Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

pratenici-1

Пратениците кажаа да, за потребата за измени на кривичниот законик

Собранието попладнево со мнозинство гласови ја усвои потребата од донесување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка, чии предлагачи се неколкумина пратеници од владиното мнозинство.По ова ќе заседаваат собраниските комисии каде ќе бидат разгледани предлозите.Со измените на кривичниот законик се предлагаат измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набвки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години. Измената е во делот на затворскта казна која до сега изнесуваше 5 год, а сега се скратува на 4.Членот од кривичниот законик гласи: „Ако сторителот со извршување на делото од ставот 1 на овој член остварил за себе или за друг имотна корист од поголеми размери, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“.-Барањето за измени на Кривичниот законик е поднесен па повлечен три пати од вчера до денес. Барам да ни објасните за кои измени треба да гласаме, затоа што пратениците не знаат веќе кој предлог е повлечен, а кој не е, рече Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.На тоа претседателот на Собранието, Талат Џафери, одговори дека предлагачот има право да повлече предлог според процедурата.

пред 7 години

mvr1

Како на Филм: Во куманово застанале среде улица и почнале да пукаат

Вчера околу 16.00 часот, на патот во селото Никуштак, кумановско пукано е од непосредна близина во едно лице кое и покрај обидот, не е повредено. Настанот се случил откако двајца осомничени со патничко моторно возило застанале на патот откако го виделе оштетеното лице. Едниот од нив излегол и по краток разговор од непосредна билизина со огнено оружје пукал во оштетениот. Потоа веднаш влегол во возилото во кое подготвен чекал возачот – второто осомничено лице и се упатиле во непознат правец. Со овие дејствија двајцата осомничени сториле кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место. Издадени се Наредби за обезбедување и прибирање траги и материјални докази од местото на кривичниот настан. Ќе биде исвршен и распит на оштетеното лице. Според првичните информации, причина за обидот за убиство биле должнички односи меѓу двете страни.Основното јавно обвинителство Куманово ги презема сите дејствија за целосно расчистување на настанот.​

Македонија | пред 7 години

kancevska-milevska

„Амнестија“ и за Канческа Милевска, Мијалков, Пешевски....

На собраниската седница на дневен ред - предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка.за намалување на казните за злоупотреба на службената положба преку јавните набавки.Во овие измени казните за обвинетите по овој член, како што пишува МКД, може да се пронајдат Елизабета Канческа Милевска, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ, Владимир Пешевски..., би биле многу поблаги или дури би можело да дојде и до ослободување од гонење.Овие промени во Кривичниот законик беа предложени уште за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога власта почна да се соочува со предметите на СЈО.Предлагачи на овие измени се пратениците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Анета Симеска Димоска, Сашко Костов, Панче Иванов, Бети Рабаџиевска Наумовска, Милева Ѓоргиева, Илија Николовски, Лидија Тасевска, Ивана Туфегџиќ, Мери Лазарова, Горан Мисовски, Жаклина Лазаревска, Александар Кирацовски, Соња Мираковска и Ејуп Алими.

пред 7 години

davor

(ВИДЕО) Обид да се смират страстите во Бања Лука - ослободен таткото на Давид

Давор Драгичевиќ, таткото на 21-годишното момче Давор за чија неразјаснета смрт граѓаните од Бања Лука протестираат веќе девет месеци, е пуштен на слобода откако цела ноќ помина во притвор, поради што се организираа масовни протести во градот.„Против сите кои учествуваа во моето апсење ќе поднесам кривични пријави. Јас ќе бидам на плоштадот во 18 часот и не ми паѓа на памет детето да го препуштам на злосторниците и убијците. Мојот Давид ќе добие правда и сите во оваа држава ќе добијат правда. Не ми можат ништо ни за милион години“, изјавил Драгичевиќ по пуштањето на слобода.Драгичевиќ бил приведен поради загрозување на безбедноста, поради тоа што наводно му се заканувал на министерот за внатрешни работи на Република Српска пред владината зграда.Драгичевиќ ја обвинува покраинската власт и полиција за смртта на неговиот син, случај кој веќе девет месеци не е расчистен од институциите.https://twitter.com/knespoljac/status/1077520027350384640?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1077520027350384640&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.radiomof.mk%2Fpo-protestot-vo-banja-luka-osloboden-tatkoto-na-david-momcheto-chija-smrt-predizvika-gragjanski-revolt%2F

Свет | пред 7 години

katolicki-pravoslaven-bozik

Зошто разликата помеѓу католичкиот и православниот Божиќ е точно 13 дена, објаснува д-р Ивица Милевски

Големиот христијански празник Божиќ се слави на два датуми, кои се разликуваат за точно 13 дена. Така, денес, на 25 декември е католички Божиќ, додека на 7 јануари е т.н. православен Божиќ. Знаеме дека разликата е поради користењето на двата календари Грегоријанскиот и Јулијанскиот, но зошто е токму 13 дена и кој календар е астрономски поточен?Понекогаш, сеуште има недоразбирање за тоа кој календар официјално се користи во Република Македонија, па и во другите држави. Секако, одговорот е Грегоријанскиот или уште познат како нов календар или нов стил. Тој е во официјална употреба во речиси сите земји во Светот. Сепак, неофицијално во употреба се уште десетина други календари. Така, неколку православни цркви, меѓу кои е и македонската, сеуште го употребуваат Јулијанскиот календар и празниците ги водат по тој календар. Двата споменати календари водат потекло од римскиот календар, кој бил во употреба до времето на познатиот римски император Јулие Цезар. Римскиот календар бил непрецизен, создавајќи многу нарушувања и проблеми во јавниот живот. Сметањето на времето според него, по извесно време станало толку тешко што, навистина повеќе никој не се снаоѓал. Последица на несоодветноста на овој календар било и тоа што месеците не се поклопувале со годишните времиња; или на пример празникот на жетвата почнал да паѓа во зима.За да се надмине оваа хаотичност во стариот римски календар, во 46 година п.н.е. познатиот римски император Pantfex Maksimus одлучил да изврши реформа на календарот. За таа цел Цезар го повикал александрискиот астроном Сосигин (Sosigenes) и му предложил да го реформира стариот римски календар. На тој начин Сосигин создал нов календар, кој во чест на римскиот император е наречен Јулијански. Така, Јулие Цезар од дотогашниот лунарен, преминал на нов соларен календар. Денес овој календар се вика уште стар календар. Јулијанскиот календар има 365 дена. Бидејќи Цезар (Сосигин), за основа на јулијанскиот календар ја зел тропската година која има 365,25 дена, по четири години се појавил еден ден повеќе отколку што имал календарот години. Тој ден се додава на секоја четврта година, која има 366 дена и е наречена престапна година. Првите три се викаат прости години. Денот што се јавува како разлика се додава на месец февруари, па во престапната година овој месец има 29 дена. По јулијанскиот календар, престапни се оние години што се деливи со бројот четири без остаток, на пример 2000, 2004, 2008, 2012, 2016, 2020 година итн. Овој календар, во некои европски земји, до скоро се употребуваше под името “стар стил”. Но и според Јулијанскиот календар, со текот на времето дошло до непоклопување на природните астрономски појави со датумите на нивното јавување во календарот. Сето ова предизвикало пролетната вистинска рамноденица во 1528 година да се појави 10 дена порано, односно на 11 март (денот и ноќта траеле подеднакво долго), а додека на 21 март, кога била календарската рамноденица, разликата во траењето на денот и ноќта била видлива во корист на денот.За да се отклони оваа неправилност, познатиот римски папа Грегорие XIII одлучил да изврши реформа на дотогашниот јули­јански календар. За таа цел, во 1528 година свикал собир на духовните лица и астрономите. Овој собир, на предлог на италијанскиот астроном Лилија, го реформирал јулијанскиот календар и создал нов, кој во чест на папата е наречен Грегоријански календар. Промените во овој календар се состоеле во тоа што датумот 4.Х 1528 година, се сметал како 15.Х 1528 година. Со тоа е исправена грешката – отстапувањето од 10 дена што се собрало во текот на 1200 години, почнувајќи од Никејскиот собир одржан во 325 година, на кој за прв пат е извршена мала корекција. За во иднина да се избегне поместувањето на рамноденицата спрема зимските месеци било решено: во период од 400 години да се испуштаат по три престапни години, односно 100, 200, 300 да се бројат како прости, а не како престапни. Тоа значи дека до 2000 година, наместо да има 100 престапни, да има само 97 престапни години. Тоа се објаснува на следниот начин: по јулијанскиот календар, престапни се сите години со кои завршуваат вековите (1600, 1700, 1800, 1900 итн.), значи 1600 година е престапна и по јулијанскиот и по грегоријанскиот календар, затоа што првите две бројки се деливи со 4, додека 1700, 1800, 1900 не се престапни по грегоријанскиот бидејќи збирот на првите две бројки не е делив со 4. Поради тоа разликата помеѓу јулијанскиот и грегоријанскиот календар која во XVI век изнесувала 10 дена, во XX век се згилемила на 13 дена. По 2000 година разликата помеѓу грегоријанскиот и јулијанскиот календар ќе остане 13 дена, бидејќи 2000 година е престапна и по двата календари. Но, во 2100 година разликата меѓу јулијанскиот и грегори­јанскиот календар ќе се зголеми на 14 дена.Грегоријанскиот календар е поточен од јули­јан­скиот, но не и сосема најисправен. При неговото воведување е усвоено от­ста­пувањето од јулијанскиот календар за 400 години да изнесува 3 дена, доде­ка вистински тоа изнесува 3 дена, 2 часа и 53`. Значи дека три дена од кален­да­рот треба да се исфрлат не од 400 години, туку од 384 години. Грегоријанскиот календар допушти грешка во однос на тропската година, која во период од 3.330 години изнесува еден ден. Средната должина на грегоријанската година е 365 дена, 5 часа, 49` и 12″ и е поголема од тропската за 26`. Поради ова, по поминувањето на 3.330 години, вистинската пролетна рамноденица ќе падне по 20 март. Ова подразбира дека по 3.330 години, од грегоријанскиот календар треба да се исфрли еден ден. Но поместувањето на рамноденицата во грегоријанскиот календар е скоро безначајно и во практичниот живот може да се занемари, затоа што во текот на повеќе векови почетоците на годишните времиња ќе паѓаат на исти датуми. Поради тоа, точноста на грегоријанскиот календар, за секојдневниот живот, е сосема задоволителна, што овозможи постепено усвојување од скоро сите земји и денес може да се рече дека е универзален.Извор: Милевски И. 2012. Земјата и вселената, универзитетски учебник, Скопје

Магазин | пред 7 години

pazar

Пазарџиите од 1 јануари ќе треба да се снабдуваат со лиценци

Од 1-ви јануари 2019 година пазарџиите ќе треба да почнат да се снабдуваат со лиценци, согласно имплементацијата на Законот за зелени пазари. Со новата лиценца оние кои ќе ја добијат ќе можат да продолжат да работат во зелените пазари.Лиценцата еден пазарџија за една тезга годишно ќе го чини 60 евра во денарска противвредност, додека за втора, трета или секоја следна тезга дополнителни 40 евра.-Меѓутоа, тука има проблеми и пропратни барања што во соработка со државните институции мораме да ги решаваме. Бараме целосна соработка од страна на организаторите на пазарите, затоа што издавањето лиценци е голем процес што мора да се одвива со заедничка соработка меѓу организаторите на пазарите и Комората на трговци. На пример, лиценца може да ни побара лице кое работи на пазарот во Битола, Прилеп или Охрид, а ние ќе треба да му ја издадеме, иако не сме сигурни дали тоа лице поседува тезга во одредениот пазар, истакна претседателот на Комората на трговци на Македонија Екрем Долек.Пензионерите, пак за да имаат стаж ќе треба да плаќаат по 2.000 денари годишно, бидејќи тие како Комора успеале да ги стават во поевтината тарифа земјоделец-поединец.Во однос на тоа кој може да продава на зелените пазари, правната советничка/надворешен соработник на Комората на трговци Анета Стојановска рече дека оваа прашање согласно Законот за зелени пазари е регулирано во член 7 од Законот за трговија на зелени пазари.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во последен миг, повлечени спорните измени на Кривичниот законик

Измените во Кривичниот законик со кои се интервенира во членот за злоупотреба на службената должност, кој беше ставен на дневен ред на денешната пленарна седница е повлечен во последен момент пред почетокот на седницата.Неофицијално, за да се повлечат притиснале странските амбасади во земјава, а официјлното образложение е дека се повлекуваат поради некаква грешка.Измените на Кривичниот законик до Собранието беа доставени како предлог на група пратеници.

пред 7 години

morbili

Епидемиолозите стравуваат од голема епидемија, дури 15.000 деца во Скопје не биле вакцинирани против мали сипаници

Дури 15.000 деца во Скопје на возраст до 14 години не се вакцинирани против мали сипаници и други заразни заболувања.По прогласувњето на епидемија од морбили во скопско Радишани, малку деца биле однесени на вакцинација по апелот од здравствените власти. Вчера е пријавен уште еден заразен со морбили – братче на веќе заболено дете од Радишани.Епидемијата на морбили во скопско Радишани ги натера дел од родителите да ги вакцинираат своите деца. Само на територија на Скопје изминативе четири дена над 220 деца биле донесени во вакциналните пунктови да примат вакцина.

Скопје | пред 7 години

zaev_angjushev_despotovski-24

Влада: Поттикнавме инвестиции од 2 милијарди денари во проекти со ангажман од над 800 лица со просечна плата од 40.000 денари

Со вториот инвестициски бран од Планот за економски раст, Владата на Република Македонија поттикна инвестиции од 2 милијарди денари во проекти со ангажман од над 800 лица со просечна плата од 40.000 денари.Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски денеска на 65 домашни компании им доделија грантови за кофинансирање на проекти од вториот инвестициски бран, во рамки на првиот повик од Столб 3 од Планот за економски раст.Посочувајќи дека досега повеќе од 130 компании од Македонија добија грантови за кофинансирање на нивните проекти, премиерот Заев истакна дека тоа е доказ дека Планот за економски раст во изминатата година не само што ја постигна, туку и ја надмина зацртаната цел. Премиерот Заев додаде и дека вкупниот износ на нови инвестиции во економијата само со втората група компании за финансирање е 824.828.614.00 денари, и дека со инструментот за поддршка - инструмент за подобрување на иновативноста, вкупно се ангажирани 323 лица, од кои 85 се ново вработени.„Поддршката за отворање на центри за технолошки развој и иновации, којашто за првпат е воведена во Македонија, освен што во голема мера го поттикна технолошкиот развој, ја разбуди и креативноста на компаниите. Истовремено, македонските компании станаа поконкурентни на пазарите во регионот. Планот за економски раст создава економија со здрави и цврсти темели, а придобивките ги чувствуваат граѓаните, стопанството, како и целата земја. И затоа продолжуваме со засилено темпо“, потенцираше премиерот Заев.Во своето обраќање пред присутните премиерот Заев истакна дека проектираната фискална политика за следната година, ќе обезбеди раст на македонската економија, социјална сигурност, а ќе го забрза и нашето пристапување во НАТО и интеграцијата кон Европската Унија.„И натаму остануваме на нашата определба за раст на поддршката за домашните и странските инвестиции, со буџет повисок за 37% во однос на ребалансот за 2018-та година. Предвидуваме 37 отсто повеќе пари за: зголемување на конкурентноста на приватниот сектор - преку мерки за нови инвестициони вложувања, мерки за поддршка на извозот и освојување на нови пазари, за поддршка за создавање на нови вработувања, за поддршка на малите и средните претпријатија, за странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони и секако за субвенции за иновативната дејност, технолошки развој и истражување“, заклучи премиерот Заев.Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев нагласи дека продолжува да се остварува визијата на Владата, иновативноста и технолошкиот развој да бидат основа за раст на индустриското производство, продуктивноста и конкурентноста на македонската економија.„Единствениот начин една економија да биде поконкурентна е компаниите да имаат пристап до современи технологии, да добијат знаења и вештини, тие технологии да ги користат и да поседуваат добри организациски способности. Во првите два сегменти Владата посветено помага на македонските компании и преку мерките од трите столба на Планот за економски раст оваа година обезбедивме финансиски средства за рекордна поддршка на околу 250 компании. Технолошкиот развој е иднината на нашата држава, за индустриски раст и повисоки стапки на БДП. Поттикнуваме зголемена продуктивност и конкурентност на македонските компании, со кои ќе се поттикне раст на извозот, на стапки од над 60% во учество на БДП, а со тоа ќе поттикнеме и побрз и одржлив економски раст“, нагласи Анѓушев.Вицепремиерот додаде дека во наредните денови, во целост ќе бидат исплатени средствата за поддршка на компаниите преку првиот и вториот столб од Планот за економски раст, коишто реализирале инвестиции во 2017 година и коишто поднеле барање за исплата на финансиска поддршка.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски од своја страна посочи дека досегашните резултати покажуваат придвижување на домашната економија, но и дека компаниите се подготвени да вложат и свои средства во иновации и технолошки развој. Како што рече Деспотовски, само во вториот бран, компаниите во просек вложиле речиси иста сума сопствени средства како и државата.„Со третиот столб од планот за економски раст во 2018-та година поттикнавме инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 2 милијарди денари. Она што особено радува е фактот што во овие проекти ќе бидат ангажирани над 800 лица со просечна плата од 40.000 денари. Поддршката за сите домашни компании ќе ја продолжиме и во 2019-та година“, истакна Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Скопје | пред 7 години

centar-stari-lica

МТСП: Отворен е нов Дневен центар за стари лица во Чашка

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на отворањето на Дневниот центар за стари и возрасни лица во село Извор, Чашка.„Со отворање на вакви дневни центри работиме на јакнење на социјалните услуги и за постарите лица. Ова се луѓе кои се грижеле за нас и го граделе нашето општество. Сега е наш ред да се грижиме за нив и да им овозможиме достоинствен и исполнет живот. Токму тоа го правиме со отворање на дневните центри, коишто нудат еден заеднички простор за дружба и рекреација за повозрасните лица“, изјави Царовска.МТСП го отвори Дневниот центар за стари и возрасни лица во соработка со Општина Чашка. За таа цел општината отстапи на користење сопствени простории, а Министерството целосно го реконструираше просторот и набави комплетна опрема со вкупна инвестиција од 900 илјади денари. Во Дневниот центар ќе биде обезбеден и топол оброк за социјално загрозените лица од Народна кујна Велес.Дневниот центар е наменет за унапредување на квалитетот на живот и развивање на меѓусебната социјализација на повозрасните граѓани. МТСП продолжува да работи во насока на обезбедување подобри услови за повозрасните, како и помош на ранливите категории.

Скопје | пред 7 години

nikolovski_ipard_1

(ВИДЕО)МЗШВ: Објавен нов Јавен повик од ИПАРД 2, за модерно и конкурентно земјоделско производство

Денеска започна кампањата за информирање и едукација за ИПАРД фондовите, со првата работилница на тема „Користење на средства од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој - ИПАРД 2014 - 2020“.Во рамки на работилницата министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Платежната Агенција, Николче Бабовски го најавија новиот Јавен повик за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавен денеска. Се работи за мерката „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата која овозможува неповратна финансиска поддршка во износ од 60 до 70 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.Овој повик овозможува земјоделските стопанства широк спектар на инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати. ИПАРД програмите се од исклучителна важност за развојот на македонското земјоделство и вклучуваат мерки кои директно им помагаат на нашите земјоделци. Затоа, со предлог Буџетот за 2019 година го зголемивме националното кофинансирање за ИПАРД од 60 милиони денари за 151 милиони денари“, изјави Николовски.Од средствата кои ќе бидат кофинансирани, 75 отсто ќе бидат обезбедени од ИПАРД Програмата, а 25 отсто од средствата од Буџетот на Република Македонија. Вкупната финансиска поддршка за овој јавен повик е близу 12 милиони евра. Крајниот рок за поднесување на барањата е 09 февруари 2019 година.„Со оваа мерка ќе може да се градат или реконструираат објекти за добиточна храна, складишта за храна, оранжерии капацитети за ладење - калибирање и пакување на земјоделски производи. Исто така може да се набавуваат и машини и опрема за земјоделство, системи капка по капка, но, не и трактори, затоа што Буџетот за оваа намена е искористен со претходниот Повик. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој Јавен Повик изнесува 11 милиони 883 илјади евра“, изјави Бабовски.На настанот се дискутираше за деталите за објавениот јавен повик за мерката Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи, кој што е во тек и е наменет за сите мали и средни претпријатија кои работат во секторот за производство на храна и прехранбени производи.Ефикасната искористеност на ИПАРД Програмата е важна за модернизација на земјоделските стопанства, подобрување на промоција и маркетинг на сопственото производство, овозможувајќи поголема додадена вредност на сопственото примарно производство. Со поддршката на инвестициите во преработувачката индустрија што е овозможено токму преку европските фондови, ќе се отворат можности за воведување на нови производи и технологии, како и зајакнување на синџирите за снабдување со храна помеѓу преработувачите и примарните производители, односно решавање на проблемите со вишоците на земјоделски производи.Од друга страна преку поддршката на диверзификација на бизнисите во руралните средини се поттикнува развој на услужните дејности, на руралниот туризам, се овозможува поддршка на микро и мали претпријатија во прехранбените и непрехрамбени дејности, и на занаетчиски дејности во насока на развој на руралните средини.Користењето на средствата од ИПАРД, за Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост.Денешната работилница беше првата предвидена во едукативната кампања, која ќе трае 18 месеци и во чии рамки ќе се одржат 3 форуми, 6 работилници и 80 инфо денови.

Скопје | пред 7 години

pistol-vperen

Во Општина Липково со пиштол си ги барал парите и побегнал

Во Општина Липково двајца со пиштоли решавале должничко доверителски односи на што претходела меѓусебна расправија.Во соопштението на полицијата се наведува дека настанот се случил во текот на вчерашниот ден во 16:40 часот во село Никуштак, Општина Липково на асфалтниот пат кој води кон маала Кукси на месноста викана Кодра. По претходна расправија поради нерасчистени должничко доверителски односи 31 годишниот А.М. во еден момент изавадил пиштол и испукал еден куршум во правец на 35 годишниот А.М. но не успеал да го погоди, по што влегол во неговиот автомобил со скопски регистрски таблици и заминал.Јавен Обвинител и увидна екипа на СВР Куманово извршиле увид на место на настанот, при што е пронајдена и подигната една чаура. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

pozar-4

Пожар кај Клуб на пратеници во Скопје, гаснеа три противпожарни возила

Пожар изби попладнево во барака спроти Клубот на пратеници во центарот на Скопје. Екипи на противпожарната единица набрзо интервенираа и по кратко време го изгаснаа пожарот. За сега нема информација за повредени.Повеќе детали околу пожарот во текот на денов.

Скопје | пред 7 години

sneg-turcija

Најмалку тројца загинати во снежна бура во Турција

Турската новинска агенција Анадолија објави дека централниот дел на Турција е погоден од невреме, а најпогодена е областа Анкара. Најмалку три лица загинаа, а 55 беа повредени во две автобуски несреќи во централна Турција и Анкара, објавија турските медиуми. Во автобуската несреќа во Кирсехир меѓу жртвите, едно е дете, а повредени се 35 луѓе, од кои шестмина во критична состојба.Во слична несреќа во близина на Анкара, повредени се 20 луѓе.Во главниот град на Турција порди снежната бура затворени се училиштата и поединечни патишта.

Свет | пред 7 години

elenko-advokat

И Груевски сака амнестија? Адвокатот поднесе барање од свое лично име

Адвокатот Еленко Миланов, кој го застапуваше Никола Груевски, а кој е бранител и во постапката за 27 април, поднел до судот барање за амнестија. Тој барањето го поднел од свое лично име, односно за себе, а не за неговиот клиент, бидејќи во законот стоело дека секој граѓанин можел да поднесе барање за амнестија за настаните од 27 април.Судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште за поднесеното барање го праша адвокатот Миланов дали можеби таа нешто испуштила, односно дали тој случајно е обвинет, а таа не знае.Инаку според судијката Кацарска , до сега брања за амнестија биле поднесени 29.Барање не поднесоа обвинетите Игор Југ, Јане Ченто, Митко Чавков, Игор Дурловски и Душко Лазаров.

пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Заев засега не планира поголема реконструкција на Владата, денеска се менуват двајца министри

Премиерот Зоран Заев засега не планирал поголема реконструкција на Владата.„Предлозите за разрешување на двајцата министри во Парламентот се одлуки донесени од страна на раководствата на политичките партиципиенти во власта, кои бараа соодветна замена“, изјави премиерот Зоран Заев.Инаку денеска собранието треба да ги разреши министрите Аксел Ахмедовски, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и Аднан Ќахил, министер без ресор задолжен за странски инвестиции. На местото на Аксел Ахмедовски се предлага да се избере Музафер Бајрам, а функцијта од Аднан Ќахил на треба да ја превземе Елвин Хасан.Инаку премиерот Заев денеска кажа дека двајцата министри кои треба да се разрешат нема да останат без работа. Тој додаде дека веќе утре лично ќе разговара за нивните нови ангажмани.

Скопје | пред 7 години

davor

(ВИДЕО)Тензично во Бања Лука, на улиците антивладини протести

Полицијата на Република Српска интервенираше против демонстрантите кои на улица бараа разјаснување на убиството на момчето Давид Драгичевиќ. Неговиот татко вечерта ја мина во притвор, откако тој побара вистината за смртта на неговиот син и со тоа предизвика неколку месечни протести против властите. Давор ги обвинува највисоките полициски службеници за прикривање на убиството на неговиот син Давид.Адвокатите на Драгичевиќ велат дека тој бил повреден за време на апсењето, но полицијата го негираше тоа.Демонстрациите во Бања Лука продолжија во текот на целата ноќ, а полицијата опремена за немири беше распоредена со цел да ги спречи и задржи демонстрантите. Имло и блиски средби меѓу демонстрантите и полицијата која соопшти дека еден нејзин припадник бил повреден.Движењето на Драгичевиќ „Правда за Давид“ бара информации за смртта на неговиот 21-годишен син Давид Драгичевиќ во март годинава.22 годишниот Давор Драгичевиќ, исчезна во март, а по 6 дена беше пронајден мртов во реката карј Бања Лука. Семејството е убедено дека е убиен и бара правда за него.Полицијата првично соопшти дека е самоубиство, но семејството на момчето и некои активисти инсистираат на тоа дека тој бил убиен.Властите ги негираат обвинувањата.

Свет | пред 7 години

sjo

СЈО за ТВ 24: Интенцијата на измени на кривичниот законик е намалување на казните , а не влијание врз постапките

СЈО не го интересираат и не е вклучен со меѓупартиските преговори за измена за членот 353 од кривичниот законик - велат од обвинителството на Катица Јанева за ТВ 24“.„Од она што ние го знаеме интенцијата е поблаго одмерување на казните, а не измени со коишто ќе се влијае на постапките на сјо или застарување на предметите на СЈО коишто се однесуваат на злоупотребна на службената должност.“ - велат од СЈО, за ТВ 24.

пред 7 години

Нема фотографија

ТВ 24: Власта го менува членот 353 во кривичниот законик, ќе паѓаат ли предмети на СЈО?

Владејачкото мнозинство го менува ченот 353 од кривичниот законик,потврдуваат за тв 24 извори од собранието, објави ТВ 24.Според нив, ставот од законот со кој се предвидува одговорнсот за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“, ќе биде преименуван и ќе се бара одговорснот само за оние кои оставриле „имотна корист“. Од власта тврдат дека измената е усогласена со СЈО и дека нема да има влијание на предметите. Дел од обвиненијата на СЈО се по членот 353.Тв 24 побара став од сјо, оттаму ни најавија дека доколку имаат коментар дополнително ќе ни одговорат. Менувањето на членот беше активирано уште летоска, власта тврдеше дека е на барање на опозицијата и дека амнестија нема да има за предметите на СЈО. Опозицијата пак демантираше дека бара некаква амнестија. Според информациите од Собранието, измената ќе влезе со потписи на пратеници, откако прво ќе бидат повлечени измените на кз кој што беше вчера на ставен на седница.извор: ТВ 24

пред 7 години

stojan-drugar-premier

Другар на премиерот со државни бизниси

Стојан Иванов, другарот од детството на премиерот Зоран Заев, добил уште еден партнерски бизнис со Владата. Од летоска, возачките испити во струмичкиот регион се полагаат кај Иванов, додека БИРН сега открива оти овој струмичанец на почетокот од годинава зел под закуп и 14 бифеа распоредени по министерствата и во неколку државни институции, објави Призма.мк.Владата го релативизира ова другарство, оттаму ни рекоа дека премиерот има пријателски релации со сите соученици од средно школо, меѓутоа Стојан Иванов беше прилично искрен во разговорот со нас во Струмица.„Како мали игравме фудбал! Учевме во истиот клас во средно и до ден-денес сме пријатели. За мене пријателството е света работа. Си одиме по родендени, слави, си бевме на свадбите и заедно сме биле и на одмори, сето тоа и пред да стане градоначалник.“„Меѓутоа, ниту Заев ми помогнал, ниту имав потреба да помага. Тој не знаеше кога и каде сум конкурирал“, дециден е Иванов.И од кабинетот на премиерот ги отфрлаат сомнежите дека тука постои фаворизирање по пријателска основа или кронизам.Македонија е мала земја, народски кажано, сите се знаеме и затоа кронизмот некогаш може да биде случаен или неизбежен. Сепак, истражувањето на БИРН открива дека Иванов претходно никогаш не конкурирал за бизнис поврзан со државата, меѓутоа годинава тоа го направил во два наврати.Стојан Иванов по професија е „безбедњак“, завршил Факултет за безбедност и работел во полето на своето образование како газда на фирма за обезбедување.Во 2012 ја продал компанијата и наредната година го отворил популарното кафуле „Концепт кафе“ сместено на струмичкото шеталиште во близина на главниот плоштад.Нема искуство со шоферските испити, освен кога самиот полагал.Законот предвидува, во секој од осумте региони во републиката, МВР да одбере само една фирма што ќе ги одржува возачките испити, што практично значи дека таа ќе има монопол.Сега фирмата на Стојан Иванов го има монополот теоретски да испитува, да оценува полигон и градско возење на подрачјето на градовите Струмица, Гевгелија, Валандово и Радовиш.Иванов вели дека идејата за испитниот центар му дошла постепено, по чаршијата слушал како граѓаните се жалат од фирмата што во последнава деценија управуваше со центарот. Плус, со месеци имало застој во полагањето.Токму годинава истекувала лиценцата за испитниот центар и МВР летоска распиша конкурс за да додели нова. Лиценцата ја доби другарот на Заев, а единствена конкуренција му беше фирмата што до тогаш ги спроведувала испитите.Во намерата да покаже дека тој навистина е подобар кандидат од претходниците, Иванов ни откри дека процесот за добивање на испитниот центар е таков што морал прво да инвестира, па потоа да конкурира.Со други зборови, вложил 150.000 евра пред да конкурира зашто едноставно така налагал законот.Морал да има одреден број висококвалификувани работници, кои се дефицитарни во струмичкиот регион, просторија од најмалку 50 квадрати во секој од четирите градови, вкупно 120 компјутери и возила од сите категории.На нашата забелешка дека личи на коцкарски потег некој да вложи толку пари, а да нема сигнал дека ќе го добие испитниот центар, тој коментира:„За коцкарскиот ризик се согласувам до една мера, но исклучиво од бизнис-аспект, како и секоја инвестиција што има ризици. Сепак, направив проценка дека тоа е инвестиција за која вреди да се ризикува, а Струмица е мало место и можев да претпоставам кои ми се конкурентите. Имав внатрешни информации дека претходниците не планираат да доинвестираат, оти беа „залегнати“ и сигурни дека повторно ќе го добијат бизнисот. Јас газев машки и ги победив“, вели Иванов и додава дека во трката за испитниот центар, од можни 30 бодови, тој добил 29, а конкурентите 20.Планира инвестицијата да ја врати за три или за три и пол години, односно речиси да ја удвои до истекот на лиценцата до 2023. Сега лиценците траат пет, наместо 10 години.Угостителството, пак, не му е непозната работа, но документите што ги обезбеди БИРН покажуваат дека Стојан Иванов речиси и да немал конкуренција во обидот да го земе бизнисот со владини бифеа.Владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) прво го раскинала договорот со фирмата што претходно ги услужувала министерствата, зашто уредно не плаќала кирија, па во февруари годинава го одржала јавното наддавање за вкупно 16 бифеа.За дури 14 од нив Иванов немал конкуренција и како единствен заинтересиран го добил правото да ги земе под наем во наредните две години.Тој ја искористил шансата и наддавал минимални суми од еден до девет денари на почетната цена за месечна кирија. Ако стартната цена во МНР била 67.176 денари, тој дал понуда повисока за цели четири денари и бидејќи немал конкуренција, го добил правото за 67.180 денари да го земе под закуп бифето во новата зграда покрај Вардар.На истото јавно наддавање, Стојан Иванов се соочил со конкуренција само за две бифеа и во двата случаи се откажал откако дал само по една понуда.Идејата на јавните наддавања, тоа се еден вид аукции, е државата да извлече максимум од понудувачите, со тоа што ќе ги мотивира фирмите да се натпреваруваат и со тоа сериозно да ја зголеми почетната сума што ќе ја добива за месечна кирија, меѓутоа на ова наддавање тоа очигледно не се случило.Едноставната математика покажува дека за сите 16 бифеа, Владата ќе добива само 156 денари повеќе отколку што била почетната цена.Зошто при доделувањето на бифеата немало конкуренција?СОЗР, на почетокот од февруари, распишала оглас дека ќе има наддавање, и тој траел десет календарски дена, од 2 февруари до 12. Огласот се појавил еден ден во два дневни весника, каде што и Стојан Иванов го забележал.Два дена по завршување на огласот е одржано наддавањето.Првично се пријавиле пет заинтересирани фирми, од кои две биле дисквалификувани бидејќи пријавите им биле неуредни и некомплетни. Тоа значи дека три фирми можеле да наддаваат, меѓутоа една од нив решила да не учествува во наддавањето, иако го поминала првиот круг.Така се отворила шансата Стојан Иванов сам да наддава за 14 бифеа, а со конкуренција се соочил само за бифеата во министерствата за животна средина и за економија.БИРН ја праша СОЗР дали се потрудила да се комплетираат двете понуди што биле одбиени, но оттаму ни одговорија дека би ги фаворизирале компаниите што доставиле уредна документација, доколку би го сториле тоа.СОЗР, исто така, нема информација зошто една од фирмите не наддавала, иако се квалификувала.Стојан Иванов отфрла дека и за овој бизнис му помогнал премиерот-другар.„Не сум нечија сенка, јас сум директор и основач на фирмите. Не сакам да се кријам само зошто премиерот ми е другар.“Извор: Призма.мк

Македонија | пред 7 години

ustav

Засега за уставните измени ќе гласаат 76 пратеници, а треба 80 за да помине

Не од 80 туку власта има поддршка за уставните измени од 76 пратеници. Неофицијално „виси“ поддршката за гласањето на измените во јануари од некои пратеници. Оние кои се сметаа за “сигурни“, во меѓу време се разочарале од амнестијата и новите притвори, а некои од пратениците нити негирале нити потврдувале дека ќе гласаат.Премиерот најави дека разговара со пратениците, но времето е кусо. Гласањето се очекува да биде меѓу 9 и 15 јануари.

Македонија | пред 7 години

bombradirnje

(ВИДЕО)Израел изврши воздушен напад близу Дамаск

Повеќе израелски ракети паднаа синоќа во близина на Дамаск, а повеќето биле соборени од сириската противвоздушна одбрана, јави сириската државна телевизија повикувајќи се на воени извори. Соопштено е дека тројца војници се повредени во нападот, а погоден е магацин со оружје, пренесува Ројтерс.„Нашата противвоздушна одбрана реагираше против ракетите на израелски борбени авиони испукани од либанскиот воздушен простор и ги собори повеќето од нив пред да ја погодат целта“, соопшти воен извор.Овие напади се први откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека САД ќе ги повлечат своите 2.000 војници од Сирија.

Свет | пред 7 години

Mitko-Cavkov

Чавков не поднесе барање за амнестија

Поранешниот директор на Бирото за Јавна Безбедност, Митко Чавков се изјаснил дека ќе ја докаже својата невиност пред судот, токму поради тоа и не поднел барање за амнестија. неговиот адвокат Сашко Дуковски рече дека законот за амнестија е донесен наменски, само за одредени лица.Запрашан како правник како гледа на тоа дека судијката Добрила Кацарска смета дека не треба таа да одлучува по поднесените барања, адвокатот на Чавков рече дека судијката е во право со нејзиниот став по ова прашање.Освен обвинетиот Чавков, барање за амнестија за 27 април не поднесоа обвинетите Јане Ченто, Игор Југ и Душко Лазаров.

пред 7 години

popovski

Апелациониот суд ја укина пресудата од 9 години затвор за Ѓоко Поповски

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот на СЈО „Триста“, односно за спорната набавка на МВР со која биле набавени 300 возила, и случајот го врати на повторно судење. Обвинет во овој случај, за злоупотреба на службената положба и овластување, беше помошник министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден на 9-годишна казна затвор.Со укинувањето на пресудата се укинува и обврската да му ја надомести штетата на МВР од 28 милиони денари во овој предмет на СЈО познат како „Триста“.Пресудата на 22 мај му ја изрече судијката Добрила Кацарска.

пред 7 години

mvr1

За 24 часа во Скопје: 9 сообраќајни несреќи, 17 возачи возеле пребрзо, 12 возачи користеле мобилен телефон, пајакот кренал 72 возила

Во текот на изминатиот ден (25.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со загинато лице, две со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди и едно лица се здобило со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 17 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи пет биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни.Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца поради неносење пропишана зимска опрема, 19 возачи поради неносење сигурносен појас и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило. Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 96 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања