката и велат дека поради наноси од снег  вчера не е извршена смена на полициските службеници во Танушевци, но се преземаат мерки тоа да биде направено во најскоро време.Од таму демнатираат дека на полицајците им снемува храна.“Полициските службеници имаат доволно храна и сме во постојана комуникација со нив”-велат од МВР.Полицајците во караулата во Танушевци, поради лошите временски услови и тешкопроодниот терен каде што снежните наноси можат да бидат и по два до три метри дежураат по неколку дена.Ова не им е прв пат да се соочуваат со вакви проблеми во зимските месеци. Поради тоа тие додека се на смена самоиницијативнио си обезбедуваат доволно храна и напитоци , како и огрев .Овие гранични полицајци работат во мизерни услови. За тоа тие досега неколкупати се имаат обратено како до своите стрешни така и до Синдикат со барање да им се подобрат условите и да им биде зголемена платата, но засега никој не се зафатил со решавањето на овој проблем.

Македонија | пред 7 години

zaev-kasami

Заев попладне ќе го убедува Касами да му даде поддршка

На средбата најавена за попладне, премиерот Зоран Заев сака да слушне што ја загрижува Беса на Биљал Касами околу уставните измени. Заев вчера изјави дека ќе стори се за да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на уставните амандмани. Најави дека ќе има средба и со Зијадин Села од Алијансата на Албанците. Од двајцата рече дека очекува сериозност и одговорност. Беса предлага 4 уставни амандмани кои се однесуваат на тоа албанскиот јазик да биде службен во целата земја, државата да се грижи подеднакво за граѓаните од сите етнички заедници кои живеат во дијаспората, претседателот на државата да не може да го блокира донесувањето на законите со непотпишување и Охридскиот рамковен договор да биде дел од преамбулата на Уставот. Инаку партиите на Касами и Села во Собранието имаат вкупно 4 пратеници потребни за создавање на неопходното двотретинско мнозинство. Последната фаза од имплементацијата на Договорот од Преспа почнува со собраниската седница на 9-ти јануари.Мене ми е драго што сугестиите и на двете опозициски партии од апланскиот блок делуваа позитивно, досега беа конструктивен фактор во носењето на уставните одлуки околу уставните амандмани. Не само што ја поддржуваат интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, туку денеска се веќе и вграден дел во новите уставни амандмани со сугестиите по пат на дебата кои што ги дадоа, тие се вградени. Сакам денеска да слушнам што е тоа што ги загридува нив, нивните гласачи, нивните поддржувачи или слично, веројатно токму тоа е причината за разговорите“- изјави Зоран Заев , претседател на Влада на РМ.

Македонија | пред 7 години

zaveani

10 гранични полицајци шест дена звеани во Танушевци

10 гранични полицајци се завеани во Танушевци , во полициската станица која е на границата со Косово.Алсат објави дека дека нивната храна е при крај, додека движењето е невозможно заради фактот дека снегот достигна од 1.5 до 2.5 метри. Телефонските врски повремено не работат.Службениците бараат помош од одделот во кој припаѓаат.

Македонија | пред 7 години

krazhba-na-kola

Тешка кражба во Скопје, СВР Скопје поднесе кривична пријава против 4 лица

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: К.Т. (41), Ш.Д. (35), М.Џ. (33) и Б.Џ. (28) сите од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело - “тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 350.000 денари.Имено, пријавените кривичното дело го сториле ноќта на 22 спроти 23.12.2018, на ул.“Беласица“, на паркинг просторот спроти Скопски саем, при што откако К.Т. и Ш.Д. со употреба на тврд предмет го искршиле задното лево лептир стакло и ја отклучиле вратата на патничко моторно возило марка “Рено меган“ (со битолски регистарски таблички), влегле во возилото, успеале да го отворат гепекот на возилото, и заедно со другите двајца пријавени М.Џ. и Б.Џ. одзеле чанта во која имало лични документи, клучеви, 250.000 денари и 570 евра.По преземени мерки и активности од полициски службеници, лицата се лишени од слобода и во полициска станица го појасниле начинот на извршување на делото.

Скопје | пред 7 години

ogan-otvoreno

Апел од Град Скопје – да не се палат огнови на отворено

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во град Скопје.

Скопје | пред 7 години

zaev-odgovornost

Заев: Посакувам консензуален кандидат за претседател

„Сакам консензуален кандидат за претседател зад кој ќе застанеме сите. ДУИ не е единствениот коалиционен партнер, ги има повеќе. Верувам дека ќе изнајдеме сила да избереме кандидат, кој ќе биде прифатливо решение за мнозинството граѓани“, истакна премиерот Зоран Заев.Тој додае дека до сега немало разговори за името на консенсузалниот претседател. Според него оваа тема ќе се отвори откако ќе заврши процесот во парламентот поврзан со уставните измени.

Македонија | пред 7 години

zaev

Заев: Оглaсите за вработување во админитрацијата се поради пополнување на испразнетите места од 2017 година

Во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација по потпишувње на договор меѓу ЕБРД и ЕЛЕМ за фотонапонска електрана Осломеј, премиерот истакна:„Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа година. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции“, истакна премиерот одговрајќи на новинарско прашање.Што се однесува пак до најавата за зголемување на минималната плата, премиерот истакна дека целата постапка ќе биде транспарентна.„Имаме намера да отвориме дијалог за минималната плата со синдикатите и со работодавачите. Ние сме убедени дека во едно праведно и солидарно општество државата треба да преземе вакви чекори, а тоа да не биде на штета на никој од учесниците во постапката“, изјави Заев.

Македонија | пред 7 години

haker-frank

Најголем хакерски напад во Германија, украдени податоци од политичари, уметници, меѓу нив и од претседателот и канцеларката Меркел

Непознати хакери украле милиони податоци на германски политичари, новинари и познати личности, објави германскиот весник „Билд“, истакнувајќи дека ова можеби е најголемиот хакерски напад во историјата на Германија.Неколку илјади податоци се делумно лични информации објавени преку Интернет, а засега не е познато кој ги украл. Единствено познато е дека нападот е прекинат кон крајот на октомври, но не се знае кога почнал.Со хакерскиот напад се опфатени политичари од речиси сите политички партии, освен десничарската АфД, чии податоци засега не се објавени.Меѓу жртвите на нападот се и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер, канцеларката Ангела Меркел, но и познати уметници и новинари, пред се од јавните сервиси АРД и ЗДФ.Само во АРД со хакерскиот напад се погодени најмалку 33 новинари.Меѓу објавените податоци се броеви на мобилни телефони, адреси, изводи од електронски комуникации, сметки, информации за кредитни картички, а во некои случаи и лични пораки со членови на семејствата.Во врска со канцеларката Меркел, како што пишува „Билд“, објавен е еден број од факс, една имеил адреса и повеќе писма кои ги добивала и испраќала.Портпаролката на германската Влада денеска соопшти дека меѓу податоците кои се хакирани нема чувствителни информации од Кабинетот на канцеларката Меркел.– Кога станува збор за Кабинетот на канцеларката, врз основа на првичните проверки, најверојатно не е објавена ниту една чувствителна информација или податок, рече портпаролката на редовната владина прес-конференција.Сопственикот на Твитер налогот на кој се објавени доверливите податоци се претпоставува дека се наоѓа во Хамбург.Тој преку својот налог најави дека ќе има многу интересни податоци кои допрва ќе се објавуваат.Во меѓувреме неговиот налог е затворен од страна на Твитер.Сојузната служба за заштита на уставноста (БфВ) од синоќа покрена истрага за овој случај и разменува информации за тоа со странски разузнавачки служби со цел да се дојде до потеклото на хакерскиот напад.Германските медиуми јавуваат дека зад нападот може да стојат Русија или Кина, „бидејќи Москва со години наводно спроведува масовни хакерски напади на Германија, а не може да се исклучи ниту соработката со германските десничарски екстремистички групации“.Министерката за правда Катарина Барлеј изјави дека станува збор за „тежок напад“.– Сторителите сакаат да ја нарушат довербата во нашата демократија и институциите, рече Барлеј.Таа побара колку е можно побрзо да се истражи овој случај, да се утврди кои се хакерите, но и дали постојат политички мотиви.

Свет | пред 7 години

bebe-vakcina

Викендов вакциналните пунктови ќе работат во две смени, во понеделник до 13 часот

Министерството за здравство информираат дека за време на викендот, на 5 и 6 јануари 2019 година, вакциналните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот.Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Власта воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и вработени од зелените пазари

Однародената власт продолжува со својата елитистичка филозофија „поскап живот за најевтините“. Власта удри по една од најчесните, но најранливите категорија, воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и оние кои се вработени од зелените пазари, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Воведува високи лиценци- по текот едно лице една тезга, со што дури на една третина од трговците на зелените пазари законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари. Воведоа и казни од 1500 до 2000 евра! Без да бидат земени во предвид фактите за оние кон кои се однесува оваа црна мерката, се наметнува лиценци, а потоа ќе казнуваат.Оваа власт повторно ја покажува својата негрижа за народот, за оние кои едвај преживуваат, кои се на минималец, со мала плата помола, со хонорар или со пензија, оние на кои не им стасува да преживеат во услови на спиралата на поскапувања. Власта ги брка од пазарите најранливите категории, оние кои што чесно го дополнуваат буџетот за корка поскап леб.Со црната мерка засегнати се една третина од оние кои што тргуваат на зелените пазари, најмалку 20 илјади луѓе, 20 илјади семејства, што би се рекло 80 илјади усти за ранење! Нив ги брка, а тезгите ги остава на крупните прекупци од кванташките пазари! Да се разбереме, оние кои што имаат повисока плата, не стојат на пазарите!Зоран Заев, како сам се опишува црпнатиот од нива, заборави и на нивите и на родот и на земјоделците и на пазарите. Во услови на девастирано земјоделие, удира по ситните производители, удира по земјоделците, удира и на голема група кои купувајќи од нив, за пониска цена носат храна дома! Но за оваа мерка на Министерството за економија, Министерството за Труд и социјална политика нема замерки! Нема замерки иако директно зафаќа најмалку 20.000 ранливите граѓани“, вели Стоилковски.Тој додава дела за оваа мерка нема реакција ниту од Министерството за земјоделство, иако оваа мерка дополнително силно ќе влијае и врз откупните цени на производите, кои да потсетиме без пласман останаа необрани, или на буниште!„Оваа мерка ќе допринесе за заштита на големите трговци, големите прекупци по пазарите и маркетите. Оваа однародена мерка на црната власт не води сметка за тоа што ќе се засили сивата економија, ќе се продава на црно, на диви пазари, а државата нема да си го наплатува делот.Власта ги зацрнува зелените пазари. Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход.Никој што е поврзан со делот на трговија на зелените пазари нема објаснување зошто пензионери, хонорарци или вработени легално не би тргувале на зелените пазари и со тоа да го дополнуваат тенкиот семеен буџет?Го осиромашија народот, ги скратија примањата, пензиите, ги дигнаа акцизите на горивата, го уништија земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој што дури 30% ќе бидат спречени чесно да спечалат денар повеќе! И притоа ќе казнува со илјадници евра!Оваа црна власт мора веднаш да престане со хајката по луѓето од зелените пазари, казните со илјадници евра, понижувањето на оние кои чесно работат. Црнилата мора да запрат. Колку побрзо оваа забегана власт за една намена замине, толку подобро за сите во Република Македонија“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

vakcina

Родители на невакцинирани деца се заканија: Нема да плаќаме даноци, и ќе отвориме градинки и училишта!

Од здружението Здравје со игла НЕ влегува денес на социјалната мрежа Фејсбук објавија статус во кој повикуваат на граѓанска непослушност, се заканија дека нема да плаѓаат даноци и ќе отворат градинки и училишта.Денес - гордите родители на невакцинираните деца од Македонија решија да станат и да му покажат среден прст на министерчето за болест на фашистичка Македонија, неговта платеничка малоумност некој си бричко од мизерно чиновниче (wanna be фашистички опресор поголем од Адолф).И му порачаа истиот ЗАДОЛЖИТЛНО или ПРИСИЛНО (како присилната вакцинација во фашистичка Мкедонија за која дебело е платен да ја заговара и наметнува) да си го стави на едно место. Затоа што тоа е единствениот благорден акт кој што ќе можи да го направи,за останатите негови акти сведоци сме сите: хомосексуални обиди со крајно детерминирана дискриминација за сузбивање на непостоечка епидемија наметната од фарма корпорациите на кои наведеното чиновниче им е покорен слуга.Исто така приликава ја искористуваме да му честитме на копилето (што би рекол Зоран Ставревски) на неговата професионалност во прекршување на сите можни закони за заштита на човековте права и на неговиот трулеж и мочуриште од морални начела.Во недостиг на вистински податоци од регистрираните случаи на морбили конкретно и релевантно анализа на генотипот на вирусот на морбили,можеби на тој начин успешно го криете фактот дека за вашата епидемија се виновни токму вакцинираните индивидуи и дека “епидемијата“ ви е вакцина - индуцирана ! Заинтересирани сме исто и за фактот како ќе го оправдате вашето фашистичко кршење на човековите права и тоталното лудило пред Европа и Стразбур кон кои демек се стремите? Во целата европска унија вакцините се иклучително право на избор на родителот,воедно и ви честитаме на најголемиот правен гаф и преседан достоен за светските насловни страници. Ја искористуваме приликава исто да објавиме и повикаме на граѓанска непослушност: ние - родителите на невакцинирни деца од вашата фашистичка Македонија повеќе нема да ви плаќаме данок ,нема повеќе да ги користите нашите пари за милионските тендери за купување најевтни ѓубриња од вакцини.Нема повеќе да ви дозволиме да ги користите нашите сопствени пари за наше угнетување! Копилиња (цит:З.Ставревски)! Ќе покрениме и ќе се ангажираме во изготвување на проект и бизнис планови за отварање на Валдроф градинки и училишта во Македонија(покрај поднесување на Претставка до Народниот правобранител, поради дискриминација(необезебување на простор за невакцинираните, привремено) и психолошка пропаганда),каде дечињата не се малтреирани од вашите фашистички војници,туку нежно се работи на развивање на нивната личност и вистински спообности. Каде не се хранети со вашата отровна процесирана храна туку со органски произведено овошје и зеленчук!Тогаш ќе видиме како самиот ќе парадира низ неговите празни фашистички градинки.Сега ,ти мизерно фашистичко чиновниче да продолжиш со твоето угнетување за кое си дебело потплатен,предавнику на се што е човечко за некоја банка плус ! Лигушу“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

bolnica-1

Реконструкција на Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера ја посети Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешна Градска болница), каде се реконструраат речиси сите одделенија, но во етапи.Министерот Филипче имаше и средба со дел од медицинскиот персонал, каде се информираше за состојбата и условите за работа во болницата, но и ги информираше вработените за сите новини, кои ги спроведува Министерството за здравство, а се од полза за медицинскиот персонал и пациентите.Имено, во моментов во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ комплетно се реконструира третиот кат од болницата. Станува збор за одделот за детска хирургија и пластична хирургија. Во моментот се доградува делот каде ќе се постави нов лифт, кој ќе биде поврзан со таканаречен „топол ходник“, низ кој ќе бидат транспортирани пациентите од влезот на болницата до одделенијата или операционите сали.Во моментов се реконструира вториот кат и првиот кат, западно крило. На првиот кат се реконструира одделението за урологија, а на вториот кат одделението за дигестивна хирургија.Клиниката во моментов има 350 вработени и во неа годишно се вршат од 3.500 до 4.000 операции. Во моментов работат сите пет операциони сали.Болницата, засега работи во намален обем, но без прекини, а реконструкцијата-санацијата се одвива во етапи.

Скопје | пред 7 години

thumb

Денеска до 11 часот вакцинирани 703 деца

Расте бројот на деца, кои деновиве ја примиле МРП вакцината. Во поликлиниките во Скопје, денеска до 11 часот вкупно се вакцинирани 703 деца.„Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), но има еден случај за кој се чека лабораторска потврда.Министерството за здравство апелира до граѓаните, кои се сомневаат дека нивните деца имаат симптоми на морбили, може да ги носат во ГОБ „8 Септември“ или на Клиниката на инфективни и фебрилни состојби.Родителите кои со своите деца ќе одат во поликлиниките на вакцинација, имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да ги вакцинираат.Министерството за здравство уште еднаш потврдува дека МПР вакцината е со проверен квалитет, произведена во Белгија од реномиран производител, кој има два сертификати за квалитет и истата ја употребува за вакцинација на децата во својата земја“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

48386635_519827275169320_4504456550655459328_n

Укината забраната за тешки моторни возила на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Снег со среден интензитет паѓа во Битола,К.Паланка,Делчево,Д.Капија,Удово,Гостивар, Крушево,Павлешенци,Кочани,Делчево,Смојмирово,Маврово и на планинските превои Стража,Ѓавато и Плетвар.На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.Забраната за тешки моторни возила за патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража се укинува“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

ol-about-02

„Охридско лето“ со концерт во спомен на покојниот градоначалник Стојаноски 

Фестивалот „Охридско лето“ на 12 јануари ќе организира концерт на класична музика на кој ќе настапат младите српски солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац заедно со Српскиот камерен оркестар. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот, а како што велат од оваа национална установа, ќе биде посветен на прерано починатиот градоначалник на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.Исклучително талентираната уметница Александра Петровиќ своето основно и средно музичко образование ги завршила во Ниш, во класата на професорот Гордана Милошевиќ, на катедрата соло пеење. Настапувала во Ниш, на НИМУС, на концертите на Виенските валцери и оперски арии со Видинската филхармонија, со Младинската филхармонија „Наисус“, како и со дувачкиот квинтет „Нишки солисти“. Во моментов е на специјалестички студии  на Факултетот за музички уметности во Белград, во класата на професорот Никола Мијаиловиќ. Од 2018 година, Петровиќ е хоноререн соработник на Операта и Народниот театар во Белград.Тенорот Стеван Каранац, музичкото образование  го започнува во 2009 године во  музичкото училиште  „д-р Милоје Милојевиќ“ во Крагуевац. Стилот и техниката на пеење и глума ги усовршува на многу работилници и мајсторски курсеви со плејада успешни пејачи, режисери и актери. Го завршил и курсот за оперски студии  „Борислав Поповиќ“  во Народниот театар во Белград. Како активен учесник на интернационални натпревари во Србија, регионот и странство, добитник е на бројни награди, меѓу кои и наградата „Лауреат“. Од 2013 година одржува бројни концерти во Србија и надвор од земјата.Српскиот камерен оркестар е основан во 1994 година од страна на уметничкиот директор и диригент Ѓорѓе Павловиќ. Оркестарот работи во неколку постави: како гудачки, камерен во мешан состав, мал симфонискии,  помали камерни состави како дуа, триа, квартети и слично.Специјализиран е за изведување дела од современи српски композитори со традиционални елементи. Освен тоа, на репертоарот на  оркестарот се застапени  дела од светски композитори од сите епохи, од барокот до денес.Српскиот камерен оркестар е добитник на високи оцени од страна на стручната критика, а Култната просветна заедница од Белград му доделила награда за траен придонес  во културата за 1995 година.Како потврда за квалитетот за досегашната работа се големиот број трајни снимки за Радио Телевизија Србија, изведби што покажуваат  голема техничка подготвеност на ансамблот  и високо ниво на музицирање кои се неопходни  за да се изведе една ваква сложена работа како што се снимањето концерти во живо.Членовите во оркестарот се успешни уметници кои често настапуваат како солисти.

Македонија | пред 7 години

cedcb205b4474e3971430e040e9ttt

Завршен настан за одбележување на крајот на соработката на МИОА со Светска Банка во Вашингтон

2018 година беше клучна за зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност во Република  Македонија. Во таа насока е и партнерството на Министерството за информатичко општество и администрација со Светска Банка.  За да се одбележи успешната соработка во рамки на “Глобалната програма за градење на капацитети од областа на сајбер безбедност”, како и да се споделат искуства од земјите учеснички и партнери – поддржувачи на програмата, Светска Банка одржа завршен настан во Вашингтон, каде учествуваа претставници од МИОА.На настанот беше дискутиран регионалниот пристап и потенцијалните регионални приоритети во земјите од Западен Балкан во областа на сајбер безбедноста. Беа презентирани идеи за структурирање на регионалната соработка и начините на нивна имплементација. Особено внимание беше посветено на иницијативата на Република Македонија за основање на Регионален центар за обуки и истражувања во областа на сајбер безбедноста, а дополнително беше презентиран и модел за успешна имплементација на ваков тип на центар во рамки на глобална компанија.Од земјите во регионот, Македонија беше издвоена како земја во која е остварена најдобра соработка и комуникација при проценката на капацитетите за зрелост за сајбер безбедност, како и  голем процент на приоретизација на препораките од добиениот извештај. Имено, 70% од препораките се вклучени во Националната стратегија за сајбер безбедност, а останатите се дел од Акцискиот план. Исто така, како што беше посочено Македонија го објави Извештајот за проценка на капацитетите за сајбер безбедност во август 2018, со што покажа транспарентност и спремност за идна соработка во оваа област.Дополнително, беа дискутирани и улогата на Светска банка и нејзините партнери во областа на  сајбер безбедноста, научените лекции , како и начинот на кој можат да се подобри дизајнот на идните програми.Македонија е една од 6-те земји учеснички во овој циклус на “Глобалната програма за градење на капацитети од областа на сајбер безбедност”, меѓу кои и Албанија, Босна и Херцеговина, Гана, Киргистан и Мијанмар. Програмата е финансирана од Министерството за стратегија и финансии на Кореа, преку партнерството Кореа-Светска Банка, администрирана преку Светска Банка.Во Македонија, програмата започна во јануари 2018 година со проценка на капацитетите на зрелост, како трета земја учесничка во оваа програма во регионот и деветта во Европа. Извештајот од проценката на капацитетите за зрелост обезбеди проценка на националните капацитети за сајбер безбедност, преку проценка на институции како и организации од приватниот сектор и граѓанскиот. Истиот беше спроведен од страна на Глобалниот Центар за Сајбер безбедност во Оксфорд.Покрај проценката на капацитетите за зрелост, соработката со Светска Банка вклучи и и работилница за претставници од над 50 институции од јавниот сектор во Македонија преку споделување на искуство и експертиза од Кореа, консултантска помош  во евалуација на  националната Стратегија и Акциски План за сајбер безбедност, како и активности за подигнување на свеста за ризиците од сајбер безбедност.Остварувајќи значителни придобивки од оваа програма, во краток временски период Македонија реализираше значителен прогрес во полето на зајакнување на националната сајбер безбедност – Владата ги усвои првата национална Стратегија и Акциски План за сајбер безбедност, одржани беа неколку настани за зајакнување на капацитетите од областа на сајбер безбедноста, како и активности за подигнувањее на свеста кај населението.Следни чекори во рамките на зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност се во насока на основање на регионална академија за сајбер безбедност, како и иницијативи за подигнување на свеста за сајбер безбедност и едукативни настани.

Македонија | пред 7 години

ujp

УЈП разви модул за автоматски поврат на даноци

За редовен и автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање. Ова беше истакнато денес при работната посета на министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје.-Преку развојот на Модулот за автоматско пребивање се воспостави систем за неселективен и автоматски поврат на даноци кон даночните обврзници. Пример за тоа е повратот на ДДВ кон претпријатијата во 2018, кој беше брз и неселективен. Минатата година реализираниот поврат на ДДВ изнесува 23,1 милијарда денари и тој е за 19,3% повисок од 2017 година.-рече министерот за финансии Тевдовски.Модулот за автоматско пребивање е развиен од ИТ Секторот на Управата за јавни приходи.Инаку, за подобро функционирање и давање на подобри услуги на граѓаните и фирмите, УЈП оди кон автоматизирање на процесите. Во таа насока се и платформата е-персонален данок и претпополнетата даночна пријава. Со оваа реформа граѓаните се ослободени од административните процедури и долгото чекање на шалтери. Благодарение на електронскиот систем, граѓаните ќе имаат и увид во своите приливи, платените и неплатени придонеси.-Целосно сме посветени на реализација на започнатите проекти и на реформите коишто се предвидени за годинава. Со задоволство можам да кажам дека веќе имаме 100% успешност на реформата е-Персонален данок системот на којшто се регистрираа 656.000 граѓани, а се уште се регистрираат и физичките лица кои до тој рок не го направиле тоа. Успешната реализација е благодарание и на сите граѓани коишто и дадоа шанса на оваа реформа и соработуваат со Управата за јавни приходи. Од 1 јануари веќе започнавме со подготвување на претпополнета Годишна даночна пријава којашто ќе им биде доставена на сите физички лица регистрирани на е-пдд, по што од нив ќе чекаме потврда или корекција, со што верувам дека целосно ќе заокружиме еден успешен процес-рече директорката на УЈП Лукаревска.Исто така, во насока на автоматизирање на процесите УЈП воведе софтвер за евалуација на ризикот, кој овомозжува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз претходно утврдени критериуми за ризик. Со овој софтвер се обезбедува објективна селекција на даночни обврзници за контрола, преку автоматизација на процесот со што значително се намалува човечкиот фактор. Годинава ќе се стартува со редовна примена на системот.

Македонија | пред 7 години

lorenco

Кого ќе одбере Мицкоски да работи на изолација на Македонија и против НАТО и ЕУ

Во суштина ВМРО-ДПМНЕ на оглас го бара кандидатот кој ќе застане рамо до рамо со Мицкоски, против НАТО и ЕУ, кој ќе тргне по антизападните стапки на Груевски, Мицкоски и Иванов, велат од СДСМ.„Кого ќе одбере Мицкоски да работи на изолација на Македонија, да го брани криминалот и да работи против западниот свет, НАТО и ЕУ?На Македонија и нејзините граѓани не и е потребна уште една антизападна марионета на Никола Груевски, не иm е потребен уште еден партиски полтрон кој наместо интересите на државата ќе сее омраза, бранејќи ги злоделата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.Македонија е среќна и просперитетна земја, заради тоа што има граѓани кои се поголеми и подостоинствени од ликовите како Иванов, Мицкоски и Груевски и не дозволуваат да фати коренот омразата и поделбите кои токму тие го промовираа.На граѓаните и на Македонија не им треба уште еден нов антизападен Иванов туку вистински претседател.На изборите напролет, граѓаните ќе ја заштитат Македонија од нов антизападен Иванов.Ќе изберат вистински Претседател на сите граѓани кој ќе застане со прогресивните, демократски сили во земјава, за обезбедување на иднината, за напредок, за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

1

Ендуро Тим Водно од Скопје - Шампион во Ендуро

По извозени четри ендуро трки ,една во Берово,две во Скопје и една во Велес,клубот Ендуро Тим Водно во екипниот пласман успеа да го освои првото место во конкуренција од 7 Мото клубови и се закити со титулата Шампион за 2018 година.„Ендуро Тим Водно освен во Ендуро Шампионатот ја освои и Вице Шампионската титула во Мотокрос Шампионатот. Поточно во конкуренција од 8 Мото клубови Ендуро Тим Водно екипно го освои второто место.Клубот за оваа 2019 година го засили тимот со уште неколку возачи кој ке настапат како за Македонскиот така и за Европскиот Шампиона“, велат оттаму.

Спорт | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања